© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка на судската пракса на Судот бр. 161
март 2013 година
Зорица Јовановиќ против Србија - 21794/08
Пресуда 26.3.2013 [Оддел II]
Член 8
Позитивни обврски
Член 8, став 1
Почитување на семејниот живот
Континуирано пропуштање од страна на државата да даде информации за тоа што се случило со новороденче кои починало во државна болница: повреда
Член 46
Член 46, став 2
Извршување на пресуда
Генерални мерки
Тужената држава е задолжена да преземе соодветни мерки за да воведе механизам за обештетување на сите родители на исчезнати новороденчиња
Факти – На 28 октомври 1983 година жалителката родило здраво машко бебе во државна болница. Три дена покасно, кога таа и бебето требало да бидат пуштени од болница, таа била известена дека нејзиниот син починал. Жалителката се обидела да влезе во просторијата за новороденчиња каде што нејзиниот син спиел ноќта, но во тоа била спречена од двајца болничари. Телото на бебето не било никогаш предадено на жалителката или на нејзиното семејство и неа никогаш не ѝ бил даден извештај од аутопсија ниту пак била информирана кога и каде бил наводно погребан нејзиниот син. Не била кажана причината за смртта и смртта не била заведена во матичната евиденција на општината. Кривична пријава поднесена од нејзиниот сопруг против лекарскиот персонал – после информации во медиумите за други слични случаи – била отфрлена во октомври 2003 година како неоснована.
Од 2003 до 2010 година надлежните органи презеле мерки за подобрување на процедурите во болниците во случај на смрт на новороденче и за истражување на наводите на стотици родители чии бебиња исчезнале после нивна наводна смрт во болнички одделенија, воглавно во периодот помеѓу седумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Така, од 2003 година родителите, семејството или законските застапници на новороденчиња кои починале во болница биле должни да потпишат специјален формулар во кој изјавуваат дека биле известени за смртта и дека лично ќе го организираат погребот. Понатаму, биле подготвени извештаи од Народниот правобранител, анкетна комисија на Парламентот и на работна група формирана од Парламентот за да ја оцени ситуацијата и да предложи законски измени. Во извештаите на Народниот правобранител и анкетната комисија биле утврдени сериозни недостатоци, и во законот кој важел во осумдесеттите и во процедурите и законските одредби кои се применувале кога новороденче ќе починело во болница (а лекарското мислење кое во тоа време преовладувало било дека родителите треба да бидат поштедени од болката да го погребуваат сопственото дете). Затоа тие сметале дека сомнежите на родителите за она што навистина се случило со нивните деца била оправдани. Во извештаите било исто така заклучено дека одговорот на државата во однос на ситуацијата бил неадекватен. Сепак, во декември 2010 година, работна група на Парламентот заклучила дека не биле потребни измени на важечкиот закон, кој веќе бил изменет (освен во однос на собирањето и употребата на здравствени податоци). Работната група исто така воочила дека член 34 од српскиот Устав овозможувал важечкиот рок за застареност на кривичното гонење за дела извршени во минатото да биде продолжен, или да се воведат нови, потешки кривични дела и/или построги казни.
Право – Член 8
(a) Допуштеност
(i) Компатибилност ratione temporis: Синот на жалителката наводно починал/исчезнал на 31 октомври 1983 година, додека пак Конвенцијата влегла во сила во однос на Србија на 3 март 2004 година. Сепак, наводното пропуштање од страна на тужената држава да ѝ даде на жалителката било какви конечни и/или веродостојни информации за судбината на нејзиниот син продолжило до денес. Во тие околности, жалбениот навод на жалителката се однесувал на континуирана ситуација и приговорот на Владата дека Судот немал надлежност ratione temporis морал да биде одбиен. Затоа Судот имал надлежност да го испита жалбениот навод на жалителката во делот во кој тој се однесувал на наводното пропуштање на тужената држава да ги исполни своите процедурални обврски од Конвенцијата почнувајќи од 3 март 2004 година, но можел исто така да земе предвид и факти кои настанале пред ратификација во оној обем во кој можело да се смета дека тие создале континуирана ситуација која продолжува и после таа дата или во обем во кој тие може да се релевантни за да се разберат фактите кои настанале после тоа.
(ii) Рок од шест месеци: Судот повторил дека жалителите не можеле во недоглед да чекаат пред да ја поднесат нивната жалба до Судот во случаи на исчезнати лица. Иако морало да се остави простор за неизвесноста и конфузијата кои често го обележувале периодот после исчезнувањето, жалбите можеле да бидат отфрлени како ненавремени кога имало преголемо или необјаснето чекање од на жалителите откако дознале, или требало да дознаат дека или не била отворена истрага или таа замрела или станала неефикасна и дека немало непосредни, реални изгледи дека ќе има ефикасна истрага во иднина. Во околностите на случајот кои биле многу специфични, и покрај времето кое поминало земено севкупно, не можело да се каже дека жалителката била неразумна затоа што го чекала исходот на настаните кои би можеле да „разрешат клучни фактички или правни прашања“ во врска со нејзиниот жалбен навод, барем не до претставувањето на извештајот на работната група во декември 2010 година кога станало јазно дека нема да има обештетување. Нејзината жалба била поднесена во април 2008 година и затоа била во рамките на рокот од шест месеци.
(iii) Искористување на домашните правни лекови – Кривичната пријава поднесена од сопругот на жалителката во негово и во име на жалителката била отфрлена од канцеларијата на Јавниот обвинител без било каква индикација дека била спроведена прелиминарна истрага. Во секој случај, било каква кривична постапка би била запрена затоа што кривичното гонење застарило најкасно до октомври 2003 година, и затоа преку неа не би можело да се добие обештетување после таа дата. Граѓанска тужба не би можела да ја поправи ситуацијата затоа што иако граѓанските судови би можеле да ја потврдат повредата на „правата на личноста“ на жалителката и да доделат надомест, тие не би можеле ефикасно да дадат обештетување за основната потреба на жалителката за информации во врска со „тоа што навистина се случило со нејзиниот син“. Затоа претходниот приговор на Владата дека жалителката не ги искористила домашните правни лекови бил отфрлен.
Заклучок: жалбениот навод е допуштен (едногласно).
(б) Основаност
Член 8: Она што Судот го воочил во пресудата во Varnava и други против Турција во врска со позитивните обврски на државата од член 3 од Конвенцијата да дадат објаснување за тоа каде се наоѓаат и што се случило со исчезнати лица во голем дел биле применливи, mutatis mutandis, на многу специфичниот контекст на позитивните обврски од член 8 во овој случај *.
Жалителката сѐуште немала веродостојни информации во врска со тоа што се случило со нејзиниот син. Неговото тело никогаш не ѝ било предадено неа или на нејзиното семејство, а причината за смртта не била никогаш утврдена. Неа никогаш не ѝ бил даден извештај од аутопсија ниту пак била информирана за тоа кога и каде бил наводно погребан нејзиниот син; неговата смрт никогаш не бил официјално заведена во матичната евиденција. Се чинело дека кривичната пријава поднесена од сопругот на жалителката била отфрлена беа да биде соодветно разгледана.
И самите српски власти потврдиле во повеќе наврати дека имало сериозни недостатоци во законодавството и процедурите кои се применувале при смрт на новороденчиња во болница, и дека родителите биле со право загрижени и имало право да ја дознаат вистината за судбината на нивните деца. Сепак, и покрај неколку официјални иницијативи кои навидум ветувале резултати, со извештајот на работната група на Парламентот во декември 2010 година било заклучено дека не биле потребни измени на веќе изменетото законодавство, освен во однос на собирањето и употребата на здравствени податоци. Сепак било очигледно дека со тоа се подобрувала ситуацијата само за во иднина и дека практично ништо не им било понудено на родителите кои како жалителката поминале низ тоа страдање во минатото. Жалителката затоа претрпела континуирана повреда на нејзиното право на почитување на семејниот живот поради континураното пропуштање на тужената држава да ѝ даде веродостојни информации во врска со нејзиниот син.
Заклучок: повреда (едногласно).
Член 46: Со оглед на значителниот број на потенцијални жалители, тужената држава била задолжена во рок од една година од денот на која пресудата ќе станела правосилна, да преземе соодветни мерки, пожелно преку донесување на lex specialis, да воведе механизам со кој ќе се обезбеди поединечно обештетување на сите родители кои биле во слична ситуација како и жалителката. Механизмот требало да биде под надзор на независно тело, кое ќе имало соодветни надлежности, и ќе можел да даде веродостојни одговори за судбината на секое исчезнато дете и да обезбеди адекватен надомест. Одлучувањето по сите слични жалби кои веќе биле поднесени пред Судот било одложено за една година без влијание на овластувањата на Судот да прогласи таква жалба за недопуштена или да ја избрише од листата на предмети.
Член 41: 10,000 евра за нематеријална штета.
(Види исто така: Varnava и други против Турција [ГСC], бр. 16064/90 et al., 18 септември 2009 година, Информативна белешка на судската пракса на Судот бр. 122)
* „Утврдувањето на таква повреда не е ограничено само на случаи во кои тужената држава се смета за одговорна за исчезнувањето ...туку може да настане и кога пропуштањето на надлежните органи да одговорат на барањето на информации од страна на роднините или на пречките со кои тие се соочиле, оставајќи ги да го носат товарот на напорите за да откријат било какви факти, може да се смета дека открива флагрантно, континуирано и бесчувствително непочитување на обврската да дадат информации за тоа каде се наоѓа исчезнатото лице и што се случило со него“ (Varnava и други против Турција [ГСC], параграф 200).
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме изготвено од страна на Секретаријатот не го обврзува Судот.
Кликнете овде за Информативните белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy