© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l'indication de copyright/droits d'auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 106
март 2008
Shtukaturov v. Russia - 44009/05
Пресуда 27.3.2008 [Section I]
Член 8
Член 8-1
Почитување на приватниот живот
Праведност на постапка за издавање налог со кој пациент кој страда од гранично ментално заболување е лишен од деловната способност и неможност на пациентот да го оспори тој налог или неговото последователно сместување во психијатриска болница: повреда
Член 34
Попречување на користењето на правото на жалба
Недозволување од страна на органите, апликантот, кој е психијатриски пациент, да контактира со неговиот адвокат, дури и откако Судот издал времена мерка со која тоа се бара од нив: непридржување кон член 34
Факти: Апликантот, кој е возрасен маж, има историја на психичко заболување и званично е прогласен за деловно неспособен. Неговата мајка поднела жалба во окружниот суд за донесување одлука со која ќе му биде одземена деловната способност под образложение дека не е способен да води самостоен живот и дека му е потребен старател. Апликантот не бил официјално известен за постапката. Во декември 2004 година окружниот суд ја разгледал апликацијата на расправа на која присуствувал окружниот јавен обвинител и претставник на психијатриската болница во која претходно таа година бил сместен апликантот. Апликантот не бил известен за расправата и поради тоа не присуствувал. По размислување од десет минути, окружниот суд го прогласил за деловно неспособен според член 29 од Граѓанскиот законик, кој пропишува таква мерка ако лицето не може да го разбере значењето на своите постапки или да ги контролира. Во донесувањето на својата одлука окружниот суд се повикал на психијатриски извештај, во кој било заклучено дека тој страда од шизофренија. За негов старател била назначена мајка му, која законски била овластена да дејствува во негово име по сите прашања. Апликантот подоцна контактирал со адвокат, со кого се сретнал за да разговара за својот предмет и да состави жалба. Адвокатот сметал дека апликантот е целосно способен да ги разбере сложените правни прашања и да даде релевантни упатства. Жалбата, без да биде испитана била одбиена по основ на тоа дека апликантот немал деловна способност и можел да се жали само преку својот официјален старател. Во ноември 2005 година мајката го сместила апликантот во психијатриска болница. На апликантот и на неговиот адвокат не им било дозволено да се среќаваат, но апликантот успеал да достави образец до неговиот адвокат, овластувајќи го во негово име да поднесе апликација во Европскиот суд. Од декември 2005 година, на апликантот му бил забрануван секаков контакт со надворешниот свет. Тој и неговиот адвокат поднеле низа барања до различни органи, вклучувајќи го и окружниот јавен обвинител, за негово пуштање од болница, но без успех. Окружниот јавен обвинител го информирал адвокатот дека апликантот е сместен во болница на барање на неговиот званичен старател, и дека таа треба да реши за сите прашања поврзани со негово евентуално ослободување. Во март 2006 година Европскиот суд ѝ укажа на руската влада, во согласност со Правилото 39 од Правилникот на Судот, дека на апликантот и на неговиот адвокат треба да им се дадат потребното време и средства за да се состанат и да го подготват предметот што чека на решавање пред Судот. Меѓутоа, властите одбиле да ја почитуваат таа мерка бидејќи не ја сметале за обврзувачка за нив. Апликантот во мај 2006 година бил отпуштен од болница, но подоцна повторно бил примен на барање на мајка му.
Закон: (a) Одлука за лишување на апликантот од деловна способност: Член 6 став 1- Исходот на постапката е значаен за апликантот бидејќи влијае врз неговата лична автономија во речиси сите области на животот и повлекува потенцијални ограничувања на неговата слобода. Исто така, апликантот има двојна улога во постапката бидејќи покрај тоа што е заинтересирана страна, тој е и главен субјект на испитувањето на судот. Според тоа, негово учество било неопходно за да му се овозможи да ги презентира своите аргументи и да му овозможи на судијата да формира лично мислење за неговата психичка способност. Согласно тоа, одлуката на судијата да решава по предметот врз основа на документарни докази без да го види или слушне апликантот – кој, наспроти својата состојба, е релативно самостоен – е неоснована и претставува повреда на начелото на парнична постапка. Присуството на болнички претставник и на окружниот јавен обвинител, кој останал пасивен за време на десетминутната расправа, не ја направи постапката вистински парнична. Исто така, ниту апликантот не бил во состојба да ја оспори одлуката бидејќи неговата жалба била отфрлена без испитување. Сè на сè, постапката пред окружниот суд била нефер.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 8 – Извршено е многу сериозно попречување на приватниот живот на апликантот, што резултирало со тоа тој да стане целосно зависен од својот званичен старател во речиси сите области на неговиот живот, на неопределено време. Ова попречување може да се оспори само преку неговата старателка, која се спротивставува на сите обиди за прекинување на мерката. Судот веќе утврдил дека постапката процедурално има недостатоци, со тоа што апликантот целосно е исклучен од процесот на одлучување. Образложението на Окружниот суд, исто така, не е соодветно, бидејќи тој се базирал исклучиво на медицинскиот извештај, во кој недоволно бил анализиран степенот на неспособност на апликантот, последиците на неговата болест на неговиот социјален живот, здравјето, материјалните интереси, како и неговата способност да ги разбере или да ги контролира своите дејства. Спротивно на препораката на Комитетот на министрите, според која законодавството треба да даде „усогласен одговор“, на секој поединечен случај на психичка болест, руското право само прави разлика меѓу целосна способност и целосна неспособност и не предвидува гранични состојби. Попречувањето на приватниот живот на апликантот, според тоа, е несразмерно со легитимната цел заштита на интересите и на здравјето на другите.
Заклучок: повреда (едногласно).
(б) Сместување во психијатриска болница: Член 5 став 1 (e) – На прашањето на прифатливоста, владата тврди дека хоспитализацијата на апликантот била „доброволна“ според домашното законодавство и според тоа, не претставува „лишување од слобода“. Меѓутоа, имајќи ги предвид фактите, а особено обидите на апликантот да обезбеди сопствено отпуштање од болницата, Судот најде дека дури иако апликантот е деловно неспособен да го изрази своето мислење, не би можело да се каже дека тој е согласен со неговиот натамошен престој во болницата. Според тоа, жалбата е прифатлива. Во однос на мериторноста, владата „не покажала со сигурност“ дека апликантот бил со нездрав ум во времето на сместување во институција: таа не објаснила зошто мајката побарала негова хоспитализација, при што не била доставена ниту медицинска евиденција што ќе ја покаже неговата состојба при прием. Согласно тоа, не е „сигурно покажано“ дека неговата психичка состојба го забрзала неговото затворање во институција.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 5 став 4 – Судовите не се вклучени во одлуки за сместување на апликанти во институции и домашното законодавство не предвидува автоматска судска ревизија на сместувањето во психијатриска болница во ситуации како што е оваа. Исто така, апликантот не можел самостојно да го оспори своето натамошно престојување во болница со оглед дека е лишен од деловната способност да го направи тоа, или да поведе постапка против мајка му бидејќи таа се спротивставува на неговото пуштање. На крај, иако не е јасно дали истрагата што ја воделе обвинителните органи се однесува на „законитоста“ на неговото притворање, тоа не може да се смета за некаква форма на судска ревизија. Со оглед дека затворањето на апликантот не било доброволно и дека единствената процена на неговата ментална способност од страна на суд била направена десет месеци порано – во постапка која имала сериозни недостатоци и во која не била разгледувана потреба од сместување во институција – неговата неможност да добие судска ревизија на затворањетовоинституција го попречила член 5 став 4.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 34 Правило 39 – Забраната за контакт со неговиот адвокат траела низ периодот на хоспитализацијата на апликантот, а во поголемиот дел од хоспитализацијата му било забрането да комуницира и со други страни. Тие ограничувања речиси му оневозможиле на апликантот да го реализира својот предмет пред Судот, иако органите сигурно знаеле за неговата апликација. Исто така, органите одбиле да ја почитуваат времената мерка на која ѝ се укажува на владата според Правилото 39, под образложение дека таа се однесува на Државата во целина, а не на некое посебно тело, дека руското право не ја признава обврзувачката сила на таквите мерки, дека апликантот не може да дејствува без согласност на мајка му и дека неговиот адвокат не се смета за негов законски претставник. Таквото толкување е спротивно на Конвенцијата. Судот, а не домашните судови, треба да одреди кој е претставникот на апликантот во смисла на постапување пред Судот. Времената мерка е обврзувачка до степен до кој непридржување кон неа би можело да води да утврдување повреда според член 34 и нема никаква разлика во однос на тоа дали Државата како целина или кое било од нејзините тела одбиваат да ја спроведат. Сè на сè, со спречувањето на апликантот да се сретне со неговиот адвокат или да комуницира со него подолг период и со непридржувањето кон времената мерка Државата направила повреда на нејзините обврски од член 34.
Заклучок: непридржување (едногласно).
Член 41 – Не е подготвено за одлучување.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l'homme sont le français et l'anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l'homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l'a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l'affaire soit cité en entier et s'accompagne de l'indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l'adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy