Тасев против Северна Македонија – Ж. бр. 9825/13, Пресуда од 16 мај 2019 година [Оддел I] Одбивање да се регистрира промена на самодекларираната нацио-нална припадност на кандидатот во период на избор, без предвидли-ва правна основа: повреда Факти – Во септември 2012 година бил објавен оглас за работни мес- та во Републичкиот судски совет („РСС“), што требало да бидат попол- нети од од редот на судиите. Националната припадност не била меѓу наведените услови за работните места. Жалителот, судија кој се оби-дел да се пријави како кандидат, поднел барање неговата национална припадност во судскиот изборен именик да се промени од Бугарин во Македонец. Министерството за правда и судови во две инстанци од-биле да го прифатат барањето заради следниве основи: (i) барањето било поднесено по објавувањето на огласот за избор на нови члено-ви на РСС; (ii) тоа се однесувало на изборните права на жалителот во претстојниот избор за нови членови на РСС; и (iii) ќе ги ставело другите судии вклучени во овој избор во неповолна положба. Право – Член 8: Судот претходно утврдил дека етничкиот идентитет е детал што се однесува на идентитетот на поединецот, кој спаѓа во лич- ната сфера заштитена со член 8 од Конвенцијата. Упатувајќи на негови-те неодамнешни согледувања во врска со позитивните и негативните аспекти на правото за слободна самоидентификација на припадници-те на малцинствата во меѓународното право — не само во Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцин-ства —, Судот исто така повторил дека секој припадник на национал-ното малцинство имал целосно право слободно да избере да не биде третиран како таков. Во однос на фактот дека со домашното право на судиите им се дава пра-во (и се бара од нив) да ја декларираат својата национална припадност во судскиот изборен именик во контекст на изборите за РСС, одбивање-то од страна на властите да ја променат евиденцијата за националната припадност на жалителот во изборниот именик довело до мешање во неговиот „приватен живот”. Со оглед на отсуството на какви било усло-ви, како што е објективна поткрепа на самодекларираната национална припадност на жалителот, главната причина за оспореното одбивање било времето на поднесување на барањето на жалителот, гледано во контекст на неговото пријавување на претстојниот избор за РСС. Сепак, ниту една од овие одредби на кои упатувал Вишиот управен суд не се однесувала на судскиот изборен именик или на исправка на дета-ли содржани во него. Всушност, ваквите прашања биле регулирани со други одредби, имено со оние од член 17 од Законот за републичкиот судски совет. Не биле дадени ниту аргументи дека жалителот имал на располагање друг правен лек во однос на неговото барање. Согласно со споменатиот член 17 од Законот, секое барање за исправка на евидентираните детали, вклучувајќи ја и нивната национална при-падност, требало да се поднесе откако судскиот изборен именик ќе се стави на увид, што, само по себе, можело да се случи само по објаву-вање на јавен оглас за избор на нови членови на РСС. Таа одредба била дефинирана во општи рамки и се однесувала на сите судии чии подато-ци биле запишани во судскиот изборен именик. Таа не содржи никаква клаузула која ја допрецизира или ограничува нејзината применливост или пак ја прави зависна од, на пример, одредени околности кои се однесуваат на подносителот на барањето во конкретниот случај. На-вистина, не постои ништо во таа одредба што би можело да се толкува како забрана (односно изземање) за судиите кои се кандидираат за из-бор во РСС да бараат исправка на нивните лични податоци во судскиот изборен именик, (вклучувајќи ја и нивната национална припадност) по објавувањето на огласот за такви избори. Сепак, домашните власти се определиле за таквото толкување на таа одредба, која не може да се каже дека била предвидлива. Дополнително, жалителот не можел раз-умно да очекува, во отсуство на каква било клаузула во таа смисла, дека неговото барање ќе биде одбиено по тој основ. Според тоа, иако достапен, правниот основ врз кој се засновало оспо- реното одбивање на барањето не бил предвидлив. Заклучок: повреда (шест гласа наспроти еден). ЧЛЕН 41: 4.500 евра за нематеријална штета. (Види исто така, во врска со етничкиот идентитет кој спаѓа во поле- то на примена на член 8 од Конвенцијата, Aксу (Aksu) против Тур- ција [ГСС], 4149/04 and 41029/04, 15 март 2012 г., Информативна белеш-ка бр. 150, и С. и Марпер (S. and Marper) против Обединетото Крал-ство [ГСС], 30562/04 и 30566/04, 4 декември 2008 г., Информативна бе-лешка бр. 114; во врска со согледувањата за негативните аспекти на пра-вото за слободна самоидентификација на припадниците на национал-ните малцинства, Mола Сали (Molla Sali) против Грција [ГСС], 20452/14, 19 декември 2018 г., Информативна белешка бр. 224; и во врска со одби-вањето да се евидентира декларираниотетничкиидентитетнажалителот во базата на податоци на Државниот регистар на населението, Циубо-тару (Ciubotaru) против Молдавија, 27138/04, 27 април 2010 г., Ин-формативна белешка бр. 129)
Full & Egal Universal Law Academy