© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 173
април 2014 година
National Union of Rail, Maritime and Transport Workers против Обединетото Кралство - 31045/10
Пресуда 8.4.2014 [Оддел IV]
Член 11
Член 11-1
Слобода на здружување
Забрана за преземање сидникални мерки од солидарност против работодавач кој не е страна на спор помеѓу работодавачите и работниците: нема повреда
Факти – Правото да се преземат секундарни синдикални мерки, за разлика од примарните мерки, било ограничено во Обединетото Кралство во 1980 година и таквите мерки се незаконски од 1990 година.* Во 2007 година група на 20 работници од компанијата Џ, кои биле членови на синдикатот жалител, биле преземени од компанијата Х. Две години покасно тие организирале штрајк кога компанијата Х кажала дека ќе ги промени нивните договорни услови за да бидат на исто на нивно како и другите работници. Штрајкот ја навел компанијата Х да подготви ревидирана понуда, која најпрво работниците ја одбиле, но на крај немале други избор освен да ја прифатат. Во жалбата до Европскиот суд за човекови права, синдикатот жалител тврдел дека штрајкот на неговите членови во компанијата Х бил неефикасен поради законската забрана за штрајк од секундарни мерки, која го попречила да организира штрајк на солидарност во работниците од компанијата Џ.
Синдикатот жалител исто така се жалел дека одредбите од домашниот закон со кој се регулира спроведувањето на гласање за одлука за организирање штрајк биле престроги и предетални. Како последица на тоа, работодавачот успеал да добие времена мерка со која му се забранува на жалителот да организира штрајк во врска со платата и условите за работа од причина што жалителот недоволно прецизно го навел точниот опис на работа на засегнатите работници.
Повикувајќи се на член 11 од Конвенцијата, синдикатот жалител тврдел дека ограничувањата на известувањето за спроведување на гласање и целосната забрана на штрајк од солидарност го ослабнувале неговиот капацитет да ги штити интересите на неговите членови.
Право – член 11
(a) Известување за спроведување на гласање за одлука за организирање на штрајк – Судот немал основ за да заклучи дека остварувањето на правата на синдикатот жалител од член 11 било попречено со преголемите обврски да ги испочитува процедурални услови превидени со закон, што на крајот жалителот и успеал и да ги исполни. Иако имало одолговлекување при преземањето мерки за заштита на интересите на членовите на синдикатот жалител, синдикатот успеал да организира штрајк две месеца после тоа, поради што пак работодавачот ја подобрил понудата до членовите на синдикатот. Понудата била прифатена и станала обврзувачка во форма на колективен договор набрзо после тоа. Судот можел да разгледува жалбени наводи само со оглед на конректните факти и она што оваа ситуација покажувала реално било успешна колективна мерка преземена од синдикатот во име на своите членови.
Заклучок: жалбениот навод е недопуштен (очигледно неоснован).
(б) Секундарен штрајк – Овој случај бил прв пат Судот да мора да утврди дали правото на секундарен штрајк е во опсег на член 11. Големиот судски совет потврдил во Демир и Бајкара дека Судот мора да земе предвид и други меѓународни инструменти покрај Конвенцијата, толкувањето на тие документи од страна на надлежните органи, и практиката на европските држави која е одраз на заедничките вредности. Правото на штрајк од солидарност било признато и заштитено со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот (МОТ) бр. 87 и Eвропската социјална повелба и не би било конзистентно Судот во поглед на член 11 да примени толкување на опсегот на слободата на здружување на синдикатите кое е многу порестриктивно од толкувањето кое преовладува во меѓународното право. Покрај тоа, многу европски држави ги прифаќале штрајковите на солидарност како законита форма на синдикални мерки. Законската забрана за секундарни мерки затоа претставувала мешање во правото на синдикатот на слобода на здружување.
Не било спорно дека мешањето е засновано на закон, имено член 224 од Законот за синдикати и работни односи од 1992 година. Судот исто така бил убеден дека забраната служела за остварување на легитимна цел заштита на правата и слободите на другите, каде спаѓале не само работодавачот директно инволвиран во синдикалниот спор, туку исто така и пошироките интереси на домашната економија и јавноста која потенцијално можела да биде засегната од нарушувањето предизвикано од секундарните синдикални мерки, кои можеле да бидат пообемни од примарните.**
Што се однесува на тоа дали мешањето е неопходно во демократско општество, Судот сметал дека не е потребно да одлучи дали правото на штрајк само по себе треба да се смета за суштински елемент за слободата на здружување. Синдикатот жалител искористил два елемента на слободата на здружување кои биле идентификувани како суштински важни: правото на синдикатот да се обиде да го убеди работодавачот да го сослушта што има да каже во име на неговите членови и правото да се вклучи во колективни преговори.
Судот го отфрлил наводот на жалителот дека на државите договорнички треба да им се довери само многу ограничен простор за слободна оцена во оваа област. Тоа не било случај кога наметнатото ограничување одело до суштината на синдикалната слобода, како што е мерката распуштање на синдикатот. Оспегот на слободната оцена во случаи како случајот на жалителот морале да се ценат со оглед на релевантните фактори како што се карактерите и опсегот на спорното ограничување, целата која со него треба да се оствари и конкурентните права и интереси на други лица кои можеле да страдаат како последица на неограниченото остварување на тоа право. Степенот на согласност помеѓу државите членки на Советот на Европа можел исто така да биде релевантен, како и постоењето на меѓународен консензус одразен во релевантните меѓународни инструменти.
Карактерот и обемот на мешањето кое го претрпел синдикатот жалител – кој можел да организира штрајк, иако во ограничен обем и со ограничени резултати – не ја повредувале суштината на слободата на здружување на синдикатот. Што се однесува на целта на мешањето, предметот бил поврзан со социјалната и економската стратегија на тужената држава, област во која Судот обично допушта широк простор за слободна оцена. На тој заклучок не влијаел фактот што Обединетото Кралство било една од малата група на европски држави кои усвоиле апсолутна забрана на секударни синдикални мерки или со негативните оцени на таа забрана дадени од мониторинг телата на МОТ и Европската социјална повелба, затоа што тие го разгледувале тоа прашање од поинаква, погенерална гледна точка.
Забраната на секундарни синдикални мерки останала непроменета повеќе од 20 години, и покрај две смени на владата. Тоа покажувало демократски консензус во поддршка на таа забрана, и прифаќање на причините за забраната, соодветни на различни политички мислења во Обединетото Кралство. Тоа посочувало дека во нивната оцена како најдобро да се оствари поширокиот јавен интерес во нивната земја во често напрегнатиот политички, социјален и економски контекст на синдикалните односи, домашниот законодавец се потпрел на причини кои биле и релевантни и доволни во смисла на член 11 од Конвенцијата.
Накусо, фактите на конкретната ситуација која е предмет на жалба во овој случај не покажувале дека има неоправдано мешање во правото на синдикатот на слобода на здружување, чии суштински елементи жалителот можел да ги примени: со застапување на своите членови, преговори со работодавачот во име на своите членови кои имале спор со работодавачот и преку организирање на штрајк на тие членови на нивното работно место. Во оваа законодавна област за која било потврдено дека е чувствителна, тужената држава имала простор за слободна оцена доволно широк да во тој простор спаѓа и важечката законска забрана на секундарни синдикални мерки, во околностите на овој случај немало основа да смета дека дејството на забраната во однос на спорните факти подразбира непропорционално ограничување на правото на синдикатот од член 11.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
(Види исто така Демир и Бајкара против Турција [ГСC], 34503/97, 12 ноември 2008 година, Information Note 113)
* Секундарна или синдикална мерка на солидарност е штрајк против друг работодавач кој не е страна на синдикалниот спор, преземена со цел да се изврши индиректен притисок врз работодавач инволвиран во спорот.
** Во поглед на позицијата во случај во врска со примарен штрајк, види UNISON против Обединетото Кралство (одлука), 53574/99, 10 јануари 2002 година, Information Note 38
© Coвет на Европа/Eвропски суд за човекови права
Ова резиме подготвено од Секретаријатот на Судот не го обврзува Судот
На овој линк може да се најдат Информативни белешки од судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy