© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 137
јануари 2011
M.S.S. против Белгија и Грција - 30696/09
Пресуда 21.1.2011 [Голем совет]
Член 3
Понижувачко постапување
Протерување
Условите на притвор и живечка на барател на азил протеран согласно Даблинската регултива: повреда
Член 13
Делотворен правен лек
Слабостите во постапката за азил во Грција и ризикот од протерување без никакво сериозно испитување на издржаноста на барањето за азил или пристапот кон делотворен правен лек: повреда
Факти – Апликантот, државјанин на Авганистан, влегол во Европската Унија преку Грција. Во февруари 2009 пристигнал во Белгија, каде побарал азил. Согласно Даблинската регулатива, Службата за странци побарала од грчките власти да ја преземат одговорноста за апликацијата за азил. Кон крајот на мај 2009 Службата за странци му наредила на апликантот од земјата да си замине за Грција. Апликантот поднел барање под екстремно итна постапка да се запре извршувањето на таа наредба, но неговата апликација била одбиена. На 4 јуни 2009 грчките власти испратиле стандарден документ со кој потврдиле дека е нивна одговорност да го испитаат барањето за азил и кажале дека апликантот ќе може да побара азил по пристигањето во земјата. Тој бил испратен назад во Грција на 15 јуни 2009. По пристигањето таму, веднаш бил ставен во притвор во траење од четири дена, во зграда до аеродромот, каде условите за притвор била наводно ужасни. На 18 јуни 2009 тој бил ослободен и му била издадена легитимација на барател на азил и известување да се пријави во седиштето на полицијата, за да ја регистрира адресата каде може да му се праќаат вести за апликацијата за азил. Апликантот не се пријавил во полициска станица. Бидејќи немал средства за издршка, живеел на улица. Подоцна, кога се обидувал да замине од Грција, бил уапсен и ставен во притвор во зградата до аеродромот, каде наводно го тепала полицијата. По ослободувањето, и натаму живеел на улица. Кога неговата легитимација на барател на азил била обновена во декември 2009, биле преземени мерки да му се најде сместување, но се чини без успех.
Право – Член 3
(a) Услови за притвор во Грција – Тешкотиите предизвикани од растечкиот број мигранти и баратели на азил од државите околу надворешните граници на Европската Унија не ги ослободуваат државите од нивните обврски во смисла на Член 3. Согласно нивната согласност од 4 јуни 2009 да водат грижа за апликантот, грчките власти биле запознаени со идентитетот на апликантот и неговиот статус како потенцијален барател на азил. И поракј тоа, тој бил веднаш сместен во притвор без објаснување, широко распространета пракса, според разни извештаи подготвени од меѓународни и невладини организации. Во притворот тој страдал од лошите притворски услови, како и од бруталност и навреди од страна на полициските офицери во притворскиот центар, иако веќе било заклучено дека таквите услови претставуваат понижувачко постапување, зашто жртвите биле баратели на азил. Иако биле куси, периодите што апликантот ги поминал во притвор не може да се сметаат за безначајни. Земени заедно, чувството на арбитрарност и чувството на инфериорност и анксиозност често поврзани со нив, како и длабокиот ефект што ваквите притворски услови несомнено го имаат врз достоинството на човекот, претставуваат понижувачко постапување. Покрај ова, стресот на апликантот бил потенциран со ранливоста инхерентна на неговата состојба како барател на азил.
Заклучок: повреда (едногласно).
(b) Услови на живот во Грција – И покрај обврските што грчките власти ги имаат согласно сопственото законодавство и Директивата за прием на Европската Унија, апликантот живеел со месеци во целосна сиромаштија, без храна и место каде би живеел или би се миел. Тој, исто така, живеел во постојан страв од напад и ограбување, без изгледи дека неговата ситуација ќе се подобри. Ова објаснило зошто тој повеќе пати се обидел да си замине од Грција. Неговото сведоштво за неговите животни услови било поткрепено со извештаите на различни меѓународни организации и тела. Во ниеден момент апликантот не бил соодветно информиран за можностите за сместување кои му биле достапни. Властите не може да не биле запознаени дека апликантот бил бездомник и дека не можеле да очекуваат тој да преземе иницијатива да се пријави во седиштето на полицијата за да се задоволат неговите основни потреби. Таквата состојба траела од неговиот трансфер во јуни 2009, иако властите можеле значително да ги скусат неговите страдања со итното испитување на неговото барање за азил. Оттука, тие пропуштиле соодветно да ја земат предвид ранливоста на апликантот како барател на азил и мора да се земат на одговорност – поради нивното непостапување и поради пропуштањето да го обработат неговото барање за азил – за условите што тој морал да ги издржи неколку месеци. Животните услови на апликантот, придружени со продолжената неизвесност во која тој живеел и целосното отсуство на изгледи ситуацијата да му се подобри, го достигнале минималното ниво на суровост барано од Член 3 од Конвенцијата.
Заклучок: повреда (шеснаесет гласа наспрема еден).
(c) Трансферот на апликантот од Белгија во Грција – Имајќи предвид дека, додека барањето за азил на апликантот било се’ уште отворено, сите извештаи подготвени од меѓународни организации и тела даваа сличен приказ на практичните тешкотии што ги предизвикува примената на Даблинскиот систем во Грција, а Високиот комесар на Обединетите нации ја предупреди белгиската Влада за тамошната ситуација, властите во Белгија мора да биле запознаени со тешкотиите во постапката за азил во Грција кога ја издале наредбата за протерување против апликантот, па не можело од него да се очекува да го носи целиот товар на докажување во врска со ризиците со кои се соочувал со тоа што бил изложен на таа постапка. Белгија првично наредила протерување исклучиво врз основа на премолчана согласност на грчките власти, па продолжила да ја спроведува мерката без грчките власти да имаат дадено никакви лични гаранции, иако лесно можеле да го одбијат трансферот. Белгиските власти не требало едноставно да претпостават дека апликантот ќе биде третиран согласно стандардите од Конвенцијата; тие требало да верификуваат како грчките власти го применуваат своето законодавство за азил во пракса; но тие тоа не го сториле.
Заклучок: повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
(d) Одлуката на белгиските власти да го изложат апликантот на условите на притвор и услови за живот што преовладувале во Грција – Судот веќе утврди дека условите за притвор и за живот во Грција се понижувачки. Односните услови се добро документирани и лесно можеле да се проверат од бројни извори пред трансферот на апликантот. Кога тоа е така, со испраќање на апликантот во Грција, белгиските власти свесно го изложиле на услови на притвор и живот што се рамни на понижувачко постапување.
Заклучок: повреда (петнаесет наспрема два гласа).
Член 13 во врска со Член 3
(a) Во однос на Грција – Состојбата во Авганистан претставува широко распространет безбедносен проблем, а апликантот бил особено изложен на одмазда од антивладините сили зашто работел како преведувач за персоналот на воздухопловните сили стационирани таму.
Рокот од три дена даден на апликантот да се пријави во седиштето на полицијата бил премногу кус, земајќи предвид колку тешко било да добие пристап до зградата. Исто така, како и многу други баратели на азил, апликантот верувал дека единствена цел на таа формалност е да ја пријави својата адреса во Грција, што не можел да го стори зашто бил бездомник. Никаде во документот за известување не било споменато дека тој можел да пријави дека нема постојан кров над главата, за известувањата да може да му се испраќаат на друг начин. Одговорност на грчката влада е да најде сигурен начин за комуникација со апликантот, за тој да може делотворно да ја следи процедурата.
Понатаму, властите се’ уште го немале испитано барањето за азил на апликантот. Исто така, тие немале преземено никакви чекори да комуницираат со него, ниту донеле одлука во врска со него. Тие го лишиле од секаква реална и соодветна можност да го изложи својот случај. Исто така, причина за извесна загриженост е и тоа што постоел реален ризик апликантот да се врати во Авганистан без да биде донесена никаква одлука во врска со издржаноста на неговиот предмет, имајќи предвид дека веќе двапати за малку избегнал протерување.
Во врска со можноста апликантот да се обрати до грчкиот Врховен управен суд за судска ревизија на потенцијалното одбивање на неговото барање за азил, властите не презеле никакви чекори да комуницираат со него. Тоа, придружено со лошото функционирање на постапката за известувања во врска со лицата без позната адреса причини да е мошне неизвесно дали тој ќе дознае за исходот на своето барање за азил на време да реагира во рамки на пропишаниот временски рок. Покрај ова, иако апликантот очигледно не можел да си дозволи адвокат, тој не добил никакви информации за достапноста на совети преку аранжманот за бесплатна правна помош, којшто, пак, во пракса и самиот станал неделотворен поради недостигот на адвокати на листата. На крајот, жалбите до Врховниот управен суд генерално траеле толку долго то не биле коректив за немањето гаранции дека барањата за азил ќе бидат разгледани во однос на нивата основаност и издржаност.
Оттука, дошло до повреда на Член 13 во врска со Член 3 поради слабостите во испитувањето од страна на грчките власти на барањето за азил поднесено од апликантот и ризикот со којшто тој се соочувал, да биде директно или индиректно вратен во матичната земја без никаво сериозно испитување на основаноста и издржаноста на неговото барање и без да има пристап до никаков делотворен правен лек.
Заклучок: повреда (едногласно).
(b) Во однос на Белгија – СУдот смета дека екстремно итната процедура не ги задоволува барањата на прецедентното право на Судот, каде секоја жалба дека дека протерувањето во друга земја би го изложила лицето на постапување забрането со Член 3 мора да се испита детално и ригорозно, а компетентно тело мора да е во можност да ја испита суштината на жалбата и да овозможи соодветен коректив. Бидејќи испитувањето од страна на Одборот за жалби на странци било главно ограничено да тоа дали односното лице понудило конкретен доказ на непоправливата штета што би можела да резултира од наводното потенцијално кршење на Член 3, жалбата на апликантот не би имала никаква шанса за успех.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 46: Без прејудицирање на општите мерки потребни да се спречат слични повреди во иднина, Грција треба без одлагање да пристапи кон испитување на основаноста и издржаноста на барањето за азил на апликантот, согласно барањата на Конвенцијата и, во очекување на исходот од тоа испитување, да се воздржи од депортирање на апликантот.
Член 41: Грција и Белгија треба на апликантот да му исплатат EUR 1,000 односно EUR 24,900 како надомест за непарична штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy