© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка на Судот бр. 170
јануари 2014 година
O’Keeffe против Ирска [ГСC] - 35810/09
Пресуда 28.1.2014 [ГСC]
Член 3
Позитивни обврски
Државата не вовела соодветни механизми за заштита на ученичка во национално училиште од сексуална злоупотреба од страна на наставник: повреда
Факти – Жалителката тврдела дека таа била подложена на сексуална злоупотреба од страна на наставник (ЛХ) во 1973 година кога била ученичка во национално училиште финансирано од државата, но во сопственост и под управа на Католичката црква. Националните училишта во Ирска биле основани во почетокот на 19-от век како вид на основно образование директно финансирано од државата, но управувано заеднички од државата, сопственикот и локалните претставници. Според овој систем државата обезбедува најголем дел од финансиските средства и донесува правила за прашања како што се наставна програма и обуката и квалификациите на наставниците, но повеќето од училиштата се во сопственост на верските заедници кои именуваат директор (кој е без исклучок свештено лице). Сопственикот и директорот ги избираат, вработуваат и отпуштаат наставниците.
LH дал отказ во септември 1973 година откако други ученици имале поплаки за злоупотреба. Сепак, во тој момент Министерството за образование и наука не било известено за тие поплаки и немало пријава до полицијата. ЛХ почнал да работи во друго национално училиште, каде продолжил да предава до неговото пензионирање во 1995 година. Жалителката ја поттиснала злоупотребата сè до крајот на деведесеттите, кога почнала да оди на психолошка терапија по препорака дадена во текот на полициска истрага отворена по пријава на друга поранешна ученичка и кога ја сфатила поврзаноста помеѓу писхолошките проблеми кои ги имала и злоупотребата која ја преживеала. Таа дала изјава пред полицијата во 1997 година. На крај ЛХ бил обвинет за 386 кривични дела на сексуална злоупотреба врз 21 поранешен ученик на националното училиште во кое учела жалителката. Во 1998 година тој се изјаснил за виновен за 21 репрезентативна точка на обвинение и бил осуден на затворска казна.
На жалителката покасно ѝ бил доделен надомест од страна на Комисијата за обештетување на жртви од штети предизвикани со кривични дела и надомест на штета во постапка по тужба против ЛХ. Таа исто така поднесла граѓанска тужба за надомест на штета во која тврдела дека имало одговорност за небрежност, одговорност за друго лице и уставна одговорност од страна на различни државни органи (од технички причини, таа не ја тужела Црквата). Сепак, Високиот суд ги одбил тие наводи во пресуда којашто била потврдена од Врховниот суд на 19 декември 2008 година, во основа од причина што ирскиот Устав изречно предвидувал предавање на фактичкото раководење со националните училишта на интересите застапувани од сопствениците и директорите на националните училишта кои биле од верските заедници, дека посоодветно било тужбата за небрежност да биде насочена кон директорот и дека директорот постапувал како службено лице на Црквата, а не на државата.
Во нејзината жалба до Европскиот суд, жалителката се жалела, помеѓу другото, дека државата не го организирала системот на основно образование на начин да ја заштити од злупотреба (член 3 од Конвенцијата), и дека таа не можела да добие потврда и надомест за тоа што државата не ја заштитила (член 13).
Право – член 3
а) Материјален аспект – според Судот инхерентна обврска на државата била да обезбеди заштита на децата од злупотреба, посебно во контекст на основното образование, преку воведување, ако е потребно, на специјални мерки и гаранции. Во врска со тоа, карактерот на сексуалната злоупотреба на деца бил таков, да постоењето на ефикасни механизми за откривање и пријавување било од суштинска важност за ефикасна имплементација на кривичниот закон предвиден да одврати од вршење на таква злуопотреба. Државата не можела да се ослободи од своите обврски кон малолетници во основни училишта преку делегирање на тие должности на приватни лица или субјекти. Исто така, ако детето ја изберело една од образовните можности одобрени од државата (национално училиште, приватно училиште или настава во домашни услови), државата не можела да биде ослободена од нејзината позитивна обврска да обезбеди заштита само поради изборот на детето.
Судот затоа требало да одлучи дали правната рамка на државата, и посебно нејзините механизми за откривање и пријавување, им давале ефикасна заштита на децата кои учеле во национално училиште од секаков ризик од сексуална злоупотреба за кој државните органи знаеле или требале да знаат во времето на настаните. Со оглед на тоа што релевантните факти се случиле во 1973 година, евентуалната одговорност на државата требала да се цени од аспект на фактите и стандардите кои постоеле во тоа време, без да се земе предвид свеста која оттогаш па до денес се развила во општеството во поглед на ризикот од сексуална злоупотреба на малолетници во образовна средина.
Не било спорно дека жалителката била сексуално злоупотребувана од страна на ЛХ ниту дека таа злоупотреба влегувала во опсег на член 3. Исто така имало мало несогласување помеѓу странките во однос на структурата на системот на основно образование во Ирска, кој како резултат на историското искуство на Ирска кое бил единствено во Европа во тоа што државата го организирала образованието (утврдување на наставна програма, издавање на лиценци на наставници и финансирање на училиштата), додека пак националните училишта го обезбедувале секојдневното управување со тој систем. Странките не се согласиле околу одговорноста на државата која произлегува од тој систем од аспект на домашното право и Конвенцијата.
При утврдувањето на одговорноста на државата, Судот морал да испита дали државата требала да знае за ризикот од сексуална злоупотреба на малолетници како жалителката во тоа време и дали државата преку својот правен систем адекватно ги штитела децата од таква злоупотреба.
Судот заклучил дека државата морала да биде запозната за бројот на кривични дела против половата слобода извршени врз малолетници поради големиот број на обвиненија за такви дела пред седумдесеттите години на минатиот век. Повеќе извештаи од триесеттите и седумдесеттите години давале статистички податоци за бројот на обвиненија во Ирска за сексуални кривични дела извршени врз деца. Извештајот Ryan од мај 2009 година исто така сведочел за пријави поднесени до државни органи пред и во текот на седумдесеттите години во врска со сексуална злоупотреба на деца од страна на возрасни. Иако извештајот бил фокусиран на воспитно-поправни и училишта за деца без родителска грижа, биле забележани и пријави за злоупотреба во национални училишта.
Затоа, кога државата контролата врз образованието на големото мнозинство на деца ја предала на недржавни субјекти, таа требала да воведе мерки и гаранции за заштита на децата од потенцијалните ризици за нивната безбедност во најмала рака преку ефикасни механизми за откривање и пријавување на злоупотреба од и пред орган под контрола на државата.
Сепак, воведените механизми на кои се повикала Владата не биле ефикасни. Правилникот од 1965 година за национални училишта и директивата од 1970 година со кои се прецизира праксата која треба да се примени за пријави против наставници не споменувале никаква обврска на државен орган да врши надзор над постапувањето на наставник со децата ниту пак предвидувале процедура која би ги навела децата или родителите директно да се жалат пред државен орган за случаи на злоупотреба. Всушност, со директивата изречно се насочувале поплаките за наставници директно до директорите кои биле свештени лица, обично локалниот свештеник, како во случајот на жалителката. Така, иако имало поплаки за ЛХ во 1971 и 1973 година до директорот на училиштето во кое учела жалителката, тој не ги пријавил тие наводи до ниту еден државен орган. Исто така, во системот на инспектори надлежни за училиштата, на кој Владата исто така се повикала, немало изречна обврска инспекторите да го испитуваат или да вршат надзор на однесувањето на наставникот кон децата, нивната задача пред сè била да вршат надзор и да го известуваат Министерството за квалитетот на наставата и образовниот успех. Инспекторот кој бил надлежен за училиштето на жалителката имал шест посети од 1969 до 1973 година, но нему никогаш не му била поднесена пријава во врска со ЛХ. Всушност, не била поднесена пријава до државен орган до 1995 година, откако ЛХ се пензионирал. Судот заклучил дека систем на откривање и пријавување кој дозволил над 400 инциденти на злуопотреба на наставник да се случуваат во толку долг временски период морало да се смета за неефикасен.
Доколку било адекватно одговорено на пријавата од 1971 година можело основано да се очекува дека би се избегнала злоупотребата на жалителката две години покасно од страна на истиот наставник во истото училиште. Наместо тоа, непостоењето на механизам на ефикасна државна контрола над познатите ризици од сексуална злоупотреба довело до тоа директорот кој бил свештено лице да не постапи по првичната поплака за сексуална злоупотреба, до покасната злоупотреба на жалителката од страна на ЛХ и, погенерално, создало можност ЛХ во многу долг временски период да врши тешки дела на сексуална злоупотреба над бројни ученици во истото национално училиште. Затоа државата на ја исполнила својата позитивна обврска да ја заштити жалителката од сексуална злоупотреба.
Заклучок: повреда (единаесет гласа за и шест против).
(б) Процедурален аспект – Веднаш штом во 1995 година била поднесена пријава до полицијата за сексуална злоупотреба од страна на ЛХ врз дете од националното училиште, била отворена истрага во текот на која жалителката имала прилика да даде изјава. Истрагата довела до тоа ЛХ да биде обвинет по бројни точки на обвинение за сексуална злоупотреба, да биде осуден и затворен. Жалителката не се противела на фактот што било дозволено ЛХ да се изјасни за виновен за репрезентативни точки на обвинение ниту пак на казната која му била изречена.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
Член 13 во врска со член 3: Жалителката имала право на правен лек со кој би се утврдила евентуална одговорност на државата. Затоа, правните лекови во граѓанска постапка против други лица и недржавни субјекти на кои се повикала Владата морало да се сметаат за неефикасни во овој случај, без оглед на нивните изгледи за успех. Исто така, иако била од централна важност за процедуралните гаранции од член 3, осудата на ЛХ не била ефикасен правен лек за жалителката во смисол на член 13.
Што се однесува на наводните правни лекови против државата, не било докажано дека било кој од домашните правни лекови (тужба за одговорност на државата за друго лице, тужба за директна небрежност на државата или тужба за утврдување уставна одговорност) е ефикасен во однос на наводот на жалителката дека државата не ја заштитила од злупотреба.
Заклучок: повреда (единаесет гласа за и шест против).
Член 41: Судот додели надомест во износ 30,000 ЕУР и за материјална и за нематеријална штета, имајќи го предвид надоместот кој веќе ѝ бил исплатен на жалителката како и неизвесноста на идни исплати од страна на ЛХ.
© Coвет на Европа/Eвропски суд за човекови права
Ова резиме подготвено од Секретаријатот на Судот не го обврзува Судот
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2014
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy