© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l'indication de copyright/droits d'auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 143
јули 2011
Stummer v. Austria - 37452/02
Пресуда 7.7.2011 [GC]
Член 14
Дискриминација
Одбивање работата извршена во затвор да се земе предвид при пресметувањето на пензиските права: нема повреда
Факти – Апликантот минал околу дваесет и осум години од својот живот во затвор. Во тек на својата затворска казна, тој работел долги периоди, но не бил вклучен во системот за старосна пензија согласно Законот за општо пензиско осигурување. Сепак, од 1 јануари 1994 тој бил вклучен во аранжманот за осигурување од невработеност, во однос на периодите кога работел во затворот. Неговото барање за предвремено пензионирање е отфрлено од страна на Бирото за пензиско осигурување на работниците во март 1999, врз основа на тоа што тој немал акумулирано минимум 240 месеци осигурување, што биле потребни за да има право на пензија. Тој, потоа, повел постапка против тоа Биро, тврдејќи дека месеците што ги минал работејќи во затвор треба да се сметаат како осигурени месеци. Во април 2001, судот за трудови и социјални спорови го отфрлил неговото барање. апелациониот суд го отфрлил неговото барање откако утврдил дека фактот што затворениците биле приклучени на аранжманот за осигурување во случај на невработеност од донесувањето на амандман на Законот за извршување санкции во 1993 не е еднозначен во поглед на прашањето на нивната вклученост во системот за старосна пензија. Во февруари 2002, Врховниот суд ја отфрлил жалбата на апликантот. По отпуштањето од затвор во јануари 2004, апликантот неколку месеци примал надомест за невработени, а оттогаш социјална помош согласно Законот за осигурување во случај на невработеност.
Право – Член 14 од Конвенцијата во врска со Член 1 од Протокол 1: Судот посочи дека работата во затвор се разликува од работата што ја вршат обичните вработени, по многу аспекти, и дека таа служи предимно за рехабилитација и ресоцијализација. Иако затворската работа е задолжителна согласно австриското право, Судот не сметал дека тој фактор е решавачки. Она што е тука прашање е потребата да се има обезбедување за старост, а во тој поглед апликантот бил во релевантно слична положба како обичните вработени. Во поглед на вклученоста во аранжманот за здравствено осигурување и осигурување од несреќни случаи согласно Законот за општо социјално осигурување, сепак, ситуацијата на апликантот, како затвореник кој работел, е различна од онаа на обичните вработени, зашто здравствената заштита и заштитата од несреќни случаи била обезбедена од државата, согласно Законот за извршување санкции.
Владата тврдеше дека затворениците кои работат често немаат средства да ги платат придонесите за социјално осигурување и дека, оттука, би се поткопала економската ефикасност на системот на старосни пензии, доколку периодите за кои не се платени некои значајни придонеси се сметаат како периоди на осигуреност, што би повлекле право на пензија. Севкупната конзистентност на системот на старосни пензии морало да се зачува, па периодите на работа во затвор, оттука, не можеле да се сметаат како квалификувани или заменски периоди што ќе надоместат за периодите во кои не се плаќани никакви придонеси. Австрискиот закон за социјално осигирување предвидува таква можност само во ограничен број на социјално прифатени ситуации, како подигање на дете, невработеност или служење воен рок. Судот ги сметал горенаведените цели за легитимни.
Прашањето дали разликата во третманот на вработените затвореници е пропорционална со легитимните цели е тесно поврзано со генералниот избор на економски и социјални политики од страна на државата. Во оваа сфера, државите уживаат широка маргина на проценка, па Судот може да интервенира само кога изборот на политики е без разумна основа. Понатаму, прашањето мора да се посматра како една карактеристика на севкупниот систем на работа во затворот и на социјален опфат на затворениците. Сепак, не постои европски консензус околу социјалното осигурување за затворениците. Додека апсолутно мнозинство од земјите – членки на Советот на Европа обезбедува некој вид социјална сигурност за затворениците, само мало мнозинство ги вклучува во нивните системи за старосна пензија, а некои од нив, како Австрија, го сторија тоа само со давањето можност да уплаќаат доброволни придонеси.
Апликантот работел во затворот долги периоди. Одлуката на домашните власти посочила дека неговиот период без осигурување бил меѓу шеесетите и деведесетите години од минатиот век. Во односното време, немало заедничка основа во поглед на вклученоста на затворениците кои работат во домашните системи за социјално осигурување. Ваквото немање заедничка основа беше отсликано во Европските затворски правила од 1987, коишто не содржат одредби во оваа смисла. Потоа, Европските затворски правила од 2006 препорачуваат затворениците кои работеле во најголема можна мерка да се вклучат во националните системи за социјално осигурување, без конкретно да се споменат националните системи за старосна пензија. Австриското право го отсликува тој тренд во смисла што на сите затвореници им е обезбедена здравствена заштита и заштита од несреќни случаи, како и што од јануари 1994 затворениците кои работат се вклучени во аранжманот за осигурување од невработеност. Значајно е што апликантот, иако немал право на старосна пензија, не бил оставен без социјална покриеност. По неговото отпуштање од затвор, тој добил надомест за невработени, а подоцна и социјална помош за итни случаи, на која имал право, зашто бил опфатен со Законот за осигурување во случај на невработеност, како затвореник кој работел. Кога Судот ја донел својата пресуда во неговиот случај, апликантот сè уште добивал социјална помош, надополнета со додаток за домување, што севкупно изнесувало околу EUR 720, речиси на ниво на минималната пензија (приближно EUR 780).
Сè на сè, во контекст на стандардите што се менуваат, земја-членка не може да биде прекорена што дава приоритет на аранжман за осигурување што го смета за најрелевантен за реинтеграција на затворениците по отпуштањето. Иако од Австрија се бара и натаму да го разгледува прашањето покренато со овој предмет, Судот утврди дека со тоа што не ги има вклучено затворениците кои работат во системот за старосни пензии, таа не ја има пречекорено широката маргина на дискреција во проценката што ѝ е дозволена по тоа прашање.
Заклучок: нема повреда (десет наспрема седум гласа).
Член 4: Апликантот тврдел дека Европските стандарди се сменети во толкав степен што работењето во затвор, а без вклученост во систем на старосна пензија, не може веќе да се смета за работа извршена во вообичаениот тек на притворот. Австриското право ги отслика новините во европското право, со тоа што на сите затвореници им беше обезбедена здравствена заштита и заштита од несреќни случаи, а затворениците кои работат беа вклучени во аранжманот за осигурување во случај на невработеност но не и во системот на старосна пензија. Иако Европските затворски правила од 2006 отсликаа развоен тренд, тоа не може да се смета за обврска согласно Конвенцијата. Судот не најде основа за толкувањето на Член 4 за какво се залагаше апликантот и заклучи дека задолжителната работа што тој ја извршувал како затвореник, а без да бил вклучен во системот на старосна пензија, морало да се смета за „работа задолжителна во вообичаениот тек на престојот во затвор “ во смисла на Член 4 § 3 (a) од Конвенцијата и, оттука, не претставува „присилна или задолжителна работа“.
Заклучок: нема повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l'homme sont le français et l'anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l'homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l'a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l'affaire soit cité en entier et s'accompagne de l'indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l'adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy