ПРВА СЕКЦИЈА
СЛУЧАЈОТ НА САБАНЧИЈЕВА И ДРУГИ против РУСИЈА
(Жалба бр. 38450/05)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
6 јуни 2013 год.
КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА
06/09/2013
Оваа пресуда стана правосилна согласно членот 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да подлегне на уредувачка ревизија.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Во случајот на Сабанчијева и други против Русија,
Европскиот суд за човекови права (Судскиот совет), кој заседаваше во рамките на Судскиот совет составен од:
Изабел Беро-Лефевр (Isabelle Berro-Lefèvre), претседател,
Елизабет Штајнер (Elisabeth Steiner),
Канлар Хаџијев (Khanlar Hajiyev),
Линос-Александер Сицилианос (Linos-Alexandre Sicilianos),
Ерик Мосе (Erik Møse),
Ксенија Турковиќ (Ksenija Turković),
Дмитри Дедов (Dmitry Dedov), судии,
и Андре Вампах (André Wampach), заменик секретар на Секцијата,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на 14 мај 2013 г.,
Ја донесе следната пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 38450/05) против Руската Федерација поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на педесет руски државјани (наведени во приложениот анекс) на 26 октомври и 15 ноември 2005 година.
2. Жалителите беа застапувани пред судот од страна на г-ата Д.И. Страистеану (D. I. Straisteanu), г-ата Н. Малцева (N. Maltseva), г-ата Е. Јежова (E. Yezhova) и г-динот А. Николајев (A. Nikolayev), адвокати од Штихтинг Руската правосудна иницијатива од Москва и г-ата Л. Доргова (L. Dorgova), адвокат со пракса во градот Налчик. Руската Влада („Владата“) на почетокот беше застапувана од г-динот П. Лаптев (P. Laptev) и г-ата В. Милинчук (V. Milinchuk), поранешни застапници на Руската Федерација пред Европскиот суд за човекови права, а потоа од нивниот застапник, г-динот Г. Матјушкин (G. Matyushkin).
3. Жалителите тврдеа конкретно дека околностите околу идентификувањето на нивните починати членови на семејството било нечовечно и понижувачко и дека одлуката да не им се вратат телата на овие лица на нивните семејства било незаконско и несразмерно, и притоа биле прекршени членовите 3, 8 и 9, разгледани поединечно и заедно со членовите 13 и 14 од Конвенцијата.
4. Со одлука од 6 ноември 2008 г., Судот ја прогласи жалбата за делумно допуштена.
5. И жалителите и Владата ги поднесоа сопствените забелешки на писмено (правило 59 § 1) во однос на основаноста. Откако Судскиот совет, по консултациите со странките, одлучи дека нема потреба од расправа по основаноста (правило 59 § 3 in fine), странките одговорија на писмено на забелешките на другата страна.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
А. Нападот од 13 октомври 2005 г.
6. Во раните утрински часови на 13 октомври 2005 г. органите на прогонот во градот Налчик во Република Кабардино-Балкарија биле нападнати од повеќе тешко вооружени лица, кои се чинело дека биле локални бунтовници. Меѓу нападнатите институции биле Републичкиот оддел на Министерството за внатрешни работи, Центарот Т. на Главниот сектор на Министерството за внатрешни работи, различни регионални сектори на Министерството за внатрешни работи, Специјалната полициска единица на Министерството за внатрешни работи, различни пунктови за проверка на Сообраќајната полиција, Републичкиот оддел на Федералната служба за извршување на казни, канцеларијата на Граничната служба на Федералната безбедносна служба и неколку продавници за оружје во приватна сопственост. Според Вадата имало повеќе од двесте и педесет учесници во нападот.
7. Дошло до судир меѓу владините сили и бунтовниците кој траел најмалку до 14 октомври 2005 г.
Б. Семејните врски меѓу жалителите и починатите
8. Жалителите се изјаснија дека биле роднини на учесниците во нападот кои починале на 13 и 14 октомври 2005 г. или набрзо потоа (погледнете ја листата приложена во анексот во која се дадени семејните врски на жалителите со починатите лица).
9. Владата не го оспори ова тврдење, со исклучок на деветнаесеттата жалителка, г-ѓата Жана Фјодоровна Ифраимова, која според нив немала никаква роднинска врска со починатиот г-динот Руслан Борисович Тамазов.
10. Според првичната изјава на деветнаесеттата жалителка, починатиот г-дин Руслан Борисович Тамазов и бил сопруг. Подоцна ја сменила својата изјава и рекла дека не биле службено венчани, но живееле заедно од февруари 2005 г. Во времето на настаните во октомври 2005 г. таа била во осмиот месец на бременост. Деветнаесеттата жалителка поднесе копија од изводот од матичната книга на родени издаден на 9 јули 2008 г. на име на С.Т., родена на 8 декември 2005 г. Во изводот г-динот Руслан Борисович Тамазов е наведен како татко на девојчето, а деветнаесеттата жалителка како нејзина мајка.
11. Според информациите првично обезбедени од Владата на 13 и 14 октомври 2005 г. нивните сили успешно го одбиле нападот и убиле осумдесет и седум локални бунтовници. Владата не ги наведе имињата на оние што биле убиени.
12. Владата исто така изјавила дека на 14 октомври 2005 г. тие го уапсиле г-динот Аслан Јуријевич Багов (еден од двата внука на педесеттиот жалител), кој имал повреди од огнено оружје во главата и градите. Тој починал во затвор на 23 октомври 2005 г.
13. На 18 октомври 2005 г. г-динот Казбулат Беталович Керефов (еден од синовите на седумнаесеттиот жалител и учесник во нападот на 13-14 октомври 2005 г.) пукал во полициски службеници кои биле на локалниот пункт за проверка и бил убиен кога полицајците возвратиле со оган
14. Во своите забелешки за допуштеноста на случајот, Владата изјави дека властите убиле вкупно деведесет и пет бунтовници во антитерористички операции кои биле организирани како одговор на нападот од 13 октомври 2005 г.
15. Во суштина тие признаа дека сите починати на кои се упатува од жалителите биле меѓу оние што биле убиени од страна на властите.
В. Кривичниот случај бр. 25/78-05
1. Одлука за иницирање на постапка од 13 октомври 2005 г.
16. Се чини дека на 13 октомври 2005 г. властите спровеле кривични постапки бр. 25/78-05 во врска со нападот во Налчик.
17. Во текот на истрагата било утврдено дека меѓу 1999 год. и февруари 2005 год. група на поединци, која ги вклучувала А. Масхадов, Ш. Басајев, И. Горчханов, А. Астемиров, Абу-Валид Хатаб и Абу-Џеит формирале терористичка група. Оваа група го организирала нападот. Триесет и пет полициски службеници и петнаесет цивили биле убиени додека сто и триесет и еден полициски службеник и деведесет и двајца цивили биле повредени. Била нанесена огромна имотна штета.
18. Жалителите немале никаков процедурален статус во кривичната постапка во случајот бр. 25/78-05.
2. Писмата на жалителите до властите во почетните фази од истрагата
19. Веднаш после нападот на 13, 20, 21 и 25 октомври 2005 г. непрецизиран број на лица (вклучително и некои од жалителите) потпишале колективни барања до различни функционери, вклучително и обвинителите, да им се вратат телата за да ги погребаат.
20. Од крајот на октомври 2005 г. па сè барем до април 2006 г. жалителите добиле одговори од обвинителството и други органи во кои ги информирале дека ќе добиеле конечен одговор откако ќе се завршела истрагата околу настаните.
21. Обидите од некои од жалителите да ги оспорат овие одговори пред домашните судови биле безуспешни, бидејќи биле одбиени како прерани како во прв степен така и за жалбена постапка.
3. Одлуки да не се обвинат бунтовниците убиени во нападот, со датум од 13-14 април 2006 г.
22. На 13-14 април 2006 г. истражните власти ги прекинале кривичните постапки во однос на деведесет и петте починати бунтовници заради нивната смрт. Индивидуална одлука била усвоена во однос на секој од нив, опишувајќи го степенот и карактерот на нивната индивидуална инволвираност и заклучиле дека тие лица учествувале во нападот и загинале како резултат на борбите што ги започнале. Се чини дека починатите на кои упатуваат жалителите биле меѓу оние засегнати со оваа одлука.
23. Врховното обвинителство ги информирало жалителите за гореспоменатите одлуки на 14 април 2006 г., но не приложиле кон известувањето никакви копии од одлуките во прашање.
24. Некои од жалителите се обратиле до домашните судови во врска со пропустот на властите да им достават копија од одлуките од 13-14 април 2006 г. Како резултат на постапката повеќето жалители добиле и копија од релевантната одлука. Меѓутоа не им било дозволено да учествуваат во кривичните постапки против починатите како нивни официјални претставници или да им се вратат личните предмети од починатите.
25. Во постапките во Стразбур Владата поднела копии од одлуките од 13-14 април 2006 г. за секој од роднините на жалителите.
4. Одлука да не им се вратат телата на починатите на нивните семејства со датум од 15 мај 2006 г.
26. Според Владата деведесет и петте тела на наводните терористи биле кремирани на 22 јуни 2006 г. Според изјаснувањата на жалителите се чини дека за кремирањето тие дознале за првпат од забелешките на Владата во овој случај.
27. Според Владата кремацијата се случила согласно одлуката да не им се вратат телата на починатите на нивните семејства, со датум од 15 мај 2006 г. Наспроти поединечните одлуки од 13-14 април 2006 г., одлуката од 15 мај 2006 г. упатувала на починатите лица заедно. Одлуката конкретно велела:
„... раководителот на групата за истрага ... [службеното лице С.] откако го разгледа материјалот од досието на случајот бр. 25/78-05, утврди: ... [дека] во текот на контратерористичката специјална операција која имала за цел да одговори на нападот, 95 терористи биле елиминирани, имено:
[Во одлуката меѓу имињата на починатите се наведени и тие на сите лица на кои упатуваат жалителите, видете ја листата во анексот.]
Во моментов сите форензички вештачења, вклучително и молекуларно генетските проверки на ... телата на починатите терористи се завршени и нивните идентитети се утврдени со примена на соодветна процедура.
Со одлуките од 13-14 април 2006 г. кривичните постапки во однос на тие 95 лица, кои го извршиле ... нападот на различни локации против полициските органи во градот Налчик ... биле прекинати заради тоа што биле починати, согласно член 27 став 1 алинеја 2 и член 24 став 1 алинеја 2 од Законот за кривична постапка.
Согласно членот 14(1) од Законот за погреб и закоп (Законот бр. 8-ФЗ): „лицата за кои кривичната постапка за терористички активности е затворена поради тоа што починале како резултат на одговорот против споменатото терористичкото дејствување треба да се закопаат во согласност со постапката утврдена од Владата на Руската Федерација. Нивните тела нема да се предадат за закоп и местото каде што ќе бидат закопани нема да се обелодени.“
Согласно став 3 од Указот бр. 164, „За закоп на лица чија смрт настанала како резултат на одговор на терористички дејствија извршени од нив“, усвоен од Владата на Руската Федерацијана од 20 март 2003 г., „закопот на [овие] лица ќе се изврши во областа каде настанала смртта и ќе се изврши од институции специјализирани за погребни услуги одредени од органите на извршната канцеларија на органите на Руската федерација или од органи на локалната власт ...“
[Во однос на гореспоменатото, службеното лице одлучило да:]ги закопа телата на 95-те терористи ...;ја упати одлуката до претседателот на Република Кабардино-Балкарија заради извршување;ги информира [надредените] за оваа одлука“.
28. Владата тврдеше дека властите ги известиле жалителите за одлуката од 15 мај 2006 г., но признале дека не им доставиле копија од одлуката.
29. Се чини дека во неколку прилики Врховното обвинителство ги информирало жалителите, во суштина, за тоа дека било одбиено барањето да им се предадат телата. Се чини дека жалителите не добиле копија од одлуката на 15 мај 2006 г.
30. Жалителите се изјасниле дека за првпат добиле копија од одлуката од 15 мај 2006 во мај 2007, заедно со забелешките на Владите за допуштеноста на случајот. Тие исто така посочиле дека тие дознале за кремацијата на телата на нивните блиски во септември 2007 г. (види параграф 26 горе).
5. Обидите на жалителите на покренат судска постапка во однос на овие две одлуки
31. Почетните обиди на жалителите да добијат судска ревизија на одлуките од 13-14 април и 15 мај 2006 г. биле неуспешни, со оглед дека судовите одбиле да ги разгледаат нивните аргументи.
(а) Постапките пред Уставниот суд
32. Некои од жалителите ја оспориле пред Уставниот суд законската регулатива која го уредува погребувањето на терористите. Нивните првични жалби биле одбиени како предвремени. Конечно, жалбите на тринаесеттиот и дваесет и четвртиот жалител биле прифатени за проверка.
33. На 28 јуни 2007 г. Уставниот устав усвоил пресуда (бр. 8-П) во која во суштина тој ги одбил нивните жалби со кои се тврдело дека членот 14(1) од Законот за погреб и закоп и Указот бр. 164 на Владата на Руската Федерација од 20 март 2003 г. биле неуставни. Во одлуката конкретно се вели дека оспорените правни одредби во дадените околности биле неопходни и оправдани. Судот ги донел следниве заклучоци во врска со законските цели и потребата од законската регулатива во прашање:
“... Истовремено, интересот за борба против тероризмот во општа и специфична смисла и за обезбедување на надоместок за последиците од терористичките акти, проследени со ризикот од масовни нереди, судири меѓу различните етнички групи и агресија од блиските на оние што биле инволвирани во терористичката активност против населението во целина и полициските органи, и конечно заканата по човечките животи и можноста од повреда може во даден историски контекст да го оправда воспоставувањето на одреден правен режим како што е тој предвиден во членот 14(1) од Федералниот закон, кој го уредува закопувањето на лицата кои избегнале обвинение за терористичка активност заради сопствената смрт по одговорот на терористички акт ... Овие одредби се логично поврзани со одредбите од став 4 од Препораката 1687 (2004) на Парламентарното собрание на Советот на Европа за борба против тероризмот преку културата, со датум од 23 ноември 2005 г., во кој се нагласува дека екстремистичките толкувања на елементите на одредена култура или религија, како што се херојско мачеништво, апокалипса и света војна, како и на секуларни идеологии (националистички или револуционерни) исто така би можеле да се искористат за оправдување на терористичките акти.
3.2. Дејствие за минимизирање на информативните или психолошките последици од терористичкиот акт врз населението, вклучително и ослабување на нивните пропагандни ефекти, претставува средство што е потребно за заштита на јавната безбедност и морал, здравје, права и правни интереси на граѓаните. Затоа се води токму од тие цели за кои Уставот на Руската Федерација и меѓународните правни инструменти дозволуваат ограничувања на релевантните права и слободи.
Закопот на оние кои учествувале во терористички акт во близина на гробовите на жртвите на нивните дела и следењето на погребните обреди и сеќавање со давање почит, како симболичен акт на почест, служат како пропаганда за терористички идеи и истите предизвикуваат навреда за блиските на жртвите на делата во прашање, создавајќи предуслови за зголемување на меѓуетнички и меѓурелигиозни тензии.
Во дадените услови во Руската Федерација како резултат на извршувањето на серија терористички акти од кои имало многу жртви дошло до широко распространета негативна социјална реакција и големи последици во колективната свест, така што враќањето на телото на роднините ... може да доведе до појава на закана по општествениот ред и мир и правата и законските интереси на другите лица и нивната безбедност, вклучително и поттикнување на омраза и вклучување во акти на вандализам, насилство, масовни нереди и судири како резултат на кои може да има дополнителни жртви. Во меѓувреме местата каде терористите се закопани можат да станат светилишта за одредени екстремисти и да се користат за пропаганда на идеологијата на тероризмот и земање учество во терористичка активност.
Во такви околности, федералното законодавство може да воведе специјални аранжмани за закоп на лица чија смрт настанала како резултат на одговор на терористичкиот акт во кој тие учествувале. ...”
34. Во одлуката понатаму се забележува дека примената на мерките пропишани во законската регулатива може да се смета за оправдана ако постоеле соодветни процедурални заштити, како што се делотворни судски ревизии, за да заштитат лицата од произволност. Судот забележал дека членовите 123-127 од Законот за кривична постапка предвидувале такво разгледување (види став 87 долу).
35. Сумирано, Уставниот суд потврдил дека оспорените одредби биле во согласност со Уставот, но истовремено ги протолкувал како такви што бараат властите да се воздржат од закоп на телата, освен ако судот не ја потврдил одлуката на надлежниот орган. Тој го вели следново:
“... Уставното и правното значење на постоечките норми претпоставуваат дека постои можност да се покрене судска постапка за оспорување на одлуката за прекин, заради смртта на осомничените, на кривична постапка или обвинение против учесници во терористички акт. Соодветно на тоа, тие исто така претпоставуваат обврска за судот да ја испита суштината на жалбата, односно да се потврди законитоста и основаноста на одлуката и заклучоците во врска со учеството на лицата во терористичкиот акт и да се утврди отсуството на основата за рехабилитирање [на осомничените] и прекинување на кривичната постапка. На тој начин тие вклучуваат проверка на законитоста на примената на гореспоменатите рестриктивни мерки. Додека судската пресуда не стапи на сила телата на починатите нема да можат да бидат закопани; релевантните државни тела и службени лица мораат да ги земат во предвид сите потребни мерки за да се осигура дека со телата ќе се постапи во согласност со обичаите и традицијата, особено преку закоп на телата во земја ... или со [кремирање], поединечно, ако е можно и да се внимава да се почитуваат сите барања што се однесуваат на идентификувањето на починатите ... како и на времето, локацијата и причината за смртта...“
36. Судијата Г.А.Гаџијев дал издвоено мислење во кое тој се согласува дека оспорените одредби биле во согласност со Уставот, но имал различно мислење за тоа како требале да се толкуваат. Мислењето гласело:
„... доколку релевантните органи на прогонот утврдат како резултат на прелиминарната истрага дека еден терористички акт бил извршен и дека одредено лице било инволвирано во истиот, но кривичната постапка против тоа лице ... е прекината заради тоа што истото починало како резултат на одговорот на терористичкиот акт и ако тие потоа заклучат дека одлуката за да врати телото на семејството и да биде погребано може да претставува закана по јавниот ред и мир како и здравјето, моралот, правата, законските интереси и безбедноста на другите, тие имаа право да донесат одлука со која ќе одбијат да го предадат телото и да применат посебен аранжман за погребот.
Истовремено во случај да се одбие да се предаде телото на лице чија смрт настанала како резултат на одговор на терористичкиот акт извршен од него, властите што се надлежни да одлучат за закопот мораат за обезбедат придржување на условите во врска со утврдувањето на идентитетот на лицето, времето и местото каде настанала смртта, причината за смртта, местото каде е погребано лицето и податоците што се потребни за соодветна идентификување на гробот (дадена локација и број). Погребот мора да се одржи во присуство на роднините во согласност со обичаите и традицијата како и хуманитарно почитување на починатиот. Административните власти на една држава кои го почитуваат владеењето на правото, а кои се пренесуваат од генерација на генерација. ...”
37. Судијата А.Л. Кононов дал издвоено мислење во кое ја објаснил законската регулатива во прашање како некомпатибилна со Уставот. Конкретно таму тој забележал:
“... Оспорените норми со кои се забранува враќањето на телата на починатите на нивните роднини и предвидувањето на нивен анонимен закоп според нас е апсолутно неморално и ги отсликува најнецивилизираните, варварски и ниски гледишта на претходните генерации ...
Правото на секое лице да биде закопано на достоинствен начин во согласност со традициите и обичаите на неговото семејство тешко дека бара специјално оправдување а уште помалку да се обезбеди во писмена форма законитоста. Ова право е јасно видливо и произлегува од човековата природа како, можеби ниедно друго право. Подеднакво природно и неспорно е правото на секое лице да спроведе закоп на лице кое му е дел од семејството и му е драго и да има можност, да има шанса да ја спроведе својата морална обврска и да ги прикаже своите човечки квалитети, да се збогува, да тагува, да го оплакува и да го прослави споменот на починатиот, без разлика што за него мисли општеството и државата, да има право на погреб, кој во сите цивилизации претставува света вредност и симбол на сеќавање. ...”
(б) Постапките што следеле
38. После пресудата на Уставниот суд од 28 јуни 2007 г. домашните судови наводно го смениле својот пристап и се согласиле да ја разгледаат формалната законитост на одлуките од 13-14 април и 15 мај 2006 г.
39. Тројца жалители (бр. 12, 21 и 33) можеле да добијат копија од одлуките од 13-14 април 2006 г. во врска со нивните починати роднини, но не покренале никакви постапки во врска со ова или во врска со одлуката од 15 мај 2006 г.
40. Петнаесет жалители (бр. 1, 2, 4, 8, 18, 25, 26, 32, 34, 35, 37, 39, 42, 43 и 44) не побарале ниту добиле копија од одлуките од 13-14 април 2006 г. и не иницирале постапки во врска со која било од одлуките во овој случај.
41. Останатите жалители, со исклучок на тројца (бр. 39, 42 и 43), добиле копија од одлуките од 13-14 април 2006 г. за нивните роднини и покренале судски постапки за да ги оспорат.
42. Седуммина жалители (бр. 3, 15, 17, 30, 38, 41 и 49 ...) после низа постапки добиле пресуди во нивна корист, изречени во последната инстанца од страна на Врховниот суд на Република Кабардино-Балкарија, кој ги укинал и одлуките од 13-14 април 2006 и одлуката од 15 мај 2006 г. како незаконски. Во однос на одлуките од 13-14 април 2006, судот забележал дека овие одлуки не успеале да ги земат во предвид неодамнешните измени и дополнувања на членот 205 од Кривичниот законик (види параграф 76 долу) и го вратил случајот на истражното тело за повторно да го разгледа. Одлуката од 15 мај 2006 г. била укината со оглед дека се засновала на одлуките од 13-14 април 2006, и исто така затоа што не била усвоена од страна на надлежно службено лице. Според жалителите овие пресуди не биле спроведени.
43. Се чини дека домашните судови последователно го смениле својот став во врска со условот да се земат во предвид измените и дополнувањата на членот 205 од Кривичниот законик и почнале да ги укинуваат одлуките по пат на надзорна ревизија (види параграф 45 долу).
44. Деветнаесет жалители (бр. 5, 6, 9, 10, 11, 13, 14, 16, 19, 20, 22, 24, 27, 28, 31, 40, 45, 46, 50 ...), после низа постапки, добиле пресуда во нивна корист, изречена од последната инстанца, од страна на Врховниот суд на Република Кабардино-Балкарија. Овие пресуди се однесувале само на одлуките од 13-14 април 2006 г. и ги укинал како незаконски. Судот забележал дека одлуките не успеале да ги земат во предвид неодамнешните измени и дополнувања на членот 205 од Кривичниот законик и го вратил случајот на истражното тело за повторно да го разгледа. Овие жалители наводно не покренале посебни постапки во однос на одлуката од 15 мај 2006 г. Според жалителите пресуди не биле спроведени.
45. Според информациите поднесени од Владата во врска со постапките покренати од страна на тринаесеттата жалителка, новата истрага во случајот од страна на пониските судови резултирала со одлука од 3 ноември 2007 г. со која била потврдена одлуката од 13-14 април 2006 во целост.
46. Во домашните постапки тројца жалители (бр. 7, 23 и 47 ...) изречно одбиле копија од одлуките од 13-14 април 2006 во врска со нивните починати роднини и како резултат надлежните судови не можеле да ја ревидираат законитоста на одлуките од 13-14 април и 15 мај 2006. Врховниот суд на Република Кабардино-Балкарија конкретно изјавил во однос на пресудите во прашање дека истражните власти незаконски одбиле да им достават на жалителите и судовите копија од одлуките од 13-14 април 2006 и да им обезбедат пристап до релевантните материјали во врска со случајот на починатите членови на семејствата на жалителите. Во своите изјаснувања тужената влада објасни дека доказите што биле собрани од страна на истрагата во однос на починатите членови на семејствата на жалителите во прашање исто така биле употребени во кривичните постапки против преживеаните учесници во нападот, а одбивањето во прашање било мотивирано од потребата да се сочува интегритетот на овие кривични постапки.
47. Двајца жалители (бр. 29 и 36 ...) добиле копија од одлуките од 13-14 април 2006 за нивните починати роднини и неуспешно ги оспориле во суд. Врховниот суд на Република Кабардино-Балкарија ги одбил нивните жалби и ги потврдил одлуките како законски. Овие жалби последователно биле успешни во стекнувањето на поволни пресуди од истиот суд прогласувајќи ја одлуката од 15 мај 2006 г. за незаконска бидејќи била усвоена од надлежен орган.
48. Четириесет и осмата жалителка, г-ѓата Оксана Николајевна Даова добила копија од одлуките од 13-14 април 2006 за нејзиниот брат г-динот Валериј Николајевич Тлеужев и нејзиниот сопруг г-динот Зураб Назранович Даов и неуспешно ги оспорила на суд. Во конечните пресуди од 6 февруари 2007 г. и 8 јули 2008 г. Врховниот суд на Република Кабардино-Балкарија ги одбил нејзините жалби во однос на нејзиниот брат и сопруг. Се чини дека таа не покренала некакви судски постапки во однос на одлуката од 15 мај 2006 г.
49. Владата тврдеше дека жалителите можеле да добијат копии од одлуките од 13-14 април 2006 г. и релевантните документи во врска со случајот кога и да посакале.
50. Четириесет и осмата жалителка посочила дека само некои од жалителите добиле таков пристап.
Г. Условите на чување и идентификација на телата на починатите после нападот од 13 октомври 2005 г.
1. Првичното објаснување на жалителите
51. Според жалителите кои учествувале во идентификувањето на телата неколку дена после настаните од 13 и 14 октомври 2005 г. телата биле чувани во градската мртовечница и на други локации во целосно незадоволителни услови. Телата имале интензивен мирис заради несоодветното чување во фрижидери и биле хаотично нафрлани на куп едни врз други.
52. На неодреден датум г-ѓата Г.Г. Кушхова, наводно роднина на тринаесеттиот жалител се пожалила на писмено дека телата биле нафрлани во куп и чувани на надворешна температура, забележувајќи дека некои од телата се распаѓале и смрделе на изгниено. На неодреден датум г-ѓата Ф.Н. Архагова, четириесет и втората жалителка изјавила дека таа ги видела телата на деветтиот ден после настаните во прашање и дека некои од нив се распаѓале и имале црви. Г-динот Керешев, сопругот на шеснаесеттата жалителка, кажал дека кога учествувал во постапката за идентификување на 15 октомври 2005 г. телата биле голи и нафрлани во куп едно врз друго. Слични пишани забелешки биле направени од страна на г-динот Алакајев, сопругот на петнаесеттата жалителка, и г-ѓата Сабанчијева, првата жалителка.
53. Жалителите понудиле и видео снимка во поткрепа на своите изјави, наводно снимена во вагоните ладилници, која потврдувала дека телата биле голи и дека некои од нив биле нафрлани едни врз други.
2. Одговорот на Владата од 6 декември 2005
54. Како одговор на барањето на Судот со датум од 4 ноември 2005 г. Владата се изјаснила дека телата на оние кои го нападнале градот биле чувани во „простории кои биле наменети конкретно за долгорочно чување на мртви тела и ја содржеле целата потребна опрема“.
3. Писмото на врховниот обвинител од 14 април 2006 г.
55. Како одговор на писмото од жалителите со кое барале објаснување за ужасните услови на чување Врховното обвинителство изјавило со писмо од 14 април 2006 г. дека додека не се донела процедурална одлука за телата тие биле држени во посебно опремени простории со ладилници на соодветна температура. Властите не ја откриле локацијата каде се чувале телата.
4.Забелешки на Владата во однос на чувањето на телата
56. Во забелешките во врска со допуштеноста од 22 мај 2007 г. Владата објаснила дека после настаните телата првично биле испратени во мртовечницата во Налчик. Тие биле соблечени и облеката им била испратена на вештачење. Понатаму сите тела биле сместени во два вагони ладилници опремени со потребните услови за складирање и испратени во градот Ростов-на-Дон за генетичка проверка. Владата исто така признала дека веднаш после нападот немале на располагање услови за чување на телата и дека најверојатно ова било снимено на снимката поднесена од жалителите.
5. Забелешките на жалителите во врска со идентификацијата на телата
57. Нема никакви информации во изјаснувањата на жалителите коишто би можеле да го потврдат учеството на четворица жалители, бр. 2, 8, 26 и 32 во релевантната процедура за идентификација.
58. Тринаесет жалители (бр. 4, 5, 6, 11, 14, 16, 30, 33, 36, 41, 44, 46 и 50) не учествувале во постапката на личната идентификација бидејќи тие тела биле идентификувани од некој друг.
59. Преостанатите триесет и тројца жалители (бр. 1, 3, 7, 9, 10, 12, 13, 15, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 27, 28, 29, 31, 34, 35, 37, 38, 39, 40, 42, 43, 45, 47, 48 и 49) поднеле на рака напишани изјави со кои го потврдиле своето лично учество во процедурата на идентификација ...
60. Според жалителите тие имале пристап до телата како во мртовечницата на градот Налчик така и во двата вагони ладилници паркирани на земјиште во сопственост на Министерството за внатрешни работи. Давањето на пристап до телата било без правила, со оглед дека не сите што поскале да учествуваат во процесот на идентификација добиле пристап. Во некои случаи обезбедувањето на пристап не било соодветно документирано.
61. Со оглед дека обезбедувањето на пристап било ограничено, релевантните установи вообичаено биле опкружени од маси роднини на починатите.
6. Дополнителни забелешките на Владата во врска со идентификацијата на телата
62. Владата делумно ги оспори изјаснувањата на жалителите. Тие упатија на протоколите за идентификација, потврдувајќи дека сите четворица жалители наведени во параграф 57 и четириесет и четвртата жалителка, г-ѓата Лјубов Михајловна Гонибова, учествувале во идентификацијата. Тие го оспорија личното учество во постапката на идентификација на деветтата жалителка (г-ѓата Анжелика Јурјевна Архестова), седумнаесеттиот до дваесеттиот жалител (г-динот Бетал Мурадинович Керефов, г-динот Магомед Хасимович Атојев, г-ѓата Жана Фјодоровна Ифраимова) и триесет и деветтиот жалител (г-динот Каралби Масадович Амшоков). Тие го потврдија учеството на останатите жалители наведени во параграф 59 горе.
63. Според изјаснувањата на Владата сите тела биле првично чувани во мртовечницата на Налчик. Меѓу 14 и 18 октомври 2005 г. жалителите ги испитале телата и облеката. Од 19 октомври 2005 г. телата биле сместени во два вагона ладилници. На 1 ноември 2005 г. вагоните биле префрлени во градот Ростов-на-Дон за молекуларно-генетски испитувања и на 22 јуни 2006 г. сите тела биле кремирани. Меѓу 13 и 22 октомври 2005 г. лицето надлежно за процедурата на идентификација било раководителот на групата за истрага, истражителот П. На 22 октомври 2005 г. тој бил заменет од истражителот С.
64. Според последните изјаснувања на Владата, севкупниот број на човечки жртви како резултат на настаните од 13 октомври 2005 г. бил дванаесет цивили, триесет и пет полицајци и службеници на органите на прогонот и осумдесет и седум учесници во нападот.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА
А. Релевантни одредби од Законот за погреб и закоп
65. Законот за погреб и закоп (бр. 8-ФЗ, со датум од 12 јануари 1996) ги содржи следниве одредби:
Член 3: Погреб
„Актуелниот федерален закон го дефинира погребот како ритуал на закопување на телото на лицето (или неговите остатоци) после неговата смрт во согласност со обичаите и традицијата што не се спротивни на санитарните и други услови. Погребот може да се спроведе по пат на поставување на телото (или остатоците) во земја (закоп во гроб или во подземна гробница), во оган (кремација со последователно закопување на урната со пепелот), во вода (закоп на море). ...”
Член 4: Локации за погреб
„1. Локациите за погреб се посебно дизајнирани [во согласност со релевантните правила] простори со ... гробишта за закоп на телата (остатоците) на мртвите, ѕидови на тага за сместување на урните со пепелта на починатите..., крематориуми ... како и други згради ... дизајнирани за спроведување погреби на починатите. ...”
Член 5: Изразени желби на лицата во врска со достоинствено постапување со телото после смртта
„1. Изразувањето на желбите на едно лице во врска со достоинственото постапување со неговото тело после смртта (волјата на починатиот) е желба изразена во усна форма во присуство на сведоци или на писмено:
- за согласност или отсуството на согласност да се изврши обдукција;
- за согласност или отсуството на согласност за одредени делови или ткива од телото да се отстранат;
- да биде погребан на одредена локација, во согласност со одреден сет на обичаи и традиции, до одредени лица кои претходно починале;
- да биде кремиран;
- да се довери да се исполнат овие желби на одредено лице.
2. Активности во однос на достоинственото постапување со телото на умреното лице треба да се изврши во согласност со [неговите/нејзините] желби, освен ако нема околности кои го оневозможуваат исполнувањето на тоа или ако [националното] законодавство предвидува различни правила.
3. Кога починатиот не ги изразил своите желби, правото да се овластат дејствијата посочени во став 1 од овој член ќе му припадне на брачниот другар, близок член на семејството (деца, родители, усвоени деца и родители усвоители, браќа и сестри, внуци и баби и дедовци), други роднини или правни застапници на починатиот, а во отсуство на такви лица други лица кои ја презеле одговорноста за погребот на починатиот.“
Член 6: Извршители на желбите на починатиот
„Извршителите на изразените желби од починатиот ќе бидат лицата посочени во изјавата, доколку тие се согласни да постапат согласно истата. Кога нема конкретно посочување на извршителите на изразените желби или ако номинираните лица не се согласни да постапат, посочените упатства ќе бидат извршени од страна на живиот брачен другар, близок член на семејството или други роднини или правни претставници на починатиот. Во случај на образложено одбивање од страна на номинираните лица да ги извршат насоките од изјавата на желби на починатиот, тој или таа може да биде погребана од друго лице кое ќе се согласи да ја преземе оваа обврска или од страна на специјализирана погребна служба.“
Член 7: Извршување на желбите на починатиот во врска со погребот
„1. На територијата на Руската Федерација на секое човечко суштество ќе му се гарантира дека после неговата или нејзината смрт ќе биде извршен погреб, земајќи ги во предвид неговите или нејзините желби, со обезбедување на слободно парче земја за закоп на телото (остатоците) или пепелот во согласност со актуелниот Федерален закон ...“
Член 8: Гаранции за време на закопот на починатиот
„Брачен другар, близок семеен член, друг родина, правни претставници на починатиот или друго лице кое ќе ја преземе обврската за закоп на починатиот, ќе ги ужива следниве гаранции:
(1) издавање на документите што се потребни за погреб на починатиот во рок од еден ден од утврдувањето на причината за смртта; во случаи кога има причини да се смести починатиот во мртовечница за обдукција, доставување на телото на починатиот на барање на брачен другар, близок член на семејството, други роднини, правен претставник или друго лице кое презело обврска да го закопа починатиот не може да се одлага подолго од два дена од времето кога ќе се утврди причината за смртта; ...“
Б. Правни дефиниции за терористичка активност и тероризам
66. Членот 3 од Законот бр. 130-ФЗ на Руската Федерација (Сузбивање на акти на тероризам) го дефинира тероризмот на следниов начин:
„... насилство или закана за употреба на истото против физички лица или организации, како и уништување (или оштетување) или опасност од уништување (или оштетување) на имот или други материјални предмети што креира опасност по животите на луѓето, предизвикува значителна загуба на имот и вклучување на други општествено опасни последици, извршени со цел да се поткопа јавната безбедност, заплашување на населението или вршење притисок врз државните тела за да донесат одлуки во корист на терористите или за да се задоволат нивните незаконски имотни и/или други интереси; обиди за одземање на животот на државни или јавни функционери, извршени со цел да се сопре нивната државна или друга политичка активност или како одмазда за таквата активност; или напад врз претставник на странска држава или функционер на меѓународна организација кој е под меѓународна заштита, или врз службените простории или превозни средства за лица под меѓународна заштита, ако ова дело е извршено со цел да се предизвика војна или да им се наштети на меѓународните односи.
67. Терористичката активност во рамките на значењето од Законот опфаќа:
„(1) организирање, планирање, подготовка и извршување на акт на тероризам;
(2) поттикнување за извршување на актот на тероризам или насилство врз физички лица или организации за да се уништат материјални предмети заради терористичките цели;
(3) организација на нелегални вооружени формации, криминални здруженија (криминални организации) или организирана група за извршување на акт на тероризам или учество во такво нешто;
(4) регрутирање, вооружување, обука и распоредување на терористите;
(5) меѓународно финансирање на терористичка организација или терористичка група или друга помош обезбедена за истата.“
68. Членот 3 го дефинира актот на тероризам како:
„... директно извршување на кривично дело од терористичка природа во форма на експлозија, подметнување на пожар, употреба или закана за употреба на нуклеарни експлозивни уреди или радиоактивни, хемиски, биолошки, експлозивни, токсични или крајно отровни супстанци; уништување, оштетување или земање на превозни средства или други предмети; обиди за убиство на државни или јавни фигури или претставници на национални, етнички, религиозни или други групи на население; земање на заложници или киднапирање на лица; предизвикување на ситуации опасни по животот, здравјето или имотот за неодреден број на лица преку креирање на условите за несреќи или катастрофи од технолошки карактер, или вистинска закана од предизвикување на таква опасност; ширење на закана од секаква форма или со секаков вид на средства; други дејствија кои ги ставаат во опасност животите на луѓето, предизвикуваат значителна загуба на имотот или некои други општествено опасни последици.“
69. Во истиот член терористот е дефиниран како:
„... лице кое учествува во извршување на терористичка активност од секаков облик.“
В. Законска регулатива што го уредува погребувањето на терористи
70. На 26 октомври 2002 г. се случи акт на тероризам во Норд-Ост театарот во градот Москва, што резултираше со инцидент со заложници како последица на што имало многу жртви, вклучително и смрт на десетици заложници (види Finogenov and Others v. Russia, nos. 18299/03 and 27311/03, §§ 8-14, ECHR 2011 (извадоци)).
71. Наскоро после нападот на 11 декември 2002, Русија воведе промени во Законот за сузбивање на акти на тероризам со додавање на членот 16(1) кој го вели следново:
„Погребувањето на терористи кои починале како резултат на одговор на терористички акт ќе се изврши во согласност со процедура утврдена од Владата на Руската Федерација. Нивните тела нема да се предадат за закоп и местото каде што ќе бидат закопани нема да се обелодени.“
72. На истиот датум Русија исто така воведе промени (ФЗ - бр. 170) во Законот за погреб и закоп и го додаде членот 14(1) кој вели:
„Лицата за кои кривичната истрага заради терористички активности е затворена заради тоа што починале после одговорот на споменатиот терористичкото дејствување треба да се закопаат во согласност со постапка утврдена од Владата на Руската Федерација. Нивните тела нема да се предадат за закоп и местото каде што ќе бидат закопани нема да се обелодени.“
73. Указот бр. 164 на Владата на Руската Федерација на 20 март 2003 г. усвоен во согласност со членот 16(1) од Законот за сузбивање на тероризам, ја дефинира постапката за погреб на лица чија смрт била предизвикана од одговорот на терористички акти извршени од нив:
“... 3. Закопот на [овие] лица ќе се изврши во областа каде настанала смртта и ќе се изврши од институции специјализирани за погребни услуги одредени од органите на извршната канцеларија на органите на Руската Федерација или од органи на локалната власт ...
4. Услугите обезбедени од агенцијата специјализирана за погреби во однос на погребот на [овие] лица ќе вклучува обработка на документите што се потребни за да се изведе погребот; облекување на телото; обезбедување на гроб; префрлање на телото (остатоците) на местото за закоп (кремација); закопување.
Префрлањето на телото (остатоците) на местото за закоп (кремација) по железнички или воздушен пат ќе се спроведе врз основа на дозвола за префрлање издадена согласно утврдена постапка.
Местото за закоп ќе се утврди со упатување на ограничувања утврдени од Законот за погреб и закоп.
5. За целите на погребот службеното лице кое ја спроведува прелиминарната истрага ќе ги испрати потребните документи до специјализираната погребна агенција, вклучително и копија од одлуката за затворање на кривичниот случај и кривичната истрага во однос на [тие] лица; тој или таа исто така ќе испрати изјава со која се потврдува смртта во службата за матична евиденција во последното постојано место на живеење на лицето.
6. Роднините на [засегнатото] лице ќе биде информирано од страна на службеното лице кое ја вршело прелиминарната истрага за местото на службата за матична евиденција од која можат да изведат извод од матичната книга на умрените.
7. Службеното лице кое ја вршело прелиминарната истрага може по сопствен наод да им достави на роднините на тие лица копии од медицинската документација во врска со смртта изработени од здравствената институција и извештај од обдукцијата (ако била извршена); личните предмети ќе им бидат вратени ако не подложат на конфискација.
8. Специјализираната погребна агенција ќе изготви извештај за извршениот закоп, што ќе биде доставен до службеното лице кое ја вршело прелиминарната истрага; документот ќе биде дел од кривичното досие.“
Г. Пресудата бр. 16-П на Уставниот суд со датум од 14 јули 2011
74. На 14 јули 2011 г. Уставниот суд на Руската Федерација ја разгледал жалбата поднесена од страна на двее лица кои ја оспориле уставноста на членот 24 став 1 алинеја 4 (Основи за одлука со која се одбива да се спроведе или за да се прекинат кривичните постапки) и членот 254 став 1 (Прекин на кривичните постапки во судската расправа) на Законот за кривична постапка. Судот заклучил дека гореспоменатите законски одредби биле неуставни што се однесува до тоа дека тие предвидувале можност за прекинување на кривичната постапка заради смртта на осомничен (или обвинет) без да се добие согласност од некој од семејството на лицето. Судот конкретно го забележал следново:
„... мора да се обезбеди почитување на основни процедурални гаранции на индивидуалните права, вклучително на пресумпција на невиност, и при решавањето на прашањето во врска со прекинот на кривичен случај во однос на непоправливи околности. При носењето на одлуката за одбивање на спроведувањето на кривичната постапка или за да се прекине кривичниот случај во претходна постапка на кривичната процедура, надлежните тела треба да го земат како појдовна точка тоа дека лицата за кои се прекинуваат кривичните постапки [кои не биле прогласени за виновни за делото] не може да се сметаат за виновни – во уставна смисла за овие лица може да се смета само дека учествувале во кривичната постапка во дадената фаза само заради релевантен сомнеж или обвиненија ...
Истовремено со прекинување на кривичен случај заради смртта на осомничениот (или на обвинетиот) [властите] исто така го прекинуваат и процесот на докажување на неговата или нејзината вина, но со тоа обвинението или сомнежот не се повлекува, напротив: во реалност [властите] доаѓаат до заклучок дека кривичното дело било извршено ... од страна на даденото лице или неможност за кривично гонење заради смртта на споменатото лице. По оваа логика лицето во прашање без усвојување или правосилност на пресудата, се прогласува за виновно а ова претставува повреда од страна на државата на нејзината обврска да обезбеди судска заштита за честа, достоинството и угледот на лицето со [различни одредби на] ... Уставот, а што се однесува до лицата чии интереси може да се погодени со оваа одлука – претставува повреда на нивното право на пристап до суд ...
... [со други зборови] прекинувањето на кривичната постапка со упатување на непроменливи околности генерално е можно само ако правата на учесниците во кривичната постапка се почитувани, што значи дека постои потреба да се обезбеди согласност од осомничениот (или обвинетиот) да се донесе таква одлука] ...
... Меѓутоа, ако лицето во прашање приговара на [таквата одлука] тоа мора да има право случајот против него да се изведе до фазата на негово разгледување од страна на судечки суд ...
[Судот откако ги разгледа важечките домашни одредби, заклучи дека] Законот за кривична постапка не уредувал дека [роднините на починатото лице за кое била прекината кривичната постапка] имале некакви права кои ќе им дозволеле да ги заштитат правата на нивните починати блиски кои биле формално обвинети. Со оглед дека на заинтересираните лица и пред сè блиските роднини на починатиот, не им било дозволено да учествуваат во постапката, [релевантните] процедурални одлуки ... се усвоени од истражител или суд - без учество на одбрана ...
Таквите ограничување немаат објективно или разумно оправдување и вклучуваат повреда на [уставните права на лицата во прашање] ...
[Судот понатаму одлучи дека] заштитата на правата и законските интереси на блиските роднини на починатото лице ... насочени кон [обезбедување] на неговата или нејзината рехабилитација треба да се случи преку нивно обезбедување со потребниот правен статус и законските права што произлегуваат во рамките на кривичните постапки ...
[Судот заклучува дека правата предвидени во членот 125 од Законот за кривична постапка не биле доволни за да се гарантира соодветно ниво на судска заштита на заинтересираните лица]...
[Оттука, во случаи кога] блиските роднини приговараат на прекинувањето на постапките заради смрт на формално осомничено или обвинето лице, надлежното истражно тело или судот треба да продолжат со истражувањето на случајот. Истовремено заинтересираните лица треба да ги уживаат истите права како и починатите лица што би ги уживале ... “
Д. Релевантни одредби од Кривичниот законик
75. Членот 105 („Убиство“) од Кривичниот законик, во релевантното време уредувал:
„1. Убиство, односно намерно предизвикување на смрт на друго лице, ќе биде казниво со лишување од слобода во период од шест до петнаесет години.“
76. Членот 205 („Тероризам“) од Кривичниот законик како што се применувал пред стапувањето на сила на 1 јануари 2007 г. на Федералниот закон бр. 153-ФЗ од 27 јули 2006 г. го уредувал следново:
„1. Тероризам е предизвикување на експлозија, подметнување на пожар, креирање на опасност по животите на луѓето или предизвикување на значителна материјална штета или други општествено штетни последици кога таквите дејствија се извршени со цел да се поткопа јавната безбедност, да се изложи населението на опасност или да се влијае врз властите што одлучуваат или да се закана за извршување на такви дејствија со иста цел, ќе биде казниво со лишување од слобода во период од осум до дванаесет години ...“
77. Истиот Федерален закон од 27 јули 2006 г. го преименува и измени членот 205 од Кривичниот законик кој сега го носи насловот „Терористички акт“ и уредува:
„1. Предизвикувањето на експлозија, подметнување на пожар или друг чин, предизвикување на страв кај јавноста и опасност по животите на луѓето предизвикувајќи значителна материјална штета или други тешки последици со цел да се изврши притисок врз органите или меѓународните организации што одлучуваат или закана за извршување на такви дејствија со иста цел, ќе биде казниво со лишување од слобода во период од осум до дванаесет години.“
...
III. ДРУГИ РЕЛЕВАНТНИ ИЗВОРИ
91. Жалителите се изјаснија дека ниедна друга европска земја немала закон во својот статут сличен на членот 14(1) од Законот за погреб и закоп.
92. Тие исто така се изјаснија дека слична пракса постоела де факто и во Израел и се користела на административно ниво без да се кодифицира во закон. Тие упатија на пресудата во случајот на Бараке и други против министерот за одбрана и други (Barake and Others v. Minister of Defence & Others, 14 April 2002, no. HCJ 3114/02) во кој Високиот суд на правдата на Израел ја осуди праксата. Според жалителите во 2004 г. израелските власти најавиле дека ставале крај на праксата на одбивање да се вратат телата на Палестинците „освен во вонредни околности“.
93. Жалителите исто така упатиле и на седум мислења на Комитетот на ООН за човекови права согласно Меѓународниот пакт за граѓански и политички права во случаи против Белорусија, Таџикистан и Узбекистан во кои властите одбиле да ги информираат роднините за затвореници кои добиле смртна казна за датумот на егзекуцијата, да им го вратат телото за да го закопаат или да го обелоденат местото каде биле закопани (no. 886/1999, Bondarenko v. Belarus, 3 April 2003, paragraph 10.2; no. 887/1999, Lyashkevich v. Belarus, 3 April 2003, paragraph 9.2; no. 915/2000, Sultanova v. Uzbekistan, 30 March 2006, paragraph 7.10; no. 959/2000, Bazarova v. Uzbekistan, 14 July 2006, paragraph 8.5; no. 973/2001, Khalilova v. Tajikistan, 30 March 2005, paragraph 7.7; no. 985/2001, Aliboeva v. Tajikistan, 18 October 2005, paragraph 6.7; no. 1044/2002, Shukurova v. Tajikistan, 17 March 2006, paragraph 8.7). Конкретно во случајот на Алибоева против Таџикистан (Aliboeva v. Tajikistan (no. 985/2001)) Комитетот за човекови права ја донесе следнава одлука:
„6.7. Комитетот го зеде во предвид тврдењето на авторот дека властите не ја информирале за егзекуцијата на нејзиниот сопруг и продолжиле да ги примаат нејзините залагања за него и после неговата егзекуција. Комитетот забележа дека законот на сила не му дозволувала на семејството на лицето кое добило смртна казна да биде информирано дури и за датумот на егзекуцијата или местото каде е закопан егзекутираниот затвореник. Комитетот ги разбира пролонгираната болка и ментален стрес што ги трпел авторот, како сопруга на осуден затвореник, заради континуираната несигурност околу околностите што резултирале со неговата егзекуција како и местото на неговиот гроб. Тој потсетува дека тајноста околу датумот на егзекуцијата како и местото каде е погребан и одбивањето да се предаде телото да биде погребано предизвикувале ефект на заплашување или казнување на семејствата со тоа што намерно биле оставани во состојба на несигурност и ментално мачење. Комитетот смета дека првичното неинформирање од страна на властите на авторот за егзекуцијата на нејзиниот сопруг и тоа што не ја информирале за местото каде што бил погребан достигнало ниво на нечовечно постапување со авторот со што бил повреден членот 7 од Пактот“.
94. Жалителите исто така се потпираа на пресудата на Меѓуамериканскиот суд за човекови права од 15 јуни 2005 г. во случајот на Моиванското село против Суринам (Moiwana Village v. Suriname (Inter-Am Ct. H.R., (Ser. C) No. 145 (2005)). Во тој случај агенти на државата нападнале моиванско село во 1986 г. при што биле убиени членови на Н’џука кланот (параграф 86 (15)). Властите исто така не дозволиле преживеаните да ги добијат телата. Понатаму имало извештаи дека некои од телата биле кремирани. Судот обезбедил детален преглед на конкретните погребни ритуали на Н’џука, забележувајќи дека:
„86(7). Н’џука имаат посебни ритуали кои мораат прецизно да се следат по смртта на член на заедницата. Серија на религиозни церемонии мораат да се изведат за кои се потребни меѓу шест месеци и една година; за овие ритуали потребно е учество од повеќе членови на заедницата и употреба на повеќе ресурси отколку која и да е друга церемонија на Н’џука општеството.
86(8). Крајно е важно да се поседуваат физичките остатоци на починатиот затоа што телото мора да се обработи на посебен начин за време на погребните ритуали на Н’џука населението и мора да се стави во местото за закоп на соодветната група на потекло. Само оние за кои се смета дека донеле зло не добиваат погреб со почести. Исто така во марунските заедници идејата за кремирање се смета за крајно навредлива.
86(9). Доколку различни погребни ритуали не се изведуваат согласно Н’џука традицијата, се смета за морална трансгресија, што не само ќе ги налути духовите на лицето што починало, туку исто така можат да се навредат и други предци на заедницата. Ова води кон низа ‘болести предизвикани од духовите’ кои се манифестирале како реални физички болести и можеле потенцијално да влијаат на целата природна лоза. Н’џука сметаат дека таквите болести не се лечат сами по себе туку мора да се решат по пат на културни и церемонијални обреди; во спротивно состојбата ќе се провлекува со генерации.“
95. Меѓуамериканскиот суд одлучил во параграфот 100 од неговата пресуда дека жалителите претрпеле нечовечно постапување спротивно на членот 5 од Американската конвенција за човековите права бидејќи:
„... еден од најголемите извори на страдање на припадниците на моиванската заедница е во тоа дека тие не знаеле што се случило со остатоците на нивните блиски и како резултат на тоа не можеле да покажат почит и да ги погребаат во согласност со фундаменталните норми на Н’џука културата. Судот забележува дека е разбирливо што припадниците на заедницата биле погодени од извештаите според кои некои од телата биле изгорени ...“.
96. Како дел од правичниот надоместок (параграф 208 од пресудата) на Владата на Суринам и било наложено:
„... под итно да ги вратат телата на убиените припадници на моиванската заедница кои биле убиени во нападот во 1986 г. Доколку државата ги најде остатоците од телата истите што е можно поскоро да бидат доставени до преживеаните припадници на заедницата за починатите да можат да бидат испочитувани согласно ритуалите на Н’џука културата“.
ПРАВОТО
...
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
101. Жалителите се жалеа на условите во кои биле чувани телата на нивните блиски за време на процесот на идентификација. Тие исто така не биле задоволни и со околностите на нивното лично учество во процесот на идентификација. Според жалителите ваквото постапување од страна на властите им предизвикале такви ментални страдања што достигнале ниво на повреда на членот 3 од Конвенцијата што предвидува:
„Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.“
А. Изјаснувања на странките
102. Жалителите се држеа до своите жалби. Тие тврдеа дека листата на Владата на оние што зеле учество во процедурите на идентификација не била целосна.
103. Владата го отфрли ова тврдење. Тие се изјаснија дека после настаните телата најпрво биле однесени во мртовечницата на Налчик, каде биле соблечени до гола кожа, а облеката била испратена за форензичко вештачење. Потоа сите тела биле сместени во два вагони ладилници опремени со сите потребни услови за чување. Нешто подоцна телата биле испратени во градот Ростов-на-Дон за генетички проверки. Владата призна дека веднаш по нападот немале услови за складирање на телата и дека најверојатно на ова се упатува во видео снимката поднесена од жалителите. Владата исто така спомнала дека учеството во процедурата на идентификација било доброволно.
Б. Оценка на Судот
1. Општи принципи
104. Судот во повеќе прилики има забележано дека членот 3 од Конвенцијата ја вградува една од најосновните вредности на демократското општество. Дури и во најтешките околности, како што е борбата против тероризмот и организираниот криминал, Конвенцијата апсолутно забранува мачење или нечовечно или понижувачко постапување или казнување. За разлика од повеќето материјални клаузули од Конвенцијата и нејзините Протоколи, членот 3 нема никакви одредби за исклучоци и од него не е дозволена никаква дерогација според член 15, дури и во случај на општа вонредна состојба која се заканува по животите на нацијата (види, меѓу другите извори, Aksoy v. Turkey, 18 December 1996, § 62, Reports of Judgments and Decisions 1996-VI). Малтретирањето мора да го постигне минимумот ниво на безбедност за да потпадне под опсегот на членот 3. Проценката на овој минимум е релативна: зависи од сите околности на случајот, како што се времетраењето на постапувањето, неговите физички и/или ментални последици и, во некои случаи, полот, возраста и здравствената состојба на жртвата (види, меѓу другите извори, Ireland v. the United Kingdom, 18 January 1978, § 162, Series A no. 25).
105. Што се однесува до жалбите за моралното страдање поднесени во однос на членот 3 од Конвенцијата од страна на роднините на наводните жртви на безбедносните операции спроведени од властите, Судот зазеде рестриктивен пристап, посочувајќи дека иако еден член на семејството на „исчезнато лице“ може да тврди дека е жртва на постапување спротивно на членот 3 (види Kurt v. Turkey, 25 May 1998, §§ 130-34, Reports 1998‑III), истото начело обично не би се применило за ситуации кога лицето кое било приведено подоцна ќе почине (види, на пример, Tanlı v. Turkey, no. 26129/95, § 159, ECHR 2001‑III; Yasin Ateş v. Turkey, no. 30949/96, § 135, 31 May 2005; and Bitiyeva and Others v. Russia, no. 36156/04, § 106, 23 April 2009). Во таквите случаи Судот вообичаено ги ограничува своите наоди на членот 2. Од друга страна Судот утврди повреда на членот 3 во делот на менталните страдања претрпени од страна на жалителите како резултат на дејствувањата на безбедносните сили кои ги изгореле нивните домови и имот пред нивни очи (види Selçuk and Asker v. Turkey, 24 April 1998, §§ 77-80, Reports 1998‑II; Yöyler v. Turkey, no. 26973/95, §§ 74-76, 24 July 2003; и Ayder and Others v. Turkey, no. 23656/94, §§ 109-11, 8 January 2004).
106. Конечно, Судот ја повторува својата судска пракса според која тврдењата за малтретирање мора да се поткрепат со соодветни докази (види, mutatis mutandis, Klaas v. Germany, 22 September 1993, § 30, Series A no. 269). За да се процени овој доказ, Судот го усвојува стандардот на докажување „вон разумен сомнеж“ но додава дека таквиот доказ може да следи од коегзистенцијата на доволно силни, јасни и усогласени заклучоци или слични непобиени пресумпции на факти (види Ирска против Обединетото Кралство, цитиран гора, § 161).
2. Примена на овие принципи
107. Странките се согласија дека меѓу 14 и 18 октомври 2005 г. телата на оние што починале како резултат на настаните на 13-14 октомври 2005 г. биле сместени во градската мртовечница на Налчик и дека од 19 до 31 октомври 2005 г. биле сместени во два вагони ладилници во околината на Налчик (види параграфи 51-53 и 63 горе). Исто така е неспорно дека вкупниот број на жртви од нападот во голема мерка го надминал капацитетот за складирање во релевантните локални услови и дека во првите четири дена некои од телата морале да се чуваат надвор.
108. Судот има малку сомнеж дека во однос на условите на чување на телата жалителите, како роднини на починатите можеби претрпеле ментално страдање во однос на тоа. Ова важело особено за оние кои доброволно се пријавиле да извршат идентификација лично. Според информациите достапни за Судот најмалку триесет и осум жалители, бр. 1, 2, 3, 7, 8, 9, 10, 12, 13, 15, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 31, 32, 34, 35, 37, 38, 39, 40, 42, 43, 44, 45, 47, 48 и 49, лично зеле учество во постапката за идентификација (види параграфи 57-59 и 62).
109. Задача на Судот е да се утврди дали со оглед на конкретните околности на случајот тоа страдање имало димензија која можела да биде опфатена од опсегот на членот 3.
110. Судот би забележал, најпрво, дека актуелниот случај е различен од случаите што се изнесени пред Судот од страна на членови на семејствата за жртвите на „исчезнување“ или вонсудски убиства извршени од безбедносните сили (види, на пример, Luluyev and Others v. Russia, no. 69480/01, §§ 116-118, ECHR 2006‑XIII (извадоци)). Смртта на роднините на жалителите во актуелниот случај не резултирале од акции од властите за пречекорување на членот 2 од Конвенцијата (погледнете ги околностите како резултат на што дошло до смрт на роднините на жалителите, параграф 6 и 7 горе, и споредете ги на пример со случајот на Esmukhambetov and Others v. Russia, no. 23445/03, §§ 138‑151 and 190, 29 March 2011). Жалителите не може да се каже дека страдале од продолжена несигурност заради судбината на своите роднини, со оглед дека целта на нивното доброволно учество во процесот на идентификување што се случило набрзо после нападот, била токму тоа да се лоцираат телата на нивните роднини (види параграф 63 горе и споредете со Лулујев и други, цитиран горе, §§ 116-118).
111. Судот понатаму забележува дека актуелниот случај исто така се разликува од турските случаи со намерното уништување на имотот пред очите на жалителите. Конкретно во случајот на Селчук и Аскер Судот го зел во предвид начинот на кој домовите на жалителите биле уништени и имено за фактот дека активноста била однапред испланирана и спроведена со презир и без почитување на чувствата на жалителите, чии протести биле игнорирани (види Селчук и Аскер, цитиран горе, § 77), и со ова на ум, утврди дека дејствијата на безбедносните сили достигнале ниво на „нечовечко постапување“ во рамките на значењето на членот 3 од Конвенцијата. Сличен начин на размислување се чини дека е имплициран во случаите на Јолер и Ајдер и други (обата цитирани горе). Во гореспоменатите случаи безбедносните сили ги запалиле домовите и имотот на жалителите со цел да им предизвикаат ментално страдање што му овозможило на Судот да утврди повреда на членот 3 по тој основ.
112. Меѓутоа во актуелниот случај Судот нема докази што ќе му дозволи да дојде со истиот заклучок. Точно е дека, како што призна Владата, релевантните локални можности за чување на телата во ладилници во текот на првите четири дена можеби не било доволни за да ги сочува сите тела (види параграф 56 горе) и дека дури и морале да ги стават телата едно врз други за да можат да ги сместат во вагоните ладилници (види параграф 53 горе). Меѓутоа, овие пропусти произлегле од објективни логистички проблеми кои произлегле од природата на настаните од 13-14 октомври 2005 г. и бројот жртви, и тешко дека може да се каже дека како своја цел имале да ги изложат жалителите на нечовечно постапување и особено за да им предизвикаат психолошко страдање.
113. Кога ќе се сумира сè, Судот не утврди дека околностите можеле да предизвикаат страдање за жалителите набројани во параграф 108 горе или за другите жалители кои едноставно биле свесни за тешките услови во кои биле чувани мртвите тела на нивните роднини, што е димензија и карактер различен од емоционалната болка која можела да се смета за неизбежно предизвикана на секој член на семејството на починати лица во слична ситуација. Судот затоа не е во можност да утврди повреда на членот 3 од Конвенцијата во околностите на актуелниот случај.
III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
114. Повикувајќи се на членот 8 од Конвенцијата жалителите исто така се жалеле на одбивањето од страна на властите да им ги вратат телата на нивните починати роднини. Оваа одредба од Конвенцијата го вели следново:
Член 8 од Конвенцијата
„1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.
2. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, или економската благосостојба на земјата, спречување на нереди или кривично дело, заштитата на здравјето или моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество.“
А. Изјаснувања на странките
1. Жалителите
115. Жалителите се изјасниле дека одбивањето на властите од 15 мај 2006 г. да им ги врати телата била незаконско и несразмерно. Најпрво тие тврделе дека одбивањето било незаконско со оглед дека пресудата на Уставниот суд на властите им наметнувала обврската да почекаат на исходот од истрагата пред да одлучат за враќањето на телата и дека властите сосема јасно не се придржувале на обврските. Второ, законот содржел нејасни поими како што е „терористичка акција“, „терористичка активност“ и „терористички акт“ и било нејасно што се однесува до политиката за кремација (жалителите биле погодени од фактот дека нивните роднини биле кремирани, а не закопани); конкретното службено лице со овластување да ја донесе одлуката; можноста за покренување на жалбени постапки; политиката во врска со обелоденувањето на датумот на закопите; и потребата да се почитуваат обичаите за време на погребите. Трето, тие се изјаснија дека мерките биле несразмерни во однос на тоа дека ниедна друга европска земја немала слично законодавство; иако израелските власти имале слична административна политика, ова од тогаш е осудено од израелските судови; дека меѓународното хуманитарно право забранува такво постапување и дека други, помалку рестриктивни мерки им биле достапни на властите во справувањето со прашањата поврзани со тероризмот.
2. Владата
116. Владата и понатаму тврдеше дека одлуката да не ги врати телата на роднините била донесена согласно Законот за сузбивање на тероризам, Законот за погреб и закоп и Указот за борба против тероризмот и биле оправдани согласно причините утврдени од Уставниот суд во неговата одлука од 28 јуни 2007 г. (види параграфи 33-35). Сите жалители добиле официјално известување и одговори од властите и никакви ограничувања за пристап до суд не биле наметнати во врска со одлуките во прашање.
Б. Оценка на Судот
1. Дали членот 8 може да се примени во овој случај
117. Случајот повторува дека согласно судската пракса за својот член 8 концептот на „приватен живот“ и „семеен живот“ се широки термини, но не подложат на исцрпна дефиниција (види на пр. Pretty v. the United Kingdom, no. 2346/02, § 61, ECHR 2002‑III). Во случаите на Пануло и Форте против Франција (Pannullo and Forte v. France (no. 37794/97, §§ 35-36, ECHR 2001‑X)) и Жирар против Франција (Girard v. France (no. 22590/04, § 107, 30 June 2011)) Судот признал дека претераното одлагање во враќањето на телото после обдукцијата или на примероците од телото по завршувањето на релевантните кривични постапки може да претставува повреда и на „приватниот живо“ и на „семејниот живот“ на живите членови на семејството. Во случајот на Ели Полухас Додсбо против Шведска (Elli Poluhas Dödsbo v. Sweden (no. 61564/00, § 24, ECHR 2006‑I)) Судот одлучил дека одбивањето за префрлањето на урната со пепелта на сопругот на жалителката исто така може да се смета дека потпаѓа во опсегот на членот 8. Конечно во случајот на Хадри-Вионет против Швајцарија (Hadri‑Vionnet v. Switzerland (no. 55525/00, § 52, 14 February 2008)) Судот одлучил дека можноста за жалителот да присуствува на погребот на своето мртвородено дете, заедно со трансферот и церемонијалните аранжмани, исто така можело да се смета дека потпаѓа во опсегот на „приватниот“ и „семејниот живот“ во рамките на значењето на членот 8.
118. Судот пред сè забележува дека со исклучок на деветнаесеттата жалителка, г-ѓата Жана Фјодоровна Ифраимова ..., Владата не оспорила дека одлуката од 15 мај 2006 г. да не ги врати телата преставувало повреда на правата на жалителите на приватен и семеен живот како што се заштитени со членот 8 од Конвенцијата.
119. Што се однесува до деветнаесеттата жалителка, Судот одлучи врз основа на документите што ги поседуваше дека иако односите меѓу г-ѓа Ифраимова и г-дин Тамазов, главно се состоеле од едвај еден месец заеднички живот и повремени тајни средби во наредните осум месеци (види ги параграфите 10 и 98 горе), тие може да не се доволно долги и стабилни за да потпаднат под опсегот на „семеен живот“ во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата, мал е сомнежот дека постоел „приватен живот“ меѓу нив во рамките на значењето на оваа одредба на Конвенцијата.
120. Судот понатаму забележува дека на 15 мај 2006 г., откако завршиле истражните дејствија во однос на телата на починатите лица, истражителот одлучил да не ги враќа телата на жалителите и наредил истите да бидат закопани на непосочена локација (види параграф 27 горе). Оваа одлука била усвоена во согласност со членот 3 од Указот бр. 164 со датум од 20 март 2003 г., и членот 14(1) од Законот за погреб и закоп кои ги спречувале надлежните власти да ги вратат телата на терористите кои загинале како резултат на одговорот на терористичкиот акт.
121. Откако ја разгледа важечката домашна законска рамка, Судот забележува дека во Русија роднините на починатите лица кои сакаат да го организираат погребот на тоа лице генерално уживаат статутарна гаранција дека телото на лицето ќе им се врати брзо за погреб по утврдувањето на причините за смртта. Тие исто така имаат бенефиции од правниот режим кој ги прави или извршител на изјавата на желби на починатиот што се однесува до погребот или им дозволува да одлучат како ќе се организира погребот при што тоа подложи само на општи безбедносни и санитарни правила (види санкции 3 до 8 од Законот за погреб и закоп во параграф 65).
122. Во овој контекст Судот забележува дека одбивањето од страна на властите да ги вратат телата на роднините на жалителите упатувајќи на членот 14(1) од Законот за погреб и закоп и членот 3 од Указот од бр. 164 од 20 март 2003 г. претставувало исклучок од општото правило и јасно ги лишило жалителите од можноста да се организираат и да учествуваат во погребувањето на телата на своите роднини и исто така да се знае локацијата на гробовите и да ги посетат истите подоцна.
123. Земајќи ја во предвид својата судска пракса и гореспоменатите околности на случајот, Судот одлучи дека со исклучок на деветнаесеттиот жалител мерката во прашање претставувала повреда на „приватниот живот“ и „семејниот живот“ во рамките на значењето на членот 8 од Конвенцијата. Во однос на деветнаесеттата жалителка, одлуката од 15 мај 2006 г. претставувала повреда на нејзиниот „приватен живот“ во рамките на значењето на таа одредба. Останува да се види дали повредата била оправдана согласно вториот став од таа одредба.
2. Дали нарушувањето било оправдано
(а) „Во согласност со законот“
124. Согласно судската пракса на Судот изразот „во согласност со правото“ во членот 8 § 2 бара, меѓу другото, мерката или мерките во прашање да имаат некаква основа во домашното право (види, на пример, Aleksandra Dmitriyeva v. Russia, no. 9390/05, §§ 104-07, 3 November 2011), но исто така упатува на квалитетот на законот во прашање, за кој се бара да е достапен за засегнатото лице и предвидлив во однос на последиците (види Rotaru v. Romania [GC], no. 28341/95, § 52, ECHR 2000-V). За законот да го исполни критериумот на предвидливост, мора да се утврдат со доволна прецизност условите во кои една мерка може да се примени, да се овозможи за засегнатите лица – доколку има потреба со соодветен совет – да се регулира нивното однесување.
125. Судот забележува дека мерката во прашање била усвоена во согласност со релевантните одредби на Законот за сузбивање на тероризам, Законот за погреб и закоп и Указот бр. 164 од 20 март 2003 г., кои уредувале дека „[телото] на терорист кој починал како резултат на одговор на терористички акт“ нема да биде предадено за закоп и дека местото каде ќе е закопано нема да биде обелоденето.
126. Судот утврди, и ова не е оспорено од жалителите, дека одлуката од 13-14 април 2006 г. јасно демонстрирала инволвираност на починатите роднини на жалителите во нападот од 13 октомври 2005 г. Врз основа на материјалот пред него (види параграфи 22, 25 и 26) Судот е задоволен што одбивањето на властите да ги вратат телата на роднините на жалителите за закоп имало законска основа во руското право.
127. Според гледиштето на Судот, преостанатите прашања поврзани со законитоста на мерката како што се предвидливоста и јасноста на законските акти и особено автоматската природа на правило, наводната нејасност на одредени концепти и недостатокот на судско разгледување се тесно поврзан со прашањето на сразмерност и треба да бидат испитани како аспекти на тоа согласно став 2 од членот 8 (види, mutatis mutandis, T.P. and K.M. v. the United Kingdom, [GC], no. 28945/95, § 72, ECHR 2001-V, и Chapman v. the United Kingdom [GC], no. 27238/95, § 92, ECHR 2001-I).
(б) Легитимна цел
128. Судот забележува дека Владата ја оправдува мерката со упатување на пресудата бр. 8-П, со датум од 28 јуни 2007 г. на Уставниот суд во која се вели во врска со членот 14(1) од Законот за погреб и закоп и Указот бр. 164 од 20 март 2003 г. дека усвојувањето на правилото било оправдано со „интересот за борба против тероризмот и за спречување на тероризмот во генерална и специфична смисла и обезбедување на обесштетување за последиците од терористички акти, надополнето со ризикот од масовни нереди, судири меѓу различни етнички групи и агресивност од страна на блиските на оние што се инволвирани во терористичката активност против населението во целина и против функционери и конечно закана по човечкиот живот“. Исто така ја споменува потребата од „намалување на неформалните и психолошките ефекти од терористичките акти врз населението, вклучително и ослабување на ефектите на нивната пропаганда.“ Исто така Уставниот суд се изјасни дека „закопот на оние кои учествувале во терористички акт во близина на гробовите на жртвите на нивните дела и следењето на погребните обреди и сеќавањето со одавање почит, како симболичен акт на почест, служат како пропаганда за терористички идеи и истите предизвикуваат навреда за блиските на жртвите на делата во прашање, создавајќи предуслови за зголемување на меѓуетнички и меѓурелигиозни тензии“.
129. Земајќи ги во предвид горенаведените објаснувања Судот е задоволен дека мерката во прашање може да се смета дека ги зема во предвид интересите за јавна безбедност, за спечување на нереди и заштита на правата и слободите на другите.
130. Останува да се види дали усвоената мерка била „неопходна во демократското општество“ за изнесените цели.
(в) Неопходни во едно демократско општество
(α) Општи принципи
131. Нарушувањето ќе се смета за „неопходно во едно демократско општество“ за потребите на една легитимна цел доколку истото одговори на „итна општествена потреба“ и особено доколку е сразмерно на легитимната цел која се сака да се оствари и ако причините кои се изнесени од националните власти за негово оправдување се „релевантни и доволни“ (види, на пример, Coster v. the United Kingdom [GC], no. 24876/94, § 104, 18 January 2001, и S. and Marper v. the United Kingdom [GC], nos. 30562/04 and 30566/04, § 101, ECHR 2008).
132. Предметот и целта на Конвенцијата, како договор за човекови права да ги штитат поединците на објективна основа (види Neulinger and Shuruk v. Switzerland [GC], no. 41615/07, § 145, ECHR 2010), бараат нејзините одредби да се толкуваат и применуваат на начин кој ги прави нејзините гаранции практични и делотворни (види, меѓу другото, Artico v. Italy, 13 May 1980, § 33, Series A no. 37). Оттука, за да се обезбеди „почитување“ за приватниот и семејниот живот во рамките на значењето на членот 8, мора да се земе во предвид реалноста на секој случај за да се избегне механичката примена на домашното право во дадената ситуација (види, како посвеж извор, Nada v. Switzerland [GC], no. 10593/08, §§ 181-185, 12 September 2012).
133. Судот претходно има утврдено дека за една мерка да се смета за сразмерна и потребна во едно демократско општество, можноста за прибегнување кон алтернативна мерка која би предизвикала помала штета по основното право во прашање а се остварува истата цел мора да се исклучи (види Нада, цитиран горе, § 183).
134. Конечната проценка за тоа дали нарушувањето било неопходно останува нешто што треба да биде разгледано од Судот за да се потврди усогласеност со барањата на Конвенцијата. Мора да се остави маргина на дискреција на надлежните национални власти во врска со ова. Ширината на оваа маргина варира и зависи од низа фактори вклучително и природата на правото од Конвенцијата што е во прашање, неговата важност за поединецот, природата на нарушувањето и предметот на нарушувањето (види С. и Марпер, цитиран горе, § 102). Судот во повеќе прилики има нагласено дека е свесен дека државите се соочени со посебни предизвици што произлегуваат од тероризмот и терористичкото насилство (види mutatis mutandis, Brogan and Others v. the United Kingdom, 29 November 1988, § 61, Series A no. 145‑B; Öcalan v. Turkey [GC], no. 46221/99, §§ 104, 192-196, ECHR 2005‑IV; Ramirez Sanchez v. France [GC], no. 59450/00, §§ 115-116, ECHR 2006‑IX; и Finogenov and Others v. Russia, nos. 18299/03 and 27311/03, § 212, ECHR 2011 (извадоци)). Маргината има за цел да биде потесна кога правото во прашање е од клучна важност за делотворното уживање од страна на поединецот на интимните или клучните права (види Connors v. the United Kingdom, no. 66746/01, § 82, 27 May 2004, со дополнителни упатувања). Кога особено важен аспект на постоењето или идентитетот на поединецот е во прашање, маргината што и е дозволена на државата е ограничена (види Evans v. the United Kingdom [GC], no. 6339/05, § 77, ECHR 2007‑I).
(β) Примена на овие принципи
135. Со цел да се осврне на прашањето дали мерките што се преземени во однос на жалителите поврзани со телата на нивните починати роднини биле сразмерни на легитимните цели од кои требале да се водат, и дали причините понудени од националните власти биле „релевантни и доволни“, Судот мора да испита дали руските власти доволно ја разгледале специфичната природа на случајот и дали усвоената мерка, во контекст на нивната маргина на дискреционото право била оправдана со оглед на релевантните околности на случајот.
136. При тоа Судот е подготвен да ги разгледа настаните што и претходеле на одлуката од 15 мај 2006 г. и фактот дека заканата од дополнителни напади или судири меѓу различни етнички и религиозни групи во Налчик била доста сериозна. Меѓутоа употребата на мерката во прашање мора да се објасни и оправда на убедлив начин во секој поединечен случај (види mutatis mutandis, Нада, цитиран горе, § 186).
137. Судот ќе забележи на самиот почеток што се однесува до критиките на жалителите за наводната претерана ширина на некои од поимите и на други наводни проблеми во важечките законски прописи што во случаите што произлегуваат од поединечните молби дека неговата задача вообичаено не е да ја разгледува релевантната законска рамка или дадената пракса на апстрактен начин. Наместо тоа, мора да се држи колку што е можно повеќе, без да го изгуби од вид општиот контекст, на испитувањето на прашањата покренати од случајот пред него. Затоа овде задачата на Судот не е да ја разгледа, in abstracto, компатибилноста на гореспоменатото правило со Конвенцијата, туку да се одреди, in concreto, последицата од нарушувањето на правото на жалителите на приватен и семеен живот (види, како неодамнешен извор, Nejdet Şahin and Perihan Şahin v. Turkey [GC], no. 13279/05, §§ 68-70, 20 October 2011).
138. Ако се осврнеме на околностите на актуелниот случај, Судот забележува дека како резултат на одлуката од 15 мај 2006 г. жалителите биле лишени од можноста, што во други прилики им е гарантирана на роднините на секој починат во Русија, да организираат и учествуваат на закопот на телото на починатиот член на семејството и исто така да се утврди локацијата на гробот и да можат да го посетат подоцна (види параграф 65 годе). Судот утврди дека повредата на правата на жалителите од членот 8 како резултат од споменатата мерка била особено остра во поглед на тоа дека им било целосно оневозможено да учествуваат во релевантните погребни церемонии и имало и забрана за обелоденување на местото на гробот, со што за секогаш се прекинуваат врските меѓу жалителите и местото каде е погребан починатиот. Во врска со ова Судот исто така упатува на праксата на различни меѓународни институции која во случаи кои ја вклучувале примената на слични мерки сметале дека таквото нарушување на правата на жалителите било особено строго (види параграфи 91-96).
139. Судот понатаму забележува дека истрагата утврдила дека починатите лица на кои упатуваат жалителите учествувале во вооружен бунт и спровеле терористички напад во градот Налчик на 13 октомври 2005 г. (види параграф 22 горе). Откако ги разгледа материјалите од досието на случајот, Судот е подготвен да ги искористи овие фактички наоди во својата понатамошна анализа.
140. Со оглед на природата на активноста на починатите, околностите на нивната смрт и крајно чувствителниот етнички и религиозен контекст во овој регион на Русија, Судот не може да занемари дека мерките со кои се ограничуваат правата на жалителите во однос на погребните аранжмани за починатите лица може да се сметаат за оправдани согласно членот 8 од Конвенцијата во остварувањето на целите споменати од Владата.
141. Судот во принцип може да прифати дека во зависност од точната локација на која церемониите и закопот требале да се организираат, со оглед на карактерот и последиците на активностите на починатите лица и други релевантни контекстуални фактори, од властите може разумно да се очекува да интервенираат со намера да се избегнат одредени можни нарушувања или незаконски акции од страна на лицата кои ги поддржуваат или се спротивставуваат на причините или активностите на починатите за време или после релевантните церемонии како и осврнување на други прашања споменати од Владата, а кои може да произлезат во врска со ова.
142. Судот исто така може да прифати дека во организирањето на релевантната интервенција властите имале право да делуваат со оглед на минимизирањето на неформалното и психолошкото влијание на терористичкиот акт врз населението и заштита на чувствата на роднините на жртвите од терористичкиот акт. Таквата интервенција секако може да ја ограничи способноста на жалителите да го изберат времето, местото и начинот на кој релевантните погребни церемонии и закопи требале да се одржат или дури и директно да се организираат таквите постапки.
143. Истовремено на Судот му е тешко да се согласи дека воопшто некоја од изнесените цели можела да ги озакони сите аспекти на мерката во прашање. Поконкретно, во овие цели не се препознава вистинско оправдување за тоа што на жалителите не им било дозволено да учествуваат во релевантните погребни церемонии или барем некаква можност да им одадат почит на своите починати блиски.
144. Судот увидува дека властите не извршиле таква проценка во овој случај. Всушност релевантното службено лице не донело одлука користејќи пристап на поединечно разгледување на секој случај и не вклучил анализа која би ги зела во предвид поединечните околности на секој починат и оние на неговите членови на семејството (види параграф 27). Тоа било така затоа што важечкиот закон ги сметал сите прашања за нерелевантни, а одлуката од 15 мај 2006 г. била чисто автоматска мерка. Со оглед на влогот на жалителите, Судот смета дека овој „автоматски“ карактер бил спротивен на должноста на властите согласно членот 8, соодветно да се погрижат нарушувањето на правото на приватен и семеен живот да биде оправдано и сразмерно во поединечните околности на случајот (види, mutatis mutandis, Płoski v. Poland, no. 26761/95, §§ 35-39, 12 November 2002, и Нада, цитиран горе, § 182).
145. Судот повторува дека за да се постапува согласно условите за сразмерност на членот 8, властите најпрво треба да ја исклучат можноста за прибегнување кон алтернативна мерка која би предизвикала помала штета на основното право што е во прашање при исполнувањето на истата цел (види Нада, цитиран горе, § 183, и Плоски, цитиран горе, § 37). Во отсуство на таквиот индивидуализиран пристап усвоената мерка главно се чини дека е казна за жалителите со префрлање на товарот на негативните последици заради активностите на починатите лица од нив на нивните роднини или членови на семејството.
146. Гледано во целост, ако се земе во предвид автоматската природа на мерката, тоа што властите не посветиле соодветно внимание на принципот на сразмерност, Судот смета дека мерката во прашање не успеала да постигне рамнотежа меѓу правото на жалителите на заштита на приватниот и семејниот живот од една страна и легитимните цели на јавната безбедност, спречувањето на нереди и заштита на правата и слободите на другите од друга страна и дека тужената држава ја пречекорила секоја прифатлива маргина на дискреционо право во овој контекст.
147. Следи дека со исклучок на деветнаесеттата жалителка кај останатите имало повреда на правото на жалителите на почитување на нивниот приватен и семеен живот како што е гарантирано од членот 8 од Конвенцијата заради одлуката од 15 мај 2006 г. Судот дојде до истиот заклучок и во однос на деветнаесеттата жалителка во врска на нејзиното право на приватен живот.
IV. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 13 РАЗГЛЕДАН ЗАЕДНО СО ЧЛЕНОТ 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
148. Повикувајќи се на членот 13 од Конвенцијата прочитан заедно со членот 8 од Конвенцијата жалителите исто така се жалеа на тоа дека немале делотворен правен лек во однос на одбивањето од страна на властите да им ги вратат телата на нивните починати роднини.
Член 13 од Конвенцијата
„Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција се нарушени, има право на делотворен правен лек пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.“
А. Изјаснувања на странките
149. Жалителите се држеа до своите жалби.
150. Владата се изјасни дека сите жалители добиле официјално известување и одговори од властите и дека никакви ограничувања за пристап до суд не биле наметнати во врска со одлуките во прашање.
Б. Оценка на Судот
1. Принципите што се применуваат
151. Судот забележува дека членот 13 гарантира достапност на национално ниво до правен лек со кој би се жалел на прекршување на правата и слободите на Конвенцијата. Затоа иако земјите договорнички имаат одредено дискреционо право што се однесува до начинот на кој тие се придржуваат на своите обврски согласно оваа одредба, мора да постои домашен правен лек кој ќе им дозволи на надлежните национални власти да се справат со содржината на релевантната жалба по Конвенцијата и да доделат соодветна отштета. Опсегот на обврската согласно членот 13 варира во зависност од природата на жалбата на жалителот согласно Конвенцијата, но правниот лек во секој случај мора да биде „делотворен“ и во пракса и правно, особено во смисла дека неговата примена при што не смее неоправдано да биде попречен од дејствија или пропусти на властите во државата (види Büyükdağ v. Turkey, no. 28340/95, § 64, 21 December 2000, со случаите што се цитирани таму, особено Аксој, цитиран горе, § 95). Согласно одредени услови, збирот на правни лекови предвидени со домашното право можат да ги задоволат условите од членот 13 (види, особено, Leander v. Sweden, 26 March 1987, § 77, Series A no. 116).
152. Меѓутоа, членот 13 бара да постои правен лек во рамките на домашното право само во однос на жалбите кои можат да се сметаат за „спорни“ во смисла на Конвенцијата (види, на пример, Boyle and Rice v. the United Kingdom, 27 April 1988, § 54, Series A no. 131). Тој не оди толку далеку како што е гарантирање на правен лек што им дозволува на законите на земјите договорнички да бидат оспорени пред националните органи врз основа дека се спротивни на Конвенцијата (види Costello-Roberts v. the United Kingdom, 25 March 1993, § 40, Series A no. 247‑C), туку бара само да се обезбеди секој што ќе поднесе поткрепена жалба за повреда на право од Конвенцијата да има делотворен правен лек во домашниот правен поредок (ibid., § 39).
2. Примена на тие принципи во актуелниов случај
153. Судот смета дека, со оглед на својот наод дека жалбата согласно членот 8 била допуштена (види Sabanchiyeva and Others v. Russia (dec.), no. 38450/05, 6 November 2008), жалбата била аргументирана. Затоа останува да се потврди дали жалителите согласно руското право имале на располагање делотворен правен лек со кој можеле да се жалат на повреда на своите права од Конвенцијата.
154. Земајќи ги во предвид околностите на случајот Судот забележува отсуство на делотворен судски надзор во однос на одлуката од 15 мај 2006 г. Може да се признае дека состојбата на жалителите се подобрила до одредена мерка со усвојувањето од страна на Уставниот суд на нејзината пресуда бр. 8-П од 28 јуни 2007 г. и бр. 16-П од 14 јули 2011 г. Сепак во рамките на домашните постапки на жалителите не им било дозволено да направат копија од одлуката од 15 мај 2006 г. и дури после гореспоменатите промени судиите и понатаму биле надлежни да ја разгледаат само законитоста на мерката, а не и потребата од мерката како таква (види параграфи 33-35 и 38-50 горе). Во оваа насока Судот одлучи дека релевантната законска рамка не им обезбедила на жалителите доволно процедурална заштита од своеволност (види, mutatis mutandis, Al-Nashif v. Bulgaria, no. 50963/99, § 123, 20 June 2002).
155. Во овие околности Судот заклучува дека жалителите не уживале делотворна можност за обжалување на одлуката од 15 мај 2006 г. заради низа фактори, вклучително и одбивање од страна на властите да им обезбедат копија од таа одлука и ограничена надлежност на судовите во разгледувањето на таквите одлуки. Со оглед на горенаведеното, Судот утврди дека жалителите немале никаков правен лек во однос на повредите на Конвенцијата кои тие тврделе дека се случиле.
156. Соодветно на тоа, Судот утврди дека имало повреда на членот 13 разгледан заедно со членот 8.
...
VIII. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
168. Членот 41 од Конвенцијата уредува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините Протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока страна договорничка дозволува само делумно обесштетување, Судот и доделува на оштетената страна, доколку е потребно, правичен надоместок.“
А. Штета
169. Жалителите тврделе дека претрпеле многу сериозна нематеријална штета и секој од нив побарал надоместок во износ од 20,000 евра (ЕУР). Тие исто така побарале Судот да нареди тужената држава да ги предаде остатоците од нивните роднини на нивните семејства или да им ја обелодени информацијата во однос на околностите на нивниот закоп, вклучително и локациите на нивните гробови и да се укине домашната законска регулатива во прашање.
170. Владата се изјасни дека овие барања биле неосновани и генерално претерани.
171. Судот смета дека во околностите на актуелниот случај, наодот за повреда на членот 8 од Конвенцијата земен издвоено и заедно со членот 13 претставува правичен надоместок за жалителите.
Б. Трошоци и издатоци
172. Жалителите исто така побараа 24.371 евра за правни и други трошоци кои настанале во рамките на постапката во Стразбур и 4.862 евра за правни трошоци во рамките на домашните постапки.
173. Владата се изјасни дека износите што ги барале биле претерани и неоправдани.
174. Според судската пракса на Судот еден жалител има право на рефундирање на своите трошоци и издатоци само доколку покажел дека истите настанале реално и неопходно и биле разумни во однос на износот. Земајќи го во предвид материјалот што го поседуваше, Судот им ги одобри барањата на жалителите само во делот што се однесува на правните и другите трошоци што настанале во рамките на постапките во Стразбур и сметаше дека е разумно да им се додели по 15.000 евра плус сите даночни давачки на коишто можеби подложат. Доделениот износ ќе и се исплати директно на организацијата што ги застапувала како што побарале жалителите.
В. Казнена камата
175. Судот смета дека е соодветно казнената каматна стапка да се заснова на маргиналната стапка за позајмување на Европската Централна Банка на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
...
2. Одлучи едногласно дека немало повреда на членот 3 од Конвенцијата во однос на условите во кои телата на починатите биле чувани и покажани за идентификација;
3. Одлучи со пет гласа наспроти два дека имало повреда на членот 8 од Конвенцијата во однос на сите педесет жалители во врска со одлуката од 15 мај 2006 г.;
4. Одлучи со пет гласа наспроти два дека имало повреда на членот 13 разгледан заедно со членот 8 заради отсуството на делотворен правен лек во однос на одлуката од 15 мај 2006 г.;
...
8. Одлучи едногласно дека одлуката за повреда сама по себе е доволно правичен надоместок за нематеријалната штета што ја претрпеле жалителите;
9. Одлучи едногласно
(а) дека тужената држава треба да им плати на сите жалители заедно 15.000 евра (петнаесет илјади евра) за трошоците и издатоците во рок од три месеци од денот кога пресудата ќе стане правосилна, согласно членот 44 § 2 од Конвенцијата, кои ќе бидат конвертирани во руски рубљи по курсот на денот на исплатата, плус сите даночни давачки на кои можеби подложат жалителите во однос на гореспоменатиот износ, да бидат исплатени во евра на банкарската сметка во Холандија што била посочена од страна на застапникот на жалителите;
(б) по истекувањето на гореспоменатите три месеци до исплатата ќе се плаќа проста камата на гореспоменатите износи по стапка еднаква на маргиналната стапка за позајмување на Европската Централна Банка во текот на казнениот период плус три процентни поени;
10. Едногласно го отфрла остатокот од побарувањето на жалителите за правичен надоместок.
Изготвено на англиски јазик, и доставено на писмено на 6 јуни 2013 година, согласно правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Андре ВампахИзабел Беро Лефевр
Заменик секретарПретседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, заедничкото мислењето на несогласување на судиите Хаџијев и Дедов е приложено кон оваа пресуда.
И.Б.Л.
А.М.В.
Издвоените мислења не се преведени но можат да се најдат на англиски и/или француски јазик во верзијата (верзиите) на официјалниот јазик кои можат да се консултираат во ХУДОK базата на податоци за судската пракса на Судот.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy