ПРВ ОДДЕЛ СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (Апликации бр. 14460/16 и 7 други - види список во прилог) ПРЕСУДА Член 1 од Протоколот бр. 1 • Контрола на употребата на сопственоста • Плаќање на надоместок за ангажирана моќност што се плаќа на приватните снабдувачи со топлинска енергија од страна на сопствениците на станови исклучени од системот за централно греење што ги снабдува нивните колективни објекти за домување • Неопходност од тоа државата да обезбеди дека спорената мерка не им наметнува прекумерен товар на апликантите, притоа дозволувајќи им на приватните снабдувачи на топлинска енергија да остварат потенцијално неоправдана добивка • Недостаток на објективна проценка на пасивното користење на топлинска енергија во секој поединечен случај • Неуспех на домашните судови да воспостават неопходната правична рамнотежа помеѓу засегнатите интереси, преку примена на доволно процедурални гаранции СТРАЗБУР 27 февруари 2020 Оваа пресуда ќе стане конечна под условите утврдени во член 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда Во случајот Стрезовски и други против Северна Македонија, Европскиот Суд за човекови (Прв Оддел), заседавајќи во Совет составен од: Ksenija Turković, Претседател, Aleš Pejchal, Armen Harutyunyan, Pere Pastor Vilanova, Tim Eicke, Jovan Ilievski, Raffaele Sabato, судии, и Abel Campos, Секретар нa одделот Имајќи ги предвид: горенаведените апликации (бр. 14460/16, 14958/16, 14962/16, 14966/16, 27884/16, 16064/17, 20229/17 и 30206/17) против Република Северна Македонија поднесени до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од осум Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, г. Стрезо Стрезовски („првиот апликант“), г. Цане Николовски („вториот апликант“), г. Ацо Спасовски („третиот апликант“), г. Јосип Јуван („четвртиот апликант“), г. Зоран Костовски („петтиот апликант“), г-а Трајанка Наќевска („шестата апликантка“), г. Енвер Исени („седмиот апликант“) и г-а Соња Налбанти-Димоска („осмата апликантка“), на различните датуми наведени во табелата во прилог; писмото од 2 мај 2018 година од сопругата на првиот апликант, г-а В. Стрезовска, со кое го известува Судот дека првиот апликант починал на 4 април 2017 година, изразувајќи го нејзиниот интерес за продолжување на апликацијата во негово име; одлуката да се извести Владата на Северна Македонија („Владата“) за жалбeните наводи во врска со член 1 од Протоколот бр. 1 и да се прогласи за недопуштен остатокот од апликациите согласно член 54 § 3 од Деловникот на Судот опсервациите на апликантите; Расправајќи на нејавна седница на 4 февруари 2020 година, Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум: ВОВЕД 1. Апликантите, кои се сопственици на станови, исклучени од системот за централно греење што ги снабдува нивните колективни објекти за домување, се жалеа дека воведената обврска од страна на државата да им плаќаат надоместок за ангажирана моќност на приватните снабдувачи со топлинска енергија, го повредила нивното 2 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда право на мирно уживање на нивната сопственост, (станови) согласно член 1 од Протоколот бр.1. ФАКТИ 2. Апликантите живеат во Скопје. Г-а Стрезовска и седмиот апликант беа застапувани од г. А. Варела, вториот и петтиот апликант беа застапувани од г-а Д. Чакаровска-Гроздановска, а осмата апликантка беше застапувана од г. И. Спировски, сите адвокати од Скопје. На останатите апликанти им беше дозволено да се застапуваат самите. 3. Владата беше застапувана од страна на нејзиниот агент, г-а Даница Џонова. 4. Сите апликанти се сопственици на (и живеат во) станови во колективни објекти за домување во Скопје поврзани со дистрибутивната мрежа за топлинска енергија, управувана од приватни снабдувачи на топлинска енергија. Нивните станови или никогаш не биле поврзани со системот за централно греење во зградата (во апликација бр. 20229/17, седмиот апликант поставил сопствен систем за греење во неговиот стан пред системот за централно греење во неговата зграда да стане функционален за другите станови) или биле исклучени од системот пред 30 јули 2012 година (види параграфи 5 и 13 подолу), или по барање на поранешниот сопственик на станот (апликација бр. 30206/17, осмата апликантка) или од апликантите (преостанатите апликации, помеѓу 2002 и 2011 година). 5. На 30 јули 2012 година, Правилата за снабдување со топлинска енергија („Правила од 2012 година“) биле донесени од Регулаторната комисија за енергетика, државен орган чии членови се именуваат од страна на Собранието. Според тие правила, исклучените корисници биле задолжени да им плаќаат на приватните снабдувачи на топлинска енергија надоместок за ангажирана моќност, што се плаќал месечно (член 53 (2) од Правилата од 2012 година, види параграф 12 подолу). 6. На 22 мај 2013 година Уставниот суд ја прогласил оваа одредба за уставна. Според судот, исклучените станови во зградите биле пасивни корисници на топлинска енергија од цевките што поминуваат низ нив или од соседните и другите станови во зградата поврзани на системот за централно греење (види параграф16 подолу). 7. Приватните снабдувачи со топлинска енергија издавале фактури задолжувајќи ги апликантите да го плаќаат надоместот за ангажирана моќност по неговото воведување на 1 октомври 2012 година (види член 66 од Правилата од 2012 година, параграф 13 подолу). Откако апликантите не го извршиле плаќањето, нотарот ги одобрил барањата на снабдувачите за извршување на неплатените фактури и издал СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда решенија за дозвола за извршување на неколку неплатени месечни фактури. Месечните фактури што требало да ги плаќаат апликантите се движеле од 5 до 29 евра. 8. Апликантите поднеле приговори против решенијата за извршување пред Основниот суд Скопје тврдејќи (i) дека не склучиле договор со снабдувачот; (ii) дека надоместокот е воведен со Правилата од 2012 година, и покрај тоа што таквата обврска може да биде воведена единствено со закон; (iii) дека Законот за енергетика не ги вклучувал термините „исклучени корисници“ и „пасивни корисници“ воведени со Правилата од 2012 година; (iv) дека нивните станови или никогаш не биле поврзани или биле исклучени од системот за централно греење пред да стапат во сила Правилата од 2012 година; и (v) дека добиле или малку (во случајот со осмата апликантка) или воопшто не добиле никаква топлинска енергија (во случајот со останатите апликанти) бидејќи немало цевки кои што поминуваат низ нивните станови и/или сите соседни станови исто така биле исклучени. Во врска со тоа, петтиот, шестиот и седмиот апликант (апликации бр. 16064/16, 27884/16 и 20229/17) тврделе дека нивните станови биле на приземје или на највисокио кат на нивните згради и биле опкружени со станови исклучени од системот за централно греење. Некои апликанти тврделе дека нивните станови се загревале подобро од оние што се загревале преку централниот систем, како резултат на што тие губиле топлина, наместо да добиваат. Износите кои биле побарувани не биле засновани на објективна проценка на топлинска енергија добиена од другите станови. Во врска со ова, тие побарале судовите да извршат увид на лице место. Петтиот апликант како доказ поднел вештачење, во кое било наведено дека неговиот стан не добива топлина од системот за централно греење во зградата, ниту преку цевките, ниту со по пат на кондукција. 9. По приговорите на апликантите, во сите предмети одлучувале Основниот и Апелациониот суд во Скопје. Со посебни решенија (Пл.П. 1486/13; 1487/14; 1794/14; 1824/14; 1907/14; 2133/14; 2837/14 и 977/15) донесени помеѓу декември 2014 година и февруари 2017 година (правосилни пресуди донесени во периодот помеѓу септември 2015 година и февруари 2017 година) и двата судови ги одбиле приговорите на апликантите и ги потврдиле решенијата за извршување. Осврнувајќи се на наодите на Уставниот суд (види параграфи 6 и 17) и без да извршат увид на лице место (освен во случајот со шестата апликантка) или да наредат вештачење, судовите навеле дека апликантите се „пасивни корисници“ на топлинска енергија дистрибуирана во зградата преку мрежата за централно греење. Со оглед на тоа дека имало други станови во зградите кои се затоплувале преку тој систем („активни корисници“), апликантите требало да се сметаат за „пасивни корисници“ и според тоа биле 4 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда должни да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност, како што е наведено во член 53 (2) (и член 66) од Правилата од 2012 година. Судовите понатаму навеле (во случајот на првиот, четвртиот, петтиот и седмиот апликант) дека „сите (исклучени) станови во зграда поврзана со системот за централно греење [биле] должни да плаќаат надоместок за ангажирана моќност, без оглед на положбата или на композицијата или конструкцијата на внатрешна инсталација“. 10. Според Владата, биле засегнати 12.000 од 60.000 станови во станбени згради, кои биле исклучени од мрежата за централно греење. РЕЛЕВАНТНА ПРАВНА РАМКА И ПРАКСА I. ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО И ПРАКСА А. Закон за парнична постапка од 2005 година 11. Член 400 од Законот за парнична постапка од 2005 предвидува дека постапките можат да се повторат доколку Судот утврди повреда на Конвенцијата. Во таква постапка, домашните судови се должни да ги почитуваат правните ставови изразени во конечната пресуда на Судот. Б. Правила за снабдување со топлинска енергија од 2012 година, донесени од Регулаторната комисија за енергетика објавени во Службен весник бр. 97/12 („Правила од 2012 година“) 12. Според член 53(2) од Правилата од 2012 година, исклучените корисници во станбените згради каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред биле задолжени да плаќаат надоместок за ангажирана моќност, кој се определувал согласно тарифниот систем за топлинска енергија (види параграф 14 подолу). Според член 53 (3), надоместокот не се плаќал доколку сите потрошувачи од исто мерно место биле исклучени за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони или ако на мерниот уред не е регистрирана потрошувачка на топлинска енергија. 13. Според преодните и завршните одредби од Правилата од 2012 година (член 66), сите претходно исклучени потрошувачи во колективните објекти за домување биле должни да склучат договор за снабдување со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 1 октомври 2012 година. Во спротивно, тие биле должни да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда В. Тарифен систем за продажба на топлинска енергија од 12 јули 2013 година, донесен од Регулаторната комисија за енергетика и објавен во Службен весник бр. 99/2013 („тарифа за топлинска енергија“) 14. Согласно тарифата за топлинска енергија, надоместокот за ангажирана моќност бил давачка поврзана со достапниот топлински капацитет на мерното место (член 2). Надоместокот за ангажирана моќност за домаќинства на мерното место се пресметувал врз основа на површината на станот (член 37). Г. Правила за снабдување со топлинска енергија од 2019 година, донесени на 23 Март 2019 година (применливи од 1 април 2019 година) и дополнително изменети на 1 август 2019 година од Регулаторната комисија за енергетика Службен весник бр. 65/2019 и 162/2019 година („Правила од 2019 година“) 15. По влегувањето во сила на новиот Закон за енергетика во мај 2018 година, Регулаторната комисија за енергетика донела нови правила како замена на Правилата од 2012 година (член 65). Според Правилата од 2019 година, потрошувачите имаат право да ги исклучат своите станови во станбените згради од мрежата за централно греење, ако сопственикот на станот докаже дека планираниот систем за греење би бил поефикасен и еколошки, во споредба со греењето што го обезбедува централниот систем за греење. Во случај на спор со снабдувачот на топлинска енергија, сопственикот може да се обрати до Регулаторната комисија за енергетика. Сопствениците кои не живеат во становите, не се обврзани да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност. Сопствениците на станови кои се исклучени од системот за централно греење, не се обврзани да го платат надоместокот доколку обезбедат валиден доказ (како што е лична карта, имотен лист или договор за закуп) дека тие, inter alia, живеат или го користат (изнајмуваат) станот. Втората категорија на сопственици може да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика против одлуката на снабдувачот на топлинска енергија со која се одбива нивното барање за изземање од плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (член 54). 16. Според Регулаторната комисија за енергетика, исклучените корисници кои ги исполнуваат условите според горенаведената одредба, не се обврзани да го плаќаат постојаниот надоместок за ангажирана моќност од април 2019 година. 6 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда Д. Пракса на Уставниот Суд 17. Со решение (Уп.бр.125/2012) од 22 мај 2013 година (донесено по иницијатива на три лица, вклучувајќи го и првиот апликант) Уставниот суд го прогласил членот 53 (2) од Правилата од 2012 година за уставен. Повикувајќи се на „специфичната природа на колективните објекти за домување“, судот сметал дека „заради преносот на топлинската енергија низ материјата, од подрачје со повисока температура кон подрачје со пониска температура (кондукција на топлина)“ и цевки што минуваат низ становите, исклучените станови „пасивно“ преземаат топлина од становите во зградата кои се поврзани со системот за централно греење. Според тоа, исклучените станови добиваат топлина на сметка на становите што ја користат услугата обезбедена преку централниот систем за греење инсталиран во зградата и треба да се сметаат за „пасивни корисници на топлинска енергија добиена од соседните и другите станови во зградата“ поврзани со тој систем. Според судот, било „јасно“ дека во колективните објекти за домување „исклучените корисници од системот за централно греење објективно користат одредена топлинска енергија... од каде произлегува и основаноста на обврската за истата да платат... Исклучени корисници со членот 53 (2) од Правилата од 2012 година се задолжуваат да плаќаат за услуга која... и покрај исклучувањето од системот, сепак ја плодоуживаат. Поради ова основано се задолжени да платат за користењето на истата.“ 18. Судот исто така навел дека со членот 66 од Правилата од 2012 година бил воведен краен рок за веќе исклучените корисници да се поврзат на системот за централно греење (1 октомври 2012 година), во спротивно на што, ќе треба да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност. Со оглед на тоа дека оваа одредба имала времен карактер и престанала да се применува по истекот на краен рок за нејзина примена, судот утврдил дека истата повеќе не важи и ја отфрлил иницијативата во тој дел. 19. Во издвоено мислење, еден судија изјавил дека Законот за енергетика не содржи одредби во врска со надоместок за ангажирана моќност. Според тоа, неговото воведување со Правилата од 2012 година е спротивно на Уставот. Во врска со ова, тој се осврнал на претходна одлука на Уставниот суд (У.бр.148/2008) со која одредби од подзаконски акт со кои е воведен сличен надоместок, биле прогласени за неуставни. Тој заклучил дека плаќањето на надоместокот е фактичко прашање во надлежност на редовните судови. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда Ѓ. Правно мислење на Врховниот суд од 20 февруари 2018 година 20. По иницијативата во која се тврдело дека нема воедначена судска практика, Одделот за граѓански дела на Врховниот суд донел правно мислење, во кое било наведено следното: „ ... потрошувачите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, никогаш не склучиле договор за снабдување со топлинска енергија и [во чиј] стан не е поставена внатрешна инсталација од снабдувачот, немаат статус на исклучени пасивни потрошувачи и со тоа не треба да плаќаат надомест за ангажирана моќност“. Овој пристап се однесувал на станови во колективните објекти за домување каде претходно немало инсталирано приклучок за топлинска енергија, станови кои користеле индивидуален уред за греење пред снабдувачот да ги опреми некои од становите во зградата со систем за греење (што не минува во предметните станови) и потрошувачите кои никогаш не склучиле договор со снабдувачот на топлинска енергија. Судот навел дека горенаведената категорија потрошувачи никогаш не ја користела услугата што ја дава снабдувачот и затоа не може да побара нејзино прекинување. Според тоа, тие не биле ниту активни, ниту пасивни потрошувачи. II. ОСТАНАТИ МАТЕРИЈАЛИ 21. Владата достави извештај изготвен во 2019 година од страна на Академијата на науките и уметностите на Северна Македонија пред да стапат во сила Правилата од 2019 година (види параграфи 15 и 16 погоре). Извештајот претставува сеопфатна студија на националното законодавство во однос на надоместокот за ангажирана моќност и содржи неколку заклучоци и препораки. Во извештајот се утврдува, inter alia, дека Правилата од 2012 година го регулирале прашањето за исклучените станови колективно, наместо индивидуално, земајќи предвид дека надоместокот за ангажирана моќност се однесувал на сите такви станови, без оглед на тоа дали се загревале поефикасно од становите поврзани на системот за централно греење. Во врска со ова, извештајот сугерира дека новите правила треба да овозможат становите кои се загреваат поефикасно – прашање кое треба да се утврди во соодветна постапка пред независна комисија – да ја прекинат услугата обезбедена со системот за централно греење. Исто така, укажува на можноста за целосно или делумно ослободување од обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност, како на пример ако станот има повеќе надворешни sидови, изолација со добар квалитет и слично. 8 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда ПРАВО I. СПОЈУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ 22. Имајќи ја предвид сличноста на апликациите, Судот смета дека е соодветно да ги спои и да одлучи со една пресуда. II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛОТ БР. 1 КОН КОНВЕНЦИЈАТА 23. Апликантите се жалеа дека обврската да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност го повредило нивното право на сопственост согласно член 1 од Протоколот бр. 1 кон Конвенцијата, кој гласи: „Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својотата сопственост. Никој не може да бпде лишен од својотата сопственост, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право. Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат закони кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на сопстевноста согласно општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси и парични казни.“ Допуштеност 1. Статусот на жртва на апликантите а) Произнесување на странките (i) Владата 24. Владата го оспори статусот на жртва на апликантите. 25. Што се однесува до г-а Стрезовска, Владата тврдеше дека нејзиното писмо во кое се известува Судот за смртта на нејзиниот сопруг (првиот апликант) го доставила една година откако тој починал, а шест месеци пред да биде искомунициран случајот. Покрај тоа, таа не успеала да докаже дека има легитимен интерес за да ја продолжи апликацијата. 26. Владата понатаму тврдеше дека сите апликанти го изгубиле статусот на жртва по воведувањето на Правилата од 2019 година (параграфи 15 и 16 погоре). Ова со оглед на тоа дека сите тие биле сопственици на исклучени станови во кои живееле. Според тоа, тие имале право да бидат ослободени од обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност согласно Правилата од 2019 година. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда (ii) Апликантите 27. Првиот, четвртиот и седмиот апликант го оспорија приговорот на Владата, тврдејќи дека Правилата од 2019 година не се однесуваат на надоместокот за ангажирана моќност што се плаќал според Правилата од 2012 година. Во врска со ова, г-а Стрезовска достави примерок од (неправосилна) пресуда на Основниот суд Скопје од 16 јули 2019 година во која се вели дека е должна да ги плати месечните фактури за надоместокот за ангажирана моќност за периодот од јануари до јули 2018 година, со оглед на тоа дека таа го поседувала станот и таму живеела по смртта на првиот апликант. Четвртиот апликант, сепак, потврдил дека фактурите што ги добил во однос на надоместокот за ангажирана моќност за месеците по влегувањето во сила на Правилата за 2019 година, биле повлечени. б) Оценка на Судот (iii) Процесна легитимација на г-а Стрезовска 28. Кога апликантот починал по поднесување на апликација, Судот прифаќа дека роднина или наследник може во принцип да продолжи со апликацијата, под услов тој или таа да има доволен интерес за случајот (види Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu v. Romania [GC], бр.47848/08, §97, ECHR 2014). Ова е особено случај во апликациите што самиот апликант ги поднел, а биле продолжени од страна на неговиот/нејзиниот преживеан сопружник по неговата или нејзината смрт (види Dalban v. Romania [GC], бр. 28114/95, ECHR 1999 VI). 29. Имајќи го предвид барањето на г-а Стрезовска, како вдовица на првиот апликант, да продолжи со постапката (види погоре) и нејзиниот материјален интерес поради директно влијание врз нејзините материјални права (види параграф 27 погоре), што Владата не го оспори, Судот смета дека таа ја има потребната процесна легитимација според член 34 од Конвенцијата да ја продолжи апликацијата во негово име (види Streltsov and other “Novocherkassk military pensioners” cases v. Russia, бр. 8549/06 и 86 други, §39, 29 јули 2010, and Stojkovic v. Republic of Macedonia, бр. 14818/02, §25, 8 ноември 2007). Тоа што навреме не го известила Судот за смртта на првиот апликант, не е од значење за нејзината процесна легитимација. Како резултат на тоа, приговорот на Владата во овој дел мора да биде одбиен. (iv) Статусот жртва на сите апликанти 30. Како што Судот досега веќе има утврдено, одлука или мерка која е поволна за апликантот, не е, во принцип, доволна за да му го одземе статусот на „жртва“ за целите на член 34 од Конвенцијата, 10 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда освен ако државните органи потврдиле, изрично или суштински, а потоа обезбедиле соодветен и доволен надоместок за повреда на Конвенцијата (види Moon v. France, бр. 39973/03, §29, 9 јули 2009). Единствено кога се исполнети овие услови, супсидијарната природа на заштитниот механизам на Конвенцијата оневозможува разгледување на апликација (види Milić and Nikezić v. Montenegro, бр. 54999/10 и 10609/11, § 73, 28 април 2015). 31. Судот забележува дека конкретниот случај се однесува на наводна повреда на правото на апликантите на мирно уживање на опственоста како резултат на обврската да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност според Правилата од 2012 година. Овие правила беа заменети со Правилата од 2019 година. Член 54 од Правилата од 2019 година предвидува дека потрошувачите кои се веќе исклучени од системот за централно греење во колективните објекти за домување, можат да бидат ослободени од обврската да плаќаат надоместок на ангажирана моќност под одредени услови (види параграф 15 погоре). Овие правила влегоа во сила на 1 април 2019 година и од тој датум, потрошувачите кои ги исполнуваат условите од оваа одредба за ослободување од плаќање, повеќе не се обврзани да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (види параграфи 16 и 27 погоре). Сепак, ништо не посочува на тоа дека оваа одредба се однесува на месечните фактури за надоместок за ангажирана моќност што се плаќал според Правилата од 2012 година. Дополнително, Владата не достави ниту еден пример од домашната пракса во која оваа одредба била толкувана на начин што истата се однесува на обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност пред воведувањето на одредбата за ослободување согласно Правилата од 2019 година. Во вакви околности, иако е веројатно дека Правилата од 2019 година претставуваат основа за изземање на апликантите од обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност почнувајќи од 1 април 2019 година, тие не можат да се толкуваат како потврда или надомест за наводната повреда на Конвенцијата. 32. Имајќи го предвид горенаведеното, Судот заклучи дека апликантите можат да тврдат дека се „жртви“ на повреда на нивното право на мирно уживање на сопственоста во однос на надоместокот за ангажирана моќност што се плаќал според Правилата од 2012 година. Поради ова, приговорот на Владата мора да биде одбиен. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда 2. Исцрпување на домашните правни лекови во однос на седмиот апликант а) Произнесувања на странките (i) Владата 33. Во допис од 9 мај 2018 година во кој се содржани дополнителни забелешки и коментари за побарувањата за правично обештетување на седмиот апликант, Владата, за прв пат, истакна приговор дека апликантот пропуштил да го тужи приватниот снабдувач со топлинска енергија за стекнување без основ. Во прилог на нејзиниот приговор, се потпираше на правното мислење на Врховниот суд (параграф 20 погоре) што било донесено после иницијалните опсервации за допуштеноста и основаноста на предметот од 17 јануари 2018 година. Владата тврдеше дека, во наводните околности на неговиот случај (параграф 4 погоре), седмиот апликант имал законско право да поднесе таква тужба против снабдувачот. За да ја покаже ефективноста на тој лек, Владата достави копии од неколку правосилни судски пресуди во случаи кога тужителите успешно го тужеле приватниот снабдувач на електрична енергија за стекнување без основ во врска со манипулативен трошок, за кој надлежните (управни и судски) органи (во посебни постапки) утврдија дека е во спротивност со законодавството за конкуренција. За да се докаже дека тужбата за стекнување без основ не би била без никакви изгледи за успех, Владата достави копии од пресуди со подоцнежен датум од правното мислење на Врховниот суд, во кои истите судови (параграф 9 погоре) навеле дека тужителите, под слични околности како и седмиот апликант, не се должни да го платат надоместокот за ангажирана моќност на снабдувачот со топлинска енергија (за период опфатен со Правилата од 2012 година). (ii) Седмиот апликант 34. Седмиот апликант го оспорил приговорот на Владата, тврдејќи дека предложениот правен лек (тужба за стекнување без основ) не може да му ги надомести плаќањата наметнати во предметната постапка. Дополнително, поднесените пресуди во врска со приватниот снабдувач на електрична енергија се ирелевантни бидејќи се однесувале на различни прашања. Во останатите пресуди доставени од Владата, не се спомнува правното мислење на Врховниот суд. Во врска со последното, тој доставил, inter alia, три правосилни пресуди на Апелациониот суд Скопје (ГЖ.3268/17; ГЖ.4066/17 и ГЖ.4945/17) донесени во периодот меѓу февруари и ноември 2018 година, со кои се одбиваат жалбите поднесени од него, и покрај тоа што тој го приложил правното мислење на Врховниот суд како доказ. 12 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда б) Оценка на Судот 35. Судот би сакал најпрво да напомене дека, имајќи го предвид образложението дадено од Владата за тоа зошто навремено не се повикала на постоењето на можноста од обештетување во граѓанска постапка (види параграф 33 погоре), Владата не е спречена да го поднесе приговорот за неисцрпување на домашните правни лекови, особено по основ на тоа дека седмиот апликант пропуштил да го тужи снабдувачот на топлинска енергија за стекнување без основ (види, обратно, Khlaifia and Others v. Italy [GC], бр. 16483/12, §52, 15 декември 2016). 36. Општите принципи во врска со правилото за исцрпување на домашните правни лекови според член 35§1 од Конвенцијата се дадени во Vučković and Others v. Serbia ((прелиминарен приговор) [GC], бр. 17153/11 и 29 други, §§70-77, 25 март 2014, со дополнителни референци, особено на Akdivar and Others v. Turkey, 16 септември 1996, Извештаи за пресуди и одлуки 1996 IV). 37. Во врска со ова, Судот смета дека е соодветно да повтори дека за да биде ефективен, правниот лек мора да може директно да ја поправи предметната состојба и мора да понуди разумни изгледи за успех. Обврската за исцрпување на правните лекови не се однесува на правни лекови кои се несоодветни или неефективни. Покрај тоа, според „општоприфатените правила на меѓународното право“, може да има посебни околности што го ослободуваат апликантот од обврската да ги исцрпи домашните правни лекови што му стојат на располагање (види Vučković and Others, §§73-74, и Akdivar and Others, §§67 и 71, двете цитирани погоре). 38. Понатаму, во однос на поделбата на товарот на докажување во делот на исцрпување на домашни правни лекови, неопходно е Владата која се повикува на неисцрпување, да му докаже на Судот дека лекот бил ефективен и достапен во теорија и во пракса во релевантното време, т.е. дека бил на располагање, дека можел да обезбеди надомест во врска со жалбените наводи на апликантот и да понуди разумни изгледи за успех. Сепак, откако ќе се отстрани овој товар на докажување, останува на апликантот да докаже дека правниот лек предложен од Владата, всушност бил исцрпен или е поради некоја причина несоодветен и неефикасен во конкретните околности на случајот, или дека постоеле посебни околности кои го ослободуваат од оваа обврска (види Akdivar and Others, §68, and Vučković, двете цитирани погоре). 39. Осврнувајќи се на конкретниот случај, Судот не смета дека тужбата за стекнување без основ против приватниот снабдувач на топлинска енергија би била ефикасен лек во околностите на седмиот апликант. Во врска со ова, Судот забележува дека Владата не дала никакви примери на домашна пракса во која правното мислење на СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда Врховниот суд служело како правна основа за таква тужба. Примерите доставени од Владата не му дозволуваат на Судот да утврди поинаку од следните причини. 40. Судската пракса во врска со тужби за стекнување без основ поднесени против снабдувач со електрична енергија не може да се смета за релевантна во овој случај, затоа што тие тужби се поднесени врз основа на правосилни судски пресуди, за разлика од овој случај, кога таквата тужба би се засновала на правното мислење на Врховниот суд. Не беа поднесени било какви аргумент или докази за правната природа на таквото мислење и дали истото било обврзувачко. Понатаму, врз основа на материјалот доставен од апликантите, Судот забележува дека истовремено постоеле спротивставени одлуки на истите судови донесени по правното мислењето на Врховниот суд од 22 февруари 2018 година. Дотолку повеќе, овие судови ги одбиле идентичните наводи на седмиот апликант, и покрај фактот што тој им го предочил на судовите правното мислење. 41. Со оглед на горенаведеното, Судот смета дека Владата не докажала дека тужбата за стекнување без основ против приватниот снабдувач на топлинска енергија би бил достапен, а не пак ефикасен лек во овој случај. Како резултат на тоа, приговорот на Владата за неисцрпување на домашни правни лекови во однос на седмиот апликант, треба да биде отфрлен. 3. Дали апликантите претрпеле значителна штета а) Поднесоци на странките 42. Владата посочи дека оценката на Судот за случајот треба да биде ограничена на надоместокот за ангажирана моќност, кој апликантите требало да го плаќаат на месечна основа (без судските трошоци по повод предметните граѓански постапки). Во врска со ова, Владата тврдеше дека највисоката месечна фактура со која биле задолжени апликантите, изнесува 21 евро, што е незначителна сума со оглед на животниот стандард во тужената држава. Понатаму, секоја штета која била нанесена била незначителна, имајќи ја предвид „привилегијата“ на апликантите повторно да ги приклучат своите станови кон системот за централно греење или индиректно да ја користат топлинската енергија која тој систем ја создава во зградата. 43. Седмиот апликант и осмата апликантка го оспорија приговорот на Владата, тврдејќи дека износот на надоместокот за ангажирана моќност не бил незначителен (и треба да се земат предвид парничните трошоци). Во врска со тоа, осмата апликантка тврдеше дека била обврзана да го плаќа надоместокот за ангажирана моќност на неодредено време, за да избегне присилна наплата, што претставувало значителен финансиски товар за неа. Понатаму, предметното прашање 14 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда се однесувало на прашање на принцип од поголемо значење. И на крај, можноста повторно да се поврзат нивните живеалишта кон системот за централно греење, не може да се смета за „привилегија“, ниту пак двете работи (плаќање на надоместокот за ангажирана моќност и повторно поврзување) биле споредливи. б) Оценка на Судот 44. Релевантниот дел од член 35§3 од Конвенцијата, гласи: „Судот ќе ја отфрли за недопуштена секоја индивидуална жалба поднесена според член 34, ако оцени дека: ... (б) подносителот не претрпел значителна штета, освен ако почитувањето на човековите права, како што е дефинирано во Конвенцијата и нејзините Протоколите, не бара испитување на апликацијата за основаноста и под услов ниту еден случај да не може да биде отфрлен по овој основ што не бил соодветно разгледан од страна на домашните судови.” 45. Судот зема предвид дека правилото содржано во член 35§3 (б) од Конвенцијата се состои од три критериуми. Прво, дали апликантот претрпел „значителна штета“; второ, дали почитувањето на човековите права го обврзува Судот да го разгледа случајот; и трето, дали случајот бил соодветно разгледан од страна на домашен суд (види Savelyev v. Russia (dec.), бр. 42982/08, 21 мај 2019, § 25). 46. Првото прашање дали апликантот претрпел „значителна штета“ е главниот критериум. Се применува кога, и покрај можната повреда од чисто правен аспект, нивото на сериозност не оправдува разгледување од страна на меѓународен суд (види Adrian Mihai Ionescu v. Romania (dec), бр. 36659/04, 1 јуни 2010; Korolev v. Russia (dec.), бр. 25551/05, 1 јули 2010; и Gaftoniuc v. Romania (dec.), бр. 30934/05, 22 февруари 2011). Одредувањето на ова минимално ниво е, според природата на нештата, релативно и зависи од сите околности на случајот. Нивото на сериозност мора да се процени од аспект на финансиското влијание на спорното прашање и важноста на случајот за апликантот (види Burov v. Moldova (dec.), бр. 38875/03, 14 јуни 2011, § 25). 47. Овој случај се однесува на граѓанските постапки во кои апликантите безуспешно го оспорувале плаќањето на неколку месечни фактури за надоместокот за ангажирана моќност. Највисоката единечна месечна фактура со која биле задолжени апликантите не надминува сума од 30 евра (види параграфи 7 и 42 погоре). Судот забележува дека ниту една од страните не доставила информација за финансиската состојба на апликантите. Во секој случај, Судот не смета дека оваа сума, како таква, би имала значително влијание врз СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда апликантите (види Jovanovska and Others v. Republic of Macedonia (dec.), бр. 14001/13 и 22883/14, 14 ноември 2017, § 29). 48. Меѓутоа, Судот смета дека оштетеноста на апликантите во овој случај треба да се гледа од аспект на целокупниот контекст во кој предметната обврска за плаќање била наметната. Во врска со ова, треба да се забележи дека обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност не претставува еднократно барање исцрпено од предметната постапка, туку задолжение од повторлива природа што била наметнета во рамките на Правилата од 2012 година. Апликантите биле задолжени да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност сè додека тие правила биле во сила, т.е. помеѓу 1 октомври 2012 година и 1 април 2019 година. Целокупната сума не може да се рече дека е незначителна во однос на животниот стандард во тужената држава. 49. Покрај тоа, Судот исто така смета дека во предметниот случај се применува заштитната клаузула содржана во овој критериум за допуштеност, која го обврзува Судот да ја разгледа апликацијата, дури и во отсуство на значителна штета која ја претрпел апликантот, доколку почитувањето на човековите права како што се дефинирани во Конвенцијата и Протоколите, тоа го наложува. Ова е така затоа што покренува прашања од општа природа кои влијаат и на други лица кои се во иста ситуација како и апликантите. Во врска со ова, од значење е да се напомене дека, според Владата, има 12.000 станови кои се засегнати бидејќи се исклучени од системот за централно греење, а чии сопственици најверојатно биле обврзани да го платат предметниот надоместок за ангажирана моќност. Покрај тоа, има над 120 слични случаи што се во тек пред Судот. Кога Судот ги искомуницира апликациите со Владата, посочи дека тие се потенцијално водечки предмети (види, mutatis mutandis, Finger v. Bulgaria, бр. 37346/05, § 75, 10 мај 2011). 50. Со оглед на горенаведеното, Судот не смета дека е потребно да утврди дали случајот бил соодветно разгледан од страна на домашен суд. 51. Следи дека приговорот на Владата мора да биде отфрлен. 4. Заклучок на Судот за допуштеноста 52. Судот забележува дека случајот не е ниту очигледно неоснован, ниту е недопуштен за кои било други основи наведени во член 35 од Конвенцијата. Од оваа причина, мора да се прогласи за допуштен. 16 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда B. Основаност 1. Поднесоци на странките а) Апликантите 53. Седмиот апликант и осмата апликантка повторија дека мешањето во нивното право на сопственост не било во согласност со законот, затоа што надоместокот за ангажирана моќност е воведен со Правилата од 2012 година, како подзаконски акт. Законот за енергетика не содржи никакви одредби во тој поглед. Дополнително, осмата апликантка го критикуваше решението на Уставниот суд (види параграфи 17-19 погоре) како неконзистентна со претходната одлука на овој суд кој, во слични околности, утврди дека надоместокот на ангажирана моќност не може да биде воведен со подзаконски акт. 54. Тие, исто така, го оспорија општиот интерес што, според ставот на Владата (види параграф 58 подолу), треба да се постигне со надоместокот на ангажирана моќност. Според нив, надоместокот за ангажирана моќност има за цел да го заштити материјалниот интерес на приватните снабдувачи на топлинска енергија (на штета на потрошувачите), а не на јавниот интерес. Становите биле исклучени од системот за централно греење вон грејна сезона, така што снабдувачот имал навремени информации за бројот на потрошувачи и можел да ги направи потребните прилагодувања во снабдувањето со топлина. Покрај тоа, надоместокот за ангажирана моќност ниту бил данок, ниту казна што треба да се плати на државата. Аргументот на Владата дека претставува „давачка за привилегијата да бидат исклучени од системот“ укажува на тоа дека се смета за „данок“ или „казна“ што се плаќа на приватна компанија. Секој аргумент дека надоместокот се однесувал на пасивното користење на топлина дистрибуирана преку тој систем, се однесува на факт што домашните судови не го утврдиле. Во секој случај, домашните судови во своите одлуки не идентификувале никаков јавен интерес со кој би го оправдале надоместокот за ангажирана моќност. 55. Дополнително, осмата апликантка тврдеше дека во нејзиниот случај, Правилата од 2012 година биле применувани ретроактивно, со оглед на фактот дека нејзиниот стан веќе бил исклучен од системот за централно греење од страна на претходниот сопственик во 2011 година, пред правилата да стапат во сила. Понатаму, домашните судови ги применувале Правилата од 2012 година на начин што надоместокот го сметале за јавна давачка што треба да му се плати на снабдувачот, која не може да се оспори. Според тоа, секој изглед за успех во односните постапки бил само теоретски и илузорен. Крајно, апликантката тврдеше дека маргината на уважување на државата во регулирањето на комерцијални активности врз основа на правилата за СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда конкуренција на регулиран пазар, како што беше во случајов, е потесна отколку во областа на домувањето со чувствителни аспекти на социјалната правда. Државата не треба да им наметнува на апликантите одреден извор на топлина, туку треба да овозможи слободен избор заснован врз разумни фактори. 56. Останатите апликанти, кои во тоа време беа застапувани од адвокат по сопствен избор, не доставија навремени опсервации во согласност со Деловникот на Судот. б) Владата 57. Владата прифати дека обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност претставува мешање во правото на апликантите на мирно уживање во нивната сопственост. Надоместокот бил воведен со Правилата од 2012 година, донесени во согласност со Законот за енергетика, и станал задолжителен за плаќање по влегувањето во сила на овие правила. Уставниот суд потврдил дека овие правила се во согласност со законот и со Уставот (види параграфи 17 и 18 погоре). Поради ова, предметното мешање било во согласност со законот. 58. Обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност бил оправдан не само затоа што исклучените корисници користеле топлина обезбедена во зградата од системот за централно греење (од причините што ги навел Уставниот суд, види параграф 17 погоре), туку истата имала за цел да обезбеди безбедно, сигурно и ефикасно снабдување со топлина, што е предмет од јавен интерес. Исклучувањето од системот за централно греење влијаел на енергетскиот биланс во зградата и ја намалувал ефикасноста на греењето. Надоместокот за ангажирана моќност имал за цел да ги неутрализира негативните ефекти од преземањето на топлина од исклучени корисници, и притоа претставува плаќање за нивната привилегија да се исклучат (и да останат исклучени) од системот за централно греење, обид да се спречи спирално исклучување на други корисници во зградата и обезбедува заштита на корисниците кои користеле топлинска енергија дистрибуирана преку системот за централно греење. Владата истакна дека надоместокот не е ниту „данок“, ниту „казна“ во смисла на повиканата одредба од Конвенцијата. Покрај тоа, сличен надоместок постоел и во неколку држави во регионот, што го отсликувал трендот во тоа време. 59. Според Владата, апликантите биле свесни или требало да биле свесни за системот за греење во зградата и какви биле нивните обврски како станари. Надоместокот за ангажирана моќност вклучувал исто така и надоместок за затоплување на колективните делови на зградата (како скалила и ходници) што ги користат сите станари, без оглед на тоа дали користеле топлина обезбедена од системот за централно греење, или не. Покрај тоа, сумата била мала во однос на можноста за 18 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда повторно приклучување на системот, што на таквите корисници им било овозможено бесплатно. 60. Владата заклучи дека воведувањето на надоместокот за ангажирана моќност со Правилата од 2012 година и начинот на толкување на истите во случаите на апликантите, не значи повреда на нивното право на сопственост. Во однос на осмата апликантка, Владата тврдеше дека предметните судски постапки, што вклучуваат парница помеѓу приватните странки, ги содржеле потребните процедурални гаранции согласно член 1 од Протоколот бр. 1 кон Конвенцијата. Понатаму, државата ужива широка маргина на уважување во оваа сфера и надоместокот за ангажирана моќност не го нарушува балансот помеѓу индивидуалниот и општиот интерес, поточно, стабилноста на енергетскиот систем и безбедното и ефикасно снабдување со топлинска енергија до потрошувачите поврзани со тој систем. 2. Оцена на Судот а) Општи принципи 61. Основниот предмет на член 1 од Протоколот бр. 1 е да се заштити едно лице од неоправдано мешање од страна на државата во мирното уживање на неговата или нејзината сопственост. Меѓутоа, согласно член 1 од Конвенцијата, секоја договорна страна „ќе им ги обезбеди на сите лица под [нејзина] надлежност правата и слободите утврдени во Конвенцијата“. Исполнувањето на оваа општа должност може да подразбира позитивни обврски неопходни за да се обезбеди ефективно остварување на правата загарантирани со Конвенцијата. Во контекст на член 1 од Протоколот бр. 1, дури и во случаи што вклучуваат парница помеѓу индивидуи и компании, тие позитивни обврски може да бараат од државата да ги преземе неопходните мерки за да го заштити правото на сопственост. Ова значи, особено, дека државите се должни да обезбедат судски процедури што ги нудат потребните процедурални гаранции и на начин што ќе им овозможи на домашните судови и трибунали да пресудат ефективно и правично во сите случаи што се однесуваат на сопственичките односи (види Anheuser Busch Inc. v. Portugal [GC], бр. 73049/01, §83, ECHR 2007 I, и Bistrović v. Croatia, бр. 25774/05, § 33, 31 мај 2007). 62. Границите помеѓу позитивните и негативните обврски на државата согласно член 1 од Протоколот бр. 1 не даваат простор за прецизна дефиниција. Сепак, применливите принципи се слични. Без разлика дали случајот се анализира во смисла на позитивната обврска на државата или во смисла на мешање од страна на јавен орган што треба да се оправда, критериумите што треба да се применат не се разликуваат по суштина. Во двата контексти, мора да се има предвид СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда да се постигне правична рамнотежата помеѓу спротивставените интереси на поединецот и на заедницата како целина. Во двата контексти, државата ужива одредена маргина на уважување при утврдувањето на чекорите што треба да се преземат за да се обезбеди усогласеност со Конвенцијата (види Kotov v. Russia [GC], бр. 54522/00, § 110, 3 април 2012 и Arzhiyeva and Tsadayev v. Russia, бр. 66590/10 и 3773/11, § 49, 13 ноември 2018). б) Примена на овие принципи во конкретниот случај 63. Судот ќе утврди дали однесувањето на тужената држава – без оглед на тоа дали може да се карактеризира како мешање или непочитување на нејзината позитивна обврска, или комбинацијата на двете – било оправдано од аспект на применливите принципи. (i) Применето правило 64. Судот забележува дека Владата признала дека наметнувањето на надоместокот за ангажирана моќност на апликантите, како сопственици на станови исклучени од системот за централно греење, претставува мешање во нивното право на мирно уживање на сопственоста. Судот забележува дека надоместокот за ангажирана моќност го вовела Регулаторната комисија за енергетика, кој е државен орган. Иако надоместокот не влијаел врз правото на апликантите да располагаат со (да ги заложат, да ги изнајмат или да ги продадат) становите, тој претставува финансиски товар за апликантите директно поврзан со загревање на становите, способен да влијае на остварувањето на нивното право на користење и поседување на становите. Соодветно на тоа, и имајќи предвид дека надоместокот бил резултат на регулација од страна на државата, Судот смета дека неговата постојана примена (види параграфи 31 и 48 погоре) претставува средство за државна контрола над користењето на сопственоста на апликантите во смисла на вториот став од член 1 од Протоколот бр. 1. 65. Дополнително, Судот забележува дека оспорените постапки се однесувале на спорови поврзани со надоместокот за ангажирана моќност меѓу апликантите и приватните снабдувачи на топлинска енергија, кој го добивале надоместот. Должноста на Судот согласно член 19 од Конвенцијата да обезбеди почитување на обврските преземени од договорните страни на Конвенцијата, бара да се испита дали начинот на кој домашните судови го примениле системот на наплата на надоместокот за ангажирана моќност, ги повредил правата и слободите на апликантите загарантирани со Конвенцијата. Како што е наведено во параграф 62 погоре, без оглед на тоа дали ситуацијата 20 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда треба да се анализира во однос на негативната или позитивната обврска на тужената држава, применливите принципи се слични. 66. Судот треба да испита дали системот согласно кој бил наплатуван надоместокот за ангажирана моќност според Правилата од 2012 година бил во согласност со член 1 од Протоколот бр. 1, односно да се провери дали бил законски, во општ интерес и пропорционален, односно дали била постигната „правична рамнотежа“ помеѓу барањата од општ интерес на заедницата и барањата за заштита на индивидуалните основни права (види Beyeler v. Italy [GC], бр. 33202/96, § 107, ECHR 2000 I). (ii) Дали спорената мерка била „предвидена со закон“ 67. Првиот услов на член 1 од Протоколот бр. 1 е дека секое мешање на јавен орган во мирното уживање на сопственоста мора да е законско. Конкретно, вториот став од член 1, иако признава дека државите имаат право да ја контролираат употребата на сопственоста, го подложува ова нивно право под условот истото да се остварува преку спроведување на „закони“. Дотолку повеќе, принципот на законитост претпоставува дека применливите одредби од домашното право се доволно достапни, прецизни и предвидливи во нивната примена (види Bradshaw and Others v. Malta, no. 37121/15, § 52, 23 октомври 2018). Кога се зборува за „закон“, членот 1 од Протоколот бр. 1 алудира на концепт што ги опфаќа актите на законодавството, како и судската пракса (види Brezovec v. Croatia, бр. 13488/07, § 60, 29 март 2011). 68. Во конкретниот случај, Судот се согласува со Владата (види параграф 57 погоре) дека надоместокот за ангажирана моќност е воведен со членот 53 (2) од Правилата од 2012 година. Тие се секундарно законодавство, кое Регулаторната комисија за енергетика, како државен орган, го донесе согласно Законот за енергетика, како што е потврдено од Уставниот суд (види параграф 17 погоре). Надоместокот се однесувал на сите станови исклучени од системот за централно греење во колективни објекти за домување опремени со еден колективен мерен уред (види параграф 12 погоре). Член 66 од тие правила ја прошири таа обврска и врз сите претходно исклучени корисници, вклучително и апликантите (види параграф 13 погоре). Правилата од 2012 година станале задолжителни откако биле објавени во Службен весник. 69. Според тоа, Судот смета дека предметното мешање било „законско“ во смисла на член 1 од Протоколот бр. 1 од Конвенцијата. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда (iii) Дали мерката имала „легитимна цел од општ интерес“ 70. Мерка насочена кон контрола над користењето на сопственоста може да се оправда само доколку се покаже дека таа, inter alia, е „во согласност со општиот интерес“. Поради директно познавање на општеството и на неговите потреби, домашните власти се, во принцип, во подобра положба отколку еден меѓународен суд да оценат што е во „општ“ или „јавен“ интерес (види Bradshaw and Others, цитиран погоре, § 54). 71. Во конкретниот случај, Владата го идентификуваше безбедното, сигурното и ефикасното снабдување со топлинска енергија како цел од општ интерес, која требало да се постигне со надоместокот за ангажирана моќност. Во врска со ова, Владата се повика на ефектот што исклучените корисниците го имале врз рамнотежата на енергетскиот систем и врз квалитетот на топлинската енергија што им се обезбедува на корисниците кои се поврзани на системот за централно греење во колективни објекти за домување (види параграф 58 погоре). 72. Судот забележува дека јавниот интерес на кој се повика Владата не бил земен предвид од страна на ниту еден од судовите кои одлучувале по ова прашање. Напротив, во решението со кое се утврдува дали членот 53 (2) од Правилата од 2012 година е во согласност со Уставот, Уставниот суд не отишол подалеку од наведување дека обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност е поврзана со топлинската енергија која исклучените потрошувачите ја преземале од становите поврзани на системот за централно греење во зградите. Судот го сметал надоместокот за ангажирана моќност како цена која исклучените корисници се должни да ја плаќаат за топлинската енергија преземена индиректно од другите станови во зградите кои се загреваат преку системот за централно греење (види параграф 17 погоре). Судовите од општа надлежност, кои одлучувале по наводите на апликантите во граѓанска постапка, го следеле ваквиот пристап и ги потврдиле гледиштата за надоместокот за ангажирана моќност како цена за топлинската енергија што ја добивале апликантите (види параграф 9 погоре). 73. Судот не смета дека образложението за надоместокот за ангажирана моќност, дадено од домашните судови, е нужно во спротивност со јавниот интерес на кој се повикува Владата. Двата концепти не се исклучуваат. Ова е затоа што индиректното користење на системот за централно греење од страна на исклучените корисници, особено ако опфаќа значителен удел од релевантниот пазар, како што е во овој случај (види параграф 10 погоре), може да се смета како фактор способен да влијае на стабилноста на енергетскиот систем како целина. Покрај тоа, надоместокот за ангажирана моќност се однесувал на специфична категорија на исклучени корисници во објекти за 22 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда колективно домување (види параграф 12 погоре). Според ставот на Судот, не е неразумно „специфичната природа на колективното домување“ (види параграф 17 погоре) да има влијание врз ефикасноста на системот за централно греење на ниво на една зграда. 74. Тоа што државата го изменила своето законодавство во 2019 година, на начин што таа категорија на исклучени корисници, под одредени услови повеќе не е должна да го плаќа надоместокот за ангажирана моќност (види параграф 15 погоре), нужно не значи дека е поткопан јавниот интерес на кој се повикува Владата. На ова може да се гледа во контекст на правото на државата да ја користи својата маргина на уважување во оваа сфера, каде што примената на специфичен правен акт има далекусежни последици за повеќе поединци (види Fleri Soler and Camilleri v. Malta, бр. 35349/05, § 76, ECHR 2006 X). 75. Со оглед на тоа дека поимот „јавен интерес“ е нужно широк и државите уживаат одредена маргина на уважување при дефинирањето на тоа што е „во јавен интерес“ (види Jahn and Others v. Germany [GC], nos. 46720/99 и 2 други, § 91, ECHR 2005 VI), Судот е подготвен да прифати дека обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност што е наметната на апликантите чии станови биле исклучени од системот за централно греење, може да се смета дека се стремела кон легитимната цел да обезбеди безбедно, сигурно и ефикасно снабдување со топлинска енергија. (iv) Принцип на „правична рамнотежа“ 76. И мешањето во мирното уживање на сопственоста и воздржувањето од дејствија мора да ја постигнат правичната рамнотежа помеѓу барањата на општиот интерес на заедницата и потребата од заштита на индивидуалните основни права. Потребата за постигнување на оваа рамнотежа се рефлектира во структурата на член 1 од Протоколот бр. 1 како целина. Поради ова, во сите случаи за наводна повреда на овој член, Судот е должен да утврди дали поради некое дејствие или пропуштање на дејствие од страна на државата, на засегнатите лица им бил наметнат несразмерен и прекумерен товар (види Broniowski v. Poland [GC], бр. 31443/96, § 150, ECHR 2004 V; Zolotas v. Greece (no. 2), бр. 66610/09, § 40, ECHR 2013 (извадоци); и Dickmann and Gion v. Romania, бр. 10346/03 и 10893/04, § 90, 24 октомври 2017). 77. При проценката на усогласеноста со член 1 од Протоколот бр. 1, Судот мора да изврши целосна анализа на различните интереси што се во прашање, имајќи предвид дека Конвенцијата има за цел да ги заштити правата што се „практични и ефективни“. Судот мора да погледне подалеку од очигледното и суштински и да ја испита реалноста на спорната ситуација. Оваа проценка може да ги вклучува СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда не само условите на една мерка, туку и постоењето на процедурални и други гаранции кои обезбедуваат дека функионирањето на системот и неговото влијание врз нечии имотни права не е ниту произволно ниту непредвидливо. Несигурноста – без разлика дали е законодавна, административна или произлегува од практики што ги применуваат институциите – е фактор што треба да се земе предвид при проценката на однесувањето на државата (види Broniowski, §151, и Bradshaw and Others, § 56, двете цитирани погоре). 78. Во конкретниот случај, сите апликанти се сопственици на станови во колективни објекти за домување поврзани на системот за централно греење. Нивните станови биле исклучени од тој систем пред влегувањето во сила на Правилата од 2012 година, или на барање на поранешниот сопственик, или на барање на апликантите (види параграф 4 погоре). Во тоа време, немало правила според кои се барало плаќање на надоместок за ангажирана моќност. Како што е наведено погоре, ваквата обврска за прв пат била воведена со Правилата од 2012 година. Според тоа, во релевантното време апликантите не можеле да предвидат со разумна сигурност дека во иднина, ќе биде воведен надоместок за ангажирана моќност, ниту пак неговиот износ. 79. Апликантите биле задолжени да плаќаат надоместок за ангажирана моќност од 1 октомври 2012 година. Ништо не укажува на тоа дека тој услов се применувал ретроактивно. Обврската за плаќање на надоместокот важела барем шест и пол години, односно до 1 април 2019 година – кога на сила стапиле Правилата од 2019 година, кои, како што е наведено погоре, се чини дека даваат основа за ослободување на апликантите од обврската за плаќање на надоместокот за ангажирана моќност во иднина (види параграфи 26, 27 и 31 погоре). Како што е наведено погоре (види параграф 48 погоре), целокупниот финансиски товар на апликантите не може да се смета за незначителен. 80. Судот забележува дека месечните фактури за надоместокот за ангажирана моќност се разликувале за секој апликант (види параграф 7 погоре). Во отсуство на какво било објаснување од страните, се чини дека таа разлика е поврзана со различната површина на секој стан, како одлучивачки фактор за пресметка на надоместокот за ангажирана моќност наведен во тарифата за топлинска енергија (види параграф 14 погоре). 81. Од друга страна, не се тврдеше дека правната рамка воспоставена со Правилата од 2012 година, идентификувала кој било друг фактор поврзан со исклучените станови, а кој бил релевантен за пресметка на надоместокот за ангажирана моќност, за разлика од сегашниот систем согласно Правилата од 2019 година (види параграф 15 погоре). Слично на ова, ништо не упатува на тоа дека таа рамка дозволувала, или пак поставила некакви услови под кои исклучените 24 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда станови би можеле да бараат целосно или делумно ослободување од плаќање на надоместокот за ангажирана моќност. 82. Горенаведените елементи (параграфи 78-81 погоре) мора да се одмерат наспроти интересите кои се во прашање во овој случај. 83. Во тој контекст, Судот забележува дека судските органи што се занимавале со ова прашање, ја оправдале наплатата за надоместокот за ангажирана моќност од исклучени корисници, како што се апликантите, само наведувајќи дека тие пасивно ја користеле топлинската енергија обезбедена во зградата преку системот за централно греење. Прво, Уставниот суд го утврдил принципот според кој исклучените корисниците се „пасивни корисници“ на топлинска енергија што се обезбедува преку тој систем до други станови во зградата. Според Судот, „[бидејќи тие] објективно користат одредена топлина… [тие] се должни... да платат за услугата што... ја плодоуживаат“ (види параграф 17 погоре). Последователно на ова решение, судовите од општа надлежност го примениле истиот пристап и ги одбиле аргументите на апликантите против приватните снабдувачи на топлинска енергија. Притоа, тие се повикале на фактот дека во зградите на апликантите имало станови кои биле поврзани и ја користеле топлинската енергија што ја обезбедува системот за централно греење („активни корисници“). Во такви околности, судовите сметале дека апликантите се должни да го платат надоместокот за ангажирана моќност како „пасивни корисници“ затоа што имале корист од таа топлинска енергија. Овој пристап се применувал на сите такви исклучени станови. Дури во февруари 2018 година, повеќе од пет години од наметнувањето на надоместокот за ангажирана моќност, Врховниот суд го ограничил обемот на примена на ваквиот пристап со изземање на одредена категорија на станови, доколку биле исполнети условите утврдени во неговото правно мислење. Сепак, како што е наведено погоре (види параграф 40 погоре), ова мислење не било доследно применувано од страна на надлежните судови. 84. Горенаведениот бланкетен пристап, развиен од домашните судови, се засновал исклучиво на претпоставката дека апликантите, како пасивни корисници во рамките на толкувањето дадено од страна на Уставниот суд, користеле топлинска енергија што се дистрибуирала во зградата преку системот за централно греење. Ништо во нивните одлуки не сугерирало на тоа дека надоместокот за ангажирана моќност со кој биле задолжени апликантите, исто така се однесувал на загревањето на заедничките делови од зградата како што тврдела Владата (види параграф 59 погоре). Слично на тоа, не се тврдело дека надоместокот за ангажирана моќност требало да се смета за „придонес“, во смисла на ставот 2 од Протоколот бр. 1 на Конвенцијата, наплатуван за јавна услуга. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда 85. Во предметните постапки, апликантите ја спореле таквата претпоставка со аргументи кои се однесувале на одредени фактички прашања специфични за нивните станови. Тие, исто така, побарале мерки и предлагале докази релевантни за објективната проценка на таа претпоставка врз основа на индивидуалните карактеристики на становите (види параграф 8 погоре). Судовите ги занемариле овие барања и не ги земале предвид тврдењата на апликантите. Тие не ги испитале спорните фактички прашања, сметајќи дека „сите (исклучени) станови во една зграда поврзана со системот за централно греење [биле] обврзани да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност, без оглед на положбата или тип на изведба на внатрешна инсталација“ (види параграф 9 погоре). Според тоа, индивидуалните околности поврзани со становите на апликантите, немале никаква улога во судското одлучување по нивните барања. 86. Иако Судот прифати (види параграф 75 погоре) дека целокупната мерка може, во принцип, да се смета дека била од општ интерес, фактот дека постоел и имлицитен приватен интерес од комерцијална природа, не смее да се занемари. Во вакви околности, и државите и Судот во својата надзорна улога, мора да бидат претпазливи за да се осигураат дека мерките, како оние во овој случај, не предизвикуваат нерамнотежа што им наметнува прекумерен товар на апликантите (како сопственици на исклучени станови), а истовремено им овозможува на приватните снабдувачи со топлинска енергија да остварат потенцијално неоправдана добивка. Во вакви ситуации ефективните процедурални гаранции стануваат апсолутно неопходни (види, mutatis mutandis, Bradshaw and Others, цитиран погоре, § 64). 87. Имајќи ги предвид критериумите разгледувани погоре, Судот не може да го прифати тврдењето на Владата (види параграф 60 погоре) дека постоеле доволно процедурални гаранции во примената на законската рамка од страна на домашните судови, а во врска со плаќањето на надоместокот за ангажирана моќност. Судот смета дека било потребно во предметните постапки прецизно да се утврдат фактите кои биле оспорувани од апликантите, преку проверка на нивните аргументи за нивото на топлинска енергија обезбедена преку системот за централно греење во зградите, што наводно ја користеле нивните станови. Само по проверката на сите релевантни фактори, би било можно домашните власти да направат објективна проценка на „пасивното“ користење на топлинска енергија во секој поединечен случај. 88. По разгледувањето на сите горенаведени елементи, Судот утврди дека тужената држава, и покрај својата маргина на уважување, не успеала да ја постигне правичната рамнотежа помеѓу засегнатите интереси и не успеала да вложи напори за да обезбеди соодветна 26 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда заштита на правата на сопственост на апликантите во контекстот на предметните постапки, што претставува суштинско мешање од страна на државата во овие права. 89. Имајќи го предвид горенаведеното, Судот утврди дека постои повреда на правото на апликантите на мирно уживање на нивната сопственост, загарантирано со член 1 од Протоколот бр. 1. III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 НА КОНВЕНЦИЈАТА 90. Членот 41 од Конвенцијата предвидува: „Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот ѝ дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично обештетување“. А. Штета 91. Во однос на материјална штета, седмиот апликант и осмата апликантка бараа враќање на надоместокот за ангажирана моќност, што тие го платиле на снабдувачот на топлинска енергија врз основа на судски одлуки во домашните постапки. 92. Осмата апликантка бараше 4.000 евра (ЕУР) во однос на нематеријална штета поради претрпен стрес и вознемиреност како резултат на наводната повреда. Седмиот апликант, исто така, бараше надомест на штета по овој основ, но остави на дискреционо право на Судот да го определи износот. 93. Останатите апликанти не поднесоа барање за правично обештетување во согласност со член 60 од Деловникот на Судот. 94. Владата ги оспори ваквите барања како неосновани и прекумерни, тврдејќи дека не постои причинско-последична врска помеѓу наводната повреда и побараната штета. 95. Што се однесува до материјална штета, Судот смета дека, имајќи ги предвид основите врз кои утврди повреда на член 1 од Протоколот бр. 1 на Конвенцијата, не може да го оцени барањето на апликантите по овој основ. Во врска со ова, Судот ги упатува апликантите на можноста да побараат повторување на постапките согласно член 400 од Законот за парничната постапка (види параграф 11 погоре), кој дозволува повторно разгледување на нивните побарувања (види Bistrović, цитиран погоре, § 58). 96. Од друга страна, Судот смета дека седмиот апликант и осмата апликантка мора да претрпеле нематеријална штета како резултат на непочитување на нивните права загарантирани со член 1 од Протоколот бр. 1. Имајќи ја предвид релативната сериозност на повредата и воведувањето на Правилата од 2019 година според кои СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда апликантите можат да бараат да бидат ослободени од плаќање на надоместокот за ангажирана моќност, Судот им додели на овие апликанти по 1.000 евра во однос на нематеријална штета, плус секој данок што треба да се плати. Б. Трошоци 97. Седмиот апликант бараше 355 евра, а осмата апликантка 115 евра за трошоци направени пред домашните судови. Овие износи ги вклучуваат судските и нотарските такси, како и трошоците кои апликантите морале да ги платат во домашните постапки (неколку налози за плаќање биле доставени како доказ). 98. Што се однесува до постапките пред Судот, апликантите ги имаа следниве побарувања: за адвокатска награда, првиот апликант побара 320 евра за подготовка на едно произнесување; седмиот апликант побара 1.970 евра за подготовка на апликацијата и три поднесоци (овие побарувања беа пресметани врз основа на Адвокатската тарифа на Адвокатската комора на тужената држава); додека осмата апликантка побара 1.770 евра за подготовка на едно произнесување. Што се однесува до поштенските трошоци, седмиот апликант побара 15 евра, а осмата апликантка побара 70 евра. Договор за платени адвокатски услуги и налози беа доставени како доказ. 99. Владата ги оспори горенаведените барања како неосновани, прекумерни и непотребно направени. 100. Според праксата на Судот, апликантот има право на надомест на трошоците само доколку се докаже дека тие биле навистина и неопходно направени и се разумни во однос на износот (види Editions Plon v. France, бр. 58148/00, § 64, ECHR 2004 IV). Во конкретниот случај, имајќи ги предвид доставените документи и горенаведените критериуми, Судот смета дека е разумно на првиот апликант да му се досуди целосна сума од 320 евра што ја побара; што се однесува до седмиот апликант, сума од 2.100 евра; а што се однесува до осмата апликантка сума од 360 евра, покривајќи ги трошоците по сите основи, плус секој данок што треба да се плати. В. Затезна камата 101. Судот смета дека е соодветно затезната каматна стапка да се заснова на најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени. 28 СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО 1. Одлучува да ги спои жалбите; 2. Прогласува дека сопругата на првиот апликант, имено г-а В. Стрезовска, има легитимација да продолжи со сегашната постапка во име на нејзиниот починат сопруг; 3. Ги прогласува апликациите за допуштени; 4. Утврдува дека имало повреда на член 1 од Протоколот бр. 1 кон Конвенцијата; 5. Утврдува, (а) дека тужената држава треба да им ги исплати на следните апликанти, во рок од три месеци од денот кога пресудата ќе стане конечна согласно член 44 § 2 од Конвенцијата, следните суми, што треба да се конвертираат во валутата на тужената држава по курсот кој важи на денот на исплатата: (i) што се однесува до првиот апликант: 320 евра (триста и дваесет евра), плус секој данок што треба да се плати, во однос на трошоците и расходите; (ii) што се однесува до седмиот апликант: - 1.000 евра (илјада евра), плус секој данок што треба да се плати, на име нематеријална штета; - 2.100 евра (две илјади и сто евра), плус секој данок што треба да се плати, на име трошоци и расходи; (iii) што се однесува до осмата апликантка: - 1.000 евра (илјада евра), плус секој данок што треба да се плати, на име нематеријална штета; - 360 евра (триста и шеесет евра), плус секој данок што треба да се плати, на име трошоци и расходи; (б) дека по истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе се плати единствена камата на горенаведените износи по стапка еднаква на најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската централна банка во текот на стандардниот период плус три процентни поени 6. Го отфрла остатокот на барањето на апликантите за правичен надомест. СТРЕЗОВСКИ И ДРУГИ против РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Пресуда Изготвено на англиски јазик, и доставено во писмена форма на 27 февруари 2020 година, согласно член 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот. Abel Campos Ksenija Turković Претседател Секретар ПРИЛОГ Бр. Апликација Име на предметот бр. Поднесена на Апликант Година на раѓање Место на живеење Стрезо СТРЕЗОВСКИ 1953 година Скопје 1. 14460/16 Стрезовски против Северна Македонија 08/03/2016 година 2. 14958/16 Николоски против 08/03/2016 Цане Северна Македонија година НИКОЛОСКИ 1958 година Скопје 3. 4. 5. 14962/16 14966/16 27884/16 Спасовски против Северна 08/03/2016 Ацо СПАСОВСКИ 1955 година Скопје Јосип ЈУВАН 1942 година Скопје Македонија година Јуван против Северна Македонија 08/03/2016 година Костовски против Северна 09/05/2016 Македонија година Зоран КОСТОВСКИ 1952 година Скопје 6. 16064/17 Наќевска против Северна 21/02/2017 Трајанка Македонија година НАЌЕВСКА 1953 година Скопје 7. 8. 20229/17 30206/17 Исени против Северна Македонија 06/03/2017 година Енвер ИСЕНИ 1958 година Скопје Налбанти-Димоска против 13/04/2017 Северна Македонија година Соња НАЛБАНТИ- ДИМОСКА 1969 година Скопје
Full & Egal Universal Law Academy