© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 155
Август-септември 2012
Нада против Швајцарија [ГСС](Nada v. Switzerland [GC]) - 10593/08
Пресуда 12.9.2012 [ГСС]
Член 8
Член 8-1
Почитување на семејниот живот
Почитување на приватниот живот
Забрана, согласно законодавството за спроведување на Резолуции на Советот за безбедност на ООН, за патување низ земја која опкружува енклава: повреда.
Член 1
Јуриздикција на државите
Јурисдикција за жител на енклава кој ефективно се спречува од тужената држава да патува како резултат на спроведување на Резолуција на Советот за безбедност на ООН.
Член 5
Член 5-1
Лишување од слобода
Забрана на патување низ земја која обиколува енклава: недопуштено
Факти – Швајцарската сојузната Уредба за Талибанот била усвоена согласно неколку резолуции на Советот за безбедност на ООН. Како резултат на истата жалителот, египетски државјанин, бил спречен да влезе или транзитира низ Швајцарија заради тоа што неговото име било додадено на листата приложена до Комитетот за санкции на Советот за безбедност на ООН за лица осомничени дека биле поврзани со Талибанот или Ал Каеда („листата“). Жалителот живеел во Кампионе д’Италиа, италијанска енклава од околу 1,6 квадратни километри опкружена од швајцарскиот кантон Тичино и одделена од остатокот на Италија со езеро. Жалителот тврдел дека ограничувањето му отежнало да ја напушти енклавата и со тоа да ги види своите пријатели и семејство, и исто така дека не можел да добие соодветно медицинско лекување за своите здравствени проблеми. Жалителот исто така имал потешкотии да си го отстрани името од Уредбата дури и откако швајцарските истражни лица утврдиле дека обвиненијата против него биле непоткрепени.
Право
(а) Прелиминарни приговори – Тужената влада тврдела дека жалбата била недопуштена по неколку основи, имено дека била некомпатибилна ratione personae и ratione materiae со Конвенцијата, дека жалителот немал статус на „жртва“ и дека жалителот не успеал да ги исцрпи домашните правни лекови. Судот гo приклучил разгледувањето на прашањето на компатибилноста ratione materiae на основаноста. Што се однесува до остатокот на прелиминарните приговори го одлучил следново:
(i) Компатибилност ratione personae: Судот не можел да го одобри аргументот дека мерките усвоени од земјите членки на Обединетите нации за спроведување на релевантните резолуции на Советот за безбедност можеле да се препишат на таа организација, а не на тужената држава. За разлика од ставот во случајот на Бехрами и Бехрами против Франција,* во кој оспорените акти и пропусти можеле да се препишат на телата на ООН, релевантните резолуции во овој случај барале државите да делуваат во сопствено име и да ги спроведат на национално ниво. Мерките изречени од Советот за безбедност биле спроведени на национално ниво од страна на Уредбата на Сојузниот совет и барањата на жалителот за исклучок од забраната за влез на швајцарската територија биле одбиени од швајцарските власти. Актите и пропустите во прашање оттука можеле да и се препишат на Швајцарија и можеле да се повикаат на нејзина одговорност.
Заклучок: прелиминарниот приговор бил отфрлен (едногласно).
(ii) Статус на жртва: Подигнувањето на санкциите, повеќе од шест години по нивното изречување, не можело да се смета за признание на Владата на повредата на Конвенцијата и по тоа не следело обесштетување во рамките на значењето на судската пракса на Судот. Соодветно на тоа, жалителот и понатаму можел да тврди дека бил жртва на наводни повреди.
Заклучок: прелиминарниот приговор бил отфрлен (едногласно).
(iii) Примена на домашни правни лекови: Судот забележал дека жалителот не ги оспорил одбивањата да му се одобрат неговите барања за изземање од режимот на санкции и дека во две прилики му биле дозволени исклучоци кои тој не ги искористил. Меѓутоа, дури и под претпоставка дека тие исклучоци олесниле одредени последици од режимот на санкции со тоа што му било дозволено да ја напушти енклавата заради одредени причини, Судот сметал дека прашањето на исклучоците било дел на поширока ситуација чие потекло лежело во додавањето од страна на швајцарските власти на името на жалителот на листата приложена кон Уредбата за Талибанот која се базирала на листата на ООН. Забележувајќи дека жалителот безуспешно поднел многу барања до националните власти за бришење на неговото име од листата и дека Сојузниот суд го отфрлил неговото барање без да ја испита основаноста на неговата жалба согласно Конвенцијата, Судот го зазел гледиштето дека жалителот ги исцрпил домашните лекови поврзани со режимот на санкции како целина во однос на неговите жалби согласно членовите 5 и 8 од Конвенцијата. Тој го придодал на основаноста приговорот дека тој не ги исцрпил домашните правни лекови во однос на неговата жалба согласно членот 13.
Заклучок: прелиминарниот приговор бил отфрлен (едногласно).
(б) Основаност – Член 8: Оспорените мерки го оставиле жалителот во затворен простор најмалку шест години и го спречиле или во најмала рака му ги отежнале прегледите кај своите лекари во Италија или Швајцарија или да ги посетува пријателите и семејството. Оттука имало попречување на правата на жалителот на приватен и семеен живот. Мерките биле доволна правна основа и имале легитимни цели на спречување на кривични дела и да се придонесе кон националната безбедност и јавната сигурност.
Судот потоа разгледал дали попречувањето било оправдано. Тој повторил дека земјата договорничка е одговорна согласно членот 1 од Конвенцијата за сите акти и пропусти на неговите органи без разлика дали дејствието или пропустот во прашање бил последица на домашното право или на потребата од почитување на меѓународните правни обврски. Кога се разгледува односот меѓу Конвенцијата и резолуциите на Советот за безбедност, Судот одлучил во Ал-Џеда против Обединетото Кралство** дека морало да има пресумпција дека Советот за безбедност немал намера да наметне некаква обврска врз земјите членки со која ќе ги прекршат основните принципи на човековите права и дека требало да се очекува дека би се користел јасен и експлицитен јазик доколку Советот за безбедност имал намера државите да преземат одредени мерки кои би биле во конфликт со нивните обврски согласно меѓународното право за човекови права. Меѓутоа во актуелниот случај таа пресумпција била побиена бидејќи Резолуцијата 1290 (2002) изречно барала од државите да ги спречат поединците на листата да не влегуваат или транзитираат низ територијата.
Во секој случај, Повелбата на ООН не им наметнувала на државите одреден модел за спроведување на резолуции усвоени од Советот за безбедност согласно Повелбата VII, туку наместо тоа ги оставале слободно да изберат од различните можни модели за транспонирање на тие резолуции во сопствениот домашен правен поредок. Соодветно на тоа Швајцарија уживала ограничена, но вистинска слобода во одлучувањето како да ги спроведе релевантните обврзувачки резолуции. Судот продолжил со разгледување на тоа дали мерките преземени од швајцарските власти биле сразмерни во контекст на овој опсег. Според него било чудно дека до септември 2009 г. швајцарските власти наводно не го информирале Комитетот за санкции за наодите на сојузниот обвинител кои датирале од мај 2005 г. дека обвиненијата против жалителот биле очигледно неосновани: побрзото доставување на заклучоците на истражните власти можело да доведе до бришење на името на жалителот од листата на ООН значително порано. Што се однесува до опсегот на забраната, таа го попречила жалителот не само да влезе во Швајцарија туку исто така и воопшто да го напушти Кампионе д’Италиа со оглед дека тоа била енклава, дури и за да патува во некој дел од земјата чиј државјанин бил. Исто така постоел и медицински аспект на случајот кој не требало да биде потценет: на жалителот, кој бил роден во 1931 г. и имал здравствени проблеми, му биле одбиени низа барања што ги поднел за изземање од забраната за влез и транзитирање заради медицински причини или поврзано со судски постапки. Ниту пак швајцарските власти му понудиле некаква помош во барањето за широко изземање од забраната со оглед на неговата конкретна ситуација. Иако било точно дека Швајцарија не била одговорна за тоа што името на жалителот се наоѓало на листата и со оглед дека таа не била државата на неговото државјанство или престој таа не била надлежна да се обрати до Комитетот за санкции за тоа да се отстрани од листата, се чини дека швајцарските власти исто така никогаш не се обиделе да ја поттикнат Италија на преземе таква активност или да понудат помош за таа цел. Судот сметал во врска со ова дека тие не ги зеле доволно во предвид реалностите на случајот, особено единствената ситуација на жалителот од географски аспект и значителното времетраење на мерките. Тужената држава не можела валидно да се ограничи себе само на обврзувачката природа на резолуциите на Советот за безбедност, требала требала да го убеди Судот дека ги презела – или се обидела да ги преземе – сите можни мерки за да се усвои режим на санкции за специфичната ситуација на жалителот. Тој наод го ослободил Судот да одлучува за прашањето на хиерархијата меѓу обврските кои произлегуваат согласно Конвенцијата од една страна и согласно Повелбата на ООН од друга. Тужената влада не успеала да покаже дека тие се обиделе колку што е можно да ги усогласат обврските кои тие ги сметале за дивергентни. Затоа нивниот прелиминарен приговор дека жалбата не била компатибилна ratione materiae со Конвенцијата бил отфрлен. Со оглед на сите околности, ограничувањата изречени во однос на слободата на жалителот на движење во значителен временски период не постигнале правична рамнотежа меѓу неговото право на заштита на неговиот приватен и семеен живот и легитимните цели од кои се воделе.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 13: Судот забележал дека жалителот исто така можел да поднесе барање до домашните власти неговото име да биде избришано од листата и дека ова можело да му обезбеди обесштетување за неговата жалба согласно Конвенцијата. Меѓутоа тие власти не ги разгледале неговите жалби врз основа на основаноста. Поконкретно, Сојузниот суд го зазел гледиштето дека иако можел да потврди дали Швајцарија била обврзана од резолуциите на Советот за безбедност, таа не можела да ги повлече санкциите што му биле изречени на жалителот по основ дека тие не ги почитувале човековите права. Сојузниот суд исто така изречно согледал дека постапката за отстранување од листата на ниво на Обединетите нации не можела да се смета за делотворен правен лек во рамките на значењето на членот 13 од Конвенцијата.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 5 § 1: Иако ограничувањата на слободата на движење на жалителот останале на сила значително време, областа во која не му било дозволено да патува била територијата на трета земја која, според меѓународното право, имала право да го спречи влезот на странец. Ограничувањата во прашање не го спречиле жалителот слободно да живее и да се движи во рамките на територијата во која имал постојан престој. Иако таа територија била мала жалителот, строго гледано, не бил во ситуација како да е лишен од слобода ниту пак реално бил во домашен притвор. Режимот на санкции на жалителот му дозволиле да бара изземање од забраната за влез или транзитирање и таквите исклучоци навистина му биле дозволени во две прилики (иако тој не ги искористил). Соодветно на тооа, жалителот не бил „лишен од слободата“ во рамките на значењето на член 5 § 1.
Заклучок: недопуштено (евидентно лошо засновани).
Член 41: Немало побарување за штета.
* Behrami and Behrami v. France and Saramati v. France, Germany and Norway (dec.) [GC], nos. 71412/01 and 78166/01, 2 May 2007, Information Note no. 97.
** Al Jedda v. the United Kingdom [GC], no. 27021/08, 7 July 2011, Information Note no. 143.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme () , ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy