Василичук (Vasiliciuc) против Република Молдавија - Ж. Бр. 15944/11, Пресуда од 2 мај 2017 година [Оддел II] Факти - Жалителката, државјанка на Молдавија која живеела во Грција, била задржана и испрашувана на аеродромот Чисинау во врска со накитот кој го носела.По нејзиното враќање во Грција, била поведена кривична по- стапка против неа за обид за криумчарење на накит и потоа добила судска покана на неjзината молдавска адреса. На 19 јуни 2009 година молдавскиот окружен суд наложил притвор за жалителката, врз основа на тоа дека таа не се појавила пред истражните органи кога била судски поканета. Жалителка- та дознала за налогот за притвор и поднела барање истиот да се повлече, со аргументот дека не била запознаена со кривичната постапка против неа. Нејзиното барање било одбиено, а нејзината жалба била отфрлена. Во 2011 година жалителката била уапсена во Грција, врз основа на меѓународен на- лог за апсење и била држена во притвор во текот на постапката за екстра- диција во период од 23 дена. Во постапката според Конвенцијата, жалителката се жалела според член 5 дека налогот за притвор издаден за неа од страна на молдавските власти не се засновал на релевантни и доволни причини. Право - Член 5, став 1 (а) Допуштеност - Жалителката била под контрола и надлежност на гр- чките власти во периодот помеѓу нејзиното апсење во Грција и нејзиното пуштање од притвор. Лишувањето од слобода потекнувало од мерките кои ги презеле молдавските власти, имено меѓународниот налог за апсење кој го издал Интерпол на нивно барање. Во контекст на процедура за ектра- диција, државата кај која се поднесува барање би требало да може да ја претпостави валидноста на правните документи кои ги издала државата која го поднела барањето и врз основа на кое било побарано лишување од слобода. Понатаму, државата која барала екстрадиција морала да се осигури дека барањето за притвор и екстрадиција било законито, не само според националното законодавство, туку и според Конвенцијата. Според тоа, актот на кој се пожалила жалителката, а кој бил поттикнат од страна на Молдавија врз основа на нејзиното сопствено домашно законодавство и кој бил следен од страна на Грција како одговор на нејзините меѓународни обврски, морал да ѝ се припише на Молдавија и покрај тоа што бил спро- веден во Грција. (б) Мериторност - Лишувањето на жалителот од слобода во Грција било директна последица на налогот за притвор од 19 јуни 2009 година, и во отсуство на тој налог немало да биде можно да се изврши лишување од слобода во Грција. Овој факт бил изрично нагласен од страна на грчките судови во нивните одлуки поврзани со екстрадицијата на жалителот. Иако притворот на жалителката во Грција бил формално наменет за нејзината екстрадиција, сепак претставувал дел од механизмот кој го користеле мол- давските власти за да го спроведат налогот за притвор надвор од молдав- ските граници. Образложението на кое се потпирале молдавските судови за да одредат притвор за жалителката бил фактот дека жалителката не се појавила пред истражните власти кога била судски повикана. Сепак, жалителката законски ја напуштила државата во време кога против неа немало кривични постап- ки во тек. Властите повеле кривична постапка дури откако таа ја напуштила државата. Таа им дала податоци на властите за да ја контактираат во Грција, но и покрај тоа обвинителите издале судска покана на нејзината адреса во Молдавија. Обвинителите не се обиделе да ја проследат информацијата дека таа се наоѓала во Грција и не направиле разумни напори за да ја ин- формираат за кривичната постапка и неопходноста да се појави пред нив. Властите избрале многу формален пристап кон проблемот да ѝ издадат судска покана на жалителката, и кога таа не се појавила набрзина заклучи- ле дека е во бегство. Фактот што домашните судови одбиле да ги проверат поднесоците на жалителката за несоодветното канење на суд и да ѝ дадат можност да се појави пред властите, го убедиле Судот дека притворот на жалителката не може да се смета за неопходен и лишен од арбитрарност. Заклучок: повреда (едногласно). Член 41: 3.000 евра за нематеријална штета.
Full & Egal Universal Law Academy