© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l'indication de copyright/droits d'auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 129
Април 2010
Tănase v. Moldova - 7/08
Пресуда 27.4.2010 [GC]
Член 3 од Протоколот бр. 1
Право да се биде избран
Неможноста лицата кои имаат повеќе државјанства да се јават како кандидати на парламентарните избори: повреда
Факти – Апликантот, познат молдавски политичар, е потпретседател на Либерално-демократската партија и член на општинскиот совет на Кишињев. Република Молдавија се наоѓа на територија која пред Втората светска војна и припаѓала на Романија. Локалното население го загубило романското државјанство по територијалната анексија кон Советскиот сојуз во 1940. По прогласувањето на независност на Молдавија во август 1991, бил донесен нов закон за државјанство со кој лицата кои живееле на територијата на поранешната Советска Социјалистичка Република Молдавија пред територијалната анексија стануваат државјани на Молдавија. Како наследник на оваа категорија на лица, апликантот се стекнува со молдавско државјанство. In 1991, Парламентот на Романија исто така усвоил нов закон за државјанство со кој им се дозволува на поранешните државјани на Романија и на нивните наследници, кои го изгубиле државјанството пред 1989, повторно да се стекнат со романско државјанство. Бидејќи во 2003 година, ограничувањето државјаните на Молдавија да имаат и државјанство на друга држава било укинато, апликантот поднел барање за се стекне со државјанство на Романија. Во 2008, Парламентот на Молдавија прави реформа на изборното законодавство, a посебно се воведува забрана за лицата кои имаат двојно или повеќекратно државјанство да бидат пратеници (Закон бр. 273). Друга значајна измена вклучува и зголемување на прагот за бројот на освоени гласови на изборите и се воведува забрана за сите видови на изборни блокови и коалиции. Овие измени влегуваат во сила во мај 2008, а општите парламентарни избори се спроведуваат во пролетта 2009. Апликантот бил избран за пратеник. За да може да стапи на функција, тој испратил писмо до Романската амбасада во Кишињев со кое ги известува дека тој бил принуден да се откаже од романското државјанство, но посочил дека го резервира правото да го повлече писмото по пресудата која се очекува да ја донесе Големиот совет во конкретниот случај. Имајќи го предвид ова писмо, Уставниот суд го потврдил мандатот на апликантот. Во 2009, Уставниот суд утврдил дека Законот бр. 273 е уставен.
Се проценува дека од вкупно 3.800.000 Молдавци, околу 95.000 до 300.000 се стекнале со романско државјанство во периодот помеѓу 1991 и 2001; во февруари 2007, околу 800.000 Молдавци поднеле барање за стекнување на романско државјанство. Исто така, околу 120.000 Молдавци имаат руски пасоши.
Право – (a) Допуштеност
(i) Статус на жртва: Апликантот е директно засегнат од законот бр. 273 бидејќи тој морал да покрене постапка со која тој ризикувал да го загуби романското државјанство. Понатаму, сознанието дека кога би бил избран, би морал да преземе чекори за откажување од романското државјанство, несомнено го засегало за време на изборната кампања. Меѓутоа, тој би можел и да изгуби гласови, бидејќи електоратот бил свесен дека постои шанса тој да не го преземе мандатот доколку тоа значи дека тој ќе го загуби двојното државјанство. Иако властите на Романија не му го одзела романското државјанство на апликантот, сепак тие можеле да го сторат тоа во секое време. Во секој случај, секогаш кога апликантот би сакал да се кандидира на парламентарните избори, тој би бил соочен со несигурноста дали Уставниот суд ќе го потврди неговиот мандат и дали Владата на Романија ќе постапи по неговото барање да се откаже од романското државјанство. Оттаму, оваа мерка имала негативно влијание врз апликантот.
Заклучок: одбиен е прелиминарниот приговор (едногласно).
(ii) Исцрпување на домашните средства: Средствата што ги предлага тужената Влада не му биле достапни на апликантот бидејќи тој немал можност да се обрати до Уставниот суд директно. Во секој случај, бидејќи Уставниот суд одлучил во поглед на уставноста на законот, средството кое се предлага се смета дека е исцрпено.
Заклучок: одбиен е прелиминарниот приговор (едногласно)
(b) Меритум – Член 3 од Протоколот бр. 1: По изборот за пратеник, апликантот требало да покрене постапка за откажување од романското државјанство за да може Уставниот суд да го потврди неговиот мандат. Според тоа, постоело попречување на неговите права согласно Член 3 од Протоколот бр. 1. Судот бил убеден дека законот бр. 273 ги исполнил критериумите за предвидливост. Иако се чинело дека постои неконзистентност помеѓу законот и член 17 од Европската конвенција за државјанство, Судот не сметал дека е потребно да навлегува во разрешување на судирот на норми.
Што се однесува до целта на законот да се обезбеди лојалност спрема државата, на која се повикувале властите за да го оправдаат воведувањето на забраната, овој концепт не бил јасно дефиниран и не било понудено соодветно објаснување од страните. Судот би сакал да направи дистинкција помеѓу лојалноста кон државата и лојалноста кон Владата. Иако целта да се обезбеди лојалност спрема државата може да биде легитимна за ограничување на избирачките права, тоа не е случај со втората лојалност. Во едно демократска држава, улогата на пратениците, а особено на оние кои доаѓаат од редот на опозициските партии, е да ги застапуваат избирачите со тоа што ќе се обезбеди одговорност на Владата и оценување на нејзините политики. Понатаму, залагањето за различни, а понекогаш и дијаметрално спротивни цели не само што е прифатливо, туку е и неопходно за промоција на плурализмот и избор на гласачите да ги рефлектираат своите политички погледи. Во принцип, лојалноста која се бара од пратениците во една држава, вклучува почитување на Уставот, законите, институциите, независноста и територијалниот интегритет. Доколку се сака да се измени било кој нивен аспект треба да се постапува во согласност со законите на државата. Секој друг пристап би ја намалила способноста на пратениците да ги застапуваат ставовите на нивните избирачи, особено на малцинските групи. Фактот дека пратениците кои имаат двојно државјанство можеби би сакале да застапуваат политички програми кои може да се сметаат за некомпатибилни со владејачките принципи и структури на молдавската држава, не ги прави некомпатибилни со демократските правила. Имајќи го ова предвид, Судот разгледувал дали во конкретниот случај мерката имала за цел да обезбеди лојалност кон државата. Законот бр. 273 бил еден од пакет ‑ законите за изборна реформа, каде другите мерки се состоеле од подигање на прагот за бројот на освоени гласови и забрана на формирање изборни блокови. Сите мерки имале штетно влијание врз опозицијата, која и претходно имала потешкотии да обезбеди доволен број на гласови за влез во Парламентот и која успеала во тоа преку формирање на изборни блокови. Резултатите од изборите во април 2009 го покажале штетното влијание на новиот закон. Наводите на апликантот дека со законот се иземени жителите на Transdniestria, кои во голем број имале руско државјанство, исто така ја засилува загриженоста за вистинската цел на законот. Конечно, Судот смета дека е многу битно тоа што измените на законот се направени за помалку од една година пред општите парламентарни избори. Владата не била во можност да даде пример барем на еден пратеник кој имал двојно државјанство и кој покажал нелојалност кон државата Молдавија. Освен кратките упатувања во пресудата на Уставниот суд на движењата за поткопување на државата, не е понудено никакво објаснување во контекст на избирачката политика. Понатаму, се чини дека постојат докази дека законот не бил воедначено применуван. Под вакви околности, Судот не бил целосно убеден дека целта на законот била да се обезбеди лојалност на пратениците кон државата.
Што се однесува до пропорционалноста на мерката, проучувањето на практиката во земјите членки на Советот на Европа покажало дека постои консензус дека, онаму каде е дозволено повеќекратно државјанство, поседувањето на друго државјанство не може да се смета за основ за спречување на лицето да биде избрано за пратеник, дури и онаму каде населението е етнички мешано и каде бројот на пратеници со повеќекратно државјанство би можел да биде повисок. Меѓутоа, независно од овој консензус, би можел да се оправда поинаков пристап доколку постојат посебни историски и политички околности кои налагаат порестриктивна пракса. Судот ја нагласил посебната позиција на Молдавија, каде постои поголем број на жители со двојно државјанство и која од неодамна стана независна држава. Во светло на историјата на Молдавија би можело да се оправда забраната лицата кои имаат повеќе државјанства да не можат да бидат пратеници непосредно по прогласување на независноста во 1991. Меѓутоа, забраната е воведена седумнаесет години од независноста и пет години од релаксирањето на законите со кои се дозволува двојно државјанство. Владата не понудила никакво појаснување на загриженоста во поглед на лојалноста на лицата кои имаат двојно државјанство и зошто таа загриженост не била посочена на почетокот на усвојување на измените на новиот закон со кој се дозволило двојно државјанство. Судот признал дека бројот на пратеници кои имаат двојно државјанство бил значителен. Меѓутоа и голем број на граѓани поседувале двојно државјанство и имале право да бидат претставени од пратеници кои ги застапувале нивните политички погледи и ставови. Во конкретниот случај, постоеле други мерки со кои се заштитуваат законите, институциите и националната безбедноста на Молдавија, како што се казни за незаконско постапување или за однесување кое претставува закана за националните интереси, или мерки со кои се дава пристап кон доверливи податоци по добивање на соодветна безбедносна дозвола. Откако поминала непосредната закана по демократијата или независноста, мерките кои се идентификувани дека се непосредна закана за интересите на државата врз основа на конкретни информации би требало да се претпочитаат во однос на бланкетната претпоставка дека сите лица кои имаат двојно државјанство се закана за националната безбедност и независност. Венецијанската комисија, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ECRI), Парламентарното собрание на Советот на Европа и Комитетот за почитување на обврски беа едногласни во критиките на оваа забрана. Беше изразена загриженост и во поглед на дискриминаторското влијание на законот бр. 273 и неговото влијание врз способноста на бројни политички сили ефективно да учествуваат во политичкиот процес. Понатаму, Судот укажал на член 17 од Европската конвенција за државјанство и на потребата државата да осигури дека и Молдавците кои поседуваат друго државјанство ќе ги уживаат истите права и обврски како и државјаните на Молдавија.
Конечно, секое ограничување на изборните права не треба да води кон исклучување на одредени лица или групи од учеството во политичкиот живот на земјата. Во оваа смисла, Судот го нагласил непропорционалниот ефект на законот врз опозициските партии во моментот кога тој бил донесен. Судот треба да ги преиспита со посебно внимание мерките, кои се чини дека сами по себе или во принцип, ја доведуваат опозицијата во неповолна положба, особено кога според нивната природа тие ги доведуваат во прашање изгледите на опозициските партии да се здобијат со власт во одреден момент. Ограничувањата од оваа природа се многу значајни за правата гарантирани со Член 3 од Протоколот бр. 1 до таа мера што влијаат врз нивната суштина или тие права ви ги прави неефективни. Воведувањето на забраната во конкретниот случај веднаш пред изборите, во време кога водството на владејачката пратија било во опаѓање, дополнително ја отежнува пропорционалноста на оваа мерка.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 41: Не е поднесено барање за надомест на штета.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l'Europe/Cour européenne des droits de l'homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l'homme sont le français et l'anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme du Conseil de l'Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l'homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l'a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l'affaire soit cité en entier et s'accompagne de l'indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l'homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l'adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy