© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
CЛУЧАЈ S. И MARPER против ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
(Жалби бр. 30562/04 и 30566/04)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
4 декември 2008
Оваа пресуда е кончна но, може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот S. и Marper против Обединетото Кралство,
Европскиот суд за човекови права заседавајќи како Голем судски совет во состав:
Jean-Paul Costa, Претседател,
Christos Rozakis,
Nicolas Bratza,
Peer Lorenzen,
Françoise Tulkens,
Josep Casadevall,
Giovanni Bonello,
Corneliu Bîrsan,
Nina Vajić,
Anatoly Kovler,
Stanislav Pavlovschi,
Egbert Myjer,
Danutė Jočienė,
Ján Šikuta,
Mark Villiger,
Päivi Hirvelä,
Ledi Bianku, судии,
и Michael O’Boyle, Заменик секретар на Судот,
Откако расправаше на затворени седници на 27 февруари 2008 и на 12 ноември 2008,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на втората дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инцициран со две жалби (бр. 30562/04 и 30566/04) против Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска поднесени до Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на двајца британски државјани, г-н С. („првиот жалител“) и
г-н Michael Marper („вториот жалител“), на 16 август 2004. Претседателот на Големиот судски совет го прифати барањето на првиот жалител неговото име да не биде откриено (правило 47 § 3 oд Правилникот на Судот).
2. Жалителите, на кои им беше доделена правна помош, беа застапувани од г-н P. Mahy oд Messrs Howells, aдвокат од Шефилд. Владата на Обединетото Кралство („Владата“) беше застапувана од нејзиниот Агент, г-н J. Grainger, од Форин и Комонвелт Офисот.
3. Жалителите се жалеа според членовите 8 и 14 дека властите продолжиле да ги чуваат нивните отпечатоци, примероци од клетки и ДНК профили откако кривичните постапки против нив завршиле со ослободителна пресуда или биле запрени.
4. Жалбите беа распределени на Четвртиот оддел на Судот (правило 52 § 1 oд Правилникот на Судот). На 16 јануари 2007 тие беа прогласени за допуштени од Судски совет на тој оддел составен од следните судии: Josep Casadevall, Претседател, Nicolas Bratza, Giovanni Bonello, Kristaq Traja, Stanislav Pavlovschi, Ján Šikuta, Päivi Hirvelä, како и Lawrence Early, Секретар на одделот.
5. На 10 јули 2007 Судскиот совет ја отстапи надлежност на Големиот судски совет, а ниту една од странките не приговори на тоа отстапување (челн 30 од Конвенцијата и правило 72).
6. Составот на Големиот судски совет беше определен според одредбите на член 27 §§ 2 и 3 од Конвенцијата и правило 24 од Правилникот на Судот.
7. И жалителите и Владата поднесоа писмени поднесоци за основаноста. Понатаму, беа примени поднесоци од трети страни од
г-ѓа Anna Fairclough во име Liberty (the National Council for Civil Liberties) и од Covington and Burling LLP во име на Privacy International, на кои Претседателот им одобри да учествуваат во писмениот дел од постапката (член 36 § 2 од Конвенцијата и правило 44 § 2). Двете странки одговрија на поднесоците на Liberty, а Владата одговори и на коментарите на Privacy International (правило 44 § 5).
8. Јавна расправа се одржа во Зградата на човековите права, во Стразбур, на 27 февруари 2008 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за Владата
г-ѓаE. Willmott, Агент,
г-нRabinder Singh QC,
г-нJ. Strachan, Адвокати,
г-нN. Fussell,
г-ѓаP. Mcfarlane,
г-нM. Prior,
г-нS. Bramble,
г-ѓаE. Rees,
г-нS. Sen, Советници,
г-нD. Gourley,
г-н D. Loveday, Набљудувачи;
(б) за жалителите
г-н S. Cragg,
г-н A. Suterwalla, Застапници,
г-н P. Mahy, Адвокат.
Судот слушна обраќања од г-н S. Cragg и г-н Rabinder Singh QC како и нивните одговори на прашања поставени од Судот.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
9. Жалителите се родени во 1989 и 1963 соодветно и живеат во Шефилд.
10. Првиот жалител, г-н С., бил уапсен на 19 јануари 2001 кога имал единаесет години и бил обвинет за обид за разбојништво. Му биле земени отпечатоци од прсти и ДНК примероци[1]. Тој бил ослободен од обвинението на 14 јуни 2001.
11. Вториот жалител, г-н Michael Marper, бил уапсен на 13 март 2001 и обвинет за воземирување на неговиот партнер. Му биле земени отпечатоци и ДНК примероци. Пред одржување на оценката пред судење, тој и неговиот партнер се смириле, и не се продолжило со гонењето. На 11 јуни 2001, Обвинителната служба на круната доставила до адвокатите на жалителот информација дека ќе биде повлечено обвинението, и на 14 јуни случајот бил формално затворен.
12. Двајцата жалители побарале нивните отечатоци и ДНК примероци да бидат уништени, но, и во двата случаи полицијата одбила да го стори тоа. Жалителите побарале судска оцена на одлуките на полицијата да не се уништуваат отпечатоците и примероците. На 22 март 2002 Административниот суд (Rose LJ and Leveson J) го отфрлил нивното барање [[2002] EWHC 478 (Admin)].
13. На 12 септември 2002 Апелациониот суд ја потврдил одлуката на Административниот суд со мнозинство од двајца судии (ЛордWoolf CJ и Waller LJ) против еден (Sedley LJ) [[2003] EWCA Civ 1275]. Што се однесува на чувањето на ДНК примероци, Лордот судија Waller рекол:
“... [О]тпечатоците и ДНК профилите откриваат само ограничени лични податоци. Физичките примероци потенцијално содржат далеку пообемни и полични и подетални податоци. Загриженоста е дека науката може еден ден да овозможи анализата на примероци да оди толку далеу да се добијат податоци во однос на склоноста на поединецот да изврши определено кривично дело и да се користви за таа цел според зборовите на сегашниот член [член 82 oд Законот за кривична правда и полиција од 2001]. Може исто така да се каже дека законот би можел да биде изменет со цел да се дозволи примероците да се користат за други цели од тие посочени со тој член. Исто може да се каже додека примероците сечуваат сега има дури и ризик дека тие ќе се користат на начин кој не е дозволен со законот. Така, се вели, целите може да се постигна на помалу рестриктивен начин... Зошто целта не може да се постигне со задржување на профилите без чување на примероците?
Одговорот на [овие] прашања според мене е следниот. Прво чувањето на примероците дозволува (a) проверка на интегритето и идна полезност на системот на база на податоци за ДНК; (б) повторна анализа за надоградба на ДНК профилите коха нова технолофија може да ја подобри моќта на разликување при проверка на совпаѓање на ДНК; (в) повторно анализирање и така и спосбност да извадат други ДНК маркери и да се овозможат предности во смисла на брзина, чувствителност и трошоци за пребарувања во базата на податоци; (г) понатамошна анализа во истраги на наводни судски грешки; и (д) понатамошна анализа за да може да се идентификува било какви аналитички или процесни грешки. Токму овие погодност мора да измерат со ризиците идентификува од Liberty. Во однос на тие ризици, позицијата во секој случај е прво дека секоја измена на законот ќе мора да биде во согласност со Конвенцијата; второ, секоја измена на праксата ќе мора да биде во согласност со Конвенцијата: и трето незаконитоста не смее да биде претпоставена. Според мене така идентификуваните ризици не се големи, и такви какви што се, предностите во постинувањето на целта на кривично гонење и спречување на криминал, се поголеми од нив.“
14. Лордот судија Sedley сметал дека овластувањата на началникот на полицијата да уништи податоци кои вообичаено би се чувале морало да биде користено во секој случај, колку и да биле ретки тие случаи, кога тој или таа бил убеден врз основа на совесна анализа дека поединецот не е предмет на какви било сомненија. Тој исто така воочил дека разликата помеѓу чување на примероци и ДНК профили била во тоа дека чувањето на примероците би овозможило да се изведат повеќе податоци отколку што претходно било возможно.
15. На 22 јули 2004 Домот на лордовите ја одбил жалбата на жалителите. Лордот Lord Steyn, ја донел водечката пресуда, воочувајќи дека историјата на член 64 (1A) oд Законот за полиција и кривични докази од 1984 („ЗПКД“), особено начинот на кој бил воведен од Парламентот после загриженоста на јавноста за претходниот закон, кој предвидувал дека кога лицето не било гонето кривично или била донесена ослободителна пресуда, примерокот морал да биде уништен и податоците не можеле да се користат. Во два случаи, силни ДНК докази поврзувајќи осомничен за силување и уште еден со убиство не можеле да употребат затоа што во времето кога проверката на совпаѓањето било направено двајцата обвинети биле или ослободени или била донесена одлука да не се продолжи со гонењето за кривичните дела за кои профилите биле направени и како последица на тоа не било можно да се осуди ниту еден од осомничените.
16. Лорд Steyn воочил дека вредноста на отпечатоците и примероците земени од осомничени лица била значителна. Тој посочил како пример случај од 1999, во кој ДНК податоци од извршителот на делото биле споредени со тие на лицето заведено како „И“ при пребарување во базата на податоци. Примерокот на „И“ требало да биде уништен, но, не сепак не бил. „И“ се изјаснил дека е виновен за силување и бил осуден. Ако примерокот не бил зачуван по грешка, извршителот би можел да избегне затвор.
17. Лордот Steyn исто така се повикал на статистички податоци од кои произлегувало дека речиси 6,000 ДНК профили биле поврзани со профили од местото на извршување на кривично дело кои би биле уништени според претходните одредби. Кривичните дела за кои станувало збор вклучуваат 53 убиства, 33 обиди за убиства, 94 силувања, 38 кривични дела против половата слобода, 63 тешки грабежи и 64 случаи во врска на продажба на контролирани наркотици. Врз основа на постоечките записи, статистичките податоци на Хоум Офисот проценувале дека имало 40% шанса дека примерок од местото на настанот би се совпаднал веднаш со профил на поединецот во базата на податоци. Тоа покажувало дека отпечатоците и примероците кои сега можеле да се чуваат во претходните три години играле важна улога во откривањето и кривично гонење на тешки кривични дела.
18. Лордот Steyn исто така воочил дека ЗПКД одделно го регулирал земањето отпечатоци и примероци, нивното чување и употреба.
19. Што се однесува на анализата според Конвенцијата, Лордот Steyn повеќе се согласувал ставот дека самото чување на отпечатоците и ДНК примероците не било мешање со правото на почитување приватнио живот но, изјавил дека, ако тој грешел во тој поглед, тој го сметал секое такво мешање како навистина многу мало. Прашањата дали во иднина чуваните примероци би можеле да бидат злоупотребени не биле релевантни во однос на современата употреба на зачувани примероци во врска со откривање на кривични дела и кривично гонење. Ако идни научни достигнувања тоа го наложувале, можеле да се донесат судски одлуки, кога ќе имало потреба, за да се осигура компатибилност со Конвенцијата. Одредбата со која се ограничува дозволената употреба на зачуваниот материјал „за цел поврзана со спречувањето или откривањето на криминал...“ не ја проширувала нивната употреба неправилно, затоа што била ограничена во контекстот.
20. Ако дојдело до потреба да се оправда тоа скромно мешање со приватниот живот, Лордот Steyn се согласил со Лордот судија Sedley во Апелациониот суд дека целта за чувањето – превенција на криминал и заштита на правото на другите да не се изложени на криминал – биле „предвидени со закон“, како што се бара со член 8.
21. Што се однесува на оправдувањето за кое било мешање, жалителите тврделе дека чувањето на отпечатоците и ДНК примероците создавало сомневање во однос на лицата кои биле ослободени. Застапникот на Министерот за внатрешни работи изјавил дека целта на чувањето немала никаква врска со минатото, пто значи, со кривичното дело за кое лицето било ослободено, туку тоа било со цел да се помогне во истрагата за кривични дела во иднина. Жалителите би биле засегнати од чувањето на ДНК примероците ако нивните профили се совпаднале со тие најдени на местото на извршување на идно кривично дело. Лордот Steyn гледал пет фактори кои воделе до заклучокот дека мешањето било пропорционално на целта: (i) отпечатоците и примероците се чувале само за ограничена намена на откривање, истрага и кривично гонење на кривично дело; (ii) отпечатоците и примероците биле без никаква употребна вредност без отпечаток или примерок за споредба најден на местото на злосторот; (iii) отпечатоците не би се објавувале; (iv) едно лице не можело да се идентификува од чуваниот материјал од страна на некој кој не е експерт во таа област, и (v) зголемувањето на базата на податоци до кое се доаѓало носело огромни предности во борбата против тешкиот криминал.
22. Во одговор на тврдењето дека истата законска цел можела да се постигне со помалку нападни средства, имено преку одлучување од случај до случај дали да се задржат отпечатоците и примероците, Лордот Steyn се повикал на коментарите на Лордот судија Waller во Аплецациониот суд дека „ако оправдувањето за чувањето во било кој степен е поврзано со ставот на полицијата за степенот на невиност, тогаш лицата кои биле ослободени а нивните примероци се зачувани можат оправдано да кажат дека тоа стигматизира или ме дискриминра – јас сум дел од ослободените лица за кои постои презумпција на невиноста, но, третиран сум како за мене таа да не важи. Но, всушност не е на никој начин стигиматиазија на некој кој бил ослободен да се каже само дека примероци кои се законито земени се чуваат како правило, и во јавен интерес е во борбата против криминалот полицијата да има што е можно поголема база на податоци.”.
23. Лордот Steyn не прифатил дека разликата помеѓу примероците и ДНК профилите влијаела врз овој став.
24. Домот на лордовите понатаму ја отфрлил жалбата дека чувањето на нивните отпечатоци и примероци ги подложувало на дискримнирачко постапување спротивно на член 14 од Конвенцијата при споредба со другите лица чии отпечатоци и примероци не биле земени од страна на полицијата во текот на кривична истрага. Лордот Steyn одлучил дека, дури и ако се претпостави дека чувањето на отпечатоците и примероците спаѓало во досегот на член 8 на начин да стане применлив член 14, разликата во постапувањето на која се повикале жалителите не била заснована на „статус“ во смисла на член 14: разликата само го одразувала историскиот факт, неповрзан со лични карактеристики, дека властите ги чувале отпечатоците и примероците на засегнатите лица а кои биле земени на законит начин. Жалителите и предложените компаратори не можело во никој случај да се каже дека се во аналогна ситуација. Дури и ако, спротивно на неговиот став, било потребно да се разгледа оправдувањето за било каква разлика во постапувањето, Лордот Steyn сметал дека такво објективно оправдување било утврдено: прво, елементот на легитимна цел бил очигледно присутен; затоа што зголемувањето на базата на податоци на отпечатоци и примероци го унапредувала јавниот интерес преку откривање и кривично гонење на кривични дела и преку ослободување на невините; второ, условот за пропорционалност бил исполнет, член 64 (1A) oд ЗПКД објективно претставувал измерен и пропорционален одговор на законската цел на справување со тешки кривични дела.
25. Баронесата Hale oд Richmond не се согласила со мнозинството сметајќи дека чувањето на податоци и за отпечатоци и за примероци било мешање на државата со правото на лицето за почитување на неговиот приватен живот и затоа барало оправдување според Конвенцијата. Според неа, тоа било аспект од она што се нарекува тајност на податоци и дека имало малку, ако имало воопшто, поприватни нешта од познавањето на нечиј генетски материјал. Таа исто така сметала дека разликата помеѓу отпечаток и ДНК податоци станала поважна кога требало да се оправда нивното чување затоа што оправдувањето за секој од нив можело да биде многу различно. Таа се согласила со мнозинството дека такви оправдувања имало во случаите на жалителите.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И МАТЕРИЈАЛИ
A. Англија и Велс
1. Закон за полиција и кривични докази од 1984
26. Законот за полиција и кривични докази од 1984 (ЗПКД) содржи овластувања за земање на отпечатоци (пред се во член 61) и примероци (пред се во член 63). Според член 61, отпечатоци може да се земат без согласност само ако службеник најмалку со ранг на полициски подполковник одобрува земање, или ако лицето било обвинето за кривично дека за кое по закон полицијата е должно да води евиденција или била информирана тој ќе биде пријавен за такво дело. Пред да бидат земени отпечатоци, лицето мора да биде информирано дека тие можат да биде предмет на случајна проверка, и фактот дека тој бил информиран мора да биде регистриран што е можно побрзо. Причината за земање на отпечатоци е внесена во посебен регистер. Такви одредби се однесуваат и на земањето на примероци (член 63).
27. Што се однесува на чувањето на тие отпечатоци и примероци (и записите за нив), член 61 (1A) oд ЗПКД бил заменет со член 82 од Законот за кривична правда и полиција од 2001. Тој предвидува:
„Кога - (a) отпечатоци или примероци се земени од едно лице во врска со истрага на кривично дело, и (б) подстав (3) подолу не наложува тие да се уништат, отпечатоци или примероци може да бидат задржани откако ја оствариле целта за која биле земени но, нема да се користат од било кое лице освен за цели поврзани со превенција или откривање на кривични дела, истрага на кривично дело, или кривично гонење. ...
(3) Ако - (a) отпечатоци или примероци се земени од некое лице во врска со истрага на кривично дело, и (б) тоа лице не е осомничено дека го извршило делото; тие мора освен кога е предвидено со следните одредби на овој член да се уништат веднаш штом ја остварат намената за која биле земени.
(3AA) Отпечатоци и примероци не треба да се уништат според подпараграф (3) погоре ако (a) тие биле земени за истрага на кривично дело за кое лицето е осудено; и (б) примерок или, отпечаток бил исто така земен од осуденото лице за целите на таа истрага:“
28. Член 64 во неговата поранешна верзија содржел услов дека ако лицето од кое биле земени отпечатоци или примероци во врска со исрага било ослободено од обвинение за тоа дело, отпечатоците и примероците, со неколку исклучоци, требало да бидат уништени „веднаш штом тоа може да се направи по завршувањето на постапката“.
29. Идната употреба на материјалите добиени врз основа на член 64 (1A) не е регулирана со закон, освен во одно на ограничувањето на употребата во таа одредба. Во Attorney General’s Reference (No 3 of 1999) [2001] 2 AC 91, Домот на лордовите морал да одлучи дали било дозволено да се користи како доказ примерок кој требало да биде уништен според членот 64 од ЗПКД. Домот сметал дека забраната за употреба на незаконито задржам примерок „за целта на било која истрага“ не доведувало до задолжително исклучување на доказите добиени како резултат на непочитување на забраната, туку го оставал прашањето за дозволеност на дискрециона одлука на судечкиот судија.
2. Закон за заштита на податоци од 1998
30. Законот за заштита на податоци бил донесен на 16 јули 1998 за да се имплементира Директивата 95/46/EC на Европскиот Парламент и Советот од 24 октомври 1995 (види параграф 50 подолу). Според Законот за заштита на податоци „лични податоци“ се податоци кои се однесуваат на жив поедиенц кој може да биде идентификуван – (а) преку тие податоци, или (б) преку тие податоци и други информации кои се во посед, или кои е веројатно дека ќе бидат во посед на, контролор на податоци, и вклучува и секое изразување на мислење за физичкото лице и секоја индикација на намера на контролорот на податоци или било кое друго лице во однос на тоа физичко лице (член 1). „Чувствителни лични податоци“ се лични податоци кој се состојат од, помеѓу другото, информации за расното или етничко потекло на лицето, извршување или наводно негово извршување на какво било кривично дело, или било каква постапка за какво било кривично дело извршено или за кое има наводи дека тој го извршил, спроведување на таа постапка или осуда на било кој суд во таква постапка (член 2).
31. Законот стипулира дека обработката на лични податоци е подложна на осум заштитни принципи наброени во Распоред 1. Според првиот принцип личните податоци ќе бидат обработувани правично и законито и, посебно нема да бидат обработувани освен ако - (a) е исполнет барем еден од условите од Распоред 2, и (б) во случај на чувствителни лични податоци, најмалку еден од условите од Распоред 3 е исполнет. Распоредот 2 содржи детална листа на услови, и предвидува помеѓу другото дека обработката на кои било лични податоци е потребно за спроведување на правдата или за вршење на било кои други функции од јавен карактер вршени во јавен интерес од било кое лице (§5(a) и (г)). Распоредот 3 содржи детална листа на услови, вклучувајќи дека обработката на кои било чувствителни лични податоци е потребно за целите на, или во врска со, било која законска постапка (§6(a)), или за спроведување на правдата (§7(a)), и се спроведува со соодветни заштитни механизми за правата и слободите на субјектите на лични податоци (§4(b)). Член 29 посебно предвидува личните податоци обработени за спречување или откривање на кривични дела се ослободени од првиот принцип освен во делот во кој тој наложува исполнување на условите од Распоредите 2 и 3. Петтиот принцип стипулира дека лични податоци обработени за било која намена или намени нема да се чуваат подолго отколку што е потребно за таа намена или намени.
32. Комесарот за лични податоци основан врз основа на Законот (со измените) има независна должност да промовира следење на добри практики од контролорите на податоци и има овластување да дава наредба („извршни наредби“) во овој поглед (член 40). Според Законот кривично дело е неисполнување на извршна наредба или добивање или откривање на лични податоци или информации без согласност на контролорот на податоци (член 55). Член 13 дава право да се побара надомест на штета пред домашните судови во однос на прекршувања на Законот.
3. Упатства за номинални записи на националниот база на податоци на полицијата од 2006
33. Збирка на упатства за задржување на информации за отпечатоци и ДНК се содржат во Упатства за номинални записи на националниот компјутер на полицијата од 2006 изработени од Здружението на раководни полициски службеници од Англија и Велс. Упатствата се засновани на формат на ограничување на пристап на податоци во националниот полициски компјутер (НПК), а не на бришење на тие податоци. Со нив се потврдува дека нивното воведување може да има импликации врз работата на неполициските агенции со кои полицијата во моментот споделува податоци од НПК.
34. Со упатствата се поставуваат различни степени на пристап до информации во НПК преку процес на „намалување“ на пристап. Пристапот до информации во врска со лица кое не се осудени за кривично дело е автоматски „намален“ така што информации се достапни само за проверка од полицијата. Пристапот до информации во врска со лица кои се осудени е исто така „намален“ после истекот на определени временски периоди кои се од 5 до 35 години, во зависност од тежината на кривичното дело, возраста на осомничениот и изречената санкција. За определени осуди пристапот нема никогаш да биде „намален“.
35. Раководните полициски службеници се контролори на податоци на сите НПК записи создадени од нивните сили. Тие имаат дискреционо право во исклучителни околности да одобрат бришење на историјата на било која осуда, казна, прекршок, ослободување или апсење која тие ја „поседуваат“. „Процедура за исклучителни случаи“ за да им помогне на раководните службеници во врска со користењето на тоа дискреционо право е наведена во Додатокот 2. Се смета дека исклучителните случаи се ретки по дефиниција и ги вклучуваат оние случаи каде првичното апсење или земање примероци било незаконито или кога било утврдено без сомневање дека немало кривично дело. Пред да се одлучи дали некој случај е исклучителен, раководителот се упатува да бара совет од Проектот за чување на ДНК и отпечатоци.
Б. Шкотска
36. Според Законот за кривична постапка на Шкотска од 1995, покасно изменет, ДНК примероците и профили мора да се уништат ако физичкото лице не е осудено или ако е во целост ослободено од обвинение. Неодамнешна измена на законот предвидува дека биолошките примероци и профили може да се чуваат три години, ако уапсениот е осомничен за определни дела против половата слобода или насилни кривични дела дури и ако лицето не е осудено (член 83 од Законот од 2006, со кој се додава член 18А на Законот од 1995). После тоа, примероците и информациите треба да се уништат освен ако началникот на полицијата побара продолжување од две години од шерифот.
В. Северна Ирска
37. Наредбата за полиција и кривични докази на Северна Ирска од 1989 беше изменета во 2001 на ист начин како ЗПКД кој важи во Англија и Велс. Релевантните одредби со кои во моментот се регулира чувањето на отпечатоци и ДНК податоци во Северна Ирска се идентични со оние кои се во сила во Англија и Велс (види параграф 27 погоре).
Д. Извештај на Нуфилд советот за биоетика[2]
38. Според неодамнешен извештај на Нуфилд советот за биоетика, чувањето на отпечатоци, ДНК профили и биолошки примероци е генерално поконтроверзно отколку земањето на такви биоинформации, и чувањето на билошки примероци предизвикува поголема етичка загриженост отколку дигитализираните ДНК профили и отпечатоците од прсти, со оглед на разликите во степенот на информации кои може да бидат откриени. Извештајот посебно се повикал на недоситигот на доволно емпириски докази за да се оправда сегашната пракса на неограничено чување отпечатоци од прсти, примероци и ДНК профили од сите уапсени за кривично дело за кое по закон мора да се води евиденција, без оглед на тоа дали тие биле покасно обвинети или осуден. Во извештајот била искажана особена загриженост за политиката на перманентно чување на биоинформации за малолетници, со оглед на условите од Конвенцијата на ООН за правата на детето од 1989.
39. Во извештајот била исто така искажана загриженост за зголемената употреба на ДНК податоци за семејни пребарувања, откривање на етничко потекло и неоперативни истражувања. Семејно пребарување е процес на споредување на ДНК профил од местото на извршување на кривично дело со профили снимени во националната база на податоци и нивно распоредување по приоритет според „блискоста“ на совпаѓањето. Ова дозволувало идентификување на можни генетски сродници на извршителот. Семејното пребарување може така да доведе до откривање на претходно непознати или скриени генетски врски. Во извештајот се сметало дека употребата на базата на ДНК податоци за пребарување на роднини е особено чувствителна.
40. Конкретната комбинација на алели[3] во ДНК профил може понатаму да се користи за да се оцени најверојатното етничко потекло на донаторот. Донесувањето заклучоци за етничкото потекло преку ДНК профили било можно затоа што „етничкиот изглед“ на лицето бил систематски запишуван во базата на податоци: при земањето на биолошки податоци, полициските службеници рутински ги класификувале осомничените во една од седумте категории на „етнички изглед“. Тестовите на етничко потекло во датабазата така можат да овозможат заклучоци за употреба во текот на полициска истрага со цел да да се намали „групата на можни осомничени лица“ и за приоритетите на полицијата. Во извештајот било воочено дека некои социјални фактори и практики на полициско работење довеле до непропорционален број на луѓе од црната раса и групи на етнички малцинства да бидат сопрени, претресени и уапсени од полицијата, и затоа нивните ДНК профили биле запишани; затоа изразил загриженост дека носење на заклучок за етнички идентитет врз основа на биолошки примероци можело да зацврсти расистички ставови за склоност кон криминалитет.
III. РЕЛЕВАНТНИ ДОМАШНИ И МЕЃУНАРОДНИ МАТЕРИЈАЛИ
A. Текстови на Советот на Европа
41. Конвенцијата на Советот на Европа од 1981 за заштита на поединците од автоматска обработка на лични податоци („Конвенцијата за заштита на податоци“), која влезе во сила во Обединетото Кралство на 1 декември 1987, дефинира „лични податоци“ како секоја информација која се однесува на идентификуван поединец или поединец кој може да се идентификува („субјект на податоци“). Конвенцијата предвидува помеѓу останатото:
„член 5 – Квалитет на податоците
Лични податоци кои се обработуваат автоматски ќе бидат: ...
б. чувани за прецизираната и легитимна цел и нема да бидат користени на начин кој не е спојлив со тие цели;
в. соодветни, релевантни и не прекумерни во однос на целите за кои се чуваат;
...
д. зачувани во форма која дозволува идентификација на субјектот на податоци не подолго отколку што е потребноза целта за која податоците се чуваат.
член 6 – Посебни категории на податоци
Личните податоци со кои се открива расното потекло, политички мислења или религиозни или други убедувања, како и лични податоци во врска со здравјето или сексуалниот живот, не можат да бидат автоматски обработени освен ако домашниот закон предвидува соодветни заштитни механизми. (...)
член 7 – Безбедност на податоците
Соодветни безбедносни мерки ќе бидат преземени за заштита на личните податоци зачувани во автоматизирани досиеа на податоци од случајно или недозволено уништување или случајно губење како и од недозволен пристап до нив, промена или нивно пренесување.“
42. Препораката бр. R(87)15 која ја регулира употребата на лични податоци во полицискиот сектор (усвоена на 17 септември 1987) превидува, помеѓу другото:
„принцип 2 – Собирање на податоци
2.1 Собирањето на лични податоци за полициски цели треба да биде ограничено на собирање кое е неопходно за спречување на вистинска опасност или за казнувњето на конкретно кривично дело. Секој исклучок од оваа одредба треба да биде предмет на конкретен домашен закон. ...
принцип 3 – Чување на податоци
3.1. Колку што е можно повеќе, чувањето на лични податоци за полициски цели треба да е ограничено на прецизни податоци и на такви податоци кои се неопходни за да им се овозможи на полициските органи да ги извршуваат нивните законски задачи во рамката на домашниот закон и нивните обврски кои произлегуваат од меѓународното право....
принцип 7 –Времетраење на чувањето и ажурирање на податоците
7.1. Треба да бидат преземени мерки за да личните податоци кои се чуваат за полициски цели се избришат ако тие веќе не се потребни за целите за кои биле чувани.
За таа цел, треба да се земат во предвид посебно следните критериуми: потребата да се задржат податоци во светло на завршување на истрага за конкретен случај; правосилна судска одлука, особено ослободување, рехабилитација, укинати осуди, амнестија, возраста на субјектот на податоци, особено конкретната категорија на податоците.“
43. Препораката бр. R(92)1 за употребата на анализа на деоксирибонуклеинска киселина (ДНК) во рамките на системот на кривична правда (усвоена на 10 февруари 1992) предвидува, помеѓу другото:
„3. Користење на примероци и информации кои се од нив изведени
Примероците собрани за ДНК анализа и информациите добиени од таква анализа за цели на истрага и кривично гонење на кривични дела не смее да бидат користени за други цели. ...
Примероците собрани за ДНК анализа и информации добиени од таква анализа може да бидат потребни за истражување и цели на статистичка анализа. Таквата употреба е дозволена под услов идентитетот на поединецот да не може да се утврди. Имиња или други референци за идентификација мора затоа да бидат отстранети пред нивна употреба за тие цели.
4. Земање на примероци за ДНК анализа
Земањето на примероци за ДНК анализа треба да биде извршено само во околности предвидени со домашниот закон, при што се подразбира дека во некои држави ова може да наложи конкретни дозволи од судски орган...
8. Чување на примероци и податоци
Примероци или друго телесно тквио од поединци за ДНК анализа не треба да се чува после носењето на правосилна одлука во случајот за кој биле употребени, освен ако е неопходно за цели директно поврзани со тие цели за кои биле собрани.
Треба да се преземат мерки за да се гарантира дека резултатите од ДНК анализата ќе се избришат кога повеќе не е потребно да се чуваат за целите за кои биле употребени. Резултатите од ДНК анализата и информации кои се изведени од неа може, сепак, да се зачуваат кога поединецот за кој станува збор бил осуден за тешко кривично дело против животот, интегритетот или безбедноста на лица.. Во такви случаи временски периоди за чување треба стриктно да се дефинираат со домашниот закон.
Примероци и други телесни ткива, или информации кои се изведени од нив, може да се чуваат подолго време:
- кога лицето тоа го побара; или
- кога примерокот не може да се поврзе со поединец, на пример кога е најден на местото на извршување на кривично дело;
Кога е вклучена безбедноста на државата, домашниот закон на државата членка може да дозволи чување на примероци, резултати од ДНК анализа и информации кои се на тој начин изведени иако поединецот за кој станува збор не бил обвинет или осуден за кривично дело. Во такви случаи временските периоди за чување треба стриктно да се дефинираат со домашниот закон. ...“
44. Меморандумот за објаснување на Препораката наведувал, во однос на точка 8:
„47. Работната група беше свесна дека пишувањет на Препораката 8 беше деликатно прашање, кое вклучува различни заштитени интереси од многу сложена природа. Потребно беше да се воспостави правилната рамнотежа помеѓу тие интереси. И Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата за заштита на податоци предвидуваат исклучоци во интерес на казнување на кривични дела и заштита на правата и слободите на трети страни. Сепак, исклучоците се само дозволени во оној степен во кој тие се компатибилни со тоа што е неопходно во демократско општество. ...
49. Со оглед на тоа што главна цел на собирањето на примероци и вршењето на ДНК анализа на такви примероци е идентификација на сторители на кривични дела и ослободување на осомничени сторители, податоците треба да бидат избришани штом лицата биле ослободени од сомнение. Тогаш се поставува прашањето колку долго ДНК заклучоците и примероците врз кои тие биле засновани може да се чуваат во случај на утврдување на вина.
50. Општото правило треба да биде дека податоците се бришат кога тие не се повеќе потребни за целите за кои биле собрани и употребени. Тоа генерално би било случај кога е донесена правосилна одлука во однос на вината на сторителот. Под „правосилна одлука„ CAHBI сметала дека тоа вообичаено, според домашниот закон, би се мислело на судска одлука. Сепак, работната група прифати дека имало потреба да се воспостават бази на податоци во определени случаи и за конкретни категории на кривични дела кои можеле да се сметаат дека претставуваат околности кои бараат поинакво решение, заради тежината на кривичните дела. Работната група дојде до овој заклучок после темелна анализа на релевантните одредби на Европската конвенција за човекови права, Конвенцијата за заштита на податоци и други правни инструменти во рамките на Советот на Европа. Понатаму, работната група имаше во предвид дека сите држави членки водат казнена евиденција и дека таа евиденција може да се употреби за целите на системот за кривична правда...Таа имаше во обзир дека таков исклучок би бил дозволен под определени строги услови:
-кога имало кривична осуда
- кога осудата се однесува на тешко кривично дело против животот, интегритетот и бебезбдноста на некое лице;
-времето на чување е строго ограничено;
- чувањето е дефинирано и регулирано со закон;
- чувањето е предмет на контрола од Парламентот или друго независно надзорно тело...“
Б. Право и пракса на државите членки на Советот на Европа
45. Според информациите доставени од странките или со кои Судот располага, мнозинството на држави членки на Советот на Европа дозволуваат задолжително земање на отпечатоци и примероци од клеетки во контекст на кривична постапка. Најмалку 20 држави членки овозможуваат земање на ДНК информации и нивно чување во национални бази на податоци или во други форми (Австрија, Белгија, Република Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска,[4], Италија[5], Латвија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Шведска и Швајцарија). Овој број е во постојан пораст.
46. Во повеќето од тие земји (вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Италиија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија и Шведска) земањето на ДНК податоци во контекст на кривичина постапка не е систематско туку ограничено на конкретни околности и/или за потешки кривични дела, особено дела кои се казниви со казна затвор.
47. Обединетото Кралство е единствената држава членка која изречно дозволува систематско и неограничено чување на ДНК профили и примероци од клетки на лица кои биле ослободени или во однос на кои кривичната постапка била запрена. Пет држави (Белгија, Унгарија, Ирска, Италија и Швајцарија) наложуваат таквите информации да бидат уништени по службена должност при донесување на ослободителна пресуда или запирање на кривичната постапка. Десет други држави го применуваат истото генерално право со некои многу ограничени исклучоци. Германија, Луксембург и Холандија дозволуваат такви информации да се чуваат кога сеуште има сомнежи за лицето или ако е потребна понатамошна истрага во друг предмет; Австрија дозволува нивно чување кога има ризик дека осомничениот ќе изврши опасно кривично дело, а Полска исто така дозволува во однос на некои тешки кривични дела; Норвешка и Шпанија дозволуваат чување на профили ако обвинетиот е ослободен затоа што не бил кривично одговорен; Финска и Данска дозволуваат чување за една и десет години соодветно во случај на ослободување, а Швајвцарија една година кога постапката била запрена. Во Франција ДНК профили може да се чуваат 25 години после ослободување или откажување од гонење; во текот на тоа време јавниот обвинител може да нареди тие да се избришат порано, или по негова или нејзина иницијатива или по предлог, ако нивното чување повеќе не било потребно за целите на идентификација во врска со кривична истрага. Естонија и Латвија исто така се чини дека дозволуваат чување на ДНК профили на осомничени определено време после ослободителна пресуда.
48. Чувањето на ДНК профили на осудени лице е дозволено, како генерално правило, за ограничени временски периоди после осудата или после смртта на осудениот. Обединетото Кралство така се чини дека е исто така и единствена држава членка која изречно дозволува систематско и неограничено чување и на профилите и на примероците од осудени лица.
49. Механизми за жалба до тела за мониторирање на заштитата податоци и/или пред судовите постојат во повеќето држави членки во однос на одлуки да се земат примероци од клетки или да се чуваат примероци или ДНК профили.
В. Европска унија
50. Директивата 95/46/EC oд 24 октомври 1995 за заштита на поединците во однос на обработката на лични податоци и за слободното движење на тие податоци предвидува дека предметот на националните закони за обработка на лични податоци е особено да се заштити правото на приватност признато и со член 8 од Европската конвенција за човекови права и со општите принципи на правото на Заедницата. Директивата поставува повеќе принципи со цел да им се даде содржина и да се зајакнат тие кои се содржани во Конвенцијата за заштита на податоци на Советот на Европа. Таа им дозволува на државите членки да усвојат законски мерки за да се ограничи опсегот на определени обврски и права предвидени во Директивата кога таквото ограничување претставува особено неопходна мерка за спречување, истрага, откривање и кривично гонење на кривични дела (член 13).
51. Конвенцијата од Прим за зајакнување на прекуграничната соработка, особено во борбата со тероризмот, прекуграничниот криминал и илегална имиграција, која беше потпишана од неколку членки на Европската унија на 27 мај 2005, ги поставува правилата за давање на податоци за отпечатоци и ДНК на другите договорни страни и нивна автоматизирана проверка со нивните релевантни бази на податоци. Конвенцијата предвидува помеѓу другото:
„член 35 – Цел
2. ... Договорната страна која работи со досието може да ги обработи податоците кои биле дадени (...) само ако тоа е неоходно за целите на споредба или давање на автоматизирани одговори на пребарувања освен ако понатамошна обработка е неопходна за целите наведени [погоре].“
52. Член 34 гарантира степен на заштита на личните податоци кој е барем еднаков со оној кој произлегува од Конвенцијата за заштита на податоци и бара од договорните страни да ја земат во предвид Препораката R (87) 15 на Комитетот на министри на Советот на Европа.
53. Рамковната одлука на Советот од 24 јуни 2008 за заштита на личните податоци обработени во рамките на полициска и судска соработка во кривични предмети наведува, помеѓу другото:
„член 5
Утврдување на временски рокови за бришење и оцена
Соодветни временски рокови ќе бидат воспоставени за бришење на лични податоци или за периодична оцена на потребата за чување на податоците. Процедуралните мерки ќе гарантираат дека тие временски рокови се почитуваат.“
Г. Судска пракса во други јурисдикции
54. Во случајот R v. RC [[2005] 3 S.C.R. 99, 2005 SCC 61] Врховниот суд на Канада го разгледал прашањето на чување на ДНК примерок на малолетен сторител на кривично дело кое му било прв престап во националната база на податоци. Судот ја потврдил одлуката на судијата која одлучувал во прв степен во која било одлучено, во светло на принципите и целта на законите за малолетничка правда, дека ефектот на чувањето на ДНК би бил сосема непропорционален. Според неговото мислење, Fish J. забележал:
“Позагрижувачки е сепак ефектот на наредбата врз интересите на заштита на податоците на поединецот. Во R. v. Plant, [1993] 3 S.C.R. 281, стр. 293, судот одлучил дека член 8 од Повелбата ја штител ‘биографската суштина на личните податоци кои поединците во слободно и демократско општество би сакале да ги зачуваат и контролираат од давање на државата’. ДНК на поединецот содржи ‘највисок степен на лични и приватни информации’: S.A.B., параграф 48. За разлика од отпечаток од прсти, таа може да ги открие најинтимните детали на билошката градба на едно лице. ... Земањето и чувањето на ДНК примерок не е тривијално прашање и, во отсуство на силен јавен интерес, инхерентно би претставувало сериозно мешање во правото на субјектот на лична и тајност на податоците.“
Г. Конвенција на ООН за правата на детето од 1989
55. Член 40 од Конвенција на ООН за правата на детето од 20 ноември 1989 го искажува правото на секое дете за кое има наводи, кое е обвинето за, или за кое е потврдено дека го прекршило кривичниот закон да се постапува на начин кој е во согласност со унапредување на чувството на достоинство и вредност на детето, кој го зајакнува почитувањето на детето на човековите права и фундаментални слободи на другите и кој ги зема во предвид возраста на детето и пожелноста на промовирање на реинтеграција на детето и преземањето на конструткивна улога во општеството од страна на детето.
IV. ПОДНЕСОЦИ НА ТРЕТИТЕ СТРАНИ
56. Националниот совет за граѓански слободи [National Council for Civil Liberties] („Liberty“) достави судска пракса и научни материјали со кои се нагласува, помеѓу другото, многу чувствителната природа на примероците од клетки и ДНК профили и ефектот на приватниот живот кој произлегува од нивното чување од страна на властите.
57. Privacy International се повика на определени главни правила за заштита на лични податоци и инсистираше на нивната голема важност во толкувањето на условот за пропорционалност содржан во член 8 од Конвенцијата. Таа ги нагласи особено „строгите временски рокови“ препорачани со Препораката R (92) 1 за чување на примероци од клетки и ДНК профили. Таа исто така посочи на непропорционална застапеност во националните ДНК датабази на Обединетото Кралство на определелни групи од населението, особени млади лица, и неправичноста која може да биде создадена во некои ситуации. Користењето на податоците за семејно тестирање и дополнителни истражувачки цели биле исто така загрижувачки. Privacy International исто така достави резиме на споредбени податоци на законите и праксата на различни земји во однос на чувањето на ДНК и ги нагласи бројните ограничувања и заштитни механизми кои постоеле во тој поглед.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
58. Жалителите се жалеа по член 8 од Конвенцијата за чувањето на нивни отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили врз основа на член 64 (1A) oд Законот за полиција и кривични докази („ЗПКД“). Член 8 предвидува, во делот кој е релевантен за овој случај:
„1. Секој има право на почитување на неговиот приватен...живот...
2. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако е неопходно во демократско општество ...за спречувањето на нереди или кривични дела...“
A. Постоење на мешање со приватниот живот
59. Судот прво ќе разгледа дали чувањето на отпечатоци од прсти, ДНК профили и примероци од клетки на жалителите од страна на властите претставува мешање во нивниот приватен живот.
1. Аргументи на странките
(a) Жалителите
60. Жалителите изјавија дека чувањето на нивни отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили било мешањео во нивното право на почитување на приватниот живот затоа што тие биле на суштински начин поврзани со нивниот идентитет и претставувале вид на лични информации кој тие имале право да го чуваат под нивна контрола. Тие потсетија дека за првичното земање на такви биоинформации било постојано одлучувано дека член 8 е применлив и изјавија дека нивното чување било поконтроверзно со оглед на богатството на приватни информации кои им биле перманентно достапни на други и на тој начин излегувале вон контрола на лицето кое е засегнато. Тие ја нагласија особено општествената стигматизација и психолошките последици на тоа чување кога станува збор за деца, што го правело мешањето во приватниот живот на првиот жалител уште поголемо.
61. Tие сметаа дека судската пракса на органите на Конвенцијата го подржувале ова тврдење, како и неодамнешната домашна одлука на Трибуналот за лични податоци (Chief Constables of West Yorkshire, South Yorkshire and North Wales Police v. the Information Commissioner, [2005] UK IT EA 2005 0010 (12 октомври 2005), 173). Таа одлука се повикала на говорот на Баронесата Hale oд Richmond во Домот на лордовите (види параграф 25 погоре) и го следела во суштина нејзиниот заклучок кога одлучувала за слично прашање за примената на член 8 врз чувањето на податоци за осудуваност.
62. Tие понатаму нагласија дека чувањето на примероци од клетки вклучувало уште поголем степен на мешање во правата од член 8 затоа што содржеле целосни генетски информации за едно лице вклучувајќи и генетски информации за неговите или нејзините роднин. Било без значење дали информации биле фактички изведени од примероците или предизвикале штета во конкретен случај затоа што поединецот имал право на гаранција дека таквите информации кои на фундаментален начин му припаѓале дека ќе останат тајни и дека нема да бидат пренесени или достапни без негово одобрение.
(б) Владата
63. Владата прифати дека отпечатоци од прсти, ДНК профили и примероци од клетки биле „лични податоци“ во смисла на Законот за заштита на лични податоци во рацете на оние кои можат да го идентификуваат поединецот. Таа сметаше, сепак, дека самото чување на отпечатоци од прсти, ДНК профили и примероци од клетки за ограничена употреба дозволена со член 64 од ЗПКД не спаѓало во досегот на правото на почитување на приватниот живот според член 8 § 1 oд Конвенцијата. За разлика од првичното земање на овие податоци, нивното чување не се мешало со физичкиот и психолошкиот интегритет на лицата, ниту пак го повредувало нивното право на личен развој, да формираат врски со други човечки суштества или правото на самоопределување.
64. Владата изјави дека вистинската загриженост на жалителите се однесувала на страв за идните употреби на зачуваните примероци, за очекувани методи на анализа на ДНК материјалот и на потенцијално мешање во приватниот живот на поединците преку активно набљудување. Таа нагласи во овој поглед дека дозволениот степен на употреба на материјалот бил јасно и изречно ограничен со законот, технолошките процеси на профилирање на ДНК и карактерот на изведениот ДНК профил.
65. Профилот бил само низа на броеви кои обезбедувале средство за идентификација на лице врз основа на телесно ткиво, кои не содржеле суштински наметливи информации за поединецот или неговата личност. Базата на ДНК податоци била збир на такви профили кои можеле да се пребаруваат користејќи материјал од местото на извршување на делото и едно лице би било идентификувано само ако и во таа мерка во која било најдено совпаѓање со тој примерок во базата на податоци. Семејно пребарување преку делумни пребарувања се применувало само во многу ретки случаи и било строго контролирано. Отпечатоците од прсти, ДНК профилите и примероците ниту биле подложни на субјективни коментари ниту давале било какви информации за активностите на лицето и затоа не постоел ризик дека тие ќе влијаат врз тоа како е перцепиран поединецот или врз неговиот или нејзиниот углед. Дури и ако тоа чување можело да потпаѓа во досегот на член
8 § 1 исклучително ограничената природа на било какви лоши последици го правело чувањето недоволно сериозно за да претставува мешање.
2. Оцена на Судот
(a) Општи принципи
66. Судот потсетува дека концептот „приватен живот“ е широк поим кој не може да биде предмет на исцрпна дефиниција. Тој се однесува на физичкиот и психолошкиот интегритет на едно лице (види Pretty v. the United Kingdom, no. 2346/02, § 61, ECHR 2002‑III, и Y.F. v. Turkey, no. 24209/94, § 33, ECHR 2003‑IX). Затоа може да вклучи повеќе аспекти на физичкиот и социјалниот идентитет на лицето (види Mikulić v. Croatia, no. 53176/99, § 53, ECHR 2002-I). Елементите како што се, на пример, полова идентификација, име и сексуална ориентација и сексуален живот спаѓаат во личната сфера заштитена со член 8 (види, помеѓу други претходни одлуки, Bensaid v. the United Kingdom, no. 44599/98, § 47, ECHR 2001‑I со понатамошни референци, и Peck v. the United Kingdom, no. 44647/98, § 57, ECHR 2003‑I). Покрај името на лицето, неговиот или нејзиниот приватен и семеен живот може да вклучува други начини на лична идентификација и врски со семејство (види mutatis mutandis Burghartz v. Switzerland, 22 February 1994, § 24, Series A no. 280‑B; and Ünal Tekeli v. Turkey, no. 29865/96, § 42, ECHR 2004‑X (extracts)). Информациите за здравјето на лицето се исто така важен елемент на приватниот живот (види Z. v. Finland, 25 February 1997, § 71, Reports of Judgments and Decisions 1997‑I). Судот понатаму смета дека етничкиот идентитет на поединецот мора да се смета за таков елемент (види посебно член 6 од Конвенцијата за заштита на лични податоци цитиран во параграф 41 погоре, која ги споменува личните податоци со кои се открива етничкото потекло како посебна категорија заедно со други чувствителни информации во врска со поединецот). Член 8 го штити понатаму и правото на личен развој, и правото да се формираат и развиваат врски со други човечки суштества и надворешниот свет (види, на пример, Burghartz, цитиран погре, мислење на Комисијата, стр. 37, параграф 47, и
Friedl v. Austria, judgment of 31 January 1995, Series A no. 305-B, мислење на Комисијата, стр. 20, параграф 45). Концептот на приватен живот исто така вклучува и определени елементи на правото на лицето на нивна фотографија (Sciacca v. Italy, no. 50774/99, § 29, ECHR 2005-I).
67. Самото чување на податоци поврзано со приватниот живот претставува мешање во смисла на член 8 (види Leander v. Sweden, 26 March 1987, § 48, Series A no. 116). Идната употреба на зачуваните информации нема влијание врз овој заклучок (Amann v. Switzerland [GC], no. 27798/95, § 69, ECHR 2000-II). Сепак, при одлучувањето дали зачуваните лични информации од страна на властите вклучува било кој од аспектите на приватниот живот споменати погоре во текстот, Судот ќе го земе во предвид конкретниот контекст во кој информациите за кои станува збор биле запишани и зачувани, природата на записите, начинот на употреба и обработка на тие записи и резултатите кои од нив може да се добијат (види, mutatis mutandis, Friedl, цитиран погоре, §§49-51, and Peck v. the United Kingdom, цитиран погоре, § 59).
(б) Примена на принципите во случајот кој се разгледува
68. Судот воочува на почетокот дека сите три категории на лични информации кои властите ги чувале во овие случаи, имено, отпечатоците од прсти, ДНК профилите и примероците од клетки, претставуваат лични податоци во смисла на Конвенцијата за заштита на лични податоци затоа што се однесуваат на идентификувани или поединци кои може да се идентификуваат. Владата прифати дека сите категории се „лични податоци“ во смисла на Законот за заштита на лични податоци од 1998 во посед на оние кои можеле да го идентификуваат поединецот.
69. Органите на Конвенцијата веќе имаат разгледувано во различни околности прашања поврзани со чувањето на такви лични податоци од страна на властите во контекст на кривични постапки. Што се однесува на карактерот и опсегот на информации содржани во секоја од тие три категории на податоци, Судот во претходни одлуки направил разлика помеѓу чување на отпечатоци од прсти и чувањето на примероци од клетки и ДНК профили со оглед на поголемиот потенцијал за идна употреба на личните податоци содржани во примероци од клетки и ДНК профили (види Van der Velden v. the Netherlands (dec.), no. 29514/05, ECHR 2006-...). Судот смета дека е соодветно да го испита одвоено прашањето за мешање со правото на жалителите на почитување на нивните приватни животи со чувањето на примероци од клетки и ДНК профили од една страна, и чувањето на отпечатоци од прсти од друга.
(i) Примероци од клетки и ДНК профили
70. Во Van der Velden, Судот сметал дека, со оглед на можната идна употреба на клеточниот материјал, систематското чување на тој материјал било доволно нападно за да доведе до мешање со правото на почитување на приватниот живот (види Van der Velden цитиран погоре). Владата го критикуваше тој заклучок од причина што со него се шпекулирало за теоретската идна употреба на примероци и дека немало такви мешања во моментот.
71. Судот останува на својот став дека загриженоста на поединецот за можна идна употреба на приватни информации кои властите ги чуваат е легитимна и релевантна за утврдување на прашањето дали имало мешање. Навистина, со оглед на брзиот ритам на равој во областите на генетиката и информатичката технологија, Судот не може да ја исклучи можноста дека во иднина интересите од приватниот живот поврзани со генетски информации може да биде негативно засегнати од новите начини кои не можат во денешно време прецизно да бидат анитиципирани. Затоа, Судот не гледа доволни причини за да отстапи од својот заклучок во случајот Van der Velden.
72. Легитимната загриженост за можна употреба на клеточен материјал во иднина не е, сепак, едиствениот елемент која треба да се земе во предвид при утврдувањето на прашањето кое е предмет на анализа. Покрај многу личната природа на примероците од клетки, Судот воочува дека тие содржат многу чувствителни информации за поединецот, вклучувајќи и информации за неговото или нејзиното здравје. Понатаму, примероците содржат единствен генетски код од голема важност и за поединецот и за неговите блиски. Во овој поглед Судот се согласува со мислењето на Баронесата Hale дадено во Домот на лордовите (види параграф 25 погоре).
73. Со оглед на карактерот и обемот на лични информации содржани во примероците од клетка, нивното чување само по себе мора да се смета за мешање со правото на почитување на приватните животи на заегнатите поединци. Овој заклучок не може да се промени со тврдењето дека само ограничен дел од тие информации се всушност изведен или користен до властите преку ДНК профилирање и дека нема непосредна штета во конкретен случај (види Amann цитиран погоре § 69).
74. Што се однесува на самите ДНК профили, Судот воочува дека тие содржат поограничен обем на лични податоци изведени од примероци од клетки во кодирана форма. Владата тврдеше дека ДНК профилот не е ништо повеќе од низа на броеви или бар-код кој содржи информации од чисто објективен и несоборлив карактер и дека доаѓа до иденфитикацијата на субјект само во случај на совпаѓање со друг профил во базата на податоци. Таа исто така тврдеше дека, затоа што се во кодирана форма, потребна е компјутерска технологија за да можат да се разберат информациите и дека само ограничен број на луѓе ќе можат да ги толкуваат податоците за кои станува збор.
75. Судот сепак забележува дека профилите содржат значителен обем на уникатни лични податоци. Иако информациите кои се содржани во профилите може да се сметаат за објективни и несоборливи во смисла на тврдењето на Владата, нивната автоматска обработка дозволува властите да одат подалеку од неутрална идентификација. Судот воочува во овој поглед дека Владата прифати дека ДНК профилите можат, и навистина во некои случаи биле, искористени за семејно пребарување со цел да се идентификува можна генетска врска помеѓу поединци. Таа исто така ја прифати многу чувствителната природа на таквото пребарување и потребата за многу строга контрола во тој поглед. Според Судот, капацитетот на ДНК профилите да дадат средства за идентификување на генетски врски помеѓу поединци (види параграф 39 погоре) е само по себе доволно за да се заклучи дека нивното чување се меша со правото на приватен живот на поединците кои се засегнати. Зачестеноста на семејните пребарувања, заштитните механизми кои се однесуваат на нив и веројатноста за штета во конкретен случај за ирелевантни во овој поглед (види Amann цитиран погоре, § 69). На овој заклучок исто така не влијае фактот што, со оглед на тоа дека информациите се кодирани, моат да бидат разбрани само со компјутерска технологија и може да ги токуваат само ограничен број на луѓе.
76. Судот понатаму воочува дека Владата не оспори дека обработката на ДНК профили дозволува властите да го оценат веројаното етничко потекло на донаторот и дека такви техники всушност се користат во полициски истраги (види параграф 40 погоре), Можноста која ДНК профилите ја создаваат за да извлечат заклучоци за етничкото потекло го прави нивното чување уште почувствително и ги зголемува шансите за влијание врз правото на приватен живот. Овој заклучок е во согласност со принципот поставен во Конвенцијата за заштита на лични податоци и одразен во Законот за заштита на лични податоци кои ги вбројуваат личните податоци со кои се открива етничкото потекло помеѓу специјалните категории на чувствителни податоци за кои е потребно повисоко ниво на заштита (види параграфи 30-31 и 41 погоре).
77. Со оглед на тоа што беше претходно наведено, Судот заклучува дека чувањето и на примероци од клетки и на ДНК профили покажува мешање со правото на жалителите на почитување на нивните приватни животи, во смисла на член 8 § 1 oд Конвенцијата.
(ii) Отпечатоци од прсти
78. Постои согласност дека отпечатоците од прсти не содржат толку многу информации како примероците од клетки и ДНК профилите. Прашањето за наводно мешање во правото на почитување на приватниот живот предзивикано со нивно чување од страна на властите веќе било разгледано од органите на Конвенцијата.
79. Во случајот McVeigh, Комисијата прв пат го разгледала прашањето на земање и чување на отпечатоци од прсти како дел од повеќе истражни дејствија. Таа прифатила дека барем некои од мерките покажувале мешање со приватниот живот на жалителите, а го оставила отворено прашањето дали само чувањето на отпечатоци од прсти би довело до такво мешање (McVeigh, O’Neill and Evans (no. 8022/77, 8025/77 and 8027/77, Извештај на Комисијата од 18 март 1981, DR 25, стр.15, § 224).
80. Во случајот Kinnunen, Комисијата сметала дека отпечатоци од прсти и фотографии зачувани после аспењето на жалителот не претставувало мешање во неговиот приватен живот затоа што тие не содржеле какви било субјективни очекувања кои требало да бидат оспорени. Комисијата воочила, сепак, дека податоците за кои станувало збор биле уништени девет години покасно на барање на жалителот (Kinnunen v. Finland, no. 24950/94, одлукана на Комисијата од 15 мај 1996).
81. Со оглед на овие заклучоци и прашањата кои се поставуваат во овој случај, Судот смета дека е соодветно повторно да го оцени ова прашање. Воочува на почетокот дека отпечатоците од прсти од жалителите претставуваат нивни лични податоци (види параграф 68 погоре) кои содржат определени надворешни особини за идентификација во добар дел на ист начин како, на пример, лични фотографии или гласовни записи.
82. Во случајот Friedl, Комисијата сметала дека чувањето на анонимни фотографии кои биле направени на јавна демонстрација не се мешало со правото на почитување ан приватниот живот. Одлучувајќи го тоа, таа дала посебна тежина на фактот што фотографиите за кои станувало збор не биле внесени во систем за обработка на податоци и дека властите немале преземено мерки за идентификација на лицата кои биле фотографирани со средства за обработка на податоци (види Friedl цитиран погоре, §§ 49-51).
83. Во случајот P.G. and J.H., Судот сметал дека запишувањето на податоци и систематскиот или перманентниот карактер на записот можел да доведе размислувања во врска со приватниот живот иако податоците за кои станува збор можеби биле во јавниот домен или поинаку. Судот воочил дека перманентниот запис на гласот на некое лице за понатамошна анализа бил директно релевантен во идентификацијата на тоа лице кога бил земен заедно со други лични податоци. Затоа сметал дека снимањето на гласовите на жалителите за таква понатамошна анализа доведувало до мешање со правото на почитување на нивните приватни живот (види P.G. and J.H. v. the United Kingdom, no. 44787/98, § 59-60, ECHR 2001‑IX).
84. Судот смета дека генералниот пристап на органите на Конвенцијата во однос на фотографии и снимки на гласот исто така треба да биде применет и во однос на отпечатоци од прсти. Владата сметаше дека отпечатоците се разликувале и тврдеше дека тие биле неутрален, објективен и непобитен материјал и, за разлика од фотографиите, не можеле да бидат разбрани од необучени лица и без отпечаток кој служи како компаратор. Иако ова согледување е точно, тоа не може да го промени фактот дека отпечатоци од прсти објективно содржат уникатни информации за лицето за кое станува збор дозволувајќи негова или нејзина прецизна идентификација во најразлични околности. Тие затоа можат да влијаат врз неговиот или нејзиниот приватен живот и чувањето на тие информации без согласност на засегнатиот поединец не може да се смета за неутрално или неважно.
85. Судот затоа смета дека чувањето на отпечатоци од прсти во евиденцијата на властите во врска со идентификуван или поединец кој може да се идентификува може само по себе да доведе до важна загриженост за приватниот живот и покрај нивниот објективен и непобитен карактер.
86. Во овој случај, Судот понатаму воочува дека отпечатоците од прсти на жалителите биле најпрво земени во кривична постапка а потоа внесени во национална база на податоци со цел тие перманентно да се чуваат и редовно да бидат автоматски обработувани за цели на идентификација во однос на криминални активности. Прифатено е во тој поглед дека, заради информациите кои тие ги содржат, чувањето на примероци од клетки и ДНК профили има поголемо влијание врз приватниот живот отколку чувањето на отпечатоци од прсти. Сепак, Судот, како и Баронесата Hale (види параграф 25 погоре), смета дека, иако може да е потребно да се прави разлика помеѓу земањето, користењето и чувањето на отпечатоци од прсти, од една страна, и примероците и профилите, од друга, при одлучувањето на прашањето за оправдување, чувањето на отпечатоци од прсти претставува мешање со правото на почитување на приватниот живот.
Б. Оправдување на мешањето
1. Аргументи на странките
(a) Жалителите
87. Жалителите тврдеа дека чувањето на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили не било оправдано според вториот параграф на член 8. Владата имал широко овластување да користи примероци и ДНК профили особено за „цели поврзани со превенцијата или откривањето на кривични дела“, „истрага за кривично дело“ или „преземање на кривично гонење“. Овие цели биле нејасни и оставале простор за злоупотреба затоа што тие посебно можеле да доведат до споредување на детални лични информации вон непосредниот контекст на истрагата за конкретно кривично дело. Жалителите понатаму тврдеа дека имало недоволно процедурални заштитни механизми против неправилна употреба или злоупотреба на информациите. Записите во НПК не биле достапни само на полицијата, туку исто така на 56 неполициски тела, вклучувајќи и Владини агенции и одделенија, приватни групи како што се Британскиот Телеком [British Telecom] и Асоцијацијата на британски осигурителни компании, па дури е некои работодавачи, Понатаму, НПК бил поврзан со европскиот „шенгенски информативен систем“. Последователно, нивниот случај вклучувал многу суштинско и контроверзно меашње со правото на приватен живот, како што посебно било покажано со јавната дебата која сеуште трае и несогласувањата за темата во Обединетото Кралство. Спротивно на тврдењето на Владата, жалителите заклучија дека прашањето на чување на овој материјал било од голема индивидуална загриженост, а државата имала ограничено поле на слободна оцена во оваа сфера.
88. Жалителите изјавија дека неограниченото чување на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили на неосудувани лица не можело да се смета за „неопходно во демократско општество“ за спречување на кривични дела. Посебно, немало никакво оправдување за чувањето на примероци од клетки после првото генерирање на ДНК профил; ниту пак било на убедлив начин докажано дека чувањето на ДНК профили е ефикасно со оглед на големиот број на ДНК совпаѓања на кој Владата се повикува не било покажано дека довело до успешно кривично гонење. Исто така, во повеќето конкретни примери доставени од Владата, успешното кривично гонење не зависело од чувањето на записите, а во некои други успешниот исход може да биде постигнат преку поограничено чување во време и во опсег.
89. Жалителите понатаму изјавија дека чувањето било непропорционално заради неговиот генерален карактер без оглед на кривичните дела за кои станува збор, неограничениот временски период, неземањето во предвид на околностите на жалителите и непостоењето на независен процес на носење на одлуки или контрола при разгледување дали да се нареди чување или не. Тие понатаму сметаа дека режимот на чување не бил во согласнст со насоките на Советот на Европа во однос на оваа тема. Тие нагласија, на крај, дека чувањето на записи предизвикувало сомнежи за лицата кои биле ослободени или постапката била запрена, на тој начин имплицира дека тие не биле потполно невини. Чувањето затоа доведувало до стигматизација која било посебно штетна за деца како што е во случајот на С. и за припадници на определени етнички групи кои биле премногу застапени во базата на податоци.
(б) Владата
90. Владата тврдеше дека било какво мешање кои произлегувало од чувањето на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили на жалителите било оправдано по вториот параграф на член 8. Тоа било во согласност со закон како што било изречно предвидено, и регулирано со член 64 од ЗПКД, во кој се наведувале деталните овластувања и ограничувања во однос на земањето на отпечатоци од прсти и примероци и јасно наведувал дека тие ќе се чуваат од страна на властите без оглед на исходот на постапката во врска со која биле земени. Користењето на дискреционо одлучување за чување на отпечатоци од прсти и примероци било исто така, во секој случај, предмет на вообичаените законски принципи на регулирање на дискрециони овластувања и судска оцена.
91. Владата понатаму изјави дека мешањето било неопходно и пропорционално за легтимната цел на спречување на неред или кривични дела и/или за заштита на правата и слободите на другите. Од суштинско значење било дека агенциите за спроведување на законот ги користеле достапните техники на модерната технологија и форензика во превенцијата, истрагата и откривањето на кривични дела во интерес на општеството генерално. Таа тврдеше дека чуваниот материјал бил од непроценлива вредност во борбата против криминалот и тероризмот и откривањето на виновниците и достави статистички податоци во поддршка на ова мислење. Таа нагласи дека предностите за системот на кривична правда биле огромни, не само што овозможувале откривање на виновниците туку исто така спречувало невините да бидат предмет на истраги и ги поправало и спречувало судските грешки.
92. На 30 септември 2005, националната база на ДНК податоци имала 181,000 профили на поединци кои би имале право нивните профили да се избришат според измените од 2001. 8,251 од нив биле покасно поврзани со траги најдени на место на извршување на кривични дела што вклучувало 13,079 кривични дела, вклучувајќи 109 убиства, 55 обиди за убиства, 116 силувања, 67 кривични дела против половата слобода, 105 тешки разбојништва и 126 кривични дела на пуштање во промет на контролирани наркотични супстанции.
93. Владата исто така достави конкретни примери на употреба на ДНК материјал за успешна истрага и кривично гонење во околу осумнаесет конкретни примери. Во десет од тие случаи ДНК профилите на осомничените се совпаднале со некои постари неповрзани траги од места на извршување на кривичното дело зачувани во базата на податоци, на тој начин овозможувајќи успешно кривично гонење на тие постари кривични дела. Во друг случај, двајца осомничени уапсени за силување биле елиминирани од истрагата затоа што нивните ДНК профили не се совпаѓале со трагите од местото на настанот. Во други два случаи чувањето на ДНК профилите на лица кои биле осудени за некои полесни кривични дела (прекршување на јавен ред и кражба) довело до утврдување на нивно вклучување во други кривични дела извршени покасно. Во еден случај чувањето на ДНК профилот на осомничениот после кривично дело поврзано со илегална имиграција помогнало во неговата екстрадиција во Обединетото Кралство една година покасно кога бил идентификуван од една од неговите жртвите дека имал извршено силување и убиство. На крај, во четири случаи ДНК профилите зачувани од четири лица осомничени но, не и осудени за определени кривични дела (поседување на оружје, насилно однесување и напад) се совпаднале со траги од местото на настанот најдени на жртви од силување до две години покасно.
94. Владата изјави дека чувањето на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили не можело да се смета за прекумерно затоа пто тие биле чувани за конкретни ограничени законски цели и се чувале безбедно и биле предмет на утврдени заштитни механизми. Нивото чување не било наложено поради каков било степен на сомневање за вмешаност на жалителите во кривично дело или склоност кон криминал ноту насочено кон чување на записи во однос на веќе истражени наводни кривични дела во минатото. Нивните записи се чувале затоа што тоа би помогнало во идна превенција и откривање на преку пораст на базата на податоци. Чувањето не доведувало до стигматизација и до практични последици за жалителите освен ако записите се совпаднале со профил од местото на извршување на кривично дело. Затоа била воспоставна правична рамнотежа помеѓу индивидуалните права и генералниот интерес на заедниците која спаѓала во полето на слободна оцена на државата.
2. Оцена на Судот
(a) Во согласност со закон
95. Судот потсетува на неговата воспоставена судска пракса дека формулацијата „во согласност со закон“ бара оспорената мерка да има некаква основа во домашниот закон и да биде во согласност со владеењето на правото, што е изречно споменато во преамбулата на Конвенцијата и инхерентно на целта и намената на член 8. Законот затоа мора да биде соодветно достапен и предвидлив, што значи, да е формулиран доволно прецизно за да му овозможи на поединецот ако е потребно и преку соодветен совет –да го регулира своето однесување: За домашниот закон да ги исполни овие услови, мора да овозможи соодветна правна заштита против арбитрерност и затоа мора доволно јасно да ги посочи опсегот на дискреционо одлучување доверен на надлежните власти и начинот на негово користење (види Malone v. the United Kingdom, 2 August 1984, §§ 66-68, Series A no. 82; Rotaru v. Romania [GC], no. 28341/95, § 55, ECHR 2000-V; и Amann цитиран погоре, § 56).
96. Степенот на прецизност кој е потребен во домашните закони – кои во никој случај не можат да ја предвидат секоја можна ситуација – зависи во значителна мерка од содржината на инструментот за кој станува збор, областа која треба да ја регулира и бројот и статусот на лицата на кои се однесува (Hasan and Chaush v. Bulgaria [GC], no. 30985/96, § 84, ECHR 2000-XI, со понатамошни референци).
97. Судот воочува дека член 64 од ЗПКД предвидува дека отпечатоци од прсти или примероци земени од некое лица во врска со истрага на кривично дело може да чуваат откако ја исполниле целта за која биле земени (види параграф 27 погоре). Судот се согласува со Владата дека чувањето на отпечатоци од прсти на жалителите и ДНК записите биле јасно засновани на домашниот закон. Постојат исто така јасни докази дека овие докази биле чувани во пракса освен во исклучителни околности. Фактот дека раководните полициски службеници имале овластување да ги уништат во такви ретки случаи не го прави законот недоволно прецизен од гледна точка на Конвенцијата.
98. Што се однесува на условите и уредувањето на чувањето и употребата на овие лични информации, член 64 е далеку понепрецизен. Предвидува дека зачуваните примероци и отпечатоци од прсти не смеат да бидат употребувани од било кое лице освен за цели поврзани со превенцијата или откривањето на криминал, истрага на кривично дело или преземање на кривично гонење.
99. Судот се согласува со жалителите дека барем првата од овие цели е формулаирана прилично генерално и може да доведе до екстензивно толкување. Судот повторува дека е од суштинско значење, во овој контекст, како и при телефонското прислушкување, тајно набљудување и собирање на информации, да има јасни, детални правила со кои се регулира обемот и примената на мерките, како и минимални заштитни механизми во однос на, помеѓу другото, траењето, чувањето, употребата, пристапот од страна на трети лица, постапки за зачувување на интегритетот и доверливост на податоците и процедури за нивно уништување, на тој начин обезбедувајќи доволно гаранции против ризик од злоупотреба и арбитрерност (види, mutatis mutandis, Kruslin v. France, 24 April 1990, §§ 33 and 35, Series A no. 176‑A; Rotaru, цитиран погоре, § 57-59; Weber and Saravia v. Germany (dec.), no. 54934/00, ECHR 2006‑...; Association for European Integration and Human Rights and Ekimdzhiev v. Bulgaria, no. 62540/00, §§ 75-77, 28 June 2007; Liberty and Others v. the United Kingdom, no. 58243/00, § 62-63, 1 July 2008). Судот воочува, сепак, дека овие прашања во овој случај се тесно поврзани со поширокото прашање дали мешањето било неопходно во демократско општество. Со оглед на неговата анализа во параграфите 105-126 подолу, Судот не смета дека е потребно да одлучи дали формулацијата на член 64 ги исполнувала условите „за квалитет на закон’ во смисла на член 8 § 2 oд Конвенцијата.
(б) Легитимна цел
100. Судот се согласува со Владата дека чувањето на отпечатоци од прсти и ДНК информации остварува легитимна цел на откривање, и затоа, и спречување на криминал. Иако првичното земање на овие информации остварува цел на поврзување на конкретно лице со конкретно кривично дело за кое тој или таа е осомничен/а, неговото чување ја следи пошироката цел на помагање во идентификацијата на идни сторители.
(в) Неопходно во демократско општество
(i) Општи принципи
101. Едно мешање ќе се смета за „неопходно во демократско општество“ за легитимна цел ако одговара на „неодложна општествена потреба“ и, посебно, ако е пропорционално на легитимната цел која треба да се оствари и ако причините изнесени од националните власти за да го оправдаат се „релевантни и доволни“: Иако е на националните власти да ја направат првичната оцена на сите овие аспекти, конечната евалуација дали мешањето е неопходно останува предмет на оцена на Судот на исполнувањето на условите на Конвенцијата (види Coster v. the United Kingdom [GC], no. 24876/94, § 104, 18 January 2001, со понатамошни референци).
102. Мора да им биде оставено поле на слободна оцена на националните власти во таа анализа. Опсегот на таа слободна оцена се разликува и зависи од повеќе фактори вклучувајќи го и карактерот на правото од Конвенцијата за кое станува збор, неговата важност за поединецот, карактерот на мешањето и целта која мешањето треба да ја оствари. Полето на слободна оцена ќе биде потесно кога правото кое е во прашање е клучно за ефикасното ужување на поединецот на интимни или клучни права (види Connors v. the United Kingdom, no. 66746/01, § 82, 27 May 2004, со понатамошни референци). Кога исклучително важен аспект на постоењето или идентитет на подеинецот е во прашање, дозволеното поле на слободна оцена на државата ќе биде ограничено (види Evans v. the United Kingdom [GC], no. 6339/05, § 77, ECHR 2007‑...). Кога пак, нема консензус помеѓу државите членки на Советот на Европа, или во однос на релативната важност на интересот кој е во прашање или во однос на тоа како тој да се заштити, полето на слободна оцена ќе биде пошироко (види Dickson v. the United Kingdom [GC], no. 44362/04, § 78, ECHR 2007-...).
103. Заштитата на лични податоци е од фундаментална важност за лицето во однос на уживањето на неговото или нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот, гарантирано со член 8 од Конвенцијата. Домашниот закон мора да обезбеди соодветни заштитни механизми за спречување на секоја употреба на лични податоци која може да не е во согласност со гаранциите во овој член (видиmutatis mutandis, Z., цитиран погоре, § 95). Потребата за такви заштитни механизми е уште поголема кога заштитата на лични податоци кои се предмет на автоматска обработка е во прашање, а особено кои тие податоци се користат за полициски цели. Домашниот закон мора особено да гарантира дека тие податоци се релевантни и не се прекумерни во врска со целта за која биле зачувани; дека се чуваат во форма која дозволува идентификација на субјектите на податоци не подолго отколку што е потребно за целта за која тие податоци биле зачувани (види член 5 од Конвенцијата за заштита на лични податоци и нејзината преамбула и принцип 7 од Препораката R(87)15 на Комитетот на министри со која се регулира користењето на лични податоци во полицискиот сектор). Домашниот закон мора исто така да обезбеди соодветни гаранции дека зачуваните податоци се ефикасно заштитени од неправилна употреба и злоупотреба (види посебно член 7 од Конвенцијата за заштита на лични податоци). Горните согледувања се особено валидни во однос на заштитата на посебни категории на почувствителни податоци (види член 6 од Конвенцијата за заштита на лични податоци) и попрецизно ДНК информации, кои ја содржат генетската градба на лицето која е од огромно значење и за засегнатото лице и за неговото или нејзиното семејство (види Препорака бр. R(92)1 на Комитетот на министри за користењето на анализа на ДНК во рамките на системот на кривична правда).
104. Интересите на субјектите на податоци и заедницата како целина во заштитата на лични податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и ДНК информации, може да бидат преовладани од легитимниот интерес на превенција на криминал (види член 9 од Конвенцијата за заштита на лични податоци). Сепак, природно тајниот карактер на овие податоци бара Судот внимателно да оцени било каква државна мерка која дозволува нивно чување и користење од властите без согласност на засегнатото лице (види mutatis mutandis, Z. цитиран погоре, § 96).
(ii) Примена на тие принципи во случајот кој се разгледува
105. Судот смета дека е неспорно дека борбата против криминалот, и посебно против организираниот криминал и тероризмот, која е еден од предизвиците со кои се соочуваат европските општества, зависи во голема мерка од употребата на современи научни техники на истрага и идентификација. Техниките на анализа на ДНК беа признати од Советот на Европа пред повеќе од петнаесет години дека овозможуваат предности во системот на кривична правда (види Препорака R(92)1 на Комитетот на министри, параграфи 43-44 погоре). Не е исто така спорно дека државите членки оттогаш постигнале брз и воочлив напредок во користењето на ДНК информации во утврдување на невиност или вина.
106. Сепак, иако ја потврдува важноста на таквите информации во откривање на криминал, Судот мора да го ограничи опсегот на неговата анализа. Прашањето не е дали чувањето на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили генерално може да се смета за оправдано според Конвенцијата. Единственото прашање кое Судот треба да го разгледа е дали чувањето на отпечатоци од прсти и ДНК податоци на жалителите, како лица кои биле осомничени, но, не и осудени за определени кривични дела, било оправдано според член 8, параграф 2 од Конвенцијата.
107. Судот ќе го разгледа ова прашање со оглед на релевантните инструменти на Советот на Европа и правото и праксата на други држави договорнички. Суштинските принципи на режимот на заштита на лични податоци бараат чувањето на податоците да биде пропорционално во однос на целта за која била собрани и инсистира на ограничени временски периоди на чување (види параграфи 41-44 погоре). Овие принципи се чини дека конзистентно се применувани од државите договорнички во полицискиот сектор во согласност со Конвенцијата за заштита на лични податоци и подоцнежните препораки на Комитетот на министри (види параграфи 45-49 погоре).
108. Што се однесува, попрецизно, на примероците од клетки, повеќето држави договорнички дозволуваат овие материјали да бидат земени во кривична постапка само од поединци осомничени дека извршиле кривични дела од определена минимална тежина. Во големото мнозинство на држави договорнички кои имаат бази на ДНК податоци, примероците и ДНК профилите изведени од тие примероци треба да се отстранат или уништат или веднаш или после ограничен временски период после ослободување од обвинение. Ограничен број на исклучоци од овој принцип се дозволени во некои држави договорнички (види параграф 47- 48 погоре).
109. Сегашниот став на Шкотска, како дел на Обединетото Кралство, е од особена важност во овој поглед. Како што беше воочено погоре (види параграф 36), шкотскиот Парламент гласал за да дозволи чување на ДНК на неосудени лица само во случај на возрасни лица обвинети за насилни или полови кривични дела и дури и тогаш, само за три години, со можност за продолжување на чувањето на ДНК примерокот и податоци за уште две години со согласност на шерифот.
110. Овој став е очигледно во согласност со Препораката R(92)1 на Комитетот на министри, која ја нагласува потребата за пристап со кој се прави разлика помеѓу различни видови на случаи и примена на строго дефинирани временски периоди на чување на податоци, дури и во посериозни случаи (види параграфи 43-44 погоре). Во однос на тоа, Англија, Велс, и Северна Ирсла се чини дека се единствените јурисдикции во рамките на Советот на Европа кои дозволуваат неограничено чување на отпечатоци од прсти и ДНК материјал на било кое лице од било која возраст кое е осомничено за кривично дело за кое мора да се води евиденција.
111. Владата го нагласи фактот дека Обединетото Кралство предничи во развојот на користењето на ДНК примероци во откривање на кривични дела и дека другите држави сеуште на ја достигнале истата зрелост во смисла на големината и ресурсите на базата на податоци на ДНК: Таа тврди дека споредбената анализа на правото и праксата во други држави со не толку напредни системи е затоа од ограничена важност.
112. Судот не може, сепак, да го занемари фактот дека, и покрај предностите од обемно проширување на ДНК датабазата, другите држави договорнички одбрале да постават граници на чувањето и употребата на такви податоци со цел да се постигне соодветна рамнотежа помеѓу различните интереси на зачувување на почитувањето на приватниот живот. Судот забележува дека заштитата обезбедена со член 8 од Конвенцијата би била неприфатливо ослабната ако употребата на модерни научни техники во кривичниот систем се дозволат по секоја цена и без внимателно да се одмерат потенцијалните предности на екстензивната употреба такви техники наспроти интереси во однос на приватниот живот. Според Судот, силниот консензус кој постои помеѓу државите договорнички во овој поглед е од значителна важност и го намалува полето на слободна оцена кое е оставено на тужената држава во оцената на дозволените лимити на мешањето во приватниот живот во оваа област. Судот смета дека секој држава која тврди дека има пионерска улога во развојот на нови технологии има посебна одговорност да воспостави правилна рамнотежа во овој поглед.
113. Во овој случај, отпечатоци од прсти и примероци од клетки на жалителите биле земени и ДНК профили биле добиени во контекст на кривични постапки поведени врз основа на сомнение за обид за разбојништво во случајот на првиот жалител и вознемирување на неговиот партнер во случајот на вториот жалител. Податоците биле зачувани врз основа на закон кој дозволува нивно неограничено чување, и покрај ослободувањето на првиот жалител и запирањето на постапката против вториот.
114. Судот мора да разгледа дали перманентното чување на отпечатоци од прсти и ДНК податоци на сите осомничени но, неосудени лица е засновано на релевантни и соодветни причини.
115. Иако овластувањето да се зачуваат отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили на неосудени лица постои во Англија и Велс само од 2001, Владата тврди дека нивното чување било докажано дека е незаменливо во борбата против криминалнот. Секако, статистичките и другите докази, кои биле пред Домот на лордовите и се вклучени во материјалот доставен од Владата (види параграф 92 погоре) изгледаат импресивно, посочувајќи дека ДНК профили кои претходно би биле уништени сега се поврзувале со траги од местото на настанот во голем број на случаи.
116. Жалителите, сепак тврдат дека статистичките податоци наведуваат на погрешни заклучоци, мислење кое е подржано со Нуфилд извешајот. Точно е, како што е посочено од жалителите, дека бројките не го откриваат обемот во кој оваа „врска“ со местата на извршување на кривични дела довела до осуда на засегнатите лица или бројот на осуди кои биле засновани на чувањето на примероци на неосудени лица. Тие исто така не покажуваат дека високиот број на точни совпаѓања со траги од местото на настанот бил возможен само преку неограничено чување на ДНК записи на сите тие лица. Во исто време, мнозинството на случаи на кои се повикува Владата (види параграф 93 погоре), ДНК записите земени од осомничените довеле до успешни совпаѓања само со траги од местото на извршување на претходни кривични дела зачувани во базата на податоци. Сепак тие совпаѓања можеле да се направат во отсуство на сегашниот систем, кој дозолува неограничено чување на ДНК записи на сите осомничени но, неосудени лица.
117. Иако ниту статистичките податоци ниту примерите доставени од Владата сами по себе докажуваат дека успешната идентификација и кривично гонење на сторителите не можело да се постигне без перманентно и сеопфатно чување на записи на отпечатоци од прсти и ДНК на сите лица кои биле во позиција како и жалителите, Судот прифаќа дека проширувањето на базата на податоци сепак придонесло кон откривањето и спречувањето на криминал.
118. Сепак, останува прашањето дали таквото чување е пропорционално и дали со него се воспоставува правична рамнотежа помеѓу спротивставени јавни и приватни интереси.
119. Во овој поглед, Судот е запрепастен од генералниот и сеопфатен карактер на овластувањето на чување на податоци во Англија и Велс. Материјалот може да биде зачуван без оглед на карактерот или тежината на кривичното дело за кое поединецот бил првично осомничен или возраста на осомничениот сторител; отпечатоци од прсти и примероци може да се земат – и чуваат – од лице од било која возраст, уапсено во врска од кривично дело за мора да се води евиденција од страна на полицијата, што вклучува и полесни и кривични дела кои не се казниви со казна затвор. Чувањето не е временски ограничено; материјалот се чува неограничено без оглед на карактерот или тежината на кривичното дело за кои лицето е осомничено. Понатаму, постојат само ограничени можности за поединец кој бил ослободен од обвинение да бидат податоците отстранети од националната база на податоци или материјалите да бидат уништени (види параграф 35 погоре); посебно, нема одредба за независна оцена на оправдувањето за чување според дефинирани критериуми, вклучувајки фактори како тежината на кривичното дело, претходни апсења, степенот на сомневање против лицето и било кои други посебни околности.
120. Судот потврдува дека степенот на мешање со правото на приватен живот на жалителите може да биде различен за секоја од трите посебни категории на лични податоци кои биле зачувани. Чувањето на примероци од клетки е особено силно мешање со оглед на богатството на генетски и здравствени информации кои се содржани во нив. Сепак, толку сеопфатен и неограничен режим на чување како тој за кој станува збор бара внимателна оцена без оглед на овие разлики.
121. Владата изјави дека чувањето не можело да се смета дека имало директни или значителни последици врз жалителите освен ако совпаѓања во базата на податоци би ги поврзело со извршување на кривични дела во иднина. Судот не може да го прифати овој аргумент и повторува дека самото задржување и чување на лични податоци од страна на јавните власти, како и да биле добиени, треба да се смета дека има директни последици врз интересите на приватен живот на засегнатиот поединец, без оглед на тоа дали податоците се покасно употребени (види параграф 67 погоре).
122. Особено загрижува во овој контекст ризикот за стигматизација, кој произлегува од фактот што лицата кои се во позиција во која се жалителите, кои не биле осудени за било какво кривично дело и имаат право на презумпција на невиноста, се третираат на ист начин со осудени лица. Во овој поглед, Судот мора да има во предвид дека правото на секое лице според Конвенцијата да се смета за невино го вклучува генералното правило дека не може да се искаже сомневање во невиноста на обвинето лица после негово ослободување од страна на суд (види Asan Rushiti v. Austria, no. 28389/95, § 31, 21 March 2000, со понатамошни референци). Точно е дека задржувањето на приватните податоци на жалителите не може да се изедначи со искажување на сомнеж. Сепак, нивната перцепција дека со нив не се постапува како со невини лица е засилена со фактот дека нивните податоци се задржани неограничено на ист начин како и податоците на осудени лица, додека пак податоците на лицата кои никогаш не биле осомничени за кривично дело треба да се уништат.
123. Владата тврди дека овластувањето да се задржат податоци се однесува на сите отпечатоци од прсти и примероци земени од некое лице во врска со истрага на кривично дело и не зависи од невиност или вина. Таа понатаму тврди дека отпечатоците од прсти и примероци бил земени врз основа на закон и дека нивното задржување не е поврзано со фактот дека тие биле првично осомнични дека извршиле кривично дело, единсвената причина за нивно задржување е да се зголеми големината, и преку тоа, и употребата на базата на податоци во идентификацијата на сторители во иднина. Судот, сепак, смета дека е исклучително тешко овој аргумент да се помири со обврската наметната од член 64(3) од ЗПКД да се уништат отпечатоците од прсти и примероци по барање на лица кои доброволно ги дале тие податоци, покрај сличната вредност на тој материјал во зголемувања на големината и полезноста на базата на податоци. Убедливи причини би требало да бидат дадени од Владата за Судот да може да смета за оправдана таква разлика во постапувањето со личните податоци на жалителите во споредба со податоците на други неосудувани лица.
124. Судот понатаму смета дека задржувањето на податоци за неосудувани лица може да биде особено штетно во случај на малолетници како првиот жалител, со оглед на нивната посебна ситуација и важноста на нивниот развој и интеграција во општеството. Судот веќе ја нагласи, повикувајќи се на одредбите од член 40 од Конвенцијата на ООН за правата на детето, специјалната положба на малолетниците во областа на кривичниот систем и исто така ја воочи особено потребата за заштита на нивната приватност во кривични постапки (види T. v. the United Kingdom [GC], no. 24724/94, §§ 75 and 85, 16 December 1999). Исто така, Судот смета дека особено внимание треба да биде дадено на заштитата на малолетници од било која непогодност која може да произлезе од задржувањето од страна на властите на нивни приватни податоци после ослободителна пресуда за кривично дело за кое биле обвинети. Судот се согласува со Нуфилд советот во однос на последиците врз млади лица од неограниченото чување на нивен ДНК материјал и ја воочува загриженоста на Советот дека политиките кои се применувале довеле до преголема застапеност во базата на податоци на млади лица и етнички малцинства, кои не биле осудени за какво било кривично дело (види параграфи 38-40 погоре).
125. Како заклучок, Судот заклучува дека генералниот и сеопфатен карактер на овластувањето на задржување на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили на лица осомничени но, кои не биле осудени за кривични дела, како што биле применети во случајот на жалителите, не воспоставува правична рамнотежа помеѓу спротивставените јавни и приватни интереси и дека тужената држава излегла надвор од секое прифатливо полето на слободна оцена во овој поглед. Затоа, чувањето на податоци за кое станува збор претставува непропорционално мешање во правото на жалителите на почитување на приватниот живот и не може да се смета за неопходно во демократско општество. Со оглед на овој заклучок нема потреба Судот да ги разгледа наводите на жалителите во однос на соодветноста на определени процедурални заштитни механизми, како што е преширок пристап до приватните податоци за кои станува збор и недоволната заптита против неправилна употреба или злоупотреба на тие податоци.
126. Затоа, имало повреда на член 8 од Конвенцијата во овој случај.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ЗЕМЕН ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
127. Жалителите изјавија дека тие биле подложени на дискриминаторски постапување во споредба со други лица во аналогна ситуација, имено други неосудени лица чии примероци сепак морало да бидат уништени според законот. Постапувњето било поврзано со нивниот статус и спаѓало во досегот на член 14, кој секогаш се толкувал либерално. Од причините наведени во нивните наводи според член 8, немало разумно или објективно оправдување за постапувањето, ниту каква било легитимина цел или разумен однос на пропорционалност со наводната цел на спречување на кривични дела, особено во однос на примероците кои немале никаква улога во откривањето на кривични дела. Било сосем неправилно и штетно различно постапување, да се чуваат материјали од лица за кои требало да важи презумпцијата на невинст.
128. Владата изјави со оглед на тоа што член 8 не бил применлив, не бил применлив ниту член 14 од Конвенцијата. Дури и да бил, немало разлика во постапувањето затоа што сите кои биле во аналогна ситуација како жалителите биле третирани на ист начин, а жалителите не можеле да се споредуваат чии примероци не биле земени од страна на полицијата или оние кои се согласиле доброволно да дадат примероци. Во секој случај, било каква разлика во постапувањето на која се жалат не била заснована на „статус“ или лични карактерситики, туку на историски факт. Ако имало било каква разлика во постапувањето, таа била објективно оправдана во рамките на полето на слободна оцена на државата.
129. Судот се повикува на својот заклучок дека задржувањето на отпечатоци од прсти, примероци од клетки и ДНК профили на жалителите било прекршување на член 8 од Конвенцијата. Во светло на образложението кое доведе до тој заклучок, Судот смета дека не е потребно посебно до го разгледа жалбениот навод на жалителите по член 14 од Конвенцијата.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
130. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.“
131. Жалителите побараа Судот да им додели правично задоволување за нематеријална штета и за трошоци и надоместоци.
A. Нематеријална штета
132. Жалителите побараа надомест за нематеријална штета во износ од 5,000 фунти [GBP] за секој од нив за болка и вознемиреност предизвикани од сознанието дека интимни информации за секој од нив биле неоправдано задржани од државата, и во врска со вознемиреност и стрес предзвикани од потребата да го решаваат прашањето пред судови.
133. Владата повикувајќи се на судската пракса на Судот (особено, Amann v. Switzerland, цитиран погоре), изјави дека наоѓањето на повреда самото по себе би претставувало правично задоволување за двајцата жалители и направи разлика помеѓу овој случај и оние случаи каде била најдена повреда како последица на употреба или откривање на лични информации (посебно, Rotaru v. Romania, цитиран погоре).
134. Судот посетува дека најде дека задржувањето на отпечатоци од прсти и ДНК податоци на жалителите ги повредува нивните права по член 8. Во согласност со член 46 од Конвенцијата, ќе биде задача на тужената држава да ги имлементира, под надзор на Комитетот на министри, соодветните генерални и/или индивидуални мерки за да ги исполни своите обврски да го гарантира правото на жалителите и други лица кои се нивна положба на почитување на нивниот приватен ќивот (види Scozzari and Giunta v. Italy [GC], nos. 39221/98 and 41963/98, § 249, ECHR 2000‑VIII, и Christine Goodwin v. the United Kingdom [GC], no. 28957/95, § 120, ECHR 2002‑VI). Во овие околности, Судот смета дека наоѓањето на повреда, со последиците кои од тоа ќе произлезат во иднина, може да се смета дека претставуа доволно правично задоволување во овој поглед. Судот затоа го отфрла барањето на жалителите за надомест на нематеријална штета.
Б. Трошоци и надоместоци
135. Жалителите исто така побараа Судот да додело GBP 52,066.25 за трошоци и надоместоци од постапката пред Судот и доставија детална документација во поддршка на нивното барање. Во нив спаѓале трошоци за адвокат (GBP 15,083.12) и награда за тројцата застапници (GBP 21,267.50, GBP 2,937.50 и GBP 12,778.13 соодветно). Цените по час наплатени од адвокатите биле: GBP 140 за адвокатот на првиот жалител (зголемена на GBP 183 од јуни 2007) и GBP 150, GBP 250 и GBP 125 соодветно во однос на тројцата застапници.
136. Владата го окарактеризира барањето на жалителите како потполно неразумно. Таа изјави посебно дека износите кои адвокатите ги наплаќале биле превисоки и требало да бидат намалени на не повеќе од две третини од бараниот износ. Таа исто така тврдеше дека не треба да се додели никаков износ во однос на одлуката на жалителите да ангажираат четврти адвокат во покасна фаза од постапката затоа што тоа довело до дуплирање на работата. Владата заклучи дека било какво доделување на трошоци треба да биде ограничено на GBP 15,000 и во секој случај, не повеќе од GBP 20,000.
137. Судот повторува дека само трошцоите и надоместоцитее за кои ќе се утврди дека биле фактички и неопходно направени и кои се разумни во однос на нивниот износ може да бидат надоместени според член 41 од Конвенцијата (види, помеѓу други претходни одлуки, Roche v. the United Kingdom [GC], no. 32555/96, § 182, ECHR 2005‑X).
138. Oд една страна овие жалби биле во определена мерка сложени затоа што наложиле разгледување од Судски совет и од Големиот судски совет, вклучувајќи неколку поднесувања на опсервации и усна расправа. Жалбата исто така отвори важни правни прашања и принципелни прашања кои бараат голем обем на работа. Посебно наложувала темелно проучување на тековната дебата за прашањето на задржување на отпечатоци од прсти и ДНК записи во Обединетото Кралство и обемно споредбено истражување на правото и праксата на други држави договорнички и на релевантни текстови и документи на Советот на Европа.
139. Oд друга страна, Судот смета дека вкупниот износ од GBP 52,066.25 кој жалителите го бараат е превисок. Посебно, Судот се согласува со Владата дела ангажирањето на четвртиот адвокат во покасна фаза од постапката можеби довело до дуплирање на работата во определен обем.
140. Правејќи ја својата проценка на правична основа и во светло на праксата во слични случаи, Судот додекува износ од EUR 42,000 во однос на трошоци и надоместоци, намален за износ од EUR 2,613.07 веќе платени од Совет на Европа за правна помош.
В. Затезна камата
141. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресмета согласно најниската каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Одлучува дека имало повреда на член 8 од Конвенцијата;
2. Одлучува дека не е потребно посебно да го разгледа жалбениот навод по член 14 од Конвенцијата;
3. Одлучува дека наоѓањето на повреда претставува самото по себе доволно правично задоволување за нематеријалната штета која ја претрпиле жалителите;
4. Одлучува
(a) дека тужената држава треба да им плати на жалителите, во рок од три месеци, EUR 42,000 (четириесет и две илјади евра) во однос на трошоци и надоместоци (вклучително и секој износ на ДДВ кој може да им биде пресметан ба жалителите), кои ќе се конвертираат во британски фунти по курс кој важи на денот на исплата, минус EUR 2,613.07 веќе платени за правна помош;
(б) дека по истекот на гореспоменатиот рок од три месеци до исплата, ќе се исплати камата на гореспоменатиот износ еднаква на најниската каматна стапка на Европската централна банка, за односниот период плус три процентни поени;
5. Го одбива останатиот дел од барањето на жалителите за правично задоволување.
Изработена на англиски и француски јазик, и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, во Стразбур, на 4 декември 2008.
Michael O’BoyleJean-Paul Costa
Заменик секретар на СудотПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
[1] ДНК е кратенка за деоксирибонуклеинска киселина; хемикалија која ја има во речиси секоја клетка од телото и генетските информации во неа, кои се во форма на код или јазик, ги определуваа физичките карактеристики и раководи со сите хемиски процеси во телото. Освен кај идентични близнаци, ДНК на секое лице е единствена. Примероците на ДНК се примероци од клетки и сите подпримероци или делумни примероци кои остануваат од нив после анализа. ДНК профилите се дигитализирани податоци кои се чуваат електронски во Националната ДНК база на податоци заедно со детали за лицето на кое се однесуваат.
[2] Нуфилд советот за биоетика е независно експертско тело составено од лекари, правници, филозофи, научници и теолози основано од Нуфилд фондацијата во 1991. Овој извештај бил објавен на 18 септември 2007 под следниот наслов „Форензичка употреба на биоинформации: етички прашања“ [“The forensic use of bioinformation: ethical issues”]
[3] Aлелот е една од двете или повеќе алтернативни форми на конкретен ген. Различните алелеи може да доведат до различни форми на карактеристики кои генот ги кодира (World Encyclopedia. Philip's, 2008. Oxford Reference Online. Oxford University Press).
[4] Правото и праксата ан Ирска во моментот се регулирани со Законот за кривична правда (форензички докази) од 1990. Нов нацрт-закон беше одобрен од Владаа со цел да се прошири употребата и чувањето на ДНК информациите во национална база на податоци. Нацрт-законот сеуште не е одобрен од Парламентот.
[5] Законската уредба од 30 октомври 2007 со која се воспоставува национална база на ДНК податоци беше одобрена од италијанската Влада и Сенатот. Сепак, уредбата на крајот престана да важи без да биде формално трансформирана во закон затоа што била откриена грешка во нејзината подготвка. Коригирана верзија на уредбата се очекува да биде издадена во 2008.
Full & Egal Universal Law Academy