© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За повеќе информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ PALOMO SÁNCHEZ И ДРУГИ ПРОТИВ ШПАНИЈА
(Жалби бр. 28955/06, 28957/06, 28959/06 и 28964/06)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
12 септември 2011
Оваа пресуда е конечна но, може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Palomo Sánchez и други против Шпанија,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем судски совет, во состав:
Nicolas Bratza, Претседател,
Peer Lorenzen,
Françoise Tulkens,
Elisabeth Steiner,
David Thór Björgvinsson,
Danutė Jočienė,
Ján Šikuta,
Dragoljub Popović,
Ineta Ziemele,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Päivi Hirvelä,
Luis López Guerra,
Mirjana Lazarova Trajkovska,
Ledi Bianku,
Işıl Karakaş,
Nebojša Vučinić,
Kristina Pardalos, судии,
и Vincent Berger, Јурисконсулт,
Откако расправаше на затворени седници на 8 декември 2010 и 29 јуни 2011,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на датата која е спомената последна:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со шест жалби (бр. 28955/06, 28957/06, 28959/06, 28964/06, 28389/06 и 28961/06) против Кралството Шпанија поднесени пред Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на шестмина шпански државјани, г-н Juan Manuel Palomo Sánchez,
г-н Francisco Antonio Fernández Olmo, г-н Agustín Alvarez Lecegui,
г-н Francisco José María Blanco Balbas, г-н José Antonio Aguilera Jiménez и г-н Francisco Beltrán Lafulla („жалителите“), на 13 јули 2006.
2. Жалителите пред Судот ги застапуваше г-н L. García Quinteiro, адвокат од Барселона. Шпанската Влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот Агент, г-н F. Irurzun Montoro, Застапник на државата.
3. Во нивните жалби, жалителите помеѓу останатото се жалеа дека биле отпуштени како одмазда за тоа што биле членови на синдикат и заради неговите барања, под изговор за наводно навредлива содржина на билтенот кој синдикатот го издавал. Тие се повикаа на член 10 и член 11 од Конвенцијата.
4. Жалбите беа распределени на Третиот оддел на Судот (правило 52 § 1 од Правилата на Судот). На 11 декември 2008 Претседателот на тој оддел одлучи да ги комуиицира жалбите до Владата. Исто така беше одлучено да се одлучи за допуштеноста и основаноста на жалбите во исто време, врз основа на тогашниот член 29 § 3 (сега 29 § 1) oд Конвенцијата и правило 54A.
5. На 17 ноември 2009 Судскиот совет во состав Josep Casadevall, Претседател, Elisabet Fura, Corneliu Bîrsan, Alvina Gyulumyan, Egbert Myjer, Luis López Guerra и Ann Power, судии, и Santiago Quesada, Секретар на оддел, одлучи според правило 42 § 1, да ги спои постапките по жалбите заведени под броевите 28389/06, 28955/06, 28957/06, 28959/06, 28961/06 и 28964/06. Ги прогласи за допуштени жалбите (бр. 28955/06, 28957/06, 28959/06, 28964/06) поднесени од г-н Juan Manuel Palomo Sánchez, г-н Francisco Antonio Fernández Olmo, г-н Agustín Alvarez Lecegui и г-н Francisco José María Blanco Balbas („жалителите“) а недoпуштени жалбите (бр. 28389/06 и 28961/06) поднесени од г-н Mr Aguilera Jiménez и г-н Beltrán Lafulla. На 8 декември 2009 Судскиот совет донесе пресуда (Aguilera Jiménez and Others v. Spain) во која одлучи со шест гласа против еден, дека немало повреда на член 10 од Конвенцијата и дека немало посебно прашање според член 11 од Конвенцијата.
6. На 7 март 2010, жалителите побараа доставување на случаите до Големиот судски совет според член 43 од Конвенцијата и правило 73, тврдејќи дека имало повреда на член 10 и член 11. На 10 мај 2010 комисија на Големиот судски совет го одобри нивното барање.
7. Составот на Големиот судски совет беше одреден според одредбите на член 26 §§ 4 и 5 од Конвенцијата и правило 24.
8. Жалителите и Владата доставија писмени поднесоци до Големиот судски совет.
9. Јавна расправа се одржа во Зградата на човековите права, Стразбир, на 8 декември 2010 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за Владата
г-нF. Irurzun Montoro, Застапник на држвата,Агент,
(б) за жалителите
MrL. Garcia Quinteiro, адвокат,Застапник.
Судот слушна нивни обраќања.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
10. Жалителите живеат во Барселона.
11. Тие работеле како доставувачи за компанијата П. против која тие повеле неколку постапки пред трибуналите за работни односи. Жалителите барале да добијат признавање од нивниот работодавач на нивниот специјален статус на работник со утврдена плата [salaried-worker status], како што било потврдено со пресудите од 2 мај и 30 декември 1995 на Високиот суд на правдата на Каталонија, со цел да бидат покриени со соодветен режим на социјално осигурување. Претставници на комитет на доставувачи кои примале плата по учинок и по одработени часови [non-salaried delivery staff] од компанијата П. сведочеле против нив во тие постапки.
12. На 21 мај 2001 жалителите формирале го формирале синдикатот Н.А.А: (Nueva alternativa asamblearia) за заштита на нивните интереси на доставувачите кои биле под притисок од страна на компанијата П. да се откажат од нивното барање за статус на работник со утврдена плата. Жалителите се приклучиле кон Извршниот одбор на синдикатот. На 3 август 2001 жалителите ја информирале компанијата П. дека формираат претставништво на синдикатот во рамките на компанијата, за нејзиниот состав, и за нивното именување за членови на Извршниот одбор на тоа претставништво. Juan Manuel Palomo Sánchez бил застапник на синдикатот, г-н Francisco Antonio Fernández Olmo благајник, г-н Agustín Alvarez Lecegui претставник за односи со јавност а г-н Francisco José María Blanco Balbas секретар. Немало промени во однос на именувањето на членови на синдикатот или на нивните должности од неговото формирање.
13. Синдикатот Н.А.А. објавувал месечен билтен. Изданието од март 2002 (sic) известувалоза пресудата од 2 април 2002 на Трибуналот за работни односи во Барселона бр. 13, кој делумно ги усвоил тужбените барања на жалителите, наредувајќи и на компанијата П. да им исплати определни износи на пари за плати кои им ги должела.
Насловната страна на билтенот, илустрација со филактери (облачиња во кои се напишани зборови) [speech bubbles] на која имало карикатура на раководителот за човечки ресурси Г., како седи на својата работна маса, под која лице кое е на сите четири се гледа од позади, заедно со, од една страна, А. и Б., исто така вработени во компанијата П. и претставниците на комитетот на доставувачи кои не работат за утврдена плата, кои ја набљудувале сцената чекајќи да им дојде редот за да го задоволат реководителот. Во билтенот имало две статии во кои гласно се критикувал фактот што тие две лица сведочеле во полза на компанијата П. во постапката која жалителите ја повеле против нивниот работодавач. Билтенот бил поделе помеѓу работниците и истакнат на огласната табла на синдикатот Н.А.А. која била во просториите на компанијата.
14. На 3 јуни 2003 компанијата ги известила жалителите дека одбиле отказ заради тешки повреди на работната дисциплина, имено за нарушување на углеедот на Г., А. и Б., врз основа на член 54 §§ 1 и 2 (в) од Правилникот за работни односи, кои предвидуваат раскинување на договор за работа кога работникот е виновен за сериозно и небрежно неиполнување на неговите или нејзините договорни обврски.
15. Жалителите се жалеле против одлуката пред Трибуналот за работни односи бр. 17 во Барселона кој, со пресуда од 8 ноември 2002, ги одбил нивните тужбени барања и одлучил дека отпуштањето било оправдано, во согласност со член 54 §§ 1 и 2 (в) од Правилникот за работни односи. Трибуналот сметал дека одлуката на компанијата да ги отпушти жалителите била заснована врз автентична и сериозна причина, имено објавувањето и поставувањето на огласна табла во просториите на компанијата на илустрација со филактери и две статии кои биле многу навредливи и го повредувале достоинството на засегнатите лица. Првата статија со наслов „Чии сведоци? Нивни, се разбира“ содржела карикатури на А. и Б., на кои тие биле прикажани замолчени со марама врзана на нивните глави, под кои стоел следниот текст:
„Знаевме кои се и како се однесуваат, но, не знаевме колку далеку се подготвени да одат за да ги задржат нивните позиции и удобна работа без да работат ништо.
Како вработени на компанијата П. ние заработуваме со продавање на продукти на улица. А. и Б. заработуваат од продавање на работниците пред судовите. Незадоволни од правење такви работи само преку потпишување на договори кои се против колективниот интерес, тие сега отидоа чекор понатаму – тие ограбуваат и крадат со целосна неказнивост, среде бел ден, со доверба на луѓе кои се чувствуваат сосема недопирливи. Тие глумат богови.
... но, тие, претседателот и секретарот на претставниците на работниците, се согласија, исто како кучиња чувари, да се тркалаат и да си играат за возврат на тапкање по грбот од страна на нивниот господар. ...“
Tрибуналот воочил дека текстот бил одговор на она што се случило во постапката поведена од жалителите пред Трибуналот за работни односи бр. 13 во Барселона, во која А. и Б. се појавиле како сведоци против интересите на жалителите а во полза на работодавачот.
Статијата со наслов „Кога го дадовте под наем вашиот задник не можете да серете кога ќе посакате“ гласела:
„Ако припаѓате на работнички совет и морате да потпишувате договори со вашите работодавачи кои нема никогаш да бидат исполнети, само за да бидете замолчени, и се согласувате на промени во корист на нивните соработници, и на намалувања на плати и ралични распореди за работа, тогаш сте го замениле вашето достоинство за фотеља, [и] имате сомнителна заслуга за постигнување на истото ниво на лош углед како политичарите и полицајците. Гледате, вие молчите и мудро се согласувате на секаков вид на ујдурми. Кога го дадовте под наем вашиот задник не можете да серете кога ќе посакате. Ако вие сте ужасни „професионални синдикалци“ и затоа сте ја продале душата на синдикатот, вие никогаш нема да имате излив на искреност, затоа што вашиот статус би бил загрозен. Вие го кажувате тоа што синдикатот ви кажува да речете, затоа што синдикатите се „кондоми“ на слободата, вашите усни се запечатени како вашиот анален сфинктер затоа што го дадовте под наем вашиот задник не можете да серете кога ќе посакате.
Вие можете да ги видете неправдите кои ги снајдоа вашите колеги, сосема ирационалниот начин на справување со проблемите и постојаното прогонување на на кое тие се подложени, но, не кажувате ништо, затоа што се плашите да не го свртите вниманието кон вас самите. Некогаш, во старите времиња, вие бевте бунтовници кои го критикуваа системот – го проколнувавте конвенционализмот и бевте бесни на правилата и прописите. Критикувавте, бевте динамични, нељубезни, импулсивни и расположени. Но неколку направени услуги постепено го смирија вашиот избувлив темперамент, ја намалија вашата самодоверба и ставија кочници на вашите чувства. Од време на време ве удира носталгија и би сакале да прднете, но, вашиот сфинктер е запечатен, затоа што го дадовте под наем вашиот задник не можете да серете кога ќе посакате.
Преку глава ви е од вашата работа, лути сте, нервозни, под стрес и во очај, заради подолгото работно време и одговорностите, продуктите, унапредувањата и притисоците. Би можеле да работите било каде, да правите било што без да морате да се разбудите во време кога другите легнуваат да спијат. Вие би можеле сѐ да скршите, да распаднете на парчиња, сѐ да срушите. ... но, вашите раце се врзани со кредити и долгови. Вие сте уништени до вашиот нов SUV, активностите на вашите деца после училиште, и хипотеката од дваесет и пет години за вашата куќа во предградието. И дозволувате да биде понижени, заборавате на вашата гордост, молчите и прифаќате, затоа што кога го дадовте под наем вашиот задник не можете да серете кога ќе посакате.“
Билтенот бил поделен на работниците и поставен на огласната табла на синдикатот во просториите на компанијата.
Трибуналот за работни односи забележал на почетокот дека причина за отказот била содржината на билтенот, а не членството на жалителите во синдикат. Тој во својата пресуда се повикал на користењето на правото на слобода на изразување во контекст на работни односи и на фактот дека тоа не било ограничено. Одлучил дека границите на тоа право морале да бидат толкувани според принципот на добра вера, кој во работни односи морала да вклучува почит за интересите на работодавачот и минималните услови за коегзистенција во работна средина. Пресудата ја повторила судската пракса на Уставниот суд дека правото на почитување на слободата на изразување било предмет на ограничувања кои произлегувале од работните односи, затоа што договорот за работа создавал збир на права и реципрочни обврски кои го ограничувале практикувањето на правото на почитување на слободата на изразување. Од таа причина, определени облиџи на тоа право можеле да бидат легитимни во друг контекст но, не биле легитимни во контекст на работни односи, иако условот за однесување во добра вера, не подразбирал секогаш должност на лојалност до степен во кој работникот се подложува на интересите на работодавачот.
Што се однесува на содржината на билтенот, трибуналот сметал дека илустрацијата и филактерите на насловната страница, заедно со статиите во него, биле навредливи и ги пречекориле границите на слободата на изразување и информирање, повредувајќи ја честа и достоинството на раководителот за човечки ресурси и на доставувачите А. и Б. и го повредиле угледот на компанијата П. На крај, трибуналот забележал дека отказот не можел да се прогласи за ништовен затоа што бил заснован на тешка повреда на работната дисциплина предвидена со закон, и одлучич дека основните права на жалителите не биле повредени.
16. Жалителите изјавиле жалба. Во пресуда од 7 мај 2003 Високиот суд на правдата на Каталонија ја потврдил обжалената пресуда во делот кој се однесувал на жалителите.
Судот се повикал, помеѓу другото, на границите наметнати со принципот на добра вера помеѓу страните на договор за работа и за потребната рамнотежа која судските одлуки морале да ја воспостават помеѓу обврските на работникот според тој договор и неговата слобода на изразување. Ова воспоставување рамнотежа морало да овозможи да се утврди дали реакцијата на компанијата која ги отпуштила работниците била легитимна. За судот, објавувањето на навредлива илустрација и статии очигледно му штетеле на достоинството на засегнатите лица и ги пречекорило границите на дозволена критика, затоа што користењето на слободата на изразување не оправдувало употреба на навредливи и вознемирувачки изрази кои биле надвор од легитимниот карактер на користењето на правото да се критикува и очигледно го повредувале угледот на засегнатите лица. Компанијата П., понатаму, соодветно докажала дека отказот на жалителите не бил мерка на одмазда или казнување, туку бил заснован на вистинска, сериозна и доволна причина за носење на одлука да се раскинат договорите за работа.
17. Жалителите изјавиле ревизија, барајќи усогласување на релевантната судска пракса. Во одлука од 11 март 2004 Врховниот суд ја одбил нивната ревизија од причина што одлуката која ја доставиле за споредба, имено пресудата на Високиот суд на правдата од Мадрид од 31 јули 1992, не била релевантна.
18. Повикувајќи се на член 24 (право на правично судење) од Уставот, и на член 20 и 28 заедно ( слобода на иразување и здружување), жалителот поднесле amparo жалба до Уставниот суд. Во одлука од 11 јануари 2006, доставена на 13 јануари 2006, судот одлучил дека жалбата е недпоуштена од причина што немала уставна содржина. Одлуката гласи:
„... Најпрво ... нема доволно докази за да се покаже дека отпуштањето на [барателите] било акт на одмазда од тужената компанија заради судската постапка кој тие ја повеле против неа за заштита на нивните права ...Второ, што се однесува на [наводното] мешање во синдикалната слобода гарантирана со член 28 од Уставот (овој навод го инкорпорира жалбениот навод на жалителите од член 14 од Конвенцијата во оној дел во кој тие навеле дискриминација врз основа на членство во синдикат), тоа е недопуштени затоа што [барателите] не доставија доволно докази да докажат дека постапката на компанијата била со намера да го ограничи, повреди или спречи користењето на нивното право на слобода на здружување, врз основа на нивното членување во синдикат или синдикални активности. Во согласност со она што овој суд постојано го кажувал, такви докази не се состојан во давање наводи за уставна повреда туку мора да бидат доволни за од нив да може да се заклучи дека повредата би можела да се утврди ... што овде не е случај, затоа што наводните околности не доведуваат до какво било сомневање во однос на потенцијалната повреда за која станува збор. Во нивните наводи, барателите само го изразија нивното несгласување со одлуките донесени од пониските судови, кои утврдија во образложени одлуки кои не се чини дека се очигледно неразумни дека тие ги извршиле делата за кои компанијата ги обвинила во нивните отказни писма.
Трето, нема повреда на член 28 § 1 oд Уставот во врска со член 20 § 1 (a), во форма на повреда на правото на барателите на слобода на изразување во контекст на нивната синдикална активност, затоа што ова фундаментално право не содржи право да се навредуваат другите. Како што Судот неодамна одлучи во пресудата бр. 39/2005 oд 28 февруари (правна основа 4), повторувајќи ја својата судска пракса, иако Уставот не забранува повредливи, засрамувачки или навредливи изрази во сите околности, уставната заштита обезбедена со член 20 § 1 (a) oд Уставот, сепак, не се однесува на апсолутно вознемирувачки изрази кои, со оглед на сите околности на случајот и без оглед на нивната вистиност или невистиност, се навредливи или клеветнички и не се релевантни за пренесување на мислења или информацци за кои станува збор. Примената на таа судска пракса на овој случај го води Судот до заклучок дека правото на барателите на слобода на изразување не било повредено, затоа што тие го употребиле тоа право на претеран начин преку вредносни ставови изразени со илустрации и коментари кои биле навредливи и понижувачки за засегнатите лица и ги повредиле нивната чест и углед. [Тие илустрации и коментари] не биле неопходни за другите да формираат мислење за фактите за кои барателите сакале да се жалата, затоа биле непотребно навредливи и непотребни за практикувањето на слободата на изразувањето во синдикален контекст.“
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
19. Релевантните повреди од Уставот гласат:
член 20
„1. Следните права ќе бидат признати и заштитени:
(a) правото слободно да се изразуваат и шират мислења, идеи и ставови усно, по писмен пат или преку било кое друго средство;
...
(г) правото да се добијат и даваат точни информации преку било кое средство за ширење на информации.
...
2. Користењето на овие права не може да биде ограничено со каква било претходна цензура.
...
4. Овие слободи ќе бидат ограничени со почитувањето на правата признати во овој Дел, со одредбите на законите за имплементирање и особено со правото на чест и приватен живот и правото да се контролира употребата на својата слика и за заштита на младината и децата.“
Член 28
„1. Секој ќе има право на слободно здружување...Слободата на здружување ќе го вклучува правото на основање синдикати или правото да се стане член на синдикат по свој избор, и правото на синдикатите да основаат сојузи и да воспостават или да се приклучат кон меѓународни синдикални сојузи. Никој нема да биде обврза да стане член на синдикат.
...”
20. Релевантните одредби од Правилникот за работни односи (одобрен со Кралска законодавна уредба бр. 1/1995 oд 24 март 1995) гласата:
член 54 – Отказ заради дисциплински повреди
„1. Работодавачот може да одлучи да раскине договор за работа со отпуштање на работник за сериозно и небрежно неисполнување на неговите или нејзините обврски.
2. Под неисполнување на договорни обврски се подразбира:
...
(в) Вербални или физички напади врз работодавачот или лица вработени во компанијата, или членови на нивните семејства кои живеат со нив.“
Член 55 § 7
„Оправданиот отказ ќе повлече раскинување на договорот без какво било право на оштета ...“
III. РЕЛЕВАНТНИ МЕЃУНАРОДНИ ИНСТРУМЕНТИ И ПРАКСА
A. Меѓународна организација на трудот
21. На 23 јуни 1971 Општата конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Препораката бр. 143 во однос на претставниците на работниците, чија точка 15 гласи:
„(1) Претставници на работниците кои дејствуваат од име на синдикат ќе бидат овластени да објавуваат синдикални огласи во просториите на претпријатиетот на место или на места договорени со управата и до кои работниците имаат лесен пристап.
(2) Раководството на претпријатието треба да им дозволи на претставнивите на работниците кои дејствуваат од име на синдикат да дистрибуираат весници, памфлети, публиказии и други документи на синдикатот помеѓу работниците на претпријатието.
(3) Ивестувањата и документите споменати во овој параграф треба да се однесуваат на вообичаени синдикални активности и нивното објавување и дистрибуирање не треба да влијае врз мирното работење и уредноста на претпријатието.“
22. На својата педесет и четврта седница, во јуни 1970, Меѓународната конференција на трудот усвои Резолуција за синдикални права и нивниот однос со граѓанските слободи. Конференцијата изречно ги набројала основнуте права кои се од суштинско значење за практикувањето на слободата на здружување, особено: (а) правото слобода и безбедност на личноста и слобода од арбитрерно апсење и притворање; (б) слобода на мислата и изразувањето и особено слободата да се има мислење без мешање и да се бараат, добијат и пренесат информации и мислења преку било кој медиум и без оглед на граници; (в) слобода на здружување: (д) правото на правично судење пред независен и непристрасен суд; и (ѓ) правото на заштита на имотот на синдикати.
23. Во 1994 МОТ објавила извештај со наслов „Слобода на здружување и колективно договорање: синдикални прави и граѓански слободи“. Релевантните пасуси од тој извештај гласат:
„Дел I. Слобода на здружување и заштита на правото на организирање
Глава II. Синдикални права и граѓански слободи
Вовед
...
24. Со Декларацијата од Филаделфија ...официјално се призна врската помеѓу граѓанските слободи и синдикалните права со декларира во член I(б) дека слободат на изразување и здружување се од суштинско значење за одржлив напредок и повикувајќи се во член II(a) на фундаменталните права кои се неразделив дек од човековото достоинство. Оттогаш, тој однос постојано се потврдува и нагласува, и од надзорните органи на МОТ и во конвенции, препораки и резолуции усвоени од Меѓународната конференција на трудот.
...
27. Информациите со кои се располага, особено за карактерот на жалбите поднесени до Комитетот за слобода на здружување, покажуваат дека главните потешкотии со кои се соочуват синдикалните организации и нивните лидери и членови се однесуваат на основните права, особено правото на безбедност на личноста, слободата на здружување, слободата на мислата и изразувањето, како и правото на заштита на имотот и просториите на синдикатите.
...
Слобода на мислата и изразувањето
38. Уште еден суштински аспект на синдикалните права е правото да се изразуваат мислења преку печатот или на друг начин. Целосното користење на синдикалните права бара слободен тек на информации, мислења, и ставови, а работниците, работодавачите и нивните организации треба да уживаат слобода на мислата и иразувањето на нивните средби, во нивни публикации, и во текот на другите нивни активности. Во случаи во кои издавањето на синдикални публикации е предмет на давање дозвола, задолжителното барање на дозвола не треба да биде предмет на чисто дискреционо одлучување на органите кои се за тоа овластени, ниту пак треба да се користи како средство за наметнување ограничувања за темата на публикациите, понатаму по секое барање за дозвола треба да се одлучи брзо. ... Мерки на административна контрола – на пример, повлекување на дозвола дадена на весник на синдикатот, контрола на печатници и опрема, или контрола на доставувањето на хартија – треба да бидат предмет на брза и независна судска контрола.
39. Важен аспект на слободата на изразувањето е слободата на говорот на состаноците на делегатите на работниците и работодавачите, конференциите и средбите, и особено на Меѓународната конференција на трудот.
...
43. Комитетот смета дека гаранциите наведени во меѓународните конвенции за трудот, особено тие кои се однесуваат на слободата на здружувањето, може да бидат ефикасни само ако граѓанските и политичките права гарантирани во Универзалната декларација за човекови права и други меѓународни инструменти, особено Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, се навистина признати и заштитени. Овие неотуѓиви и универзални принципи, чија важност Комитетот сака посебно да ја нагласи по повод од седумдесет и петгодишнината од создавањето на МОТ и педесетгодишнината од Декларацијата од Филаделфија, треба да претставуваат заеднички идеал кон кој се стремат сите народи и нации.“
24. Петтото (изменето) издание на Прегледот на одлуки и принципи на Комитетот за слобода на здружување на раководното тело на Меѓународната канцеларија на трудот, објавено во 2006, содржи резиме на принципите формулирани од страна на Комитетот во контекст на индивидуални или колективни жалби во врска со наводни повреди на синдикални права. Во општите принципи во однос на слободата на мислата и изразувањето спаѓаат:
„154. Целосното користење на синдикалните права бара слободен проток на информации, мислења, и ставови, и за таа цел работниците, работодавачите и нивните организации треба да уживаат слобода на мислата и иразувањето на нивните средби, во нивни публикации, и во текот на другите нивни активности. Сепак, при изразувањето на нивните мислења синдикалните организации треба да ги почитуваат границите на пристојност и да се воздржат од употреба на навредливи зборови (види Преглед од 1996, , параграф 152; 304-ти Извештај, случај бр. 1850, параграф. 210; 306-ти извештај, случај бр. 1885, параграф 140; 309-ти извештај, случај бр. 1945, параграф 67; 324-ти извештај, случај бр. 2014, параграф 925; и 336-ти извештај, случај бр. 2340, параграф 652.)
155. Правото на изразување на мислења преку печатот или на друг начин е суштински аспект на сидникалните правва (види Преглед од 1996, параграф 153; 299-ти извештај, случај бр.. 1640/1646, параграф 150; 302 извештај, случај бр. 1817, параграф 324; 324-ти извештај, случај бр. 2065, параграф 131; 327-ми извештај, случај бр.. 2147, параграф 865; 328 извештај, случај бр.. 1961, параграф 42; 332 извештај, случај бр. 2090, параграф 354; и 333-ти извештај, случај бр. 2272, параграф 539.)
156. Правото на изразување на мислења без претходна дозвола преку печатот е еден од суштинскит елементи на правата на работнички организации (види Преглед од 1996, параграф 154).
157. Слободата на изразување која треба да ја уживаат синдикатите и нивните лидери треба исто така да биде призната кога тие сакаат да ја критикуваат економската и социјалната политика на Владата (види Преглед од 1996, параграф 155).
...
163. Забраната на ставање на постери со кои се изразува ставот на синдикална организација е неприфатливо ограничување на синдикални активности (види Преглед од 1996, параграф 467.)
...
166. Објавувањето на вести и информации од општ и специјален интерес на синдикатите и нивние членови е легитимна синдикална активност и примената на мерки предвидени за контролирање на објавувањето и средствата за информирање може да се вклучува сериозно мешање од страна на административните органи во оваа активност. Во такви случаи, вршењето на административна власт треба да биде предмет на судска оцена која ќе се иврши што е можно побрзи (види Преглед од 1996, параграф 161; извештај 320, случај бр.. 2031, параграф172; и извештај 327, случај бр. 1787, параграф 341.)
...
168. Иако наметнувањето на општа цензура е пред сѐ прашање поврзано со граѓанските слободи, а не со синдикалните права, цензурата на печатот во текот на работен спор може да има директни последици врз текот на спорот и може да влијае штетно врз странките не дозволувајќи да се осознаат точните факти во врска со спорот (види Преглед од 1996, параграф 163.)
169. При издавањето на нивните публикации, синдикалните организации, треба да ги почитуваат, во интерес на равојот на синдикалното движење, принципите прогласени на триесет и петтата седница на Меѓународната конференција на трудот (1952) за заштита на слободата и независноста на синдикалното движење и заштитата на неговата основна задача, која е да ја осигура социјалната и економската благосостојба на сите работници. (види Преглед од 1996, параграф 165.)
170. Во случај во кој се чинело дека весник на еден синдикат, во неговото алудирање и обвинувања против Владата, ги преминал дозволените граници на дебата, Комитетот посочил дека публикациите на синдикатите треба да се воздржат од претерани иразри. Примарната улога на публикациите од овој вид треба да биде да се занимаваат со прашања кои во основа се поврзана со одбраната и остварувањето на интересите особено на членовите на синдикатот и со прашања поврзани со работните односи генерално. Комитетот, сепак, признал дека е тешко да се направи разлика помеѓу она што е од политички и она што е од чисто синдикален карактер. Тој посочил дека овие поими се совпаѓаат, и дека е неизбежно а понекогаш и нормално синдикалните публикации да заземат став по прашања кои содржат и политички аспекти, како и по чисто економски и социјални прашања. (види Преглед од 1996, параграф 166.)
Б. Интер-американскиот суд за човекови права
25. Американската конвенција има посебен дополнителен протокол во однос на економски, социјални и културни права, „Протоколот од Сан Салвадор“. Усвоен и отворен за потпишување на 18 ноември 1988, тој стапил во сила на 16 ноември 1999. Член 8 од тој Протокол, насловен „Синдикални права“ гласи:
„1. Државите договорнички ќе ги признаат:
a. Правото на работниците да основаат синдикати и да станат членови на синдикати по нивен избор со цел заштита и промоција на нивните интереси. Како продолжение на тоа право, државите договорнички ќе им дозволат на синдикатите да основаат национални федерации или конфедерации, или да се приклучат кон веќе постоечките, како и да основаат меѓународни синдикални организации и да се прклучуваат кон нив по свој избор. Државите договорнички исто така ќе им дозволат на сидникатите, федерациите и конфедерациите да дејствуваат слобдно;
б. Правото на штрајк.
2. Практикувањето на правата наведени погоре може да биде предмет само на ограничувања предвидени со закон, под услов тие ограничувања да се карактеристични за едно демократско општество и неопходни за заштита на јавниот ред или за заштита на јавното здравје или моралот или правата и слободите на другите. За припадниците на оружените сили и полицијата и други основни јавни служби ќе важат ограничувања предвидени со закон.
3. Никој не може да биде присилен да биде член на синдикат.“
26. Во неговото советодавно мислење OC-5/85, Интер-американскиот суд го нагласил фундаменталното значење на слободата на изразувањето за постоењето на демократското општество, нагласувајќи помеѓу другото дека слободата на изразување била sine qua non за развојот на синдикатите. Тој го заклучил следното (параграф 70 од мислењето):
„Слободата на изразувањето е камен темелник на кој почива постоењето на демократското општество. Таа е незаменлива за формирањето на јавното мислење. Таа е исто така conditio sine qua non за развојот на политичките партии, синдикатите, научните и културни здруженија и, генерални, за оние кои сакаат да влијаат врз јавноста. Таа накусо претставува средство кои и овозможуваат на заедницата, кога се определува за опции, да биде доволно информирана. Затоа, може да се каже дека општеството кое не е добро информирано не е општество кое е вистински слободно,“
IV. ЕЛЕМЕНТИ НА СПОРЕДБЕНО ПРАВО
27. Истражувањето на споредбеното право покажа дека дисциплинските овластувања на работодавачите во државите членки на Советот на Европа се разновидни. Постои сличност помеѓу правните системи на триесет и петте земји кои беа анализирани: сите предвидуваат и овозможуваат слобода на изразување и синдикална слобода на работниците, обично преку норми од уставен карактер, или пак, преку законодавни уредби. Работниците кои се синдикални претставници имаат посебна заштита за да им се помогне во иполнувањето на нивните должности. Прописите во сите земји, за да ја спојат употребата на ова право со основните права и слободи на другите, утврдуваат казни во случаи на злоупотреба на правото на слобода на изразување. Овластувањата кои им се дадени на работодавачите дозволуваат, ако е потребно, примена на дисциплинска постапка против работник или вработен чие однесување може да се опише како неправилна употреба на неговата слобода на изразување. Судската пракса по такви прашања е услогласена и покажува дека постои систематско испитување на сразмерноста помеѓу одредувањето отказ и однесувањето на кој тој отказ бил заснован.
28. Инструментите на домашното право предвидуваат казнување на секоја постапка на работникот која може да ги повреди правата и слободите на другите.
Релеватните правили можат да бидат пред сѐ предвидени со Кривичен законик, или преку одредби за можност да се поднесе тужба за утврдување на одговорност. Во повеќето случаи, кривичните поими како пто се клевета, повреда на честа или угледот или навреди му овозможуваат на лицето кое тврди дека е жртва на таква повреда да поведе постапка за да се утврди одговорност на лицето кое ги дало конкретните коментари.
Правилата на Законици за работни односи или нормите кои важат за државни службеници исто така ја регулираат употребата на слободата на изразување на вработените, и ако е потребно предвидуваат казнување на каква било злоупотреба. Слични ограничувања може да бидат наметнати и на јавни функционери, без разлика дали тие имаат статус на „државен службеник“.
29. Дисциплинската власт е еден од суштинските прерогативи на работодавачот, без разлика дали тој има приватен или јавен карактер. Во врска со тоа работодавачите имаат широко дискреционо право да наметнат санкција која тие сметаат дека е најсоодветна за обвинувањата против еден работник; обемот на можни санкции вклучува и овластување да се даде отказ на лице кое сериозно ги компромитирало интересите на компанијата или јавната служба. Во исто време ова овластувања е следено со забрана за отпуштање на работници од причини поврзани со синдикална активност. Давањето отказ може да биде засновано на прекршување на работната дисциплина или друга легтимна причина. Во првиот случај тоа се однесува на даден – утврден – тип на однесување. Во вториот случај, однесувањето се анализира во општа смисла.
30. Пропорционалноста на мерката давање отказ во однос на постапката на работникот е основа на сите закони кои беа анализирани.
31. Важечкото право во државите кои беа анализирани покажува дека секоја злоупотреба на слободата на иразување која им е дадена на работниците или државните службеници секогаш се смета за неприфатлив акт кој може да оправда наметнување на дисциплински мерки кои можат до одат и до отказ. За таа цел, се земаат во предвид фактички елементи од објективен карактер, како што се (i) сериозноста на неправилното постапување; (ii) карактеристиките на коментарите, обемот на нивното објавување, и исто така и некои субјективни елементи. Во тие субјективни елементи спаѓаат личната ситуација на работникот, било каква злоупотреба на слободата на изразување и прашањето дали однесувањето е надвор од „вообичаената“ синдикална активност.
32. Во сите земји кои беа анализирани, општите правила се јасни и дозволуваат правото на работникот на слобода на иразување да се урамнотежи со правата и прерогативите на работодавачот. Нивната примена е попроблематична, затоа што ограничувањето на основно право може да бида прифатено само ако, со оглед на изречената мерка, е пропорционално на целта која требало со тоа ограничување да се оствари. Само преку пристап од случај до случај може да се разбере суштината на судското решение усвоено во секој посебен тип на ситуација.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ОД АСПЕКТ НА ЧЛЕН 11
33. Жалителите кои се членови на извршниот одбор на синдикатот Н.А.А., се жалеа дека тие биле отпуштени заради содржината на билтенот на синдикатот од март 2002. Тие тврдеа дека компанијата П. не го проверила поединечниот обем на нивно учество и лична одговорност. Тие наведоа дека биле отпуштени како одмазда за барањата на синдикатот, а наводно навредливата содржина на билтенот била употребена како изговор. Тие сметаа дека илустрациите и двете статии за кои станува збор не ги пречекориле границите на дозволената критика според член 10 од Конвенцијата, затоа што оспорените изрази биле употребени во духовита смисла, а не со намера да навредат некого.
Жалителите се повикаа на член 10 и член 11 од Конвенцијата, кои гласат:
член 10
„1. Секој има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за ... заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите ... “
член 11
„1. Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување со други, вклучувајќи го и правото да основа синдикати и да им се придружува на синдикатите за заштита на своите интереси.
2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено само со законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за ... заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите на други...“
A. Пресудата на Судскиот совет
34. Во неговата пресуда од 8 декември 2009, откако повторил дека слободата на изразување претставува еден од основните темели на демократското општество, Судскиот совет посочил дека таа слобода била предмет на исклучоци, кои треба да се толкуваат строго, и неопходноста на секој исклучок морала да биде оправдана со неодложна општествена потреба [pressing social need]. Во овој случај, мешањето било „предвидено со закон“ и имало легитимна цел, имено заштитата на угледот или правата на другите.За да утврди дали мешањето било неопходно во демократско општество, Судот морал да се повика на посебниот контекст на спорот, во кој била поведена постапка од страна на жалителите против нивниот работодавач пред судовите за работни односи. Иако заземајќи го ставот дека ако синдикат не може слободно да ги изрази своите мислења би станал бесмислен и безначаен, Судскиот совет воочил во овој случај дека шпанските судови ги измериле спротивставените интереси, во светло на домашниот закон, и заклучиле дека жалителите ги пречекориле дозволените граници на правото да изрази критика. Одлуките донесени од домашните судови затоа не можело да се сметаат за неразумни или арбитрерни. Затоа, Судскиот совет одлучил дека немало повреда на член 10 од Конвенцијата. Понатаму, тој сметал дека немало посебно прашање под член 11 од Конвенцијата.
Б. Аргументи на странките
1. Жалителите
35. Жалителите посочија дека нивниот работодавач, компанијата П., одбила да им признае статус на работници со утврдена плата и да им пресмета соодветни придонеси за социјално осигурување, иако тој статус им бил признат од судовите. Тие сметаа дека Судскиот совет не го зел доволно во предвид долгиот и сложен спор на нивниот синдикат до нивниот работодавач и со здружение на доставувачи кои не работат за утврдена плата создадено и подржано од компанијата, чии членови биле двајцата сведоци споменати во билтенот.
36. Жалителите тврдеа дека од април 2001, откако работниците кои членувале во синдикатот Н.А.А. одбиле да се откажат од правата признати од судовите, компанијата П. одлучила да ги казни преку значително намалување на платата. Затоа тие сметаа дека билтенот на синдикатот кој довел до овој случај морал да биде сфатен во неговиот контекст, имено вознемирувањето и систематскиот притисок од работодавачот и здружението на доставувачи кои не работат за утврдена плата кое било основано од работодавачот, за да се спречи ширењето на барања на работницит и за да ги убеди да се откажат од права признати под судски пат. Жалителите тврдеа дека раководителот за човечки ресурси на П. се обидел да ги купи услугите на некои членови на синдикатот за да ги убедат другите доставувачи да се воздржат од изразувањето на нивните права. Раководителот за човечки ресурси наводно им понудел пари за возврат на такви услуги, и здружението на доставувачи кои не работат за утврдена плата, чии членови биле сведоците А. и Б., на тој начин станало соучесник на работодавачот. Крајниот резултат бил не само отпуштање без давање оштета на жалителите, единствените доставувачи кои не се откажале од нивните права, туку исто така и растурање на синдикатот. Жалителите беа на став дека затоа имало повреда на слободите гарантирани со член 10 и член 11 од Конвенцијата.
37. Жалителите тврдеа дека илустрацијата на насловната страна на билтенот на синдикатот, како и спорните статии, требало да бидат критички и да дадат информации за барањата за плата пред трибуналот за работни односи и за однесувањето на членовите на здружението на доставувачи кои не работат за утврдена плата. Упоребата на сатирички цртеж и изрази, кое можеби се сметале за груби и шокантни, на никој начин не се мешале во личната или приватната сфера на конкретното лице, туку се однесувале на нивната улога во спорот за кој станува збор. Немало личен напад во пародичниот и очигледно ироничен ток употребен, инспириран од animus jocandi, а не од animus iniurandi.
38. Жалителите посочија дека статиите и цртежите не биле потпишани и се однесувале на дебата во исклучиво работни и синдикални прашања, спроведена преку средството за комуникација на синдикатот. Затоа било арбитрерно да се смета дека сите негови членови биле лично одговорни за оваа публикација, што довело или до дисциплинска одговорност од колективна природа или до очигледно незаконито постапување, налог да се распушти синдикатот во компанијата преку отпуштање на неговите основачи, спротивно на член 11 од Конвенцијата.
39. Жалителите на крај воочија дека дури и ако се тврдело дека критиките во билтенот на синдикатот го повредиле основнот право на други на нивна чест и углед, наметнувањето на казна, како што е отказ бил надвор од легитимната заштита на тоа право и не било пропорционлано на целта која требало да ја оствари.
2. Владата
(a)Факти
40. Владата посочи, во одговор на тврдењата на жалителите во нивното барање за доставување на случајот до Големиот судски совет, дека „синдикалните повереници“ критикувани во билтенот не биле работници кои работодавачот ги „ослободил од обврската да работата“ во замена за „однесување кое е поволно за компанијата“ и нагласи дека тие не биле финансирани од работодавачот и дека давањето на слободни денови без загуба на плата на претставници на синдикат за да ги вршат нивните синдикални доложности било законска обврска (член 68 од Правилникот за работни односи).
(б)Жалбен навод по член 10 од Конвенцијата
41. Владата прифати дека мешање во слободата на изразување можело да настане во контекст на однос според приватно право, сепак, во тој случај немало директно мешање од државата во слободата на изразување на жалителите туку, потенцијално пропуст да ги исполни своите позитивни обврски да ја заштити таа слобода.
42. Владата посочи дека можноста за раскинување на договор за работа во случај на напад врз работодавачот или работниците била предвидена со закон и имала легитимна цел: заштита на угледот на другите. Шпанските судови сметале дека жалителите ги надминале границите кои се инхерентни на користењето на нивната слобода на изразување, до степен со која се оштетува угледот на работодавачот и другите работници. Коментарите не биле објавени во медиумите туку во ограничената средина на една компанија, и се однесувале на поединци кои работеле таму, имено раководителот за човечки ресурси и колеги работници, што значи лица кои немале јавни должности. Обемот на прифатливо критикување кога е насочено кон приватно лице бил помал од обемот на на критики насочени кон органите или јавни установи (спротивно со Dink v. Turkey, nos. 2668/07, 6102/08, 30079/08, 7072/09 and 7124/09, § 133, ECHR 2010‑...). Tој контекст ја зголемил штетата предизвикана од билтенот врз угледот на засегнатите лица, затоа што сите потенцијални лица на кои тој билтен се обраќал ги знаеле поединците кои били критикувани или предмет на карикатура.
43. Жалителите се изразиле преку пишан медиум (не во контекст на вербална и споната размена на мислења) со општа дистрибуција во компанијата, користејќи го билтенот на синдикатот и огласната табла. Затоа тоа било добро осмислен акт на жалителите, кои биле сосема свесни за последиците од нивните постапки и начинот на кој угледот на другите би можел да биде нарушен.
44. Што се однесува на содржината на коментарите на жалителите, Владата тврдеше дека не се работело за мислење или анализа на прашања од општ интерес (спротивно со Fuentes Bobo v. Spain, no. 39293/98, 29 February 2000) но, како во случајот De Diego Nafría v. Spain (no. 46833/99, 14 March 2002), коментарите биле дадени во контекст на чисто работен спор со компанијата во која работеле. Понатаму, тие не придонесле кон дебата за синдикалната политика или прашања кои ги засегаат сите работници во компанијата, туку биле изразени како реакција кон лицата кои сведочеле против жалителите во судска постапка во која легитимно ги употребиле своите права.
45. Шпанските судови сметале дека каква било легитимна критика која документот ја содржел била изразена преку груби навреди, пејоративно сугерирајќи дека конкретните лица дале „сексуални услуги“ во замена за друг тип на услуга, и опишувајќи ги како „крадци’. Во Lindon, Otchakovsky-Laurens and July v. France ([GC], nos. 21279/02 and 36448/02, ECHR 2007‑XI), Судот одлучил дека слободата на изразување не штитела слични коментари во однос на јавна фигура од политиката, тоа важело уште повеќе кога коментарите се однесувале на приватни лица.
46. Што се однесува на карикатурите, овој случај бил суштински различен од случајот Vereinigung Bildender Künstler v. Austria (no. 68354/01, ECHR 2007‑II). Овде не станувало збор за формирање на демократско јавно мислење изразено преку уметност, туку коментари во контекст на односите работодавач-работник.
47. Владата сметаше, повикувајќи се на Constantinescu v. Romania (no. 28871/95, §§ 72-75, ECHR 2000‑VIII), дека нарушувањето на угледот на други, при користењето на слободата на изразување од страна на жалителите, не можело да се смета за оправдано со нивната синдикална активност. Ограничувањата на слободата на изразување од член 10 § 2 исто така важеле и за синдикални претставници.
48. Владата забележа дека карактерот и строгоста на казната исто така требале да се земат во предвид при оцена на пропорционалноста на мешањето според член 10 од Конвенцијата. Во пресудата Diego Nafria, цитирана погоре, Судот сметал дека, иако отказот имал сериозни последици за работниот однос на работникот кој ги пречекорил прифатливите граници на искажувањето критика, при оцена на пропорционалноста на мешањето неопходно било да се земат во предвид сите околности на конкретниот случај. Во овој случај, шпанските судови ја оцениле директната штета врз угледот на лицата споменати во билтенот на синдикатот, преку груби и навредливи коментари и цртежи. Дури и да можело мислењата на жалителите да се сметаат за легитимни, тие биле изразени на непотребно навредлив начин, во писмена форма и со намера.
49. Владата затоа заклучи дека мешањето за кое станува збор било оправдано со исполнување на легитимна цел кое било пропорционално на таа цел.
(в)Жалбен навод по член 11 од Конвенцијата
50. Според Владата, овој жалбен навод немал одделна суштина и морал да биде разгледан заедно со жалбениот навод по член 10. Всушност, жалителите се чинело дека тврдат дека изразите кои довеле до расинување на нивните договори за работа морале да бидат оценети во контекст на нивните синдикални активности. Правото да се основа или да се стане член на синдикат сепак не било засегнато од одлуката на работодавачот, потврдена од судовите, она што требало да се испита во овој случај бил обемот или границите на слободата на изразување на синдикалните претставници.
51. Слободата призната во член 11 од Конвенцијата наметнувала позитивни обврски за заштита од страна на државата, вклучително и на тие обврски кои се поврзани со можноста да се изразат лични мислења. Сепак, повреда на тие позитивни обврски би постоела кога слободата на здружување била засегната (види, особено, Gustafsson v. Sweden, 25 April 1996, § 52, Reports of Judgments and Decisions 1996‑II). Жалителите не докажале дека целта на одлуките за отпуштање била одмазда врз конкретен синдикат за разлика од другите синдикати. Навредливиот билтен само го критикувал сведочењето на определени синдикални претставници во спорови со кои биле засегнати жалителите индвидуално, и го споредил тоа сведочење со сексуални услуги или кражба. Затоа немало повреда на правото на слобода на здружување туку во прашање бил обемот и границите на слободата на изразувањето на синдикалните претставници кои требало да се анализираат според член 10 од Конвенцијата.
В. Оцена на Судот
1. Која одредба треба да се примени во овој случај
52. Судот најпрво воочува дека фактите на овој случај се такви да прашањето на слободата на иразување е тесно поврзано со прашањето за слободата на здружување во синдикален контекст. Судот повторува во врска со тоа дека заштитата на лични мислења, гарантирана со член 10, е една од целите слободата на собирање и здружување гарантирана со член 11 (види Ezelin v. France, 26 April 1991, § 37, Series A no. 202, и Barraco v. France, no. 31684/05, § 27, ECHR 2009‑...). Странките, дотолку повеќе, доставија аргументи во однос на двете одредби.
Треба сепак да се воочи дека жалбениот навод на жалителот воглавно се однесува на нивното отпуштање, затоа што како членови на извршен одбор на синдикат, ти објавиле и поставиле статиите и илустрациите за кои станува збор. Понатаму, домашните судови одлучиле дека не било докажано дека жалителите биле отпуштени затоа што биле членови на синдикат. Судовите се повикале на практикувањето на слободата на изразување во контекст на работни односи и воочиле дека тоа право не било неограничено, како последица на посебните карактеристики на работните односи кои морале да бидат земени во предвид. Понатаму, Високиот суд на правдата на Каталонија одлучил дека со отказот на двајца други доставувачи кои работеле за утврдена плата бил прекршен член 54 §§ 1 и 2 (в) oд Правилникот за работни односи, затоа што биле на боледување во времето на публикацијата и дистрибуцијата за билтенот за кој станува збор. Тоа значело дека не можело да се смета тие учествувале во публикацијата и дистрибуцијата за билтенот, и на тој начин, дека се колективно одговорни за штетата која била со него предизвикана врз достоинството на засегнатите лица. Трибуналот за работни односи само како споредно прашање воочил дека тие сеуште биле членови на конретниот синдикат (види параграф 15 погоре). Тоа потврдува дека членството на жалителите во синдикатот не имало одлучувачка важност за нивното отпуштање. .
Судот затоа смета дека е посоодветно да ги разгледа фактите според член 10, кој сепак ќе биде толкуван од аспект на член 11 (види Women On Waves and Others v. Portugal, no. 31276/05, § 28, ECHR 2009‑... (extracts)).
2. Почитување на член 10 од Конвенцијата, анализиран од аспект на член 11
(a) Општи принципи во врска со слободата на изразување
53. Слободата на изразување е еден од суштинските темели на демократско општество и еден од основните услови за негов напредок и за реализацијата на секој поединец. Под условите од параграф 2 од член 10, таа важи не само за „информации“ или „ставови“ на кои се гледа со наклоност или се сметаат за ненавредливи или кон кои постои рамнодушност, туку исто така и на тие кои навредуваат, шокираат или вознемируваат. Тоа го налагаат плурализмот, толеранцијата и слободумноста без кои не е можно „демократско општество“. Како што е наведено во член 10, оваа слобода е предмет на исклучоци, кои сепак мора да се толкуваат строго, а потребата за какви било ограничувања мора да биде убедливо докажана (види, помеѓу повеќе други судски одлуки, Lindon, Otchakovsky-Laurens and July, цитиран погоре). Понатаму, член 10 ја штити не само суштината на ставовите и информациите кои се изразени туку исто така и формата во која тие се пренесуваат (види De Haes and Gijsels v. Belgium, 24 February 1997, § 48, Reports 1997‑I).
54. Сепак мора да се земе во предвид и потребата да се воспостави рамнотежа помеѓу различните интереси кои се инволвирани. Заради нивниот директен, постојан контакт со стварноста во земјата, судовите на државата се во подобра позиција отколку еден меѓународен суд да утврдат како, во релевантниот период, правилната рамнотежа може да биде воспоставена. Од оваа причина, во случаи по член 10 од Конвенцијата државите имаат определено поле на слободна оцена при утврдувањето на неопходноста и опсегот на какво било мешање во слободата на изразување заштитена со тој член (види Tammer v. Estonia, no. 41205/98, § 60, ECHR 2001‑I, и Pedersen and Baadsgaard v. Denmark [GC], no. 49017/99, § 68, ECHR 2004‑XI), особено кога треба да се воспостави рамнотежа помеѓу спротивставени приватни интереси.
55. Сепак таа слободна оценка е оди заедно со европски надзор, кој се однесува и на законодавството и на одлуките со кое тоа се применува, дури и тие кои се донесени од независен суд (види, mutatis mutandis, Peck v. the United Kingdom, no. 44647/98, § 77, ECHR 2003‑I, и Karhuvaara and Iltalehti v. Finland, no. 53678/00, § 38, ECHR 2004‑X). Задачата на Судот при вршењето на својата надзорна функција не е да го заземе местото на националните власти туку да преиспита, со оглед на случајот како целина, дали одлуките кои тие власти ги донесле врз основа на нивната слободна оцена се во согласност со одредбите на Конвенцијата на кои жалителот се повикува (види Bladet Tromsø and Stensaas v. Norway [GC], no. 21980/93, § 60, ECHR 1999‑III; Petrenco v. Moldova, no. 20928/05, § 54, 30 March 2010; Polanco Torres and Movilla Polanco v. Spain, no. 34147/06, § 41, 21 September 2010; и Petrov v. Bulgaria (dec.), no. 27103/04, 2 November 2010).
56. Судот смета дека членовите на еден синдикат мора да можат да ги искажат своите барања на нивниот работодавач со кои тие се трудат да ја подобрат положбата на работниците во нивната компанија. Во тој поглед, Судот воочува дека Интер-американскиот суд човекови права во неговото Советодавно мислење OC-5/85193, нагласил дека слободата на изразување била “conditio sine qua non за развојот на ... синдикатите“ (види параграф 26 погоре; види исто така параграф 24 особено точка 155 цитирана во тој параграф). На синдикат кој нема можност да ги изрази своите ставови слободно во тој поглед фактички би му биле одземени основните средства за дејствување. Затоа, со цел да се гарантира целисходниот и ефикасен карактер на синдикалните права, домашните власти мора да гарантираат дека несразмерни казни нема да ги обесхрабрат синдикалните претставници во нивните напори да ги искажат и штитат интересите на членовите на синдикатот. Иразувањето на синдикатите може да биде во форма на весници, памфлети, публикации и други докуметни на синдикатот чија дистрибуција од страна на претставниците на работниците кои дејствуваат во име на синдикатот затоа мора да биде дозволени од страна на раководството на работодавачот, како што е кажано од страна на Општата конференција на Меѓународната организација на трудот во нејзината Препорака бр. 143 од 23 јуни 1971 (види параграф 21 погоре).
57. Во овој случај шпанските судови требало да го балансираат правото на жалителите на слобода на изразување, гарантирано со член 10 од Конвенцијата, со правото на чест и углед на г-н Г., г-н А. и г-н Б. (види параграф 15-18 погоре) во контекст на работен однос. Член 10 од Конвенцијата не гарантира неограничена слобода на иразување и заштитата на угледот или правата на другите, во овој случај угледот на лицата кои бил цел на илустрацијата и текстовите за кои станува збор, претставува легитимна цел која дозволува ограничување на таа слобода на изразување. Ако образложението во одлуките на домашните судови во однос на ограничувањата на слободата на изразување во случаи кои се однесуваат на угледот на некое лице е доволно и во согласност со критериумите утврдени во судската пракса на Судот, ќе бидат потребни убедливи причини за Судот да го замени ставот на домашните судови со свој став (види MGN Limited v. the United Kingdom, no. 39401/04, §§ 150 and 155, 18 January 2011).
(б) Позитивни обврски на тужената држава според член 10 од Конвенцијата, анализиран од аспект на член 11
58. Судот забележува дека, според член 1 од Конвенцијата, државите договорнички „на сите под нивни надлежност ќе ги признаат правата и слободите во ...Конвенцијата“. Како што Судот има одлучено во случајот Marckx v. Belgium (13 June 1979, § 31, Series A no. 31; види исто така Young, James and Webster v. the United Kingdom, 13 August 1981, § 49, Series A no. 44), покрај примарно негативната обврска на државата да се воздржи од мешање во правата гарантирани со Конвенцијата, „може да има позитивни обврски ихерентни“ на тие права.
59. Tоа важи и за слободата на изразување, чие вистинско и ефикасно практикување не зависи само од должноста на државата да не се меша, туку може да бара позитивни мерки на заштита, дури и во сферата на односи помеѓу поединци. Во некои случаи државата има позитивна обврска да го заштити правото на слобода на изразување, дури и против мешање од страна на приватни лица (види Fuentes Bobo, цитиран погоре, § 38; Özgür Gündem v. Turkey, no. 23144/93, §§ 42-46, ECHR 2000‑III; и Dink, цитиран погоре, § 106).
60. Во овој случај, мерката на која се жалат жалителите, имено нивниот отказ, не била донесена од страна на државен орган туку од приватна компанија. После објавувањето на билтенот на синдикатот од март 2002 и изразите кои тој ги содржел, нивниот работодавач донел дисциплинска мерка отказ заради тешки повреди на работната дисциплина од страна на жалителите (види параграф 14 погоре) кои биле потврдени од домашните судови. Отпуштањето на жалителите не било последица на диреткна интервенција од страна на домашните органи. Сепак ќе дојде до одговорност од страна на властите ако обжалените факти произлегле од пропуст од нивна страна да им го обезбедат на жалителите уживањето на правото гарантирано со член 10 од Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Gustafsson, цитиран погоре, § 45).
61. Во тие околности, Судот смета дека е соодветно да ги разгледа овие жалби во смисла на позитивните обврски на тужената држава од член 10, од аспект на член 11. Судот затоа ќе утврди дали, во овој случај, шпанските судски органи, со одбивањето на нивните тужби, адекватно го обезбедиле нивното право на слобода на изразување во контекст на работни односи.
62. Иако не постои прецизна дефиниција на границата помеѓу позитивните и негативните обврски на државата според Конвенцијата, важечките принципи се сепак слични. И во двата контекста мора да се се земе во предвид особено правичната рамнотежа која мора да се воспостави помеѓу спротивставените интереси на поединецот и на заедницата како целина, во секој случај во рамките на полето на слободна оцена кое државите го уживаат (види Karhuvaara and Iltalehti, цитиран погоре, § 42).
(в) Примена на тие принципи во овој случај
63. Како што Судот воочи погоре (види параграф 61 погоре), главното прашање во овој случај е дали тужената држава била должна да го гарантира почитувањето на слободата на изразување на жалителите преку поништување на одлуките за нивно отпуштање. Задачата на Судот затоа е да утврди дали, со оглед на случајот како целина, санкцијата која им била изречена на жалителите била сразмерна на легитимната цел која требало да ја оствари и дали причините дадени од страна на домашните органи биле „релевантни и доволни“ (види Fuentes Bobo, цитиран погоре, § 44).
(i) Дали може да се заклучи дека коментарите на жалителите го повредиле угледот на други лица
64. Судот забележува дека домашните судови испитале дали фундаменталните права на кои се повикале жалителите биле повредени, и ако имало повреда, нивните откази би биле прогласени за ништовни. Судовите забележале дека немало мешање во правото на синдикална слобода, затоа што отказите биле последица на самата содржина на навредливиот билтен, а не членството на жалителите во синдикатот Н.А.А.
65. Понатаму, домашните судови се повкале на користењето на правото на слобода на изразување во контекст на работни односи и воочиле дека тоа право не било неограничено; морале да се земат во предвид посебните карактеристики на работните односи. Трибуналот за работни однос бр. 17 во Барселона така одлучил дека илустрацијата и филактерите на насловната страна на билтенот на синдикатот, заедно со статиите во него, биле навредливи и го повредиле угледот на засегнатите лица, затоа што со нив биле преминати границите на слободата на изразување и информирање, повредувајќи ја честа и достоинството на раководителот за човечки ресурси и двајцата работници, и нарушувајќи го имиџот на компанијата П. (види параграф 15 погоре).
66. За да дојде до тој заклучок, Трибуналот за работни однос бр. 17 во Барселона направил детална анализа на фактите на спорот и, посебно, контекстот во кој жалителите го објавиле билтеност. Судот не гледа причина да се сомнева во заклучоците на домашните судови дека илустрацијата и двете статии за кои станува збор биле навредливи и можеле да го повредат угледот на други.
67. Во тој поглед треба да се забележи дека жалителите се изразиле преку илустрација на која бил прикажан раководителот за човечки ресури Г., како седи на својата работна маса, под која лице кое е на сите четири се гледа од позади, заедно со, А. и Б., претставници на работниците кои ја набњудувале сцената чекајќи да им дојде редот за да го задоволат раководителот. Придружните филактери (облачиња) биле доволно експлицитни. Што се однесува на двете статии (види параграф 15 погоре), тие содржеле експлицитни обвинувања за „нечесност“ против А. и Б., јавно обвинувајќи ги дека ги „продале“ другите работници и дека се откажале од своето достоинство за да ги задржат нивните работни места. Обвинувањата биле изразени со вознемирувачки и навредливи зборови за засегантите лица. Судот повторува дека мора да се направи јасна разлика помеѓу критика и навреда, и дека навредата во принцип, може да оправда изрекување на санкции (види, mutatis mutandis, Skałka v. Poland, no. 43425/98, § 34, 27 May 2003). Судот исто така се повикува на општите принципи во однос на слободата на мислата и изразувањето во петтото (изменето) издание на Прегледот на одлуки и принципи на Комитетот за слобода на здружување на раководното тело на Меѓународната канцеларија на трудот, а особено точка 156 според која „при изразувањето на нивните мислења синдикалните организации треба да ги почитуваат границите на пристојност и да се воздржат од употреба на навредливи зборови“ (види параграф 24 погоре).
68. Со оглед на тоа што беше претходно наведено, Судот смета дека причините дадени од домашните судови биле во согласност со легитимната цел на заштита на угледот на поединците на кои се однесувале илустрацијата и текстовите за кои станува збор, и дека заклучокот на жалителите дела жалителите ги преминале границите на прифатливо критикување во работни односи не може да се смета за неоснован или дека не е разумно заснован врз фактите.
(ii) Дали изречената санкција на отпушатње биле пропорционална на степенот на сериозност на спорните коментари
69. Останува да се утврди дали санкцијата која им била изречена на жалителите од нивниот работодавач, имено нивниот отказ, била пропорционална во однос на околностите на случајот.
70. При анализирањето на ова прашање, Судот посебно ќе ја земе во предвид формулацијата на речениците во илустрацијата и статиите за кои станува збор, и професионалниот контекст во кој тие се појавиле.
71. Судот најпрво воочува дека спорните коментари биле искажани во конкретен контекст. Жалителите, членови на синдикат, имале поведено постапка пред трибуналите за работни односи, против нивниот работодавач. Во таа постапка доставувачите кои не работеле за утврдена плата, А. и Б., сведочеле во полза на компанијата П. што значи против жалителите (види параграф 11 погоре). Илустрацијата и статиите така биле објавени во билтенот на синдикатот чии членови биле жалителите, во контекст на спор помеѓу жалителите и компанијата П. Сепак, тие содржеле критики и обвинувања, не директно против компанијата туку против двајцата доставувачи кои не работеле за утврдена плата и раководителот на одделот за човечки ресурси. Судот повторува во тој поглед дека степенот на прифатливо критикување е помал во однос на приватни лица отколку во однос на политичари или државни службеници кои дејствуваат во исполнување на нивните должности (спротивно со Lingens v. Austria, 8 July 1986, § 42, Series A no. 103, и Nikula v. Finland, no. 31611/96, § 48, ECHR 2002‑II).
72. The Court does not share the Government’s view that the content of the impugned articles did not concern any matter of general interest (see paragraph 44 above). The publication at issue took place in the context of a labour dispute inside the company to which the applicants had presented certain demands. The primary role of publications of this type “should be to deal with matters essentially relating to the defence and furtherance of the interests of the unions’ members in particular and with labour questions in general” (see paragraph 24 above, in particular point 170 of the International Labour Office Digest cited). The debate was therefore not a purely private one; it was at least a matter of general interest for the workers of the company P. (see, mutatis mutandis, Fressoz and Roire v. France [GC], no. 29183/95, § 50, ECHR 1999‑I, and Boldea v. Romania, no. 19997/02, § 57, ECHR 2007‑II).
73. Со оглед на тоа, постоењето на таков спор не може да ја оправда употребата на навредливи илустрации и изрази, дури и во контекст на работни односи (види параграф 24 погоре, точка 154 од цитираниот Преглед). Понатаму, забелешките не претставувале брза и непромислена реакција, во контекста на брза и спонтана усна размена, како во случај со вербално претерување. Напротив, тие биле писмени тврдења, објавени на прилчно луциден начин и поставени јавно во просториите на компанијата П. (спореди со De Diego Nafria, цитиран погоре, § 41).
74. Домашните судови ги зеле сите овие фактори во обзир кога постапувале по тужбата поднесена од жалителите. Тие направиле детална анализа на околностите на случајот и детално балансирање на спротивставенит интерси кои биле во прашање, земајќи ги во предвид границите на правото на слободата на изразување и реципрочните права и обврски карактеристични за договорите за работа и професионална средина. Тие ги подржале санкциите кои ги изрекол работодавачот, заклучувајќи дека тие биле несразмерни на легитимната цел која требало да ја остварат, имено заштитата на угледот на г-н Г., г-н А и г-н Б, во тој контекст. Тие исто така утврдиле дека конкретните постапки не биле дел од синдикалната активност на жалителите, туку напротив тие го повредиле принципот на добра вера во работните односи не ги исполнувале минималните услови за коегзистенција во професионална средина (види параграф 15 погоре). На крај, судовите во овој случај исцрпно се повикале судската пракса на Уставниот суд во однос на правото на слобода на изразување во работни односи и утврдиле дека тоа не било неограничено. Според Судот, заклучоците до кои дошле домашните судови не може да се сметаат за неразумни. Во тој поглед, Судот воочува дека, покрај тоа што биле навредливи, илустрацијата и текстовите за кои станува збор биле повеќе со цел да се нападнат колегите за нивното сведочење пред судовите, отколку како средство за промоција на синдикални активности во однос на работодавачот.
75. Понатаму, анализата на споредбено-правните материјали со кои Судот располага открива дека работдавачите генерално уживаат широко дискреционо право во определувањето на санкдија која е најадекватна за обвинувањата против еден работник; обемот на можни санкции вклучува и овластување да се даде отказ на лице кое сериозно ги компромитирало интересите на компанијата. Во земјите кои се анализирани, домашното законодавство се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу правото на работникот на слобода на изразување со правата и прерогативите на работодавачот, наложувајќи особено дека отказот треба да е пропорционален на однесувањето на работникот на која му и изречена таа мерка (види параграфи 27 и 30-31 погоре). Хомогеноста на европските правни системи во оваа област е релевантен фактор во балансирањето на раличните права и интереси за кои станува збор во овој случај.
76. Судот забележува дека, за да вродат со плод, работните односи мора да бидат засновани на заемна доверба. Како што заклучил Трибуналот за работни односи, иако условот за однесување во добра вера, не подразбирал апсолутна должност на лојалност кон работодавачот или или должност на дискреција до степен во кој работникот се подложува на интересите на работодавачот, некои облици на слободата на изразување може да бидат легитимни во друг контекст но, не се легитимни во контекст на работни односи (види, mutatis mutandis, Vogt v. Germany, 26 September 1995, §§ 51 and 59, Series A no. 323). Понатаму, напад врз угледот на поединци со употреба на премногу навредливи или повредувачки изрази во работна средина, како последица на проблематичните последици од нив, е особено сериозна форма на неправилно однесување кое може да оправда изрекување на строги санкции.
77. Тоа го наведува Судот да заклучи дека, во конкретните околности на овој случај, мерката отказ која им биле изречена на жалителите не била очигледно несразмерна или престрога санкција поради која може да се задолжи државата да определи надоместок или да ја замени со поблага мерка.
(iii) Заклучок
78. Во овие околности, Судот заклучува дека тужената државата ги исполнила своите обврски во однос на жалителите според член 10 од Конвенцијата, анализиран од аспект на член 11.
79. Затоа, немало повреда на член 1, анализиран од аспект на член 11.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
Одлучува со дванаесет гласа против пет, дека немало повреда на член 10 од Конвенцијата, анализиран од аспект на член 11.
Изработена на англиски и француски јазик и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 12 септември 2011.
Vincent BergerNicolas Bratza
ЈурисконсултПретседател
Во согласност со член 45 § 2 oд Конвенцијата и правило 74 § 2 oд Правилата на Судот, издвоеното мислење на судиите Tulkens, David Thór Björgvinsson, Jočienė, Popović и Vučinić е приклучено кон пресудата.
N.B.
V.B.
Издвоеното мислење не беше преведено но, се појавува на англиски и француски јазик во верзиите на официјалните јазици на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@
Full & Egal Universal Law Academy