© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012 година. Овој превод е нарачан со поддршка од Повереничкиот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За повеќе информации видете го целосното известување за авторските права на крајот на документот.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyrights/droits d’auteur à la fin du présent document.
ЧЕТВРТИ ОДДЕЛ
ПРЕДМЕТ McCANN против ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
(Жалба бр. 19009/04)
Оваа верзија исправена на 21 јули 2009 година
во согласност со Правилото 81 од Деловникот на Судот
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
13 мај 2008
КОНЕЧНА
13/08/2008
Оваа пресуда може да биде предмет на редакциски измени.
Во предметот McCann против Обединетото Кралство,
Европскиот суд за човекови права (Четврти оддел), заседавајќи како Совет составен од следниве судии:
Lech Garlicki, Претседател,
Nicolas Bratza,
Giovanni Bonello,
Ljiljana Mijović,
David Thór Björgvinsson,
Ján Šikuta,
Päivi Hirvelä, судии,
и Lawrence Early, Секретар на Одделот,
По заседавањето без присуство на јавноста на 22 април 2008 година,
Ја изрекува следнава пресуда, што беше донесена на тој датум:
ПОСТАПКА
1. Предметот произлегува од жалбата (бр. 19009/04) против Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, поднесена пред Судот во согласност со член 34 на Конвенцијата за заштита на човековите права и на основните слободи („Конвенцијата“) од страна на британскиот државјанин, г. Gerrard McCann („жалител“) на 20 мај 2004 година.
2. Жалителот, на кој му беше доделена правна помош, беше застапуван од г. Gurbinder Gill, адвокат што работи во Solihull.
3. Жалителот се жалел дека постапката за иселување што била поведена против него од страна на локалните власти ги повредила членовите 6, 8 и 14 на Конвенцијата.
4. Жалбата била доделена на Четвртиот оддел на Судот (Правило 52 § 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на тој Оддел, Советот што ќе го разгледува предметот (член 27 § 1 на Конвенцијата) бил конституиран како што е предвидено во Правилото 26 § 1.
5. На 10 мај 2005 година Советот одлучил дека допуштеноста и основаноста на предметот треба да се разгледуваат заедно (член 29 § 3 на Конвенцијата и Правило 54A). Откако Советот одлучил, по консултации со страните, дека не е потребно да се спроведува расправа за основаноста (Правило 59 § 3 in fine), секоја страна во писмена форма одговорила на поднесоците што ги поднела другата страна.
ФАКТИЧКА СОСТОЈБА
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА ПРЕДМЕТОТ
6. Жалителот е роден во 1968 година и живее во Бирмингем. Фактичката состојба на предметот, согласно со поднесокот на страните, е како што следува.
7. Во јули 1998 година жалителот и неговата сопруга станале заеднички потстанари во трособна семејна куќа во сопственост на Градскиот совет на Бирмингем („локалните власти“). Тие, исто така, биле сигурни потстанари во согласност со одредбите на Законот за домување од 1985 година (видете став 20 долу).
8. Нивниот брак се распаднал на почетокот на 2001 година и сопругата на жалителот се иселила од куќата заедно со двете деца. На 5 април 2001 година, по оспорената расправа на која жалителот не бил застапуван, судот издал тромесечно решение против злоставување на брачниот другар и налог за исфрлање со кој се барало од жалителот да ја напушти куќата и тој го сторил тоа. Г-ѓа McCann и децата се вселиле во куќата, но се иселиле повторно кога на 14 април жалителот дошол пред куќата, употребил хебла за насилно да влезе во куќата и наводно ја нападнал г-ѓа McCann и нејзиниот пријател. По овој инцидент против жалителот била поведена кривична постапка, но таа резултирала со ослободителна пресуда бидејќи не биле поднесени какви било докази.
9. На 18 април 2001 година, г-ѓа McCann поднела барање до локалните власти да биде преселена поради семејно насилство. На 8 август 2001 година таа им ги вратила клучевите на локалните власти со известување во кое навела дека се откажува од наемот. Таа и децата се преселиле во друга куќа во сопственост на локалните власти што им била доделена во согласност со политиката на локалните власти во врска со семејното насилство. Локалните власти ја посетиле куќата и утврдиле дека најголемиот дел од вградените елементи и инсталации била отстранети, така што биле потребни повеќе од 15.000 ГБП за куќата да се доведе во состојба погодна за живеење. По тој момент, што се однесува до локалните власти, имотот бил ненаселен.
10. Во ноември 2001 година жалителот се вратил во куќата и извршил значителни работи за нејзиното реновирање. Неговите односи со г-ѓа McCann се подобриле и таа го поддржала неговото барање за менување на сместувањето со некој друг потстанар на локалните власти, бидејќи трособната куќа била преголема само за него, но сѐ уште му бил потребен соодветен дом во околината за да му дозволат да има посети за контакт со своите деца.
11. Тоа барање, од 4 јануари 2002 година, било пополнето во службата за домување на локалните власти. Истиот ден, еден службеник за станбени прашања, увидувајќи дека имотот всушност не бил празен, и по добивањето на правни совети, ја посетил г-ѓа McCann и побарал од неа да го прекине наемот со потпишување на известување дека се откажува. Судијата од Окружниот суд кој го разгледал барањето за поседување на локалните власти утврдил фактичка состојба во која г-ѓата McCann не била информирана и не знаела дека известувањето за откажување има дејство на укинување на правото на жалителот да живее во куќата или да ја замени за друг имот на локалните власти (видете став 19 долу). Приближно една седмица подоцна г-ѓа McCann писмено се обратила до локалните власти со барање да го повлече известувањето за откажување, но тоа сепак останало полноважно.
12. Жалителот бил информиран дека закупот е завршен и му било дадено известување да се исели. На 11 јуни 2002 година Комисијата за проверка на службата за распределба на становите во рамките на локалните власти одлучила, inter alia, дека во согласност со политиката за семејното насилство, на жалителот не треба да му се даде правото да го наследи претходниот закуп на куќата и дека, во секој случај, жалителот, кој немал издржувани лица- членови на семејството кои живеат со него, не би се квалификувал за живеалиште што првично било распределено на семејство што се квалификувало и било сместено во нов дом.
13. На 11 октомври 2002 година локалните власти повеле имотно-правна постапка против жалителот во Окружниот суд, а тој ја оспорил постапката врз основа на тоа што неговото иселување врз основа на известување за откажување било спротивно на неговото право на почитување на домот во согласност со член 8 на Конвенцијата.
14. Во својата пресуда од 15 април 2003 година, судијата на Окружниот суд утврдил дека во согласност со општото право и Законите за домување (видете ставови 19-20 долу), жалителот не успеал да ја оспори владетелската тужба на локалните власти. Во согласност со член 8, сепак, тој ја цитирал претходната судска практика според која во таквите случаи, воопшто, применливото општо право и законодавство ги зема предвид интересите на локалните власти како закуподавачи и на другите лица што имаат потреба од социјално домување, како и дека, под услов ако локалните власти постапиле законито, судот не може да ја отфрли владетелската тужба, освен во исклучителни околности кога изгледа дека правата на поранешниот закупец не биле земени предвид соодветно. Тој ги констатирал околностите под кои г-ѓата McCann го потпишала известувањето за откажување и забележал дека, ако таа не била наведена да го потпише известувањето, локалните власти ќе морало да поднесат барање за издавање решение за враќање на имот во согласност со член 84 на Законот за домување од 1985 година (видете став 20 долу). Тогаш жалителот би имал можност да се обиде да го убеди судот дека не би било оправдано да се донесе решението; тој и г-ѓа McCann би можеле да дадат докази во врска со наводното семејно насилство; и тој би можел дополнително да отвори прашања како што се неговите потреби за домување и потребата за обезбедување сместување за децата при нивните посети. Во овие околности, судијата утврдил дека локалните власти не постапиле согласно со барањата од член 8 § 2 на Конвенцијата и ја отфрлил владетелската тужба.
15. Жалбата на властите пред Апелацискиот суд била одложена во очекување на исходот на постапката пред Горниот дом во предметот Qazi v. London Borough of Harrow ([2003] UKHL 43: “Qazi”, видете ставови 22-25 долу).На 9 декември 2003 година Лордот-судија Mummery ја изрекол пресудата на Апелацискиот суд во овој предмет, утврдувајќи го следново:
“ ... Членот 8 не е на располагање како одбрана во владетелската постапка, иако односниот објект бил „дом“ на станарот во смислата на членот. Советот постапил законито и во рамките на своите овластувања при добивањето на известувањето за откажување, што имало дејство на раскинување на сигурниот закуп. Единственото спорно прашање било тоа што закупот бил прекинат од известувањето за откажување (на сопругата на жалителот. Во согласност со редовното домашно право, советот имал безусловно право на неодложно враќање на сопственоста по поднесување доказ дека закупот на објектот бил завршен. Законската постапка во член 82 на Законот од 1985 година, што им била на располагање на локалните власти како закуподавачи за раскинување на сигурен закуп, не е применлива во случајот која сигурниот закуп бил раскинат со известување за откажување дадено од закупецот. Тоа известување за откажување било полноважно, без оглед на тоа што известувањето било потпишано без да се земат предвид последиците за станарот во објектот.
Ова не е „целосно исклучителен“ случај каде, на пример, по доставата на известувањето за откажување се случило нешто што темелно ги изменило исправностите и неисправностите н предложеното иселување и кога од советот може да се бара да го оправда своето барање за заобиколување на правото од член 8 (видете го предметот Qazi во став 79 [став 24 долу])”.
16. Жалителот побарал судско разгледување на одлуката на локалните власти од 4 јануари 2002 година за добивање известување за откажување од неговата сопруга, како и на нивната одлука од 11 јуни 2002 година за поведување на имотно-правна постапка. Барањето било одбиено на 23 септември 2004 година. Судијата утврдил, inter alia, дека локалните власти постапиле во рамките на своите овластувања обидувајќи се, преку известувањето за откажување од сопругата, да ја формализираат состојбата во однос на закупот и дека нивната одлука за примена на политиката против семејното насилство, во случај кога постоењето на семејното насилство било утврдено со постоењето на решение против злоставување и клаузула за исфрлање, не била ниту незаконита ниту надвор од опсегот на одлуките што правилно им е на располагање на властите во сите околности. Тој заклучил:
„Се согласувам ... дека Апелацискиот суд ефективно ги решил релеватните прашања меѓу г. McCann и Советот и дека неговата жалба претставува обид за нивно повторно оживување. Советот има право на поседување и оваа жалба за судско разгледување е неуспешна. ...
Што се однесува до општоста, фактот што некоја одлука може или не може да се оспори како прашање на правото не значи дека не е соодветно за јавните власти таа одлука да биде што е можно поотворена. Не постои причина зошто политиката на Советот не треба да биде апсолутно експлицитна, точно наведувајќи дека последица на барањето за преселување е барањето за поднесување известување за откажување на постоечкиот закуп, што ќе влијае врз правата на преостанатиот закупец или станар, и последователно известување на тоа лице. На тој начин би се задржала јасноста и дел од проблематичните прашања изразени во овој предмет би се избегнале.“
17. Дозволата за поднесување жалба на Апелацискиот суд била одбиена на 9 декември 2004 година.
18. Жалителот бил иселен од куќата на 22 март 2005 година.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКТИКА
А. Известување за откажување во согласност со општото право
19. Во општото право, кога еден од заедничките закупци дава известување за откажување, тоа има дејство на завршување на заедничкиот закуп, без оглед на тоа дали другиот заеднички закупец знаел за, или дал согласност за доставата на известувањето за откажување (Hammersmith and Fulham London Borough Council v. Monk [1992] 1 All ER 1). Откако закупот е полноважно завршен, поранешниот закупец што ќе остане на имотот се наоѓа на имотот неовластено и закуподавачот има право на неодложно враќање на својот имот.
Б. Сигурност на закупот во согласност со Законот за домување од 1985 година
20. Во согласност со член 82 на Законот за домување од 1985 година, сигурниот закупец на локалните власти или други јавни власти, како што е жалителот, има сигурност на закупот. Во согласност со член 84(1) на Законот, судот не донесува решение за враќање на имот за станбена куќа што се издава под сигурен закуп, освен врз една или повеќе од основите што се утврдени во Анекс 2 на Законот. Основот 2(а) од Анекс 2 дава основ за враќање на имот кога некој пар живее во станбена куќа, еден или двајцата се закупци, едниот партнер заминал поради насилство или закани за насилство од другиот партнер и судот е уверен дека партнерот што заминал најверојатно нема да се врати. Член 84(2) предвидува дека судот не донесува решение за враќање на имот врз еден од овие основи „освен ако не смета дека е оправдано да го донесе решението“.
В. Политиката на локалните власти за домувањето и семејното насилство
21. Во согласност со Прирачникот за политиката за распределба на градскиот совет на Бирмингем
(§ 30.8):
„1. Ако врската се раскине од закупецот што го напушта имотот мора да се побара да потпише образец за откажување. Ова резултира со затворање на „целиот“ закуп.
2. Ако имотот остане соодветен за остатокот од семејството, може да се додели [нов] закуп.
3. Ако имотот не е соодветен (на пр., е премногу голем), на закупецот треба да му се понуди алтернативно сместување ...
Меѓутоа, ако имало семејно насилство, Политиката за распределба предвидува (§ 3.7.1):
„Семејното насилство е опфатено со ревидираните Услови за закуп на Секторот како повреда на Договорот за закуп. Се преземаат мерки [против лицата] за кои ќе се утврди дека подложиле некое друго лице на семејно насилство. Како резултат на овие мерки сторителите може да го изгубат домот или да бидат класификувани како намерни бездомници.“
Лицето што останало без дом по тврдење за семејно насилство има право да ја оспори вистинитоста на тврдењето и да тврди дека ненамерно останало без дом и дека локалните власти имаат законска обврска да му најдат ново сместување.
Г. Пресудата на Горниот дом во предметот Qazi
22. Предметот Qazi v. London Borough of Harrow ([2003] UKHL 43 на сличен начин се однесува на донесување решение за враќање на имот во однос на куќа во сопственост на локалните власти што била под заеднички закуп на брачен пар. Нивниот брак се распаднал и заедничкиот закуп завршил кога г-ѓа Qazi доставила известување за откажување. Локалните власти одбиле да му одобрат индивидуален закуп на г. Qazi, но тој сепак останал да живее во куќата со своето ново семејство и сакал да ја оспори постапката за враќање на имотот врз основа на тоа што таа претставувала мешање во правото на почитување на домот во согласност со член 8 на Конвенцијата.
23. Горниот дом едногласно сметал дека, без оглед на фактот што закупот завршил, имотот и понатаму бил дом за г. Qazi и оттаму член 8 е соодветен. Меѓутоа, мнозинството (Лордовите Hope од Craighead, Millett и Scott од Foscote) сметале дека не може да се употреби член 8 за побивање на сопственичките или договорните права на владение на локалните власти. Бидејќи локалните власти имале безусловно право на неодложно владение, не постоела повреда на правото на г. Qazi на почитување на неговиот дом врз основа на член 8 § 1 и, оттаму, не произлегува никакво прашање во согласност со член 8 § 2 во врска со оправдувањето. Покрај тоа, сопственичките или договорните права на властите имале такво дејство што секоја процена врз основа на член 8 § 2 неизбежно би била утврдена во полза на локалните власти. Мнозинството различно упатило на повеќе одлуки на Комисијата во кои слични жалби, во однос на иселување на поранешен заеднички закупец од имот на локалните власти по завршување на заедничкиот закуп, биле прогласени за очигледно неосновани (S. v. the United Kingdom, бр. 11716/85, Одлука на Комисијата од 14 мај 1986 г., Одлуки и извештаи (DR) 47, стр. 274; D.P. v. the United Kingdom, бр. 11949/86, Одлука на Комисијата од 1 декември 1986 г., DR 51, стр. 195; Ure v. the United Kingdom, бр. 28027/95, Одлука на Комисијата од 27 ноември 1996 г.; Wood v. the United Kingdom, бр. 32540/96, Одлука на Комисијата од 2 јули 1997 г.).
Лордот Hope, утврдувајќи дека член 8 бил применлив, продолжува:
„...според моето мислење не произлегува дека, врз основа на фактите на овој предмет, постои прашање што мора да се реши во рамките на домашниот правен поредок преку упатување на прашањето дали со член 8 § 2 се дозволува какво било мешање за одлука на окружниот суд. ...
Не велам дека правото на почитување на домот е нерелевантно. Сепак, јас сметам дека таквото мешање во ова право што произлегува од примената на законот кој им овозможува на јавните власти - закуподавачи да го остваруваат своето безусловно право на враќање на имотот во свое владение, по доставата на известување за откажување со која бил раскинат закупот, со цел просториите да станат достапни за издавање на други лица што се наоѓаат на списокот на лица за кои треба да се обезбеди домување, не ја повредува суштината на правото на почитување на домот во согласност со член 8 § 1. Ова е заклучок што може денес да се примени на сите предмети од овој вид, воопшто. ... Произлегува дека прашањето дали е дозволено какво било мешање во согласност со член 8 § 2 не треба, во овој предмет, да се разгледува од страна на окружниот суд.“
Лордот Millett на сличен начин сметал дека:
“... Според моето мислење член 8 вообичаено не се повредува преку спроведување на условите врз кои жалителот ги изнајмува просториите како свој дом. Член 8 § 1 не дава право на дом, туку само право на „почитување“ на домот.“
Во однос на воспоставувањето на рамнотежата што е предвидено со член 8 § 2 тој изјавил:
„... не треба да се врши такво воспоставување на рамнотежа кога неговиот резултат е предодреден заклучок. Во овој предмет ... локалните власти имале неодложно право на владение. Објектот бил дом на г. Qazi и неговото иселување очигледно би претставувало мешање во неговото користење на објектот како свој дом. Но, неговото право да се насели во објектот како такво било ограничено со условите на неговиот закуп и завршило. Иселувањето едноставно било неопходно за да се заштитат правата на локалните власти како сопственик. Нивната обврска за „почитување“ на домот на г. Qazi не била прекршена со барањето тој да го напушти објектот по истекувањето на периодот за кој тие се согласиле дека тој може да го насели објектот. Едноставно, не постои рамнотежа што треба да се воспостави. ...”
Лордот Scott се согласил со Лордовите Hope и Millett, иако врз донекаде различни основи:
„Според моето мислење, Апелацискиот суд, утврдувајќи правилно дека г. Qazi има „дом“ во согласност со член 8, требал ода утврди дека неговите права од член 8 не може да имаат предимство пред признаеното и неспорното право на владение на советот врз основа на редовното законодавство за домување. Јас лично би рекол дека во овие околности член 8 не бил применлив. Но, би можело, исто така, да се каже дека решението за враќање на имотот било „во согласност со законот“ и дека било неопходно за да се заштити и спроведе правото на владение на советот. ... Сепак, ова се сведува на истото. Не може да се повикува на член 8 за побивање на сопственичките или договорните права на владение.“
24. Во однос на прашање за правните лекови во исклучителните случаи, Лордот Hope упатил (во став 79 на пресудата) на предметот Sheffield City Council v. Smart [2002] EWCA Civ 4, во кој Апелацискиот суд утврдил, во предмет каде несигурен закупец на советот бил иселен по постапка за вознемирување, дека оспорувањето врз основа на член 8 на Конвенцијата на одлуката на локалните власти за достава на известување за откажување може да се изврши преку судско разгледување во соодветните временски рокови. Лордот Hope продолжил забележувајќи дека Апелацискиот суд во предметот Smart дополнително заклучил:
„дека во ретката ситуација кога се случило нешто крајно исклучително по доставата на известувањето за откажување што темелно ги изменило правилностите и неправилностите на предложеното иселување, судијата во окружниот суд кој решавал по владетелската тужба би можел да биде обврзан да го разгледа тоа прашање при одлучувањето дали донесувањето на решение за враќање на имотот во владение би било оправдано .. Јас би сакал да изразам резервирано мислење за тоа дали закупецот би имал можност, во целосно исклучителен случај, да ги отвори овие прашања во окружниот суд каде што била поведена владетелската постапка по доставата на известувањето за откажување од страна на надлежните власти за домување, имајќи на ум, како што укажува Лордот Millett, дека нивната одлука за достава на известувањето за откажување би можел да биде предмет на судско разгледување пред Високиот суд под услов ако таквата жалба се вложи во рамките на релевантниот временски рок. Ситуацијата во овој предмет е поинаква, бидејќи закупот бил прекинат со известување за откажување што било поднесено од еден од заедничките закупци“.
Лордот Millett, исто така, навел:
„Во исклучителниот случај кога жалителот смета дека локалните власти постапуваат неправично или со неправилни или задни намери, тој може да поднесе барање за судско разгледување пред Високиот суд. Достапноста на ова правно средство, заедно со фактот што станарот не може да се исели без судски налог, така што судот може да го разгледа прашањето дали тужителот има право на владение, е доволна за обезбедување на неопходниот и соодветниот степен на почитување на домот на жалителот.“
25. Несогласното малцинство (Лордовите Bingham од Cornhill и Steyn) тврделе дека во случаите кога им предложено мешање во правото на некое лице на почитување на неговиот дом, прашањето за оправдувањето, ако се отвори, навистина треба да се разгледа и дека, во овој предмет, тоа треба да се врати на решавање од страна на Окружниот суд. Двајцата го цитирале со одобрување следниов извадок од пресудата на Апелацискиот суд во предметот Sheffield City Council v. Smart (цитиран во став 24 горе):
„26. ... „Домот“ претставува самостоен концепт во смисла на ЕСЧП и не зависи од каков било законски статус на сопственик. Оттаму, во овие предмети, објектите во Sheffield и Sunderland несомнено биле домови на жените. Бидејќи правното дејство на решенијата за враќање на имотот во владение би било нивно исфрлање, јас сметам дека таквите решенија неизбежно претставуваат мешање во правото на жалителите на почитување на нивните домови. Јас реков дека во предметот во целост се однесува на член 8; поточно, тој во целост се однесува на член 8(2).
27. Пред да преминам на прашањата што произлегуваат од член 8(2), треба да објаснам дека јас размислувам за можеби подлабоки причини за мојот став дека предметот не може да се затвори со пресуда дека не постои повредна на член 8(1). Причините се поврзани со односот меѓу двата става на член 8. Јас тврдев дека иселувањето на овие жалители на жалби би претставувало prima facie повреда на нивното право на почитување на нивните домови. Но, овој заклучок не се сведува на едноставен случај од секојдневниот судски процес, т.е., примената на точната конструкција на определен закон (во овој случај, член 8(1)) врз определена група факти. Напротив, тој има намерен карактер. Судот треба да дојде до точката на правосуден избор меѓу две можности, а тоа е избор што ги надминува границите на утврдувањето што точно значат зборовите во законодавството. Првиот избор ... би повлекол пресуда дека барањето од Конвенцијата било исполнето во фазата на член 8(1) ... Вториот избор (прифаќањето на prima facie повреда на член 8(1)), што јас го претпочитам, повлекува пресуда дека треба да се исполнат поригорозните и поспецифичните стандарди утврдени во член 8(2) за судот да може да заклучи дека иселувањата се компатибилни со правата на жалителите врз основа на Конвенцијата. Конвенцијата, така да се каже, е далеку порезервирано вклучена во ткивото на нашето домашно право ако се направи првиот наместо вториот избор. Дел од задачата на судот е да одлучи колку тесно ќе биде поврзана во дадениот контекст. Оттаму, јас не го избегувам првиот избор единствено поради тоа што сметам дека вториот избор поприродно го одразува вообичаеното значење на зборовите што се употребени во член 8(1). Сметам дека е суштинско прашање тоа што за одбраната и исполнувањето на правата од Конвенцијата, за која цел беше донесен [Законот за човекови права од 1998 година], потребно е постапките од домашното право што се вклучени во овие жалби да бидат предмет на контрола за својата сообразност со стандардите од член 8(2). Таквиот процес се бара со целосноста на нашето национално право за човековите права.“
Лордот Bingham, сепак, нагласил дека управувањето со јавните фондови за домување во рамките на различните законски програми било соодветно доверено на локалните власти за домување и дека случаите во кои судот оправдано би одбил донесување на решение за враќање на имотот во владение би биле особено исклучителни. Тој заклучил:
„Ако (спротивно на одлуката на мнозинството во Домот) му се даде правна сила на моето мислење, јас сум уверен дека надлежните власти за домување што постапуваат со добри намери при спроведувањето на програмите што се пропишани со закон и се управуваат од нивна страна не би требал ода очекуваат какви било значително зголемување на нивното спорно оптоварување“.
Д. Пресудата на Горниот дом во предметот Kay
26. Во предметот Kay v. Lambeth Borough Council; Price v. Leeds County Council, 8 март 2006 г., [2006] UKHL 10, Горниот дом се воспостави во форма на Совет со седум судии (наместо вообичаените пет судии) со цел да ја преиспита својата одлука во предметот Qazi во светлото на пресудите на Судот во предметите Connors v. the United Kingdom, бр. 66746/01, §§ 81–84, 27 мај 2004 г. и Blečič v. Croatia, бр. 59532/00, 29 јули 2004 г. (второнаведената пресуда последователно беше упатена на Големиот совет кој утврдил, на 8 март 2006 година, дека поради тоа што не биле исцрпени домашните правни средства, не може да ја преземе надлежноста за утврдување на основаноста на предметот). Лордовите биле едногласни во ограничувањето на своето разгледување на предметите во кои закуподавач биле јавните власти.
27. Мнозинството (Лордовите Hope, Scott, Brown и Бароницата Hale) сметало дека пресудата во предметот Connors не била некомпатибилна со ставот на мнозинството во предметот Qazi дека немало потреба да се спроведување разгледување на прашањата што се отворени во однос на член 8 § 2 од страна на Окружниот суд ако предметот бил од таков тип каде законот сам по себе го дава одговорот, бидејќи во таквиот случај преиспитувањето на основаноста би било бесмислено. Во таквиот предмет одбраната врз основа на член 8, доколку се повика на неа, би требало едноставно да се отфрли. Меѓутоа, со оглед на пресудите во предметите Connors и Blečič било неопходно да се нагласи дека иселеното лице може да има обрана во владетелските постапки во исклучителни случаи, имено (1) ако тоа лице даде приговор дека домашното право само по себе не е во согласност со член 8 (како во предметот Connors) или (2) ако лицето ги оспори постапките на јавните власти како закуподавач врз основи од јавното право, т.е. врз основа на тоа што постапките на властите преставувале злоупотреба на овластувањата.
28. Малцинството (Лордовите Bingham, Nicholls и Walker) сметале дека на туженикот во владетелска постапка што е поведена од страна на јавните власти треба начелно да му се дозволи да користи одбрана од член 8 во текот на владетелската постапка пред Окружниот суд. Лордот Bingham го искажал овој став како што следува:
„Јас не прифаќам, како што тврдеа жалителите, дека јавните власти мора уште на самиот почеток да се бранат и да докажуваат дека бараното решение за враќање на имотот во владение е оправдано. Тоа, во убедливото мнозинство од предметите, би било тешко и бесполезно. Доволно е јавните власти да го остварат своето право во согласност со домашното имотно право. Ако станарот сака да се повика на одбрана од член 8 за да го спречи или одложи донесувањето на решението за враќање на имотот во владение, останува на него да го стори тоа, а јавните власти мора да побијат тврдењето ако, и во таа мера, од нив се побара да го сторат истото. Во убедливото мнозинство од предметите ова воопшто не би било тешко. Во ретките и исклучителните случаи тоа не би било бесполезно.“
ПРАВОТО
I. ДОПУШТЕНОСТ НА ЖАЛБИТЕ
А. Член 6 § 1 на Конвенцијата
29. Жалителот тврдел дека постои повреда на член 6 § 1 на Конвенцијата, тврдејќи дека локалните власти не биле независен и непристрасен суд кога го извршиле раскинувањето на закупот за имотот.
Член 6 § 1го предвидува следново:
„Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен, со закон воспоставен суд, да бидат разгледани неговите граѓански права и обврски ...“
30. Оваа одредба обезбедува процедурални гаранции при утврдувањето на граѓанските права и обврски. Во овој предмет, „правата и обврските“ биле оние што произлегуваат од закупот што жалителот и неговата сопруга го склучиле со локалните власти. Закупот бил раскинат со известувањето за откажување на сопругата од 4 јануари 2002 година. Утврдувањето на граѓанските права и обврски, меѓутоа, било извршено пред домашните судови – Окружниот суд во Бирмингем, кој донел пресуда на 15 април 2003 година, и Апелацискиот суд, кој донел пресуда на 9 декември 2003 година. Сите жалби во врска со правичноста на постапката мора, според тоа, да се однесуваат на постапките пред тие судови. Жалителот нема поднесоци во врска со правичноста на постапката пред судовите и не тврди дека што било надвор од постапките можело да влијае врз нив.
31. Произлегува дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован во смисла на член 35 § 3 на Конвенцијата и мора да се отфрли во согласност со член 35 § 4.
Б. Член 8 на Конвенцијата
32. Жалителот тврдел, исто така, дека постоела повреда на член 8 на Конвенцијата, тврдејќи дека поради начинот на кој што советот го добил известувањето за откажување во предметот, и поради тоа што резултирачката постапка била ограничена исклучиво на прашања од имотното право, не било почитувано неговото право на почитување на домот.
Член 8 на Конвенцијата, во своите релевантни делови, предвидува:
„1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен ...живот, домот ...
2.Јавните власти не смеат да се мешаат во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и е неопходно во едно демократско општество во интересите на ... економската благосостојба на земјата, заштитата на јавниот ред и спречување на кривични дела, ... или заштитата на правата и слободите на другите.“
33. Судот смета дека овој дел од жалбата отвора правни прашања што се доволно сериозни за нивното утврдување да зависи од испитувањето на основаноста. Не е утврдена никаква друга основа за прогласување на жалбата за недопуштена. Според тоа, жалбата мора да се прогласи за допуштена. Во согласност со член 29 § 3 на Конвенцијата, Судот ќе ја разгледа основаноста на оваа жалба во продолжение.
В. Член 14 на Конвенцијата, земен заедно со член 8
34. На крајот, жалителот, споредувајќи ја својата положба со положбата на сопружниците на станарите кои ги напуштаат просториите поради распаѓање на врската во случај кога не постојат наводи за семејно насилство, тврдел дека постои повреда на член 14 на Конвенцијата во врска со член 8 бидејќи локалнит власти имале различни политики за овие две категории. Член 14 предвидува:
„Остварувањето на правата и слободите што се утврдени во Конвенцијата се обезбедува без диксриминација врз каква било основа, како што е полот, расата, бојата на кожата, верата, политичко или кое било друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, имот, потекло по раѓање или каков било друг статус.“
35. Судот констатира дека жалителот не го отворил прашањето во врска со член 14 во ниедна од домашните постапки и дека не успеал на друг начин да ги оспори различните политики пред домашните судови. Според тоа, вистинското прашање е дали жалителот ги исцрпел домашните правни средства, како што се бара со член 35 на Конвенцијата.
36. Во секој случај, предметите што вклучуваат семејно насилство не се исти како предметите што не вклучуваат семејно насилство, така што нивниот различен третман не може, само по себе, да се смета за дискриминирачки во смисла на член 14 на Конвенцијата.
31. Произлегува дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован во смисла на член 35 § 3 на Конвенцијата и мора да се отфрли во согласност со член 35 § 4.
II. ОСНОВАНОСТА НА ЖАЛБАТА ВРЗ ОСНОВА НА ЧЛЕН 8
A. Поднесоци на страните
38. Страните биле согласни дека правото на почитување на домот што е содржано во член 8 на Конвенцијата било поврзано со фактите на овој предмет. Меѓутоа, тие не се согласиле во врска со тоа дали оспорената мерка била „неопходна во демократското општество“.
1.Владата
39. Владата тврдела дека секое мешање во правата на жалителот од член 8 § 1 било оправдано во смисла на член 8 § 2. Одлуката на локалните власти да обезбедат известување за откажување од неговата сопруга и последователно да поведат владетелска постапка била донесена во согласност со законот и имала повеќе легитимни цели, имено, (а) заштитата на правата на властите како сопственик на имотот со одговорност за управување со својот социјален станбен фонд; (б) заштитата на правата и слободите на другите лица што се наоѓаат на листата за чекање на властите за да добјат стан од станбениот фонд на властите за да ги исполнат своите потреби; и (в) унапредувањето на економската добросостојба на земјата. Дополнително, со оглед на тоа што било неопходно во едно демократско општество да се воспостават јасни и сигурни правила што ги уредуваат сопственичките права, и со оглед на фактот што во согласност со редовното имотно право властите имале апсолутно право да си го вратат предметниот имот, Владата тврдела дека мешањето што произлегло преку признавањето и спроведувањето на тие права од страна на судовите било „неопходно во демократското општество“ и сразмерно на бараната легитимна цел.
40. Според Владата, овој предмет се разликува од предметот Connors v. the United Kingdom, (бр. 66746/01, §§ 81–84, 27 мај 2004 г: за повеќе видете став 49 долу), каде три клучни карактеристики го навеле Судот да утврди повреда на член 8: прво, ранливата позиција на циганите како малцинство, што наметнала позитивна обврска за Државата да го овозможи нивниот начин на живеење; второ, непостоењето на процедурална заштита, што и допуштило на локалните власти да ги отстранат циганите од овластената локација без каква било контрола од страна на судовите; и, трето, фактот што домашното право неоправдано правело разлика меѓу циганите што живееле на приватни локации и оние што живееле на локации на локалните власти. Во споредба со положбата во предметот Connors, во овој предмет немало сугестии дека домашното право што ги уредува односите меѓу закуподавачот и закупецот само по себе било неусогласено со член 8.
41. Бидејќи, барајќи од г-ѓа McCann д потпише известување за откажување, локалните власти едноставно се обидувале да ја озаконат состојбата што таа ја создала со напуштањето на куќата и поднесувањето барање за алтернативно сместување, било соодветно да се побара од неа да го потпише известувањето и не постоела обврска да и се објаснат во целост импликациите. Во околности кога врската меѓу заедничките закупци е раскината, политиката на локалните власти била да обезбедат потпишан образец за откажување од закупецот што го нашушта имотот (видете став 21 горе). Оваа политика била особено разумно, со оглед на тоа што им допуштала на локалните власти да ја вратат контролата врз својот имот и на тој начин да управуваат ефективно со дефицитарните станбени ресурси. Процедуралната заштита против раскинувањето на сигурниот закуп што е содржан во членовите 82-84 на Законот од 1985 година (видете став 20 горе) биле применливи единствено во околностите кога закуподавачот сака да го раскине закупот. Во овој предмет, заедничкиот закуп бил раскинат од страна на сопругата на жалителот со доставата на известувањето за откажување.
42. Со оглед на тоа што основното тврдење на жалителот било дека локалните власти постапиле неправилно при обезбедувањето на известувањето за откажување од г-ѓа McCann, судската ревизија обезбедувала соодветно и адекватно правно средство што било достапно за жалителот. Покрај тоа, тогаш било јасно од одлуката на Горниот дом во предметот Kay (видете ставови 26-28 горе) дека некое лице што се наоѓа во иста положба како жалителот не треба да поведе постапка преку судско разгледување за да поднесе приговор од јавното право од овој вид; таквите приговори сега може да се поднесат преку дополнителен приговор кон владетелската постапка пред Окружниот суд. Објаснувањето во предметот Kay служело за нагласување на опфатот на процедуралната заштита што им се обезбедува на лицата кои се во истата положба како жалителот. Во оваа смисла, овој предмет јасно може да се разграничи од предметот Connors, каде наводите на жалителот (дека тој не бил одговорен за наводното асоцијално однесување) не се однесувале на злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти и каде на жалителот не му било дозволено да поднесе барање за судско разгледување.
2.Жалителот
43. Жалителот тврдел дека начинот на кој било добиено известувањето за откажување направил неговото иселување да биде неоправдана повреда на неговото за право на почитување на домот. Член 8 бил поврзан затоа што г-ѓа McCann не би го доставила известувањето за откажување доколку тоа од неа не го побарал службеникот за станбени прашања од локалните власти, а локалните власти знаеле дека резултатот од известувањето би било завршувањето на заедничкиот закуп без каква било можност за жалителот ефективно да го обжали губењето на својот дом. Покрај тоа, завршувањето на закупот влијаело врз односите на жалителот со неговите деца, кои престојувале кај него три вечери неделно. При одлучувањето да побараат известување за откажување од г-ѓа McCann локалните власти воопшто не ги земле предвид правата на жалителот од член 8.
44. Единствениот пат кога некој суд извршил детален преглед на применливите прашања од Конвенцијата, тој утврдил дека правото на жалителот на почитување на неговиот дом не биле доволно почитувани. Меѓутоа, оваа одлука н Окружниот суд била преиначена по жалба, со оглед на пресудата на Горниот дом во предметот Qazi, и дополнителното барање на жалителот за судско разгледување било отфрлено бидејќи Апелацискиот суд претходно го решавал ова прашање.
45. Во постапката во согласност со членовите 82-84 од Законот за домување (видете став 20 горе)л Окружниот суд мора да ги испита и утврди сите фактички прашања и може да му додели владение на закуподавачот единствено ако “смета дека е разумно да се стори тоа“. Постапките на локалните власти за добивање на известувањето за откажување од сопругата ефективно ја заобиколиле оваа законска шема што ја создал Парламентот за да ги заштити станарите како жалителот. Иако прифатил дека не би било вообичаено да му се одбие владението на закуподавачот врз основа на член 8, жалителот тврдел дека исклучувањето на можноста дека поединечни околности може да направат иселувањето да биде несразмерно значи лишување на Конвенцијата од какви било дејство.
Б.Оцена на Судот
46. Судот констатирал во повеќе наврати дека прашањето дали некој имот треба да се класификува како „дом“ е фактичко прашање и дека тоа не зависи од законитоста на населувањето во согласност со домашното право (видете, на пример, Buckley v. the United Kingdom, пресуда од 25 септември 1996 г., ИЗвештаи за пресуди и одлуки 1996‑IV, § 54, каде жалителката на жалбата живеела на сопствено земјиште без урбанистичка дозвола во период од приближно осум години). Во овој предмет, националните судови утврдиле и страните прифатиле дека куќата на локалните власти што порано ј населувал жалителот во својство на заеднички закупец со својата сопруга и каде живеел самостојно од ноември 2001 година останала негов „дом“, во смислата на член 8 § 1, без оглед на фактот што по доставата на известувањето за откажување од страна на сопругата тој немал какво било право врз основа на домашното право да продолжи да живее таму. Судот се согласува со оваа анализа.
47. Понатаму, беше постигната согласност дека дејството на известувањето за откажување што го доставила сопругата на жалителот до локалните власти, заедно со владетелската постапка што ја повеле локалните власти претставувало мешање во правото на жалителот на почитување на неговиот дом.
48. Судот смета дека ова мешање било во согласност со законот и имало легитимна цел за заштита на правата и слободит на другите од два аспекта. Прво, тоа го заштитило правото на локалните власти да го вратат владението врз имотот од лицето кое немало какви било догвоорни или други права да биде таму. Домашните судови му дале значителен акцент на овој аспект, кој се применува подеднакво на сите закуподавачи што се обидуваат да си го вратат владението врз својот имот. Меѓутоа, мешањето имало за цел, исто така, да го осигури правилното спроведување на законската шема за решавање на станбеното прашање. „Другите“ во таквиот случај се планираните корисници на сложените аранжмани што се утврдени, меѓу другото, со Законот за домување. Судот прифаќа дека едиствено со ограничување на заштитата од Законот за категориите на кои што тој се применува може разумно да се спроведува политиката што лежи во основата на Законот.
49. Централното прашање во овој предмет е, според тоа, дали мешањето било сразмерно на целта што требало да се исполни и, оттаму, „неопходно во демократско општество“. Мора да потсетиме дека ова барање од став 2 на член 8 претставува прашање што е и процедурално и материјално. Судот ги утврдил релевантните принципи во оценувањето на потребата за мешање во правото на „дом“ преку примена на скратената владетелска постапка во предметот Connors v. the United Kingdom, (бр. 66746/01, §§ 81–84, 27 мај 2004 г.), која се решавала по донесувањето на пресудата од страна на Горниот дом во предметот Qazi (видете ставови 22-25 горе), но пред неговата одлука во предметот Kay (видете ставови 26-28 горе), како што следува:
„81. Мешањето се смета за „неопходно во демократското општество“ за легитимна цел ако служи за исполнување на „неодложна социјална потреба“ и, особено, ако е сразмерно на бараната легитимна цел. Иако државните власти се тие што треба да ја направат првичната процена н неопходноста, конечната оцена за тоа дали наведените причини за мешањето се релевантни и доволни останува предмет на преглед од страна на Судот за усогласеноста со барањата на Конвенцијата ...
82. Во оваа смисла, мора, неизбежно, да им се остави простор за одлучување на државните власти, кои поради својот непосреден и постојан контакт со виталните сили во своите земји начелно се во подобра позиција за оценување на локалните потреби и услови отколку меѓународниот суд. Овој простор за одлучување се разликува во осгласност со карактерот на соодветното право од Конвенцијата, неговата важност за поединецот и карактерот на ограничените активности, како и карактерот на целта што треба да се оствари со ограничувањата. Просторот вообичаено ќе биде потесен кога предметното право е од суштинско значење за ефективното остварување на личните или клучните права од страна на поединецот ... . Од другата страна, пак, во сферите што вклучуваат примена на социјалните или економските политики, допуштено е просторот за одлучување да биде поширок, како и во контекстот на планирањето, каде Судот утврди дека „доколку вршењето на дискрециските права што вклучува повеќе локални фактори е својствено за изборот и спроведувањето на планските политики, државните власти начелно уживаат поширок простор за одлучување“ ... . Судот, исто така, наведе дека во областите како што е домувањето, кое има клучна улога во социјалната заштита и економските политики во модерните општества, ќе го почитува расудувањето на законодавните власти за тоа што е од општ интерес, освен ако таквото расудување е очигледно неосновано ... . Сепак, може да се забележи дека ова било во контекст на член 1 на Протоколот бр. 1, а не на член 8 кој се однесува на правата од суштинско значење за идентитетот, само-определувањето, физичкиот и моралниот интегритет, одржувањето на односите со останатите и утврденото и сигурното место во заедницата на поединецот ... . Ако се отворени прашања од општата социјална и економска политика во контекст на член 8, опфатот на просторот за одлучување зависи одф контекстот на предметот, при што посебно значење му се пришишува на степенот на навлегување во личната сфера на жалителот ... .
83. Процедуралните заштитни мерки што му се достапни на поединецот се особено материјални при утврдувањето дали тужената Држава се задржала, кога ја утврдувала регулаторната рамка, во својот допуштен простор за одлучување. Конкретно, Судот мора да испита дали процесот на одлучување што води кон мерки за мешање бил правичен и таков што обезбедува должно почитување на интересите што му се гарантираат на поединецот со член 8 ...“
50. Судот не може да го прифати аргументот на Владата дека образложението во предметот Connors требало да се ограничи единствено на предметите што вклучуваат иселување на цигани или предмети во кои жалителот акал да го оспори самиот закон наместо неговата примена во својот конкретен случај.Загубата на нечиј дом е најекстремната форма на мешање во правото на почитување на домот. Секое лице што е под ризик од мешање од овие размери треба начелно да биде во можност да обезбеди утврдување на сразмерноста на мерката од страна на независен суд со оглед на релевантните начела од член 8 на Конвенцијата, без оглед на тоа што, во согласност со домашното право, неговото станарско право завршило.
51. Судот констатир дека законодавството во Обединетото Кралство има воспоставено, преку Законот за домување inter alia, сложен систем за распределба на јавниот станбен фонд, против што жалителот н жалбата нема приговор. Таквиот систем вклучува, во член 84 на Законот за домување од 1985 година (видете став 20 горе), одредби за заштита на сигурните закупци на закуподавачи што се јавни власти, каков што е жалителот, во текот на заедничкиот закуп. Во согласност со овие одредби, судот не може да му додели владение на закуподавачот – јавна власт за имот што е населен од страна на сигурен закупец, освен врз една од утврдените законски основи и кога е дополнително уверен дека е разумно да е донесе таквото решение. Доколку локалните власти сакале да го иселат жалителот врз основа на оваа законска шема, жалителот би имал право да побара од судот да испита, на пример, дали неговата сопруга навистина го напуштила семејниот дом поради семејно насилство и дали во неговите лични околности, вклучувајќи ја неговата потреба за обезбедување сместување за своите деца во текот на посетите со преспивање неколку пати неделно, било разумно да се доенсе решението за враќање на имотот во владение.
52. Во ово предмет, сепак, локалните власти избрале да ја заобиколат законската шема барајќи од г-ѓа McCann да потпише известување за откажување од општото право, чие што дејство било неодложното завршување на правото на жалителот да остане во куќата. Се чини дека властите, во текот на постапката, воопшто не го земале предвид правото на жалителот на почитување на неговиот дом. Покрај тоа, во согласност со домашното право (видете ги мислењата на мнозинството во предметите Qazi и Kay, 22-28 горе), во скратената постапка, како онаа што била поведена против жалителот, окружниот суд не можел да разгледува какви било прашања во врска со сразмерноста на решението за враќање на имотот во владение, освен во исклучителните случаи каде, како што утврдил Апелацискиот суд во овој предмет, „се случило нешто по доставата на известувањето за откажување што темелно ги изменило исправностите и неисправностите на предложеното иселување“. Во овој предмет немало такви исклучителни околности. Дополнително, иако поради тоа што закуподавачот на жалителот биле јвните власти и тој имал право да ги оспори одлуките за добивање на известувањето за откажување и да поведе владетелска постапка со барање за судско разгледување, неговото барање не било успешно бидејќи локалните власти не постапиле незаконски.
53. Како во предметот Connors, „процедуралните заштитни мерки“ што се бараат со член 8 за оценувањето на сразмерноста на мешањето не биле исполнети со можноста за жалителот да поднесе барање за судско разгледување и да обезбеди проверка од страна на судовите на законитоста и оправданоста на одлуките на локалните власти. Постапката за судско разгледување не е добро приспособена за решавање на чувствителни фактички прашања што е подобро да му се отстапи на окружниот суд што има надлежност да нареди враќање на владение. Во овој предмет, постапката за судско разгледување, исто како владетелската постапка, не предвидувала каква било можност за испитување од страна на независен суд дали губењето на домот од страна на жалителот било сразмерно во согласност со член 8 § 2 кон бараните легитимни цели.
54. Судот не прифаќа дека доделувањето на правото на станарот да вложи приговор од член 8 би имало сериозни последици за функционирањето на системот или за домашното право за закуподавачот и закупецот. Како што забележало малцинството на Горниот дом во предметот Kay (видете став 28 горе), единствено во особено исклучителните случаи жалителот би успел да отвори спорен предмет за кој ќе биде потребно судот да го разгледа прашањето; во најголемиот број случаи, решението за враќање имот во владение и понатаму ќе се носи во скратена постапка.
55. Оттаму, за овие цели, безначајно е дали г-ѓа McCann ги разбрала или планирала последиците на известувањето за откажување. Во согласност со скратената постапка што му е достапна на закуподавачот кога еден од заедничките закупци доставува известување за откажување, на жалителот му бил одземен домот без каква било можност за утврдување на сразмерноста на таа мерка од страна на независен суд.Произлегува дека, поради недостигот од соодветни процедурални заштитни мерки, имало повреда на член 8 на Конвенцијата во овој предмет.
III. ЧЛЕН 41 НА КОНВЕНЦИЈАТА
56. Жалителот барал правично обесштетување во согласност со член 41 на Конвенцијата, кој предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или нејзините протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумно отстранување на последиците на таквата повреда, Судот, доколку е тоа потребно, и овозможува правично обесштетување на оштетената страна.“
A.Нематеријална штета
57. Жалителот барал вкупно 50.000 ЕУР обесштетување за нанесена нематеријална штета, вклучувајќи 20.000 ЕУР за загубата на својот дом, 20.000 ЕУР за мешањето во односите со неговите деца и 10.000 ЕУР за претрпената болка и потешкотии предизвикани од понижувањето на иселувањето знаејќи дека судијата на Окружниот суд утврдил дека таквото иселување е неоправдано.
58. Владата коментирала дека, за разлика од жалителот во предметот Connors, кој бил иселен во краток рок од местото што било негов дом 15 години, и на кого Судот му доделил 14.000 ЕУР во однос на нематеријална штета, овој жалител на жалба живеел во предметната куќа само три години пред да се распадне неговиот брак и да му биде наредено да ја нашушти куќата во согласност со решение против злоставување од април 2001 година. Дополнително, жалителот поднел барање за замена на имотот на 4 јануари 2002 година, бидејќи куќата била преголема за неговите потреби. Во овие околности, и со оглед на тоа што не било можно да се утврди во која положба би бил жалителот доколку немало повреда на член 8 (која, во секој случај, била одрекувана), Владата тврдела дека утврдувањето на повредата само по себе претставува правично обесштетување или, алтернативно, дека треба да се додели износ што е значително понизок од оној во предметот Connors.
59. Судот констатира дека утврдил повреда на член 8 единствено од процедурален аспект. Со оглед на наводите за семејно насилство против жалителот, неговиот статус на неоженет маж (иако сака да одржува редовни контакти со посети со преспивање со своите деца) и дефицитарниот станбен фонд на локалните власти, далеку од јасно е дека, доколку домашниот суд бил во положба да ја оценува сразмерноста на иселувањето, решението за враќање на имотот во владение сепак не би било дадено. Сепак, на жалителот му бил одземен домот без можност за добивање пресуда за прашањата од член 8 и Судот, според тоа, заклучува дека тој претрпел определена нематеријална штета, особено чувство на фрустрација и неправда, која не е доволно надоместена со утврдувањето на повреда на Конвенцијата (видете Connors, § 114).Одлучувајќи врз правична основа, Судот му доделува на жалителот 2.000 ЕУР од оваа ставка.
Б. Судски и други трошоци
60. Дополнително, жалителот побарал надоместување на трошоците што биле поднесени во текот на постапките пред домашните судови и во Стразбур, побарани по националната inter partes стапка, во износ од вкупно 75.570,18 ГБП, од кои 7.691,32 се однесувале на неговите трошоци пред Судот.
61. Владата тврдела дека 45.000 ГБП во однос на домашните судски трошоци и 6.000 ГБП за трошоците во Стразбур би биле и повеќе од соодветни.
62. Судот доделува 75.000 ЕУР за судски и други трошоци, заедно со каков бил данок на додадена вредност што може да е платив за тој износ, намален за 850 ЕУР што веќе биле добиени како правна помош од Советот на Европа.
В. Затезна камата
63. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресметува врз основа на маргиналната каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да и се додадат три процентни поени.
ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1.Ја прогласува жалбата врз основа на член 8 на Конвенцијата за допуштена;
2.Го прогласува остатокот од жалбата за недопуштен;
3.Заклучува дека постои повреда на член 8 на Конвенцијата;
4.Заклучува (а) дека тужената Држава треба да му исплати на жалителот, во рок од три месеци по денот а донесување на оваа пресуда, 2.000 ЕУР (две илјади евра) во однос на нематеријална штета и 75.000 ЕУР (седумдесет и пет илјади евра) во однос на судските и другите трошоци, намалени за 850 ЕУР (осум стотини и педесет евра) исплатени како правна помош од страна на Советот на Европа, плус какви било даноци што може да се плативи за овие износи, претворени во фунти според важечкиот девизен курс на денот на плаќањето;
(б) дека од истекувањето на претходно наведениот рок од три месеци до исплатата се пресметува проста камата на горенаведениот износ по стапка еднаква на маргиналната каматна стапка на Европската централна банка во текот на периодот на доцнење на исплатата, зголемена за три процентни поени;
5.Го одбива остатокот од барањето на жалителот за правично обесштетување.
Изготвено на англиски јазик и доставено во писмена форма на 13 мај 2008 година, во согласност со Правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Lawrence EarlyLech Garlicki
СекретарПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012 година.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот јазик. Овој превод е нарачан со поддршка од Повереничкиот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не е обврзувачки за Судот, ниту пак Судот презема каква било одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци за судската практика на Европскиот суд за човекови права () или од кој било друга база на податоци на која што Судот го има отстапено преводот. Преводот може да се репродуцира за некомерцијални цели под услов ако се цитира целосниот наслов на предметот, заедно со ова известување за авторските права и упатување до Повереничкиот фонд за човекови права. Ако се планира да се искористи кој било дел од преводот за комерцијални цели, ве молиме стапете во контакт со publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of the translation for commercial purpose, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle put être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy