ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Жалба бр.53565/13) ПРЕСУДА СТРАЗБУР 16 април 2015 Оваа пресуда ќе стане конечна под околностите поместени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА Во случајот на Митови против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (Прв оддел) заседавајќи во совет составен од: Elisabeth Steiner, претседател, Khanlar Hajiyev, Mirjana Lazarova Trajkovska, Julia Laffranque, Paulo Pinto de Albuquerque, Linos-Alexandre Sicilianos Erik Møse, судии, и Søren Nielsen, секретар на Одделот, Заседавајќи на затворена седница на 24 март 2015, Ја донесе следната пресуда, која беше усвоена на тој датум: ПОСТАПКА 1. Случајот започна со жалба (бр.53565/13) против Република Македонија поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата“) од страна на три лица, г-дин Марјан Митов (“првиот жалител“), г-ѓа Цвета Митова (“вториот жалител“) и г-дин Денчо Митов (“третиот жалител“) на 20 август 2013. Вториот и третиот жалител му се родители на првиот жалител. Сите тројца имаат македонско и бугарско државјанство. 2. Жалителите беа застапувани од г-ѓа Н. Најденова Левиќ, адвокат од Скопје. Македонската Влада (“Владата“) беше застапувана од страна на нејзиниот агент, г-дин К.Богданов. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 3. Жалителите се жалеа според член 6, 8 и 13 од Конвенцијата дека биле лишени од правото да контактираат со М.М (ќерка на првиот жалител), и покрај решенијата донесени од страна на Центарот за социјални работи (“Центарот”). 4. На 4 ноември 2013 година овие жалбени наводи беа доставени до Владата, а остатокот од жалбата беше прогласен за недопуштен. Исто така, беше одлучено да се примени Правилото 41 од Деловникот на Судот и на жалбата да ù се даде приоритет. 5. На 19 август 2014 година бугарската Влада го извести Судот дека не сака да ги користи своите права согласно член 36 став 1 од Конвенцијата и да се вмеша во постапките. ФАКТИ I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ 6. Жалителите се родени во 1972, 1949 и 1950 година, соодветно. Првиот жалител живее во Сиднеј, Австралија а вториот и третиот жалител живеат во Скопје. A. Првиот жалител 7. На 19 септември 2008 година првиот жалител се оженил со г-ѓа Ј.С.М. во Скопје. Тие заминале за Австралија каде на 30 август 2010 година г-ѓа Ј.С.М ја родила нивната ќерка М.М. Односите помеѓу првиот жалител и г-ѓа Ј.С.М. се нарушиле, и на непознат датум во 2011 година г-ѓа Ј.С.М. и првиот жалител се вратиле во тужената Држава. Во ноември 2011 година првиот МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА жалител земал 11 месеци неплатен одмор од работата во Австралија и заминал за тужената Држава за да помине време со својата ќерка. 8. На 10 октомври 2011 година г-ѓа Ј.С.М повела граѓанска постапка пред првостепениот суд во Скопје (“првостепениот суд”) барајќи развод на нејзиниот брак со првиот жалител. 9. На 13 октомври 2011 година, на барање на првостепениот суд, Центарот иницирал постапка за уредување на родителските права на првиот жалител и г-ѓа Ј.С.М. 10. На 6 декември 2011 година првиот жалител побарал Центарот да ги утврди неговите права во поглед на контактите со неговата ќерка. На 3 јануари 2012 година Центарот ù доделил привремено старателство врз детето на г-ѓа Ј.С.М. и ги утврдил правата за контакт на првиот жалител со својата ќерка М.М (еден час двапати во месецот во Центарот под надзор на стручни лица). Тој ù наредил на г-ѓа Ј.С.М да го носи детето во Центарот. Во одлуката понатаму било наведено дека истата е валидна сè до завршувањето на граѓанската постапка за развод на бракот. Понатаму во одлуката стоело дека жалбата не го одложува извршувањето на таквото решение. На 8 април 2012 година Министерството за труд и социјална политика (“Министерството”) ја укинало одлуката и му наредило на Центарот да ги преиспита фактите на случајот, и да ги земе во предвид интересите на детето. Пред овој датум првиот жалител ја видел својата ќерка во еден наврат (на 13 јануари 2012 година). МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 11. На 16 мај 2012 година првостепениот суд го развел бракот помеѓу првиот жалител и г-ѓа Ј.С.М. Старателството врз детето ù го доделил на мајката, а првиот жалител го задолжил да плаќа алиментација и утврдил дека тој ќе има непречени контакти со детето согласно одлука на Центарот. Оваа одлука станала конечна на 25 декември 2012 година. 12. Во меѓувреме, на 10 мај 2012 година првиот жалител доставил ново барање до Центарот за видување со својата ќерка М.М. На 4 јули 2012 година Центарот утврдил дека првиот жалител ќе остварува контакти со својата ќерка 4 пати во месецот во времето утврдено со одлуката. Тој не предвидел повеќе видување под надзор на Центарот и ù наредил на поранешната жена да го почитува ваквото решение. И во ова решение било наведено дека жалбата не го одлага извршувањето на истото. На 1 октомври 2012 година Министерството ја одбило жалбата доставена од страна на г-ѓа Ј.С.М. 13. На 8 октомври 2012 година првиот жалител го известил Центарот дека се враќа во Австралија. На 22 октомври 2012 година Центарот го ставил вон сила своето решение од 4 јули 2012 година и, меѓу другото, утврдил дека: “[Првиот жалител], и покрај одлуката (од 4 јули 2012 година) не го видел своето малолетно дете во ниту една од закажаните средби наведени во одлуката од 4 јули 2012 година”. 14. Оваа одлука била доставена до првиот жалител на 29 октомври 2012 година. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 15. Во април 2013 година жалителот го известил Центарот дека ќе престојува во тужената држава во периодот од 16 мај до 2 септември 2013 година. Во таа насока, на 23 април 2013 година тој побарал од Центарот да ги регулира неговите видувања со својата ќерка во тој период, како што и Центарот постапил со решението од 7 јуни 2013 година: утврдил дека првиот жалител ќе го оствари својот контакт со М.М. двапати во месецот во траење од 8 часа без надзор од Центарот. Исто така ги регулирал нивните видувања во работните денови и за роденденот на детето. Според првиот жалител, тој ја имал видено М.М само еднаш, на кратко, во просториите на Центарот во присуство на стручно лице. 16. Првиот жалител испратил допис до Министерството на 3 јули 2013 година, барајќи асистенција од полицијата за извршување на решенијата на Центарот. 17. На 8 јули 2013 година првиот жалител побарал Центарот да преземе нешто во врска со извршувањето на решението. Тој исто така барал, согласно член 87(4) и (6) од Законот за семејство (види точка 35 подолу), привремено старателство врз детето, имајќи го во предвид долгиот период во кој тој немал никакви контакти со неа. Со допис од 11 јули 2013 година адресиран до Центарот првиот жалител се пожалил дека не ја видел својата ќерка 2 години, и барал од Центарот одговорност во поглед на извршувањето на решенијата за видување. 18. Со допис од 27 август 2013 година, Центарот го известил првиот жалител дека согласно член 277(2) од Законот за управна постапка (види точка 42 подолу), Министерството за правда било надлежно за извршување на неговите решенија на МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА барање на Центарот или на засегнатата странка. Според првиот жалител, од Министерството за правда го известиле дека тоа нема надлежност врз извршување на решенијата на Центарот. Владата на го оспори овој навод. 19. На 2 септември 2013 година првиот жалител заминал за Австралија. 20. Со допис од 6 септември 2013 година, Центарот го известил за следново: “[Извршувањето на решението од 7 јуни 2013 година] е целосно попречено од страна на мајката на детето г-ѓа Ј.С.М., и ниту еден од закажаните состаноци не се одржале до сега... Малолетното дете е целосно лишено од страна на мајката од присуството на таткото во неговиот живот. Како резултат на тоа непоправлива штета е направена врз нејзиниот психолошки, емотивен и социјален развој.... [одлуката од 7 јуни 2013 година] целосно е попречувана од страна на г-ѓа Ј.С.М., која во присуство на вработени во Центарот и полицијата, изјавила дека нема да го почитува тоа решение....” 21. На 20 септември 2013 година Центарот го отфрлил барањето на жалителот од 8 јули 2013 година за добивање на привремено старателство врз детето (види точка 17 погоре), наведувајќи дека: “.... тим од експерти одлучиле дека таквото барање не е во интерес на малолетното дете, бидејќи може да се одрази врз развојот на малата М.М. .... Експертскиот тим ја имал во предвид возраста на малолетната М.М. и ризикот за стрес и траума ако се оддели од средината во која растела, што може МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА да има влијание врз нејзиниот психо-социјален и емоционален развој.” 22. Првиот жалител поднел жалба против ваквата одлука, наведувајќи дека самиот Центар утврдил дека долгиот период во кој не се остварува контакт помеѓу него и М.М. причинува “непоправлива штета” врз нејзиниот развој (види точка 20 погоре) и поради тоа неговото барање треба да се уважи. На 10 февруари 2014 година Министерството ја одбило неговата жалба и ја потврдило одлуката на Центарот. Првиот жалител не навел дали поднел тужба на ваквата одлука пред Управниот суд, кој бил надлежен да постапува по вакви предмети. 23. Со поднесоци од 9 април 2014 година првиот жалител го информирал Центарот дека ќе пристигне во тужената држава во мај 2014 година. Тој побарал од Центарот да ги уреди неговите права на видувања со М.М. 24. На 15 мај 2014 година Центарот ги уредил правата на жалителот на видување со неговата ќерка. Тој утврдил 5 видувања со девојчето од по еден час под надзор во просториите на Центарот. Решението се однесувало на мај и јули 2014 година. Првиот жалител го обжалил таквото решение, кое било потврдено од страна на Министерството на 25 јули 2014 година. Во меѓувреме, Центарот го одбил неговото ново барање за почести контакти со М.М. 25. На 1 август 2014 година првиот жалител побарал од Центарот да ги регулира неговите видувања со неговата ќерка за тој месец. На 30 септември 2014 година Центарот го одбил МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА неговото барања бидејќи првиот жалител ја напуштил тужената држава на 4 септември 2014 година. Б. Вториот и третиот жалител 26. На 4 октомври 2012 година вториот и третиот жалител побарале од Центарот да ги уреди нивните права на видување со М.М., што Центарот го направил со решение од 9 јануари 2013 година. Во одлуката било наведено дека секое закажано видување на вториот и третиот жалител со М.М, кое нема да биде одржано ќе се надомести. Во одлуката исто така било наведено дека жалбата не го одлага извршувањето на решението. Како што навеле вториот и третиот жалител, а потврдено и од дописот кој Центарот го испратил до канцеларијата на Хелсиншкиот комитет во Скопје на 8 мај 2013 година, тие не оствариле видување со М.М. на ниту еден од предвидените состаноци утврдени од Центарот. Според Центарот, тоа било бидејќи: “... (Г-ѓа Ј.С.М.) не одговара на ниту една покана ниту телефонско јавување, не покажува волја за соработка и целосно врши опструкција на работата на експертскиот тим од Центарот и извршувањето на оваа одлука [9 јануари 2013 година].” 27. На 24 април 2013 година Министерството ја укинало ваквата одлука одлучување. и го вратило предметот на повторно 28. Жалителите доставиле копии од дописите испратени до Државниот управен инспекторат и Министерството за внатрешни работи во кои се пожалиле на непочитувањето на г-ѓа Ј.С.М. на МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА одлуките на Центарот и дека Центарот не успева да ги изврши тие одлуки. 29. На 5 септември 2013 година вториот и третиот жалител побарале од Центарот да ги уреди нивните права на видување со М.М., што Центарот го направил со решение од 21 јануари 2014 година (предвидел видување под надзор во просториите на Центарот). Одлуката им била доставена на жалителите на 7 февруари 2014 година. На жалителите им биле дадени инструкции да го посетат Првиот семеен центар во Скопје, кој бил специјализиран за теми поврзани со домашно насилство. Жалителите немале никаков контакт со М.М. до 13 февруари 2014 година, датум на кој првпат ја виделе во просториите на Центарот. На 27 февруари 2014 година, тие го посетиле Првиот семеен центар, кој издал документ во кој навел дека нема надлежност во предмети поврзани со грижа за деца и дека не смета дека имало потреба вториот и третиот жалител да посетуваат сесии поврзани со домашно насилство. 30. Според жалителите, Центарот не одговорил на нивните барања да договорат средба со М.М, како што било наведено во одлуката од 9 јануари 2013 година (види точка 26 погоре). 31. На 2 април 2014 година Центарот донел ново решение, потврдено по жалба од 24 јуни 2014 година, со кое ги утврдил правата на вториот и третиот жалител за видување со М.М. Според жалителите, оваа одлука предвидувала поретки видувања со М.М. отколку одлуката од 21 јануари 2014 година. Нема информации дали одлуката била извршена во пракса. В. Кривичните постапки против Ј.С.М. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 32. На 26 август и 21 октомври 2013 година првиот жалител и Центарот поединечно поднеле кривични пријави против Ј.С.М. поради тоа што таа не сакала да ги почитува одлуките на Центарот за видувањата на првиот жалител со М.М. На 29 октомври 2013 година јавниот обвинител поднел обвинение до првостепениот суд за грабнување на малолетник. На 12 декември 2014 година првостепениот суд ја огласил Ј.С.М. за виновна за грабнување на малолетник бидејќи таа го спречувала таткото да одржува контакти со детето на начин утврден од страна на Центарот за социјални работи. Тој ù изрекол казна затвор во траење од 3 месеци, одложена за една година по правосилноста на пресудата. Нема информации дали оваа пресуда станала правосилна. II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО А. Закон за семејство (Службен весник бр.157/2008, пречистен текст) 33. Согласно член 14(1) и (6) од Законот за семејство од 2008 година, Центарот за социјални работи е задолжен да врши помош и заштита таму каде што е потребна во работите поврзани со семејството. Жалбата не го одлага извршувањето на неговите одлуки. 34. Членот 83 предвидува дека Центарот за социјална работа е одговорен за извршувањето на родителските права. 35. Согласно член 87(4) и (6) од Законот за семејство, Центарот може да донесе решение со кое ќе го даде детето на МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА привремен престој (но не подолго од 15 дена) кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспитание, доколку повеќе од двапати едно по друго другиот родител не го почитувал решението на Центарот за социјална работа и го спречува родителот кому не му е доверено детето да го гледа. Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител, доколку непосредните контакти се прекинати подолго од два месеца поради непостапување по решение на Центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого детето е доверено на чување. Б. Закон за општа управна постапка од 2005 година (Службен весник бр.38/2005) 36. Членот 20 од Законот за управна постапка предвидува дека Владата го решава судирот на надлежностите помеѓу органите на државна управа и помеѓу органите на државна управа и правните и физичките лица на кои со закон им се доверени јавни овластувања. 37. Согласно член 31, кога два органи ќе се изјаснат за надлежни или за ненадлежни за решавање во иста управна работа, предлогот за решавање на судирот на надлежностите го поднесува органот кој последен одлучувал за својата надлежност, а може да го поднесе и странката. Против решение со кое се одлучува за судирот на надлежностите странката не може да изјави посебна жалба, ниту да води посебен управен спор. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 38. Членот 221(2) од Законот за управна постапка предвидува дека странката чие барање не било одлучено од првостепениот управен орган има право на жалба како да е одбиено нејзиното барање. 39. Членот 270(1) и 2(3) од Законот предвидува дека решението донесено во управната постапка се извршува откако ќе стане извршно. Кога жалбата не го одлага извршувањето на првостепеното решение, последново станува извршно откако ќе ù биде доставено на засегнатата странка. 40. Согласно член 274, извршувањето се спроведува по службена должност или по предлог од странката. По службена должност извршувањето се спроведува кога тоа го налага јавниот интерес. Извршувањето што е во интерес на странката се спроведува по предлог од странката. 41. Согласно член 276(1), извршувањето заради исполнување на непарична обврска на извршителот се спроведува по административен пат. 42. Членот 277 предвидува дека административното извршување го спроведува органот што решавал за работата во прв степен, ако со посебен пропис не е определен за тоа друг орган. Ако тие органи не се со закон овластени самите да ги извршуваат своите решенија, административното извршување на одлуките е во надлежност на органот на државната управа во чија надлежност спаѓаат работите на општата управа. Министерството за внатрешни работи е должно да му даде на органот надлежен за спроведување на извршувањето, на негово барање, помош во спроведувањето на извршувањето. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 43. Согласно членот 278, органот надлежен за спроведување на административното извршување донесува по службена должност или по барање од барателот на извршувањето, без одлагање, а најдоцна во рок од 30 дена сметајќи од денот кога решението станало извршно, заклучок за дозвола на извршувањето. Со заклучокот се определува начинот на извршувањето. Против овој заклучок е допуштена жалба до надлежниот второстепен орган. 44. Членовите 286-88 ги предвидуваат правилата на извршување по пат на принуда, кое се извршува по пат на поведување на прекршочна постапка против лицето кое одбива да ја почитува одлуката донесена во управна постапка (член 286) или дирекно (непосредна принуда) ако таквото извршување е предвидено со закон (член 287). В. Закон за управните спорови од 2006 45. Членот 22(1) и (3) од Законот за управните спорови предвидува дека ако второстепениот орган во рок од 60 дена не донел решение, странката може да поведе управен спор до Управниот суд како да е одбиена жалбата. Заинтересираната странка има право да се обрати до второстепениот орган да одлучи по нејзиното барање, ако првостепениот орган не донел решение во рок од 60 дена од поднесувањето на барањето. Ако второстепениот орган не донесе решение, заинтересираната странка може да поднесе барање за ревизија. Г. Закон за извршување од 2011 година – консолидирана верзија МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 46. Членот 1 од Законот за извршување од 2011 година предвидува: “(1) Овој закон го регулира начинот на кој извршителите ги извршуваат судските одлуки..... (2) Одредбите од овој закон се однесуваат и на присилно извршување на решение донесено во управна постапка од кое произлегуваат парични обврски.....” Д. Кривичен законик 47. Согласно член 198, тој што противправно ќе одземе малолетно лице или спречува тоа да биде кај лице кое има право на тоа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Согласно став 3 од овој член, при изрекувањето условна осуда судот може да му наложи на сторителот да го врати малолетното лице, или да овозможи извршување на извршната пресуда во врска со старателството на малолетното лице. Ѓ. Релевантна домашна пракса 48. Владата достави копии од две пресуди донесени во 2008 и 2013 година, во кои првостепениот суд ја прогласил мајката за виновна за грабнување на малолетник бидејќи таа го спречила таткото да контактира со детето на начин предвиден од страна на Центарот за социјална работа. Во двата случаи судот ја осудил мајката на условна казна затвор (К.бр.843/08 и К.бр.1639/13). ПРАВО МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЕН 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 49. Жалителите се жалеле согласно членот 6 и 8 од Конвенцијата дека домашните органи не успеале да ги извршат решенијата на Центарот поврзани со нивните права да одржуваат контакти со М.М. Имајќи ги во предвид законските одредби и фактите на случајот (види Söderman v. Sweden [GC], no. 5786/08, § 57, ECHR 2013 Moretti and Benedetti v. Italy, no. 16318/07, § 27, 27 April 2010), Судот смета дека е соодветно да се разгледа случајот само по член 8 од Конвенцијата во поглед на позитивните обврски на Државата во сферата на семејниот живот. Членот 8 од Конвенцијата гласи: Член 8 “1. Секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката. 2. Нема да постои никакво мешање од страна на јавната власт при остварувањето на ова право, освен во согласност со законот и доколку е тоа неопходно во едно демократско општество за заштита на националната безбедност, јавната сигурност или економската благосостојба во земјата, за спречување на немири или извршување на кривично дело, за заштита на здравјето моралот, или за заштита на правата и слободите на другите” и A. Допуштеност Владата не поднесе приговор во врска со допуштеноста 50. на жалбата. 51. Судот забележува дека овој дел од жалбата не е очигледно неоснован во смисла на членот 35 став 3 (а) од МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА Конвенцијата. Понатаму забележува дека таа не е недопуштена по било кој друг основ. Оттука, мора да се прогласи за допуштена. Б. Основаност 1 Поднесоци на страните 52. Жалителите повториле дека постоела повреда на нивните права согласно овој член. Во врска со ова тие навеле дека благодарение на несоработката на г-ѓа Ј.С.М. и немањето волја на домашните органи да го извршат решението на Центарот со кое биле уредени видувањата, жалителите не биле во можност да ја видат М.М. 53. Владата навела дека станувало збор за осетлива материја и повикувајќи се на фактите на предметот, навела дека нема повреда според ова заглавие. 2. Оценка на судот (а) Општи принципи 54. Судот потсетува дека главниот предмет на членот 8 е да ги заштитува поединците против арбитрарното вмешување од страна на јавните власти. Сепак, може да постојат позитивни обврски кои се својствени за ефективното “почитување” на семејниот живот. Овие обврски може да се однесуваат на донесување на мерки за обезбедување на семејниот живот дури и во сферата на односите помеѓу поединците, вклучувајќи го обезбедувањето на законска рамка на судскиот и извршниот механизам кој ги заштитува правата на поединците и МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА имплементацијата, каде што е потребно, на определени чекори (види Zawadka v. Poland, бр.48542/99, § 53, 23 јуни 2005). 55. Членот 8 вклучува за родителите право да бидат превземени мерки за соединување со нивните деца и обрска за домашните органи да овозможат такво соединување, и во случаите кога постои конфликт меѓу двајцата родители. Ова се однесува не само во случаите каде е потребна грижа на детето од страна на државата и имплементација на мерки за таквата грижа, туку и во случаите каде настанува спор околу видувањата и престојот на децата помеѓу родителите и/или други членови на семејството на детето (види Mihailova v. Bulgaria, бр.35978/02, § 80, 12 јануари, 2006; Iglesias Gil and A.U.I. v. Spain, бр.56673/00, § 49, ECHR 2003-V; Nuutinen v. Finland, бр.32842/96, § 127, ECHR 2000-VIII; и Ignaccolo-Zenide v. Romania, бр.31679/96, § 94, ECHR 2000-I). 56. Обврската на домашните органи да преземаат мерки за овозможување на контакти на родителот кој нема старателство врз детето по разводот секако не е апсолутна. Главното гледиште се однесува на тоа дали таквите органи ги превзеле сите неопходни чекори за овозможување контакти за кои разумно може да се очекува да се преземат согласно посебните околности на секој случај (види Zawadka, цитирана погоре, § 56 и Ignaccolo-Zenide, цитирана погоре, § 96). Во контекст на ова, адекватноста на мерката се гледа од брзината на нејзиното имплементирање, бидејќи протекот на време може да предизвика непоправливи последици за односите меѓу детето и родителот на кој не му е доделено на чување (види Krivošej v. Serbia, бр.42559/08, § 52, 13 април 2010; Felbab v. Serbia, МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА бр.14011/07, § 67, 14 април 2009; и Maire v. Portugal, бр.48206/99, § 74, ECHR 2003 VII).) (б) Примена на овие принципи во конкретниот случај 57. Судот потсетува дека заедничкото уживање на присуството на родителот и детето го содржат основниот елемент на “семеен живот” во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата (види Scozzari and Giunta v. Italy [GC], бр.39221/98 и 41963/98, § 169, ECHR 2000 VIII, и Monory v. Romania and Hungary, бр.71099/01, § 70, 5 април 2005). Поради тоа, овој член е применлив на ситуацијата против која се жали првиот жалител. 58. Што се однесува до вториот и третиот жалител, кои се баба и дедо на детето, Судот смета дека врската помеѓу бабата и дедото и внуците е различна и во степенот и по природа од врската помеѓу родителите и детето и поради таквата природа нормален е помал степен на заштита. Правото на почитување на семејниот живот во поглед на бабата и дедото со нивните внуци првично се однесува на правото на одржување на нормална баба,дедо – внук врска преку контакти меѓу нив, дури и кога таквите контакти се во договор со лицето кое има родителско право (види Kruškić v. Croatia (dec.), бр.10140/13, §§ 120-122, 25 ноември 2014). 59. Судот забележува дека Центарот донел три решенија со кои ги уредил видувањата на вториот и третиот жалител со М.М. (9 јануари 2013 и 21 јануари и 2 април 2014 година, види точки 26, 29 и 31 погоре). Според тоа, согласно домашното право, на овие жалители им било дадено правото да одржуваат преку МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА чести контакти блиска врска со нивната внука. Судот, поради тоа, е задоволен, дека давањето на ова право, кое имало за цел да создаде блиска врска меѓу вториот и третиот жалител и М.М., потпаѓа под јадрото на “семеен живот” во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата. 60. Според тоа, Судот мора да утврди дали постоело непочитување на правото на жалителите на семеен живот. 61. Судот забележува дека Центарот донел седум решенија со кои ги уредил правата на жалителите за контакти со М.М. Судот не може а да не ги забележи одложувањата на Центарот во одлучувањето по барањата на жалителите да остваруваат контакти со М.М. (било потребно од два до пет месеци за Центарот да одлучи по барањата на жалителите, види точки 12, 26 и 29 погоре). За ваквите одлагање не биле дадени никакви образложенија. Таквиот период бил премногу долг, особено во поглед на првиот жалител чиј престој во тужената Држава бил ограничен. 62. Имајќи го во предвид фактот дека жалбата не го одлагала извршувањето на таквите решенија, тие станале обврзувачки и извршни во моментот кога биле доставени до странките (види точка 39 погоре). Врз основа на фактите, Судот забележува дека властите не превзеле никакви мерки во создавањето на потребните услови за извршување на овие решенија, иако биле свесни за несоработливото однесување на мајката и на фактот дека тие биле надлежни да постапуваат и по сопствена иницијатива (види точка 40 погоре). МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 63. Во такви околности, решенијата на Центарот за видување останале неизвршени долг перид, во кој жалителите не биле во можност да ја видат М.М. Првиот жалител не ја видел својата ќерка (со два исклучоци, види точки 10 и 15 погоре) за време на својот ограничен престој во тужената држава, односно во периодот од ноември 2011 до октомври 2012 година (види точки 7 и 13 погоре) и од април до септември 2013 година (види точки 15 и 19 погоре). Владата не приложи никакви информации за тоа дали првиот жалител ја видел својата ќерка за време на својот престој во тужената држава од мај до септември 2014 година (види точки 23-25 погоре). Слично на ова, вториот и третиот жалител биле оневозможени да се гледаат со М.М., до 13 февруари 2014 година, односно една година и четири месеци откако побарале од Центарот да ги утврди нивните права во поглед на видувањата (види точки 26 и 29 погоре). 64. Во поглед на фактите на случајот, Судот смета дека властите не направиле сè што било во нивна моќ и кое било разумно да се очекува од нив во поглед на осигурување на правата на жалителите по ова прашање. Иако Ценатрот ги испитувал ефектите кои одделеноста од својот татко би ги предизвикале врз М.М.(види точка 20 погоре), не биле земени во предвид легитимните интереси на жалителите во развивање и задржување на врска со М.М. Во насока на ова Судот подвлекува дека можноста за повторно функционирање на едно семејство би била прогресивно намалена и евентуално уништена доколку на биолошкиот татко и детето не им бидат дозволени средби, или тие средби се многу ретки па не е можно да се остварат некои природни врски (види, mutatis mutandis, Görgülü v. Germany, бр.74969/01, § 46, 26 февруари 2004). МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА Слични се и размислувањата кои се однесуваат на вториот и третиот жалител, кои имале право, утврдено од страна на домашните органи, да одржуваат нормални баба,дедо – внук врски преку контакти меѓу нив. 65. Имајќи го во предвид горенаведеното, како и осетливоста на материјата, Судот заклучува дека домашните органи не успеале да направат соодветни и ефективни напори за извршување на правата на жалителите во поглед на нивниот семеен живот, кој е гарантиран со членот 8 од Конвенцијата. Поради тоа има повреда на овој член. II.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 66. Жалителите се жалеа на повреда на нивните права на ефикасен правен лек во врска со нивните права според членот 8 од Конвенцијата, наведен погоре. Тие се повикаа на членот 13 од Конвенцијата, кој гласи: “Секој, чии права и слободи определени во Конвенцијата се повредени ќе има ефективен лек пред домашните органи, без оглед на тоа што повредата била сторена од лица кои вршеле службена должност.” А. Допуштеност 67. Владата не достави никакви приговори во врска со допуштеноста на оваа жалба. 68. Судот забележува дека таа не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 став 3 (а) од Конвенцијата. Понатаму МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА забележува дека таа не е недопуштена по било кој друг основ. Оттука, мора да се прогласи за допуштена. Б. 1. Основаност Поднесоци на странките 69. Жалителите навеле дека сите правни лекови кои ги искористиле не биле ефикасни бидејќи не им овозможиле да се видат со М.М. на состаноците утврдени од страна на Центарот. Тие тврделе дека релевантното законодавство не дава јасни правила за тоа кој орган е надлежен да ги извршува одлуките на Центарот поврзани со видувањата со М.М. 70. Владата истакнала дека жалителите имале доволно ефикасни правни лекови во поглед на нивните барања. Центарот и Министерството ги известувале жалителите за нивните одлуки навремено. Кривичните постапки против Ј.С.М. биле во тек. 2. Оценка на судот 71. Судот потсетил на голем број случаи каде членот 13 од Конвенцијата гарантира достапност на национално ниво на правен лек за извршување на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата без разлика во каква форма се обезбедени во домашниот правен поредок. Ефектот од овој член, поради тоа, е да бара одредби во домашното законодавство кои ќе им овозможат на домашните органи да постапуваат по “аргументирана жалба” согласно Конвенцијата и да дозволат соодветно олеснување. Границата на обврските на договорните МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА држави согласно член 13 варира зависно од природата на жалбата на жалителот. Државите имаат определена дискреција во врска со начинот на кој тие ги почитуваат своите обврски по овој член. Сепак, правниот лек кој го бара членот 13 мора да биде “ефикасен” и во праксата и во правото, особено во смисла дека неговото извршување не смее да биде неоправдано попречено со сторување или несторување од страна на властите на тужената држава (види De Souza Ribeiro v. France [GC], бр.22689/07, § 78 и 80, ECHR 2012). 72. Дополнително, особено внимание треба да се посвети на брзината на дејствувањето на правниот лек, бидејќи познато е колку соодветната природа на правниот лек може да биде уништена поради нејзиното долго траење (види Doran v. Ireland, бр.50389/99, § 57, ECHR 2003 X). 73. Во конкретниот случај, жалителите ги искористиле следниве правни лекови: првиот жалител побарал од Центарот и од Министерството за правда да ги изврши одлуките на Центарот (види точка 17 и 18 погоре); тој неуспешно барал, согласно член 87 од Законот за семејство (види точка 17 погоре) привремено старателство врз детето; повел кривична постапка против г-ѓа Ј.С.М., за грабнување на малолетник (види точка 32 погоре). Постапките за последниве два правни лекови сè уште се во тек. Жалителите исто така барале и помош од други домашни органи (види точки 16 и 28 погоре). 74. Судот забележал дека барањето на првиот жалител за извршување на одлуките на Центарот било бесцелно. Ова поради тоа што и Центарот и Министерството за правда се прогласиле за ненадлежни за постапување. Според тоа, МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА системот на административното извршување на одлуките на одганите на управата наведено во Законот за управна постапка (види точки 40-44 погоре) не можел да биде ставен во сила. Во насока на ова Судот подвлекува дека Владата не доставила до Судот никакви посебни одредби од закони или домашна пракса во поглед на тоа кој орган е надлежен за извршувањето на одлуките на Центарот во врска со утврдените видувања. Овие прашања остануваат отворени во предметот на жалителите и покрај механизмот за решавање на конфликтот на надлежности меѓу управните органи предвиден во домашното законодавство (види точки 36 и 37 погоре). Во врска со извршувањето од страна на извршителите, Судот не е убеден, ниту Владата доставила некакви коментари за спротивното, во тоа дека механизмот на извршување предвиден со Законот за извршување (види точка 46 погоре) се применил во одлуките на Центарот за пристап. Ова бидејќи системот се однесува на извршување на судските пресуди или одлуките на управните органи поврзани со материјална обврска, што не е случај со одлуките на Центарот за видувања. Во вакви околности Судот не може а да не забележи дека не постоел ефикасен правен лек во домашното законодавство за жалбите на жалителите во врска со неизвршувањето на одлуките на Центарот за видување со М.М. 75. Понатаму, Судот забележал дека кривичните постапки поведени во октомври 2013 против г-ѓа Ј.С.М наводно сè уште не се завршени пред домашните судови. Не биле иницирани никакви постапки во поглед на нејзиното одбивање да ги почитува одлуките за видување на бабата и дедото. Наведеното, а и домашната пракса која ја достави Владата МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА (види точка 48 погоре) не може да го убеди Судот дека компензацијата преку кривична постапка претставува ефикасен правен лек во врска со правата на жалителите согласно член 8 од Конвенцијата. 76. Имајќи ја во предвид оваа позадина, Судот смета дека жалителите немале ефикасен правен лек во врска со нивните жалби по член 8 од Конвенцијата. Поради тоа, има повреда на член 13 земен во врска со член 8 од Конвенцијата. III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 77. Членот 41 од Конвенцијата пропишува: “Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на та аповреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.” А. Оштета 78. Првиот жалител барал 100.000 евра на име на материјална штета за неисплатената плата од која тој бил лишен за време на престојот во тужената држава. Тој исто така барал 50.000 евра на име на нематеријална штета за менталното страдање кое го претрпел како резултат на наводните повреди. Вториот и третиот жалител побарале по 10.000 евра за нематеријална штета. 79. Владата ги оспорила ваквите барања како неосновани. Тие понатаму навеле дека нема причинско-последователна врска помеѓу бараната штета и наводните повреди. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 80. Судот не наоѓа причинско-последователна врска помеѓу утврдените повреди и бараната материјална штета од жалителот; од тие причини го отфрла ова барање. Сепак, смета дека жалителите мора да претрпеле нематеријална штета како резултат на најдените повреди. Одлучувајќи на еднаква основа, му доделува, по оваа глава, на првиот жалител 13.000 евра, а на вториот и третиот жалител заеднички 7.000 евра, плус било која такса која би можела да биде наплатена. Б. Трошоци 81. Жалителите исто така побарувале 11.000 евра за трошоците направени пред домашните власти и пред Судот. 82. Владата ги оспорила горните побарувања како неосновани, наведувајќи дека тие не доставиле никакви докази дека бараните трошоци биле “навистина направени. и неопходно” 83. Судот смета дека жалителите не доставиле пропратни документи во поглед на трошоците. Сепак, тие имале адвокат во постапката пред Судот и биле поднесени опсервации, според барањето. Во ваков случај, Судот смета дека е соодветно да им се додели на жалителите сума од 850 евра, заеднички, за постапката пред Судот, плус било која такса која би можела да биде наплатена. В. Затезна камата 84. Судот смета дека затезната каматна стапка треба да се заснова на стапката за позајмица на Европската централна банка, на која треба да ù се додадат трипроцентни поени. МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ, ЕДНОГЛАСНО 1. Ја прогласува, жалбата за допуштена, 2. Смета, дека има повреда на членот 8 од Конвенцијата во поглед на правата на жалителите за почитување на нивниот семеен живот, 3. Смета дека има повреда на членот 13 од Конвенцијата во врска со членот 8 од Конвенцијата, 4. Смета (a) дека одговорната држава треба да им ги плати на жалителите, во рок од три месеци откако пресудата ќе стане конечна согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, следниве суми, кои треба да се конвертираат во националната валута по стапка која е применлива на денот на исплатата: (i) на првиот жалител сума од EUR 13,000 (тринаесет илјади евра), плус било која такса која би можела да биде наплатена, на име на нематеријална штета, (ii) на вториот и третиот жалител сума од EUR 7,000 (седум илјади евра) заеднички, плус било која такса која би можела да биде наплатена, на име на нематеријална штета, (iii) на жалителите заеднички сума од 850 евра (осумстотини и педесет евра), плус било која такса која би можела да биде наплатена, на име на трошоци, (б) по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе биде исплатена обична камата на горните суми, по стапка еднаква на стапката за позајмица на Европската централна банка за односниот период, плус трипроцентни поени, МИТОВИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 5. Го отфрла остатокот на барањето на жалителите за правична отштета. Изработено на англиски јазик, и поднесено на писмено на 16 април 2015, согласно член 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот. Søren Nielsen Секретар Elisabeth Steiner Претседател
Full & Egal Universal Law Academy