© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 177
Август-септември 2014
Мокану и други протива Романија [ГСС] - 45886/07, 32431/08 и 10865/09
Пресуда 17.9.2014 [ГСС]
Член 2
Член 2-1
Делотворна истрага
Отсуство на истрага за смртта на маж во текот на демонстрациите во јуни 1990 г. против романскиот режим: повреда.
Член 3
Делотворна истрага
Отсуство на истрага за апсењето и малтретирањето на маж во текот на демонстрациите во јуни 1990 г. против романскиот режим: повреда.
Член 35
Член 35-1
Период од шест месеци
Неактивност на жалителот кому му требале единаесет години за да поднесе жалба до домашните власти: прелиминарниот приговор бил отфрлен
Член 35-3
Ratione temporis
Поминале четири години од релевантниот настан и стапувањето на сила на Конвенцијата во однос на Романија: прелиминарниот приговор бил отфрлен
Факти – Во јуни 1990 г. Романската влада презела активности за да стави крај на окупацијата на Универзитетскиот плоштад од страна на демонстранти која траела неколку недели, а кои протестирале против режимот кој тогаш бил на власт. На 13 јуни 1990 г. безбедносните сили интервенирале и уапсиле бројни демонстранти; како последица на ова дошло до проширување на демонстрациите. Иако војската била испратена во најчувствителните области, истрели биле испукани од внатрешноста на Министерството за внатрешни работи, кое било опколено од демонстранти, со кои бил погоден г-динот Мокану, сопругот на првата жалителка, и тоа во глава што резултирало со негова смрт. Во текот на вечерта г-динот Стоика (вториот жалител) и некои од другите луѓе биле уапсени и малтретирани од вооружени полициски службеници и мажи во цивилна облека во седиштето на државната телевизија. Кривичната истрага околу задушувањето на немирите започнала во 1990 г. со многу голем број на поединечни досиеја, кои последователно биле споени и предадени на военото обвинителство во 1997 г.
На 18 јуни 2001 г., повеќе од единаесет години по настаните на кои се однесуваат жалбите, вториот жалител поднел кривична жалба до обвинител од воениот оддел на обвинителството при Врховниот суд за правда. Истрагата што била покрената за малтретирањето што го претрпел г-динот Стоика на 13 јуни 1990 г. била затворена со одлука да не се поднесе обвинение, со датум од 17 јуни 2009 г. и истата била потврдена со пресудата на Високиот суд за касација и правда на 9 март 2011 г.
Кривичната постапка во врска со незаконското убиство на сопругот на првиот жалител сè уште била во тек во времето кога била усвоена пресудата на Европскиот суд.
Со пресуда од 13 ноември 2012 г. (види Информативна белешка 157), Судскиот совет на Судот едногласно одлучи дека имало повреда на процедуралниот аспект на членот 2 од Конвенцијата во однос на првиот жалител и со пет гласа наспроти два дека немало повреда на процедуралниот аспект на членот 3 во однос на вториот жалител.
Право - Член 35 § 3: Тужената Влада не поднесе никаков поднесок до Големиот судски совет за тоа дека Судот немал јурисдикција ratione temporis. Меѓутоа, тие се изјаснија дека Судот можел да ги испита жалбите изнесени пред него само ако се однесуваат на периодот после 20 јуни 1994 г., датумот на кој Конвенцијата стапила на сила во однос на Романија.
Судскиот совет прогласи дека имал јурисдикција ratione temporis да ги провери тврдењата за процедурална повреда на членовите 2 и 3 од Конвенцијата, отфрлајќи го приговорот кој беше покренат од страна на Владата во врска со ова, а во однос само на жалбата на вториот жалител.
Големиот судски совет повтори дека жалбите во однос на процедуралниот аспект на членовите 2 и 3 од Конвенцијата се однесуваат на истрагата на вооружената репресија спроведена на 13 и 14 јуни 1990 г. против анти-владините демонстрации, и дека оваа репресија го чинела животот на сопругот на првата жалителка и го повредила физичкиот интегритет на вториот жалител.
Истрагата започнала во 1990 г., набрзо после тие настани, како резултат на што, меѓу другото, биле иницирани истражни мерки чија првична цел била да се идентификуваат жртвите кои биле убиени од истрели од огнено оружје, вклучително и сопругот на првата жалителка.
На 20 јуни 1994 г. имало поминато четири години од посочените настани и стапувањето на сила на Конвенцијата во однос на Романија. Изминатото време е релативно кратко. Тоа било помалку од десет години и помалку од временскиот период што бил разгледуван во слични случаи од страна на Судот*. Исто така, повеќето процедури и повеќето важни процедурални мерки биле спроведени после критичниот датум.
Последователно, Судот одлучи дека има јурисдикција ratione temporis да ги разгледа жалбите поднесени од првиот и вториот жалител во однос на процедуралниот аспект на членовите 2 и 3 од Конвенцијата, што се однесува до жалбите поврзани со кривичната истрага спроведена во актуелниот случај после стапувањето на сила на Конвенцијата за Романија на 20 јуни 1994 г.
Член 35 § 1: Судскиот совет сметаше дека приговорот – со кој се тврдеше дека вториот жалител ја поднел својата кривична жалба до релевантните власти со задоцнување – требал да се приклучи кон проверката на основаноста на жалбата со која се тврдело дека имало повреда на процедуралниот аспект на член 3 од Конвенцијата, и жалбата ја прогласи за допуштена.
Големиот судски совет сметаше дека обврската за ревност на вториот жалител била тесно поврзано со бавноста во поднесувањето на кривична жалба во рамките на домашниот правен систем. Земени заедно овие аргументи можат да се сметаат како приговор со кој се тврди дека не бил почитуван рокот од шест месеци согласно членот 35 § 1 од Конвенцијата.
Ранливоста на жалителот и неговото чувство на немоќ, кое го делел со бројни други жртви кои, како и тој, чекале многу години пред да поднесат жалба, било веројатно и прифатливо објаснување за неговата неактивност од 1990 до 2001 г. Оттука жалителот не пропуштил да ја исполни својата обврска за ревност во однос на ова прашање.
Исто така неколку елементи укажувале дека властите знаеле или можеле да откријат без никакви реални тешкотии барем некои од имињата на жртвите на злоупотребите извршени на 12 јуни 1990 и во текот на ноќта што следела. Во такви околности не може да се заклучи дека одолговлекувањето од страна на вториот жалител во однос на поднесувањето на неговата жалба можело да ја поткопа делотворноста на истрагата. Во секој случај жалбата на жалителот била додадена кон досието на истрагата кое се однесувало на голем број на жртви на настаните од 13 и 15 јуни 1990 г., а одлуката од 29 април 2008 г. на воениот оддел на Обвинителството ги вклучувала имињата на повеќе од илјада жртви. Оттука, истрагата била спроведена во целосно вонредни околности.
Понатаму од 2001 г. натаму постоел значаен контакт меѓу вториот жалител и властите во однос на жалбата на жалителот и неговите барања за информации кои тој ги поднесувал годишно така што одел лично во обвинителството за да се распраша за напредокот во истрагата. Понатаму имало опипливи показатели дека истрагата напредувала.
Имајќи го во предвид развојот на настаните во текот на истрагата што следеле до 2001 г., нејзиниот опсег и сложеност, жалителот откако ја поднел својата жалба до домашните власти легитимно можел да смета дека истрагата била делотворна и дека разумно можел да го очекува нејзиниот исход сè додека постоела реална можност истражните мерки да напредуваат.
Вториот жалител ја поднел својата жалба до Судот на 25 јуни 2008 г., повеќе од седум години откако ја поднел својата жалба кај обвинителството. Истрагата сè уште не била завршена во тоа време и сè уште се преземале истражни чекори. Заради горепосочените причини, кои и понатаму важеле, барем до времето кога жалителот ја поднел својата жалба пред Судот, тој не можел да биде критикуван за тоа што чекал премногу долго. Исто така правосилна домашна одлука во случајот на жалителот била пресудата од 9 март 2011 г. Оттука жалбата не била поднесена ненавремено.
Заклучок: прелиминарниот приговор се отфрла (четиринаесет гласа наспроти три).
Член 2 и член 3 (процедурален аспект): Кривична истрага била отворена по предлог на самите власти набрзо после настаните во јуни 1990 г. Таа истрага, која од самиот почеток се однесувала на смртта на сопругот на првата жалителка и на други лица предизвикани од истрели од огнено оружје и понатаму не била затворена за случајот на првата жалителка. Делот од истрагата што се однесувал на вториот жалител и на 37 високи цивилни и воени функционери бил затворен со пресудата усвоена на 9 март 2011 г. од страна на Високиот суд за касација и правда.
Јурисдикцијата ratione temporis на Судот му дозволува да земе во предвид само дел од истрагата што се одвивала после 20 јуни 1994 г., датумот на кој стапила на сила Конвенцијата во однос на Романија.
Што се однесува до прашањето на независност, истрагата била доверена на воени обвинители, кои како и обвинетите биле офицери кои биле дел од воената хиерархија, наод којшто во некои претходни случаи против Романија веќе го навел Судот да заклучи дека имало повреда на процедуралниот аспект на членовите 2 и 3 од Конвенцијата.
Што се однесува до експедитивноста и адекватноста на истрагата, истрагата во однос на првата жалителка чекала повеќе од 23 години и повеќе од 19 години од ратификацијата на Конвенцијата од страна на Романија. Во однос на вториот жалител, истрагата била прекината со пресуда усвоена на 9 март 2011 г., 21 година по нејзиното отворање и 10 години по официјалното поднесување на жалбата од страна на вториот жалител и неговото приклучување кон истражното досие. Иако прифаќа дека случајот бил несомнено сложен, Судот смета дека политичкиот и општествениот влог на кои упатила Владата не можеле да оправдаат толку долг временски период. Напротив, важноста на тие влогови за романското општество требале да ги наведат властите да се справат со случајот брзо и без одлагање со цел да се избегнат секакви изгледи дека имало некаква завера или дека толерирале незаконски дејствија.
И сепак имало подолги периоди на неактивност во текот на истрагата во однос на првата жалителка. Исто така, и самите национални власти откриле бројни недостатоци во истрагата.
Понатаму, истрагата за насилството извршено врз вториот жалител била прекината со одлука од 17 јуни 2009 г. да не се покрене обвинение, која била потврдена со пресудата од 9 март 2011 г., односно 10 години по поднесувањето на жалбата. Меѓутоа и покрај долгото време што поминало и истражните дејствија што биле спроведени во однос на вториот жалител, ниедна од тие одлуки не успеала да ги утврди околностите на малтретирањето за кое жалителот и други лица тврделе дека ги претрпеле во седиштето на државната телевизија. Овој дел од истрагата бил прекинат во суштина на сметка на застарувањето на кривичната одговорност. Меѓутоа, процедуралните обврски што произлегле согласно членовите 2 и 3 од Конвенцијата тешко дека можат да се сметаат дека биле исполнети кога истрагата била прекината, што се однесува до актуелниот случај, преку застарување на кривичната одговорност заради неактивност на властите.
Се чини дека властите одговорни за истрагата во овој случај не ги презеле сите мерки за кои разумно можело да се очекува да доведат до идентификација и казнување на оние што биле одговорни.
Што се однесува до обврската за вклучување на роднините на жртвите во постапките, првата жалителка не била информирана за напредокот во истрагата пред одлуката од 18 мај 2000 г. за судење на лицата обвинети за убиството на нејзиниот сопруг. Исто така таа за првпат била испрашана од страна на обвинителот на 14 февруари 2007 г., речиси 17 години после настаните, а после пресудата на Високиот суд за касација и правда од 17 декември 2007 г., таа повеќе не била информирана за одвивањето на истрагата. Судот оттука не бил убеден дека нејзините интереси да земе учество во истрагата биле доволно заштитени.
Во контекст на претходно кажаното, Судот смета дека првата жалителка немала корист од делотворна истрага како што се бара од членот 2 од Конвенцијата, и дека вториот жалител исто така бил лишен од делотворна истрага согласно барањата на членот 3.
Заклучоци: повреда на членот 2 – процедуралниот аспект (шеснаесет гласа наспроти еден); повреда на членот 3 – процедурален аспект (четиринаесет гласа наспроти три)
Член 41: 30.000 евра за првата жалителка и 15.000 евра за вториот жалител за нематеријална штета.
Судот исто така заклучил едногласно, дека имало повреда на членот 6 § 1 во однос на третиот жалител, Здружението „21 декември 1989“, здружение кое ги обединувало лицата кои биле повредени за време на насилното задушување на анти-владините демонстрации кои се случиле во декември 1989 г. и роднините на лицата кои умреле за време на тие настани утврдувајќи дека времетраењето на оспорените постапки било претерано.
(Исто така види Janowiec and Others v. Russia [GC], 55508/07 and 29520/09, 21 October 2013, Информативна белешка 167)
* Меѓу другите случаи Şandru and Others v. Romania, 22465/03, 8 December 2009, Информативна белешка 125.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy