© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 122
август - септември 2009
Varnava and Others v. Turkey - 16064/90
Пресуда 18.9.2009 [GC]
Член 2
Позитивни обврски
Член 2-1
Делотворна истрага
Неспроведување делотворна истрага за судбината на кипарските Грци кои се исчезнати од турските воени операции во Северен Кипар во 1974: повреда
Член 3
Нечовечко постапување
Молк на властите наспроти реалната загриженост за судбината на кипарските Грци исчезнати од турските воени операции во Северен Кипар во 1974: повреда
Член 5
Член 5-1
Слобода на личноста
Неспроведување делотворна истрага за уверливите наводи дека исчезнатите грчки Кипрани можеби биле задржани во тек на турските воени операции во северен Кипар во 1974: повреда
Член 35
Член 35-1
Период од шест месеци
Апликацијата за исчезнувањето е поднесена по повеќе од шест месеци откако тужената држава го ратификуваше правото на индивидуална тужба: прелиминарниот приговор е отфрлен
Член 35-2
Исто како и веќе испитувани прашања
Надлежност на судот кога тој веќе има испитувано предмет што се однесува на суштински исти факти во меѓудржавен предмет: прелиминарниот приговор е одбиен
Член 35-3
Ratione temporis
Временската надлежност во однос на исчезнувањата што се случиле околу тринаесет години пред тужената држава да го признае правото на индивидуална жалба: прелиминарниот приговор е одбиен
Факти – Апликантите се роднини на деветмина државјани на Кипар кои исчезнале во тек на турските воени операции во Северен Кипар во јули и август 1974. Фактите се оспорени. Осуммина од исчезнатите биле припадници на грчко-кипарските сили и апликантите наведуваат дека тие исчезнале откако биле заробени и задржани од страна на турските воени сили. Сведоци сведочеле дека ги виделе во турски затвори во 1974, а некои од мажите беа идентификувани од нивните семејства од фотографии на грчко-кипарски воени заробеници што биле објавени во грчкиот печат. Турската влада одрекуваше дека мажите се земени во заробеништво од страна на турските сили и тврдеше дека тие загинале во борба во тек на конфликтот. Деветтиот исчезнат, г-дин Хаџипантели, бил вработен во банка. Апликантите наведуваат дека тој бил еден од групата луѓе земени од турските сили за распрашување во август 1974, а бил исчезнат уште оттогаш. Неговото тело беше откриено во 2007 во контекст на активноста на Комисијата на Обединетите Нации за исчезнати лица на Кипар (the United Nations Committee of Missing Persons in Cyprus, CMP). CMP е основана во 1981 со задача да изготви сеопфатна листа на исчезнати лица на обете страни и да посочи дали тие се живи или мртви. Таа немаше овластувања да припишува одговорност или да дава наоди во однос на причината за смртта. Остатоците на г-дин Хаџипантели беа ексхумирани од масовна гробница близу турско-кипарско село. Медицинското уверение посочи дека тој имал рани од куршум во черепот и десната рака, како и рана во десниот бут. Турската влада одрекла дека тој бил земен во заробеништво, забележувајќи дека неговото име не било на листата на грчки Кипрани држени во наводните места на лишување од слобода што биле посетени од Меѓународниот Црвен Крст.
Во пресуда од 10 јануари 2008 (види Информативна белешка бр. 104) Совет на Судот сметаше дека постоеле континуирани процедурални повреди на Член 2 и Член 5, како и повреда на Член 3. Тој не утврди материјална повреда од Член 5.
Право
(a) Прелиминарни приговори – Тужената Влада по неколку основи ја оспори надлежноста на Судот да го испитува случајот. Прво, тие тврдеа дека не постои правен интерес да се определи апликацијата, зашто судот веќе го имал решено прашањето на исчезнувањата на сите изчезнати грчки Кипрани во четвртиот меѓудржавен предмет (Кипар против Турција [GC], no. 25781/94, 10 мај 2001, информативна белешка бр. 30). Второ, апликациите паѓаат надвор од временската надлежност на Судот, зашто се претпоставува дека исчезнатите умреле долго пред Турција да го прифати правото на индивидуална жалба (на 28 јануари 1987) и не можело да постои самостојна процедурална обврска, одделена од фактичкото потекло на поплаките. Во секој случај, процедуралната обврска согласно Член 2 и Член 3 беше скорешен настан од судската пракса и не можел да се смета како обврзувачки за државите пред тоа. Последно, апликацијата е поднесена на 25 јануари 1990, над шест месеци по прифаќањето од страна на Турција на правото на индивидуална жалба, па така била ненавремена.
(i) Правен интерес: Во смисла на Член 35 § 2 (b) од Конвенцијата, апликацијата е „материјално иста“ како друга што веќе била испитувана, само ако таа се однесува не само материјално на истите факти и поплаки, туку е и поднесена од истите лица. Оттука, меѓудржавна апликација не ги лишува индивидуалните апликанти од можноста да воведат или поднесат сопствени барања. Што се однесува до прашањето дали апликацијата може да биде избришана од листата на Судот согласно Член 37 § 1 (c), наодите од четвртиот меѓудржавен предмет не специфицирале во однос на кои индивидуални исчезнати лица се направени. Понатаму, во индивидуални апликации Судот има надлежност да досуди праведен надоместок на индивидуалните апликанти и да посочи мерки согласно Член 46. Оттука, останува правниот интерес за барање да се испита апликацијата.
Заклучок: прелиминарниот приговор е одбиен (шеснаесет наспрема еден глас).
(ii) Временска надлежност: Процедуралната обврска да се изврши истрага за смртните случаи согласно Член 2 еволуираше во одделна и автономна должност и може да се смета за „одделива обврска“ што може да е обврзувачка за државата дури и ако смртта се случила пред влегување во сила на Конвенцијата (види Šilih v. Slovenia [GC], no. 71463/01, 9 април 2009, Информативна белешка бр. 118). Не беше од материјална важност тоа што процедуралната обврска се создаде во судската пракса на Судот дури откога Турција го прифати правото на индивидуална жалба, зашто судската пракса е начин да се разјаснат текстови кои претходно постоеле, а за кои принципот на не-ретроактивност не важи на ист начин како за законските акти.
Што се однесува до аргументот дека исчезнатите морало да се сметаат за мртви долго пред да се појави временската јурисдикција, во 1987, Судот прави разлика меѓу правењето фактичка претпоставка и правните последици што произлегуваат од неа. Процедуралната обврска да се истражуваат исчезнувањата во животно-загрозувачки околности тешко дека може да дојде до крај при откривањето на телото или при претпоставката за смрт, зашто обврската да се даде отчет за исчезнувањата и смртните случаи и да се идентификуваат и гонат сите сторители на незаконски акти генерално останува. Соодветно, иако тоа што изминале над триесет и четири години без никакви вести може да даде силни индиректни докази дека во меѓувреме настапила смрт, тоа не ја отстранува процедуралната обврска за истрага.
Понатаму, треба да се подвлече важната разлика меѓу обврската да се истражат сомнителните смртни случаи и обврската да се истражи сомнително исчезнување. Исчезнувањето е одделен феномен, карактеризиран со постојана состојба на несигурност и немање отчет, во која има недостиг на информации, па дури и намерно криење и замаглување на она што се случило. Тоа не е моментен чин или настан; дополнителни дистинктивни елементи да последователното немање отчет за локацијата и судбината на исчезнатите лица предизвикува континуирана ситуација, при што процедуралните обврски потенцијално опстојуваат се’ додека не се добијат сознанија за судбината на исчезнатите, дури и кога се претпоставува смрт. Во врска со тоа, барањето смртта и истражните чекори да се блиску до датумот на стапување во сила на Конвенцијата (види Шилих) се применуваат само во контекст на убиства или сомнителни смртни случаи.
Заклучок: прелиминарниот приговор е одбиен (шеснаесет наспрема еден глас).
(iii) Правило на шест месеци: Апликантите во случаите на исчезнувања мора да дадат доказ за определено количество проверки и иницијатива и да ги изнесат своите поплаки без непотребно доцнење. Иако стандардот за експедитивност што се очекува од роднините не треба да биде премногу ригорозен во светлина на сериозната природа на делата поврзани со исчезнување, апликациите може да се одбијат ако има прекумерно или необјаснето доцнење на апликантите кои биле, или требало да бидат, свесни дека не е покрената истрага или дека таа западнала во неактивност или станала неделотворна и дека нема непосредни, реални изгледи за делотворна истрага во иднина. Кога ќе се достигне таа фаза, зависи од околностите на конкретниот случај.
Во исклучителните околности на конкретниов случај, којшто опфаќа меѓународен конфликт каде не се на располагање нормални истражни процедури, било разумно апликантите да го сочекаат исходот на иницијативите на Владата и на Обединетите нации, зашто тие можеле да резултираат со преземање чекори да се истражат познатите локации на масовни гробници и да се обезбеди основа за идни мерки. Иако до крајот на 1990 морало да стане јасно дека овие процеси веќе не нудат реална надеж за напредок, било во наоѓање на телата или узнавање на судбината на нивните роднини во блиска иднина, апликантите аплицирале до Судот во јануари таа година. Соодветно, во специјалните околности на предметот, тие делувале со разумна експедитивност.
Заклучок: прелиминарниот приговор е отфрлен (петнаесет наспрема два гласа).
(б) Меритум
Член 2: Судот бил уверен дека имало најмалку отворено прашање дека исчезнатите мажи биле за последен пат видени во област под контрола на турските оружени сили или област на која и’ претстоело паѓање под таква контрола. Без оглед дали го загубиле животот или станале затвореници, сепак допрва требало да се утврди судбината на овие луѓе. Член 2 морало да се толкува, колку што е најмногу можно, во светлина на генералните принципи на меѓународното право, вклучувајќи ги правилата на меѓународното хуманитарно право, коишто играле незаменлива и универзално прифатена улога во ублажувањето на ѕверството и нечовечноста на оружениот конфликт. Во зона на меѓународен конфликт, земјите – потписнички имале обврска да ги штитат животите на оние кои не биле или веќе не се вклучени во непријателствата. Таа обврска се однесувала и на давање медицинска помош на ранетите, на соодветно постапување со посмртните останки и давање на информации за идентитетот и судбината на засегнатите лица. Тужената Влада не даде никакви докази или уверливо објаснување со кое би се спротивставила на тврдењата на апликантите дека исчезнатите мажи исчезнале во области под нејзина ексклузивна контрола. Бидејќи до исчезнувањата дошло во животно загрозувачка ситуација каде водењето на воените операции било придружено со широко распространети апсења и убивања, Член 2 наметнал континуирана обврска врз тужената Влада, да води и соопштува евиденција за местоположбата и судбината на исчезнатите мажи.
Околу прашањето на придржување кон таа обврска, Судот оддаде целосно признание на важноста на тековните ексхумации и идентификации на посмртните остатоци и даде целосна пофаба за работата извршена за давање информации и враќање на посмртните останки на роднините. Тој, сепак, забележа дека иако работата на CMP е важен прв чекор во истражниот процес, тој не е доволен за да се исполни обврската на Владата согласно Член 2, да спроведе делотворни истраги. Од материјалите понудени во врска со еден од исчезнатите, господин Хаџипантели, се чини дека процедурата на идентификација на посмртните останки била да се издаде медицинско уверение за смртта, накусо посочувајќи ги фаталните повреди. Сепак, немало извештај за анализа на околностите, па дури ни датирање на смртта, ниту некакви истражни мерки за да се лоцираат и распитаат сведоци. Оттука, иако локацијата на телото е утврдена, не може да се каже дека е фрлена било каква јасна светлина врз тоа како жртвата ја снашла неговата судбина.
Иако ги препознава значителните тешкотии во прибирањето докази и составување на предметот толку долго време по настаните, Судот подвлече дека, за да биде делотворна, истрагата мора да е способна да доведе до утврдување дали смртта била предизвикана незаконски и, доколку е тоа така, до идентификација и казнување на одговорните. Немало индикација дека CMP отишол подалеку од својот ограничен мандат, а ниедно друго тело или орган не се зафатило со улогата да ги утврди фактите или да прибере и процени докази за целите на судско гонење. Иако истрагата може да заврши без заклучок, ваквиот исход не е неизбежен и тужената Влада не може да се ослободи од обврската да ги вложи бараните напори. Фактот што обете страни во конфликтот можеби претпочитале „политички чувствителен“ пристап и дека CMP со својот ограничен делокруг бил единствено решение за кое можела да се постигне согласност со посредство на ОН не може да има влијание врз примената на Конвенцијата. Оттука, постоело континуирано пропуштање делотворно да се истражи судбината на деветтемина исчезнати.
Заклучок: континуирана процедурална повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 3: Судот не најде причина да се разликува во своите наоди во четвртиот меѓудржавен предмет: дека молкот на турските власти наспроти реaлната загриженост на апликантите околу судбината на нивните исчезнати роднини може да се категоризира само како нечовечко постапување.
Заклучок: континуирана повреда (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 5: Постоеле уверливи наводи дека двајца од исчезнатите, обајцата вклучени на листите на Меѓународниот црвен крст како притворенци, биле последен пат видени во околности што паѓаат под контрола на турските или силите на турски Кипар. Сепак, турските власти не го признаа нивниот притвор, ниту пак дадоа некои документарни докази што даваат официјална трага за нивното движење. Иако немало докази дека некој од исчезнатите бил во притвор во периодот разгледуван од Судот, турската Влада морала да покаже дека спровела делотворна истрага за основаниот навод дека двајцата исчезнати се задржани и потоа веќе не се видени. Наодите на Судот, горенаведени во врска со Член 2 не оставаат простор за сомневање дека властите, исто така, пропуштиле да ги извршат неопходните истраги во оваа смисла.
Заклучок: континуирани повреди по поглед на двајца од исчезнатите (шеснаесет наспрема еден глас).
Член 41: По EUR 12,000 за непарична штета на секој од апликантите, имајќи ја предвид тешката природа на предметот и децениите неизвесност што ги претрпеле апликантите. Судот објаснил дека не применил специфични лествици на обештетување во случаите на исчезнувања, туку бил воден од принципот на правичност, што опфаќало флексибилност и објективно разгледување на она што било праведно, фер и разумно во сите околности.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy