© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 175
Јуни 2014 година
Мененсон (Mennesson) против Франција - 65192/11
Пресуда 26.6.2014 [Оддел V]
Член 8
Член 8-1
Почитување на семејниот живот
Почитување на приватниот живот
Одбивање да се признае во францускиот закон филијација законски востановена во САД на деца родени со помош на сурогат мајчинство (GPA) и парот кој прибегнал кон оваа метода : повреда
[Ова резиме се однесува исто и на пресудата Labassee c. France, бр. 65941/11, 26 jуни 2014]
Факти – Жалителите во првиот случај се сопружниците Мененсон, француски државјани, како и г-ци Мененсон, американски државјанки, близначки родени во 2000. Жалителите во вториот случај се сопружниците Лабасе (Labassee), француски државјани, како и Жулиет Лабасе (Juliette Labassee), американска државјанка, родена во 2001.
Заради неплодноста на г-ѓите Мененсон и Лабасе, родителите жалители прибегнале кон сурогат мајчинство (GPA) во САД со имплантација на ембриони во матката на друга жена, произлезени од гаметите на г-ѓа Менесон, во едниот случај, и од г-ѓа Лабасе, во другиот. Така се родиле близначките Мененсон и Жилиет Лабасе (децата жалителки). Пресуди, изречени соодветно во Калифорнија за првиот случај и во Минесота за вториот, укажуваат дека сопружниците Мененсон се родителите на близначките, и дека сопружниците Лабасе се родителите на Жилиет.
Сомневајќи се дека се работи за случаи на сурогат мајчинство, француските власти одбиле да ги транскрибираат изводите во француските матични книги. Во случајот Мененсон, транскрипцијата сепак била извршена по налог на обвинителството, кое потоа им наложило на сопружниците истата да ја поништат. Во случајот Лабасе , сопружниците на го оспориле одбивањето за транскрипција. Тие се обиделе да добијат законско признавање на врската по пат на поседувањето статус (possession d’état). Тие добиле афидавит (acte de notoriété) – документ издаден од судија со кој се утврдува стаусот на син или ќерка, односно егзистенцијалната реалност на врската на филијација – но обвинителството одбило на него да го наведе личниот статус на граѓанин; тие тогаш се обратиле до судските инстанци.
Жалителите биле дефинитивно одбиени од Касациониот суд на 6 април 2011 г. со образложение дека таквото транскрибирање или запишување би дало правно дејство на договор за сурогат мајчинство, кој е ништовен за јавниот поредок според францускиот граѓански законик. Тој оценил дека немало повреда на правото на почитување на приватниот и семејниот живот бидејќи едно такво поништување не ги лишувало децата од врската со мајката и таткото признаена според законот на Калифорнија или Минесота, ниту пак ги спречувало да живеат во Франција со сопружниците Мененсон и Лабасе.
Право – Член 8 : имало мешање во вршењето на правото гарантирано со членот 8 во деловите „семеен живот“ и „приватен живот“. Оспорените мерки имале основа во домашното право и законот во прашање бил достапен за секој кој учествува во судска постапка и предвидлив.
Одбивањето на Франција да ја признае врската на филијација меѓу децата родени во странство со сурогатство и родителите преку сурогатство произлегува од желбата да ги одврати своите државјани да користат надвор од националната територија метода на прокреација која таа ја забранува на својата територија со цел, според нејзината перцепција на проблемот, да се заштитат децата и сурогат мајката. Оттука спорното мешање имало две легитимни цели, имено, „заштитата на здравјето“ и „заштитата на правата и слободи на другите“.
Во Европа нема консензус ниту за законитоста на сурогат мајчинството ниту пак за правното признавање на врската на филијација меѓу родителите преку сурогатство и децата законски родени на тој начин во странство. Ова непостоење на консензус го одразува фактот дека прибегнувањето кон сурогат мајчинството покренува чуствителни етички прашања. Затоа државите треба да имаат широк простор за слободна проценка во врска со прашањата поврзани со сурогат мајчинството. Овој простор за слободна проценка треба сепак да биде ограничен штом станува збор за филијација, затоа што тоа вклучува клучен аспект од идентитетот на поединците. Од друга страна, Судот е должен да испита дали била зачувана рамнотежа меѓу интересите на државата и оние на лицата кои се директно засегнати, особено со оглед на основниот принцип според кој, секогаш кога ситуацијата на дете е во прашање, неговиот најдобар интерес мора да надвладее.
а) Што се однесува на правото на жалителите на почитување на нивниот семеен живот - Недостатокот на признавање во францускиот закон на врската на филијација меѓу жалителите влијае на нивниот семеен живот на различни нивоа. Жалителите се приморани да ги покажуваат американските изводи - кои не се транскрибирани - придружени со заверен превод секој пат кога пристапот до некое право или услуга бара нужно доказ за филијацијата. Понатаму, на децата жалители се до денес не им е признато француското државјанство, а тоа има последици врз патувањата на семејството и предизвикува загриженост во врска со правото на престој на децата жалители во Франција по нивното полнолетство и оттука врз стабилноста на семејната единица. На ова се надоврзува загриженост што се однесува до продолжувањето на семејниот живот во случај на смрт на жалителот генетски татко или на разделба на парот.
Меѓутоа, без оглед на важноста на потенцијалните ризици кои се закануваат на семејниот живот на жалителите, Судот смета дека мора да се одлучи во поглед на практичните пречки што тие ефективно морале да ги надминат со оглед на непризнавањето во францускиот закон на врската на филијација меѓу жалителите генетски татковци и децата жалителки. Меѓутоа, жалителите не тврдат дека тешкотиите кои ги наведуваат биле несовладливи и не покажуваат дека неможноста да добијат признавање во францускиот закон на врската на филијација ги спречува да го уживаат во Франција нивното право на почитување на семејниот живот. Во однос на ова, тие биле во можност да се етаблираат во Франција набрзо по раѓањето на децата жалителки, можат да живеат заедно во услови кои во голема мерка се споредливи со условите во кои живеат други семејства и не постои причина да се верува дека постои ризик властите да одлучат да ги разделат заради нивната ситуација во поглед на францускиот закон.
Освен тоа за да ги отфрли жалбените основи што жалителките ги развивале повикувајќи се на Конвенцијата, Касациониот суд не пропуштил да направи конкретно испитување на ситуацијата, бидејќи, судиите оцениле, имплицитно, но нужно, дека практичните тешкотии со коишто жалителките можеле да се сретнат во нивниот семеен живот во отсуство на признавање во францускиот закон на правната врска меѓу нив утврдена во странство не ги надминувале ограничувањата што ги наметнува почитувањето на членот 8 од Конвенцијата.
Оттука, со оглед, од една страна, на практичните последици од непризнавањето во францускиот закон на врската на филијација помеѓу жалителите врз нивниот семеен живот, и, од друга страна, на просторот за слободна проценка со кој располага тужената држава, ситуацијата до која води заклучокот на Касациониот суд во овој случај обезбедува правична рамнотежа помеѓу интересите на жалителите и оние на државата, што се однесува до нивното право на почитување на семејниот живот.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
б) Што се однесува до правото на децата жалителки на почитување на нивниот приватен живот – Франција, знаејќи дека децата жалителки биле идентификувани во друга земја како деца на жалителите родители преку сурогатство, сепак им го порекнува ова својство во својот правен систем. Ваква противречност претставува повреда на нивниот идентитет во рамките на француското општество. Од друга страна, иако членот 8 од Конвенцијата не гарантира право на добивање специфично државјанство, сепак останува фактот дека државјанството е елемент на идентитетот на лицата. Меѓутоа, иако нивниот биолошки татко е Француз, децата жалителки се соочуваат со вознемирувачка неизвесност што се однесува на можноста да им биде признаено француското државјанство. Ваква неизвесност може да влијае негативно на дефинирањето на нивниот сопствен идентитет. Освен тоа, за децата, тоа што не се идентификувани од страна на францускиот закон како деца на жалителите родители преку сурогатство, им влијае на правата на наследување на истите.
Разбирливо е Франција можеби да сака да ги обесхрабри своите граѓани да користат во странство метода на репродукција која таа ја забранува на својата територија. Сепак, произлегува од претходно наведеното дека правните последици од непризнавањето во францускиот закон на врската на филијација помеѓу децата и родителите преку сурогатство не се ограничуваат на ситуацијата на вториве, кои самите ги избрале модалитетите на репродукција заради што француските власти ги обвинуваат: тие исто така се однесуваат на самите деца, чие право на почитување на приватниот живот, кое го вклучува тоа дека секој треба да може да ја утврди суштината на својот идентитет, вклучувајќи ја и филијацијата, е значително нарушено. Се поставува значи сериозно прашање за компатибилност на оваа ситуација со најдобриот интерес на децата, чие почитување треба да ги предводи сите одлуки што засегаат нив.
Оваа анализа станува особено значајно кога, како во овој случај, еден од родителите преку сурогатство е, исто така, биолошки родител на детето. Со оглед на важноста на биолошката филијација како елемент на идентитетот на секој човек, не може да се тврди дека е во интерес на детето тоа да биде лишено од законска врска од ваков вид кога биолошката реалност на оваа врска е утврдена и кога детето и засегнатиот родител бараат нејзино целосно признавање. Меѓутоа, не само што врската помеѓу децата жалителки и нивниот биолошки татко не била признаена при поднесувањето на барањето за транскрипција на изводите од матичната книга на родени, туку и нејзиното формална потврда со помош на признавање на татковство или на усвојување или пак со де факто уживањето на статус на граѓанин ќе се соочело со прохибитивната судска пракса утврдена исто така во однос на овие прашања од страна на Касациониот суд. Eвропскиот суд смета, со оглед на последиците од ова сериозно ограничување на идентитетот и правото на почитување на приватниот живот на децата жалителки, дека оневозможувајќи ги така како признавањето така и утврдувањето во домашниот закон на нивната врска на филијација во однос на нивниот биолошки татко, тужената држава отишла подалеку од она што и го дозволувал просторот за слободна проценка. Со оглед, исто така, на тежината која треба да му се даде на интересот на детето кога се вагаат засегнатите интереси, правото на децата жалителки на почитување на нивниот приватен живот било повредено..
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41 : 5 000 ЕУР на секое дете жалител за нематеријална штета.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy