© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 179
Ноември 2014 година
Таракхел (Tarakhel) против Швајцарија [ГС] - 29217/12
Пресуда 2014/11/04 [ГС]
Член 3
Протерување
Закана за протерување на авганистанско семејство барател на азил кон Италија, според Регулативата Даблин II: протерувањето би претставувало повреда
Факти - Жалителите се сопружниците и нивните шест малолетни деца, авганистански државјани кои живеат во Швајцарија. Двојката и нивните први пет деца се истовариле на брегот на Калабрија на 16 Јули 2011 г. и веднаш биле подложени на постапката на иденификација ЕВРОДАК (EURODAC), фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Потоа жалителите отишле во Австрија, а подоцна, во Швајцарија, каде што поднеле барање за азил. Но, нивното барање било одбиено врз основа на тоа дека, во согласност со Регулативата Даблин II на Европската унија, италијанските власти биле надлежни за барањето за азил. Швајцарските власти оттука наредиле нивно враќање во Италија. Жалбите на жалителите против оваа мерка биле одбиени. Во нивната жалба до Европскиот суд, жалителите сметаат дека нивното трансферирање од Швајцарија во Италија е спротивно на нивните права согласно членот 3 од Конвенцијата.
Прво - Член 3: Во конкретниот случај, Судот мора да се испита дали, со оглед нaа општата ситуација на прифатната структура за баратели на азил во Италија и на конкретната ситуација на жалителите, има сериозни и утврдени причини да се верува дека, ако бидат вратени во Италија жалителите ризикуваат да бидат изложени на постапување спротивно на членот 3. Судот смета дека треба да следи сличен пристап на оној што го беше усвоил во пресудата M.S.S. c. Belgique et Grèce, каде тој ја разгледал поединечната ситуација на жалителот во однос на општата ситуација во Грција во тоа време.
а) Што се однесува до општата состојба на системот за прием за барателите на азил во Италија - Во својата одлука во случајот Mohammed Hussein et autres c. Pays-Bas et Italie, Судот истакнал дека препораките на УНХЦР и извештајот на Комесарот за човекови права, објавени во 2012 година, наведувале одреден број недостатоци кои се должеле особено на спороста на постапката за идентификација,на ограничените капацитети на структурите за прием и на условите за живот кои преовладувале во расположливите структурите за прием.
б) Што се однесува на сместувачките капацитети на прифатните центри за баратели на азил - Бројот на места е далеку под потребите. Без да навлегува во дебата околу точноста на бројките на располагање, Судот констатира дека има флагрантна диспропорција меѓу бројот на барања за азил поднесени во првите шест месеци од 2013 година (14 184) и бројот на расположливи места во прифатните структури на мрежата за прием на бегалци SPRAR (9 630 места).
в) Што се однесува на условите за живот во расположливите структури - Иако истакнува одредена деградација на условите за прием, особено во 2011 година, како и проблемот на пренаселеност во центрите за прием на баратели на азил (CARA), УНХЦР не спомнува ситуации на општо насилство или нехигиена, па дури и ги поздравува напорите на италијанските власти за подобрување на квалитетот на прием на барателите на азил. Што се однесува пак до комесарот за човекови права, во својот извештај за 2012 година, и тој исто забележува постоење на одредени проблеми во „некои прифатни центри“. На крајот, во текот на рочиштето на 12 февруари 2014 година, италијанската влада, од една страна, потврдила дека епизоди на насилство се случиле во центарот CARA во Бари непосредно пред доаѓањето на жалителите,а, од друга страна, негирала дека семејствата на барателите на азил биле систематски разделувани, освен во некои случаи и за многу краток период, особено во текот на постапките за идентификација.
Така, сегашната ситуација на Италија не може во никој случај да се спореди со состојбата на Грција во времето на пресудата M.S.S., претходно наведена, каде Судот особено беше истакнал дека прифатните центри располагаат со помалку од 1 000 места, наспроти десетици илјади баратели на азил, и дека условите на крајна беда опишани од страна на жалителот се широко распространет феномен.
Затоа, ако структурата и општата состојба на прифатната структура во Италија не можат сами по себе да претставуваат пречка за какво и да е враќање на барателите на азил во таа земја, податоците и информациите изложени погоре, сепак, предизвикуваат сериозни сомневања во однос на сегашните капацитети на системот. Од ова произлегува дека не може да се отфрли како неоснована претпоставката за значителен број на баратели на азил кои се лишени од сместување или сместени во пренаселени структури во услови на пренатрупаносt, па дури и на нехигиена или насилство.
г) Што се однесува до поединечната ситуација на жалителите - Како што општата состојба на барателите на азил во Италија не може да се спореди со онаа на барателите на азил во Грција, онака како што таа била анализирана во пресудата M.S.S., така, конкретната ситуација на жалителите во овој случај е различна од онаа на жалителот во случајот M.S.S.: додека првите веднаш биле згрижени од италијанските власти, вториот првично бил притворен, а потоа отставен на милост и немилост, без никакви средства за живот.
Во овој случај, со оглед на моменталната состојба на прифатниот систем во Италија, хипотезата дека значителен број на баратели на азил вратени во таа земја се лишени од сместување или сместени во преполни структури во услови на пренатрупаност, па дури и на нехигиена или насилство, не е неоснована. Затоа швајцарските власти се дожни да се осигурааат, кај нивните италијански колеги, дека по пристигнувањето во Италија кандидатите ќе бидат пречекани во структури и во услови соодветни на возраста на децата, како и дека единството на семејството ќе биде зачувано.
Според италијанската влада, семејствата со деца се сметаат за особено ранлива група и вообичаено се згрижени во мрежата SPRAR. Овој систем им гарантира сместување, храна, здравствена помош, часови по италијански јазик, упатување до социјалните услуги, правни совети, часови по стручна обука, стажирање и помош при барањето на независно сместување. Сепак, во своите писмени и усни поднесоци, италијанската влада не обезбедила повеќе детали за специфичните услови на згрижување на кандидатите.
Точно е дека на рочиштето на 12 февруари 2014 година Швајцарската влада соопштила дека Федералната канцеларија за миграции (ODM) била информирана од страна на италијанските власти дека, во случај на враќање во Италија жалителите ќе бидат сместени во една од структурите финансирани од страна на Европскиот фонд за бегалци (FER). Сепак, во отсуство на детални и веродостојни информации за прецизната структура на дестинација, за физичките услови за сместување и за зачувувањето на единството на семејството, Судот смета дека швајцарските власти не располагаат со доволно информации за да се осигураат дека, во случај на враќање во Италија, жалителите ќе бидат згрижени на начин соодветен на возраста на децата.
Од ова следува дека, доколку жалителите бидат испратени назад во Италија без притоа швајцарските власти да успеат претходно да добијат од страна на италијанските власти поединечна гаранција за, од една страна, згрижување прилагодено на возраста на децата и,од друга страна, зачувување на единството на семејството, ќе има повреда на членот 3 од Конвенцијата.
Заклучок : протерувањето би претставувало повреда (четиринаесет гласови против три).
Член 41 : констатацијата дека протерувањето би претставувало повреда е доволна сама по себе за нематеријалната штета.
(Видете M.S.S. c. Belgique et Grèce [ГС], 30696/09, 21 јануари 2011, Информативна белешка 137, и Mohammed Hussein et autres c. Pays-Bas et Italie (одл.), 27725/10, 2 април 2013, Информативна белешка 162 ; видете го исто информативниот лист за случаите „Dublin“)
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy