© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2015. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ПОРАНЕШЕН ПЕТ ОДДЕЛ
СЛУЧАЈ ТРАБЕЛСИ (TRABELSI) против БЕЛГИЈА
(Жалба бр. 140/10)
ПРЕСУДА
[Извадоци]
СТРАЗБУР
4 септември 2014
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно условите дефинирани во членот 44 став 2 од Конвенцијата. Може да биде предмет на редакциски измени.
Во случајот Трабелси (Trabelsi) против Белгија,
Европскиот суд за човекови права (поранешниот петти оддел), заседавајќи во совет составен од:
Марк Вилигер (Mark Villiger),
Ан Пауер-Форде (Ann Power-Forde),
Гана Јуткивска (Ganna Yudkivska),
Андре Поточки (André Potocki),
Пол Леменс (Paul Lemmens),
Хелена Јадерблом (Helena Jäderblom),
Алеш Пејчал (Aleš Pejchal), судии,
и од Клаудиа Вестердик (Claudia Westerdiek), секретарка на одделот
Откако го разгледа случајот на затворена седница на судскиот совет на 1-ви јули 2014 г,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот произлегува жалба (бр. 140/10) против Кралството Белгија, поднесена од туниски државјанин, г-дин. Низар Трабелси (Nizar Trabelsi) („жалителот“), кој се обрати до судот на 23 декември 2009 година повикувајќи се на членот 34 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи („Конвенцијата“).
2. На денот на донесувањето на оваа одлука, 1ви јули 2014 година, жалителот е застапуван од страна на г-дин. A. Шато (A. Château), адвокат во Брисел. Белгиската Влада („Владата“) е застапувана од нејзиниот агент, г-дин М. Тајзеберт (М. Tysebaert), генерален советник, Сојузна јавна служба за правда.
3. Жалителот се жали особено дека неговата екстрадиција во САД го изложила на ризик од третман спротивен на членот 3 од Конвенцијата. Тој исто така смета дека извршувањето на решението за екстрадирање го повредило неговото право на индивидуална жалба.
4. На 27 ноември 2012 година, жалбата е доставена до Владата.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
5. Жалителот е роден во 1970 година и е моментално притворен во затворот Рејпанок (Rappahannock) во Стафорд, Вирџинија (САД).
А. Кривична постапка и азил
6. На 14 септември 2001 година, жалителот бил предмет на потерница издадена од страна на извршен судија од првостепениот суд на Брисел. Претрес на неговиот дом, всушност, довел до откривање на лажни пасоши, автоматско оружје и муниција, како и на хемиски формули корисни за правење експлозиви, како и детална карта на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Париз.
7. По претрес извршен истовремено во едно кафуле во Брисел, во кое жалителот често одел, и според информациите обезбедени од страна на уште еден осомничен кој, исто така, бил уапсен, полицијата пронашла 59 литри ацетон и 96 килограми сулфур во прав. Според наводите на потерницата што потоа била издадена, жалителот бил обвинет за криминално здружување, уништување со експлозија, поседување на воено оружје и за припадност на приватна милиција.
8. Жалителот, кој ги признал наведените дела, бил осуден на десет години затвор од страна на првостепениот суд во Брисел на 30 септември 2003 година затоа што, меѓу другото, се обидел да ја уништи со експлозија белгиската воена база Клајне-Брогел (Kleine-Brogel), за фалсификуван ракопис и затоа што иницирал криминално здружување формирано со цел да изврши напад врз лицата и имотите. Во својата пресуда, судот го истакнал следното:
„[Жалителот] се обидел да изврши едно од најсериозните кривични дела од стекнувањето независност на Белгија; и покрај времето што поминало од неговото апсење, тој не се поправил, неговата способност да вршти штетни дејствија останала непроменета и немало причина да се прифатат олеснителни околности за него.“
9. Со пресуда од 9 јуни 2004 година, Апелациониот суд од Брисел ја потврдил пресудата на жалителот на десет години затвор за разни кривични дела, вклучувајќи го и тоа што:
„- се обидел да ја уништи со експлозија белгиската воена база во Клајне-Брогел (Kleine-Brogel), со околноста дека авторот на делото веројатно претпоставил дека, во мигот на елсплозијата, на лице место имало едно или повеќе лица ( ...),
- вршел командна функција во рамките на здружение формирано со цел вршење на кривични дела казниви со казна доживотен затвор и, во овој случај, извршување на терористички напад (...)
- добил средства од странска организација за спроведување во Белгија на активност од таков вид што ја поткопува внатрешната безбедност на државата (...)
- незаконски поседувал воено оружје (...)
- основал, помагал или учествувале во приватна милиција или која и да е друга организација на поединци, чија специфична цел е користење сила (...) ".
10. На 26 јануари 2005 година жалителот бил осуден во отсуство од страна на тунискиот воен суд и осуден на десет години затвор за припадност на терористичка организација во странство во време на мир. Бил издаден налог за апсење од страна на постојаните воен суд од Тунис на 29 Јуни 2009 г., за кој барање за егзекватура било доставено на белгиските власти со дипломатска нота од 10 септември 2009 година.
11. Главната казна на која жалителот бил осуден во Белгија му истекувалa на 13 септември 2011 година. Втора и трета супсидијарна казна од шест и три месеци затвор биле изречени во 2007 година и директно извршени. Жалителот го завршил издржувањето на казната на 23 јуни 2012 година.
12. Во меѓувреме, на 25 август 2005 година, жалителот поднел барање за азил во Белгија што Генералниот комесар за бегалци и апатриди го отфрлил со решение од 10 април 2009 година. Тој не му го признал на жалителот статусот на бегалец и одбил да му даде дополнителна заштита врз основа на тоа дека тој бил виновен за дејствија спротивни на целите и принципите на Обединетите нации во рамките на значењето на членот 1 ѓ) в од Женевската конвенција. Таа одлука била потврдена од страна на Советот за спорови на странци во пресуда од 18 мај 2009 година.
Б. Постапка за екстрадиција
1. Судска фаза на егзекватура на американското обвинение
13. Со дипломатската нота од 8 април 2008 година, американските власти им го пренеле на белгиските власти барањето за екстрадиција на жалителот согласно Договорот за екстрадиција склучен меѓу Кралството Белгија и на Соединетите Американски Држави на 27 април, 1987 г. Барањето било образложено со повикување на обвинението кое било издадено од страна на Окружниот суд (District Court)од округот на Колумбија (Вашингтон) во однос на жалителот на 16 ноември 2007 г. и го обвинувало за следното:
„ А. Криминално здружување на американски државјани надвор од САД со кршење на следниве одредби: 18 U.S.C. § 2332 (б), (2) и 1111 (а)
Б. Криминално здружување и обид за употреба на оружје за масовно уништување со кршење на следниве одредби: 18 U.S.C. § 2332a и 2
В. Криминално здружување за да се обезбедат материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, со кршење на следниве одредби: 18 U.S.C. § 2339B
Г. Обезбедување на материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, со кршење на следниве одредби: 18 U.S.C. § 2339B и 2. "
14. Барањето за екстрадиција понатаму наведувало:
„Налог за апсење на г-дин Низар Трабелси било издаден на 16 ноември 2007 година од страна на судијата (...).
Фактите во основата на обвинението укажуваат на тоа дека во текот на средината на 2000-тата година или порано, додека бил во Германија и на други места во Европа, како и во Авганистан, Низар Трабелси склучил договор доброволно со соучесници на Ал Каеда, вклучувајќи го и Осама бин Ладен, за да обезбеди материјална поддршка и ресурси со намера да убие американски државјани кои се наоѓале во целни објекти во Западна Европа и да користи на големо експлозивна направа (оружје за масовно уништување) да уништи недвижен имот во Западна Европа, окупиран од страна на Соединетите Американски Држави и / или одделение или агенција на Соединетите Американски Држави.“
15. Според документите во прилог на барањето за екстрадиција, вклучувајќи ги применливите извадоци од кривичниот законик (Член 18 од, United States Code, U.S.C.) доставени од страна на американските власти, овие обвинителни точки биле казниви со следниве казни:
„ А. 18 U.S.C. § 2332 (б), (2) и 1111 (а): затвор на неодреден временски период или доживотно, или истовремено и парична казна и затвор.
Б. 18 U.S.C. § 2332a и 2: затвор на неодреден временски период или доживотно.
В. 18 U.S.C. § 2339B: парична казна или затвор до 15 години, или и двете.
Г. 18 U.S.C. § 2339B и 2: парична казна или затвор до 15 години или и двете. »
16. На 4 јуни 2008 година, федералниот обвинител со обратил до советот на првостепениот судот од Нивел (Nivelles) со барање за спроведување на налогот за апсење што бил издаден на 16 ноември 2007 година за жалителот. Федералниот обвинител, во својот завршен збор, нагласил дека максималните казни за делата врз кои се заснова барањето за екстрадиција биле со времетраење од пет и десет години.
17. Со дипломатската нота од 12 ноември 2008 година, властите на САД им ги упатиле на белгиските власти следниве гаранции во однос на жалителот:
„The Government of the United States assures the Government of Belgium that, pursuant to his extradition, Nizar Trabelsi will not be prosecuted before a military commission, as enabled by the Military Commissions Act of 2006; The Government of the United States further assures the Government of Belgium that upon extradition, Trabelsi will not be detained or incarcerated in any facility other than a civilian facility in the United States.“
18. Со одлука од 19 ноември 2008 година, советот на првостепениот суд од Нивел го прифатил обвинението на федералниот обвинител и му дал извршна сила на налогот за апсење издаден од страна на Окружниот суд (District Court). Одлуката, меѓутоа, го наведувала следното:
„Прегледот на документите доставени со налогот за апсење со цел на екстрадиција (...) открива, од своја страна, дека меѓу „отворените дела“ (‘overt acts’) што американските власти детално ги наведуваат во поткрепа на 1-вата точка од обвинението, има неколку кои прецизно се совпаѓаат со фактите, извршени на белгиска почва, врз кои се заснова казната [на жалителот] во Белгија.
(...)
Според принципот ne bis in idem, налогот за апсење со цел на екстрадиција донесен на 16 ноември 2007 година од страна на надлежниот судски орган на Соединетите Американски Држави оттука не може да се смета за извршен со оглед на тоа што се однесува на „отворените дела“ [бр.23, 24, 25, 26] изнесени во ставот 10 од 1-вата точка од обвинението и за кои се очекува дека ќе се повторат во поддршка на други трошоци. »
19. Судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд во Брисел при кој жалителот ја поднел жалбата, со пресуда од 19 февруари 2009 година, ја потврдил оваа одлука и доделил егзекватура. Откако констатирал дека екстрадицијата имала за цел други факти (извршени надвор од Белгија) од оние за кои жалителот бил судски гонет и осуден во Белгија, Апелациониот суд сметал дека:
„Не постојат сериозни причини да се верува дека барањето за екстрадиција е направено заради гонење или казнување на Трабелси Низар заради расата, религијата, националноста или политичкото мислење или дека ситуацијата тоа лице може да биде влошена заради било која од овие причини.
(...)
Не постојат ниту сериозни ризици да се верува дека Трабелси Низар, доколку биде екстрадиран, ќе биде предмет на флагрантно негирање на правдата, на тортура и нечовечко или понижувачко постапување; не постои причина да се верува дека Соединетите Американски Држави нема строго да ги почитуваат сите одредби, вклучувајќи ги и членовите 7,2 и 7,3 на договорот за екстрадиција со Белгија, и дека Трабелси Низар ќе биде затворен во цивилен затвор и суден од редовни судови според традиционалната постапка.
(...) "
20. На 24 април 2009 година, жалителот поднел жалба против пресудата на Апелациониот суд. Тој се повикувал особено на ризикот од постапување спротивно на членот 3 од Конвенцијата и ризикот од флагрантно негирање на правдата. Тој тврдел дека Апелациониот суд не ги проценил последиците од враќањето на жалителот во Соединетите Американски Држави во однос на целокупната ситуација во земјата или самите околности на засегнатиот и смета дека требало да се следи истото расудување како во случајот Saadi c.. Italie [ГС] (бр. 37201/06, ЕСЧП 2008) . Тој, исто така, се жалел дека проблемот што, во однос на членот 3, можело да го предизвика осудата на лице на доживотен затвор без право на намалување на казната, останал без одговор од страна на Апелациониот суд. Конечно, тој се жалел на повреда на начелото ne bis in idem.
21. Во пресуда од 24 јуни 2009 година, Касациониот суд ја одбил жалбата поднесена од страна на жалителот. Тој сметал дека Апелациониот суд правилно ја образложил и правно ја оправдал својата одлука велејќи:
„- дека државата барател била во тек на спроведување на сеопфатна ревизја на својата политика за борба против тероризмот, ја засилувала борбата против тортура и нечовечко и понижувачко однесување, и се подготвувала да ги суспендира специјалните вонредни судови како и да го укине неопределениот притвор без судење на лицата заробени во контекст на меѓународните конфликти,
- дека согласно формалните гаранции дадени во поткрепа на барањето за екстрадиција, на жалителот ќе му се суди од страна на редовен цивилен суд, согласно обичната постапка во сила во државата барател и правата и правните лекови својствени за судскиот систем на таа земја,
- дека на жалителот не му се заканува доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се бара екстрадиција и дека казните со кои истите се казнуваат можат да бидат заменети со други кои можат да овозможат условно ослободување
- дека без да имаат, во однос на самиот жалител, конкретен карактер кој би ги направил уверливи наведените ризици, доказите на кои тој се повикува не овозможуваат постоење на сериозна загриженост за тоа дека тој ќе биде изложен на флагрантно негирање на правдата или тортура или нечовечко и понижувачко однесување.
(...)“
22. Во писмо од 11 ноември 2009 година, испратено до белгиските власти по барање на федералниот обвинител задолжен за случајот на есктрадиција, Министерството за правда на Соединетите Американски Држави ги доставува следниве дополнителни информации:
„The statutory maximum sentence for a conviction of each of the first two of these offenses is life imprisonment and the statutory maximum sentence for the latter two offenses is 15 years. .In addition, the United States Sentencing Guidelines, which are the voluntary guidelines that judges may choose to follow in sentencing defendants, call for a life sentence for each of the first two of these offenses.
A life sentence is not mandatory and the court has the discretion to issue a sentence less than life. In issuing a sentence, the court may consider the gravity of the offense and whether any lives were lost or property was damaged. In this instance, Trabelsi did not succeed in carrying out his plans to kill United States nationals and to use weapons of mass destruction. Thus, the court in issuing a sentence, in its discretion, may consider that Trabelsi was not successful in carrying out his plans. The court also may consider any mitigating factors, such as whether the defendant acknowledges responsibility for his actions.
If the court, in its discretion, sentences Trabelsi to a punishment of less than life. i,e., a term of years, Trabelsi’s sentence could be reduced by up to 15% for good behavior while incarcerated.. This type of sentence reduction is only possible, however, if the original sentence is to a term of years, however long, rather than a life sentence. Therefore, if Trabelsi were sentenced to a term of 20, 30, or even 50 years, then he could be eligible for a sentence reduction of up to 15% of his original sentence based on his good behavior while incarcerated. If, however, Trabelsi is sentenced to life, he would not be eligible for any reduction in his sentence.
Finally, Trabelsi can apply for a Presidential pardon or sentence commutation. (A pardon would eliminate the conviction; a commutation would be an adjustment to the sentence.) However, this is only a theoretical possibility in Trabelsi’s case. We are not aware of any terrorism defendant ever having successfully applied for a Presidential pardon or sentence commutation. »
2. Правнa и административнa фаза на одговорoт на барањето за екстрадиција
а) Мислење на обвинителниот судски совет
23. Откако американското обвинение било прогласено за извршно, постапката за одговор на барањето за екстрадиција била отворена.
24. На 4 февруари 2010 година, федералниот обвинител упатил до Апелациониот суд од Брисел писмено мислење повикувајќи го, во светлината на судската пракса на Судот и особено на пресудата Kafkaris c. Chypre [ГС] (бр. 21906/04, ЕСЧП 2008), да даде позитивно мислење за екстрадицијата на жалителот. Тој наведувал дека за првите две точки од обвинението, жалителот можел да биде осуден на доживотна казна затвор, додека за последните две точки, можел да добие казна затвор од петнаесет години.
25. Во писмо од 29 март 2010 година, упатено до Федералната јавна служба за правда, жалителот забележувал дека на рочиштето од 24 март 2010 година, федералниот обвинител признал дека погрешил во своите поднесоци во постапкатаза егзекватура, што се однесува до казната што жалителот можел да ја добие по неговата екстрадиција во САД (видете став 16, погоре).
26. На 10 јуни, 2010 година, Судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд издал позитивно мислење за екстрадицијата на жалителот под неколку услови:
„- екстрадицијата може да се дозволи само:
i. под услов да не ќе се изрече смртна казна против Н. Трабелси или, ако овој услов не може да се исполни од страна на САД, под услов смртната казна да не биде извршена,
ii. под услов доживотната казна да може да биде предмет на замена на казната, дури и ако оваа осуда е изречена поради тероризам,
- во случај на барање за повторна екстрадиција на Н.Трабелси во трета земја, особено во Тунис, САД ќе треба да бараат согласност од Белгија доколку претпоставиме дека, откако Н. Трабелси ќе им биде доставен, тие во иднина добијат повторно барање за екстрадиција испратено од страна на Тунис во меѓувреме.
Доколку САД не ги прифатат овие услови, екстрадицијата мора да биде одбиена.“
б) Министерски декрет за дозвола на екстрадицијата
27. Со дипломатска нота од 10 август 2010 година, американските власти потврдиле дека жалителот не ризикува смртна казна и ги увериле белгиските власти дека жалителот нема да биде екстрадиран во трета земја без согласност на белгиската влада. Тие потсетиле дека максималната казна доживотен затвор не била задолжителна и дека, дури и ако биле обединети и докажани конститутивните елементи на наведените кривични дела, судот имал дискреционо право да досуди пониски казна. Нотата појаснувала дека американското законодавство предвидувало неколку можности за намалување на доживотна казна затвор:
„Regarding the question of commutation of a life sentence, the United States wishes to make it clear, in the first instance, that if Trabelsi were convicted, a life sentence is not mandatory; the court has the discretion to impose a sentence less than life. Also, a defendant has a statutory right to appeal the conviction and sentence, including a life sentence, both directly, and collaterally through a habeas corpus petition. In addition, there are certain statutory bases for reduction of an already-imposed sentence, including where the defendant has provided substantial assistance in the investigation or prosecution of a third party (Federal Rule of Criminal Procedure 35(b) and Title 18 United States Code, Section 3582(c)(1)(B)), or for compelling humanitarian reasons such as the terminal illness of the prisoner (Title 18, United States Code, Section 3582(c)(lXA)(i)).
In addition to these measures, the defendant may request that his sentence be reduced as an exercise of executive clemency by the President of the United States. The President’s power under Article H, Section 2, of the U.S. Constitution, “to grant reprieves and pardons” includes the authority to commute (reduce) a sentence of imprisonment, including a life sentence. There are established regulations and procedures governing the application process for executive clemency, and the Office of the Pardon Attorney has been established in the Department of Justice to review all applications for executive clemency and prepare recommendations for the President on those applications. The U.S. Constitution gives the President absolute discretion to grant executive clemency to a defendant. We note that while such discretion has been exercised sparingly, such relief has, on occasion, been granted for serious offenses implicating national security. For example, in 1999, President Clinton commuted the sentences of 13 members of the FALN, a violent Puerto Rican nationalist organization responsible for numerous bombings in the 1970s and early 1980s, who had been convicted of conspiracy to commit armed robbery, bomb making, sedition and other offenses. »
28. На 23 ноември 2011 година, министерот за правда донел министерски декрет дозволувајќи екстрадиција на жалителот на Владата на САД. Истакнувајќи дека жалителот во ниту еден случај не ризикувал смртна казна, декретот ги испитал сите други гаранции.
29. Во однос на можната примена на доживотна казна затвор, министерскиот декрет гласел вака:
„Во согласност со американското федерално кривично право, предвидената максимална казна за обвиненијата - делата под А и Б - подразбира неможност за предвремено ослободување, привремено или условно. Казната за доживотен затвор како што е предвидена во овие две одредби од американскиот кривичен законик е, правно и фактички, во принцип се отслужува цел живот.
(...)
Во дипломатската нота бр.o 21 од 10 август 2010 година на американската амбасада, американскиот орган дал гаранција дека (дури), и да биде досудена доживотна казна затвор без можност за нејзино смалување, можно е да се добие помилување ("простување") од Претседателот на Соединетите Американски Држави. Ова право било утврдено во членот 2, II на американскиот устав. Покрај тоа, помилувањето всушност било доделено на неколку наврати во минатото, а и неодамна, на лица кои осудени од страна на американските судови - вклучувајќи ги и федералните.
(...)
Случајот на FALN, дури и ставен во неговиот историски контекст, покажува дека во случаи кои можат да спаднат под сегашното законодавство против тероризмот од 11 септември 2001 година, кои објективно треба да се оквалификуваат како многу потешки од оние за кои бараното лице дека е осомничено, и кои оттука најверојатно можат да предизвикаат повисоки казни, пмилувањето навистина може да биде доделено.
Иако уште од 2001 луѓе биле осудени на казна затвор без право на смалување (...) за тероризам или за дела поврзани со тероризмот, во однос на содржината, овие случаи не можат да се споредат со случајот Трабелси. Сите оние лица кои се осудени во САД на казни доживотен затвор без можност за условно или предвремено ослободување биле обвинети, гонети и на крајот осудени за нивно вклучување како учесници во терористички напади во кои имало мртвите и/или повредени и значителна материјална штета како што се, на пример, нападите врз американските амбасади во Најроби, Кенија и Дар-ес-Салам (Танзанија) од 7 август 1998 година. (...)
Поради нивната големина и природа, овие дела очигледно не се споредливи со оние на товар на бараното лице.
Во споменатите предмети, лица, понекогаш многумина, меѓу кои и американски државјани, всушност претрпеле значителна физичка и материјална штета. Сепак, бараното лице се гони поради тоа што планирало и подготвувало терористички напад кој не бил извршен. Бараното лице не успеало, со други, да причини човечки или материјални штети.
Оттука очигледно е веројатно дека наводните прекршоци не можат да дозволат да се бара или да се досуди максималната казна предвидена во американскиот кривичен законик и која може да се примени, односно, казна доживотен затвор без право на смалување.
Една неодамнешна студија на НВО Human Rights First покажува дека од 214-те гонети лица од 11 септември 2001 за терористички кривични дела поврзани со Ал Каеда или со други исламистички групи или за кривични дела поврзани со нив, 195 биле осудени. Секој пат се работело за гонења или осуди покренати од страна на федералните обвинители и судови. 151 осудени лица биле осудени на лишување од слобода, а 20 биле осудени на условна казна затвор или на затвор во времетраење на притворот што веќе го биле отслужиле. Просечната должина на досудените казни била 8,4 години. Само 11 од осудените лица биле осудени на доживотна казна затвор. Извештајот исто така наведува дека постапките го почитуваат правото на фер судење (Human Right First, In pursuitof Justice: Prosecuting Terrorism Cases in the Federal Courts – 2009 Update and Recent Developments, 2009, 68 p.).
Од бројките произлегува дека објективно ризикот да се биде осуден на доживотен затвор - без право на условно ослободување - во случај на гонење заради терористички дела е значително поограничен од она што се чини широко прифатено.“
30. Во врска со можноста жалителот повторно да биде екстрадиран во Тунис, министерскиот декрет продолжувал вака:
„Во дипломатската нота бр. 21 од 10 август 2010 година на американската амбасада, американскиот орган јасно укажал дека ако туниските власти бараат екстрадиција во САД, таа нема да биде доделена.
(...)
Бидејќи било одлучено да се одбие екстрадицијата во Република Тунис и бидејќи за секоја однова екстрадиција е нужна согласност од државата која ја овластила првичната екстрадиција, евентуална повторна екстрадиција во Република Тунис не може да се случи.
Бидејќи белгиските власти ја одбиле екстрадицијата во Република Тунис и бидејќи, доколку Тунис требал во иднина да упати барање за екстрадиција до САД, тие, исто така, ќе ја одбијат, евентуалната повторна екстрадиција од страна на САД во Република Тунис е невозможна.“
31. Конечно, министерската одлука ја анализирала примената на начелото ne bis in idem како што следува:
„Белгија и Соединетите Американски Држави (...) меѓусебно се обврзаа да ја одбијат, во контекст на Конвенцијата (за екстрадиција од 27 април 1987 г.), екстрадицијата ако бараното лице било ослободено во државата до која било упатено барањето или ако во неа било осудено за истото кривично дело за кое се бара екстрадиција. Ратификацијата (...), ја интегрирала овој конвенција во белгиските и американски правни системи.
Со други зборови, не фактите туку нивната квалификација, односно, кривичните дела кои мора да бидат идентични.
(...)
Фактите врз кои се засноваат инкриминираните дела соодветствуваат на „отворени дела“ (‘overt acts’) кои поединечно или како целина функционираат како елементи во поткрепа на обвиненијата. Принципот на ‘double jeopardy’ не ја исклучува можноста да се употребат или не тие факти.
Во овој случај, делата за кои бараното лице било неотповикливо осудено од Апелациониот суд од Брисел на 9 Јуни 2004 година не соодветствуваат со кривичните дела наведени во обвинението А до Д содржани во налогот за апсење врз кој се заснова американското барање за екстрадиција. Конститутивните елементи на соодветните американски и белгиски кривични дела, нивниот обем, локација и времето во кои тие биле извршени не се совпаѓаат.
(...)
Според сојузното кривично право на Соединетите Американски Држави, ‘overt act’ е (de facto или фактички) елемент, дело, однесување или трансакција која сама по себе не може неизбежно да се квалификува како кривично дело. (...)
Секое „отворено дело“ е само еден доказен елемент во поддршка кој сам по себе или во комбинација со други отворени дела, може да помогне во утврдување на кривичното дело или на кривичните дела за кои лицето се гони, имено заговор - здружување или таен заговор (‘conspiracy’) - со цел, на пример, да се убијат американски државјани (видете обвинение А). (...)
„Отворените дела“ 24, 25 и 26, секако, би можеле да се оквалификуваат наизменично како кривични дела, но тие не се дела за кои се бара екстрадиција.“
32. Декретот предвидувал во членот 2, дека „екстрадицијата ќе се случи откако бараното лице ќе ја задоволи белгиската правда“.
33. Истиот ден, со друг министерскиот декрет, министерот за правда ја одбил екстрадиција на жалителот на туниските власти (видете став 10 погоре).
в) Барање за поништување пред Државниот совет (Conseil d’Etat)
34. На 6 февруари 2012 година, наведувајќи ја особено повредата на членот 3 од Конвенцијата и на членот 4 од Протоколот бр. 7, жалителот поднел жалба до Државниот совет со цел поништување на министерсиот декрет кој ја авторизирал неговата екстрадиција во САД.
35. На рочиштето на Државниот совет од 19 септември 2013 година, жалителот се повикал на пресудата на Судот во случајот Vinter et autres c. Royaume-Uni [ГС] (бр. 66069/09, 130/10 и 3896/10, 9 јули 2013). Тој заклучил од оваа пресуда дека Судот отсега сметал дека својството според кое една доживотна казна затвор може да биде смалена или не требало да биде предмет на превентивна контрола, пред затвореникот да почне да ја отслужува својата казна и оттука дека разграничувањето направено во пресудата Babar Ahmad et autres c. Royaume-Uni, (бр. 24027/07, 11949/08, 36742/08, 66911/09 и 67354/09, 10 април 2012) според тоа дали лицето кое е предмет на екстрадиција било осудено или не веќе не било релевантно.
36. Во пресуда од 23 септември 2013 година, Државниот совет го отфрлил барањето за поништување. Што се однесува на жалбениот основ на членот 3 од Конвенцијата и на ризикот од доживотна казна затвор без право на смалување, Државниот совет се изразил како што следува:
„Под претпоставка жалителот да биде осуден од страна на американските судови на доживотна затворска казна, треба да се укаже, сепак, дека [Судот], во својата пресуда Vinter et autres c. Royaume Uni од 9 јули 2013 г., пресудил дека: „самиот факт дека доживотна казна затвор може во пракса да се ислужи во целост не ја чини истата без право на намалување“, дека „доживотна казна затвор без право на смалување де јуре и де факто не покренува ниту едно прашање во полето на членот 3 (...)“ и дека „Таму каде националниот закон предвидува можност да се ревидира доживотната затворска казна со цел да се замени, таа да се суспендира, прекине или уште да се ослободи затвореникот под одредени услови, исполнети се условите од членот 3“.
Во овој случај, како и во случајот Babar Ahmad et autres c. Royaume-Uni во кој била донесена пресудата на [Судот] од 10 април 2012 година, жалителот не бил осуден од страна на американски суд на доживотен затвор и оттука a fortiori не почнал да отслужува таква казна .
Како во овој претходно наведен случај, тој не демонстрира дека во случај на евентуална осуда на ваква казна, ќе се постави прашањето за тоа дали ниту една законска причина од редот на пенологијата нема да го оправда продолжувањето на неговата затворска казна.
Понатаму, жалителот признава, во својот последен поднесок, дека евентуална казна доживотен затвор на која би бил осуден, би имала право на смалување де јуре. Американскиот закон така ја дава можноста за ревизија на казната, или да се побара помилување или замена на казната со полесна, а жалителот не тврди дека оваа можност за помилување или заменување на казните би била придружена со рестрикции слични на оние во прашање во гореспоменатата пресуда на [Судот] од 9 јули 2013 година.
Секако, жалителот не спори дека таква казна ќе има право на смалување де факто. Сепак, од објаснувањата доставени од страна на американските власти до другата страна произлегува дека претседателот на САД веќе го искористил своето овластување за замена на иницијалните казни со помали. Правното средство што така ќе се отвори за жалителот доколку биде осуден на доживотен затвор, не е значи исклучено во пракса.
Покрај тоа, тврдењето на жалителот дека, од атентатот од 11 септември 2001 година, би било незамисливо претседателот на САД да даде помилување или да ја замени казната на лице осудено за тероризам, не е поткрепено со каква и да е информациja која тоа би го докажала, а и не би ни можело да биде со оглед на да релативно краткиот временски период, во однос на доживотната казна затвор, кој поминл од атентатот и последователните кривични осуди.
Како и во случајот Babar Ahmad (...), не е значи утврдено дека американските власти ќе одбијат кога ќе дојде времето да ги применат достапните механизми за намалување на казните доколку ниту една законска причина од редот на пенологијата веќе не го оправдува задржувањето на жалителот во затвор.
Евентуалната доживотна казна затвор на која би бил осуден жалителот, исто така, оттука би можела исто така да биде смалена де факто.
Затоа е ирелевантно дали спротивната страна погрешно сметала дека жалителот не би бил нужно осуден на доживотен затвор. Всушност, под претпоставка тој да биде осуден на таква казна, оваа казна не би претставувала повреда на членот 3 од [Конвенцијата]. "
37. Во врска со жалбениот основ од членот 5 од Договорот за екстрадиција меѓу Кралството Белгија и Соединетите Американски Држави, од членот 4 од Протоколот бр. 7 од Конвенцијата и од член 14 § 7 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Државниот совет го сметал следново:
„Американските власти бараат екстрадиција на жалителот заради четири обвинителни точки, односно:
1) криминално здружување со цел убиство на американски државјани надвор од САД;
2) криминално здружување и обид за употреба на оружје за масовно уништување;
3) криминално здружување за обезбедување материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација;
4) обезбедување материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација.
Според истите американски власти, за спроведување на овие обвиненија, жалителот и како други криминалци спровеле серија на „отворени дела“, вклучувајќи ги и оние за кои била дозволена екстрадицијата на американските власти и кои се прикажани како што следува [следува листа на 28 дела]
Во Белгија, делата („во судската област на Брисел, и поврзаните дела, на други места во Кралството“) заради кои жалителот се гони како што следува: [следува листа на 13 дела].
Ако се земат предвид сите „отворени дела“, за кои екстрадицијата им е дозволена на американските власти и сите кривични дела во Белгија, кои се случиле „во судската област на Брисел и (...), и на друго место во Кралството“ како два услови за споредба, треба да се напомене дека првите дела немаат никаква територијална врска со Кралството Белгија и претставуваат збир на факти кои служат како составни елементи на четирите точки од обвинението поднесено од американските власти.
Се чини од елементите на предметот дека жалителот е баран од страна на американските власти за кривични дела за кои тој не „е прогласен за виновен осуден или ослободен во државата до која е поднесено барањето“ и дека „отворените дели“ претставуваат елементи кои ќе им служат на американските судски власти за да утврдат дали жалителот е виновен или не во однос на четирите точки од обвинението против него.“
В. Изрекување за времена мерка и понатамошната постапка пред Судот
38. На 6 декември 2011, датумот на соопштувањето на министерските декрети во врска со барањата за екстрадиција (ставови 28 и 33), жалителот се обратил до Судот со барање за изрекување на времена мерка согласно членот 39 од деловникот заради суспендирање на негова екстрадиција.
39. Истиот ден, Судот го одобрил барањето на жалителот и одлучил да и назначи на Владата, во интерес на страните и на правилното водење на постапката пред него, да не го екстрадира жалителот во САД.
40. На 20 декември 2011 година, тврдејќи дека особено дека изрекувањето на времена мерка била предвремена бидејќи жалителот сеуште не бил на крајот на постапката за екстрадиција и тоа создавало ситуација која го отежнувала функционирањето на правдата, белгиската влада побарала таа да биде укината.
41. На 11 јануари 2012 година, Судот, откако ја разгледал одново жалбата во однос на информациите обезбедени од страна на страните, одлучил, во поглед на овие информации, да одбие да ја укине времената мерка.
42. На 21 Мај 2012 година, Владата поднела второ барање за укинување на времената мерка.
43. Како одговор на тоа, Судот навел, во писмо од 25 мај 2012 година, дека барањето за укинување и жалбата ќе бидат разгледани уште еднаш откако пресудата донесена на 10 април 2012 година од страна на Судот во случајот Babar Ahmad et autres c. Royaume-Uni, претходно наведена, ќе стенала правосилна.
44. Со писмо од 25 јуни 2012 година, Судот го известил страните дека испитувањето на барањето за укинување на времената мерка било одложено sinus die имајќи го предвид прејудицијалното прашање упатено до Големиот судски совет во случаите Vinter and Others v. Royaume-Uni (бр. 66069/09) и Harkins et Edwards c. Royaume-Uni (бр. 9146/07 и 32650/07).
45. На 3 август 2012 година, судот ги информирал страните дека решил да го упати предметот Vinter претходно наведен пред Големиот судски совет и дека барањето за укинување на привремената мерка ќе биде преиспитано кога ќе се донесе одлука за барањето за прејудициелна одлука на Големиот судски совет во случајот Babar Ahmad et autres претходно наведен.
46. Жалбата била доставена до тужената влада на 27 ноември 2012 г.
47. Во своите забелешки по однос на допуштеноста и основаноста на жалбата, Владата побарала по трет пат итно укинување на времената мерка.
48. Судот одговорил, со писмо од 7 јануари 2013 година, дека Владата ќе биде информирана во догледно време за одлуката што Судот ќе ја донесе во врска со времената мерка.
49. На 15 јануари 2013 година, било одлучено да се продолжи времената мерка за времетраењето на постапката пред Судот.
50. Како одговор на четвртото барање на Владата да се укине привремената мерка,Судот назначил, во писмо од 18 јуни 2013 година, дека привремената мерка продолжува и се применува до исходот од постапката.
51. На 10 јули 2013 година, Судот ги известил страните дека разгледувањето на случајот било одложено за да се земе во предвид скорашната пресуда на Државниот совет како и пресудата на Големиот судски совет во случајот Vinter et autres [ГС] (бр. 66069/09, 130/10 и 3896/10, 9 јули 2013 година).
52. Прашан од страна на Владата за рокот на процесирање на случајот, Судот информирал на 25 септември 2013 година дека испитувањето на случајот ќе се изврши кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
53. На 18 октомври 2013 г., Судот ги информирал страните за намерата на Судскиот совет, основан за да го разгледа случајот, да се откаже од својата надлежност во корист на Големиот судски совет, согласно членот 30 од Конвенцијата.
54. Со писмо од 31 октомври 2013 година, жалителот информирал дека се согласува со откажувањето од надлежноста. Од друга стана, Владата навела, во писмо датирано од 8 Ноември 2013 година, дека се спротивставува на откажувањето од надлежноста.
Д. Екстрадициски притвор
55. Од 24 јуни, 2012 година, по издржување на казната на која бил осуден (видете став 11 погоре), жалителот бил притворен со цел на негова екстрадиција во согласност со членот 3 од Законот од 15 март 1874 г. за екстрадиција.
56. На 7 јуни 2012 година, жалителот поднесол прво барање за ослободување пред првостепениот суд од Нивел. Со одлука од 12 јуни 2012 година, Судскиот совет го отфрлил барањето. Одлуката била потврдена од судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд од Брисел на 28 Јуни 2012 г.
57. Потоа, откако во меѓувреме бил префрлен најпрво во затворот во Бриж и потоа во затворот во Хаселт, жалителот поднел второ барање за ослободување на 13 август, 2012 година до Основниот суд во Хаселт. На 24 август 2012 година, судскиот совет го одобрил неговото барање. По жалба од страна на јавното обвинителство, со пресуда од 6 септември 2012 година, судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд во Антверп ја изменил одлуката и го одбил барањето.
58. На 3 декември 2012 година, жалителот поднел трето барање за ослободување. Со одлука од 14 декември 2012 година, судскиот совет на Основниот суд од Хаселт го прогласил барањето за неосновано.` Жалителот поднел жалба до Судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд од Антверпен кој, со пресуда од 10 јануари 2013 година, ја потврдил одлуката.
59. Во јануари 2013 година, откако во меѓувреме префрлен во затворот во Монс, жалителот поднел четврто барање за ослободување кое било прогласено за неосновано од страна на судскиот совет на првостепениот суд на Монс на 4 февруари 2013 г., а потоа и од страна на судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд од Монс, на 21 февруари 2013 година.
60. На 23 август 2013 г., откако во меѓувреме бил префрлен во затворот во Итре, жалителот поднел петто барање за ослободување. Ова било одбиено од страна на судскиот совет на Основниот суд од Нивел, на 28 август 2013 година, и потоа од судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд од Брисел на 12 септември 2013 година.
61. Во меѓувреме, на 5 септември 2013 година, жалителот го напуштил затворот во Итре за да оди во затворот во Бриж откако добил дата за прославување на неговиот брак со белгиска државјанка со која имал две деца.
Д. Екстрадицијата на жалителот
62. На 3 октомври 2013 година, жалителот бил информиран дека ќе биде префрлен од затворот во Бриж во затворот во Итре. Тој всушност бил транспортиран до воениот аеродром во Мелсброек (Melsbroek) каде што го чекале агенти на Federal Bureau of Investigation ("FBI"). Во 11ч 30 тој бил екстрадиран во САД.
63. Министерот за правда дал јавна изјава најавувајќи го заминувањето на жалителот во 13ч30.
64. Во 15ч00, адвокатот на жалителот поднел унилатерална жалба во крајна итност до претседателот на Основниот суд од Брисел. Одлуката, издадена во 18ч30 часот, наведувала дека белгиската влада требала да ја почитува времената мерка наведена од страна на Судот и ја наредила „забрана за екстрадиција на жалителот или нејзината суспензија, во најголема можна мера“, под закана од казна во износ од 5000 евра ("ЕУР"). Судот не бил информиран за евентуалното поднесување правен лек против оваа одлука.
Ѓ. Притворање на жалителот во САД
65. Во САД, жалителот веднаш бил притворен. Потпомогнат од адвокатка по службена должност, тој бил донесен, на 7 октомври 2013 година, пред District Court од дистриктот Колумбија заради читање на обвинението против него.
66. Жалителот моментално е притворен во регионалниот затвор на Рејпанханок (Rappahannock) во Стафорд (Вирџинија). На 1ви ноември 2013 година, писмо од затворската администрација испратено до белгиските власти назначувало дека жалителот таму бил подложен на истите затворски услови како и другите затвореници.
67. Според еден маил испратен на 6 ноември 2013 година од страна на американската адвокатка на жалителот до неговиот претставник пред Судот, жалителот можел да има се допишува со надворешниот свет но сите писма ќе бидат преведени и претходно прочитани од страна на Владата на САД. Тој, исто така, можел да има телефонски контакти со некои од членовите на неговото семејство под услов да има толкувач на располагање. Членовите на неговото потесно семејство можат да го посетат под услов да добијат влезна виза за САД.
68. Жалителот ја примил посетата на неговата адвоката која, во маил испратен на 7 декември 2013 на член на семејството, назначила дека тој бил сместен во самица. Таа велела дека била загрижена за неговата психолошка состојба.
(...)
ПРАВОТО
I. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ВО ВРСКА СО ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ЖАЛИТЕЛОТ
84. Според жалителот, одлуката на белгиските власти да го испорачаат на САД резултирала со прекршување од страна на Белгија на барањата од членот 3 од Конвенцијата, кој гласи вака:
„Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“
(...)
Б. За основаноста
Тезите на страните
а) Жалителот
94. Жалителот се жалел дека неговата екстрадиција во САД го изложувала на постапувања спротивни на членот 3 од Конвенцијата. Тој тврдел дека кривичните дела А и Б за кои била одобрена неговата екстрадиција се казниви со максимална доживотна казна затвор без право на смалување де факто и дека, ако биде осуден, тој нема да има никаква надеж за ослободување.
95. Жалителот го изведува заклучокот за неможноста на смалување де факто од фактичките податоци прикажани во дипломатските ноти од 11 ноември 2009 г. и од 10 август 2010 година. Тој забележува дека американските власти се повикуваат само на еден пример за замена на казната кој се однесувал на сериозни кривични дела кои ја имаат за цел националната безбедност и изјавиле дека тие немале сознанија за претседателско помилување или замена на казна во случај на осуда за кривично дело тероризам од видот на делата за кои се товари жалителот. На оваа тема, примерот за помилувањето од страна на претседателот Бил Клинтон во 1999 година не е релевантен. Тој мора да се разгледа во соодветниот контекст кој е сосема поинаков од започнувањето, по 11 септември 2001 година, на вистинска војна против тероризмот кој се смета за „исламски-инспириран“, рамка во која е гонет жалителот.
96. Понатаму, жалителот тврди дека изворите што ги користи Владата за да го докаже спротивното не будат доверба. Таа испуштила да потсети дека НВО Human Rights First била раководена, во времето на издавањето на наведените студии, од страна на лице кое, оттогаш, стапило на функција во рамките на американската извршната власт. Жалителот исто така го доведува во прашање квалитетот на изнесените информации. Според него, навистина е чудно што проблематиката на условите на затворање на лицата кои се обвинети за тероризам целосно отсуствува, кога таа, од друга страна, била во центарот на преокупациите на Судот вклучително и во случајот Babar Ahmad et autres наведен погоре. Меѓутоа, НВО CagePrisoners, која ги поддржува затвореници од исламска вероисповест кои се затворени заради тероризам од страна на Соединетите Американски Држави, спровела истражување што покажува дека тие се жртви на строги затворски услови, на политика на дискриминација во затворите, им се изнудуваат признанија со помош на тортура, и се осудени на непропорционални и неправедни казни итн.
97. Жалителот дава поинакво читање на бројките наведени од страна на Владата. Тој истакнува дека просечното траење од 8,4 години ги исклучува досудените доживотни казни затвор и не ја зема во предвид ниту должината на притворот на осудениците кои се или пуштени на слобода во времето на изрекувањето на пресудата или се осудени на мерка условна казна. Овие студии не ги земаат ниту во предвид лицата уапсени за време на референтниот период, но кои сè уште немале судење. Покрај тоа, бројките доставени од страна на американското Министерство за правда се различни: од околу 403 лица кои се веќе судени во периодот меѓу 11 септември 2001 година и 18 март 2010, 31 се уште не се осудени, 12 се осудени на доживотна казна затвор, и 5 се осудени до шеесет години затвор или повеќе. Жалителот го наведува случајот на Ричард Рид (Richard Reid), чие име било спомнато неколку пати во кривичниот предмет што резултирал со осудата на жалителот во Белгија како и во текот на постапката за екстрадиција. Ова лице било осудено во 2003 година на доживотен затвор за истото обвинение Б како и жалителот заради тоа што планирал да уништи авион во лет со чевли наполнети со експлозив.
98. Жалителот навел дека неговиот случај не е споредлив со оној на жалителите во случајот Babar Ahmad et autres претходно наведен заради фактот дека тој веќе бил осуден од страна на белгиските судови на максималната казна која се применувала во Белгија во времето на спорните настани и дека немал олеснителни околности.
99. На крајот, жалителот тврди дека неговата единствена „надеж за ослободување“ се базира на шансите за успех, де факто непостоечки во контекстот после нападите од 11 септември 2011 година, на барање за помилување од претседателот или за намалување на казната. Оваа можност, оставена во рацете на извршната власт без никаква контрола од страна на судијата, не само што не претставува никаква гаранција, туку не има законски својства. Таа е предмет на променливоста на јавното мислење, и не се заснова на критериум кој барем минимално предефиниран. Тоа е во целосна спротивност со барањата за конзистентност и предвидливост како што произлегуваат од пресудата Vinter et autres претходно наведена.
б) Владата
100. Прелиминарно, Владата смета дека по примерот на она што Судот го има направено во случаите Harkins et Edwards и Babar Ahmad et autres погоре наведени, треба да се анализира проблематиката на доживотен затвор во контекст на екстрадиција и да се води сметка за тоа екстрадицијата на жалителот да била побарана само за гонење пред американските судови и дека не е воопшто сигурно дека жалителот ќе биде прогласен за виновен за обвиненијата против него.
101. Исто така треба да се има на ум дека, дури и ако елементите кои го чинат кривичните дела содржани во обвинението А и Б (видете став 13 погоре), а за кои жалителот може да биде казнет со казна доживотен затвор (став 15 погоре) се обединети, американските власти дале уверување дека смртната казна е дискреционо право и дека судот не бил должен да ја наметне максималната казна предвидена со закон. Покрај тоа, во случај да се донесе доживотна казна затвор, постојат правни средства за жалба против пресудата и казната, директни и индиректни, можност да се побара ревизија на пресудата и правно средство за намалување на казната. Сето ова се надоврзува на осигурувањето дадено од страна на американските власти дека жалителот ќе биде кривично гонет пред редовните судови, дека ќе биде затворен само во цивилен затвор и дека во никој случај не ризикува смртна казна.
102. Владата тврди дека не постои причина да се сомневаат во вака дадените уверувања. Белгија е поврзана со САД со договор за екстрадиција од 1901 година и никогаш не сретнала случај во кој САД не ги исполниле обврските кои произлегуваат од дадените дипломатски гаранции.
103. Како и да е, според Владата, реалниот ризик жалителот да биде подоцна осуден на максималната казна предвидена за делата содржани во обвинението А и Б е ограничен како што тоа го потврдуваат податоците наведени во извештаите на Human Rights First дополнително поддржани со статистичките податоци на американското Министерство за правда во врска со осудите за дела на тероризам (видете став 29 погоре). Јасно е од овие публикации дека осудите на доживотен затвор вклучуваат многу посериозни факти од оние за кои се товари жалителот. Примерот наведен од жалителот Ричард Рид (видете став 97 погоре) спаѓа во истата категорија со оглед на тоа што засегнатиот бил уапсен додека бил зафатен со организирање на извршувањето на неговиот план. Во други случаи, лица осомничени за кривични дела според точките од обвинението А и / или Б кои се применуваат за жалителот не биле осудени на максималната казна предвидена во американските закони.
104. Што се однесува до тоа дали казната доживотен затвор која може да му биде досудена на жалителот заради кривичните дела содржани во точките од обвинението А и Б го исполнува „тестот“ изречен од Судот во случајот Kafkaris претходно наведен и дали има право на смалување де јуре и де факто, Владата го повикува Судот да го следи истото расудување како во случаите Babar Ahmad et autres и Harkins et Edwards наведени погоре.
105. Под претпоставка дека прашањето за соодносот може да се постави во случајот кога жалителот се бара само заради гонењето, најпрво треба да се земе предвид дека, имајќи ја предвид сериозноста на фактите против него, казните кои тој ризикува да му бидат досудени очигледно не се непропорционални. Единственото прашање кое се поставува оттука е дали, и покрај тоа што тој ризикува да добие казна доживотен затвор, би можело да се каже дека има шанса да биде пуштен на слобода.
106. Првата констатација која се наметнува, и која била призната од страна на жалителот пред Државниот совет, е дека, со оглед на законските можности за добивање на замена на казната или помилување од претседателот на САД, како што е опишано од страна на на дипломатската нота од 10 август 2010 година, доживотната казна затвор има право на смалување де јуре.
107. Второ, утврдено е дека намалувања на казните или помилувања од страна на претседателот навистина биле доделени во неколку наврати и дека казната доживотен затвор, исто така, има право на смалување де факто. Владата дава во поткрепа бројки кои се однесуваат на помилувањата и намалувањата на казни кои биле применети од 1990 година и кои фигурираат на веб страната на Министерството за правда на САД. Таа тврди дека досега сите претседатели на САД го примениле своето право за комутација или помилување. Претседателот Џорџ Буш го икористил во 2008 година во однос на лице осудено за незаконска трговија со дрога на доживотна казна затвор без право на условно ослободување. Овие мерки, исто така, се однесувале на лица осудени за кривични дела кои се однесуваат на националната безбедност. Ова особено било така во случајот на членовите на FALN наведена од американските власти во дипломатската нота од 10 август 2010 година.
108. Околноста дека нема случаи на смалување на казната или помилување од претседателот за лица осудени на доживотен затвор заради тероризам врзан со Ал Каеда не овозможува да се извлече каков и да е поинаков заклучок. Истото размислување како и во случајот Iorgov c. Bulgarie (бр.2) (бр. 36295/022 септември 2010) се наметнува: со оглед на тоа дека пресудите од страна на американските власти за таквите дела датираат од неодамна, осудените лица не можат веќе да имаат побарано помилување од претседателот. Тие навистина мораат да имаат издржано дел од нивните затворски казни пред да можат да бенефицираат евентуалано од оваа мерка. Отсуството на помилувања за таквите прекршоци не може да доведе до заклучокот дека системот на помилувања не е функционален. Под претпоставка тој да биде осуден и да отслужи дел од казната, жалителот ќе може, кога ќе дојде време и во согласност со одредбите од законите на САД, да побара помилување или намалување на казната. Повеќе елементи и еволуцијата на контекстот ќе може да одат во прилог или против ваквата мерка и невозможно е да се шпекулира во оваа фаза дали и кога жалителот ќе може да биде ослободен.
109. Владата понатаму тврди дека американскиот систем соодветствува на појаснувањата обезбедени од Судот во пресудата Vinter et autres цитирана погоре која, нагласува тој, се однесува на задолжителните доживотни затворски казни, а не дискрециони како што е во овој случај. Помилувањето од претседателот е мерка позната однапред и оттука предвидлива во однос на законодавството како и чиста мерка и доволно широка за да понуди некои правни перспективи за ослободување на затворениците осудени на реална казна доживотен затвор. Откако тоа ќе се појасни, исто така е важно да се напомене дека американскиот систем е различен од британскиот систем. За разлика од Велика Британија, осудено лице може, во САД, во секое време да побара од замена на казната или помилување. Времетраењето или природата на казната притоа не игра никаква улога. Не постои ограничување на бројот на барања што осудено лице може да ги поднесе. Постапката бара претходна евалуација од страна на Pardon Attorney, при Министерството за правда, кој упатува мислење, необврзувачко, до Претседателот кој води смета за околностите на делото и личноста на жалителот.
2. Оценка на Судот
110. Наводната повреда се состои во изложувањето на жалителот, преку неговата екстрадиција во САД, на ризикот да му биде изречена задолжителна казна затвор без право на помилување и право на условно ослободување спротивно на условите од членот 3 од Конвенцијата.
111. Судот ќе му пристапи на поставениот проблем почнувајќи со општи согледувања за состојбата на сопствената судска пракса во врска со членот 3, од една страна во врска со казните за доживотен затвор, а, од друга, во врска со oддалечувањето на странците. Потоа, тој ќе пристапи кон прашањето на примената на принципите во врска со доживотните казни затвор во ситуацијата на жалителот, кој е предмет на екстрадиција.
а) Применливи принципи на доживотниот затвор
112. Добро е утврдено во судската пракса на Судот дека ниту членот 3 од Конвенцијата, ниту која и да е друга одредба од Конвенцијата не го забрануваат сами по себе изрекувањето на казна доживотен затвор во однос на возрасен сторител (Kafkaris, претходно наведена § 97, и наведените референци) под услов таа никогаш да не е јасно непропорционална (Vinter et autres, претходно наведена, §§ 88 и 89). Сепак, Судот сметал дека изрекувањето на доживотна казна затвор можело да покрене прашање во однос на членот 3 (Kafkaris, претходно наведена, § 97).
113. Од последниов принцип произлегуваат два други. Прво, членот 3 не се спротиставува на тоа доживотна казна затвор да може во пракса да се ислужи во целост. Она што го забранува членот 3. тоа е доживотната казна затвор да биде де јуреиде факто без право на смалување. Второ, за да утврди дали во конкретен случај доживотна казна затвор може да се смета дека е без право на помилување, Судот испитува дали може да се каже дека еден затвореник осуден на доживотна казна затвор има шанси да биде ослободен. Таму каде националниот закон предвидува можност да се ревидира доживотниот затвор со цел да се замени казната, да се суспендира или да се прекине, или, пак, затвореникот да се ослободи условно, исполнети се барањата на членот 3 (Kafkaris, претходно наведена, § 98, и наведените референци).
114. До неодамна, Судот сметаше дека самата можност за измена на доживотната казна затвор е доволна за да се исполнат условите од членот 3. Тој така просуди дека можноста за предвремено ослободување дури и исклучиво во рамките на дискреционото право на шефот на државата (Kafkaris, претходно наведена, § 103), или надежта за помилување доделено од страна на шефот на државата кое може да биде во облик на простување или на замена на казната (Iorgov c. Бугарија (бр. 2)бр. 36295/02, §§ 51-60, 2 септември 2010 година) биле доволни за да дефинираат постоење на таква можност.
115. По повод случајот Vinter et autresи други, претходно наведен, Судот го преиспита прашањето како да се утврди дали, во конкретен случај, доживотна казна затвор може да се смета како со право на смалување. Тој го разгледа ова прашање во светлината на целите за превенција и на реинтеграција на казната (§§ 112-118). Осврнувајќи се на принцип кој веќе е изнесен во пресудата Kafkaris, Судот нагласил дека, за да се смета дека има можност за смалување, доживотна казна затвор требало да биде подложена на ревизија овозможувајќи им на националните власти да испитаат, дали во текот на извршувањето на казната, затвореникот толку многу еволуирал, напредувал и се променил што ниту една законска причина од редот на пенологијата повеќе не дозволувала да се оправда неговото понатамошно држење во затвор (§ 119). Судот појаснил, понатаму и за прв пат, дека еден затвореник осуден на реална казна доживотен затвор имал право да знае, уште од самиот почеток на издржувањето на неговата казна, што треба да стори за негово ослободување да биде земено во предвид и кои се условите кои се применуваат. Тој имал право да знае кога точно ќе се изврши преиспитување на казната или кога истото можело да се побара. Oттука, во случај да националниот закон не обезбедува ниту еден механизам ниту пак можност за преиспитување на реалните доживотни казни, некомпатибилноста со членот 3 од Конвенцијата која од ова резултира стапува на сила од денот на изрекувањето на доживотната казна затвор, а не во некоја подоцнежна фаза на издржувањето на затворската казна (§ 122).
б) Применливи принципи за депортирање на странци
116. Со утврдената судска пракса заштитата против постапувањата забранети со членот 3 е апсолутна и оттука следува дека оддалечувањето на лице од територијата на држава договорничка може да предизвика проблем во однос на оваа одредба, и оттука да ја вклучи одговорноста на државата во прашање во однос на Конвенцијата, кога постојат сериозни причини да се верува дека засегнатиот, доколку е оддалечен во дотичната земја, ќе се соочи со вистински ризик да биде подложен на постапување спротивно на членот 3(Soering c. Royaume-Uni, 7 јули 1989, § 88, серија A бр. 161). Околноста дека лошите постапувања ќе бидат дело на трета држава во однос на Конвенцијата не влегува во предвид (Saadi, претходно наведена § 138). Во овој случај, членот 3 ја вклучува обврската да не се оддалечи лицето за кое станува збор во таа земја, па дури и да е трета држава. Судот не прави разлика во однос на правната основа на оддалечувањето; било да се работи за протерување или за екстрадиција, Судот го користи истото расудување (Harkins et Edwards, претходно наведена, § 120, и Babar Ahmad et autres, претходно наведена, § 168).
117. Понатаму, Судот повторува дека е целосно свесен за тешкотиите со кои се соочуваат државите за заштита на нивното население против терористичкото насилство, кое само по себе е сериозна закана за човековите права.Оттука тој не сака да ја потцени големината на опасноста што тероризмот ја претставува, како и заканата што тој ја надвиснува врз заедницата (Othman (Abu Qatada) c. Royaume-Uni, бр. 8139/09, § 183, ЕСЧП 2012 (извадоци), и наведени референци). Тој смета дека е легитимно, наспроти таква закана, државите договорнички да покажат поголема решителност во однос на оние кои се вклучени во терорирстички дела (idem). На крајот, Судот не ги губи од вид темелите на екстрадицијата кои се состојат во тоа да се спречат прекршителите во бегство да ја избегнат правдата или нејзината крајна цел што таа се обидува да ја оствари во корист на сите држави во контекст на екстернализација на криминалот (Soering, цитирана погоре, § 89).
118. Ниту еден од овие елементи сепак не може да го стави под прашалник апсолутното својство на членот 3. Како што Судот во неколку наврати изјави, ова правило е без исклучок. Затоа е потребно да се реафирмира принципот толкупати повторен од пресудата Chahal c. Royaume-Uni (15 ноември 1996, §§ 80 и 81, Збирка на пресуди и одлуки 1996-V) според кој не е можно да се земат предвид активностите на засегнатото лице, колку и непожелни или опасни да се тие, ниту пак да се извагаат ризикот од несоодветно постапување и причините наведени за оддалечувањето со цел да се утврди дали одговорноста на државата е вклучена во областа на членот 3 (Saadi, претходно наведена§ 138; видете исто така Daoudi с. France, бр. 19576/08, § 64, 3 декември 2009, и M. S. c. Belgique, бр. 50012/08, §§ 126 и 127, 31 јануари 2012).
119. За да се утврди таквата одговорност, Судот не може да избегне да ја процени ситуацијата во земјата на дестинација во светлината на барањата од членот 3. Не станува збор за тоа да се направи од Конвенцијата инструмент за регулирање на дејствата на трета земја ниту пак за тоа да се претендира дека се бара од државите договорнички да и наметнат стандарди на таква држава (Soering, § 86, и Ал-Skeini и сор. Royaume-Uni [ГС], бр. 55721/07, § 141, ЕСЧП 2011). Во мера во која е вклучена или може да биде вклучена одговорност во полето на Конвенцијата, се работи за одговорноста на државата договорничка која ја врши екстрадицијата, заради дејство што резултира со изложување на одредено лице на можно забрането постапување (Soering, претходно наведена, § 91, Mamatkoulov et Askarov c. Turquie [ГС], бр. 46827/99 и 46951/99, § 67, ЕСЧП 2005‑I, и Saadi, претходно наведена, § 126).
120. Ако екстрадицијата може да има последици во земјата на дестинација кои се некомпатибилни со членот 3 од Конвенцијата, државата договорничка не може да екстрадира; се работи за ефективноста на гаранцијата обезбедена со таа одредба, со оглед на сериозноста и непоправливата природа на страдањето што лицето наводно ризикува да го претрпи (видете Soering, претходно наведена, § 90).
в) Примената на принципите во овој случај
121. Судот забележува дека жалителот бил екстрадиран во САД каде што е гонет заради кривични дела на тероризам инспирирани од Ал Каеда и дека, ако биде прогласен за виновен и осуден за некои од овие дела, тој може да биде казнет со максимум дискрециона доживотна казна затвор. Станува збор за дискрециона казна во смисла дека судијата ќе може да утврди понестрога казна и да одлучи да изрече казна со фиксен број на години.
122. Прашањето поставено пред Судот е дали, со оглед на вклучениот ризик, екстрадицијата на жалителот била спротивна на членот 3 од Конвенцијата. Судот веќе бил соочен неколку пати со прашањето кое се поставува во однос на ризикот од осуда на доживотна казна. Во секој од случаите, тој се обидел да се утврди, водејќи сметка за дипломатските гаранции дадени од земјата на дестинација, дали екстрадицијата на засегнатите навистина ги изложувала нив на таков ризик и, ако е така, дали доживотната казна можела да биде предмет на усогласување оставајќи им надеж дека ќе бидат ослободени (видете, меѓу другото, Nivette c. France (одл.), бр. 44190/98, ЕСЧП 2001-VII, Einhorn c. France (одл.), бр. 71555/01, ЕСЧП 2001-XI, Salem c. Portugal (одл.), бр. 26844/04, 9 мај 2006, Olaechea Cahuas c. Espagne, бр. 24668/03, ЕСЧП 2006-X, и Schuchter c. Italie, (одл.), бр. 68476/10, 11 oктомври 2011).
123. Наведената проблематика, повторно, се наметнала во случаите Harkins et Edwards и Babar Ahmadet autres, претходно наведени. Во тие случаи, поголемиот дел од жалителите биле соочени со закани за екстрадиција од Велика Британија во САД, каде што биле гонети за кривични дела поврзани со тероризам инспирирани од Ал Каеда и, ако биле осудени, се соочувале со задолжителна или дискрециона доживотна казна затвор.
124. Инспирирајќи се од својата судска пракса за доживотниот затвор во домашниот закон како што е наведено во пресудата Kafkaris (видете ставови 112-114 погоре), Судот сметал дека, под услов казната да нема сосема непропорционална природа, дискреционата доживотна казна без можност за условно ослободување претставува проблем во однос на членот 3 само доколку може да се утврди дека задржувањето на лицето во затвор не може да се оправда со ниту една законска причина од редот на пенологијата и дека казната е без право на смалување де факто и де јуре (Harkins et Edwards, § 135, et Babar Ahmad et autres, претходно наведена, §§ 241 и 242).
125. Потоа Судот оценил дека жалителите, со оглед на тоа што сеуште не биле осудени и што a fortiori се уште не го имале започнато издржувањето на казната која можела да произлезе од нивната осуда, не покажале со сигурност дека, во случај на екстрадиција, нивното затворање во САД немало да има никаква легитимна причина од редот на пенологијата. Тој оценил дека уште помалку било покажано дека, ако некогаш се стигнело до оваа точка, властите на САД ќе одбиеле да ги користат законските механизми на располагање за да ги намалат нивните казни (Harkins et Edwards, претходно наведена, §§ 140 и 142, и Babar Ahmad et autres, претходно наведена, §§ 130, 131 и 243) Судот заклучил дека ризикот од доживотен затвор не ја спречувал екстрадиција на жалителите.
126. Во овој случај, Судот забележува дека жалителот се наоѓал, пред неговата екстрадиција, во многу слична ситуација со онаа на жалителите во случајот Babar Ahmad et autres.
127. Слично како и пристапот во овој случај, Судот смета дека, со оглед на сериозноста на наводните терористички дела на жалителот и на фактот дека казната би била евентуално изречена откако судијата ќе ги земел во предвид сите олеснувачки и отежнувачки фактори, дискреционата доживотна казна, евентуално изречена, не би било целосно непропорционална (Babar Ahmad et autres, претходно наведена, § 243).
128. Тужената влада во основа тврди дека, за да се утврди усогласеноста на оваа казна со членот 3 од Конвенцијата во контекст на екстрадиција, треба да се применува „тест“ што Судот го применил во случаите Harkins et Edwards и Babar Ahmad et autres и дека не е оправдано во овој случај овој „тест“ да се елиминира врз основа на најновата судска пракса која произлегува од пресудата Vinter et autres.
129. Според владата, мора да се земе во предвид фактот дека жалителот бил екстрадиран само заради кривично гонење, дека тој се уште не бил осуден и дека оттука не е можно да се утврди пред осудата дали ситуацијата во која неговото затворање не би имало повеќе пенолошка причина некогаш ќе се случи, ниту пак да се шпекулира за тоа како, во тоа време, државните власти на САД ќе ги применат постојните механизми. Фактот дека, во пресудата Vinter et autres (§ 122), Судот оценил дека, за да се утврди соодветноста со членот 3 од Конвенцијата, потребно било ставање во ситуацијата на денот на изрекувањето на казната доживотен затвор, не би имало последици врз овој случај од причина што жалителот се уште не е осуден.
130. Судот смета дека не може да го следи ова расудување. Тоа има како последица да ја заобиколи превентивната функција на членот 3 од Конвенцијата во однос на оддалечување на странци која се состои во тоа да се избегне тоа засегнатите лица да бидат навистина жртви на казна или на постапување кое го достигнало нивото на сериозност забрането со оваа одредба. Судот потсетува дека членот 3 ги обврзува државите договорнички да го спречат извршувањето на ваквото постапување или примената на таква казна (видете став 120, погоре). Исто така, како што тоа го прави во случаите на екстрадиција од случајот Soering Судот смета дека мора да го оцени ризикот со кој се соочува жалителот според членот 3 ex ante - односно, во овој случај, пред неговата можна осуда во САД - а не ex post facto како што е сугерирано од страна на Владата.
131. Задачата на Судот е да се осигура дека екстрадицијата на жалителот била во согласност со членот 3 и, во тој поглед, да разгледа дали дискреционата казна доживотен затвор на која жалителот ризикува да биде осуден ги исполнува критериумите што тој ги поставил во својата судска пракса (видете ставови 112-115 погоре).
132. Врз оваа основа, Владата тврди дека американскиот систем одговара, како на барањата поставени од страна на Судот во пресудата Kafkaris, така и на новите критериуми поставени од страна на Судот во пресудата Vinteret autres. Тој тврди дека доживотната казна што му се заканува на жалителот може да биде смалена де јуре со оглед на тоа што последниов ќе биде во можност, согласно Уставот на САД, да побара помилување од претседателот или комутација на казната. Тоа ќе може да го побара во секое време штом добие конечна пресуда и онолку пати колку што сака. Неговото барање ќе биде разгледано од страна на Pardon Attorney кој ќе даде мислење, необврзувачко, на претседателот на државата. Причините поради кои жалителот може да добие помилување се, според мислењето на Владата, доволно широки и, во секој случај, пошироки од оние кои надвладуваат во Велика Британија и кои се разгледани во пресудата Vinteret autres. Дискреционата казна доживотен затвор исто така може да биде смалена де факто. Владата се потпира врз дипломатските гаранции и бројките обезбедени од страна на американските власти кои потврдуваат дека сите американски претседатели го искористиле своето овластување за помилување или комутација на казна и дека тие веќе истото го употребиле во случај на лица осудени на доживотна казна затвор или за кривични дела кои се однесуваат на националната безбедност.
133. Жалителот тврди, пак, дека неговата единствена „надеж за ослободување" се базира на шансите за успех, де факто непостоечки во контекстот после нападите од 11 септември 2001 година, на барањето за помилување од претседателот или за комутација на казната. Оваа можност, оставена целосно на дискреционото право на извршната власт, не е никаква гаранција и не се заснова на претходно утврден критериум. Во овие услови, дискрециониот доживотен затвор на кој би можел да биде осуден не може да се смета како со право на смалување де јуре и де факто во значењето дадено од страна на Судот во пресудата Vinter et autres.
134. Судот разбира од одредбите од американскиот закон на кои се однесува дипломатската нота од 10 август 2010 г. доставена од страна на американските власти дека не предвидуваат можност за условно ослободување во случај на осуда на доживотна казна, било да е таа обврзна или дискрециона, но дека постојат неколку можности за намалување на таква казна. Намалувањето може да се случи врз основа на суштинска соработка на затвореникот во истрагата во неговиот случај или во гонењето на една страна или на трети страни. Тоа може да произлезе од постоењето на задолжителни хуманитарни причини. Покрај тоа, затвореник може да бара комутација на казната или помилување од претседателот врз основа на Уставот на Соединетите Американски Држави (видете ставови 27, ..., погоре).
135. Судот понатаму констатира дека, и покрај изричното барање формулирано на 10 јуни 2010 година од страна на судскиот обвинителен совет на Апелациониот суд од Брисел во своето мислење за екстрадицијата на жалителот (видете став 26 погоре), американските власти, во ниту еден миг, не понудиле гаранција дека жалителот ќе ја избегне доживотната казна или дека, во случај на досудување на таква казна, таа ќе биде придружена со намалување или комутација на казната ( видете a contrario, Olaechea Cahuas, претходно наведена, § 43, и Rushing с. Pays-Bas (одл.), бр. 3325/10, § 26, 27 ноември 2012). Судот значи не треба да проверува, во овој случај, дали гаранциите обезбедени од страна на властите на земјата дестинација се доволни, од гледна точка на нивната содржина, за да се осигура дека жалителот е заштитен од ризикот на казна која нема да биде компатибилна со членот 3 од Конвенцијата. Тој смета дека објаснувањата на американските власти во врска со утврдувањето на казната и нивните референци на применливите одредби на американскиот закон кои предвидуваат намалување на казната или претседателско помилувања се во секој случај многу општи и нејасни и не можат да се сметаат за доволно прецизни (видете Othman (Abu Qatada) , § 189).
136. Судот сега доаѓа до централното прашање во овој случај кое се состои во тоа да се одреди дали, без оглед на дадените уверувања, одредбите од американскиот закон за обезбедување на можности за намалување на доживотна затворска казна и помилување од претседателот ги исполнуваат критериумите што тој ги поставил за оценување на можноста за смалување на доживотната казна затвор и нејзината усогласеност со членот 3 од Конвенцијата.
137. Одговорот на ова прашање не бара обилна аргументација; доволно е навистина Судот да утврди дека иако наведените одредби сведочат за постоењето на „можност за проширување“ во рамките на значењето на пресудата Kafkaris - иако можат да се искажат сомнежи за реалноста на оваа можност во пракса - ниту една од предвидените постапки не наликува на механизам за ревизија кој би ги обврзал националните власти да испитаат, врз основа на објективни и однапред дефинирани критериуми за кои затвореникот би бил информиран со сигурност во мигот на изрекувањето на казната доживотен затвор, дали, во текот на извршувањето на казната, засегнатиот толку еволуирал и напреднал што не постои легитимна причина од редот на пенологијата за тој и понатаму да биде држен во затвор (видете став 115 погоре).
138. Во овие околности, Судот смета дека доживотната казна на која жалителот би можел да биде осуден не може да се оквалификува како казна со право на смалување за целите на членот 3 од Конвенцијата во смисла на пресудата Vinter et autres. Изложувајќи го жалителот на ризик од постапување спротивно на оваа одредба, Владата ја вклучила одговорноста на тужената држава согласно Конвенцијата.
139. Според тоа, Судот заклучува дека екстрадицијата на жалителот во САД е во спротивност со членот 3 од Конвенцијата.
II. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 34 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
140. Жалителот се жалел дека неговата екстрадиција во САД ја прекршила времената мерка наведена од страна на Судот согласно членот 39 од Деловникот и дека на тој начин го повредила неговото право на индивидуална жалба. Тој се повикал на членот 34 од Конвенцијата, кој гласи:
„Поединци, невладини организации и групи на лица имаат право до поднесат барање до Судот, доколку се сметаат за жртва на повреда на нивните права, признаени со Конвенцијата и протоколите, од страна на некоја Висока договорна страна.“ Високите договорни страни се обврзуваат на никаков начин да не ја спречуваат ефективната примена на ова право.“
Членот 39 од Деловникот на Судот го предвидува следното :
„1. Судскиот совет или, по потреба, претседателот на одделот или дежурен судија назначен соодветно на ставот 4 на овој член може, било по барање на страната или на кое и да е друго засегнато лице, било по службена должност, да им ја назначат на страните секоја привремена мерка за која сметаат дека треба да биде донесена во интерес на страните или на правилното водење на постапката.
2. По потреба, Комитетот на министри е веднаш информиран за усвоените мерки усвоени за даден случај.
3. Судскиот совет, или, по потреба, претседателот на одделот или дежурен судија назначен согласно со ставот 4 на овој член можат да ги повикаат страните да им обезбедат информации за секое прашање во врска со примената на назначените привремени мерки. “
А. Поднесоци на страните
141. Жалителот тврди дека неговата екстрадиција спротивно на времената мерка наведена од страна на Судот била одлучена независно од какво и да е правно разгледување и била резултат на смислена политичка одлука заоснована на невистинити причини. Владата не обезбедува никаков доказ во поддршка на наводната опасност што ја претставува жалителот; тој, впрочем, не бил предмет на никаква истрага како последица на обид за бегство или дела на проселитизам; напротив, мислењето на директорите на затворите во кои жалителот престојувал сведочат сите за беспрекорно однесување. Единствената причина која ја мотивирала белгиската влада била политичката волја за екстрадиција на жалителот на американските власти што е можно побрзо и да се избегне изложувањето на пресуда од страна на Судот утврдувајќи повреда на членот 3 во случај на екстрадиција. Оваа волја била, впрочем, јасна веќе долго време како што за тоа сведочат повторените барања за укинување на привремената мерка додека жалбата која била во тек пред Државниот совет немала суспензивен ефект врз наредбата за екстрадиција. Притоа, Владата го повредила неповратно правото на индивидуална жалба на жалителот којшто се наоѓа во правна неможност, поради неговата оддалеченост, како и во материјална неможност, заради неговата изолација во затвор речиси отсечен од надворешниот свет, ефикасно да ја продолжи својата постапка пред Судот.
142. Владата истакнува најпрво дека, според судската пракса на Судот и особено на пресудата Mamatkulov et Askarov (претходно наведена, § 108), целта на привремена мерка е да се олесни остварувањето на правото на индивидуална жалба гарантирано со членот 34 од Конвенцијата и на тој начин да се заштити предметот на барањето во случај кога Судот смета дека постои ризик жалителот да претрпи непоправлива штета. Меѓутоа, во конкретниов случај, Судот требало да се заклучи од недопуштената природа на барањето (видете став 39 погоре) дека привремената мерка немала вистинско оправдување.
143. Владата ги изнесува, на второ место, причините што ја навеле да го екстрадира жалителот 3 октомври 2013. Екстрадицијата била одлучена откако Државниот совет детално разгледал, на соодветен начин и со добро познавање на праксата на Судот, во пресуда од 23 септември 2013 година, дека жалбените наводи поднесени од страна на жалителот за повреда на Конвенцијата биле неосновани. Како и министерот така и на Државниот совет биле уверени, благодарение на гаранции доставени од страна на американските власти, дека жалителот немало да биде изложен на постапувања спротивни на членот 3 од Конвенцијата. На ова се надоврзува тоа дека жалителот е би претставувал закана за белгискиот јавен ред поради неговиот проселитизам во затворот, неговите контакти со екстремистичката џихадистичка средина како и неговите обиди за бегство, и дека колку повеќе неговиот притвор ќе се продолжел, толку била поголема веројатноста дека истражните судски органи ќе наределе негово ослободување. Меѓутоа, Владата не сакала да ризикува да не биде во можност да ги исполни своите обврски на предавање на жалителот на САД заради негово бегство или ослободување.
Б. Оценка на Судот
144. Судот неодамна потсети, во случајот Savriddin Dzhurayev c. Russieбр. 71386/10, §§ 211-213, ЕСЧП 2013 (извадоци)), на клучното значење и виталната улога на привремените мерки во системот на Конвенцијата. Тој се наврати на ова.
145. Разгледувајќи го овој случај во светлината на овие принципи, Судот потсетува дека на 6 декември 2011 година тој го одобрил барањето на жалителот да го примени членот 39 од Деловникот на Судот и и назначил на белгиската влада, во интерес на страните и на правилното одвивање на постапката пред него, да не го екстрадира жалителот во САД. Тој, исто така, потсетува дека на три пати одбил да одговори позитивно на барањата на Владата да ја укине привремената мерка и појаснил, неколку пати - вклучително и последниот пат на 18 јуни 2013 г. - дека наведената мерка била назначена до исходот на постапката пред него. Oттука Владата била целосно свесни за обемот на мерката.
146. На 3 октомври 2013 година, Белгија сепак го екстрадирала жалителот кон Соединетите Американски Држави (видете став 62 погоре).
147. Владата вели дека привремената мерка не била оправдана поради наводната предвремена природа на барањето и дека Судот требало да ја преиспита нејзината оправданост по испитувањето на нејзината допуштеност.
148. Судот потсетува дека и укажал на белгиската влада да ја одложи екстрадицијата на денот на известувањето за министерскиот декрет дозволувајќи екстрадиција на жалителот (видете став 39 погоре). Таа, секако, распоалагала, во тоа време, со можноста да поднесе правен лек за поништување на овој декрет пред Државниот совет; меѓутоа, со оглед на тоа што овој правен лек немал суспензивно дејство врз екстрадицијата, тој не ги вклучувал барањата за ефикасност што ги барал Судот во смисла на членот 13 од Конвенцијата (видете, mutatis mutandis, Čonka c. Belgique, бр. 51564/99, § 83, ЕСЧП 2002‑I, Hirsi Jamaa et autres c. Italie [ГС], бр. 27765/09, § 200, ЕСЧП 2012, и De Souza Ribeiro c. France [ГС], бр. 22689/07, § 82, ЕСЧП 2012). Оттука, соодветно на судската пракса, неисцрпувањето на овој правен лек не требало да биде земено во предвид.
149. Владата признава дека белгиските власти дејствувале не водејќи сметка за времената мерка изречена од Судот. Сепак, таа смета дека овој став бил оправдан, бидејќи било проверено дека жалителот немало да биде подложен на постапување спротивно на Конвенцијата и зашто требало по секоја цена да се избегне опасноста тој да не може да биде предаден на американските власти поради можно бегство или судска одлука за ослободување. Меѓутоа, постапката пред Судот го поткопувала обврзувањето на Белгија во однос на САД и нејзиното продолжување го зголемувало ризикот жалителот да им побегне на белгиските власти.
150. Судот констатира дека тужената држава намерно и неповратно го намалила степенот на заштита на правата од членот 3 од Конвенцијата што жалителот барал да бидат испочитувани преку поднесувањето на неговото барање пред Судот. Екстрадицијата во најмала рака одземала каква и да е корист од евентуалното утврдување на повреда на Конвенцијата, со оглед на тоа што жалителот бил оддалечен во земја која не е членка на инструментот, каде тој наведува дека ризикува да биде подложен на постапување спротивно на истата.
151. Судот цени дека ниту еден од аргументите поднесени од белгиската влада не можел да го оправда непочитувањето на привремената мерка. Секако дека владата никогаш не криела од Судот дека се наоѓала во незгодна ситуација во однос на американските власти, како ни својата желба да ја види времената мерка укината. Меѓутоа, во ниту еден момент, таа не информирала за тоа дека преземала некакви чекори за да ја објасни ситуацијата на американските власти или за тоа дека барала алтернативно решение за притворот на жалителот кое сепак ќе им дозволело на белгиските власти да внимаваат на него. Освен тоа, со оглед на тоа што Судот ги испитал сите елементи изнесени од Владата со цел да го убеди да ја прекине мерката, вклучувајќи ги и дипломатските гаранции понудени од американските власти, но ги отфрлил, белгиската држава не требала, по пресудата донесена од Државниот совет, да ја замени со неговата оценка на овие гаранции и основаноста на жалбата оценката на Судот за да одлучи да ја пречекори времената мерка изречена од Судот.
152. Судот понатаму потсетува дека ефективноста на извршувањето на правото на жалба значи дека тој може, во текот на целата постапка пред него, да ја испита жалбата согласно својата нормална процедура.
153. Меѓутоа, во овој случај, жалителот е во затвор во САД, во изолација и, според наодите на неговиот адвокат, има многу ограничени контакти со надворешниот свет (видете ставови 64 67, погоре). Не се чини дека тој може да стапи директно во контакт со неговиот застапник пред Судот. Ова е доволно за Судот да утврди дека станало се потешко за жалителот да го оствари своето право да се жали поради дејствата на Владата и дека остварувањето на правата загарантирани со членот 34 од Конвенцијата на тој начин била прекршена (видете, mutatis mutandis, Chtukaturov c. Russie, бр. 44009/05, § 147, 27 март 2008, и Toumi c. Italie, бр. 25716/09, § 76, 5 април 2011).
154. Во светлината на елементите со кои располага, Судот заклучува дека намерно непочитувајќи ја времената мерка изречена согласно членот 39 од Деловникот, тужената држава не ги исполнила своите обврски според членот 34 од Конвенцијата.
(...)
ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО,
(...)
2. Одлучи дека екстрадицијата на жалителот во САД го прекршила членот 3 од Конвенцијата;
3. Одлучи дека тужената држава не ги испочитувала своите обврски од членот 34 од Конвенцијата;
(...)
Изработено на француски и доставено на писмено на 4 септември 2014 година, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од деловникот.
Клаудија Вестердик Марк Вилигер,
СекретаркаПретседател
Кон оваа пресуда прикачено е, согласно членот 45 став 2 од Конвенцијата и членот 74 став 2 од Деловникот, експозето на издвоеното мислење на судијката Јудкивска:
М.В.
Ц.В.
Издвоеното мислење не е преведено, но тоа е дел од официјалните верзии на пресудата на англиски јазик и француски јазик кои може да се најдат во датабазата на судската пракса на Судот - HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2015.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2015.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2015.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy