© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 158
Декември 2012 г.
Мишо против Франција (Michaud v. France) - 12323/11
Пресуда 6.12.2012 [Секција V]
Член 8
Член 8-1
Почитување на преписката
Почитување на приватниот живот
Обврска на адвокатите да пријават сомневања за перење пари од страна на клиенти, освен ако не се работи за сомневања засновани на информации добиени кога го застапувале клиентот во судска постапка: нема повреда.
Факти – Во јули 2007 г. Националниот адвокатски совет одлучил да усвои професионални прописи чија цел, меѓу другото, била да се обезбеди примена на обврските наметнати на правничката професија во контекст на борбата против перењето пари согласно Европската директива 2005/60/EЗ. Последователно, адвокатите биле обврзани во одредени околности да пријават кај националната финансиска разузнавачка единица (Tracfin) износи на пари кои им припаѓале на клиенти, а за кои се сомневале дека биле стекнати со криминални активности, како што е перење пари. Во октомври 2007 г. жалителот, адвокат, се обратил до Државниот совет (Conseil d’Etat) да ја поништи одлуката на Советот на адвокатското здружение. Жалбата му била отфрлена на 23 јули 2010 г.
Право – Член 8: Обврската што им била наметната на адвокатите да пријават сомневања претставувала попречување на нивното право на почитување на нивната преписка, со оглед дека од нив се барало да му пренесат на управен орган информации за друго лице, добиени во комуникацијата со него или неа. Исто така достигнало и ниво на повреда на нивното право на почитување на приватниот живот, кое се однесувало на активностите од стручна или деловна природа. Искрено, жалителот немал причина да пријави таквите сомневања, ниту пак бил казнет согласно оспорените прописи за таков пропуст. Меѓутоа, или ќе се придржувал на прописите доколку наишол на околностите во прашање или доколку не го сторел тоа тој ќе бил изложен на дисциплински санкции, вклучително и одземање на адвокатската лиценца. Оттука, обврската да пријави сомневања претставувала „континуирано попречување“ на уживањето на правата на жалителот, во неговото својство на адвокат, заштитени со членот 8 во однос на професионалната комуникација на неговите клиенти.
Обврската што им била наметната на адвокатите да пријават сомненија била во согласност со законот како што е утврдено во Монетарниот и финансиски законик. Законската регулатива била достапна и јасна во неговиот опис на активностите за кои се применувала. Оспореното попречување било во насока на борба против перењето пари и слични кривични дека, и на тој начин имало легитимна цел насочена кон спречување на безредие и криминал.
Обврските за будност и пријавување на сомненија произлегле од транспонирањето на европските директиви во Монетарниот и финансиски законик кои Франција морала да ги спроведе како дел од правните обврски што произлегле од нејзиното членство во Европската унија. Упатувајќи на пресудата во случајот на авиокомпанијата Босфорус (Bosphorus Airways), Владата сметала дека за Франција требало да се смета дека се придржувала на условите на Конвенцијата, со оглед дека таа чисто ги исполнила обврските и дека било утврдено дека Европската унија обезбедила заштита на основните права еквивалентна на онаа гарантирана во Конвенцијата. Меѓутоа, актуелниот случај се разликувал од случајот на авиокомпанијата Босфорус во два главни аспекти. Тој се занимавал со спроведувањето на директивите од страна на Франција кои ги обврзувале земјите членки во однос на резултатот што требал да биде остварен, но им оставиле слободна да го изберат методот и формата. Прашањето дали, при придржувањето на обврските што произлегле од нејзиното членство во Европската унија, Франција последователно имала доволно простор да ја спречи примената на пресумпцијата на еквивалентна заштита, оттука не било нерелевантно. Дополнително но уште поважно, Државниот совет, со одлуката да не побара прелиминарна пресуда од Европскиот суд на правдата, иако тој суд сè уште не го имал разгледано прашањето поврзано со правата од Конвенцијата, а кое се наоѓало пред него, одлучил пред релевантната меѓународна машинерија за надзор на основните права, во принцип еквивалентна на таа на Конвенцијата, да добие можност да го прикаже својот целосен потенцијал. Со оглед на таа одлука и важноста на тоа што било во прашање, пресумпцијата на еквивалентна заштита не била применлива. Затоа од Судот се бара да утврди дали попречувањето било потребно во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата.
Судот се согласи со анализата на Државниот совет во неговата одлука од 23 јули 2010 г., кој откако забележал дека членот 8 ги штити основните права на професионалната привилегија, одлучил дека проширувањето на обврската да пријавуваат сомневања и на адвокатите не претставувало претерано попречување со оглед на јавниот интерес од борбата против перење пари, и гаранцијата претставена преку исклучувањето од нејзиниот опсег на информациите добиени или стекнати од страна на адвокатите кога ги застапуваат клиентите во судски постапки, и информациите добиени или стекнати во контекст на давање на правни совети (со исклучок кога правниот советник играл, преку своите дејствија, активна улога во перењето на пари). Привилегијата на правничката професија не била неприкосновена. Морала да се измери наспроти чекорите што се преземаат во борбата против перењето на приноси од незаконски активности, кои веројатно би се искористиле за финансирање на криминални активности. Европските директиви ја следеле таа логика. Дури и ако некој адвокат имплициран во операција на перење на пари би одговарал во кривична постапка, ова не можело да ја поништи одлуката за предвидување на казниви санкции во мерка која имала конкретна превентивна цел. Конечно два елементи беа одлучувачки во оценувањето на пропорционалноста на оспореното попречување. Првиот беше поврзан со фактот дека адвокатите имале обврска да пријават сомневања само во два случаи: најпрво, кога, во контекст на нивните професионални обврски, тие учествувале за и во име на своите клиенти во финансиски и трансакции на имот или постапувале како ополномоштени; и второ кога и понатаму во контекст на своите професионални обврски им помогнале на своите клиенти во подготовката или извршувањето на трансакции поврзани со одредени дефинирани операции.* Оттука, обврската за пројавување на сомненија се однесувала само на активности кои биле далеку од улогата за одбрана доверена на адвокатите и кои наликувале на оние што ги вршат лица со други занимања, а кои исто така биле подложени на горенаведената обврска. Вториот елемент бил фактот дека законската рамка вовела филтер што ги штител професионалните привилегии: адвокатите не ги поднесувале пријавите директно до Тракфин (Tracfin) туку, соодветно, до претседателот на Адвокатското здружение на Државниот совет и Судот за касација или до претседателот на Адвокатското здружение чии членови биле. Оттука, информациите биле споделувани со стручно лице кој не само што подложел на истите правила на однесување, туку исто така било избрано од колегите за да се обезбеди нивно почитување, со што се обезбедило да не дојде до прекршување на професионалните привилегии. Претседателот на релевантното Адвокатското здружение ги пренесувал обелоденетите сомненија до Тракфин дури откако ќе констатирал дека условите поставени од Монетарниот и финансиски законик биле исполнети.
Оттука, обврската за пријавување на сомненија согласно начинот на кој била спроведувана и со оглед на легитимната цел која ја имала и особената важност на нејзината цел за едно демократско општество, таа не претставувала несразмерно попречување на привилегијата на правничката професија.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
(Види Bosphorus Hava Yolları Turizm Anonim Şirketi v. Ireland [GC], no. 45036/98, 30 June 2005, Information Note no. 76)
* Тие дејствија биле: (1) купопродажба на недвижен имот или деловни субјекти; (2) управување со пари, хартии од вредност или други средства на клиентот; (3) отворање на банкарски, штедни или сметки со хартии од вредност; (4) обезбедување на придонеси потребни за формирање на компании; (5) формирање, работа или раководење со компании; (6) формирање, работа или раководење со фондации или слични структури врз основа на странски закон.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme () , ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy