© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ VILHO ESKELINEN И ДРУГИ против ФИНСКА
(Жалба бр. 63235/00)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
19 април 2007
Во случајот Vilho Eskelinen и други против Финска,
Европскиот суд за човекови права заседавајќи како Голем судски совет во состав::
Jean-Paul Costa, Претседател,
Luzius Wildhaber,
Christos Rozakis,
Nicolas Bratza,
Peer Lorenzen,
Françoise Tulkens,
Giovanni Bonello,
Rıza Türmen,
Matti Pellonpää,
Kristaq Traja,
Mindia Ugrekhelidze,
Anatoly Kovler,
Lech Garlicki,
Javier Borrego Borrego,
Ljiljana Mijović,
Egbert Myjer,
Danutė Jočienė, судии,
и Erik Fribergh, Секретар на Судот,
Откако расправаше на затворени седници на 20 септември 2006 и на 21 февруари 2007,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на втората дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инцициран со жалба (бр.63235/00) против Република Финска поднесена до Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) на 19 октомври 2000 од страна на осум фински државјани („жалителите“): виш полициски службеник Vilho Eskelinen; виш полициски службеник Arto Huttunen; наредник Markku Komulainen; секретарка Lea Ihatsu; г-н Toivo Pallonen (полициски службеник кој се пензионирал на 1 јануари 1993); и г-ѓа Päivi Lappalainen, г-ѓа Janne Lappalainen и г-ѓа Jyrki Lappalainen, кои се наследници на г-н Hannu Matti Lappalainen (полициски службеник кој починал на 22 август 1995).
2. Жалителите, на двајца од кои им беше доделена правна помош, беа застапувани од г-н P.M. Petäjä и г-н P. Orava, адвокати од Хаапајарви [Haapajärvi]. Финската Влада („Владата“) беше застапувана од нивниот Агент, г-н A. Kosonen oд Министерството за надворешни работи.
3. Жалителите тврдеа, посебно, дека не им била овозможена усна расправа во постапката која се однесувала на нивните плата и дека постапката траела предолго.
4. Жалбата беше распределена на Четвртиот оддел на Судот (правило 52 § 1 oд Правилникот на Судот). На 29 ноември 2005 таа беше прогласена за допуштена од Судски совет на тој оддел, составен од Nicolas Bratza, Giovanni Bonello, Matti Pellonpää, Kristaq Traja, Lech Garlicki, Javier Borrego Borrego и Ljiljana Mijović, судии, и Michael O’Boyle, Секретар на оддел. Судскиот совет го приклучи кон мериторното одлучување прашањето за применливоста на член 6 од Конвенцијата. На 21 март 2006 Судскиот совет ја отстапи надлежноста на Големиот судски совет, а ниту една од странките не приговори на тоа отстапување (член 30 од Конвенцијата и правило 72).
5. Составот на Големиот судски совет беше определен според одредбите на член 27 §§ 2 и 3 oд Конвенцијата и правило 24. Luzius Wildhaber, чиј мандат истече после неговот претсдавање на расправата, продолжи да учествува во разгледувањето на случајот (член 23 § 7). Boštjan M. Zupančič, кој не можеше да учестува на советувањето и гласањето на 21 февруари 2007, беше заменет од Françoise Tulkens, судија заменик во овој случај (правило 24 § 3).
6. И жалителите и Владата доставија поднесоци за основаноста на жалбата. Странките писмено одговорија на опсервациите на спротивната странка.
7. Јавна расправа се одржа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 20 септември 2006 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(a) за Владата
г-нA. Kosonen, Министерство за надворешни работи,Агент,
г-ѓаA. Manner, Министерство за правда,
г-ѓаT. Eränkö, Министерство за внатрешни работи, Советници;
(б) за жалителите
г-нP. Orava,Застапник.
8. Судот слушна обраќања од г-н Kosonen и г-н Orava и нивни одговори на прашања поставени од судиите.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
9. Жалителите се родени во 1955, 1953, 1954, 1956, 1937, 1957, 1983 и 1981 соодветно и живеат во Сонкакоски [Sonkakoski] и Сонкајарви [Sonkajärvi].
A. Спојување на Сонкајарви полицсикиот округ со полицискиот округ Исалми
10. Првите пет жалители и починатиот г-н Hannu Matti Lappalainen работеле во полицискиот округ Сонкајарви. Според колективниот договор склучен во 1986, тие имале право на надоместок за работа во оддалечени области, кои кој бил додаден на нивните плати како бонус за работа во оддалечен дел од земјата. Износите на надоместокот биле пресметувани врз основа на тоа колку била оддалечена областа. Со колективен договор склучен на 15 март 1988, тој надоместок бил укинат. Тоа би резултирало во намалување на платата на државни службеници чие место на вршење на должност било Сонакајарви. Со цел да се спречи таквото намалување, со колективниот договор им биле доделени додатоци на месечната плата од 1 март 1988.
11. На 1 ноември 1990 полицискиот округ Сонкајарви бил споен со Исалми [Iisalmi] полицискиот округ со одлука на Министерството за внатрешни работи (sisäasiainministeriö, inrikesministeriet). После спојувањето, дошло до промена на местото на должност на жалителите. Тие исто така ги изгубиле и дополнувања на месечната плата а должината на нивното патување до работа наводно се зголемило до 50 км на ден затоа што морале да патуваат од Сонкајарави до Исалми.
12. Според жалителите, после нивното барање од 17 октомври 1990, Управата на регионалната полиција во Куопио [Kuopio] (läänin poliisijohto, länspolisledningen) ветила дека ќе добијат надомест за нивната загуба.
13. На 25 март 1991 полицискиот оддел на Министерството за внатрешни работи, на прелог на управата на регионалната полиција, поднел барање за одобрување на исплата на дополнувања на месечната плата, во износ од 500 до 700 фински марки (FIM) (84‑118 евра) по човек, на оние полициски службеници и други вработени чие работно месо било променето од Сонкајарви во Исалми. Барањето се повикало на случај кој наводно бил сличен (случајот Mäntyharju) во кој Министерството за финансии (valtiovarainministeriö, finansministeriet) одобрило барање за дополнувања на месечната плата на 29 декември 1989. На 3 јули 1991 Министерството за финансии одговорило дека не можело да даде такво одобрение. Не дало причини за одбивањето.
14. На 1 октомври 1992 надлежноста да одлучува за додатоци на плати во однос на полициските сили била пренесена на Окружните административни одбори (lääninhallitus, länsstyrelsen).
Б. Постапка пред Окружниот административен одбор во Куопио
15. На 19 март 1993 жалителите поднеле барање со кое барале надомест за нивната загуба. Тие се повикале на споменатата одлука во случајот Mäntyharju. Tие исто така се повикале на принципот на еднаквост од член 5 од Уставот кој тогаш бил во сила (Suomen hallitusmuoto, Regeringsform för Finland; Закон бр. 94/1919).
16. Четири години покасно, на 19 март 1997, нивното барање било отфрлено од Окружниот административен одбор во Куопио. Одборот образложил дека:
„Државните службеници од поранешниот полициски округ Сонкајарви ... побараа надомест за загубите кои настанале со спојувањето на полицискиот окрузи, што било подржано од управата на регионалната полиција, и поднесоа документи до полицискиот оддел на Министерството за внатрешни работи. Со писмо ос 25 март 1991, Министерството за внатрешни работи му препорачало Министерството за финансии ретроактивна исплата од 1 ноември 1990 на додатоци на плата на тие државни службеници чие работне место, после спојувањето, е во Исалми.
Со писмо од 3 јули 1991 [Министерството за финансии] го известило Министерството за внатрешни работи дека одлучило да не го одобри барањето.
После одлуката [на Министерството за финансии] надлежноста за одлучување за индивидуални додатоци на плата била пренесена на Окружните административни одбори. На 28 јануари 1993, на состанок за преговори одржан од управата на регионалната полиција на кој жалителите биле застапувани од г-н Lappalainen, било воочено дека биле во тек преговори во однос на Аскола полицискиот округ во областа Уусимаа, што било сличен случај. Затоа што [Министерството за финансии] кое било надлежно, веќе одлучуло по барањата во однос на полицискиот округ Сонкајарави, било заклучено дека, врз основа на правичност, одлуката во Уусимаа ќе се почитувала во Куопио регионот ако се отстапело од ставот на Министерството за финансии. Окружниот административен одбор во Уусимиаа ги отфрили барањата а одлуката била потврдена од Врховниот управен суд. Ни биле наведени нови причини во писмото од 19 март 1993, или во посебното дополнително барање на г-н Pallonen’s од 17 август 1994, за поддршка на барањата кои веќе биле одлучени [од Министерството за финансии].
Окружниот административен одбор нема сознанија за било каква позитивна одлука во однос на надомест во слични случаи поврзани со спојување на полициски окрузи било каде во земјата после спомената одлука [на Министерството за финансии].
Во 1990, кога дошло до спојувањето, управата на регионалната полиција немала надлежност да даде било какви обврзувачки ветувања во однос на надомест на трошоци. Ставот на управата сепак бил покажан преку подрршката на барањето.
Окружниот административен одбор, користејќи го своето дискреционо право и повикувајќи се на претходна одлука од надлежен орга, смета дека одлуката стекнала во извесна смисла дејство на рес јудиката. Нагласувајќи ги принципите на еднаквост и правичност, Окружниот административен одбор исто така ја применува праксата која преовлува во земјата.“
17. Во меѓувреме, во декември 1996 еден од жалителите поднел жалба до Канцеларот за правда (oikeuskansleri, justitiekanslern) кој, во неговата одлука од 24 јануари 1997, обратил внимание на фактот дека жалителите сеуште немале одговор на нивното барање.
В. Постапка пред Окружниот управен суд во Куопио
18. На 25 април 1997 жалителите изјавиле жалба против одлуката на Окружниот административен одбор и побарале усна расправа која, тие тврделе, би овозможила да се утврди фактичката состојба, а особено дека добиле ветување од управата на регионалната полиција. До Окружниот управен суд во Куопио (lääninoikeus, länsrätten) биле доставени одговори на жалбата од Управата на регионалната полиција и Регионалниот државен правобранител (lääninasiamies, länsombudet), кои биле доставени до жалителите за да дадат одговори.
19. Со одлука од 8 јуни 1998, Окружниот управен суд образложил:
„Промени на зголемувања на плата кои влијаат врз пензиската основиа не се во надлежност на Окружниот управен суд.
Не е потребно усно да се сослушаат странките во однос на ветувањата на управата на регионалната полиција и Окружниот управен суд поврзани со спојувањето на полициски окрузи, или за тоа како било раководено со случајот, со цел тој да се разјасни.
Во своето писмо од 25 март 1991, Министерството за внатрешни работи му предложило на Министерството за финансии полицкиот округ Сонкајарви да се спои со полицискиот округ Исалми од 1 ноември 1990 [всушност Министерството за внатрешни работи препорачало исплата, а не спојување] и дека непогодноста предизвикана со промената на местото на работа треба да се надомести со додатоци на плата во износ од FIM 500 до 700 месечно, ретроактивно од 1 ноември 1990. Во своето писмо од 1 јули 1991, Министерството за финансии сметало дека не може да го одобри барањето. Имало преговори помеѓу полицискиот оддел на Министерството за внатрешни работи и Здружението на полициски службеници [Suomen Poliisiliitto ry] на 3 септември 1992 и помеѓу управата на регионалната полиција на Окружниот административен одбор во Куопио и претставници на жалителите на 28 јануари 1993.
Врз основа на член 9 § 2 oд Уредбата за колелтивни договори (изменета на 18 септември 1992), Окружниот административен одбор има надлежност да одлучува за додатоци на плата во однос на ... државни службеници во локалната полиција.
Мора да се смета дека Окружниот административен одбор ги разгледал ... поднесоците на жалителите од 19 март 1993 како барање за исправка, предвидена со член 84 од Законот за државни службеници. Барањето било поднесено во рокот предвиден со член 95(1) од Законот за државни службеници, ако се смета од одлуката на Министерството за финансии од 3 јули 1991.
Во 1990 управата на регионалната полиција на Окружниот административен одбор немала надлежност да даде обврзувачи ветувања во однос на надомест. Надлежност за одлучување за прашањето имало Министерството за финансии, кое во своето писмо од 3 јули 1991 изјавило дека не можело да го одобри барањето. Од 1 октомври 1992 Окружниот административен одбор има надлежност да одлучува за платите на локалната полиција.
Окружниот административен одбор својата одлука, против која може да се изјави жалба, јас засновал на одлука на органот кој претходно имал надлежност за прашањето и на фактот дека после 3 јули 1991 не бил доделуван надомест на вработениете во други места каде дошло до спојување. Одлуката е затоа заснована врз праксата која во тоа време преовладувала во целата земја. Не може да се смета дека одлуката е неразумна во овие околности. Затоа одбивањето на барањето било основано.“
Г. Постапка пред Врховниот управен суд
20. На 7 јули 1998 жалителе повторно се жалеле, барајќи усна расправа и нагласувајќи дека слични додатоци на плата биле одобрени на вработените во други полициски окрузи во слични ситуации. Тие се повикале, на пример, на одлука од 10 јануару 1997 на Окружниот административен одбор во Похјоис-Карјала [Pohjois-Karjala], со кој биле одобрени додатоци на плата на полициски службеник почнувајќи од 1 декември 1996 после спојување на Валтимо [Valtimo] полицискиот округ со полицискиот округ Нурмес [Nurmes].
21. На 27 април 2000 Врховниот управен суд (korkein hallinto-oikeus, högsta förvaltningsdomstolen), откако му биле доставени поднесоци од Управата на регионалната полиција и Регионалниот државен правобранител и ги доставил на на жалителите за одговор, ја потврдил одлуката на понискиот суд. Судот образложил:
„ Врховниот управен суд го разгледа случајот.
Ветувањето дадено од Управата на регионалната полиција на Окружниот административен одбор во Куопио во однос на надомест на трошоци кои произлегуваат од спојувањето на полициски окрузи не е релевантно од правен аспек во овој случај. Затоа, одржувањето на усна расправа е очигледно непотребно. Затоа, Врховниот управен суд, земајќи го во предвид член 38(1) од Законот за управни спорови, го одбива барањето [на жалителите] за одржување на усна расправа.
Во нивното писмо од 19 март 1993, [жалителите] побараа надомест во форма на индивидуални додатоци на плата за трошоци кои произлегле од спојувањето на нивниот полицски округ. На 1 октомври 1992 надлежност за донесување одлуки за плати на локалната полиција била пренесена на Окружниот административен одбор врз основа на член 9 (2) од Уредбата за колективни договори (изменета на 18 септември 1992).
[Жалителите] немаат законски право на индивидуалните додатоци на плата за кои станува збор. Окружниот административен одбор во Куопио не ги пречекорил границите на неговот дискреционо право на одлучување. Одлуката на Окружниот административен одбор не е спротивна на законот. Затоа, Врховниот управен суд, имајќи го во предвид член 7(1) oд Законот за управно-судска постапка, заклучува дека нема причини за да се промени исходот од одлуката на Окружниот административен одбор, која затоа останува конечна.“
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА
A. Индивидуални додатоци на плата
22. Упатството од 26 април 1988 за примена на колективниот договор во однос на плаќањето на надоместок за работа во студени области на државни службеници предвидувало:
„Државен службеник кој работи (пред 29 февруари 1988) во оштина за која не важи колективниот договор има право на индивидуален додаток на плата ... се додека тој или таа работи во општина за која се предвидени такви надоместоци. Кога државен службеник кој има право индивидуален додаток на плата добие наредба, привремено или како замена, да извршува должности на друг државен службеник, или кога тој или таа е прераспореден во оштина во која надоместоко за работа на оддалечено место не се плаќал, на споменатион државен службеник нема да му се исплатаува индивидуален додаток на плата се додека ги врши тие други доложности затоа што, за да добие додаток на плата, државниот службеник мора да ги извршува неговите или нејзините должности во оштина во која се плаќаат додатоци на плата.“
Според жалителите ова упатство не било релевантно за овој случај, затоа што наводно се однесувало на привремени прераспоредувања, додека пак прераспоредувањето на местото на работа на жалителите било перманентно.
23. Во неговото барање од 25 март 1991, Одделот за полиција на Министерството за внатрешни работи се повикал на наводно сличен случај во кој Министерството за финансии на 29 декември 1989 одобрило барање за индивидуален додаток на плата после спојувањето на полицискиот округ Пертунмаа [Pertunmaa] со полицискиот округ Мантихарју [Mäntyharju] (случајот Mäntyharju).
24. На 3 јули 1991 Министерството за финансии одбило барање за надомест на патни трошоци поднесено од државен службеник чие место на вршење на должност било променето после спојување на полицискиот округ Аскола [Askola] со полицискиот округ Мантсала [Mäntsälä] и Порвоо [Porvoo]. Одлуката била потврдена од Окружниот административен одбор во Уисинаа [Uusimaa] и Врховниот управен суд на 7 април 1993 и 7 декември 1994 соодветно.
25. Со одлука од 10 јануари 1997, Окружниот административен одбор во Похјоис-Карјала [Pohjois-Karjala] му доделил надоместок за работа во студена област од прв степен на полициски службеник плус индивидуален додаток на плата со кој се надоместувала разликата помеѓу ниво 2 (Валтимо) и ниво 1 (Нурмес) на надоместокот за студена област после спојувањето на Валтимо [Valtimo] полицискиот округ со полицискиот округ Нурмес [Nurmes] (случајот Nurmes).
Б. Усна расправа
26. Член 38(1) oд Законот за управен спор (hallintolainkäyttölaki, förvaltningsprocesslagen; Закон бр. 586/1996) предвидува дека усна расправа мора да биде одржана ако е побарана од приватно лице. Усната расправа сепак нема да се одржи ако се одлучи дека барањето на таа странка е недозволено или е веднаш одбиено или ако усна расправа очигледно не е потребна со оглед на карактерот на случајот или други околности.
27. Објаснувањето на Нацрт-законот (бр. 217/1995) за донесување на Законот за управни спорови го разгледува правото на усна расправа предвидено со член 6 од Конвенцијата и можноста во управна работа да не се одржи усна расправа кога тоа очигледно не е потребно, како што е наведено во член 38(1) од споменатиот Закон. Во објаснувањето се воочува дека усната расправа придонесува кон фокусирана и непосредна постапка но, затоа што не секогаш дава дополнителен придонес, мора да се обезбеди дека флексибилноста и економичноста на управната постапка не се нарушени. Усна расправа ќе се одржи кога е потребно за разјаснувања на прашањата, а се смета дека расправата е полезна за случајот како целина.
III. РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ПРАКСА
28. Меѓународното право и пракса од кое Судот се раководеше во случајот Pellegrin v. France ([GC], no. 28541/95, ECHR 1999‑VIII) е наведено во таа пресуда (види параграфи 37-41).
29. Член 47 oд Повелбата за фундаментални права на Европската унија, објавена на 7 декември 2000, за правото на ефикасен правен лек и правично судење, предвидува:
„Секој чии права и слободи гарантирани со правото на Унијата се повредени има право на ефикасен правен лек пред суд во согласност со условите предвидени во овој член.
Секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд кој претходно бил воспоставен со закон. Секој ќе има можност да биде советуван, бранет и застапуван.
Ќе се обезбеди правна помош на лицата кои немаат доволни средства кога тоа е неопходно за да се обезбеди ефикасен пристап до суд.“
30. Објаснувањата кои се однесуваат на Повелбата за фундаментални права, првично подгготвени под одговорност на Президиумот на конвенцијата која ја изработила Повелбата и кои на крај биле содржани во Завршниот акт на Договорот за воспоставување на Устав за Европа, немаат еднаква сила со Повелбата. Сепак, тие се „вредно средство за толкување чија цел е појаснување на одредбите на Повелбата“: Тие гласат (извадоци):
„Вториот параграф [oд член 47] одговара на член 6(1) кој гласи:
‘Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.“
Во правото на Унијата, правото на правично судење не е ограничено на спорови поврзани со права и обврски од граѓанското право. Тоа е една од последиците од фактот што Унијата е заедница заснована на владеењето на правото како што изјавил Судот во случајот 294/83, ‘Les Verts’ v. European Parliament (пресуда од 23 април 1986, [1988] ECR 1339). Сепак, во сите други аспект освен во нивниот опсег, гаранциите обезбедени од ЕКЧП важат на сличен начин и во однос на Унијата.“
Следува дека член 47, во контекст на правото на Европската унија, не е ограничено само на граѓански права и обврски или на кривични предмети во смисла на член 6 од Конвенцијата. Во тој поглед со Повелбата се кодифицира постоечката судска пракса на Судот на правдата на Европските заедници (види Marguerite Johnston v. Chief Constable of the Royal Ulster Constabulary, Case 222/84, [1986] ECR 1651, цитиран во параграф 60 подолу).
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 § 1 OД КОНВЕНЦИЈАТА
31. Жалителите се жалеа по член 6 § 1 oд Конвенцијата за долгото траење на постапката во однос на условите на нивното работење како државни службеници и за тоа што немало усна расправа пред ниту еден од надлежните домашни органи.
Релевантната одредба гласи:
„При утврдувањето ан неговите права и обврски ... секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред .... суд ...“
A. Аргументи на странките
1. Жалителите
32. Жалителите го оспорија тврдењето на Владата дека член 6 не се применувал за некои од нив како полициски службеници. Тие нагласија дека нивната служба и нивните плати не биле поврзани со вршење на овластувања дадени со јавно право. Она што било во прашање било нивното право во однос на нивните плати. Тоа право било од приватно-правен карактер. Износот на нивните плати било договорно прашање помеѓу работник и работодавач регулирано со колективен договор. Жалителите нагласија дека тие не се жалеле на одлуката на селење на работните простории од едно место во друго. Ниту пак случајот се однесувал на користење на јавно овластување, вработување, кариера или престанок на работен однос. Спорот исто така бил релевантен за износот на нивните пензии.
33. Жалителите сметаа дека постапката почнала на 17 октомври 1990 кога тие го поднесле првичното барање. На 3 јули 1991 Министерството за финансии ја донесло својата одлука. На 19 март 1993, после речиси две години од бесполезни преговори со државата, жалителите се обратиле од Окружниот административен одбор. Постапките пред Министерството за внатрешни работи и Окружниот административен одбор биле релевантни затоа што тие биле неопходен предуслов за да се добие одлука за случајот. Жалителите не можеле да се жалат до Окружниот управен суд ако немало претходно донесена одлука на Одборот. Постапката завршила на 27 април 2000. Тие го отфрлија тврдењето на Владата дека морало да се чека исходот од случајот Askola, тврдејќи дека тој случај не бил сличен со нивниот. Во секој случај, решението во тој случај станало конечно на 7 декември 1994. Жалителите навремено ги преземале потребните правни чекори во случајот. Случајот се однесувал на основните средства за егистенција.
34. На крај, жалителите останаа на тврдењето дека требало да се одржи разправа со цел тие да дадат усен исказ за конкретните факти на случајот. Администрацијата им ветила дека тие ќе добијат надомест. Всушност, член 38 (1) од Законот за управни спорови наложувал одржување на расправа затоа што во нивниот случајот нејзиното одржување не било очигледно непотребно.
2. Владата
35. Владата ја оспори применливоста на член 6 врз основа на тоа дека должностите на жалителите, освен на секретарката, подразбирале директно учество во вршење на овластувања дадени со јавно право и должности предвидени за да ги штитат генералните интереси на државата (во тој поглед, таа се повика на Pellegrin v. France [GC], no. 28541/95, § 66, ECHR 1999-VIII). Дали должностите на секретарката вклучувале индиректно учество било помалку јасно. Сепак, Владата се повика на образложението на Судот во Verešová v. Slovakia ((dec.), no. 70497/01, 1 February 2005) во кој случај било одлучено дека член 6 не се применува на адвокат кој работел во полицијата и било заклучено дека „со оглед на карактерот на функциите и одговорностите на полицијата, вработувањето на жалителот може да се смета за директно учество во вршењето на јавни овластувања и функции чија цел е чување на генералните интереси на државата“. Правата и обврските на полициските службеници имале изразито „јавен“ а не „граѓански“ аспект во смисла на член 6. Наводниот факт дека во прашање биле финансиските интереси не бил доволен постапката да биде во досегот на член 6 затоа што „постапката не станува „граѓанска“ само затоа што исто така со неа се одлучува за економско прашање“ (види Pierre-Bloch v. France, 21 October 1997, § 51, Reports of Judgments and Decisions 1997‑VI). Затоа, жалбените наводи биле некомпатибилни ratione materiae со Конвенцијата.
36. Владата исто така ја оспори применливоста врз основа на тоа дека немало законско право за додатоците на плата за кои станува збор. Жалителите немале право или овластување на додаток на плата заснован на колективен договор и на упатството за исплата на додатоци на плата наместо претходниот надоместок за работа во оддалечена област. Така, жалбените наводи на сите жалители биле некомпатибилни ratione materiae со Конвенцијата во овој поглед.
37. Ако Судот го заклучел спротивното, Владата изјави дека во секој случај немало повреда на член 6 § 1 од Конвенцијата. Според неа постапката започнала на 25 април 1997 кога жалителите го поднесле нивното барање до Окружниот управен суд и завршиле на 27 април 2000 со одлуката на Врховниот управен суд. Случајот не бил сложен; Окружниот административен одбор ја прекинал постапката делумно затоа што сакал да го чека исходот на случајот Askola со цел да се постапува со вработените во различни полициски окрузи на еднаков начин, иако веќе било одлучено по прашањето во однос на жалителите. Фактот што на Окружниот административен одбор му требале четири години за да го разгледа барањето на жалителите не можел да се земе во предвид, затоа што постапката не била судска и затоа не била релевантна во пресметувањето на должината на постапката. Во случајот не станувало збор за основни средства за егзистенција и затоа, или по било кој друг основ, не била итна. Биле преземени напори случајот да се реши преку преговори помеѓу 3 јули 1991 и 19 март 1993. Во текот на преговорите жалителите биле известени дека додаток на плата можел да биде одоборен само ако Врховниот управен суд ја променел одлуката на понискиот суд во случајот Askola.
38. Што се однесува на фактот дека не се одржала расправа, Владата посочи дека Окружниот управен суд одлучил дека фактите кои жалителите сакале да ги изнесат на усна расправа не биле релевантни за исходот на случајот и дека Врховниот управен суд одлучил дека ветувањата на Управата на регионалната полиција немале правна вредност, двата суда одлучувајќи дека усна расправа е непотребна. На жалителите им била дадена можност да достават писмени поднесоци. Прашањето за кое се одлучувало било техничко и засновано на релевантни документи. Немало прашања околку фактите или правото кои не можеле соодветно да се решат врз основа на списите од предметот и писмените поднесоци на странките. Не би се дошло до било какви дополнителни информации ако било кој од жалителите дал исказ лично.
Б. Оцена на Судот
1. Применливост на член 6
39. Владата ја оспори применливоста на член 6 по две основи, имено дали постоело „право“ и дали тоа право имало „граѓански“ карактер.
(a) Постоење на право
40. Прво, Судот ќе разгледа дали постоело „право“ во овој случај. Според принципите изразени во неговата судска пракса (види, помеѓу другото, Pudas v. Sweden, 27 October 1987, § 31, Series A no. 125‑A), спорот за „право“, за кое може да се каже врз основа за која може барем да се расправа, дека е признато во домашниот закон, мора да биде автентичен и сериозен;може да се однесува не само на самото постоење на правото туку на неговиот опсег и начин на користење; и на крај, исходот од постапката мора да биде директно одлучувачки за правото за кое станува збор.
41. Судот воочува дека не беше спорно дека Управата на регионалната полиција им ветила надомест на жалителите. Од материјалите во списите на предметот исто така произлегува дека индивидуални додатоци на плата биле доделувани во ситуации кои не биле толку различни од ситуацијата на жалителите. Ниту пак домашните судови ги одбиле барањата на жалителите затоа што биле неосновани. Иако е точно дека нивните барања биле отфрлени, може да се смета дека управните судови мериторно одлучиле по тие барања и правејќи го тоа тие го утврдиле спорот во однос на нивните права. Според тоа Судот смета дека жалителите може да тврдат дека имаат право на основа за која може да се расправа (види, помеѓу другото, Neves e Silva v. Portugal, 27 April 1989, § 37, Series A no. 153‑A).
(б) Граѓански карактер на правото
42. Второ, Судот го разгледа аргументот на Владата, која се повикува на случајот Pellegrin (цитиран погоре), дека член 6 не е применлив затоа што спорови на државни службеници како што се полициските службеници во однос на условите на вршење служба не се во неговиот досег. Овој случај се однесува на постапка во кој требало да се утврди дали првите пет жалителите, и починатиот г-н Hannu Matti Lappalainen, кои биле државни службеници, имале право на додаток на плата. Со цел да утврди прашањето, Судот мора ја повтори позадината и објаснувањето на пресудата во Pellegrin и како тоа се применувало во пракса во случаите после таа пресуда.
(i) Резиме на судската пракса
43. Пред пресудата во Pellegrin, Судот имал одлучено дека споровите поврзани со вработување, кариера и престанок на работен однос на државни служеници биле по правило надвор од опсегот на член 6 § 1. Tој генерален принцип бил сепак органичен и разјаснет во повеќе пресуди. На пример, во Francesco Lombardo v. Italy (26 November 1992, § 17, Series A no. 249‑B) и Massa v. Italy (24 August 1993, § 26, Series A no. 265‑B) Судот сметал дека жалбените наводи на жалителите не се однесувале ниту на „вработувањето“ ниту на „кариерите“ на државни службеници и само индиректно на „престанување на работен однос“ затоа што се однесувале на тужбени барања во однос на чисто парични давања засновани на закон после престанок на работен однос. Во тие околности и со оглед на фактот дека италијанската држава не користела „дискрециони овластувања“ во исполнувањето на обврската да ги плати пензиите за кои станувало збор и можела да се спореди со работодавач кој бил договорна страна во работен однос регулиран со приватно право, Судот одлучил дека тужбените барања на жалителите биле од „граѓански“ карактер во смисла на член 6 § 1.
44. Oд друга страна, во Neigel v. France (17 March 1997, § 44, Reports 1997‑II) одлуката која жалителката ја оспорувала, имено одбивањето да биде повторно вратена на работно место на државен службеник, Судот сметал дека се однесува на „нејзиното ‘вработување’, нејзината ‘кариера’ и ‘престанок на работен однос“. Ниту пак тужбеното барање на жалителката за исплата на плати кои таа би ги добила ако била вратена на работното место правело член 6 § 1 да биде применлив, затоа што доделувањето на таков надомест од страна на управниот суд „директно зависело од претходна одлука дека одбивањето да биде вратена на работното место било незаконско“. Судот затоа одлучил спорот не се однесувал на „граѓанско“ право во смисла на член 6 § 1.
45. Според други пресуди, член 6 § 1 кога тужбеното барање се однесувало на право од „чисто економски карактер“ – како што е исплата на плата (види De Santa v. Italy, Lapalorcia v. Italy and Abenavoli v. Italy, 2 September 1997, параграфи 18, 21 и 16 соодветно, Reports 1997-V) – или било „во суштина од економски карактер“ (види Nicodemo v. Italy, 2 September 1997, § 18, Reports 1997-V) и не ги доведувало во прашање воглавно „дискреционите овластувања на властите“ (види Benkessiouer v. France and Couez v. France, 24 August 1998, параграфи 29-30 и 25 соодветно, Reports 1998-V; Le Calvez v. France, 29 July 1998, § 58, Reports 1998-V; и Cazenave de la Roche v. France, 9 June 1998, § 43, Reports 1998-III).
46. Кога Судот ја разгледувал ситуацијата во Pellegrin (параграф 60), сметал дека судската пракса наведена погоре доведувала до определен степен на несигурност за државите договорнички во однос на опсегот на нивните обврски според член Article 6 § 1 цо спорови започнати од лица вработени во јавниот сектор во однос на условите за служба. Судот настојувал да стави крај на таа несигурност преку воспоставување на автономно толкување на помот „државна служба“ што ќе овозможело да се обезбеди еднакво постапување со државни службеници кои вршат еднакви или слични должност во државите договорни страни на Конвенцијата, без оглед на домашниот систем на работа и, посебно, каков и да е карактер на правниот однос помеѓу службеникот и управниот орган.
47. За таа цел Судот вовел функционален критериум заснова на природата на должностите и одговорностите на работникот. Вработените на работни места кои подразбирал одговорности во генерален интерес или учество во вршењето на овластување доделени со јавно право со кои се раководи со дел од државната власт. Државата затоа имала легитимен интерес да бара од тие службеници специјален однос на доверба и лојалност. Од друга страна, во однос на други работни места кои го немале овој аспект на „јавна администрација“, немало таков интерес (види Pellegrin, цитиран погоре, параграф 65). Судот затоа одлучил дека единствените спорови кои не влегувале во опсегот на член 6 § 1 биле тие кои биле започнати од државни службеници чии должности се пример на конкретни активности на државна служба се додека тие дејствувале како носители на јавни овластувања одговорни за заштита на генералните интереси на државата или други јавни органи. Очигледен пример на такви активности биле оружените сили и полицијата (параграф 66). Судот заклучил дека на споровите помеѓу управните органи и работници на работни места кои вклучувале учество во вршење на овластувања доделени со јавно право не се применувал член 6 § 1 (параграф 67).
48. Судот забележува дека пресудата Pellegrin била категорична во својата формулација во тој поглед: кога работното место спаѓало во споменатата категорија, сите спорови поврзани со него не спаѓале под член 6 без оглед на нивниот карактер. Дозволувала само еден исклучок: сите спорови во врска со пензии влегувале во досегот на член 6 § 1 затоа што, при пензионирање, посебниот однос помеѓу работниците и органите престанувал; а работниците биле во ситуација слична со ситуацијата на работниците според приватното право во тоа дека специјалната врска на доверба и лојалност со која била обврзани кон државата престанала да постои, а работникот повеќе не можел да врши дел од суверената власт на државата (види Pellegrin, цитиран погоре, параграф 67).
49. Важно е да се воочи дека Судот нагласил дека во примената на фукнционалниот критериум мора да користи рестриктивно толкување на исклучоците од гаранциите обезбедени со член 6 § 1 (параграфи 64-67)., во согласност со целта и намената на Конвенцијата. Тоа било со цел да се ограничат случаите во кои на државните службеници може да им се оневозможи практичната и ефикасна заштита која им е обезбедена (како што е потврдено во Frydlender v. France [GC], no. 30979/96, § 40, ECHR 2000‑VII).
(ii) Дали има потреба за промена на судската пракса
50. Пресудата во случајот Pellegrin, која е најнеодамнешната алка во низата на пресуди со кои се развива судската пракса, имала за цел да обезбеди концепт со кој требало да се утврди, од случај до случај, дали работното место на жалителот вклучувало – со оглед на карактерот на должностите и одговорностите поврзани со тоа место – директно или индиректно учество во вршењето на овластувања доделени со јавно право и должности предвидени за заштита на генералните интереси на државата или други јавни органи, Тогаш морало да се утврди дали жалителот, во рамките на една од тие категории на работни места, навистина вршел фунцкии кои можеле да бидат окарактеризирани дека спаѓаат во вршење на јавни овластувања, што значи, дали позицијата на жалителот во рамките на државната хиерархија била доволно важна или висока за да стане збор за учество во вршење на државна власт.
51. Овој случај, сепак, покажува дека и примената на функционалниот критериум може да доведе до проблематични резултати. Во релевантниот период жалителите биле вработени во Министерството за внатрешни работи. Петмина од нив биле полициски службеници, што подразбира конкретни активности на државна служба дефинирани погоре. Тоа вклучувало директно учество во вршење на овластувања дадени со јавно право и вршење на должности предвидени за заштита на генералните интереси на државата. Функциите на секретарката биле чисто админстративни, без било каква надлежност за носење одлуки или друго директно или индиректно вршење на јавно овластување. Нејзините функции затоа се разликувале од функциите на секретар во приватно-правен или јавно-правен работен однос. Како што беше воочено погоре, во пресудата Pellegrin изречно ја споменува полицијата како очигледен пример на активности кои се дел од вршење на јавно овластување, на тој начин исклучувајќи цела една категорија на лица од опсегот на член 6. Со строга примена на пристапот од пресудата во Pellegrin произлегува дека жалителката која работела како секретарка во овој случај би ги уживала гаранциите од член 6 § 1, додека пак тоа несомнено не би важело за жалителите кои биле полициски службеници. Тоа би било така без оглед на фактот што спорот бил идентичен за сите жалители.
52. Понатаму, анализата на случаите за кои се донесла одлука после Pellegrin покажува дека утврдувањето на карактерот и статусот на функциите на еден жалител не било лесна задача; ниту пак категоријата на државна служба во која жалителот работи секогаш јасно се разликувала врз основа на неговата или нејзината фактичка улога. Во некои случаи не бил јасен степенот во кој вклучувањето во конкретен сектор на државна служба бил доволен за член 6 да не биде применлив без разгледување на карактерот на одговорностите на поединецот.
На пример, во Kępka v. Poland ((dec.), nos. 31439/96 and 35123/97, ECHR 2000‑IX) Судот одлучил дека, иако жалителот, кој не бил способен за вршење на должности на пожарникар, работел во текот на неговата кариера во државната противпожарна служба како предавач, неговите должности, кои вклучувале истражување и пристап до информации од чувствителен карактер, морало да се смета дека влегувале во сферата на национална одбрана, во која државата вршела суверена власт, и дека подразбирале, во најмала рака индиректно, учество во вршењето на должности предвидени за заштита на генералните интереси на државата (спореди со Frydlender, цитиран погоре, параграф 39). Затоа, член 6 не бил применлив. Како друг пример, во Kanayev v. Russia (no. 43726/02, § 18, 27 July 2006), каде жалителот бил активно воено лице во руската морнарица, капетан од трет ранг, и затоа во тоа својство „вршел дел од суверената власт на државата“, било одлучено дека член 6 § 1 не бил применлив, иако постапката се однесувала на неизвршување на судска пресуда во негова корист поврзана со спорни трошоци за превоз. Во Verešová (цитиран погоре), член 6 § 1 не бил применлив во однос на адвокат кој работел за полиција врз основа на фукциите и одговорностите на полицијата како целина, без било какво согледување на неговата индивидуална улога во организацијата.
53. Понатаму, особено запрепастува тоа што, земен буквално, „функционалниот пристап“ бара член 6 да не се примеиува на постапки каде позицијата на жалителот како државен службеник не се разликува од позицијата на било кој друг учесник во спор, или со други зборови, каде спорот помеѓу работникот и работодавачот не е посебно карактеризиран со „специјална врска ан доверба и лојалност“.
54. Дека од одлучувачко значење била позицијата на жалителот а не карактерот на спорот, сепак, било потврдено во Martinie v. France ([GC], no. 58675/00, § 30, ECHR 2006-VI) каде Големиот судски совет заклучил дека член 6 § 1 бил применлив, како и Судскиот совет (одлука за допуштеност од 13 јануари 2004), но, врз основа на поинакво образложение. Големиот судски совет го зел во предвид фактот дека жалителот бил државен службеник кој работел како сметководител во училиште, без да учествува во вршење на јавни овластувања, додека пак Судскиот совет пред се го зел во предвид карактерот на спорот помеѓу жалителот и државата, имено неговата одговорност да врати неодобрени исплати, при носење на заклучокот дека обврските на жалителите биле „граѓански“ во смисла на член 6 § 1, а дела карактеристики на приватното право преовладувале во случајот.
55. Судот може само да заклучи дека функционалниот критериум, на начинот на кој бил применуван во пракса, не ја поедноставил анализата за утврдување дали член 6 е применлив во постапки во кои државен службеник бил страна ниту пак донел повисок степен на сигурност во оваа област како што било замислено (види, mutatis mutandis, Perez v. France [GC], no. 47287/99, § 55, ECHR 2004‑I).
56. Според тоа и од тие причини Судот заклучува дека функционалниот критериум усвоен во Pellegrin мора да биде доразработен. Иако е во интерес на правната сигурност, предвидливоста и еднаквоста пред законот Судот да не отстапи, без добра причина, од прецеденти поставени во претходни случаи, пропуштање на Судот да одржи динамичен и еволутивен пристап би довело до ризик тој да биде пречка на реформа или подобрување (види, mutatis mutandis, Mamatkulov and Askarov v. Turkey [GC], nos. 46827/99 and 46951/99, § 121, ECHR 2005‑I).
57. Pellegrin треба да се сфати во светло на претходната судска пракса на Судот и дека претставува прв чекор на напуштање на претходниот принцип на неприменливост на член 6 на државни службеници, а во насока на негова делумна применливост. Таа пресуда ја одразува основната премиса дека некои државни службеници, заради нивните функции, се обврзани со специјална врска на доверба и лојалност кон нивниот работодавач. Сепак, очигледно е од случаите после таа пресуда дека во многу држави договорнички им е овозможен пристап до суд на државните службеници, дозволуваујќи им да поднесуваат тужбени барања за плата и надоместоци, дури и отпуштање или вработување, на слична основа како и за вработените во приватниот сектор. Домашниот систем, во такви околности, не гледа судир помеѓу виталните интереси на државата и правото на поединецот на заштита. Навистина, иако ниту Конвенцијата ниту нејзините Протоколи гарантираат право на вработување во државна служба, не следува дека во други аспекти државните службеници се надвор од опсегот на Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. the United Kingdom, 28 May 1985, § 60, Series A no. 94, and Glasenapp v. Germany, 28 August 1986, § 49, Series A no. 104).
58. Понатаму, членовите 1 и 14 од Конвенцијата стипулираат дека „секој кој е под јурисдикција“ на државите договорнички мора да ги ужива правата и слободите од Делот I „без дискриминација по било која основа“ (види, mutatis mutandis, Engel and Others v. the Netherlands, 8 June 1976, § 54, Series A no. 22). Општо правило е дека гаранциите на Конвенцијата се однесуваат и на државни службеници (види, mutatis mutandis, Schmidt and Dahlström v. Sweden, 6 February 1976, § 33, Series A no. 21; Engel and Others, cited above, § 54; Glasenapp, цитиран погре, § 49; и Ahmed and Others v. the United Kingdom, 2 September 1998, § 56, Reports 1998‑VI).
59. Применувајќи го рестриктивното толкување на функционалниот критериум како што налага пресудата во Pellegrin, затоа треба да има убедливи причини за исклучување на било која категорија на жалители од заштитата на член 6 § 1. Во овој случај, каде жалителите, и полициските службеници и секретарката имале, според домашниот закон, право нивните барања за надоместоци да бидат разгледани од суд, не беше изнесена ниту една причина поврзана со ефикасното фукнционирање на државата или друга јавна потреба која би можела да наложи да не се применува заштитата од Конвенцијата против неправична или долга постапка.
60. Земајќи го во предвид европското право генерално, кое дава корисни насоки (види Christine Goodwin v. the United Kingdom [GC], no. 28957/95, параграфи 43‑45, 92 и 100, ECHR 2002‑VI; Posti and Rahko v. Finland, no. 27824/95, § 54, ECHR 2002‑VII; и Meftah and Others v. France [GC], nos. 32911/96, 35237/97 and 34595/97, § 45, ECHR 2002‑VII), Судот воочува дека во пресудата Pellegrin се барала поткрепа во категориите на активности и работи места наброени во Европската комисиија и Судот на правдата на Европските заедници во врска со исклучокот од слободата на движење (види Pellegrin, цитиран погоре, параграф 66). Сепак, Судот би забележал дека самиот Суд во Луксембург применува поширок пристап во полза на судска контрола, како што се гледа од важната пресуда во случајот Marguerite Johnston v. Chief Constable of the Royal Ulster Constabulary (Case 222/84, § 18, [1986] ECR 1651) постапка поведена од жена полициски службеник врз основа на Директивата за недискриминација. Според Судот во Луксембург:
„Обврската за судска контрола стипулирана [во член 6 од Директивата на Советот бр. 76/207] го одразува генералниот правен принцип кој е основа на уставните традиции заедничка за сите држави членки. Тој прицип е исто така наведен во членовите 6 и 13 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи од 4 ноември 1950. Како што потврдија Европскиот парламент, Советот и Комисијата во Заедничката декларација од 5 април 1977 ... и како што Судот потврдил во своите одлуки, принципите на кои е заснована Конвенцијата мора да се земат во предвид во правото на Заедницата.“
Оваа одлука и останатата судска пракса во области поврзани со правото на Заедницата покажуваат дека опсегот на применливост на судска контрола во правото на Европската унија е широк. Ако поединец може да се повика на материјално право гарантирано со правото на Заедницата, неговиот или нејзиниот статус како носител на јавно овластување не ги прави неприменливи обврските за судска контрола. Понатаму, широкиот опсег на ефикасна судска контрола е нагласен со повикувањето на Судот во Луксембург и на членот 6 и членот 13 од Конвенцијата (види случајот Marguerite Johnston, цитиран погоре, и случајот Panayotova and Others v. Minister voor Vreemdelingenzaken en Integratie, Case C‑327/02, [2004] ECR I-11055, § 27), како и со Повелбата за фундаментални права (види погоре параграфи 29-30).
61. Судот го признава интересот на државата да го контролира пристапот до суд кога станува збор за определени категории на персонал. Сепак, пред се е на државите договорнички, посебно на надлежното законодавно тело, а не на Судот, изречно да ги идентификува тие сектори од државната служба кои вклучуваат вршење на дискрециони овластувања, кои се неразделни од државниот суверенитет на кои интересите на поединецот мора да им дадат предност. Судот ја врши својата надзорна задача подложен на принципт на супсидијарност (види Z and Others v. the United Kingdom [GC], no. 29392/95, § 103, ECHR 2001‑V). Ако домашниот суд не дозволува пристап до суд, Судот ќе провери дали спорот е навистина таков да оправда примена на исклучок од гаранциите на член 6. Ако домашното право не забранува пристап, тогаш нема спорно прашање во тој поглед и член 6 § 1 ќе се применува.
Треба да се нагласи, сепак, дека таа ситуација се разликува од други случаи, каде заради тоа што изјавените тужбени барања се смета дека се надвор од граѓанскиот и кривичниот аспект на член 6 § 1 oд Конвенцијата (види, помеѓу другото, за утврдувањето на данок, Ferrazzini v. Italy ([GC], no. 44759/98, ECHR 2001‑VII); за прашања за азил, државјанство и престој во некоја земја, Maaouia v. France ([GC], no. 39652/98, ECHR 2000‑X); и за одлучување на изборни спорови во однос на ченови на Парламент, Pierre-Bloch, цитиран погоре). Образложението во овј случај затоа е ограничено на ситуацијата на државните службеници.
62. Судот повторува, со цел тужената држава да може да се повика пред Судот на статусот на жалителот на државен службеник за да се исклучи заштитата изразена во член 6, мора да бидат исполнети два услова. Прво, државата во својот домашен закон мора изречно да исклучила пристап до суд за работното место или категоријата на вработени за кои станува збор. Второ, тоа исклучување мора да биде оправдано со објективни причини од интерес на државата. Самиот факт дека жалителот е во сектор или оддел кој учествува во вршење на овластување доверено со јавно право не е сам по себе одлучувачки. Со цел исклучувањето да биде оправдано, не е доволно државата да доказже дека државниот службеник за кој станува збор учествува во вршење на јавно овластување или дека постои, според зборовите на Судот во Pellegrin, „специјална врска на доверба и лојалност“ помеѓу државниот службеник и државата, како работодавач. Исто така државата треба да докаже дека предметот на конкретниот спор е поврзан со вршење на државна власт или дека ја довел во прашање таа специјална врска. Затоа, во принцип не може да има оправдување за исклучување од гаранциите на член 6 во обични работни спорови, како што се оние кои се однесуваат на плати, надоместоци или слични права, врз основа на посебниот карактер на однос помеѓу конкретниот државен службеник и конкретната држава Фактички, ќе има претпоставка дека член 6 се применува. Тужената држава ќе биде таа која ќе треба да докаже, прво, дека жалителот државен службеник нема пристап до суд според домашното право и, второ; дека исклучувањето од правата според член 6 на тој државен службеник е оправдано.
63. Во овој случај постои согласност дека сите жалителите имале пристап до суд според домашниот закон. Затоа, член 6 § 1 е применлив.
64. Судот би воочил дека неговиот заклучок во однос на применливоста на член 6 е без влијание врз прашањето како различните гаранции на тој член (на пример, опсегот на контрола која се бара од домашните судови: види Zumtobel v. Austria, 21 September 1993, § 32, Series A no. 268‑A) треба да се применуваат во спорови кои се однесуваат на државни службеници. Во овој случај, Судот треба да разгледа само две такви гаранции, имено тие кои се однесуваат на должината на постапката и на усна расправа.
2. Почитување на член 6
(a) Должина на постапката
65. Судот повторува дека во граѓански предмети разумниот рок може да почне да тече, во некои околности, дури и пред да се издаде наредба за отпочнување на постапката пред судот до кој тужителот го поднесува своето тужбено барања (види Golder v. the United Kingdom, 21 February 1975, § 32, Series A no. 18). Tаква е ситуацијата во случајот на жалителите, затоа што тие не можеле да се обратат до Окружниот управен суд пред да добијат, на нивното барање (види параграф 19), одлука против која ќе можат да изјават жалба (види, mutatis mutandis, König v. Germany, 28 June 1978, § 98, Series A no. 27; Janssen v. Germany, no. 23959/94, § 40, 20 December 2001; and Hellborg v. Sweden, no. 47473/99, § 59, 28 February 2006).
66. Последователно, во овој случај, разумниот рок предвиден со член 6 § 1 почнал да тече од денот на кој жалителите го поднесле нивното барање до Окружниот административен одбор, а тоа било на 19 март 1993 (види го претходниот параграф). Неспорно е дека постапката завршила со одлуката на Врховниот управен суд од 27 април 2000. Затоа, таа траела повеќе од седум години.
67. Судот ќе ја оцени разумноста на долижината на постапката во светло на конкретните околности на случајот и имајќи ги во предвид критерумите наведени во неговата судска пракса, посебно сложеноста на случајот и однесувањето на жалителот и на релевантните државни органи. Важноста на тоа за што се одлучува за жалителот мора исто така да се земе во предвид (види Philis v. Greece (no. 2), 27 June 1997, § 35, Reports 1997-IV).
68. Судот се согласува со странките дека случајот не бил сложен. Прашањето за кое се одлучува не било од исклучителна природа.
69. Што се однесува на однесувањето на жалителите, тие не ја одолговлекувале постапката. Што се однесува пак на однесувањето на властите, Судот забележува дека Окружниот административен одбор гп примил барањето на 19 март 1993. Ги примил одговорите на барањето и потоа ги доставил до жалителите на одговор, донесувајќи ја својата одлука на 19 март 1997. Така, му требало четири години за да одлучи во случајот. Протекот на време не е оправдан ниту со преземените процедурални мерки ниту со наводната потреба да се чека исходот на случајот Askola кој бил правосилно одлучен на 7 декември 1994.
70. Што се однесува на постапката пред Окружниот управен суд и Врховниот управен суд, Судот смета дека постапката пред овие две инстанци траела вкупно две години. Смета дека во овој дел постапката на отвора спорни прашања како таква.
71. Накусо, Судот заклучува дека имало одолжувања во постапката пред Окружниот административен одбор за кои не утврди доволно објаснување. Затоа имало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата заради должината на постапката.
(б) Усна расправа
72. Принципите кои се применуваат во овој поглед се наведени во пресудата во Jussila v. Finland ([GC], no. 73053/01, §§ 40-45, ECHR 2006‑XIV).
73. Во овој случај, целта на жалителите при барањето на усна расправа била да се докаже дека управата на полицијата им ветила дека нивната економска загуба ќе биде надоместена. Управните судови одлучиле во околностите на случајот дека усна расправа била очигледно непотребна затоа што наводното ветување не било релевантно. Судот се согласува со аргументот на Владата дека било какви прашања за фактичката состојба и правото можеле адекватно да бидат разгледани, и за нив да се одлучи врз основа на, писмени поднесоци.
74. Судот понатаму забележува дека на жалителите не им било оневозможено да побараат усна расправа, иако било на судовите да одлучат дали нејзиното одржување било потребно (види, mutatis mutandis, Martinie, цитиран погоре, параграф 44). Управните судови дале причини за тој заклучок. Со оглед на тоа што жалителите имале доволно прилики да се произнесат за нивниот случај по писмен пат и да дадат одговор на поднесоците на другата странка, Судот заклучува дека условот на правичност бил почитува и дека не наложувал усна расправа.
75. Затоа, немало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата во однос на неодржувањето на усна расшрава.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
76. Жалителите тврдеа дека се жртви на повреда на член 13 од Конвенцијата, кој гласи:
“Секое лице, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на ефикасен правен лек пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.„
A. Аргументи на странките
1. Жалителите
77. Жалителите останаа на тврдењето дека долгата постапка ги направила нивните жалби неефикасни. Затоа поднесувањето на жалба не било ефикасен правен лек.
2. Владата
78. Владата сметаше дека затоа што немало повреда на член 6, немало ни аргументриани наводи ни според член 13. Ако Судот одлучел поинаку, таа тврдеше дека жалбата била неоснована затоа пто жалителите се жалеле против одлуката на Окружниот административен одбор до две други инстанци. Што се однесува на должината на постапката, жалителите имале ефикасен правен лек, што било докажано од фактот што еден од жалителет поднел жалба со успешен исход до Канцеларот за правда, кој му обрнал внимание на Одборот на одолжувањето на постапката. Владата исто така се повика на принципот дека, иако ниту еден правен лек сам по себе не ги исполнува во целост условите од член 13, збирот на правни лекови предвидени со домашното право може нив да ги исполни (види, на пример, X v. the United Kingdom, 5 November 1981, § 60, Series A no. 46; Van Droogenbroeck v. Belgium, 24 June 1982, § 56, Series A no. 50; and Leander v. Sweden, 26 March 1987, §§ 77 and 81-82, Series A no. 116). Понатаму, „органот“ кој е споменат во член 13 не мора нужно да биде судски орган.
Б. Оцена на Судот
79. Судот го толкуваше жалбениот навод на жалителите по член 13 дека значи дека тие тврдат дека немало начин да ја забрзаат постапката. Со оглед на тоа што правото од Конвенцијата на кое жалителите се повикуваат е правото на „судење во разумен рок“ гарантирано со член 6 § 1, Судот мора да го определи опсегот на обврската на државата да им обезбеди на жалителите „ефикасен лек пред надлежен орган“.
80. Како што Судот има одлучено во повеќе прилики, член 13 од Конвенцијата гарантира достапност на национално ниво на правен лек за да се зајакне суштината на правата и слободите од Конвенцијата во каква и форма во која се чини дека се тие обезбедени во домашниот правен поредок. Дејството на член 13 е затоа да се бара обезбедување на домашен правен лек кој ќе се однесува на суштината на „аргументиран жалбен навод“ според Конвенцијата и да се одобри соодветно поправање на ситуацијата. Опсегот на обврските на државите договорнички од член 13 е различен во зависност од природата на жалбениот навод на жалителот, сепак, правниот лек кој се бара според член 13 мора да биде „ефикасен“ и во правото и во праксата (види, помеѓу други претходни одлуки, Kudła v. Poland [GC], no. 30210/96, § 157, ECHR 2000-XI).
81. Преостанува Судот да одлучи дали средствата кои им биле достапни на жалителите во финското право за да поднесат жалба за дожината на постапката во нивниот случај биле „ефикасни“ во смисла или на спречување на наводната повреда или нејзиното продолжување, или на обезбедување на соодветно задоволување за секоја повреда која веќе настанала.
82. Не постоело конкретно правно средство со кое жалителите можеле да се жалат за должината на постапка со цел да се забрза одлучувањето во нивниот спор. Судот го зема во предвид аргументот на Владата дека жалбата до Канцеларот за правда ја забрзала постапката. Навистина, се чини дека одлуката на Канцеларот од 24 јануари 1997 може да имала влијание врз Окружниот административен одбор, кој ја донесол својата одлука во март 1997. Сепак, во моментот кога Канцеларот за правда презел мерки, жалителите чекале одлука веќе речиси четири години. Судот заклучува дека иако интервенцијата на Канцеларот и нејзиниот позитивен ефект мора да бидат признати, жалба до канцеларијата на Канцеларот не го исполнува стандардот на „ефикасност“ во смисла на член 13. Владата претходно потврди дека одолжување на постапката како такво не било основ за надомест според финското право (види Kangasluoma v. Finland, no. 48339/99, § 43, 20 January 2004).
83. Судот затоа одлучува дека имало повреда на член 13 од Конвенцијата затоа што жалителите немале домашен правен лек со кој можеле да го спроведат нивното право на судење во разумен рок гарантирано со член 6 § 1 oд Конвенцијата.
III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛ Бр. 1 ЗЕМЕН ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
84. Жалителите наведоа повреда на член 1 од Протокол бр. 1, кој гласи:
“E Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Никој не може да бпде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право.
Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат закони кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на имотот согласно општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси и парични казни. “
Tие исто така наведоа повреда на член 14 од Конвенцијата, кој гласи:
“Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.
A. Аргументи на странките
1. Жалителите
85. Жалителите изјавија дека најпрво тие имале право на надоместок за работа во оддалечена област, кое покасно било укинато. Како последица, сумата на пари на која државните службеници кои работеле во Сонкајарви имале право, била намалена. Со цел да се надомести за ова намалување на приходот, им биле доделени индивидуални додатоци на плата, кои биле фиксен дел од нивните плати и со кој изречно се надоместувало за намалувањето на платата. Тоа било во согласност со праксата на државната администрација дека стекнатите права не треба да се изгубат, што било илустрирано со насоките (усвоени во 2003) за примена на системот на плата. Оваа промена се случила пред спојувањето на окрузите, пто довело до загуба на дел од нивните плати (имено, додатокот на плата). Жалителоте имале стекнато право во однос на сума на пари, кое државата им го одзела со еднострана одлука.
86. Жалителите понатаму изјавија дека случајот Nurmes бил идентичен со нивниот. Во тој случај полициски службеник добил надомест за намалувањето на неговата плата после спојувањето со полицискиот округ Нурмес (одлука на Окружниот административен одбор во Похјоис-Карјала) и, како последица, платата на тој полициски служебник останала иста како и претходно: што не било случај со платите на жалителите. Случајот Askola не бил сличен со нивниот, затоа пто полициските службеници во Аскола никогаш не добивале надоместок за работа во оддалечена област, надомест за работа во студена област или индивидуални додатоци на плата. Жалителите исто така се повикаа на случајот Mäntyharju, во кој трошоците за превоз на државните службеници биле надоместени како индивидуални додатоци на плата после промена на нивното место на вршење на должност од Петунмаа во Мантихарју. Жалителите не добиле таков надомест.
87. Жалителите го отфрлија како нерелевантно упатството на кое се повикала Владата подолу во текстот, затоа пто тие биле државни службеници вработени на неопределено време, додека пак упатството важело само за државен службеник на кого му било наредено привремено или како замена да врши должности кои се разликувале од неговите или нејзините вообичаени должности.
88. Жалителите тврдеа дека било очигледно од одлуката на Врховниот управен суд (донесена на 30 јуни 1994) која се однесувала на виш полициски службеник П.П.Е. и неговата пензија, дека било оправдано да се надомести економска загуба која била предизвикана од спојувањето за кое станува збор.
2. Владата
89. Владата тврдеше дека, затоа што немало „право“ во смисла на член 6, исто така немало ни сопственост во смисла на член 1 од Протокол бр. 1. Последователно, ниту член 1 од Протокол бр. 1 ниту член 14 од Конвенцијата можеле да се применат во случајот. Ако Судот го заклучел спротивното, Владата го изјави следното.
90. Што се однесува на наводот на жалителот дека со нив било постапено поинаку отколку со други вработени, Владата објасни дека, врз основа на колективен догвоор, државните службеници кои работеле во Сонкајарви имале право на надоместок за работа во оддалечена област. Со следниот колективен договор, кој бил во сила до 29 февруари 1992, правото на надоместок за работа во оддалечена област бил заменето со надоместок за работа во студена област а некои општини, вклучувајќи ја Сонкајарви биле отстранети од групата за која требало да се плаќа надоместок. Загубата на додатокот на плата била заснована на одредба во упатството за имплементација на колективниот договор, според кое додатокот се плаќал се додека засегнатото лице служело во општината каде било дадено право на додаток. Ако работното место било променето привремено или постојано, исплатата на додатокот престанувала. Во однос на случајот Nurmes, во кој бил одобрен додаток на плата заради намалување на нивото на надоместок за работа во студена област, тој не можел да се спореди со случајот на жалителите. Министерството за финансии јасно зазело негативен став во однос на надомест за подолго патување до работно место во случаите Sonkajärvi и Askola cases (одлуки од 3 јули 1991) таков став имало и во судската постапка која следувала, која во двата случаи завршила со негативна одлука на Врховниот управен суд. Министерството за внатрешни работи побарало само додаток на плата врз основа на зголемени трошоци направени со подолго патување до работно место за десет лица, вклучувајќи ги и жалителите, повикувајќи се на претходна пракса на Министерсвото за финансии во случајот Mäntyharju. Tака, Министерството за внатрешни работи не го поднесло барањето врз основа на загуба на додаток на плата која настанала со одземањето на надоместокот за работа во оддалечена област. Затоа, случајот на жалителите била сосема соодветен со случајот Askola. Всушност, кога полициски окрузи биле споени после 3 јули 1991, праксата била да не се дава надомест во случаи како тој на жалителите..
91. Владата тврдеше дека жалителите, со еден исклучок (г-н Vilho Eskelinen, кој веќе живеел надвор од Сонкајарви), имале само релативно ниски трошоци за патување до работа после спојувањето. На овие трошоци не се плаќало данок а некои од жалителите користеле полициски возила за патување до работа до мај 1991. Надлежноста на Окружниот административен одбор да одлучува за плати на локални службеници вклучувала дискрециони одлуки од случај до случај. Политиката била да се следи изедначена пракса во слични случаи.
92. Tаа посочи дека на 4 декември 1996 Министерството за внатрешни работи издало упатство за надомест во форма на додаток на плата за намалувања на плати до кои дошло поради измени во однос на надоместоци за работа во студена област и подолго време на патување до работа како последица на промена во поделбата на полициските окрузи. Сепак, тоа упатство немало ретроактивно дејство.
Б. Оцена на Судот
93. Судот смета дека жалителите се жалат по член 1 од Протокол бр.1, земен или самостојно или во врска со член 14 од Конвенцијата, дека домашните органи и судови погрешно го примениле домашното право при одбивањето на нивното барање.
94. Судот воочува дека не постои право според Конвенцијата да се продолжи да се добива плата од одреден износ (види, mutatis mutandis, Kjartan Ásmundsson v. Iceland, no. 60669/00, параграф 39, ECHR 2004‑IX). Не е доволно жалителите да се повикаат на постоење на „вистински спор“ или на „аргументирано барање“ (параграфи 37-38). Барањето може да се смета за „имот“ во смисла на член 1 од Протокол бр.1 само ако за него постои доволна основа во домашниот закон, на пример кога има воспоставена судска пракса на домапните судови со која тоа се потврдува (види Kopecký v. Slovakia [GC], 28 September 2004, §§ 45-52, ECHR 2004-IX). Во овој случај произлегува од упатството за имплементација (види параграф 22 погоре) дека жалителите немале легитимно очекување да добијат индивидуални додатоци на плата после спојувањето затоа што, како последица на промената на местото на вршење на должност во општина надвор од Сонкајарви, правото на додаток на плата престанало. Ниту пак имало било какво право според домашниот закон на надомест на трошоците за патување до работа.
95. Во однос на член 14 од Конвенцијата, тој ги надополнува другите материјални одредби од Конвенцијата и Протоколите. Тој не постои самостојно затоа што има дејство само во однос на „уживањето на правата и обврските“ заштитени со тие одредби. Иако примената на член 14 не подразбира повреда на тие одредби – и во тој обем тој член е автономен –тој не може да се примени освен ако конкретните факти спаѓаат во досегот на една или повеќе од тие одредби (види Gaygusuz v. Austria, 16 September 1996, § 36, Reports 1996-IV, и Domalewski v. Poland (dec.), no. 34610/97, ECHR 1999-V). Во овој случај, не се применливи други одредби во овој дел.
96. Во овие околности, Судот одлучува дека немало повреда на член 1 од Протокол бр.1 земен или самостојно или во врска со член 14 од Конвенцијата.
IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
97. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна договорничка овозможува само делумно отстранување на последиците на таа повреда, Судот и дава на оштетената страна, доколку е потребно, правично задоволување.“
A. Штета
98. Жалителите за материјална штета побараа 117.73 евра (EUR) месечно од 1 ноември 1990 со годишна камата од 10% од првиот ден на секој месец. Нивните барања се прецизирани подолу во текстот во однос на секој жалител во смисла на бројот на месеци од 30 септември 2006 (датата е определена од жалителите) и вкупна сума по жалител.
Г-н Vilho Eskelinen
191 месеци
EUR 22,486.42
Г-н Arto Huttunen
191 месеци
EUR 22,486.42
Г-н Markku Komulainen
191 месеци
EUR 22,486.42
Г-н Toivo Pallonen*
26 месеци
EUR 3,060.98
Г-ѓа Lea Ihatsu**
116 месеци
EUR 13,656.68
Наследниците на г-н Hannu Lappalainen***
58 месеци
EUR 6,828.34
* се пензионирал на 1 јануари 1991: исходот од случајот може да влијае на износот на неговата пензија.
** го напуштил работно месот на 1 јули 2000.
*** починал на 22 август 1995: исходот од случајот може да влијае на износот на пензијата на неговата вдовица
99. Жалителите побараа EUR 10,000 за секој од нов плус камата за страдање и тегоба.
100. Владата посочи дека жалителите побарале надомест на материјална штета по две основи, кои требало да се издвојат: прво, загуба на индивидуални додатоци на плата и, второ, зголемени трошоци за патување до работа. Бараните износи и камата се засновани на претпоставки, чиј прецизен износ, со можни реперкусии врз пензии итн, треба да се утврдат посебно после главната пресуда на Судот, со спогодба на странките или со посебна пресуда.
101. Владата сметаше дека барањата за нематеријална штета биле прекумерни во однос на износот. Било каков надомест не требало да надмине EUR 1,000 по човек. Барањата за исплата на камата требало да се отфрлат.
102. Судот заклучува дека нема причинска врска помеѓу најдената повреда во однос на должината на постапката и бараната материјална штета. Последователно, нема оправдување за доделување на каков било надомест по тој основ. Судот прифаќа дека жалителите сигурно претрпеле нематеријална штета, како што е болка и фрустрација поради предолгото траење на постапката, која не е доволно надоместена само со наоѓање на повреда на Конвенцијата. Правејќи ја својата проценка на правична основа, Судот доделува на секој жалител EUR 2,500.
Б. Трошоци и надоместоци
103. Жалителите побараа EUR 1,622.11 за жалбата поднесена до Канцеларот за правда, EUR 1,226.88 за жалбата до Окружниот управен суд, EUR 1,688.57 за жалбата до Врховниот управен суд и EUR 12,963.40 во однос на постапката пред Судот.
104. Владата сметаше дека трошоците пред Канцеларот за правда не требало да се надоместат, затоа што вонредна жалба не е услов за поднесување на жалба пред Судот, дека трошоците во домашните судски постапки не требало да надминат EUR 2,000 (вклучувајќи данок на додадена вредност) и дека трошоците во постапката пред Судот не требало да надминат EUR 6,200.
105. Судот повторува дека надомест по овој основ може да биде даден само во однос на трошоците и издатоците кои биле фактички и неопходно направени со цел да се избегне, или да се добие задоволување, за повредата која била утврдена и кои се разумни по износ (види, помеѓу други судски одлуки, Hertel v. Switzerland, 25 August 1998, § 63, Reports 1998-VI).
Во овој случај домашната постапка не била релевантна за одлучување по жалбениот навод во однос на должината на постапката, освен жалбата до Канцеларот за правда. Затоа барањата на жалителите може да бидат прифатени само во определен степен, со други зборови, EUR 1,622.11 (вклучувајќи данок на додадена вредност).
Судот заклучува дека трошоците и надоместоците во постапката пред Судот бил оправдано направени со цел да се обезбеди задоволување за најдената повреда. Сепак, тие не можат да бидат доделени во целост затоа што Судот одби дел од жалбените наводи на жалителите. Со оглед на сите околнсоти вклучувајќи ја правната помош доделена од Советот на Европа, Судот доделува EUR 8,000 (вклучувајќи данок на додадена вредност).
В. Затезна камата
106. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се пресмета согласно најниската каматна стапка на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучува со дванаесет гласа против пет дека член 6 § 1 oд Конвенцијата е применлив во овој случај;
2. Одлучува со четиринаесет гласа против три дека имало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата во однос на должината на постапката;
3. Одлучува едногласно дека немало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата во однос на неодржувањето на усна расправа;
4. Одлучува со петнаесет гласа против два дека немало повреда на член 13 oд Конвенцијата;
5. Одлучува едногласно дека немало повреда на член 1 од Протокол бр. 1 земен самостојно или во врска со член 14 oд Конвенцијата;
6. Одлучува со тринаесет гласа против четири:
(a) дека тужената држава треба да ги исплати, во рок од три месеци, следните износи:
(i) EUR 2,500 (две илјади и петстотини евра) за секој жалител во однос на нематеријална штета;
(ii) EUR 9,622.11 (девет илјади шестотини и дваесет и две евра и единаесет цент) на сите жалители заедно за трошоции и надоместоци;
(iii) секој данок кој може да биде пресметан на горните износи;
(б) дека по истекот на гореспоменатиот рок од три месеци до исплата, ќе се исплати камата на гореспоменатиот износ еднаква на најниската каматна стапка на Европската централна банка, за односниот период плус три процентни поени;
7. Го одбива едногласно останатиот дел од барањето на жалителите за правично задоволување.
Изработена на англиски и француски јазик, и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, во Стразбур, на 19 април 2007.
Erik FriberghJean-Paul Costa
Секретар на СудотПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy