© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012
Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ
СЛУЧАЈ YUMAK И SADAK против ТУРЦИЈА
(Жалба бр. 10226/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
8 јули 2008
Оваа пресуда е конечна но може да биде предмет на уреднички измени.
Во случајот Yumak и Sadak против Турција,
Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем судски совет, во состав:
Boštjan M. Zupančič, Претседател,
Peer Lorenzen,
Françoise Tulkens,
Josep Casadevall,
Rıza Türmen,
Corneliu Bîrsan,
Volodymyr Butkevych,
Nina Vajić,
Anatoly Kovler,
Vladimiro Zagrebelsky,
Elisabeth Steiner,
Javier Borrego Borrego,
Khanlar Hajiyev,
Renate Jaeger,
Ján Šikuta,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Päivi Hirvelä, судии,
и Vincent Berger, Јурисконсулт,
Расправајќи на затворени седници на 21 ноември 2007 и 4 јуни 2008,
Ја донесува следната пресуда, која што беше усвоена на второнаведената дата:
ПОСТАПКА
1. Случајот е инициран по жалба (бр. 10226/03) против Република Турција поднесена пред Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од двајца турски државјани, г-н Mehmet Yumak и г-н Resul Sadak („жалителите“), на 1 март 2003.
2. Жалителите, на кои им беше доделена правна помош, беа застапувани од страна на г-н T. Elçi, адвокат од Diyarbakır. Турската влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот агент.
3. Жалителите наведоа дека изборниот праг од 10% наметнат на национално ниво за парламентарни избори се мешал со слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело. Се повикуваа на член 3 од Протокол бр. 1.
4. Жалбата беше распределена на Вториот оддел на Судот (правило 52 § 1 од Правилникот на Судот). На 9 мај 2006 беше прогласена делумно допуштена од страна на Судски совет составен од следните судии: Jean-Paul Costa, Ireneu Cabral Barreto, Rıza Türmen, Mindia Ugrekhelidze, Antonella Mularoni, Elisabet Fura-Sandström и Dragoljub Popović како и Sally Dollé, Секретар на оддел.
5. Расправа за основаноста (правило 54 § 3) беше одржана јавно во Зградата на човековите права, Стразбур, на 5 септември 2006.
6. Во својата пресуда од 30 јануари 2007 (пресуда на Судскиот советот), Судскиот совет одлучи со пет гласа за и два против дека немало повреда на член 3 од Протокол Бр. 1. Заедничкото издвоено мислење на судиите Ireneu Cabral Barreto и Antonella Mularoni беше приклучено кон пресудата.
7. На 21 април 2007 жалителите побараа случајот да биде доставен пред Големиот судски совет по основ на членот 43 од Конвенцијата. На 9 јули 2007 панел на Големиот судски совет го одобри тоа барање.
8. Составот на Големиот судски совет беше определен според одредбите на членот 27 §§ 2 и 3 од Конвенцијата и правило 24.
9. И жалителите и Владата доставија писмени опсервации за основаноста. Опсервации беа примени и од Minority Rights Group International, невладина организација со седиште во Лондон, на која Претседателот и дозволи да интервенира во писменaта фаза од постапката (член 36 § 2 од Конвенцијата и правило 24).
10. Расправа се одржа јавно во Зградата на човековите права, Стразбур, на 21 ноември 2007 (правило 59 § 3).
Пред Судот пристапија:
(а) за Владата
г-нM. Özmen,Ко-агент,
г-нH. Hünler,Адвокат,
г-ѓаA. Özdemir,
г-ѓаV. Sirmen,
г-ѓаY. Renda,
г-ѓаÖ. Gazialem,Советници;
(б) за жалителите
г-нT. Elçi,Застапник,
г-нT. Fisher,
г-ѓаE. Frank,Советници,
г-нR. Sadak,Жалител.
Судот слушна обраќања од г-н Elçi и г-н Özmen и одговори од
г-н Fisher и г-н Özmen на прашања од неколку судии.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
11. Жалителите се родени во 1962 и 1959 соодветно и живеат во Ширнак. Учестувале на парламентарните избори од 3 ноември 2002 како кандидати на Народната демократска партија ((DEHAP) во регионот Ширнак, но ниту еден од нив не бил избран..
А. Парламентарните избори од 3 ноември 2002
12. После земјотресите од 1999 Турција помина низ две сериозни економски кризи во ноември 2000 и февруари 2001. Потоа следуваше политичка криза, прво како резултат на здравствената состојба на тогашниот премиер и второ како резултат на внатрешни поделби во владејачката коалиција, составена од три политички партии.
13. Токму во тој контекст на 31 јули 2002 Големото народно собрание на Турција („Народното собрание“) одлучи да ја помести датата на следните парламентарни избори за 3 ноември 2002.
14. На почетокот на септември три политички партии од левицата, Народната демократска партија (HADEP), Лабуристичката партија (EMEP) и Демократската социјалистичка партија (SDP), одлучиле да создадат „Блок за труд, мир и демократија“ и да оформат нова политичка партија, DEHAP. Жалителите ја започнале нивната изборна кампања како водечки кандидати на новата партија во регионот Ширнак.
15. Такви предизборни сојузи веќе биле формирани во 1991, откако Националистичката работничка партија (MÇP – претходничка и наследничка на MHP) и Партијата за реформаторска демократија (IDP) обезебедиле места за нивните кандидати преку придружување кон листата презентирана од Партијата за благосостојба (RP), и Народната работничка партија (HEP– претходничка на DEHAP) добиле 18 места во парламентот преку ставање на кандидати на листата на Популистичката социјално-демократска партија (SHP). На тој начин некои партии без изгледи да освојат 10% од гласовите понекогаш успевале да обезбедат парламентарно претставување: се приклучуваат на листа на поголема партија, и тогаш, штом бидат избрани, ја напуштаат и продолжуваат одделно, или преку независни пратеници или под знамето на друга политичка партија.
16. Според резултатите од изборите од 3 ноември 2002 во регионот Ширнак, листата на DEHAP освоила 47,449 од 103,111 изјавени гласови, резултат од околу 45,95%. Сепак, бидејќи партијата не успеала да го надмине националниот праг од 10%, жалителите не биле избрани. Трите места распределени за регионот Ширнак биле поделени на следниот начин: две места за AKP (Adaletve Kalkınma – Партија за правда и развој, партија на конзервативната десница), која имала освоено 14.05% (14,460 гласови), и едно место за г-н Татар, независен кандидат кој освоил 9,69% (9,914 гласови).
17. Од осумнаесетте партии кои учествувале на изборите само AKP и CHP (Cumhuriyet Halk Partisi – Народната републиканска партија, левичарска партија) успеале да го надминат прагот од 10%. Со 34,26% од вкупниот број гласови, AKP освои 363 места, 66% од пратеничките места во Народното собрание. CHP, која освоила 19,4%, добила 178 места, или 33% од вкупниот број на места. Девет независни кандидати биле исто така избрани.
18. Сепак, не само DEHAP; која освоила 6,22%, туку и многу други политички партии не можеле да обезбедат места во парламентот. Во нив спаѓале Партијата на вистинскиот пат (DYP, партија на десниот центар), Партијата за народна акција (MHP, националистичка), Партијата на младите (GP; партија од центарот) и Партијата на родната земја (ANAP, десен центар), кои освоиле 9.54%, 8.36%, 7.25% и 5.13% соодветно од изјавените гласови.
19. Резултатите од овие политички избори биле генерално толкувани како огромен политички пресврт. Не само што делот од електоратот кој не бил претставен во парламентот достигнал рекордно ниво во Турција (приближно 45%), туку дополнително и стапката на апстиненција (22% од регистрираните избирачи) надминала 20% по прв пат после 1980. Како резултат, Народното собрание кое произлегло од изборите било најмалку претставничко од 1946, година во која повеќепартискиот систем бил за прв пат воведен. Дополнително, по прв пат од 1954, само две партии биле претставени во парламентот.
20. За да ја објаснат нерепрезентативноста на Народното собрание, некои коментатори обрнале внимание на кумулативниот ефект на повеќе фактори на и над постоењето на висок национален праг. На пример, поради феноменот на протестно гласање поврзано со економската и политичка криза, петте партии кои освоиле места на парламентарните избори од 1999 – вклучувајќи ги и трите кои ја формирале владејачката коалиција помеѓу 1999 и 2002 – не можеле да го достигнат прагот од 10% во 2002 и биле соодветно оневозможени од претставување во парламентот. Слично, поделеноста на електоратот имала влијание на резултатите во тоа што бројните обиди да се оформат предизборни коалиции завршиле без успех.
21. После овие избори АКП; која имала апсолутно мнозинство во парламентот, формирала влада.
Б. Парламентарните избори од 22 јули 2007 (после пресудата на Судскиот советот)
22. Во почетокот на мај 2007 Турскиот парламент одлучил да одржи предвремени парламентарни избори, одбирајќи го 22 јули 2007 како дата на која тие ќе се одржат. Одлуката ја следела политичката криза предизвикана од тоа што парламентот не можел да избере нов претседател на Републиката за да го наследи Ахмет Неџдет Сезер пред истекот на неговиот седумгодишен мандат без право на реизбор, на 16 мај 2007. Во нормален тек на настаните, овие избори требало да бидат одржани на 4 ноември 2007.
23. Четиринаесет политички партии учествувале на изборите, кои беиле обележани со две карактеристики. Прво, силна мобилизираност на електоратот била забележана после претседателската криза, со оглед на тоа што учеството се искачило на 84%. Второ, политичките партии користеле две предизборни стратегии за да го заобиколат изборниот праг од 10%. Партијата на демократската левица (DSP) зела учество на изборите под знамето на CHP, ривалска партија, и на тој начин успеала да освои тринаесет пратенички места. Партијата за демократско општество (DTP, про-Курдска, наклонета кон левицата) ги претставила своите кандидати како независни, користејќи го називот „Илјада надежи“; исто така подржувала одредени левичарски турски кандидати. Ова движење било подржано од други мали левичарски групи како EMEP, SDP и ÖDP (Партија за слобода и демократија, социјалистичка партија). Повеќе од шеесет независни кандидати се кандидирале на изборите во околу четириесет регионални изборни единици.
24. На изборите AKP, CHP и MHP успеале да го надминат прагот од 10%. Со 46,58% од дадените гласови, AKP освоила 341 места, 62% од вкупниот број. CHP, со 20,88% од гласовите, освоила 112 места, 20.36% од вкупниот број; сепак, 13 од пратениците споменати во параграф 23 погоре покасно ја напуштиле CHP и се вратиле во DSP, нивната изворна партија. MHP, која освоила 14,27% од гласовите, освоила 71 место, или 12,9% од вкупниот број.
25. Силното појавување на независните кандидати било една од главните карактеристики на изборите од 22 јули 2007. Независните кандидати исчезнале од Народното собрание во 1980 и повторно се појавиле во 1999, кога биле тројца. Во 2002 девет независни кандидати биле избрани од вкупно 260 независни кандидати на национално ниво. На изборите од 22 јули 2007, 27 независни пратеници биле избрани. Попрецизно, повеќе од дваесет кандидати на „Илјада надежи“ биле избрани после освоени околу 2,23% од изјавените гласови и се придружиле на DTP после изборите. DTP, која имала 20 пратеници, минималниот број потребен за формирање пратеничка група, успеала тоа и да го стори. Независните исто така вклучувале и пратеник социјалист (поранешен претседател на ÖDP), пратеник националист (поранешен претседател на Партијата на големо единство- BBP, националистичка) и пратеник од центарот (поранешниот претседател на ANAP).
26. Влада била формирана од страна на AKP, која повторно обезбедило мнозинство во парламентот.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО И МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ПРАКСА
A. Уставен и законодавен контекст
1. Уставот
27. Член 67 од Уставот, изменет на 23 јули 1995, предвидува:
“Граѓаните ќе имаат право на глас, да се кандидираат на избори, да се вклучат во политички активности независно или како членови на политичка партија и да земат учество на референдуми во согласност со правилата предвидени со закон.
Избори и референдуми ќе се одржуваат под администрација и надзор на судството и во согласност со принципите на слободно, еднакво, тајно и универзално право на глас, во еден круг на гласање, а изјавените гласови броени и регистрирани јавно. Сепак, законот ќе направи соодветна можност за турските граѓани кои живеат во странство да можат да го остварат своето право на глас.
Секој турски граѓанин кој има најмалку осумнаесет години ќе има право на глас и да учествува на референдуми.
Остварувањето на овие права ќе биде регулирано со закон.
Припадници на оружените сили, офицери кадети и лица кои отслужуваат затворска казна, освен тие што се осудени за ненамерни дела, нема да имаат право на глас.
Националната изборна комисија ќе ги утврди мерките што треба да се превземат за да се гарантира бебедноста на операциите на пребројување и регистрирање на гласовите во затвори и притвори, и тие операции ќе бидат извршувани во присуство на надлежен судија, кој ќе биде одговорен за нив и ќе врши надзор.
Изборните закони мора да го помират правичното претставување со владината стабилност.
Измени на изборните закони нема да бидат применливи на избори кои ќе се спроведат во текот на годината после нивното влегување во сила.”
28. Членот 80 од Уставот предвидува:
„Пратениците на Големото народно собрание на Турција ќе ја претставуваат целата нација а не регионите или лицата кои ги избрале.“
29. Според условите на членот 95 од Уставот и член 22 од Законот бр.2820 за политички партии, политичка партија која има најмалку 20 пратеници може да оформи парламентарна група.
2. Изборен систем
30. Законот бр. 2839 за избор на пратеници во Народното собрание, објавен во Службен весник на 13 јуни 1983, ги поставува правилата за системот на парламентарни збори.
31. Големото народно собрание на Турција е монокамерален парламент кој моментално има 550 пратеници избрани на пет години. Изборите се одржуваат во изборни единици составени од 81 регион во еден круг на гласање. Се одржуваат на целата национална територија, на ист ден, а правото на глас е слободно, еднакво, универзално и тајно. Броењето и регистрирањето на резултатите се вршат во јавност. Секој регион е претставен во парламентот од најмалку еден пратеник. Останатите места се распределуваат пропорционално на локалното население. Регионите од помеѓу еден и 18 пратеници формираат една изборна еднициа, а тие од помеѓу 19 и 35 пратеници се поделени на две изборни единици. Истанбул, кој има повеќе од 35 места, е поделен на три изборни единици.
32. Член 16 од Законот бр. 2839 предвидува:
„... Политичките партии не може да поднесуваат заеднички листи....“
33. Член 33 од Законот бр. 2839 (со измените од 23 мај 1987) предвидува:
„На општи избори партиите не може да освојат пратенички места освен ако не освојат, на национално ниво, повеќе од 10% од вкупниот број на валидно изјавени гласови....Независен кандидат кој се кандидира за избори на листа на политичка партија може да биде избран само ако листата на партијата во прашање добие доволно гласови кои го надминуваат националниот праг од 10%..“
34. При распределувањето на пратенички места се користи Д’онтовиот систем на пропорционално претставување. Таа метода – според која дадените гласови за секоја поединечна листа прво се делат со серија на цели броеви (1, 2, 3, 4, 5 итн.) а местата потоа се распределуваат на листите кои имаат највисоки коефициенти – ја фаворизира мнозинската партија.
35. Членовите 21(2) и 41(1) of Законот бр.. 2839 одредуваат како што следува:
Член 21(2)
„Лицата кои сакаат да се кандидират како независни кандидати ќе предадат кај надлежните трезорски власти, како гаранција, сума еднаква на бруто месечната плата на државен службеник од највисок ранг, и ќе достават потврда за уплата на таа сума во досието во кое се презентира нивната кадидатура за парламентарните избори.“
Член 41(1)
„...ако, на парламентарни избори, независен кандидат не освои доволен број на гласови за пратеничко место, сумата депонирана како гаранција ќе биде одземена од трезорските власти .”
36. Член 36 од Законот бр. 2820 за политички партии (објавен во Службен весник од 24 Април 1983) предвидува:
„За да може да учествува на избори, една политичка партија мора да има седиште во најмалку половина од регионите и да го има одржано генералното собрание најмалку шест месеци пред денот на избори, или мора да има група во Големото народно собрание.“
37. Член 81 од Законото бр. 2820 предвидува:
„Политичките партии немаат право да изјавуваат дека постојат на територијата на Република Турција малцинства по основ на раса, религија, секта, култура или јазик:“
38. Според релевантниот закон името на независните кандидате не е испечатено на гласачките ливчиња кои се даваат во близина на турските граници. Тоа значи дека турските избирачи кои живеат во странство може да гласаат само за политичка партија користејќи гласачки кутии поставени на гранични премини или големи аеродроми. Слично, иако политичките партии имаат распределено време на телевизија и радио за изборни емитувања, независните кандидати немаат.
3. Судска пракса на Уставниот суд
39. Судската пракса на Уставниот суд во врска со компатибилноста на изборните прагови со принципот на демократска држава е контрадикторна.
40. Најпрво, во пресуда донесена на 6 мај 1968 (E. 1968/15, K. 1968/13), Уставниот суд уврдил дека е контрадикторен со принципот на демократска држава „обичниот праг“ воведен од парламентот со цел да се корегираат ефектите од принципот на пропорционално претставување. Тоа е праг што варира во согласност со бројот на места што треба да бидат пополнети во секоја парламентарна изборна единица. Прагот применуван во една изборна единица се пресметува со делење на бројот на изјавени гласови со бројот на места што треба да бидат пополнети, а места се доделуваат само на кандидати кои ќе го надминат. Уставниот суд има најдено, посебно, дека таков праг, кој можел да им овозможи на претставниците на малцинство на избирачи да формираат влада, има изгледи да го наруши претставувањето на сите видови на мислење.
41. Покасно, после усвојувањето на Уставот од 1982, Уставниот суд ги дал своите ставови за прашањето на изборните системи во пресуда донесена на 1 март 1984 (E. 1984/1, 1984/2), одлучувајќи на следниот начин:
„Првиот параграф од член 67 од Уставот предвидува дека граѓаните имаат право на глас и да се кандидираат на избори во согласност со правила предвидени со закон. Сепак, тој член не дава неограничена слободна оцена на законодавецот. Врз основа на член 67 изборите се спроведуваат под администрација и оцена на судската власт и во согласност со принципите на слободно, еднакво, тајно и универзално гласање во еден круг, а гласовите се броени и регистрирани јавно. Под услов овие услови да се испочитувани, законодавното тело може затоа да усвои каков било изборен систем кој смета дека е соодветен. Ако основачкото собрание имало определен систем на ум, би усвоило за тоа обврзувачко правило. Со оглед дека тоа не е сторено, законодавното тело е слободно да усвои систем кој смета дека е најдобро прилагоден на политичките и социјални околности во земјата...
Под услов да не донесува мерки кои се насочени кон ограничување на слободното изразување на народот, или кои го подложуваат политичкиот живот на хегемонија на една политичка партија, или кои го уништуваат повеќепартискиот систем, парламентот може да воведе еден од постоечките изборни системи.“
42. Во пресуда од 18 ноември 1995 (E. 1995/54, K. 1995/59) Уставниот суд имал прилика да одлучи за уставноста на член 34/A од Законот бр. 2839. Тој член, кој упатува на член 33 од истиот закон, исто така го воведува изборниот праг од 10% за распределба на пратенички места за Собраниски пратеници избрани во „националната изборна единица“. Уставниот суд ги прогласил одредбите кои ја воспоставуваат националната изборна единица ништовни, но, нашол дека изборниот праг од 10% може да се смета како компатибилен со член 67 од Уставот.
Релевантните делови од пресудата гласат како што следи:
„... Уставот ја дефинира турската држава како република....Уставната структура на државата, која е заснована на националниот суверенитет е продукт на волјата на нацијата, изразена преку слободни избори. Тој избор, нагласен во различни членови на Уставот, е предвиден јасно и прецизно во член 67, насловен „Право на глас, да се биде избран и на вклучување во политички активности“. Параграф 6 од член 67, со измените, предвидува дека изборните закони мора да бидат поставени на таков начин да воспотават рамнотежа помеѓу принципите на правично претставување и владина стабилност. Целта е да се осиура дека волјата на избирачите е одразена колку што е повеќе можно во законодавното тело... [Со цел] да избере систем чии методи се најпогодни за изразувањето на колективната волја и на носењето на колективни одлуки во законодавното тело...донесување на соодветни закони со оглед на специфичните околности на земјата и критериуми на Уставот, потребно е да се избере систем кој е најкомпатибилен со Уставот или да се отфрли кој било систем кој не е компатибилен со него.
Влијанието на претставничката демократија е видливо на различни полиња. Ефектот на неправедни системи усвоени со цел да се осигура стабилност е да се нарушат општествените текови...Кога претставувањето е во прашање, важноста која се придава на правичнпста е главен услов за владина стабиност. Правичноста осигурува стабилност. Сепак, идејата на стабилност, во отсуство на правичност, создава нестабилност. Принципот на „правично претставување“ на кој Уставот налага почитување, се состои од слободно, еднакво, тајно и универзално право на лас, во еден круг на гласање со јавен пристап до броењето на гласовите и регистрирањето на резултатите, и создава број на претставници пропорционален на добиените гласови. Принципот на владина ставилност се сметка како референца на методите осмислени да ги одразат гласовите во законодавното тело за да ја гаранираат силата на извршната власт. Владината стабилност која се настојува да биде постигната преку прагот (опишан како пречка), исто како правично претставување..., е заптитен од Уставот. На избори...важност мора да биде придадена на комбинирање на тие два принципа, кои изгледаат спротивставени во одредени ситуации, на начин да обезбедат дека се урамнотежуваат и надополнуваат еден со друг.
...
Како би се постигнала целта на „владина стабилност“, предвидена со Уставот, национален [праг] беше воведен....
Очигледно, [прагот] од 10% од дадени гласови на национално ниво поставен во член 33 од Законот брј. 2839...влезе во сила со одобрение на законодавното тело. Изборните системи мора да се компатибилни со уставните принципи...и неизбежно е некои од тие системи да содржат строги правила. Изборни прагови што резултираат од природата на системите и се изразени во проценти, и кои на национално ниво го ограничуваат правото на глас и да се биде избран, се применливи и прифатливи...под услов да не ги надминуваат нормалните лимити...Изборниот праг од 10% е компатибилен со принципите на владина стабилност и правично претставување... “
Тројца од единаесет судии на Уставниот суд не се согласиле со аргументите на мнозинството, сметајќки дека националниот изборен праг од 10% не е во согласност со член 67 од Уставот.
43. Со истата пресуда, сепак, Уставниот суд го прогласил за ништовен изборниот праг од 25% за распределба на пратенички места во региони (регионален изборен праг). Наоѓајќи дека таков изборен праг не е во согласнот со принципот на правично застапување, воочил:
„Иако националниот изборен праг е воведен во парламентарни избори во согласност со принципот на владина ставилност, воведувањето дополнително и изборен праг за секоја изборна единица не е во согланост со принципот на правично претставување.“
4. Краток приказ на претходните парламентарни избори
44. Изборите од 1950, 1954 и 1957 - во кои системот на мнозинско претставување бил користен – не овозможиле воспоставување на институционална рамнотежа помеѓу мнозинството во парламентот и опозицијата. Оваа неурамнотеженост била една од главните причини за државниот удар од 1960. После интервенцијата на оружените сили, парламентот усвоил пропорционално претставување, користејќи го Д’онтовиот метод, да го зацврсти плурализмот и политичкиот систем. Како последица, изборите од 1965 и 1969 создале стабилни мнозинства во Народното собрание а во исто време овозможиле и мали партии да бидат претставени. Сепак, на изборите од 1973 и 1977 главните политички движења не можеле да воспостават стабилни влади, иако имале широка поддршка од избирачите. Тој период на владина нестабилност бил обележан со формирањето на една коалиција после друга, секоја ослабната од диспропорционалното влијание на малите партии на владината политика.
45. После воениот режим од годините помеѓу 1980 и 1983 Законот бр. 2839 за избор на пратеници на Народното собрание донесен на 13 јуни 1983, повторно воспоставил пропорционално претставување, со два изборни прага. На националниот праг од 10% бил додаден и регионален праг (број на избирачи поделен со бројот на места кои треба да бидат пополнети во секоја изборна единица); во 1995 Уставниот суд го прогласил регионалниот изборен праг за ништовен. На парлментарните избори од 1983 Партијата на родната земја (ANAP) освоила апсолутно мнозинство во парламентот.
46. Парламентарните избори од 29 ноември 1987 исто така овозможиле ANAP, со 36,31% од гласови, да формира стабилно парламентарно мнозинство. Две други партии освоиле пратенички места. На изборите од 20 октомври 1991 пет партии освоиле места во парламентот. Овој резултат се должел посебно на фактот дека три мали политички партии (MÇP, IDP and HEP) учествуваа на изборите под знамето на други политички партии со цел да се заобиколи член 16 од Законот бр. 2839, кој го правел незаконито формирањето на заеднички листи пред избори. Владата беше базирана на коалиција од две партии. На тие избори 18 кандидати на HEP (Народна работничка партија-про-Курдска) беиле избрани во парламентот на листата на (социјал-демократската) SHP партија; подоцна тие ја напуштиле SHP за да се приклучат во редовите на нивната сопствена партија, HEP.
47. На општите избори од 24 декември 1995 пет партии освоиле места во парламентот. Сепак, затоа што ниту една од нив немала парламентарно мнозинство, била формирана коалиција.
48. Парламентарните избори во 1999 повторно доведеле до тоа да ниту една партија нема парламентарно мнозинство. Пет политички партии освоиле пратенички места во Народното собрание. Коалиција од три партии формирала влада.
49. Пред изборите од 3 ноември 2002, година во која најголем дел од гласовите биле за партии кои на крај не биле претставени во парламентот била 1987, со 19,4% од дадените гласови. Во 1991, како резултат на учество на две предизборни коалиции, една помеѓу RP, MÇP и IDP друга помеѓу SHP и HEP, тој дел бил сведен на 0,5%. После изборите од 22 јули 2007 тој дел бил 13,1%.
50. Како што е наведено погоре (види параграфи 12-21), изборите од 2 ноември 2002 и овозможиле на AKP да формира стабилна влада која се одржала до 22 јули 2007, без оглед на фактот што 45,3% од приближно 14,5 милиони гласови не биле одразени во составот на парламентот.
Б. Релевантни документи на Советот на Европа
51. Советот на Европа нема поставено обврзувачки правила за прашањето на изборни прагови.
1. Документи на Парламентарното собрание на Советот на Европа
52. Релевантниот дел на Резолуцијата 1547 (2007) насловен Состојба на човековите права и демократија во Европа, усвоена од Собранието на 18 април 2007, утврдува како што следува:
„58. Во добро воспоставени демократии, не треба да има изборни прагови повисоки од 3% за време на парламентарни избори. Така треба да е можно да бидат изразени максимален број на мислења. Исклучување на бројни групи на луѓе од правото да бидат претставени е штетно за демократскиот систем. Во добро воспотавените демократии, мора да биде најдена рамнотежа помеѓу правичното претставување на погледи во заедницата и ефикасноста на парламентот и владата.“
53. Во својата Препорака 1791 (2007) насловена Состојба на човековите права и демократија во Европа, усвоена на 18 април 2007, Собранието му препорача на Комитетот на министри да преземе мерки за да ги исправат недостатоците нотирани во гореспоменатата Резолуција. Што се однесува на изборните прагови, му препорача на Комитетот на министри да ги повика Земјите членки да:
„17.10 размислат за намалување на праговите над 3% за парламентарни избори...и да ја земат во предвид рамнотежата помеѓу правичното претставување и ефикасноста на парламентот и владата.“
.
2. Документи на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанската комисија)
54. „Кодексот на добри практики во изборни прашања“, усвоен од Венецијанската комисицја во 2002, објавува „Петте принципи на кои почива Европското изборни наследство се универзално, еднакво, слободно, тајно и непосредно гласање.“ „Во почитувањето на“ тие принципи „било кој изборен систем може да биде избран“.
55. Релевантниот дел на извештајот на Венецијанската комисија насловен Извештај на изборни закони и изборна администрација во Европа, од 12 јуни 2006, гласи како што следува:
„Ефектите на еден одреден изборен систем можат да се разликуват од една земја до друга, [и] мораме да го цениме тоа дека изборните системи можат да следат ралични, понекогаш дури и антагонистички, политички цели. Еден изборен систем може да се концентрира повеќе на правично претставување во парламентот, додека друг може да настојува на избегнување на фрагментација на партискиот систем и да охрабрува формирање на владејачко мнозинство на една партија во Парламентот. Еден изборен систем охрабрува блиска врска помеѓу гласачите и претставниците од „нивната“ изборна едниција, додека друг им олеснува на партиите да воведат жени, малцинства и специјалисти во парламентот преку затворени партиски листи. Во некои земји, сложени изборни системи се прифатени со цел да се комбинираат неколку политички цели. Во друи земји, се зема за приоритет изборниот систем да не биде претежок за електоратот и за администрацијата го разбере и спроведе. Соодветноста на еден изборен систем се одредува зависно од тоа дали ќе биде праведен, имајќки ги во предвид локалните околности и проблеми. Посебно, транспарентност на подготовката на листите мора да биде обезбедена Така изборниот систем и предлозите за реформа треба да бидат оценувани со секој поединечен случај.“
56. Во својот Извештај за изборни правила и афмирмативни акции за учество на национални малцинства во процесот на одлучување на европските земји, од 15 март 2005, Венецијанската комисија, откако ги анализирала практиките на одреден држави членки, препорача пет специфични мерки за промоција на преставувањето на малцинствата. Две од мерките во прашање имаат ефект на прашањето за изборни прагови:
„...
д. Изборните прагови не треба да влијаат на шансите на националните малцинства да бидат претставени.
ѓ. Изборните области (нивниот број, големина и форма, сила) може да бидат формирани со цел да го зајакнат учеството на националните малцинства ов процесите на одлучување.“
3. Документи кои се однесуваат посебно на изборите во Турција
(а) Извештај на Ad hoc Комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Report
57. Владата се повика на извештајот на Ad hoc Комитетот за набљудување на парламентарните избори во Турција (3 ноември 2002), објавен на 20 декември 2002. Релевантните делови на извештајот гласат како следува:
„Како што беше нашироко известувано од медиумите, само две партии од 18 најдоа место во новата TBMM, AKP (Правда и развој) и CHP (Републиканска народна партија), изоставувајќи ги сите останати партии, кои беа досега претставени во парламентот затоа што не можеа да го постигнат прагот од 10%. Партијата која беше во Владата до изборите освои само 1% од гласовите. Економските и корупциски проблеми беа одредувачки во изборите.
Јасно и апсолутно мнозинство се случи со 362 места за AKP, 179 места за опозицијата и 9 места за независните кандидати. (Овие независни кандидати се избрани во мали градови каде имаат добар углед). Треба да се потсети на тоа дека AKP имаше 59 места во претходниот парламент, а CHP 3 (избори од 1999).
Оваа ситуација може да создаде веројано поголема стабилност во земјата избегнувајќи комплицирани и нестабилни коалиции. Во понеделник 4 ноември 2002 Турската берза се искачи за 6,1%.
Сепак, исто така значи дека приближно 44% од гласчите немаат претставници во Парламентот.
Така резултатите може да се сметаат како чисто глсање од протест против естаблишментот како целина, со оглед на тоа што ниту една од трите партии од старата владејачка коалиција не добија доволно гласови ниту за едно место!“
(б) Резолуцијата на Парламентарното собрание 1380 (2004)
58. Параграфите 6 и 23 од Резолуцијата 1380 (2004) за „Почитување на обврските од страна на Турција“, усвоена од Парламентарното собрание на Советот на Европа на 22 јуни 2004, се формулирани како што следува:
„6. Во однос на плуралистичката демократија, Собранието прифаќа дека Турција е функционална демократија со повеќепартиски систем, слободни избори и поделба на власта. Зачестеноста со која политичките партии се распуштаат е сепак вистински извор на загриженост и Собранието се надева дека во иднина уставните измени од октомври 2001 и тие воведени со законот од март 2002 за политички партии ќе ја ограничат употребата на такви екстремни мерки како распуштање. Собранието исто така смета барањето партиите да освојат најмалку 10% од гласовите изјавени на национално ниво за да можат да бидат претставени во парламентот е претерано и дека уредувањето на гласањето на турските граѓани во странство треба да биде променето.
...Собранието затоа ја повикува Турција, како дел од тековната реформа на нејзините власти, да:
....
ii. го измени изборниот законик и намали прагот од 10% и да им овозможи на турските граѓани кои живеат ви странство да гласаат без да мораат да одат на граница;
...“
(в) Извештај „Набкљудување на парлментарните избори во Турција (22 јули 2007)“
59. Релеватните делови од извештајот насловен Набљудување на парлментарните избори во Турција, изработен од ad hoc Комитетот на Парламентарното собрание на Советот н Европа, гласи како што следува:
„XII. Заклучоци и препораки
55. Парламентарните избори во Турција, на 22 јули 2007, беа генерално во согласност со обврските на Турција кон Совет на Европа и со европските стандадрди за слободни избори.
56. Во најголем дел, гласањето беше добро организирано и спроведено на миред и професионален начин, што сведочи за долга традиција на демократски избори во Турција.
57. Големата излезност на гласачите покажува дека постои доверба во демократските процеси во Турција.
58. Изборните администратори на сите нивоа ги извршија своите должности ефикасни и во добра вера.
59. Сепак, Известувачот верува дека Турција може да направи повеќе во однос на организирање на уште подобри избори кои би гарантирале вистински репрезентативен парламент. Прагот од 10% би можел да биде понизок, во согласност со Резолуциите 1380 (2004) и 1547(2007) на Собранието. Фактот што новиот Парламент избран на 22 јули 2007 е далеку повеќе претставнички отколку Парламентот во заминување претставувајќи приближно 90 проценти од мислењата на електоратот, се должи на фактот дека три наместо две партии се претставени и на маневарот на опозициските партии да започнат со независни кандидати подржани од партии а не на било какви мерки преземени од страна на самите турски власти.
60. Турските власти би можеле да размислат за консултирање со Венецијанската комисија и за поедноставување на изборното законодавство.“
60. Дотолку повеќе, во одговор на прашање на пратеник после неговото обраќање пред Парламентарното собрание на 3 октомври 2007, Претседателот на Турција рече дека прагот од 10% соодветсвувал на вистинска потреба, но би можел наскоро да биде изоставен (види записник од заседанието од 3 октомври 2007). Релевантните делови од неговиот одговор гласат како што следува (Превод на на Секретаријатот на резиме од француски во записникот од заседанието од 3 октомври 2007):
„Г-н Gül објасни дека прагот од 10% бил воведен за да се надмине нестабилноста од претходните години, во кои имало голем број на коалициски влади една после друга. Прагот не ги спречувал независните кандидати од кандидирање. Во последните парламентарни избори, во јули 2007, излезноста на гласачите била 83%, што покажувало колку парламентот бил претставнички. Со оглед на тоа дека сега политичката стабилност била вратена, прагот од 10% би можел да биде повторно разгледан.“
В. Споредбено право
61. Иако нема единствена класификација на видовите на изборни системи, вообичаено е да се разликуваат три главни видови: систем на мнозинско гласање, пропопрционални системи и мешани системи. Во системите на мнозинско гласање победник е кандидатот или листата на кандидати кои ќе освојат мнозинство гласови во одлучувачкиот круг на избори. Овој тип на гласање овозможува да се изгласаат влади со чисти парламентарни мнозинства, но во исто време работи против претставување на малцински политчки партии. Така, на пример, во Обединетото Кралство употребата во текот на повеќе декади на единствен круг на избори во мнозински систем на еден член во кој победува кандидатот кој има повеќе гласови од сите останати [2first past the post“], комбиниран со постоењето на две доминантни политчки партии, има за последица доделување малку места на други партии во однос на бројот на гласови кој го добиваат. Има други слични случаи, во Франција на пример, каде има мнозински систем на гласање во два круга на гласање. На спротивната крајност, целта на пропорционалниот претставнички систем е да обезбеди дека дадените гласови се одразени во пропорционален број на места. Пропорционалото застапување генерално се смета за најфер систем, затоа што се стреми да ги одрази поблиску различните политички сили. Сепак, недостатокот на пропорционалното претставување и дека се стреми кон фрагментација помеѓу тие што бараат изборна поддршка, и на тој начин го прави потешко формирањето на стабилни парламентарни мнозинства.
62. Моментално, пропорционалните системи се најчесто користени во Европа. Така на пример, Бугарија, Република Чешка, Данска, Естонија, Ирска, Луксембург, Малта, Молдова, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Шпанија, Шведска и Турција имаат одбрано една од варијантите на пропроционалното претставување. Има исто така и мешани системи на двата типа на изборни системи (во Германија, Италија и Литванија, на пример).
63. Во некои пропорционални системи законските прагови се користат за да се коригираат негативните последици на пропорционалното гласање за да се обезбеди поголема параламентарна стабилност. Овие прагови, генерално изразени како процент од дадените гласови, се „граници, фиксни или варијабилни, дефнинирани во одност на изборниот резултат, кои го определуваат учеството на листа или кандидат во распределбата на места.“ Сепак, улогата на праговите се разликува во зависнност од нивото на кое се поставени и партискиот систем во секоја земја. Низок праг исклучува само многу мали групации, што го прави потешко формирањето на стабилни мнозинства, додека пак во случаи каде партискиот систем е многу фргаментиран висок праг им оневозможува на многу гласачи да бидат претставени.
64. Анализата на изборните прагови усвоени во земјите членки кои имаат пропорционално застапување покажува дека само четири земји имаат избрано високи изборни прагови. Турција го има највисокиот, 10%. Лихтенштајн имат праг од 8%, Руската Федерација и Грузија користат 7%. Една третина од земјите наметнува праг од 5% а 13 од нив имаат одбрано помала бројка. Останатите земји членки (седум по број) не користат прагови. Понатаму, во неколку системи изборните прагови се применуваат само на ограничен број на места (во Норвешка и Ирска, на пример). Праговите за партии и праговите за коалиции може да бидат поставени на различни нивоа. Во Република Чешка, на пример, прагот за една партија е 5%, додека во случај на коалиција се зголемува за 5% за секоја од партиие од кои е основана. Во Полска, прагот за коалиции изнесува 8% без оглед на бројот на партии кои ја основаат. Има слични варијации и во праговите за независни кандидати, во Молдова, на пример, релевантниот праг е 3%.
ПРАВО
I. ОПСЕГ НА НАДЛЕЖНОСТА НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ
65. Судот воочува дека во пресудата на Судскиот совет (параграф 40) жалбата беше формулирана на следниот начин:
„Жалителите наведоа дека наметнувањето на изборнио праг од 10% во парламентарните избори се мешало со слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело,“
66. Во текот на постапката пред Судскиот совет жалителите, повикувајќи се воглавно на резултатите од изборите од 3 ноември 2002, се жалеле на прагот од 10%. За таа цел, направиле обемна анализа на изборите во Турција почнувајќи од 1946, година во која повеепартискиот систем бил воведен во републиката. Покасно, во нивното барање за доставување поднесено на 20 април 2007, критикувајќи ја посебно анализата на турскиот изборен систем направена од Судскиот совет во својата пресуда тие навеле дека таа пресуда и дала на Договорната страна екстремно широко поле на слободна оцена во однос на воведувањето и функционирањето на изборниот систем.
67. После 9 јули 2007, датата на која панел од пет судии го одобри барањето на жалителите предметот да биде разгледан од страна на Големиот судски совет, предвремени парламентарни избори беа одржани во Турција.
68. Додека тие ги имаа коментирано во одреден дел изборите од 22 јули 2007 во опсервациите кои ги доставија до Големиот судски совет на 7 септември 2007, застапникот на жалителите појасни на расправата од 21 ноември 2007 дека жалбата била изјавена со цел да се добие одлука дека имало повреда која произлегува од изборите од 3 ноември 2002, а не на тие од 22 јули 2007.
69. Владата тврдеше на расправата дека, што се однесува на наводите на жалителите поврзани со уставната структура на Турција, дека тие треба да се сметаат за action popularis и остана на ставот дека генералните резултати од 22 јули 2007 ги поврдиле наодите на Судскиот совет во неговата пресуда од 30 јануари 2007.
70. Судот затоа мора да го одреди обемот на разгледување на предметот кој треба да го направи, одлучувајќи посебно дали може да самиот да се ограничи на проучување на резултатите од изборите од 3 ноември 2002, без да ги земе во предвид настаните после пресудата на Судскиот совет.
71. Судот повотрува дека, според неговата воспоставена судска пракса, „случајот“ доставен до Големиот судски совет нужно ги вклучува сите аспекти на жалбата претходно разгледани од Судскиот совет во неговата пресуда, без да има основа за само делумно доставување на предметот (види Cumpǎnǎ and Mazǎre v. Romania [GC], no. 33348/96, §66, ECHR 2004‑XI, и K. and T. v. Finland [GC], no. 25702/94, §§ 140 and 141, ECHR 2001‑VII).
72. „Случајот“ доставен до Големиот судски совет е жалбата каква што била прогласена за допуштена. Тоа сепак не значи дека Големиот судски совет не може да испита, кога е соодветно, прашања поврзани со допуштеноста на жалбата, исто како што е можно во обична постапка пред Судски совет, на пример врз основа на чкен 35 in fine на Конвенцијата (кој го овластува Судот „да отфрли било која жалба за која смета дека е недопуштена ... во било која фаза на постапката“), или кога такви прашања биле приклучени кон суштината на спорот или кога на друг начин се релевантни во фазата на мериторно одлучување (види K. and T. v. Finland, цитиран погоре, § 141).
73. Судот најпрво воочува дека нема надлежност да го испитува домашното право апстрактно, и дека е пред сѐ на домашните власти, а посебно на судовите, кои се посебно квалификувани за таа задача, да го толкуваат и применуваат домашното право (види, на пример, Gitonas and Others v. Greece, judgment of 1 July 1997, Reports of Judgments and Decisions 1997‑IV, §44, и Briķe v. Latvia (dec.), no. 47135/99, 29 June 2000). Сепак, во конкретниот случај, предметот на жалителите не може да доведе до actio popularis. На изборите од 3 ноември 2002 тие беа засегнати директно и непосредно од прагот на кој се жалат (види, mutatis mutandis, Serge Moureaux and Others v. Belgium, no. 9267/81, Commission decision of 12 July 1983, Decisions and Reports (DR) 33, p. 127). Со оглед на тоа што Судскиот совет ја донесе својата пресуда пред изборите од 22 јули 2007, воглавно ги зеде во предвид резултатите од изборите од 3 ноември 2007 и ситуацијата во Турција во тоа време. Судот сега ќе го анализира предметот од аспект на резултатите од парламентарните избори од 3 ноември 2002, но без да ги занемари изборите од 22 јули 2007, во кои жалителите реално не беа кандидати, но кои сепак имаат влијание на проценката на последиците на изборниот праг на кој жалителите се жалат.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 3 ОД ПРОТОКОЛ БР. 1
74. Жалителите наведоа дека наметнувањето на изборниот праг од 10% на парламентарните избори се мешало со слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело. Се повикаа на челн 3 од Протокол бр.1, кој гласи:
„Високите страни договорнички се обврзуваат во разумни интервали да организираат слободни избори со тајно гласање, под услови што му овозможуваат на народот слободно да го изрази своето мислење за изборот на законодавнототело.“
А. Пресудата на Судскиот совет
75. Судскиот совет најде дека целта на изборниот праг од 10% воведен во парламентарните избори била да се зајакне владината стабилност преку спречување преголема и ослабувачка парламентарна фрагментација. Исто така можел да се смета дека е потребен за да се постигне таа цел и пропорционален [на таа цел]. Затоа заклучи дека „Турција [не] го пречекори своето широко поле на слободна оцена во однос на член 3 од Протокол бр. 1, без оглед на високото ниво на обжалениот праг (види параграфи 66-79 од пресудата на Судскиот совет).
Б. Аргументи на странките
1. Жалителите
76. Жалителите ги оспорија наоѓањата на Советот, тврдејќи дека направил рестриктивна и површно толкување на правото на слободни избори.
77. Најпрво, жалителите сметаа дека со оглед на тоа што прагот од 10% спречил голем дел од населението да го изрази својот избор во однос на парламентарно претставување прилично очигледно претставувал сериозно мешање со правото на учество и не служел за остварување на легитимна цел за целите на член 3 од Протокол бр. 1
78. Во врска со тоа, жалителите го оспорија аргументот дека обжалената мерка имала за цел да се зајакне парламентарната стабилност. Тие тврдеа дека воените власти, кои ја презеле власта во државниот удар во 1980, ја ноѓаале сета вина за социјалната и политичка вознемиреност во Турција помеѓу 1970 и 1980, и владината нестабилност до која доведла, на изборниот систем кој тогаш бил на сила. Според нивното мислење неприродно било да се воспостави врска помеѓу пргот и политичката ситуација во Турција во седумдесеттите, како што било оценето во пресудата на Судскиот совет.
79. Жалителите го нагласија фактот дека два од четири избори во кои пропорционалното претставување било користено без примена на изборниот праг (тие од 1965 и 1969) довеле до еднопартиски влади, другите два (тие од 1973 и 1977) довеле до коалициски влади.
80. Понатаму, иако не било исклучено дека намалувањето или укинувањето на националниот изборен праг би довело до коалициска влада, таков резултат не бил нужно исто што и владина нестабилност. Коалициските влади биле понекогаш постабилни од влади од една партија.
81. Жалителите тврдеа дека било тешко да се одбрани ставот дека исклучителната мерка во прашање ја зајакнувала претставничката демократија. Советот на Европа била создаден за да ја зајакне демократијата и демократските вредности. Иако државите договорнички секако имале широко поле на слободна оцена во прашањето, тие не можеле да се повикаат на таа широчина – без да го земат во предвид правото на правично претставување – неограничено или диспропорционално, имено преку исклучување на одреден одвоен сегмент од населението од политичкиот живот на земјата.
82. Таков национален праг го правел претставувањето нефер и доведувал до криза на легитимитетот на Владата, со оглед на тоа дека парламентот би требало да биде слободна трибина на секоја демократија. Јасно, парламент чиј состав одразувал само 53% од дадените гласови не можел да го даде претставничкиот легитимитет кој е основа на секоја демократија. Во врска со тоа, жалителите посочија дека на парламентарните избори од 1987, 1991, 1995 и 1999 пропорцијата на гласовите дадени во корист на партии кои не биле претставени во парламентот била соодветно, 19.4% (приближно 4.5 милиони гласови), 0.5% (приближно 140,000 гласови), 14% (околу 4 милиони гласови) и 18.3% (околу 6 милиони гласови). Резултатите од изборите од 2002 довеле до „претставничка криза“, со оглед на тоа што 45,3% од гласовите – значи, околу 14,5 милиони гласови – не биле земени во предвид и не биле одразени во составот на парламентот.
83. Жалителите тврдеа дека Судот би требало да ги земе во предвид следните фактори: прво, клучната улога на плурализмот како столб на демократијата и последователната важност на политичките партии, посебно оние кои работат за да осигураат дека гласот на одреден регион на една земја ќе биде слушнат во парламентот, второ, фактот што изборниот праг кој се користи во Турција бил највисокиот помеѓу државите членки на Советот на Европа, и со оглед на тоа дека нема корективни мерки, фактот дека го нарушувал изразувањето на одределени општествени трупи, трето и последно, специјалната ситуација во Турција и последиците на прагот во пракса, имено неможноста на било која партија основана во еден регион да биде претставена во Народното собрание. Ако овие фактори не биле земени во предвид, правото на слободни избори би било оставено на слободно толкување на поединечните држави, кои би можеле тоа да го употребат за да имаат оправдување за праг повисок од 10%.
84. Жалителите исто така сметаа дека прагот од 10% не бил во согласност со заедничкиот европски стандард. Националниот праг усвоен во Турција бил највисок во Европа, или можеби и во светот. Ако прагот бил применет во други земји, значителен број на веќе воспоставени партии повеќе бе би учествувале во влада, што важи, на пример, за Слободните демократи во Германија, центристичките и христијанските партии во Скандинавија, Зелените во Холандија и левиот центар и десницата во Италија. Во повеќето земји кои вовеле праг, одбраното ниво било 5% (во 2001 просекот бил 4,25% во Централна и Источна Европа). Дури и земји кои имале сериозни проблеми во однос на интеграција и морале да го стабилизираат партиското претставување, со оглед на постоењето на независни или многу мали партии, не сметале за потребно да наметнат два пати повисок праг. Жалителите посочија, кaко пример, дека на изборите во 2002 изборен праг од 5% би овозможил 8 партии (од 18 кои пријавиле кандидати), вклучително и DEHAP, да освојат места во турскиот Парламент, наместо само двете главни национални партии.
85. Аргументот дека жалителите или другите членови на нивната партија можеле да учествуваат на изборите како независни кандидати – еден од главните аргументи на Владата и една од причините на која Судскиот совет ја заснова својата пресуда – ја занемарувал улогата на партиите во контекст на политичкиот систем. Ниту независни кандидатури ниту формирањето на алијанси можело да ги замени независните политички партии, затоа што тие играле есенцијална улога како основни елементи на демократијата. Очигледно било дека кандидатите кои се пријавиле во свое име и можеле да сметаат само на нивните сопствени финансиски средства не можат да се натпреваруваат со партии кои имале значителна логистички и финансиски средства.
86. Уште повеќе, во Турција независните кандидати биле подложени на доста неповолни ограничувања и услови. На пример, имињата на независните кандидати не биле испечатени на гласачките ливчиња во граничните области, што значело дека лицата кои влегуваат на турска територија токму за да учествуваат на избори на гранично гласачко место не можеле да гласаат за независни кандидати, факт кој значително ги намалувал шансите на таквите кандидати да бидат избрани. Неможноста на независните кадидати да имаат изборни емитувања, иако сите политички партии имале изречно овластување на емитување на телевизија и радио, била исто така сериозен недостаток (види параграф 39 погоре). На крај, правото на избирачите да изберат, слободно и еднакво, да бидат застапувани од партии пред сѐ – отколку независни кандидати, на пример – и правото на сите партии да се натпреваруваат на еднакво рамниште биле основни принципи за целите на член 3 од Протокол бр. 1.
87. Што се однесува на можноста за формирање на коалиција со други политички партии со цел да се надмине прагот од 10%, жалителите посочија дека член 16 од Законот бр. 2839 ги оневозможувал партиите да претставуваат заеднички листи и да учествуваат на парламентарните избори преку формирање на совршено легални коалицци. Понатаму, тие тврдеа дека политичката клима, обележана со растечката сила на национализмот, го правела незвозможно формирањето на такви алијанси.
88. Жалителите понатаму објаснија дека според член 36 од Законот за политички партии, политичка партија не можела да пријави кандидати за избори ако не била долг период активна во земјата (види параграф 36 погоре). Понатаму, според истиот закон, забрането било да се формира партија заснована на одредена етничка група или регион (параграф 37 погоре). Тоа правило ја одразувало владејачката официјална идеологија во Турција. Апсолутното отфрлање на регионални партии очигледно претставувало сериозна повреда на принципот претходно наведен од Судот дека „нема демократија без плурализам.“ Требало да се земе во обзир широката, мултикултурна природа на турското општество, а жалителите и нивната партија биле осудени да бидат казнети затоа што, дури и ако побарале поддршка во целата земја преку бранење на национални политики, воглавно бил одреден дел од општеството кои нив ги подржувал.
89. Според аргументите на жалителите, една од главните цели на демократија заснована на систем на избрани политички партии била да се гарантира дека политичките партии чиј електорат бил целосно или воглавно во одреден регион, да можат да функционираат и да бидат избирани слободно, без ограничувања, и избирачите кои гласале за нив да бидат претставени на еднакво рамниште. Ако тој принцип бил применет, очигледно било дека неможноста DEHAP да влезе во парламентот кога имала добиено повеќе од 45% (околу два милиони) од изјавените гласови во југоисточна Турција значително го искривувала претставуањето. Понатаму, обврската да е активна на национално ниво требала да се гледа во контекст на политичката култура која систематски ја игнорирала дебатата за „курдското прашање“, очигледно блокирајќи го слободното изразување на волјата на голем дел од народот во југоисточна Турција, спротивно на воспоставената пракса на Судот. Соодветно, слободното изразување на волјата на мнозинството од елекеторатот во регионот во прашање било намерно спречувано.
90. Попрецизно, жалителите тврдеа дека како резултат на примената на изборниот праг на парламентарните избори од 2002, DEHAP, која била позната по својот интерес и посветеност на курдското прашање, не освоила ниту едно место во парламентот иако остварила многу висок резултат во повеќе изборни единици. Според нивното мислење не можело да се смета дека парламентарните избори од 22 јули 2007 го решиле проблемот, иако DTP, наследник на DEHAP, претставила независни кандидати. Фактот што политичките партии подржани од Курдите претставиле независни кандидати бил сам по себе хендикеп.
91. Следствено, според жалителите, фактот што тие не биле избрани во Народното собрание заради националниот праг од 10% кога на парламентарните избори од 3 ноември 2002 листата на DEHAP,- на која тие припаѓале – освоила 45.95% од изјавените глсови во изборната единица Ширнак бил некомпатибилен со член 3 од Протокол бр. 1. Тие тврдеа дека премногу високиот праг бил во спротивност со целта и намената на одредбата во прашање, која била да се гарантира правото на слободно изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело. Преку оневозможување на цел еден сегмент од населението да биде еден ден претставен во парламентот преку партија која ги израувала нивното мислења, националниот праг ја отстранувал самата суштина на тоа право. Такво сериозно и системско мешање со правата на цела група, единствено какво што било помеѓу сите европски изборни системи, не можело да биде оправдано со полето на слободна оцена оставено на државата и затоа очигледно претставувало повреда на Конвенцијата.
2. Владата
92. Владата побара Големиот судски совет да го потврди наоѓањето на Судскиот совет дека немало повреда на член 3 од протол бр. 1.
93. Таа тврдеше дека прагот од 10% била пресметан за ја гарантира политичката стабилност на земјата преку спречување на претерано фрагментирање на составот на парламентот и за да ја зајакне демократијата и политичките партии преку нивно охрабрување да предлагаат политики прифатени повеќе или помалку генерално во цела земја. Прагот не ги повредувал фундаменталните принципи на демократијата како што е плурализмот. Напротив, олеснувајќи го изборот на независни кандидати ослободувајќи ги од прагот од 10% се овозможувало плурализмот длабоко да се вкорени во општеството. Во врска со тоа, Владата нагласи дека помеѓу 1961 и 1980, кога Турција не применувала било каков праг, имало дваесет промени на влади во текот на деветнаесет години, додека пак помеѓу 1983 and 2007, периодот кога прагот од 10% бил во сила, седум избори продуцирале три коалициски влади и три влади од една партија. Овие бројки покажувале дека прагот имал позитивен ефект на владината стабилност.
94. Владата понатаму тврдеше дека одбивањето да предложи политики кои се прифатени повеќе или помалку генерално во целата земја и одделувајќи се од остатокот од земјата преку претставување само на еден регион или одредена изборна единица не можело да се смета за компатибилно со унитарната структура на земјата. Во тој однос, Турција не била сама. Пресудата Mathieu-Mohin and Clerfayt v. Belgium покажувала дека дури и во Белгија, каде имао неколку јазични групи, пратениците и сенаторите ја претставувале белгиската нација. Слично, член 80 од турскиот Устав превидувал дека пратениците го претставуваат општеството како целина.
95. Владата сметаше дека прагот бил пропорциинална мерка која воглавно била во нејзиното поле на слободна оцена. Таа тврдеше посебно дека, како што било потврдено со изборите од 22 јули 2007, жалителите можеле да бидат избрани на 3 ноември 2002 ако се кандидирале како независни кандидати или ако DEHAP имала формирано изборна коалиција со една или повеќе големи партии.
96. Во врска со таа, таа тврдеше дека резултатите од парламентарните избори од 22 јули 2007 ги потврдувале наоѓањата на Судскиот совет во неговата пресуда од 30 јануари 2007. Членовите на DTP – партијата која, според жалителите го зела местото на таа на која тие биле членови – биле пријавени како независни кандидати на изборите во 2007 и биле избрани лесно зтоа што како независни не биле подложни на националниот праг. Неколку дена после изборите тие повторно се приклучиле на DTP и формирале парламентарна група (види параграф 25 погоре). Одлучувајќи дека не може да го помине прагот на изборите во 2007, DTP ги повикала своите членови да се пријават како независни кадидати и успеала да освои дваесет места во парламентот. Важно биле да се воочи дека дека вкупниот број на гласови освоен од страна на независните кандидати на DTP претставувал само 2,04% од гласовите на национално ниво, што значело дека DTP не би можела да го достигне ниту прагот од 5% кој, според жалителите бил израз на „зедничка демократска политичка традиција“ помеѓу европските земји. Ако прагот бил понизок – да речеме 2% - DTP, со 2,04% од гласови на национално ниво, би освоила само едно место, или најповеќе две. Освојувајќи дваесет места, или 3,6% од вкупниот број на места во Големото народно собрание, DTP успеала да ја зголеми својата застапеност во парламентот до максимум.
97. Понатаму, поличките партии можеле да соработуваат под знамето на голема партија, иако формирањето на заеднички листи било забрането со чен 16 од Законот бр. 2839 за избор на пратеници на парламентот. DSP, на пример, партија која била членка на владејачката коалиција од 1999 до 2002, не можела да го надмине прагот од 10% на изборите од 2002. Пред изборите од 2007, затоа, соработувала со CHP, нејзин ривал, успевајќи на тој начин да освои тринаесет места на листата на таа партија. Избраните пратеници како последица потоа ја напуштиле CHP, и повторно се приклучиле на нивната прва партија, .DSP. На изборите од 1991 HEP, која било првиот лик на групата која на крајот станала партија на жалителите, исто така успеала во тоа да некои од нејзините кандидати бидат избрани на листите на други партии.
98. Двете можности кои биле практицирани на изборите од 2007 – пријавување како независен кандидат или соработување со друга партија со цел да се биде избран на нејзината листа – биле многу конкретни примери за постоечките корективи. Примената на тие корективи на последните избори овозможила да им се даде на 85% од сите гласачи некакво претставување во парламентот. Владата тврдеше дека ако тие опции биле употребени во 2002, резултатите би биле слични.
99. Во нивниот предлог за доставување [до Големиот судски совет] жалителите тврделе дека прагот од 10% била задржан со цел да се исклучи од парламентот нивната политичка партија и нејзината наследнчка, DTP, во 2002 и 2007, соодветно. Но, резултатите од изборите од 2007 докажале дека тој навод бил без основа. DTP имала парламентарна група од дваесет пратеници, и на тој начин нејзиното учество на следните избори било загарантирано врз основа на член 36 од Законот бр. 2839 за политички партии, дури и ако не го исполнувала условот за работење на национално ниво. Член 36 предвидувал дека политчки партии кои имале паралментарна група можат да учествуваат на следните избори дури и ако не го исполнувале условог за условот за работење на национално ниво.
100. Владата го отфрли аргументот на жалителите дека пресудата донесена од Судскиот совет на 30 јануари 2007 им дозволила на државите оттогаш да го зголемуваат прагот во согласност со резултати од испитување на јавното мислење. Образложението на Судскиот оветот јасно покажувало дека тој ги имал земено во предвид на соодветен начин постоечките алтернативи на прагот и спроведенета анализа од Уставниот суд врз основа на принципите „правично претставување“ и „владина стабилност“, кои требало да се надополнуваат еден со друг. Со олед на можните алтернативи, Судскиот совет исто така нашол дека слободното изразување на мислењето на народот не било попречено и дека Владата не го пречекорила своето поле на слободна оцена. Резултатите од изборите од 2007 јасно ги потврдувале заклучоците на пресудата на Судскиот совет.
101. Што се однесува на резултатите од изборите од 2007, со оглед на тоа дека 85% од гласачите сега биле претставени во парламентот, Владата сметаше дека принципот на правично претставување бил задоволително испочитуван. Понатаму, во помалите региони, посебно тие каде најголем број од независните кандидати на DTP бил пријавени на 22 јули 2007, шансите да бидат избрани биле повисоки отколку во поголемите региони или изборни единици. На пример, за да биде избран во првата изборна единица во Истанбул, кандидатот морал да освои околу 111,750 гласови, додека во регионот Хакари (југоисточна Турција) биле потребни 34,000. Распределбата на места помеѓу регионите била очигледно поповолна за помалите региони, што овозможило да се обезбеди дека принципот на правично претставување бил испочитуван.
102. Како заклучок, Владата тврдеше дека кога слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело не било попречено, уредувањето на изборниот систем и системот на политичко претставување на една земја потписничка на Конвенцијата бил надвор од хоризонтот на член 3 од Протокоол бр. 1. Прагот од 10% применет на политички партии на парламентарните избори не го спречувал народот од слободното изразување на нивното мислење во изборот на законодавно тело. Тоа било докажано со изборите одржани на 22 јули 2007. Заклучоците во пресудата на Судскиот совет од 30 јануари 2007 биле затоа точни. Судскиот совет не отстапил од својата судска пракса ниту пак дал ново толкување на член 3 од Протоколо бр. 1.
В. Аргументи на третата страна вмешувач
103. Невладината организација Minority Rights Group International се согласи со жалителите. Тие рекоа дека прагот од 10% бил највисок национален праг во Европа. Бил воведен без да биде придружен со и најмала корективна мерка која би можела да ги поправи проблемите кој тој ги предизвикал. Како последица на прагот било апсолутно невозможно партија која функционира на регионална основа да биде претставена во парламентот. Во Турција тоа попрецизно значело дека ниту една од курдските партии не можела да влезе во парламентот иако во нивните сопствени региони тие партии редовно остваруваале резултат сличен на тој остварен од жалителите на изборите од 2002 (45% од изјавените гласови). Јасно било дека сите мерки преземни од Владата, насочени кон прагот од 10%, биле резултат на намерна политика на исклучување. Дотолку повеќе, дури и ако политиката не била намерна, последиците би биле исти.
104. Дополнително, премногу високиот праг бил спротивен на предметот и намената на член 3 од Протокол бр.1, имено гарантирање на слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело. Преку оневозможување на цел сегмент на населението од можноста да бидат еден ден претставувани во парламентот од партија која ги искажува неговите мислења, националниот праг ја отстранувал самата суштина на тоа право. Такво сериозно и систематско мешање со правата на цела група, единствено какво што било помеѓу сите европски изборни системи, не можело да биде оправдано со полето на слободна оцена оставено на државите и затоа очигледно претставувало повреда на Конвенцијата.
Г. Оцена на Судот
1. Општи принципи воспоставени со судската пракса на институциите на Конвенцијата
(а) Критериуми применувани од Судот во однос на член 3 од Протокол бр. 1
105. Судот нагласува најпрво дека член 3 од Протокол бр. 1 заштитува карактеристичен принцип на ефикасната демократија и соодветно од примарна важност за системот на Конвенцијата (види Mathieu-Mohin and Clerfayt v. Belgium, judgment of 2 March 1987, Series A no. 113, §47). Демократијата претставува фундаменален елемент на „Европскиот социјален поредок“, и правата загарантирани со член 3 од Протокол бр. 1 се круцијални за воспоставување и одржување на основите на ефикасна и вистинска демократија раководена од владеење на правото.(види, најнеодамна и меѓу многу други претходни одлуки, Ždanoka v. Latvia [GC], no. 58278/00, §§ 98 and 103, ECHR 2006‑IV).
106. Судот често ја има нагласувано улогата на државата како краен гарант на плурализмот и изјавувано дека во остварувањето на таа улога државата има обврска да усвои позитивни мерки да „организира“ демократски избори „под услови кои ќе осигураат слободно изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело“ (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 54; види исто така, mutatis mutandis, InformationsvereinLentia and Others v. Austria, judgment of 24 November 1993, Series A no. 276, § 38.).
107. Слободните избори и слободата на изразување, а посебно слободата на политичка дебата ја чинат основата на секоја демократија (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, p. 22, § 47, и Lingensv. Austria, judgment of 8 July 1986, Series A no. 103, §§ 41 and 42). „Слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело“ е прашање за кое и член 11 од Конвенцијата има значење, гарантирајќи ја слободата на здружување, и на тој начин индиректно и слободата на политичките партии, кои претставуваат форма на здружување есенцијална за правилно функционирање на демократијата. Изразувањето на мислењето на народот е незамисливо без помош на мнозинство политички партии кои ги претставуваат видовите на мислење кои постојат меѓу населението на една земја. Преку одразување на тие видови на мислење, не само во политичките институции туку и во, благодарение на медиумите, сите нивоа на живот во општеството, тие даваат незаменлив придонес кон политичката дебата која е во самата суштина на концептот за демократско општество (види Lingens, цитиран погоре, p. 26, § 42; Castells v. Spain, judgment of 23 April 1992, Series A no. 236, p. 23, § 43; и United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey, judgment of 30 January 1998, Reports 1998‑I, §44).
108. Како што Комисијата има забележано во повеќе наврати, зборовите „слободно изразување на мислењето на народот“ значат дека изборите не можат да бидат спроведени под било каква форма на притисок во изборот на еден или повеќе кандидати, и дека во тој избор избирачот не смее да биде несоодветно поттикнат да гласа за една или друга партија (види X. v. the United Kingdom, no. 7140/75, Commission decision of 8 October 1976, DR 7, p. 96). Соодветно никаква форма на присила не смее да биде применета врз гласачите во однос на нивниот избор на кандидати или партии. Зборот „избор“ значи дека на рзличните политички партии мора да им биде обезбедена разумна прилика да ги претстават своите кандидати на избори (ibid.; види исто така X. v. Iceland, no. 8941/80, Commission decision of 8 December 1981, DR 27, p. 156).
109. Што се однесува на општото толкување на член 3 од Протокол бр. 1, Судот ги има поставено во својата судска пракса следните главни принципи (види, помеѓу други претходни одлуки, Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, pp. 22 and 23, §§ 46-51; Ždanoka, цитиран погоре, § 115; Podkolzina v. Latvia, no. 46726/99, §33, ECHR 2002‑II; и Hirst v. the United Kingdom (no. 2) [GC], no. 74025/01, § 61, ECHR 2005‑IX):
(i) Член 3 од Протокол бр. 1 изгледа на прв поглед различен од другите одредби на Конвенцијата и нејзините Протоколи кои гарантираат права, затоа што е формулиран во смисла на обврска на Високите договорни страни да одржуваат избори кои го гарантираат слободното изразување на мислењето на народот отколку во смисла на дадено право или слобода. Сепак, земајќи ги во предвид travaux préparatoires на член 3 од Протокол бр. 1 и на начинот на која одредбата е толкувана во контекст на Конвенцијата како целина, Судот има утврдено дека член 3 од Протокол бр. 1 гарантира индивидуални права, вклучувајќи го правото на глас и правото да се биде избран на избори (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре).
(ii) Правата гарантирани во член 3 од Протокол бр. 1 не се апсолутни. Постои простор за „имплицитни ограничувања“, и на државите договорнички мора да им биде дадено широко поле на слободна оцена во оваа сфера (види, помеѓу други претходни одлуки, Matthews v. the United Kingdom [GC], no. 24833/94, § 63, ECHR 1999‑I, и Labita v. Italy [GC], no. 26772/95, § 201, ECHR 2000‑IV).
(iii) Концептот на „имплицитни ограничувања“ според член 3 од Протокол бр. 1 е од големо значење за утврдувањето на релевантноста на целите кои треба да се постигнат со ограничувањата на правата загарантирани со оваа одредба. Со оглед на тоа што член 3 не е ограничен со посебна листа на „легитимни цели“ како тие наброени во членовите 8-11, Договорните страни се затоа слободни да се повикаат на цел која не е содржана на таа листа за да оправдаат ограничување, под услов компатибилноста на таа цел со принципот на владеење на правото и опптите цели на Конвенцијата да е докажана во посебните околности на даден случај. Исто така значи дека Судот не ги применува стандардните тестови на „неопходност“ или „ неодложноа општествена потреба“ кои се користат во контекст на членовите 8-11. При испитување на почитување на членот 3 од Протокол бр. 1, Судот се фокусирал главно на два критериуми: дали имало арбитрерност или недостаток на пропроционалност, и дали ограничувањето го попречило слободното изразување на мислењето на народот.
(iv) Сепак, останува на Судот да утврди во крајна инстанца дали условите на член 3 од Протокол бр. 1 биле испочитувани. Мора да се задоволи дека ограничувањата не ги намалуваат правата во прашање до таа мерка за да ја нарушат нивната суштина, и да им ја одземат нивната ефикасност, дека се наметнати за постигнување на легитимна цел и дека средствата употребени не се диспропорционални (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 52). Посебно, било кои такви услови не смеат да го ограничат слободното изразување на народот во изборот на законодавно тело – со други зборови, тие мора да го одразат, или да не се спротивни на, грижата да се одржи интегритетот и ефикасноста на изборната процедура насочена кон идентификување на волјата на народот преку универзално гласање (види Hirst (no. 2), цитиран погоре, § 62; Hilbe v. Liechtenstein (dec.), no. 31981/96, ECHR 1999‑VI, и Melnychenko v. Ukraine, no. 17707/02, § 56, ECHR 2004‑X). Било какво оддалечување од принципот на универзално гласање ризикува да ја ослабне демократската валидност на законодавното тело така избрано и законите кои ги донесува (види Hirst (no. 2), цитиран погоре, § 62).
(v) Што се однесува на правото да се биде избран, т.е. таканаречениот „пасивен“ аспект на правата гарантирани со член 3 од Протокол бр. 1, Судот е уште повнимателен во својата проценка на ограничуваата во тој контекст отколку кога е повикан да испита ограничувања на правото на глас, т.е. таканаречениот „активен“ елемент на правата од член 3 од Протокол бр. 1. Во пресудата Melnychenko цитирана погоре (§ 57), Судот забележал дека построги услови можат да бидат наметнати за квалификуваност да се биде избран во Парламентот отколку во случај за квалификуваност за гласање. Во таа смисла, го има заземено ставот дека, додека е точно дека државите имаат широко поле на слободна оцена кога поставуваат критериуми за квалификуваност апстрактно, принципот дека правата мора да бидат ефикасни наложува дека постапките за квалификуваност содржат доволно заштита за да спречат арбитрерни одлуки (ibid. § 59; види исто така mutatis mutandis, Podkolzina, цитиран погоре, § 35).
(vi) Слично, Судот има најдено дека, штом желбите на народот се слободно и демократски изразени, ниту една следна измена на организацијата на изборниот систем не може да го доведе во прашање тој избор, освен кога има присуство на убедливи причини на демократскиот поредок (види Lykourezos v. Greece, no. 33554/03, § 52, ECHR 2006‑VIII).
(б) Изборни системи и прагови
110. Судот повторува дека државите договорнички имаат широко поле на слободна оцена кога станува збор за утврдување на видот на гласање преку кој слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело е овозможено. Во тој поглед, член 3 од Протокол бр. 1 не оди повеќе од тоа да пропише „слободни“ избори одржувани во „разумни интервали“ „преку тајно гласање“ и „под услови што ќе го обезбедат слободното изразување на мислењето на народот“. Применувајќи ја таа резервација, не создава било каква „обврска да се воведен специфичен систем“ како пропорционално претставување или мнозинско гласање со еден или два круга на гласање (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 54).
111. Правилата во оваа сфера варираат во согласност со историските и политичките фактори карактеристчни за секоја држава, големата разновидност на ситуации предвидени во изборното законодавство на бројни држави членки на Советот на Европа ја покажува разновидноста на можни опции. Со цел на примена на членот 3 од Протоколот, секој изборен закон мора да биде оценет во контекст на политичката еволуција на земјата во прашање, така што особини кои би биле неприфатливи во контекст на еден систем можат да бидат оправдани во контекст на друг (види Py v. France, no. 66289/01, § 46, ECHR 2005‑I (extracts)), барем се додека избраниот систем овозможува услови кои ќе го обезбедат „слободното изразување на мислењето на народот во изборот на законодавно тело“.
112. Понатаму, не треба да се заборави дека изборните системи настојуваат да исполнат цели кои понекогаш се малку компатибилни една со друга: од една страна да ги одразат прилично верно мислењата на народот, а од друга, да ги канализираат струите на мислење за да промовираат појавување на доволно јасна и кохерентна политчка влја. Член 3 од Протокол бр. 1 не имплицира дека сите гласови мора нужно да имаат еднаква тежина во однос на резултатот од изборите или дека сите кандидати мора да имаат еднакви шанси за победа. Така ниту еден изборен систем не може да елиминира „напразно потрошени гласови“ (види Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 54).
113. Во однос на нивото на кое се поставени изборните прагови, треба да се забележи дека во случајот Silvius Magnago and Südtiroler Volkspartei v. Italy (no. 25035/94, Commission decision of 15 April 1996, DR 85-A, p. 116), во кој фактите најмногу наликуваат на околностите на сегашниот случај, Комисијата го имала мислењето дека „прагот од 4% потребен за избор на преостанатите 25% од челновите на Советот на пратеници“ и дури и „систем која поставил релативно висок праг“ потпаѓале во широкото поле на слободна оцена оставено на државите по тоа прашање. Комисијата понатаму рекла дека слични прагови постоеле во други европски правни системи (види Etienne Tête v. France, no. 11123/84, Commission decision of 9 December 1987, DR 54, p. 68), кој се однесувал на праг од 5% применет на распределбата на места при избори за Европскиот парламент). Конечно, Комисијата сметала дека изборните прагови биле наменети да го промовираат појавувањето на доволно репрезентативни видови на мислење.
114. Во случајот Federaciónnacionalista Canaria v. Spain ((dec.), no. 56618/00, ECHR 2001‑VI) Судот ги испитал праговите кои биле дел од систем на пропорционално претставување користен во Автономната заедница на Канарските острови. Имало два услови формулирани како алтернативи: кандидатите морале да освојат најмалку 30% од валидно изјавените гласови во поединечна изборна единица остров или најмалку 6% од валидно изјавените гласови во Автономната заедница како целина. Судот воочил дека таков систем, „далеку од попречување на изборни кандидати како тие предложени од федерацијата жалител, им овозможувал на помалите политички групи одреден степен на заштита“.
115. Конечно, во својата најскорешна одлука во однос на, меѓу другото, праг од 5% применлив на парламентарни избори (Partija “Jaunie Demokrāti” and Partija “Mūsu Zeme” v. Latvia (dec.), nos. 10547/07 and 34049/07, 29November 2007), Судот го зазел ставот дека прагот во прашање не можел да се смета за спротивен на условите на член 3 од Протокол бр. 1 затоа што охрабрувал доволно репрезентативни видови на мислење и овозможувал да се избегне преголема фрагментациа на парламентот.
2. Примена на горенаведените принципи на конкретниот случај
116. Во конкретниот случај Судот воочува дека жалителите навеле повреда на член 3 од Протокол бр. 1 како резултат на фактот дека не биле избрани во Народното собрание на парламентарните избори од 3 ноември 2002 и покрај резултатот од 45,95% од изјавените гласови во изборната единица Ширнак остварен од DEHAP, партијата на чија листа тие се кандидирале за избори. Тие објаснија дека нивната партија, која освоила 6,22% од гласовите на национално ниво, не успеала да го достигне изборниот праг од 10% и на тој начин им било оневозможено параламентарно претставување.
117. Судот забележува дека националниот праг во прашање е поставен со закон, во член 33 од Законот бр. 2839, и определува како местата во парламентото треба да бидат поделени помеѓу различните листи и различните кандидати. Тој јасно претставува мешање со изборните права на жалителите предвидени си член 3 од Протокол бр.1, прашање кое не е спорно помеѓу странките.
118. Со оглед на принципите наведени погоре, Судот мора прво да провери дали обжалената мерка - чија предвидливост не е спорна помеѓу странките – служи на легитимна цел. Второ, мора да утврди дали имало арбитрерност и дали имало разумен однос на пропорционалностт помеѓу средствата употребени и целта која требало да се постигне. Во примена на тие два критериуми, [Судот] ќе настојува да утврди дали ограничувањето во прашање ја нарушува самата суштина на правото на слободно изразување на народот, во смисла на член 3 од Протокол бр. 1.
(а) Легитимна цел
119. Судот забележува дека, за разлика од други одредби на Конвенцијата, членот 3 од Протокол бр. 1 не ги наведува или ограничува целите кои едно ограничувањо треба да биде наменето да ги постигне. Голема разновидност на цели може соодветно да биде компатибилна со него, под услов компатибилноста на секоја посебна цел со принципот на владеење на правото и општите цели на Конвенцијата да биде воспоставена во посебните околности на даден случај.
120. Според жалителите, прагот не служел на било каква легитимна цел со оглед на тоа што спречувал голем дел од населението во изразувањето на својот избор во однос на претставување во парламентот. Владата го отфрли тој аргумент, тврдејќи дека целта на прагот била да се избегне преголема парламентарна фрагментација и на тој начин да ја зајакне владината стабилност.
121. Во однос на изборните системи,улогата на Судот е да утврди дали ефектот на правилата кои ги регулираат парламентарните избори е исклучување на некои лица или групи на лица од учество во политичкиот живот на земјата (види Aziz v. Cyprus, no. 69949/01, §28, ECHR 2004‑V) и дали дискрепанците создадени од даден изборен систем можат да бидат сметани за арбитрерни или злоупотребувачки и дали системот настојува да фаворизира една политичка партија или кандидат давајќи им изборна предност на штета на другите (види X. v. Iceland, цитиран погоре).
122. Судот прифаќа дека високи прагови може да оневозможат дел од електоратот од претставување. Сепак, таа околност сама по себе не е одлучувачка. Такви прагови може да функционираат како нужно корективно прилагодување на пропорционалниот систем, за кој отсекогаш било прифатено дека го дозволува слободното изразување на мислењето на народот иако може да функционира на штета на мали партии кога е следен од висок праг (види, mutatis mutandis, Liberal Party, Mrs R. and Mr P. v. the United Kingdom, no. 8765/79, Commission decision of 18 December 1980, DR 21, p. 225).
123. Во Турција прагот од 10% е генерално правило кое се применува без било каква разлика на сите кандидати на политички партии без оглед во која изборна единица се кандидираат. Од 1983, кога прагот беше воведен, бројни партии со многу различни политички ставови не можеа да да освојат ниту едно место во парламнетот, неупевајќи да го достигнат. Изборите од 3 ноември 2002 го илустрираат заклучокот; дека не само DEHAP, партијата на жалителите, туку и неколку други партии, попрецизно DYP, MHP, GP и ANAP (кои освоиле 9.54%, 8.36%, 7.25% и 5.13% од изјавените гласови соодветно), не успеале да освојат ниту едно место во парламентот (види параграф 18 погоре). Во 1991 и 2007 повеќе кандидати кои ја следат истата политичка насока како DEHAP, успеале да освојат места, или на листа на друга политичка партија, или кандидирајќи се како независни (види параграфи 15 и 25 погоре).
124. Понатаму, турскиот изборен систем, како тие на многу држави членки, го претпоставува контекстот на унитарна држава. Според член 80 од Уставот, пратениците ја претставуваат „целата нација“, не „регионите или лицата кои нив ги избрале“ (види параграф 29 погоре), точно пради унитарниот карактер на турската држава. Секој регион е претставен во парламентот од најмалку еден пратеник. Преостанатите места се распределуваат во согласност со бројот на жители, на тој начин обезбедувајќи претставување на целата национална територија (види параграф 32 погоре). Тоа е резултат на изборот направен од законодавецот одразувајќи ја уставната структура на земјата и поставен на институционални критериуми. Не е сам по себе некомпатибилен со член 3 пд Протокол бр. 1, кој во принцип не наметнува на државите договорнички обрска да усвојат изборен систем кој гарантира парламентарно претставување на партии кои во основа имаат регионална база без оглед на гласовите изјавени во други делови на земјата. Од друга страна, проблем може да се појави ако релевантното законодавство има тенденција да попречи такви партии од парламентарно претставување (види параграф 121 погоре).
125. Конечно, институциите на Конвенцијата генерално имаат прифатено дека изборните прагови воглавно имаат за цел да го промовираат појавувањето на доволно репрезентативни текови на мислење во рамките на една земја (види, Silvius Magnago and Südtiroler Volkspartei, цитиран погоре, и Etienne Tête, цитиран погоре; види исто, во иста смисла, Partija “Jaunie Demokrāti” and Partija “Mūsu Zeme”, цитиран погоре). Последователно, Судот се согласува со наоѓањето на Судскиот совет дека мешањето во прашање имало легитимна цел на избегнување на преголема и ослабувачка парламентарна фрагментација и преку тоа и зајакнување на владината стабилност.
(б) Пропорционалност
126. Повикувајќи се на пресудата на Уставниот суд од 18 ноември 1995, Судскиот совет сметал дека иако прагот бил висок не надминувал ниво вон рамките на полето на слободна оцена на националните власти по прашањето, со оглед на тоа што не можел како таков да го наруши појавувањето на политички алтернативи во општеството. Жалителите го оспорија заклучокот на Судскиот совет, додека пак Владата побара Судот да го потврди.
127. Судот забележува дека националниот праг од 10% применуван во Турција е помеѓу највисоките прагови применувани во Европа (види параграф 64 погоре). Со цел да провери дека не е диспропорционален, Судот затоа најпрво ќе го процени неговото ниво во споредба со праговите применувани во други европски земји. Потоа ќе ги испита корективите и другите мерки на заштита со кои е следен.
i. Елементи од споредбено право
128. Жалителите тврдеа дека прагот применет во конкретниот случај не бил со согласност со „заедничката демократска политичка традиција“ на европските земји.
129. Судот забележува дека изборните прагови не се непознати помеѓу европските изборни системи и дека има различни видови кои се разликуваат според типот на избори и контекстот во кој тие се употребуваат. Анализата на изборните прагови усвоени во државите членки покажува дека, освен Турција, само три држави имаат одбрано високи прагови. Лихтенштајн го има поставено нивото на 8%, а Руската Федерација и Грузија на 7%. Една третина од државите наметнуваат праг од 5% а 13 од нив имаат избрано пониска бројка. Останатите земји кои имаат систем на пропорционално претставување не користат прагови. Праговите исто така варираат според тоа дали се применуваат на партија или на коалиција, а некои земји имаат усвоено прагови и за независни кандидати (види параграфи 60-63 погоре).
130. Судот исто така придава важност на ставовите изразени од органите на Советот на Европа, кои се согласуваат во однос на исклучително високото ниво на турскиот национален праг и имаат побарано тој да биде намален. Во својата Резолуција од 18 април 2007, во која ја нагласува неделивата врска помеѓу претставителноста на демократијата и праговите, Парламентарното собрание на Советот на Европа посочи дека „во добро воспоставени демократии, не треба да има прагови повисоки од 3% на парламентарни избори“. Тоа мислење беше повторено во Препораката на Парламентарното собрание 1791 (2007) (види параграфи 52 и 53 погоре). Понатаму, во текстови кои се однесуваат на Турција, имено Резолуциите на Парламентарното собрание 1380(2004) и 1547 (2007) и извештајот „Набљудување на парламентарните избори во Турција (22 јули 2007), изработен од ad hoc Комитет на Парламентарното собрание, органите на Советот на Европа ја повикаа Турција, помеѓу останатите препораки, да го измени својот изборен законик и да го намали прагот од 10% (види параграфи 58 и 59 погоре).
131. Сепак, последиците на еден изборен праг може да се разликуваат од една земја до друга и различните системи може да имаат различни, понекогаш анатагонистчки, политички цели. Еден систем може да се фокусира повеќе на правично претставување на партиите во парламентот, додека друг може да настојува да избегне фргаментација на партискиот систем и да охрабрува фомирање на владејачко мнозинство на една партија во парламентот (види парагарф 55 погоре). Ниту една од овие цели не може да смета за неразумна сама по себе. Понатаму, улогата на праговите се разликува според нивото на кое тие се поставени и партискиот систем на секоја земја. Низок праг исклучува само многу мали групации, што го отежнува формирањето на стабилно мнозинства, додека во случаи кога партискиот систем е многу фрагментиран висок праг оневозможува многу гласачи од претставување (види параграфи 58 и 59 погоре).
132. Големата разновидност на ситуации предвидени во изборното законодавство на државите членки на Советот на Европа ја покажува разноликоста на можните опции. Исто така, покажува дека Судот не може да цени било кој поединечен праг без да го земе во предвид изборниот систем од кој тој е дел, иако Судот може да се согласи со ставот на жалителите дека изборен праг од околу 5% соодветствува поблиску на зедничката пракса на државите членки. Сепак, веќе е посочено дека секое изборно законодавство мора да биде оценето во контекст на политичката еволуција на земјата во прашање, на начин што карактеристиките кои би биле неприфатливи во контекст на еден систем, може да бидат оправдани во контекст на друг, барем се додека избраниот систем обезбедува овозможува услови кои ќе го обезбедат „слободното изразување на мислењето на народот при изборот на законодавно тело“ (види, помеѓу многу други претходни одлуки, Mathieu-Mohin and Clerfayt, цитиран погоре, § 54). Затоа Судот сега мора да ги оцени ефектите на корективите и другите заштитни мерки со кои обжалениот систем располага.
ii. Корективи и други заштитни мерки
133. Владата тврдеше дека турскиот изборен систем има корективи кои настојуваат да ги надоместат негативните ефекти на прагот. Во врска со тоа, таа тврдеше дека, како што изборите од 22 јули 2007 потврдиле, жалителите можеле да бидат избрани на изборите од 3 ноември 2002 ако се пријавиле како независнки кандидати или ако нивната партија, DEHAP, влегла во изборна коалиција со една од големите партии.
134. Судот воочува дека жалителите не го оспорија суштински тврдењето на Владата дека употребата на горенаведените видови на изборна стратегија би можело да им даде вистинска шанса за бидат избрани во парламентот. Сепак, тие ја нагласија важноста на политичките партии во претставничките демократии, тврдејќи дека ниту независните кандидатури ниту формирањето на алијанси би можело да ги замени независните политчки партиим кои играле клучна улога како фундаментални елементи на демократијата.
135. Судот затоа мора да утврди дали алтернативите на кои Владата се повикува може да бидат сметани како средства за ублажување на негативните ефекти на прагот.
136. Што се однесува на можноста да се биде избран како независен кандидат, Судот, како и Судскиот совет во параграф 71 во својата пресуда, го нагласува незаменливиот придонес на партиите кон политичката дебата. Тие се однесуваат и како инструмент кој граѓаните може да го користат за да учествуваат во политичката дебата и трибина преку која можат да ја изразат својата поддршка за различни политички програми (види, mutatis mutandis, United Communist Party of Turkey and Others, цитиран погоре, p.17, §25). Така тие може да бидат разликувани од останатите политички актери како независните кандидати, кои се генерално локално базирани. Слично, Судот воочува дека во Турција независните кандидати се предмет на бројни неповолни ограничувања и услови кои не се применливи на политичките партии. Тие мора да депонираат гаранција, нивните имиња не се испечатени на гласачките ливчиња кои се доставуваат на граничните места и големите аеродроми и тие не можат да емитуваат изборни пораки додека сите политички партии имаат изречно овластување за емитување на телевизија и радио (види параграфи 36 и 39 погоре).
137. Судот забележува сепак дека овој метод не може да се смета за неефикасен во пракса. На изборите од 22 јули 2007 посебно малите партии беа во можност да го избегнат влијанието на прагот преку пријавување на независни кандидати, на кој начин тие успеаа да освојат места. DTP, на пример, наследничката на DEHAP, беше во можност да оформи парламентарна група после освојувањето на дваесет места во парламентот (види параграф 25 погоре).
138. Точно е дека овој резултат во основа се должи на фактот што, наместо да пријават кандидати во нивно сопствено име, опозициските партии одбраа стратегија која би можела да биде наречена „независни подржани од партија“ (види параграф 23 погоре). Фактот што независните не морале да го достигнат прагот во голема мерка го олеснал усвојувањето на таа изборна стратегија, и покрај ограничувањата наведени погоре (види параграфи 36 и 39). Сепак, ова беше импровизирано решение во споредба со позицијата на кандидат официјално подржан од неговата или нејзината политичка партија.
139. Истото важи и за можноста за формирање на изборни коалиции со други политички групи.. Судот воочува дека во тој поглед член 16 од Законот бр. 2839 ги спречува партиите да презентираат заеднички листи и да учествуваат на парламентарни избори преку формирање потполно легални коалиции. Како што посочи Владата, политичките партии имаат развиено изборна стратегија со која тие можат да ја избегнат оваа забрана. Употребата на оваа стратегија има доведено до мерливи резултати, посебно на изборите од 1991 и 2007. Пред изборите од 20 октомври 1991 две алијанси беа формирани под знамето на две големи политички партии. На тој начин некои мали партии, вклучително и HEP – претходничата на DEHAP – успеаа да освојат осумнаесет места во парламентот (види параграф 15 погоре). Истата изборна стратегија вроди со плод и на изборите од 2 јули 2007 (види параграф 24 погоре).
140. Треба да се признае, со оглед на тоа што 45,3% од гласовите на изборите од 3 ноември 2002 (околу 14,5 милиони) биле изјавени за неуспешни кандидати, овие изборни стратегии може да имаат само ограничен ефект. Како што Судскиот совет посочи во параграф 73 од својата пресуда, фактот што толку голем дел од електорат на крај не бил претставен во парламентот бил тешко конзистентен со клучната улога играна во претставничка демократија од страна на парламентот, кој е главен инстрмент на демократска контрола и политичка одговорност, и мора да ја одрази колку што е можно повеќе желбата вистински демократски политички режим.
141. Сепак, треба да биде воочено дека, како што бројни анализи забележаа, изборите од ноември 2002 се одржаа во клима на криза со многу различни причини (економска и политичка криза, земјотреси, итн. – види параграфи 12 и 20 погоре). Во таа смисла, фактот што трите партии кои ја формираа владејачката коалиција после изборите од 1999 не успеаа да го достигнат прагот од 10% и беа така оневозможени од парламентарно претставување (види параграф 20 погоре) се чини важен.
142. Понатаму, вкупна анализа на парламентарните избори одржани од 1983 покажува дека претставничкиот дефицит забележан после изборите од ноември 2002 може делумно да произлегува од контекстот а не да се должи само на високиот национален праг. Во тој дел, треба да се воочи дека, со исклучок на тие избори, пропорцијата на изјавени гласови за кандидати кои на крај на биле успешни, никогаш не надминал 19.4% (19.4% во 1987, 0.5% во 1991, 14% во 1995 и 18% во 1999). Пропорцијата на гласовите за кандидати кои не успеале да обезбедат место дури и се намалила на 13.1% на изборите од 22 јули 2007 (види параграф 49 погоре).
143. Последователно, Судот воочува дека политичките партии засегнати од високиот праг од 10% успеале во пракса да развијат стратегии со кои можат да ги ублажат некои од неговите ефекти, иако такви стратегии исто се спротивни на една од декларираните цели на прагот, која е избегнување на парламентарна фрагментација (види параграфи 60 и 125 погоре).
144. Судот исто така придава важност на улогата на Уставниот суд во предметот. Во времето кога Уставот од 1961 бил во сила Уставниот суд, засновајќи ја својата одлука на принципите на демократска држава и плурализам, ја отфрлил идејата за примена на „обичен праг“ во секоја изборна единица (види параграф 40 погоре). Покасно, после усвојувањето на Уставот од 1982, кога одлучувал за прашањето на изборните системи, Уставниот суд нашол дека законодавецот немал неограничено поле на слободна оцена по прашањето и не можел да усвои „мерки кои имаат тенденција да го ограничат слободното изразување на мислењето на народот, или да го подложат политичкиот живот на хегемонијата на политичката партија, или да го уништи повеќепартискиот систем“ (види параграф 41 погоре).
145. Во својата пресуда од 18 ноември 1995 Уставниот суд ја промени својата пракса од 1968 (види параграф 40 погоре), испитувајќи ја основата за постоењето на обжалениот праг како коректив на генералниот принцип на пропорционалност со кој преголемото и ослабувачко фрагментирање можело да биде избегнато. Прифаќајќи дека праговите го ограничувале „правото на глас и да се биде избран“, Уставниот суд нашол дека тие биле прифатливи под услов да не ги надминуваат нормалните граници и затоа одлучил дека прагот од 10% бил компатибилен со уставните принципи. Од друга страна, цитирајќи го принципот на „правично претставување“, го прогласил за ништовен прагот од 25% за поделба на места во рамките на регионите. Така се изјаснал дека уставните принципи на правично претставување и владина стабилност требало нужно да бидат комбинирани на начин дасе во противтежа и да се надополнуваат еден со друг (види параграф 43 погоре).
146. Воочливо е од претходните размислувања на Уставниот суд, дека во примената на внимание во избегнувањето на преголемите ефекти на обжалениот изборен праг преку барање на точка на рамнотежа помеѓу принципите на правично престставубање и владина стабилност, овозможува гаранција пресметана да го спречи прагот во прашање, да ја наруши суштината на правата гарантирани во член 3 од Протокол бр. 1.
iii. Заклучок
147. Како заклучок, Судот смета дека генерално изборниот праг од 10% изгледа превисок. Во тој поглед, се согласува со органите на Советот на Европа, кои го имаат нагласено исклучително високото ниво на прагот и препорачаа тоа да биде намалено (види параграфи 57 и 130 погоре). Ги принудува политичките партии да употребуваат стратегии кои не придонесуваа кон транспарентност на изборниот процес. Во конкретниот случај, сепак, Судот не е убеден дека, кога е проценет во светло на специфичниот политички контекст на изборите во прашање, и придружуван како што е од корективи и други гаранции кои ги имаат ограничено неговите ефекти во пракса, прагот имал за ефект оштетување во суштината на правата обезбедени на жалителите со член 3 од Протокол бр.1.
148. Затоа нема повреда на таа одредба.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
Одлучува со тринаесет гласови наспроти четири дека нема повреда на член 3 од Протокол бр.1.
Изработена на англиски и на француски, и донесена на јавна расправа во Зградата на човековите права, Стразбур, на 8 јули 2008.
Vincent BergerBoštjan M.Zupančič
ЈурисконсултПретседател
Во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Правилата на Судот, заедничкото издвоено мислење на судиите Tulkens, Vajić, Jaeger и Šikuta е приклучено кон оваа пресуда.
B.M.Z.
V.B.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC датабазата на судска пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy