© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 191
Декември 2015 г.
Шачашвили против Германија [ГСС] - 9154/10
Пресуда 15.12.2015 [ГСС]
Член 6
Член 6-3-г
Испрашување на сведоци
Неможноста да се испрашаат отсутни сведоци чии сведочења биле особено важни за осудувањето на жалителот: повреда.
Факти – Жалителот бил осуден за тешка кражба во врска со тешка форма на изнудување и добил казна затвор од девет и пол години. Што се однесува на едно од делата, првостепениот суд особено се потпирал на сведочењата на двете жртви на кривичното дело дадени пред полицијата во претпретресната фаза. Изјавите биле прочитани на глас на судењето со оглед дека двата сведоци се вратиле назад во Летонија и одбивале да сведочат бидејќи сè уште биле трауматизирани од инцидентот.
Во пресуда од 17 април 2014 година Судскиот совет на Судот одлучил со пет гласа наспроти два дека немало повреда на правата на жалителот согласно членот 6 § 1 разгледан во врска со членот 6 § 3 (г) од Конвенцијата. На 8 септември 2014 година случајот бил упатен на Големиот судски совет на барање на жалителот (види Информативна белешка 177).
Право - Членот 6 § 1 разгледан во врска со членот 6 § 3 (г): За да се процени дали севкупната правичност на судењето на жалителот била повредена со користењето на изјави кои биле претходно дадени од сведоци кои не се појавиле на судењето, Судот го примени и дополнително го разјасни тестот воспоставен во пресудата на неговиот Голем судски совет во случајот на Ал-Каваџа и Тахери против Обединетото Кралство (Al-Khawaja and Tahery v. the United Kingdom ([GC], 26766/05 and 22228/06, 15 December 2011, Information Note 147)). Особено, иако било јасно дека секој од трите чекори на тестот морале да бидат испитани доколку прашањата во првиот чекор (дали постоела добра причина за непојавувањето на сведокот) и во вториот чекор (дали доказите на отсутниот сведок била единствената или пресудна основа за осудувањето на обвинетиот) биле одговорени на потврден начин, останало нејасно дали сите три чекори од тестот морале да се испитаат во случаи во кои или прашањето во првиот чекор или тоа во вториот чекор биле негативно одговорени, како и по кој редослед биле испитувани чекорите. Судот сметал дека:
- Отсуството на добра причина за непојавувањето на некој сведок, кое само по себе не значи дека судењето било неправично, сепак претставувало важен фактор кој требало да се измери во рамнотежа кога се оценува севкупната правичност на едно судење и такво кое може да ја поремети рамнотежата во корист на наодот за повреда на членот 6 §§ 1 и 3 (г).
- Постоењето на доволно фактори на противтежа морало да се разгледа не само во случаи во кои доказите кои биле дадени од страна на отсутни сведоци биле единствената или пресудната основа за осудувањето, туку исто така и во оние случаи во кои тие носеле значителна тежина и нивното прифаќање можело да создаде отежнувачки околности за одбраната. Мерката во која се неопходни факторите на противтежа за едно судење да се смета за правично ќе зависи од тежината на доказите на отсутниот сведок.
- По правило ќе биде важно да се испитаат трите чекори на Ал-Каваџа тестот по редоследот дефиниран во таа пресуда. Меѓутоа сите три чекори од тестот се меѓусебно поврзани, и земени заедно служеле за да се утврди дали кривичните постапки во прашање како целина биле правични. Затоа може да е соодветно во дадениов случај да се испитаат чекорите по различен редослед, особено ако еден од чекорите се покаже дека е посебно убедлив во однос на правичноста или неправичноста на постапките.
Судот го примени Ал-Каваџа тестот за фактите од случајот на жалителот:
(а) Дали постоела добра причина за непојавувањето на сведоците на судењето - Судот забележа на самиот почеток дека првостепениот суд зел во предвид дека сведоците недоволно го поткрепиле своето одбивање да сведочат и не ја прифатил нивната здравствена состојба или страв како оправдување за нивното отсуство од судењето. Откако било стапено во контакт со сведоците поединечно и им биле понудени различни решенија, првостепениот суд исто така во повеќе прилики побарал од летонските судови или службено медицинско лице да ја провери здравствената состојба на сведоците и нивната способност да сведочат или да ги присилат да присуствуваат на претрес во Летонија. Бидејќи овие напори се покажале јалови првостепениот суд ги прифатил записниците од испрашувањето на сведоците во истражната фаза како докази во постапката. На тој начин отсуството на сведоците не можело да му се препише тоа на првостепениот суд. Соодветно на тоа постоела добра причина од позиција на првостепениот суд за непојавувањето на сведоците на судењето и за прифаќање на изјавите што ги дале како доказ во претпретресната фаза.
(б) Дали доказите од отсутните сведоци биле единствената или пресудна основа за осудувањето на жалителот - Домашните судови јасно не посочиле дали тие ги сметале изјавите на сведоците во прашање за „пресуден“ доказ односно дека биле толку важни што било веројатно дека се одлучувачки за исходот на случајот. После проценката на сите докази кои биле изнесени пред домашните судови, Судот забележа дека двете жртви на кривичното дело биле единствените очевидци на делото во прашање. Единствените други докази што им биле на располагање биле или докази од втора рака или чисто посредни технички и други докази кои не биле убедливи. Во овие околности, доказите за отсутните сведоци биле „пресудни,“ односно го насочувале осудувањето на жалителот.
(в) Дали постоеле доволно фактори на противтежа за да се компензира за отежнувачките околности во кои одбраната работела - Во своето образложение првостепениот суд појаснил дека бил свесен за намалената доказна вредност на нетестираните изјави на сведоци. Тој ја споредил содржината на повторените изјави дадени од жртвите во истражната фаза и одлучил дека тие дале детални и кохерентни описи на околностите на делото. Тој понатаму забележал дека неспособноста на сведоците да го идентификуваат жалителот покажала дека тие не сведочеле со цел да го инкриминираат. Исто така, при оценувањето на кредибилитетот на сведоците, првостепениот суд исто така се осврнал на различни аспекти од нивното однесување поврзано со нивните изјави. Првостепениот суд затоа го испитал кредибилитетот на отсутните сведоци и веродостојноста на нивните изјави на внимателен начин.
Понатаму, пред него имало дополнителни инкриминирачки докази од втора рака и посредни докази во поткрепа на изјавите на сведоците. Исто така за време на судењето жалителот имал можност да ја претстави сопствената верзија на настаните и да фрли сомнеж врз кредибилитетот на сведоците исто така преку вкрстено испрашување на сведоците кои изнеле докази од втора рака. Меѓутоа тој немал можност да ги испраша двете жртви индиректно или во истражната фаза.
Всушност иако обвинителството можеле да назначат адвокат кој ќе присуствувал сведокот на сослушувањето пред истражниот судија, овие процедурални заштити не се примениле во случајот на жалителот. Во врска со ова Судот се согласил со жалителот дека сведоците биле сослушани од истражниот судија бидејќи, со оглед на нивното брзото враќање во Летонија, обвинителството сметало дека постоела опасност нивните докази да бидат изгубени. Во овој контекст и со оглед дека согласно домашното право записниците од претходното испрашување на сведокот од страна на истражен судија можело да се прочита на глас на судењето под помалку строги услови отколку записниците од испрашувањето на сведокот од полицијата, органите презеле предвидлив ризик кој последователно се материјализирал, дека ниту обвинетиот ниту неговиот адвокат биле во можност да ги испрашаат во некоја од фазите на постапките.
Со оглед на важноста на изјавите на единствените очевидците на делото за кое жалителот бил осуден, мерките за противтежа што биле преземени од домашните судови биле недоволни за да се дозволи правична и соодветна проценка на веродостојноста на нетестираните докази. Затоа, отсуството на можност за жалителот да испита или некој да ги испита за него двата сведоци во некоја од фазите од постапките го правело целото судење неправично.
Заклучок: повреда (девет наспроти осум гласа).
Член 41: не е доделено.
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Секретаријатот не го обврзува Судот.
Кликнете овде за информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights ( ) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante: publishing@ .
Full & Egal Universal Law Academy