© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За повеќе информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ПОРАНЕШЕН ОДДЕЛ I
СЛУЧАЈ WIERZBICKI против ПОЛСКА
(Жалба бр. 24541/94)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
18 јуни 2002
Оваа пресуда е конечна но, може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Wierzbicki против Полска,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Судски совет во состав:
г-ѓаE. Palm, Претседател,
г-ѓаW. Thomassen,
г-нJ. Makarczyk,
г-нR. Türmen,
г-нB. Zupančič,
г-нR. Maruste,
г-нJ. Casadevall, судии
иг-нM. O’Boyle, Секретар на оддел,
Откако расправаше на затворени седници на 23 октомври 2001 и 27 мај 2002,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на датата која е спомената последна:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со жалба (бр. 24541/94) против Послка поднесена до Европската комисија за човекови права („Комисијата“) според поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на човекови права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на полски државјанин, г-н Piotr Wierzbicki („жачителот“), на 20 јануари 1994.
2. Случајот беше доставен до Судот од страна на Европската комисија за човекови права на 2 ноември 1999, во рокот од три месеци предвиден со поранешните членови 32 § 1 и 47 oд Конвенцијата. Барањето на Комисијата се повикува на поранешните членови 44 и 48 и на декларацијата со која Полска ја признава задолжителната надлежност на Судот (поранешен член 46). Целта на барањето беше да се добие одлука во однос на тоа дали фактите на случајот давале основа за да се заклучи дека имало повреда од тужената држава на нејзините обврски според член 6 § 1 oд Конвенцијата.
3. Жалителот беше застапуван ог г-н A. Grot, aдвокат од Варшава. Полската Влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот Агент,
г-н K. Drzewicki, oд Министерството за надворешни работи.
4. На 13 декември 1999 комисија на Големиот судски совет одлучи дека случајот треба да биде одлучен од страна на еден од одделите (правило 100 § 1 oд Правилата на Судот). Врз основа на тоа жалбата беше распределена на Првиот оддел.
5. И жалителот и Владата доставија опсервации.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
6. Во изданието бр. 4 на весникот “Gazeta Polska”, чиј главен и осговорен уредник бил жалителот, била објавена листа на информатори на комунистичката тајна служба. Таа листа била доставена до Парламентот (Sejm) во јуни 1992 од страна на Министерот за внатрешни работи. Листата требало да биде строго доверлива, но, нејзината содржина веднаш допрела до јавноста. Во истото издание на весникот, покрај листата, бил објавен следниот текст, со наслов „Избришани во последен момент“(“Wykreśleni w ostatniej chwili”): „[Министерот за внатрешни работи] до последен момент проверувал кои податоци морал да ги достави до Парламентот, врз основа на неговата резолуција. Неколку часа пред листата да биде поднесена до [Парламентот] тој избришал неколку имиња од листата, затоа што немало цврсти докази. Се чини од нашите информации дека тие имиња биле: [...]“.Следувал имињата на тројца познати политичари..
7. Во изданието бр. 5 на истиот весник, бил објавен текст со наслов „Листа на информатори – дополнување“(“Lista konfidentów - uzupełnienie”) кој гласел: „Како последица на недоразбирање, не го вклучивме следното име во листата на лица избришани во последен момент од документот на Министерот за внатрешни работи, која беше објавена во изданието бр.4 Gazeta Polska: S.N, припадник на категоријата TW (информатор), со псевдоним [...,] кој бил регрутиран од [тајната полиција] додека бил во затвор.“ (“Z wydrukowanej w nr 4 Gazety Polskiej listy 8. На 30 јуни1993 S. N., кој исто така бил кадидат на парламентарните избори закажани за септември 1993, поднел тужба против жалителот до Регионалниот суд во Варшава според член 139 од Изборниот закон. Тој тврдел дека весникот чиј главен и одговорен уредник бил жалителот објавил информации дека тој бил информатор на тајната полиција на поранешниот комунистички режим. Тој тврдел дека тоа не било точно. Тој побарал жалителот јавно да ја повлече оваа изјава и да се извини преку платени известувања во повеќе весници.. 9. На 1 јули 1993 Регионалниот суд во Варшава се прогласил за ненадлежн за случајот и го доставил случајот до Регионалниот суд во Лоџ. 10. На 22 јули 1993 Регионалниот суд во Лоџ одлучил дека случајот треба да биде одлучен во обична парнична постапка која важела за тужбени барања за заштита на угледот според член 24 од Граѓанскиот законик и го вратил случајот до Регионалниот суд во Варшава. По жалба, Регионалниот суд во Лоџ на 4 август 1993 ја укинал оваа одлука затоа што сметал дека случајот треба да биде разгледува во специјална постапка регулирана со член 139 од Изборниот закон. 11. На 6 август 1993 Регионалниот суд во Лоџ го поканил жалителот со факс испратен на неговата работна адреса за присуствува расправата закажана за 7 август 1993. На истиот ден адвокатот на жалителот испратил допис до судот во кој тој се противел на доставувањето на поканата на работното место на жалителот наместо а неговата приватна адреса и го известил судот дека требало да смета дека жалителот не бил уредно поканет. Тој побарал рочиштето да биде одложено. 12. На рочиштето од 7 август 1993 Регионалниот суд во Лоџ го повикал жалителот да достави докази со кои ќе покаже дека информациите во однос на тужителот и неговото наводно вклучување во тајната полиција биле точни. 13. На 12 август 1993 жалителот доставил полномошно за неговиот застапник и побарал случајот да биде решен според обична парнична постапка затоа што во постапката предвидена во член 139 од Изборниот закон не била донесена мериторна одлука во рок од 30 дена како што биле предвидено со тој Закон. Тој побарал судот како сведоци да ги повика поранешниот и сегашниот Министер за внатрешни работи како и Ј.К., познат политиачј, да побара Министерстовот да достави различни докумнети како докаази. 14. На 24 август 1993 Регионалниот суд во Лоџ ги поканил жалителот и неговиот адвокат по факс испратен до адресите на нивните работни места на рочиштето закажано за 25 август 1993. . 15 На рочиштето од 25 август 1993 пред Регионалниот суд во Лоџ присутен бил адвокатот на жалителот, но, не и жалителот. Судот донел одлука на истиот ден. Тој го прифатил тужбеното барање на жалителот и наредил жалителот јавно да ги повлече неговите изјави со релевантни известувања во бројни весници. 16. При донесувањето на одлуакта, Регионалниот суд во Лоџ сметал дека во конретната постапка рокот за доставување писмена во Законикот за граѓанска постапка не важел. Адвокатот на жалителот знаел дека постапката била започната од 6 август 1993; нему му било дадено полномошно на 11 авхуст 1993 и тој поднел барање за изведување докази на 16 август 1993. Затоа, тој имал доволно време за да ги подготви неговите аргументи. Судот посочил дека побарал Министерството за внатрешни работи да ги достави доказите побарани од жалителот. На 20 август 1993 Министерството одбило да го стори тоа затоа што документите биле државна тајна и можеле да се достават до суд само во кривична постапка, според Законот за Бирото за државна безбедност. Судот исто така забележал дека не можел да ги повика сведоците предложени од жалителот; тие би можеле да сведочат за тоа дали С.Н. бил на листата на информатори подготвена од Министерството, но, не и дал С.Н. навистина била информатор. Понатаму, со оглед на сериозниот карактер на наводите против С.Н. во весникот на жалителот, во отсуство на било какви писмени докази овие наводи не можело да се сметаат за докажни, дури и да биле потврдени од сведоците. Така, затоа што жалителот не доставил било какви други докази да докаже дека информаците во врска со С.Н. биле точни, судот одлучил против него. 17. Жалителот изјавил жалба против оваа одлука, повикувајќи се, помеѓу останатото, на член 6 од Конвенцијата. Тој тврдел дека постапката била ништовна затоа што ниту жалителот, ниту неговиот адвокат биле поканети на рочиштето од 25 август 1993 најмалку триесет дена претходно, како што било предвидено со член 149 § 3 oд Законикот за граѓанска постапка. Понатаму, интересите на жалителот не можеле да бидат правилно заштитени затоа што тој немал доволно време да ги подготви неговите аргументи од денот на прием на покантата до денот на рочиштето. Жалителот исто така тврдел дека сите негови предлози за повикување сведоци и изведување докази биле одбиени, нему не му била дадена разумна прилика да ги докаже фактите кои биле од суштинска важност за мериторно одлучување. 18. На 31 август 1993 Апелациониот суд во Лоџ ја одбил жалбата. Судот сметал дека жалбениот навод за поканите бил неоснован. И жалителот и неговиот адвокат биле поканети еден ден пред рочиштето, што било оправдано, со оглед на специјалниот карактер на постапката според член 139 од Изборниот закон. Судот потсетил дека, иако таа одредба предвидувала таквите случаи да бидат одлучени во рок од 48 часа, ако тоа не било случај, судот не бил обврзан да постапува во случајот според нормалната процедура за парнична постапка предвидена во одредбите на Законикот за граѓанска постапка. Понатаму, жалителот, кој знале за специјалниот карактер на постапката, требало да очекува дека тој може да биде повикан секој ден и требало да преземе ефикасни мерки за да се осигура дека поканите му стигнуваат на време. Овие согледувања биле особено релевантни затоа што жалителот бил застапуван од адвокат кој имал професионална обврска да преземе соодветни мерки за таа цел. Во секој случај, адвокатот ја добил поканата навремено за да дојде на рочиштето, иако тврдел, неубедливо, дека тој дознал за датата на рочиштето од новинар. Во однос на меритумот, судот воочил дека понискиот суд побарал Министерството да ги достави доказите побарани од жалителот. Сепак, тоа барање било одбиено. Со оглед на член 12 од Законот за Бирото за државна безбедност одбивањето се сметало за законито. Понатаму, самиот факт што име на поединец било содржано во листата подготвена од Министерството, не можело да се смета за доказ дека тоа лице навистино било информатор. Вистинитоста на информациите содржани во листата била постојано доведувана во прашање од заинтересираните страни, и пошироко, во бројни статии во печатот. Било нагласено дека листата била подготвена и употребена како оружје во политичка битка, со намера да се дискредитираат засегнатите лица. Затоа, вистинитоста на тврдењето дека конкретно лице било информатор не можело да биде утврдена само врз основа на самата листа и, посебно, без некои законски утврдени средства со кои правата на лицата опишани како полициски информатори би можеле да се одбранат. Судот затоа сметал дека товарот на докажувањето бил на тужениот, кој не успеал да докаже дека, во времето на објавувањето на конкретните информации, тој имал доволно докази дека С.Н. бил информатор како што се тврдело. II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА A. Изборниот закон од 28 јуни 1991 19. Член 139 од Изборниот закон од 28 јуни 1991 предвидувал дека кандидат за парламентарни избори можел да поднесе тужба до суд барајќи исправка на информации објавени за него/неа во текот на изборна кампања и да бара надомест. Судот бил должен да одлучи за случајот во рок од 48 часа. Судот можел да му нареди на издавачот на информациите веднаш да ги исправи информациите и да се извини јавно на тужителот, ако се докажело дека информациите се лажни или неточни. Судот можел да му нареди на тужениот да плати надомест на тужителот. Одредбите од Законикот за граѓанска постапка важеле за постапката поведена пред судовите врз основа на оваа одредба. Б. Граѓански законик 20. Член 6 од Граѓанскиот законик предвидува дека лицето кое се повикува на факт кој е релевантен за неговиот или нејзиниот случај го има товарот на докажување на тој фалт. Според член 232 од Законикот за граѓанска постапка, странките на граѓанска постапка имаат обврска да изведат докази за да ги докажат фактите кои се релевантни за нивните тврдења. Според член 227 од Законикот за граѓанска постапка може да се изведуваат докази во однос на фактите кои се релевантни за исходот на случајот. В. Судска пракса на полските судови во однос на член 139 од Изборниот закон од 1991 21. Што се однесува на товарот на докажување, судслата пракса на полските судови за постапка иницирана врз основа на член 139 од Изборниот закон од 1991 не била усогласена. Во некои случаи судовите одлучиле дека анализата на член 139 земен заедно со општиот принцип на член 6 од Граѓанскиот законик довела до заклучок дека товарот на докажување, во случаи во кои информациите во врска со кандидат биле штетни за неговиот или нејзиниот добар углед, бил на лицето кое ги објавило конкретните информации. Судовите тврдече дека во такви случаи пристапот во член 24 од Граѓанскиот законик требало да се примени, во смисла дека имало претпоставка дека нападите врз лични права на тужителот биле незаконски. Затоа, тужениот требало да ја докаже нивната законитост, особено со посочување дека биле точни информациите кои биле објавени за тужителот, и кои се сметале за штетни за него или за неа. Така, тужителот бил ослободен од обврската да покаже дека наводите против него биле неточни (Регионален суд во Киелце t, I Ns 60/93, одлука од 11.09.1993; Апелационен суд во Краков, I Acz 406/93, одлука од 16.09.1993). Во друга одлука, Апелационот суд во Катовице одлучил дека тужителот во постапка според член 139 не можело да биде задолжен да достави докази со цел да докаже дека нешто не се случило (Апелационот суд во Катовице, I Acz 590/93, одлука од 30.08.1993). Во друг случај во кој судот наредил тужениот да докаже дека изјавите за кандидатот биле точни, судот нагласил дека во согласност со принципот ei incumbit probatio qui dicit, non qui negat, не можело да се бара тужителот да достави докази за да докаже дека некои факти не се случиле (Апелационен суд во Гдањск, Acz 632/93, одлука од 19.08.1993). 22. Oд друга страна, во некои одлуки донесени врз основа на член 139 од Изборниот закон, судовите одлучиле дека таа одредба во врска со член 6 од Граѓанскиот законик барала тужителот да докаже дека изјавите содржани во спорните публиказзи биле неточни (Регионален суд во Катовице II Ns 88/93, одлука од 10.09.1993; Регионален суд во Катовице I Acz 660/93, одлука од 18.09.1993). ПОСТАПКА ПРЕД КОМИСИЈАТА 23. Жалителот ја поднел својата жалба до Комисијата, тврдејќи дека имало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата. 24. Комисијата ја прогласила жалбата за делумно допуштена на 26 февруари 1996. Во нејзиниот извештај од 21 октомври 1999 (поранешен член 31 од Конвенцијата) таа дала мислење, со триесет гласа против еден, дека немало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата заради фактот што судот одбил да ги изведе сите докази кои биле предложени од жалителот. ПРАВО I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 25. Жалителот по прв пат изјави дека фактите на случајот претставувале повреда на член 10 од Конвенцијата. 26. Владата не одговори на ова прашање. 27. Судот забележува дека во фазата на допуштеност на постапката пред Комисијата, жалителот, кој бил застапуван од адвокати, никогаш не ја исткнал дури ни суштината на наводот според член 10. Жалбените наводи изјавени од жалителот биле јасно ограничени на процедуралните аспекти од домашната постапка, која тој сметал дека била неправична, и тој се повикувал во текот на целата постапка пред Комисијата на член 6 од Конвенцијата во тој поглед. Жалителот сега тврди за прв пат пред Судот дека исходот на постапката треба да се анализира во светло на член 10 од Конвенцијата и дека одлуките на домашните судови претставуваат мешање со неговото право на слобода на изразување. 28. Судот повторува дека опсегот на неговата надлежност во случаи како овој (види параграфи 2 и 4 погоре) и понатаму е определн од одлуката на Комисијата за допуштеност, и тој нема овластување да разгледа нови и одделни жалбени наводи (види, помеѓу повеќе судски одлуки, L.C.B. v. the United Kingdom judgment of 9 June 1998, Reports of Judgments and Decisions 1998-III, pp. 1402-03). Следува дека Судот нема надлежност да го разгледа жалбениот навод по член 10. II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 § 1 oД КОНВЕНЦИЈАТА 29. Жалителот се жалеше дека во домашната постапка тој бил спречен да изведе докази засновани на документи и дека Регионалниот суд во Лоџ истотака одбил да ги повика сведоците кои тој ги предложил. На тој начин нему му биле оневозможени сите средства за ефикасно да го претставува својот случај пред тој суд. Тоа, според жалителот, претставувало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата, кој во релевантниот дел предвидува: „При утврдувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право на правично судење ... од ... суд“ A. Aргументи пред Судот 30. Жалителот прво нагласи дека неговио весник објавил информации од јавен интерес во врска со С.Н. кој, во тоа време, бил кандидат на парламентарни избори. Според информациите С.Н. во минатото бил информатори на комунистичката тајна полиција. Овие информации не биле добиени со истражување на весникот на жалителот во архивите на тајната полиција. Тие биле земени од официјален документ, имено листата на поранешни информатори на тајната полиција објавена во јуни 1992 од Министерот за внатрешни работи врз основа на резолуција на Парламентот. Сепак, непосредно пред поднесувањето на листата до Парламентот, А.М. тогашниот Министер за внатрешни работи, го избришал името на С.Н. од листата. Спорната статија во “Gazeta Polska” затоа се состоела од два елементи: први, информациите дека С.Н. бил информатор, кои биле изведени од листата подготвена од Министерсвото, второ, точните информации дека Министерот во последен момент го избришал неговот име од листата пред да јаподнесе до Парламентот. Според жалителот, информациите за С.Н., без било какво сомневање, имале статус на официјален документ. Понатаму, спорната публикација содржела само информации, а не ијави на мислење. 31. Жалителот нагласи дека според релевантните одредби на Законот за печатот од 1984, особено неговиот член 34, тој како главен и одговорен уредник, имал обрска да објавува официјални соопштенија издадени од највисоките државни органи. Понатаму, тој не можел да се повика на одговорност за содржината на тие соопштенија. Жалителот исто така се повика на принипите утврдени во судската пракса на органите од Конвенцијата во однос на слобода на изразување, која претставувал една од суштинските основн на демократското општество. 32. Жалителот понатаму се повика на тврдењето на Владата дека во постапката за која станува збор во овој случај, тој бил спречен според член 12 од Законот за Бирото за државна безбедност да поднесува докази засновани на документи од оваа државна агенција или да повикува сведоци кои биле службени лива. Со оглед на овие ограничувања, жалителот, на кого бил товарот на докажување според Законикот за граѓанска постапка, не бил во состојба да го одбрани својот случај. Ако сакал да избегне одговорност за објавувањето на спорните информации, единствениот можен начин било тој да се воздржи од откривање на информации на јавноста. Сепак, тоа не би било во согласност со неговите професионални обврски како новинар и со уставниот принцип на транспарентност на јавниот живот. 33. Жалителот иста така тврдеше дека судовите одбиле да ги повикаат предложените сведоци. Судот, при тоа, го занемариле фактот дека лицата, кои имале обврска да ја почитуваат тајноста на инфромациите кои ги добиле при вршењето на нивните функции како службени лица, можеби би се согласиле, да бидат повикани да сведочат, да сведочат целносно свесни дека тие би ги повредиле правилата за државна тајна. Жалителот исто така ја доведе во прашање релевантноста на самиот поим „државна тајна“, во контекстот на овој случај. Тој инсистирашње дека тој поим не можел легитимно да се користи во однос на документи произлезени од активностите на комунистичката тајна полиција, затоа што од падот на комунистичкиот режим карактерот на државата фундаментално се променил. Затоа било несигурно дали тие документи можело лехитимно да имаат заштита од механизмите предвидени да гарантираат државна тајна според законите на сегашната демократска држава. Што се однесува на доказната вредност на тие документи, жалителот изјави дека Владата не дала убедливи аргументи да докаже дека немале вредност. 34. Жалителот понатаму изјави дека полскиот закон не забранувал сведочење од сведоци ако немало писмени докази. Судовите требало да ги оценат изведените докази, вклучително и изјавите на сведоци. Во овој случај, судовите не извеле никакви докази, ниту од докуметни ниту од изјави на сведоци, и затоа не си дале прилика да ги оценат доказите на начин предвиден со закон. 35. Владата изјави дека одбивањето да се изведат докази во постапката било во согласност и со условите од полскиот закон и со условите за правично судење во смисла на член 6 од Конвенцијата. Според Владата, и што се однесува на сведоците, судовите одбиле да ги повикаат сведоците предложени од жалителот од причина што нивното сведочење не би било релевантно за одлучување во случајот. Судовите сметале дека во отсуство на писмени докази овие сведоци не би можеле веродостојно да придонесат во утврдувањето дали С.Н. бил информатор на тајната полиција. Тие би можеле само да сведочат дали името на С.Н. навистина било најпрво на листата а потоа избришано. Според полскиот закон во врска со изведувањето и оцената на доказите, судовите биле јасно овластени да донесат таква одлука. 36. Што се однесува на одбивањето да се изведат докази од документите на Бирото за државна безбедност, кои биле државна тајна, Владата изјави дека според член 12 од Законот за Бирото за државна безбедност, биле незаконски да се пренесуваат информации кои биле добиени во текот на работата на Бирото на други органи освен суд или обвинител во рамките на кривична постапка. Првостепениот суд побарал Министерството за внатрешни работи да достави релевантни документи, но Министерството, со оглед на таа одредба, имало обврса да одбие пристап до тие документи во постапката за овој случај, која очигледно била граѓанска. Затоа, постапките на судовите во случајот на жалителите биле во согласност со важечките закони. 37. Владата посочи дека пред сѐ било на домашните судски органи да осигураат дека условите за правично судење биле исполнети. Таа тврдеше дека, во околностите на овој случај, одбивањето да се изведат докази не претставувало несразмерно ограничување на способноста на жалителот да се брани во постапката. Затоа, немало повреда на член 6 од Конвенцијата. 38. Комисијата во својот извештај според (поранешен) член 31 усвоен на 21 октомври 1999 сметала дека во околностите на овој случај, во кој жалителот не можел да изведе било какви докази за да го докаже фактичкото тврдење на весникот дека С.Н. бил информатор на тајната полиција, одредбите на член 12 од Законот за Бирото за државна безбедност не претставувале несразмерно ограничување на способноста на жалителот да се брани пред судовите. Б. Оцена на Судот 39. Судот најпрво повторува дека, како општо правило, оценката на фактите е во надлежност на националните судови (García Ruiz v. Spain [G.C.] no. 30544/96, § 28 ECHR 1999-I). Според член 6 § 1 „судот“ има должност да спроведе правилно испитување на поднесоци, аргументи и докази изведени од странките, без влијание на неговата оцена дали тие се релевантни за неговата одлука (види Van de Hurk v. the Netherlands judgment of 19 April 1994, Series A no. 288, p. 19, § 59). Судот понатаму забележува дека дозволеноста на доказите, како и нивното изведување, пред се регулирани од правилата на домашното право и дека е, во принцип, Sidiropoulos and Others v. Greece judgment of 10 July 1998, Reports 1998-IV, p. 1617, § 45). Член 6 од Конвенцијата не гарантира изречно право да бидат повикани сведоци или други докази да бидат дозволени од суд во граѓанска постапка. Сепак, секое ограничување наметнато на правото на странка во граѓанска постапка да повика сведоци и да изведе други докази во поддршка на неговиот случај мора да биде во согласност со уловите на правично судење во смисла на првиот параграф од член 6/ Што се однесѕва на постапки во кои се спротивставени приватни интереси, еднаквоста на оружјето подразбира дека на секоја странка мора да и биде обезбедена разумна можност да го претстави својот случај – вклучувајќи и докази –под услови кои не го ставаат во значително понеповолна ситуација во однос на неговиот противник (види Dombo Beheer v. the Netherlands judgment of 27 October 1993, Series A no. 274, pp. 18-19, §§ 31-33). 40. Судот забележува дека весникот на жалителот објавил информации за С.Н. кои јасно можеле да се сметаат за клевета. Било изјавено дека неговото име било на листа на поранешни информатори на тајната поливија составена од Министерството за внатрешни работи, но, дека било избришано пред листата да биде испратена од Парламентот. Понатаму, исто така било изјавено како факт дека С.Н. бил информатор, регрутиран кога бил во затвор. 41. Сепак не беше спорно помеѓу странките во домашната постапка дека имеото на С.Н. не било на листата на полициски информатори доставена од Парламентот од Министерот за внатрешни работи во јуни 1992. Затоа, Судот смета дека жалителот, кога ги објавил конкретните информации, не можел да претпостави дека информации во врска со наводната вмешаност на С.Н. со тајната полиција биле дел од документ издаден од јавните органи и кои имале официјален статус. Тоа би било случај само ако името на С.Н. навистина било на таа листа. 42. Судот понатаму забележува дека, како новинар, жалителот немал обврска да докаже деја изјавите во врска со С.Н. кои биле објавени во неговиот весник биле точни. Сепак, можело разумно да се очекува дека имал некакви веродостојни причини да верува дека тие изјави одговарале на вистинината. Во тој поглед, Судот го зеде во предвид фактот дека било потврдено во спорната статија дека Министерството одлучило да не го додаде името на С.Н. на листата затоа што немало доволно докази. Жалителот, како главен и одговорен уредник на весникот, затоа мора да бил свесен дека немало доволно докази во архивата на Министерството за да може да се утврди дека С.Н. бил информатор. Судот исто така воочува дека весникот на жалителот, при објавувањето на информациите, пропуштил да изведе или да се повика на било какви други докази со кои располага, писмени или од друг вид, кои можеле да го потврдат наводот против С.Н. Понатамум нема индикации дека ако жалителот располагал со какви било писмени докази кои би го подржале наводот, не би можел да ги изведе тие докази пред судовите. . 43. Судот анализираше дали член 12 од Законот за Бирото за државна безбедност претставувал нессодветно ограничување на правото на жалителот да доставува докази во поддршка на неговиот случај. Судот воочува, прво, дека овој член не наметнува општа забрана за откривање на такви информации, туку дозволувал нивно откривање во кривични постапки. Жалителот знаел или требало да знае дека било кои од документите содржел такви информации кои се државна тајна и дека тие не можат да бидат откриени во друга постапка, совен во кривична. Понатаму, Судот забележува дека Регионалниот суд не го отфрлил de plano предлогот на жалителот да бидат изведени писмени докази, туку најпрво побарал од Министерството за внатрешни работи да ги достави релевантните документи до судот. Затоа, не може да се заклучи дека судот не го разгледал предлогот на жалителот за изведување на докази. 44. Судот исто така воочува дека во неговите поднесоци од 12 август 1993 (види параграф 13 погоре) жалителот побарал судот да ги повика како сведоци поранешниот и сегашниот Министер за внатрешни работи и А.К., познат политичар. Тие предлози биле покасно одбиени. Во првостепената одлука од 25 август 1993 Регионалниот суд забележал дека тој нема да ги повика сведоците предложени од жалителот: тие можеле само да сведочат дали С.Н. бил на листата на информатори подготвена од Министерството, но, не и дали С.Н. бил навистина информатор. Понатаму, судод дополнил дека со оглед на сериозниот карактер на наводите против С.Н. во весникот на жалителот и во отсуство на било какви писемни докази, овие наводи не можеле да бидат потврдени само со изјави на сведоци. Така, затоа што жалителот не доставил други докази за да докаже дека информации во врска С.Н. биле точни, судот не одлучил во негова корист. Во второстепената постапка, Апелациониот суд во Лоџ го разгледал жалбениот навод на жалителот за одбивањето да се повикаат сведоци и заклучил дека ос оглед на карактерот на наводите против С.Н. и во затоа што жалителот не располагал со било какви писмени докази, вистинитоста на тие наводи не можела да биде потврдена само со изјави на сведоци.. 45. Во врска со тоа, Судот повторува дека домашните судови се во подобра позиција (види, помеѓу други одлуки, Vidal v. Belgium judgment of 22 April 1992, Series A no. 235-B, pp. 32-33, § 32; Edwards v. the United Kingdom judgment of 16 December 1992, Series A no. 247-B, § 34). Во околностите на овој случај, Судот е убеден дека домашните судови ги разгледале барањата на жалителот за повикување на сведоци дека дале детални причини за нивното одбивање, кое, според Судот, не е арбитрерно. Од овие причини, одбивањето да се изведат докази предложени од жалителот не претставувало несразмерно ограничување на неговата способност да дава аргументи во поддршка на неговата позиција во постапката. 46. Затоа, немало повреда на член 6 § 1 oд Конвенцијата. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ 1. Одлучува едногласно дека нема надлежност да го разгледа жалбениот навод на жалителот според член 10 од Конвенцијата; 2. Одлучува со шест гласа против еден дека немало повреда на член Изработена на англиски јазик и доставена писмено на 18 јуни 2002, врз основа на правило 77 §§ 2 и 3 од Правилата на Судот. . Michael O’BoyleElisabeth Palm Во согласност со член 45 § 2 oд Конвенцијата и правило 74 § 2 oд Правилата на Судот, издвоеното спротивставено мислење на E.P. Издвоеното мислење не беше преведено но, се појавува на англиски јазик во верзијата на официјален јазик на пресудата која може да се најде во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC. © Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012 Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се преземе од HUDOC базата на податоци на судска пракса на Европскиот суд за човекови права (http://hudoc.echr.coe.int) или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@echr.coe.int. © Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012 The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights (http://hudoc.echr.coe.int) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@echr.coe.int. © Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012 Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (http://hudoc.echr.coe.int), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@echr.coe.int
6 § 1 oд Конвенцијата.
СекретарПретседател
г-ѓа W. Thomassen е приклучено кон пресудата
M.O’B.
Full & Egal Universal Law Academy