© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 173
април 2014 година
Нацвлишвили и Тогонидзе против Грузија - 9043/05
Пресуда 29.4.2014 [Оддел III]
Член 6
Кривична постапка
Член 6-1
Правично судење
Осудителна пресуда без мериторно разгледување на случај врз основа на спогодба за вина: нема повреда
Член 2 oд Протокол бр. 7
Право на жалба во кривична постапка
Против осудителна пресуда заснована на спогодба за вина не било дозволено поднесување на жалба: нема повреда
Факти – Првиот жалител, извршен директор на јавно претпријатие во кое тој и неговата сопруга (втората жалителка) имале акции; бил обвинет за повеќе кривични дела извршени во својство на директор на претпријатието. Одбраната и обвинителството постигнале спогодба согласно која обвинителот се обврзал да побара надлежниот суд да го осуди првиот жалител без мериторно да го разгледа случајот и дека ќе побара изрекување на парична казна. Првостепениот суд ја одобрил спогодбата, го прогласил жалителот за виновен и му изрекол парична казна. Против таа пресуда не била дозволена жалба.
Во неговата жалба пред Европскиот суд за човекови права, првиот жалител се жалел дека постапката за спогодување за вина била неправична и претставувала злоупотреба на постапката (член 6, став 1 од Конвенцијата), дека тој не можел да поднесе жалба против пресудата со која се одобрува спогодбата за вина (член 2 од Протокол бр. 7) и дека неговото право на презумпција на невиност било повредено поради обемното известување на медиумите за неговото апсење и изјавите дадени од регионалниот функционер во телевизиско интервју (член 6, став 2 од Конвенцијата). И двајцата жалителите истакнале жалбени наводи по основ на член 34 од Конвенцијата и член 1 од Протокол бр. 1.
Право – Член 6 § 1 oд Конвенцијата и член 2 од Протокол бр. 7: Судот од документите од компаративното право воочил дека вообичаена карактеристика на европското кривично правосудство била обвинетиот да биде обвинет за полесни дела или да му биде намалена казната во замена за изјава на вина или изјава nolo contendere пред судење или значителна соработка со обвинителството. Немало ништо несоодветно во самиот процес на спогодување за вина. Сепак, кога постапката водела кон скратена постапка и со тоа и откажување на обвинетиот од повеќе процедурални права, тоа откажување морало да биде недвосмислено и да биде проследено со минимални процедурални гаранции кои соодветствуваат на неговата важност.
Постигнувајќи спогодба со обвинителството во врска со казната и не искажувајќи приговор на обвиненијата, првиот жалител се откажал од неговото право случајот против него да биде мериторно разгледан. Затоа, Судот морал да испита дали тој ја прифатил спогодбата за вина навистина доброволно со целосна свесност за фактите и правните последици и дали имало доволно преиспитување од судот на содржината за спогодбата за вина и на правичноста на начинот на кој таа спогодба била постигната.
Судот воочил дека првиот жалител ја иницирал спогодбата за вина и таа не била наметната од обвинителството. Нему му било дозволено разгледување на списите на предметот и бил уредно застапуван од стручни бранители по негов избор во текот на преговорите и додека судот ја преиспитувал спогодбата. Судијата кој ја преиспитувал законитоста на спогодбата за вина го прашал обвинетиот дали бил изложен на било каков вид несоодветен притисок, а првиот жалител изречно потврдил во неколку прилики, и пред обвинителството и пред судијата, дека во целост ја разбирал содржината на спогодбата, дека му биле објаснети неговите процедурални права и правните последици од спогодбата, и дека тој не ја прифатил спогодбата како последица на присила или лажни ветувања.
Важно било што, бил изготвен записник за спогодбата, потпишан од обвинителот, првиот жалител и неговиот бранител, и доставен до првостепениот суд за разгледување, на тој начин овозможувајќи точната содржина на спогодбата, како и преговорите кои претходеле, да бидат предмет на судска оцена.
Првостепениот суд имал надлежност да ја преиспита соодветноста на казната препорачана од обвинителот и да ја намали или да ја одбие спогодбата како целина, во зависност од неговата оцена на правичноста на содржината на спогодбата и процесот преку кој таа била постигната. Првостепениот суд исто така проверил дали обвинението против првиот жалител било основано и поткрепено со prima facie докази. Покрај тоа, судот ја испитал и одобрил спогодбата за вина на јавна расправа.
Што се однесува на жалбениот навод по основ на член 2 од Протокол бр.7, Судот сметал дека е нормално опсегот на остварување на правото на жалба да биде поограничено во однос на осудителна пресуда заснована на спогодба за вина. Прифаќајќи ја спогодбата за вина, првиот жалител се откажал од неговото право на редовна жалба, законска последица која му била или требало да му биде објаснета од страна на неговите бранители. По аналогија со заклучокот по основ на член 6, став 1, Судот сметал дека откажувањето на правото на редовна жалба не претставувало арбитрерно ограничување на условот за разумност содржан во член 2 од Протокол бр.7.
Заклучок: нема повреда(шест гласа за, еден против).
Член 6, став 2: Судот внимавал на важноста на зборовите употребени од јавни функционери во нивните изјави пред на некое лице да му биде судено и пред да биде осудено за кривично дело. Сепак, регионалниот функционер никогаш конкретно не го споменал првиот жалител или кривичната постапка против него. Всушност, тој дал генерална изјава за политиката на државата кон борбата против корумпирани функционери во земјата, без од тоа да може да се идентификува првиот жалител на било кој начин, директно или индиректно, како лице на кое се однесува изјавата.
Што се однесува на снимањето на апсењето на првиот жалител од новинари од приватна телевизиска станција, тоа не можело да се смета за жестока медиумска кампања насочена кон повреда на правичноста на постапката против него. Исто така немало индиции дека интересот на медиумите за случајот бил предизвикан од регионалниот гувернер или било кој друг државен орган. Накусо, медиумското покривање на случајот на првиот жалител не го надминувало она што се смета едноставно информирање на јавноста за апсењето на извршен директор на една од најголемите фабрики во земјата.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 1 од Протокол бр. 1: Одземањето на имотот на жалителот како и исплатите кои ги извршил по основ на спогодбата за вина биле неразделно поврзани и произлегле од утврдувањето на кривична одговорност на првиот жалител. Законитоста и соодветноста на тие кривични санкции од финансиски карактер затоа не можеле да се поврзат со прашањето за правичноста на самата спогодба за вина. Имајќи ги предвид заклучоците по основ на член 6, став 1 од Конвенцијата и член 2 од Протокол бр. 7, Судот заклучил, од истите причини, дека немало повреда на член 1 од Протокол бр. 1.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 34: Жалителите тврделе дека грузиските власти вршеле притисок врз нив да ја повлечат нивната жалба. Сепак, со оглед на содржината на преписката по електронска пошта помеѓу ќерката на жалителите и претставникот на обвинителството, и иако воочувајќи дека неформално комуницирање помеѓу обвинителството и приватно трето лице не било во никој случај соодветен начин за решавање на случај, Судот заклучил дека таа интеракција сама по себе не може да се смета за некомпатибилна со обврските на државата од член 34. Контактот на претставникот со ќерката на жалителите не бил предвиден за да се наведат жалителите да ја повлечат или изменат нивната жалба или на друг начин да се меша во ефикасното остварување на правото на индивидуална жалба, ниту пак тој контакт навистина имал таков ефект.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
© Coвет на Европа/Eвропски суд за човекови права
Ова резиме подготвено од Секретаријатот на Судот не го обврзува Судот
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy