Узан и други (Uzan and Others) против Турција - Ж.бр. 19620/05, 41487/05, 17613/08 и др., Пресуда од 5 март 2019 година [Оддел II] Факт – Во 2003 година банкарскиот регулатор го префрлил управу- вањето со несолвентна банка на Фондот за осигурување на штедни влогови (Tasarruf Mevduatı Sigorta Fonu – TMSF), јавна институција. Фон-дот им платил на сопствениците на банкарската сметка надоместок во вкупен износ од над 4 милијарди евра. Била поведена кривична по-стапка против повеќето акционери на банката и некои менаџери или ревизори. Судењето на директорите на компанијата во судот во Асиз до ден денес не е завршено поради тоа што било забавено со бегството на одредени обвинети. Во август 2003 година Полицискиот суд одлучил да нареди на превен- тивна заплена на имотот, од една страна, на директори на компанија- та и на некои менаџери или ревизори, а од друга страна, на нивните брачни другари и деца. Жалителите припаѓале на некоја од овие две групи. Кривичната постапка првично била проширена на нив, но резул-тирала со прекин за сите нив во 2004 година. Менаџерите и ревизорите биле ослободени поради нови обвиненија во 2008 година. Повеќето од привремените мерки, сепак биле задржани во очекување на главното рочиште и планираната наплата на јавните долгови. Право – Член 1 од Протоколот бр.1 (a) Дали постоела сопственост – Член 1 од Протоколот бр. 1 се приме-нувал, вклучително и во случајот на двајцата жалители (родени во 1999 и 2003 година) кои биле малолетни лица и немале вистинска сопстве-ност во односното време. Судовите ја признале нивната способност да се здобијат со одредени права по пат на наследство и донации. Така, младите жалители имале легитимно очекување кое спаѓало во рамки-те на концептот на „сопственост”, имајќи ги предвид, исто така, авто-матската, општата и нефлексибилна природа на привремените мерки, како и на нивното неизвесно времетраење. (б) Природа на мешањето – Привремените мерки требало да се испи- таат според контролата на користењето на сопственоста. (в) Законитост – Во контекст на неизвесноста што се однесува до исхо-дот на кривичната постапка против оние за кои се претпоставува дека се одговорни за загубите – со оглед на непојавувањето на обвинетите–, применливото законодавство им дало на судовите можност за донесу-вање на одлука да ги задржат привремените мерки онолку долго колку што е потребно за да се наплатат сите износи кои би побарал Фондот. Во поглед на неговите наоди за пропорционалност кои се наведени по-долу, Судот, сепак, сметал дека е правилно да се стави настрана пра-шањето дали таквата широка дискреција го исполнувала критериумот на законитост. (г) Дали постоела легитимна цел – Оспорената мерка била од општ интерес: за да се спречи користењето на имотот за кој постоело сомне- ние дека е стекнат со приносите од криминал. (д) Пропорционалност – Судот ја потврдил важноста и сложеноста на овој случај за турските финансиски, административни и судски органи: неопходно било да се преземат мерки со цел да се заштитат правата на многу поединци кои биле погодени од ситуацијата, да се намалат секакви загуби и да се спречи секаков вид на измама, да се вратат јав- ните средства и да им се влезе во траг на оние кои се одговорни за за- губите. Со намера да запрат измамничките трансфери на јавните пари, привремените мерки можеле да претставуваат ефикасно и неопходно оружје за борба против измама во финансиските кругови. Затоа, почет- ната имплементација на овие мерки, сама по себе, не била спротивна на принципот на пропорционалност. Меѓутоа, додека привремените мерки можеле да се оправдаат со општиот интерес кога нивната намера била да се спречи измама, со цел да се гарантира намирување на доверителите, тие морале да се прекинат веднаш штом повеќе не биле потребни бидејќи нивното влијание се зголемувало со нивното времетраење. Всушност, пробле- мот се појавил особено од денот кога постапката била прекината во корист на жалителите. Сериозноста на товарот кој им бил наметнат на жалителите можела да се види од следново: (ѓ) Времетраењето на ограничувањата: десет години за некои жалите- ли; до петнаесет години за други. (ii) Опсегот на ограничувањата: двајцата млади жалители биле лишени од можноста да се стекнат со различни видови на имот; другите тројца немале пристап, соодветно, до нивната плата како универзитетски пре- давачи, заштеди или дом (а секој од нив до неговиот автомобил). (iii) Автоматската, општата и нефлексибилна природа на ограничу- вањата, без редовна поединечна контрола. Не само што жалителите не биле прогласени за виновни од страна на кривичен суд, платните налози кои биле издадени против нив биле поништени од страна на на- длежните судови, кои на тој начин утврдиле дека тие не можеле да се сметаат за одговорни за материјалната штета што ја претрпел Фондот. (Iv) Отсуството од доказниот материјал укажувало на тоа дека жа- лителите можеле да бидат вклучени во некаква измама. Домашните власти предвиделе алтернативни мерки предоцна, ако воопшто пред- виделе такви мерки. Покрај тоа, ништо во досието не покажувало дека наплатата на јавните долгови налагала подобра заштита од имотот на жалителите. (v) На нивото на процесните гаранции, тоа што судот во Асиз на некои од жалителите им придал „поинаков статус од оној на странки во по- стапката” ги спречило, и сè уште ги спречува да земат учество во глав- ната постапка, од која сепак зависеле нивните права. Без да има поинакво оправдување од фактот дека биле поврзани со директори на банка или дека имале одговорности во банката во да- деното време, наметнувањето на превентивната заплена на имотот на жалителите и нејзиното автоматско продолжување наспроти одлуките за прекин на постапката или ослободување од вина не било усогласено со начелата предвидени со судската практика на Судот: наспроти ова, неопходно било судот да процени кои инструменти биле најдобро при- лагодени на околностите, и, воопшто, да ја одмери легитимната цел која била во основата и правата на засегнатите лица. Покрај тоа, жали- телите немале корист од релевантните процесни гаранции. Накратко, не била постигната правична рамнотежа. Заклучок: повреда (едногласно за возрасните жалители; шест гласа наспрема два за младите жалители). Член 4: одложено одлучување.
Full & Egal Universal Law Academy