© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка на судската пракса на Судот бр. 160
февруари 2013 година
X и други против Австрија [ГСC] - 19010/07
Пресуда 19.2.2013 [ГСC]
Член 14
Дискриминација
Непостоење на можност за посвојување од страна на втор родител за двојките од ист пол: повреда.
Факти – Првата и третата жалителка биле жени кои живеат во стабилна хомосексуална врска. Вториот жалител бил малолетниот син на третата жалителка. Тој е роден надвор од брак. Неговиот татко го имал признато татковството, но сите родителски права ги имала само мајката. Првата жалителка сакала да го посвои вториот жалител со цел да се создаде правна врска помеѓу нив без да се прекине врската на момчето со неговата мајка и бил склучен договор за посвојување помеѓу нив. Сепак, домашните судови одбиле да го одобрат договорот откако одлучиле дека според домашното право посвојувањето од страна на едно лице има за последица прекинување на семејно-правниот однос со биолошкиот патртнр од ист пол, така што посвојувањето на момчето од страна на првата жалителка би ја прекинало врската со неговата мајка, третата жалителка, а не врската со неговиот татко.
Право – Член 14 во врска со член 8
(a) Применливост – односот помеѓу тројцата жалители претставувал „семеен живот“ во смисла на член 8. Член 14 во врска со член 8 затоа бил применлив.
(б) Cпоредба со брачна двојка во која едниот брачен другар сака да го посвои детето на другиот брачен другар – Судот не гледал причина за да отстапи од неговите заклучоци во случајот Gas and Dubois v. France и заклучил дека првата и втората жалителка во овој случај не биле во релевантно слична ситуација со брачна двојка.
Заклучок: нема повреда (едногласно).
(в) Споредба со хетеросексуална двојка која нема склучено брак во која едниот партнер сака да го посвои детето на другиот партнер – Судот прифатил дка жалителите биле во релевантно слична ситуација со хетеросексуална двојка која нема склучено брак во која едниот партнер сака да го посвои детето на другиот партнер. Владата не тврдела дека постоел специјален правен статус со кој би се разликувале хетеросексуални двојки кои не се во брак од двојка од ист пол и се согласила дека двојките од ист пол се во принцип исто толку погодни (или непогодни) во смисла на посвојување, вклучително и во однос на посвојување од втор родител, како и хетеросексуалните двојки. Австрискиот закон дозволувал посвојување од втор родител од страна на едниот партнер на хетеросексуална двојка која нема склучено брак. За разлика од тоа, посвојување од втор родител за двојка од ист пол било правно невозможно. Релевантните правила од Граѓанскиот законик предвидувале дека секое лице кое посвојувало го заменувало биолошкиот родител од ист пол. Затоа што првата жалителка била жена, посвојувањето на детето на нејзината партнерка можело само да ја прекине правната врска на детето со неговата мајка. Затоа посвојувањето не можело да служи за создавање на однос родител-дете и помеѓу првата жалителка и детето, покрај односот со неговата мајка.
Судот не бил уверен во аргументот на Владата дека барањето за посвојување поднесено од жалителите било одбиено од причини кои не се поврзани со нивната сексуална ориентација и дека, затоа, жалителите барале од Судот да направи апстрактна оцена на законот. Домашните судови јасно покажале дека во согласност со Граѓанскиот законик, тие не направиле испитување на околностите на случајот. Поконкретно, тие не одговориле на прашањето дали имало било какви причини за да се отфрли одбивањето на согласност за посвојувањето од страна на таткото на детето. За разлика од тоа, Регионалниот суд нагласил дека поимот „родители“ според авистриското семејно право значел две лица од спротивен пол и се осврнал на интересот на детето на одржување на контакти со тие двајца родители.
Со оглед на тоа дека правната невозможност за посвојување била постојано во центарот на нивните анализи, домашните судови биле попречени да исптитаат на осмислен начин дали посвојувањето би било во интерес на детето. За разлика од тоа, во случај на хетеросексуална двојка која нема склучено брак тие би биле должно да го анализираат тоа прашање. Жалителите затоа биле директно засегнати со правната ситуација на која се жалеле затоа што барањето за посвојување имало за цел да добијат правно признавање на семејниот живот кој го уживале, сите тројца жалители можеле да тврдат дека се жртви на наводната повреда.
Разликата во постапувањето со првата и третата жалителка и постапувањето со хетеросексуална двојка која нема склучено брак во која едниот партнер сака да го посвои детето на другиот партнер била заснована на нивната сексуална ориентација. Затоа овој случај требало да се разликува од Gas and Dubois, во кој Судот одлучил дека немало разлика во постапувањето помеѓу хетеросексуална двојка која нема склучено брак и двојка од ист пол заснована на сексуална ориентација затоа што, според францускиот закон, посвојување од втор родител не било возможно ни за едните, ни за дургите двојки.
Немало обврска по член 8 да се прошири правото на посвојување од втор родител и на двојки кои не се во брак. Сепак, со оглед на тоа дека домашното право дозволувало посвојување од втор родител за хетеросексуална двојка која нема склучено брак, Судот морал да испита дали недавањто на такво право на двојки од ист пол (кои не се во брак), служело за остварување на легитимна цел и дали било пропорционално на таа цел.
Домашните судови и Владата тврделе дека австриското право за посвојување било насочено кон создавање на околности слични на околностите на биолошко семејство. Заштитата на семејството во традиционална смисла била во принцип легитимна причина која би можела да оправда разлика во постапувањето. Истото важело и за заштитата на интересите на детето. Сепак, во случаи во кои имало разлика во постапувањето која била заснована на пол или сексуална ориентација, Владата морала да покаже дека разликата во постапувањето била неопходна за постигнување на таа цел. Владата не доставила било какви докази за да докаже дека би било штетно за детето да биде одгледувано од страна на двојка од ист пол или да има две мајки и двајца татковци во правна смисла. Понатаму, според домашното право, посвојувањето од страна на едно лице, вклучително, и хомосексуално лице, било возможно. Ако тој или таа имал регистриран партнер, тој партнер морал да се согласи со посвојувањето. Законодавното тело затоа прифатило дека едно дете може да расте во семејство засновано на двојка од ист пол и дека тоа не било штетно за детето. Исто така биле основани и аргументите на жалителите дека де факто семејствата засновани на двојка од ист пол постоеле, но не им била дадена можноста за правно признавање и заштита. Овие согледувања доведувале до значително сомневање во пропорционалноста на апсолутната забрана за посвојување од втор родител за двојка од ист пол.
Владата понатму тврдела дека немало консензус помеѓу европските држави во однос на посвојување од втор родител од страна на двојки од ист пол и дека затоа државите имале широко поле на слободна оцена [wide margin of appreciation] во регулирањето на ова прашање. Сепак, прашањето пред Судот не било генералното прашање за пристап на двојките од ист пол до посвојување од втор родител, туку разликата во постапувањето помеѓу хетеросексуални двојки кои немаат склучено брак и двојките од ист пол во однос на таквиот вид посвојување. Затоа, само десетте држави членки на Советот на Европа, кои дозволувале посвојување од втор родител на двојки кои не се во брак, можеле да се сметаат како основа за споредба. Во рамките на таа група, шест држави на ист начин постапувале со хетеросексуални и со двојки од ист пол, додека пак четири држави имале иста позиција како Австрија. Ограниченоста на овој примерок не дозволувала да се изведе заклучок во однос на можен консензус помеѓу европските држави.
Овој случај не се однесувал на прашањето дали барањето за посвојување поднесено од жалителите тебало да биде одобрено,, туку на прашањето дали жалителите биле дискриминирани поради фактот што судовите немале прилика да испитаат на било какво значаен начин дали бараното посвојување било во интерес на вториот жалител, со оглед ма тоа дека тоа било во секој случај правно невозможно.
Владата не дала убедливи причини за да докаже дека исклучувањето на можноста за посвојување од втор родител за двојка од ист пол, додека пак дозволувајќи ја таа можност за хетеросексуална двојка која нема склучено брак, било неопходно за заштита на семејството во традиционална смисла или за заштита на интересите на детето. Разликата во постапувањето затоа била дискриминаторна.
Заклучок: повреда (десет гласа за и седум против).
Член 41: 10,000 евра на сите жалители заедно за наматеријална штета.
(See Gas and Dubois v. France, no. 25951/07, 15 March 2012, Информатвина белешка бр. 150)
© Coвет на Европа/Eвропски суд за човекови права Ова резиме подготвено од Секретаријатот на Судот не го обврзува Судот
Кликнете тука за Case-Law Information Notes (Информативни белешки за судската пракса)
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy