© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За повеќе информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
TРЕТ ОДДЕЛ
ОДЛУКА
Жалба бр. 33917/12
Bède DJOKABA LAMBI LONGA
против Холандија
Европскиот суд за човекови права (Трет оддел), заседавајќи на 9 октомври 2011 година како Судски совет во состав:
Josep Casadevall, Претседател,
Egbert Myjer,
Corneliu Bîrsan,
Alvina Gyulumyan,
Luis López Guerra,
Nona Tsotsoria,
Kristina Pardalos, судии,
и Santiago Quesada, Секретар на оддел,
Имајќи ја предвид оваа жалба поднесена на 1 јуни 2012 година,
Откако расправаше, го одлучува следното:
ФАКТИ
1. Жалителот, г-н Bède Djokaba Lambi Longa, е државјанин на Демократската Република Конго, роден во 1946 година. Тој во моментот е притворен во притворското одделение на Организацијата на Обединетите nации во затворот Шевенинген, во Хаг, Холандија. Тој беше застапуван пред Судот од г-н W. Eikelboom, г-н F. Schüller и г-н G. Sluiter, адвокати од Амстердам.
A. Околности на случајот
1. Лишување од слобода на жалителот во Демократската Република Конго
2. Фактите на овој случај, како што беа прикажани од жалителот, може да се резимираат на следниот начин.
3. Жалителот бил постојан член на унијата на патриоти од Конго (Union des patriotes congolais, „УПК“), политичко движење создадено во регионот Итури на Демократската Република Конго. Военото крило на УПК (Forces Patriotiques pour la Libération du Congo, „ФПЛК“) било една од вооружените фракции кои биле актвини во таа област во последните години.
4. На 19 март 2005година жалителот бил уапсен во Киншаса заедно со други припадници на УПК или ФПЛК вклучувајќи го Thomas Lubanga Dyilo, претседател на УПК и врховен командант на ФПЛК.
5. Се чини дека жалителот бил обвинет за учество или соучество во убиство на девет бангладешки припадници на Мисијата на Организацијата на Обединетите нации во Демократската Република Конго (Mission de l’Organisation des Nations Unies en République démocratique du Congo, „МОНУК“). Жалителот постојано ги негирал овие обвиненија.
6. Притворот на жалителот бил продолжуван неколку пати. Последното решение за притвор кое се наоѓа во списите на предметот на Судот истекло на 2 јули 2007 година. Жалителот изјавува дека не било наредено понатамошно продолжување на неговиот притвор и дека оттогаш тој бил во притвор без правен основ.
2. Трансфер на жалителот во притвор на Меѓународниот кривичен суд
7. На 17 март 2006 година Thomas Lubanga Dyilo бил уапсен врз основа на запечатен налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд и пренесен во Хаг. На 28 август 2006 година било објавено дека г-н Lubanga Dyilo бил обвинет од Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за регрутирање и користење на деца под 15 години за активно учество во воени дејствија.
8. На 27 март 2011 година жалителот бил пренесен од притвор во Демократската Република Конго во притвор на Меѓународниот кривичен суд во Хаг за да сведочи на судењето на г-н Lubanga Dyilo како сведок на одбраната. Во одлуката на Судскиот совет од 5 август 2011 (види подолу) се наведува дека државните органи на Демократската Република Конго се обврзале да ја почитуваат привилегијата на жалителот против самообвинување [the applicant’s privilege against self-incrimination].
9. Жалителот сведочел на повеќе датуми од 30 март до 7 април 2011 година.
3. Постапка пред Меѓународниот кривичен суд
(a) Поднесоци и аргументи на жалителот пред Судскиот совет
10. На 7 април 2011 година жалителот изјавил барање до Судскиот совет I за „специјални мерки поврзани со барање на азил“. Тој кажал дека тој се плашел од одмазда при неговото враќање во Демократската Република Конго од страна на членови на Владата на таа земја, вклучително од самиот Претседател Kabila. Тој изјавил дека имал здравствени проблеми за кои му била потребна медицинска грижа којашто не е достапна во Демократската Република Конго.
11. На 1 јуни 2011 година жалителот поднел барање за азил до холандските органи (види подолу). Истиот тој ден тој побарал од Меѓународниот кривичен суд да нареди „специјални мерки“ врз основ на правило 88, став 1 од Правилата за постапката и доказите на Меѓународниот кривичен суд (види подолу) во вид на, колку што е релевантно за овој случај, запирање на негвото враќање во Демократската Република Конго.
12. Судскиот совет побарал опсервации од органите на Демократската Република Конго, кои тврделе дека тие и натаму го држеле во притвор жалителот во текот на целата постапка, и дека само привремено пренесле само фактички притвор. Според нив, Конвенцијата за статусот на бегалците од 28 јули 1951 година и нејзиниот Протокол од 31 јануари 1967 година немале предимство над Статутот на Меѓународниот кривичен суд, поконкретно член 93 (види подолу).
13. Холандската Влада во опсервациите примени од Секретаријатот на Меѓународниот кривичен суд на 7 јуни 2011 година истакнала дека жалителот бил во привремен притвор на Меѓународниот кривичен суд и затоа надвор од надлежност на земјата домаќин. Сепак, ако било добиено барање за азил, Владата би го разгледала и би одлучила по него, „каков и да е исходот од тоа барање“. Земјата домаќин, сепак, би ја прифатила оцената на Меѓународниот кривичен суд во однос на тоа дали жалителот можел да се врати безбедно во Демократската Република Конго, било какви безбедносни ризици идентификувани од Меѓународниот кривичен судт требало да ги реши тој суд согласно неговата програма за заштита на сведоци. Во меѓувреме, жалителот требало да остане во притвор на Меѓународниот кривичен суд.
14. Одделението за жртви од кривични дела и сведоци на Меѓународниот кривичен суд во одговор на наредба дадена од Судскиот совет, направило оценка на прашањето за заштитни мерки за жалителот и за некои други сведоци во друг случај во кој се поставувале слични прашања. Оцената опфаќала анализа на записи од сведочењето на жалителот, евалуација на моменталната политичка ситуација во Демократската Република Конго и средба со директорот на установата за притвор во која жалителот бил држен таму (Установа за притвор Макала, Киншаса). Одделението за жртви од кривични дела и сведоци заклучило дека после неговото враќање во Демократската Република Конго жалителот не би бил изложен на било каков дополнителен ризик за неговата безбедност или психолошка или физичка благосостојба поради неговото сведочење пред Меѓународниот кривичен суд. Што се однесува на конкретните стравови кои жалителот ги искажал дека неговото сведочење за влијателни фигури во Владата на Конго го изложувало на ризик ако се врати во Демократската Република Конго, Одделението за жртви од кривични дела и сведоци изразило мислење дека сведочењето на жалителот не им открило ништо на органите на Конго пто тие не знаеле. Понатаму, „желбата [на жалителот] да покаже вмешаност на органите на Конго, особено на Претседателот Кабила [им била] позната на сите“. Одделението за жртви од кривични дела и сведоци заклучило дека не било веројатно дека сведочењето на жалителот би имало такво влијание врз политиката во Демократската Република Конго за да доведе до одмазднички акти. Понатаму, биле примени гаранции од органите на Конго дека жалителот ќе добие соодветна заштита, и дека безбедноста на жалителот ќе биде доволно обезбедена со континуирано мониторирање штом жалителот биде вратен во установата за притвор Макала.
15. Постоеле медицински податоци од кои се чинело дека жалителот добил лекарска грижа која одговара на неговата болест и дека тој можел да патува.
(б) Одлука на Судскиот совет
16. На 4 јули 2011 година Судскиот совет I ја донел својата одлука. Тој потврдил дека Меѓународниот кривичен суд имал обврска врз основа на член 93, став 7 (б) од неговиот Статут и правило 192, став 4 од Правилата за постапката и доказите, како и согласно Стандардните процедури за постапување договорени помеѓу Секретаријатот и Демократската Република Конго да го врати жалителот во Демократската Република Конго штом целите за неговиот трансфер бидат исполнети – кои и биле исполнети затоа што жалителот го завршил своето сведочење. Сепак, член 21, став 3 од Статутот барал примената и толкувањето на применливото право да биде во согласност со меѓународно признатите човекови права. Судскиот совет затоа морал прво да ги анализира последиците од барањето за азил на жалителот.
17. На холандските државни органи било, а не на Меѓународниот кривичен суд, да го разгледаат барањето за азил на жалителот. Меѓународниот кривичен суд, сепак, морал да им даде прилика на холандските органи тоа да го сторат и жалителот да ги презентира своите аргументи. На холандските органи било да одлучат дали било потребно да се интервенира со цел да се преземе контрола над жалителот сѐ додека постапката за азил, и евентуален жалбен стадиум на таа постапка, не бидат завршени.
18. Судскиот совет му дал инструкции на Секретаријатот да му овозможат на жалителот разумен пристап до адвокатите кои го застапуваат во постапката по неговото барање за азил, да поднесе извештај за домашната постапка која треба да се примени за Холандија да може да ги исполни своите обврски врз основ на барањето за азил пред жалителот да биде вратен во Демократската Република Конго (освен ако барањето за азил биде прифатено) да се поврзе со органите на Конго, пред евентуално враќање на жалителот во Демократската Република Конго, со цел да се утврди опсегот на, било какви заштитни мерки кои Секретаријатот сметал дека се потребни и за тие да се имплементираат, да поднесе извештај за тоа, како и да ја мониторира позицијата на жалителот после неговото враќање во Демократската Република Конго.
(в) Друга постапка пред Меѓународниот кривичен суд
19. На 2 август 2011 година, холандското Министерство за надворешни работи поднело note verbale со која го информира Судскиот совет за потребата да има разговори со жалителот и за веројатноста за понатамошни истраги, како и евентуален спор кој може да следи. Во нотата било содржано следното:
„Претходно наведените управни и судски постапки може да траат значително долго време и Холандија бара притворениот сведок да остане во центарот за притвор на Меѓународниот кривичен суд во текот на тие постапки.“
20. На 13 јули 2011 година, холандската Владата побарала одобрение за поднесување на жалба против одлуката на Судскиот совет. Демократската Република Конго доставила документ во кој се посочува дека не се согласува со одлуката, кој документ Судскиот совет одлучил да го смета како барање за одобрение за поднесување на жалба. На 4 август 2011 година, Судскиот совет ги прифатил двете барања. На неутврден подоцнежен датум, Жалбениот совет одлучил дека одобрувањето за поднесување на жалба на Холандија било ultra vires и затоа неправилно.
21. Во наредба од 15 август 2011 година, Судскиот совет повторил дека било на Холандија
„да одлучи дали, согласно нејзините домашни и меѓународни обврски, таа [би] презела контрола над сведокот сѐ до оној момент во кој постапката по барањето за азил и евентуална фаза по жалба во таа постапка ќе бидат завршени.“
Понатаму,
„Земјата домаќин се повикува да одлучи без одлагање дали [има намера] да се согласи со заминувањето [на жалителот] од Холандија. Секретаријатот треба да ги консултира холандските државни органи за трансфер на сведокот под „контрола“ на Холандија ако државата домаќин [има намера] да го одложи неговото заминување додека не се донесе одлука по неговото барање за азил. Разумна временска рамка за трансферот треба да биде договорена помеѓу Секретаријатот и земјата домаќин.“
22. На 26 август 2011 година, холандското Министерство за надворешни работи испратило note verbale до Меѓународниот кривичен суд во која се кажувало следното:
„Позицијата на Холандија е конзистентна дека сведокот [што значи жалителот] треба да остане во притвор на Судот во текот на постапката за азил. Во овој поглед Холандија обрнува внимание на својата Note Verbale oд 2 август 2011 година, во која таа ја опишува процедурата за Холандија да може да ја исполни својата обврска која произлегува од барањето за азил, вклучително управната и судската постапка. Во таа нота Холандија изјави, дека таа бара притворениот сведок да остане во центарот за притвор [на Меѓународниот кривичен суд] во текот на таа процедура..
Сведокот бил привремено префрлен во притвор од Демократската Република Конго на Судот [т.е.Меѓународниот кривичен суд] врз основа на договор помеѓу нив согласно член 93, став 7 од Статутот. Согласно овој договор сведокот ќе остане во притвор и ќе биде вратен во [Демократската Република Конго] кога целите на трансферот ќе бидат исполнети. Овој договор беше склучен помеѓу [Меѓународниот кривичен суд] и [Демократската Република Конго] за да помогне во гонењето преземено од [Меѓународниот кривичен суд]. Холандија не може да разбере како обврска да се прифатат на својата територија странци кои се без документи или кои се илегалци може да настане од договор на кој таа не е договорна страна. Судот нема овластување според неговиот Статут или Договорот за неговото седиште да пренесува сведоци во Холандија, ниту пак има моќ да наметне таков трансфер на земјата домаќин. Холандија исто така не е обврзана како што беше потврдено [од Меѓународниот кривичен суд] да прифати трансфер на сведоци во нејзина контрола.
Во овој поглед Холандија исто така би воочила дека соогласно моменталните околности таа нема надлежност да го држи сведокот во притвор во текот на одлучувањето на неговото барање за азил
Понатаму, не е Холандија таа која има намера да го одложи заминувањето на сведокот. Холандија воочува дека одлуката ја повторува одговорноста на Судот да осигура дека сведокот има вистинска – за разлика од само хипотетичка – прилика да го поднесе неговото барање за азил до холандските органи пред неговото враќање во Демократската Република Конго. Холандија сфаќа дека оваа одговорност подразбира дека Судот нема да го изврши трансферот на сведокот во [Демократската Република Конго] додека трае постапката по неговото барање за азил.
Оттука, позицијата на Холандија останува дека сведокот треба да остане во притвор на Судот додека се одлучува по неговото барање за азил Затоа, Холандија не смета дека има потреба таа да се консултира со Секретаријатот на Судот во овој момент.“
23. По барање на жалителот да ја преиспита неговата одлука од 4 јули 2011 година, Судскиот совет на 1 септември 2011 година донесе наредба во која се велело следното:
„Со оглед на тоа што земјата домаќин сега го информираше Советот дека нема намера да го одложи трансферот на [жалителот] во [Демократската Република Конго] и дека таа одби да се консултира со Секретаријатот во врска со трансферот во притвор на земјата домаќин, барањето за преиспитување на Наредбата на советот за имплементација е беспредметно.
Судиите сметаат дека Судскиот совет му даде на Секретаријатот јасни насоки, имено дека одложувањето на заминувањето на [жалителот] зависи од услов дека притворот на сведокот [т.е. жалителот] е пренесен на земјата домаќин додека се донесе одлука на таа земја по барањето за азил. Судскиот совет ги исполни своите обврски од член 21, став 3 од Статутот и сега е на земјата домаќин до која е поднесено барањето за азил, да одлучи дали е потребно да се вмеша со цел да преземе контрола над сведокот [што значи жалителот] сѐ додека не одлучи по барањето за азил и по евентуална жалба во таа постапка.
Следува дека Секретаријатот треба да постапи во однос на [жалителот] на начинот кој е прецизиран во член 93, став 7 од Статутот и правило 192, став 4 од Правилата за постапката и доказите. ...
Во случај патувањето да е возможно...Секретарот треба да ја извести земјата домаќин за предвидениот датум на заминување на [жалителот] во [Демократската Република Конго]. Ако во било кој момент пред тој конечно да замине во [Демократската Република Конго], холандските власти посочат дека тие имаат намера да преземат контрола над сведокот, Сепкретарот треба да соработува при трансферот на [жалителот] на земјата домаќин.“
24. Во одлука од 15 декември 2011 година Судскиот совет го одбил барањето на жалителот да ја отповика неговата наредба за враќање во Демократската Република Конго и наместо да нареди ослободување, дури и ако треба да биде условно. Судскиот совет додал:
„Наредбата на Судот [од 1 септември 2011 година] останува со сила. Судскиот совет ги повторува неговите инструкции дадени на Секретаријатот да го подготви враќањето на [жалителот] штом тој е способен да патува, врз основ на член 93, став 7 (б) од Статутот и правило 192, став 4 од Правилата за постапката и доказите.. На холандските власти е да одлучат дали е потребно да се вмешаат со цел да преземат контрола над жалителот сѐ додека не одлучат во било какви домашни постапки.
Сѐ додека [жалителот] не се врати во [Демократската Република Конго] тој треба да остане во притвор врз основа на член 93, став 7(б) од Статутот освен ако притворот е пренесен на холандските власти по нивно барање. Судскиот совет нема надлежност да преиспита било каква одлука на [Демократската Република Конго] да го притвори сведокот штом тој пристигне во таа земја, и треба да се воочи дека во одлуката од 4 јули 2011 година Советот ги испита должностите, засновани на член 68, став 1 од Статутот, во однос на враќањето на [жалителот] во Демократската Република Конго.“
4. Барањето за азил на жалителот
25. Како што веќе беше споменато, на 1 јуни 2011 година жалителот поднел барање за азил до холандските органи преку неговиот адвокат, г-н Schüller. Во барањето се кажувало дека жалителот се плашел од прогонување ако биде вратен во Демократската Република Конго, откако дал изјави пред Меѓународниот кривичен суд во кои Претседателот на таа земја го поврзуца со воени злосторства.
26. На непознат датум, но во одговор на писмо испратено од застапникот на жалителот г-н Schüller и со датум 28 септември 2011 година, Службата за емиграција и натурализација (Immigratie- en Naturalisatiedienst) изјавила дека со оглед на тоа што жалителот не бил во надлежност на Холандија, тој не можел да побара азил. Со оглед на тоа, по неговото барање ќе се постапувало како по барање за заштита (bescherming), кое треба да се разгледува од аспект на забраната за refoulement [враќање] која произлегува од Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 и член 3 од Конвенцијата, и секако ќе се земело предвид дека жалителот не бил во надлежност на Холандија. Било најавено дека ќе се изврши разговор со жалителот.
5. Постапка во Холандија за пуштање на слобода на жалителот
(a) Постапка пред Регионалниот суд
27. Засновајќи го неговиот аргумент врз премисата дека неговиот притвор бил мерка согласно член 39 од Законот за странци од 2000 (Vreemdelingenwet 2000, види подолу), жалителот поднел жалба до Регионалниот суд (rechtbank) во Хаг.
28. Регионалниот суд ја донесол својата одлука на 27 октомври 2011 година после контрадикторна постапка. Тој одлучил дека иако Холандија била подготвена да го разгледа барањето на жалителот за заштита и побарала [Меѓународниот кривичен суд] да го продолжи притворот на жалителот, притворот на жалителот токму од таа причина не бил под власт или контрола на холандските органи.
(б) Постапка пред Одделот за управни предмети на Државниот совет (Afdeling bestuursrechtspraak van de Raad van State)
29. Жалителот изјавил жалба до Одделот за управни предмети на Државниот совет, кој ја донел својата одлука (Број на предметот во домашната постапка (Landelijk Jurisprudentie Nummer, “LJN”) BW0617) на 22 март 2012 година после контрадикторна постапка.
30. Одделот за управна надлежност го цитирал следното од дописот од 19 октомври 2011 година испратен од Секретарот на Меѓународниот кривичен суд до Министерството за надворешни работи:
„Во однос на конкретното прашање за притворените сведоци, Секретарот овде ја потврдува својата позиција дека четворицата притворени сведоци, едниот поврзан со случајот Обвинителот против Thomas Lubanga Dyilo (ICC 01/04-10/06) [жалителот] а останатите тројца во случајот Обвинителот против Germain Katanga и Mathieu Ngudjolo Chui (ICC-01/04-01/07), во моментот се притворени под исклучива надлежност на Демократската Република Конго („ДРК“) после барањето на Судскиот совет I и на Судскиот совет II, за да се овозможат нивните усни сведочења во седиштето на Судот, врз основа на член 93, став 7 од Римскиот Статут. Овие лица во моментот се притворени под контрола на Судот врз основа на правило 192, став 2 од Правилата за постапката и доказите; на Судот и на договор помеѓу државните органи на Конго и Судот.
...
Од своја страна, Судскиот совет I му нареди на Секретаријатот да се консултира со холандските државни органи за трансферот на сведокот под контрола на земјата домаќин сѐ додека не се одлучи по неговото барање за азил. Со оглед на оваа позадина (sic), Секретарот исто така потврдува дека судиите на Меѓународниот кривичен суд, во ниту една фаза, не донесоа одлука со која се бара од земјата домаќин да го преземе притворот на четворицата притворени сведоци.“
Во образложението на Одделот за управни предмети е содржано и следното:
„2.1.6. Произлегува од погоре кажаното дека странецот [жалителот] е притворен врз основа на решение на органите на Конго и дека го издржува неговиот притвор во центарот за притвор кој е под контрола и власт на Меѓународниот кривичен суд, по барање и под одговорност на Меѓународниот кривичен суд засновано на член 93, став 7 од Статутот, правило 192 од [Правилата за посталката и доказите na Меѓународниот кривичен суд] и договорот склучен помеѓу државните органи на Конго и Меѓународниот кривичен суд.
2.1.7. Врз основ на член 88 од Законот (за имплементација) во врска со Меѓународниот кривичен суд, холандското право не се применува на лишување од слобода врз основа на наредби на Меѓународниот кривичен суд на простори во Холандија кои се под власт на Меѓународниот кривичен суд. Веќе од таа причина притворот на странецот не може да биде заснован на вршење или претпоставено вршење на било каква власт делегирана на Министерот со Законот за странци од 2000 година. Регионалниот суд затоа правилно одлучил дека трибуналите кои се надлежни да одлучуваат за случаи во врска со странци (vreemdelingenrechter) немале надлежност да одлучуваат за законитоста на овој притвор.
...”
6.Следни настани
31. На 27 септември 2012 година, Секретарот, соодветно овластен од Претседателот на Судот, итно ја комуницираше оваа жалба до Владата на Холандија (правило 40 од Правилата на Судот). Во одговор, Владата го извести Судот дека жалителот на 4 септември 2012 година, по консултација со неговиот адвокат г-н Schüller, го повлекол неговото барање за азил. Копии од писмото на жалителот за повлекување на барањето напишано на рака на француски јазик, и официјален записник беа приклучени кон одговорот на Владата.
7. Паралелните случаи на [A], [B] и [C]
(a)Постапка за азил
32. На 12 мај 2011 година тројца сведоци во друго судење пред Меѓународниот кривичен суд (Обвинителот против Germain Katanga и Mathieu Ngudjolo Chui (ICC-01/04-01/07)) поднесле барања за азил до холандските органи. Затоа што не била донесена одлука во рокот предвиден со закон, тие изјавиле приговори против претпоставено одбивање (fictieve weigering); кои биле прогласени за недзоволени на 6 јуни 2011 година. Тие потоа се жалеле до Регионалниот суд во Хаг.
33. На 28 декември 2011 година Регионалниот суд ја донесол својата пресуда. Судот го одбил аргументот на Министерот за имиграција и азил дека Законот за странци од 2000 не биле применлив на барањата за азил на барателите. Таквиот аргумент не можел да се заснова на Договорот за седиштето [на Меѓународниот кривичен суд] чиј член 9 ги прогласува законите на земјата домаќин за применливи освен ако не е поинаку предвидено, ниту на Законот (за имплементација) за Меѓународниот кривичен суд, чиј член 88 содржи одредба со која се прогласуваат домашните холандски закони неприменливи на лишување од слободи во објекти кои се под власт на Меѓународниот кривичен суд, ниту на Статутот на Меѓународниот кривичен суд, освен ако примената на Законот за странци од 2000 може да го попречи Меѓународниот кривичен суд во исполнувањето на неговите должности – кои, со оглед на прифаќањето на Меѓународниот кривичен суд на одлука на холандските органи по барање за азил, што според Меѓународниот кривичен суд не било случај сега, ниту со оглед на тоа дека тројцата сведоци биле на холандско тло и затоа не можеле да бараат заштита од ниту една друга држава на чија територија не се наоѓале, или на Меѓународниот кривичен суд, кој немал територија. Министерот затоа наредил да се донесе одлука по барањата на сведоците за азил во рок од шест месеци.
34. Не била поднесена жалба против оваа одлука, кој затоа станала правосилна.
35. На 11 јуни 2012 година Министерот за имиграција и азил дал известување за неговата намера (voornemen) да не им даде азил на [B] и [C] затоа што постоело сомневање дека извршиле кривични дела против човештвото во смисла на член 1 ѓ од Конвенцијата за статусот на бегалци од 1951: Поради здравствени причини, немало такво известување во случајот на [A].
36. [B] и [C] изјавиле нивни писмени коментари (zienswijze). Одлука во нивните случаи се очекува во октомври 2012 година.
(б)Граѓанска постапка
37. На неутврден датум [A], [B] и [C] ја поканиле државата Холандија пред судијата за времени мерки (voorzieningenrechter) на Регионалниот суд во Хаг, граѓански оддел, во скратена постапка (kort geding) барајќи наредба од државата да даде декларација на Меѓународниот кривичен суд дека државата била подготвена да ги преземе жалителите од Меѓународниот кривичен суд и за таа цел да преземе консултации (overleg) на правилен и вообичаен начин.
38. Судијата за времени мерки донел пресуда на 26 септември 2012 година. Тој одлучил на следниот начин:
„3.1. Tужителите [т.е. [A], [B] и [C]] го засноваа нивното тужбено барање на тоа дека државата им нанесува вондоговорна штета (jegens hen onrechtmatig handelt). Со оглед на тоа, надлежноста на граѓанските судови – во овој случај, судијата за времени мерки во скратена постапка – да го разгледа ова барање е утврдена. Тужбеното барње на тужителите е исто така и дозволено затоа што за тоа што сакаат да го постигнат нема друг судски лек кој нуди соодветни гаранции.
3.2. Странките не се согласуваат за тоа дали државата има обврска да му изјави на Меѓународниот кривичен суд дека таа е подготвена да ги преземе тужителите од Меѓународниот кривичен суд и да започне со консултации со Меѓународниот кривичен суд за таа цел.
3.3. Државата во своја одбрана кажа дека основата на притвоот на тужителите е во договорите склучени помеѓу Меѓународниот кривичен суд и Демократската Република Конго и дека државата не може и нема да врши надлежност над тужителите. Според државата, Договорот за седиштето [на Меѓународниот кривичен суд] наложува само Холандија да ги пренесува тужителите низ холандската територија по барање на Меѓународниот кривичен суд. Во поддршка на својата позиција државата ја употреби како помош, меѓу другото, одлуката на Одделот за управни предмети [од 22 март 2012 година, види параграфи 29 и 30 погоре] и одлуката од 9 јуни 2009 година донесена од Европскиот суд за човекови права (Судот) во случајот Galić (no. 22617/07; Nederlandse Jurisprudentie – Холандска судска пракса -2010, бр. 267). Според државата, фактот што тужителите поднесле барање за азил не подразбира ниту дека Холандија е обврзана да ги преземе од Меѓународниот кривичен суд затоа што поднесувањето на барањето за азил не им дава право да останат во Холандија ако барателот на азил (verzoeker) од правна гледна точка всушност не е во Холандија (juridisch gezien niet in Nederland verblijft). Според државата, тужителите мораат да го чекаат исходот од постапката за азил. Дури после тоа, според државата, ќе треба да се разгледа дали член 3 претставува пречка за враќањето на тужителите во Демократската Република Конго. Државата посочува во врска со тоа дека по барањето за азил се постапува со потребната експедитивност и дека, со оглед на намерите кои беа споменати... [види параграф 35 погоре] , веројатно е дека барањата за азил на [B] и [C] ќе бидат одбиени. Државата изјавува дека во поглед на оваа ситуација во тек се дипломатски консултации кои се во завршна фаза.
Судијата за времени мерки, анализирајќи ја оваа одбрана, одлучува на следниот начин:
3.4. Иако само по себе е точно дека формално тужителите се во притвор на Демократската Република Конго, спроведуван од Меѓународниот кривичен суд, не може да се негира, земајќи ја предвид и позицијата на Меѓународниот кривичен суд, дека тужителите сега се во безизлезна (притворска) ситуација. Од неговата одлука од 24 август 2011 [во која Меѓународниот кривичен суд му наредува на неговиот Секретар да започне консултации со холандската Влада], Меѓународниот кривичен суд се смета себеси за обврзан согласно неговиот Статут да ги врати тужителите во Демократската Република Конго, но постапката за азил, која е сѐ уште во тек, спречува наредба за нивно враќање врз основа на член 93, став 7 од Статутот. Без оглед на тоа дали – независно од постапката за азил – е воопшто можно тужителите да бидат вратени во Демократската Република Конго безбедно, факт е исто така со оглед на жалбите кои може да бидат поднесени во постапката за азил, дека нема изгледи за брзо завршување на таа постапка. Тоа значи дека почнувајќи од 21 август 2011 година, тужителите повеќе не се во законит притвор (zich niet meer in een rechtmatige vorm van detentie bevinden). За нив нема изгледи да бидат ослободени или за судење во разумен рок и нејасно е дали може законитоста на нивниот притвор да биде испитана од надлежен суд. Ниту Меѓународниот кривичен суд ниту Демократската Република Конго се во позиција да стават крај на оваа ситуација која настана сега.
3.5. Одбраната дека државата нема надлежност над тужителите не може да биде прифатена. Може само да се заклучи од одлуката на Одделот за управни предмети на Државниот совет, на која државата се повикува, дека притворот на тужителите не е заснован на вршење или претпоставено вршење на надлежности врз основа на Законот за странци 0д 2000, што е точно. Тоа не прави никаква разлика во однос на можноста државата да биде правно обврзана да ги преземе тужителите од Меѓународниот кривичен суд.
3.6. Исто така не е соодветна ни споредбата со случајот Galić. Судот одлучил во тој случај дека фактот што Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија (ICTY) имал седиште во Холандија не бил доволен за наводните повреди на човековите права на жалителот да ѝ се припишат на Холандија. По ова прашање, Судот одлучил на следниот начин:
‘Со оглед на тоа што беше наведено погоре, Судот не може да го земе самиот факт што ICTY има седиште во Хаг за доволна причина за да ѝ ги припише прашањата кои се предмет на жалба на Холандија. При донесувањето на тој заклучок Судот го зеде предвид конкретниот контекст во кој настанало прашањето за кое тој одлучува. Судот нагласува дека сегашниот случај се однесува на меѓународен трибунал основан од Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, меѓународна организација заснована на принципот на почитување на основните човекови права, и дека дотолку повеќе основните правни одредби со кои се регулира организацијата и процедурата на трибуналот се намерно формулирани за да им обезбедат на лицата обвинети пред тој трибунал соодветни гаранции.
За разлика од случајот Galić, кој се однесувал на осомничено лице на кое му се суди согласно правилата на меѓународен трибунал основан од Организацијата на Обединетите нации и кое можело да употреби (процедурални) гаранции на тој трибунал, овој случај се однесува на сведоци во постапка пред друг трибунал на Организацијата на Обединетите нации, кои, во однос на нивниот притвор, неможе всушност да ги употребат гаранциите на тој трибунал, што е исто така очигледно од позицијата заземена од Меѓународниот кривичен суд. Во оваа ситуација не може да се исклучи дека седиштето на Меѓународниот кривичен суд на територија на Холандија дава доволно врски за да се претпостави дека Холандија има надлежност.
3.7. Погоре кажаното особено важи со оглед на тоа деха поради постапката за азил во Холандија тужителите не можат да бидат вратени во Демократската Република Конго. Не е исклучено со барањата за азил и да се саботира (doorkruisen) системот предвиден со меѓународното право, но, како што стојат работите, државата е обврзана врз основа на одлука на овој суд (кој заседава во Амстердам) [од 28 декември 2011 година, види параграф 33 погоре] – против која државата не изјави жалба – да ги разгледа барањата за азил на тужителите.
3.8. Ако ја оставиме настрана коректноста на одбраната дека барање за азил поднесно од лица кои не се во (надлежност на) Холандија не создава право да се остане во Холандија, останува тоа дека државата мора да одлучи за судбината на тужителите и не може да ги остави во притвор на [Меѓународниот кривичен суд] сѐ додека трае постапката по барањата за азил во согласност со Законот за странци од 2000, а на која не ѝ се гледа крајот. Државата затоа мора да започне консултација со Меѓународниот кривичен суд за да стави крај на незаконитиот притвор на тужителите..
3.9. Од она што беше кажано погоре следува дека барањето на тужителите ќе биде усвоено на следниот начин. Рокот во кој државата мора да започне консултации со Меѓународниот кривичен суд ќе биде четири недели, за да се овозможи државата да направи соодветна подготовка. Во однос на тоа дека државата стравува дека тужителите откако нивното барање биде усвоено ќе побегнат илегално (in de illegaliteit zullen verdwijnen), нејзина е одговорноста да преземе соодветни превентивни мерки.“
39. Сѐ уште не е познато дали државата има изјавено жалба против оваа одлука.
Б. Релевантно домашно право
40. Одредби од домашното право кои се релевантни за случајот се следните:
1. Устав на Кралството Холандија (Grondwet voor het Koninkrijk der Nederlanden)
член 93
„Одредбите од договори и резолуции на меѓународни институции кои може да се обврзувачки за сите по основ на нивната содржина стануваат правно задолжителни откако ќе бидат објавени“
член 94
„Законите кои се во сила во Кралството нема да се применуваат ако таквата примена е во спротивност со одредби на меѓународни договори кои се обврзувачки за сите или со резолуции на меѓународни институции.“
2. Општ закон за управно право (Algemene wet bestuursrecht)
Член 8.1
„1. Секоја страна која има интерес (belanghebbende) може да поднесе жалба против управна одлука (besluit) до Регионалниот суд. ... “
3. Законот за странци од 2000 година
член 59
„1. Ако е потребно во интерес на јавниот ред или националната безбедност [надлежниот Министер] може, заради депортација (uitzetting), да нареди притвор на странец кој:
(a) не престојува законски. ...“
Член 93
„1. ... Мерка преземена врз основа на Поглавје 5 од овој Закон [вклучително и член 59] со која некому треба да му се ограничи или да му се одземе слободата, заради примена на член 8, став 1 од Општиот закон за управно право, ќе биде изедначена со управна одлука. ...“
4. Закон за Меѓународниот кривичен суд (за имплементација) (Uitvoeringswet Internationaal Strafhof)
член 45
„1. Барањата на Меѓународниот кривичен суд за соработка во која форма и да се тие поднесени, на што упатува член 93 од неговиот Статут, ќе бидат почитувани кога има волја за тоа, колку што е тоа возможно...“
член 85
„...
2. Трансфер на лица [што значи на оние кои не се осомничени лица] кои биле пренесени или кои дошле во Холандија по барање на Меѓународниот кривичен суд ќе се врши по инструкции (in opdracht) на Меѓународниот кривичен суд под стража на холандски службени лица именувани од Министерот [за правда (Minister van Justitie)].
3. Транспортот на лица надвор од простор кој е под надлежност на Меѓународниот кривичен суд (buiten de onder het gezag van het Strafhof staande ruimten) на лица кои биле лишени од слобода врз основа на наредба на Меѓународниот кривичен суд ќе се врши по инструкции на Меѓународниот кривичен суд под стража на холандски службени лица именувани од Министерот [за правда].
4. Службените лица на кои упатува овој член ќе бидат овластени да ги преземат сите мерки кои тие сметаат дека се потребни за да се ссигура безбедноста на засегнатите лица и да се спречи нивно бегство.“
член 86
„1. Tранзит на лица кои треба да се предадат на органите на странска држава од страна на Меѓународниот кривичен суд ќе се врши по инструкции на Меѓународниот кривичен суд под стража на холандски службени лица именувани од Министерот [за правда]..
2. Службените лица на кои упатува овој член ќе бидат овластени да ги преземат сите мерки кои тие сметаат дека се потребни за да се ссигура безбедноста на засегнатите лица и да се спречи нивно бегство.“
член 87
„1. Ако сведоци, вештаци, жртви или други лица чие присуство е потребно во седиштето на Меѓународниот кривичен суд, без оглед на нивното државјанство, додјат во Холандија врз основа на покана или известување (dagvaarding of oproeping) или на налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд или во одговор на барање за примање поднесено од Меѓународниот кривичен суд до Холандија....нема да бидат предмет на гонење, апсење или било која друга мерка со која се ограничува нивната слобода во врска со факти или осуда кои претходат на нивното пристигнување во Холандија.
2. Имунитетот споменат во првиот став ќе биде изгубен ако лицето за кое станува збор, откако имало прилика да ја напушти Холандија во рок од 15 последователни дена од моментот од кој неговото присуство повеќе не било барано од Меѓународниот кривичен суд, останало во земјата или се вратило во неа откако еднаш веќе ја напуштило.“
член 88
„Холандското право не се применува на лишување од слобода врз основа на наредби на Меѓународниот кривичен суд на простори во Холандија кои се под власт на Меѓународниот кривичен суд.“
В. Релевантно меѓународно право во врсха со Меѓународниот кривичен суд
41. Во овој дел зборот “Суд“ се однесува на Меѓународниот кривичен суд.
1. Римски статут на Меѓународниот кривичен суд
член 3
Седиште на Судот
„1. Седиштето на Судот е во Хаг во Холандија (‘земјата домаќин’).
2. Судот со државата домаќин склучува договор за седиштето кој го потврдува Собранието на држави договорнички, кој после тоа во име на Судот го склучува неговиот Претседател.
3. Судот може да заседава на друго место, секогаш кога смета дека е тоа потребно согласно одредбите на овој Статут.“
член 4
Правен статус и овластувања на Судот
„1. Судот е меѓународно правно лице. Тој има правна способност која му е потребна за вршење на неговите должности и остварување на неговите цели.
2. Во согласност со овој Статут, Судот може своите функции и овластувања да ги врши на територијата на секоја држава договорничка и со посебен договор, на територијата на секоја друга држава.“
член 21
Применливо право
„1. Судот го применува
(a) најпрво овој Статут, Обележјата на кривични дека како и своите Правила за постапката и доказите;
(б) како второ, кога е соодветно, важечките меѓународни договори и принципите и нормите на меѓународното право, вклучително и утврдените принципи на меѓународното право за оружен конфликт;
(в) Ако тоа го нема, општите принципи на правото кои Судот ќе ги изведе од националните закони на правните системи во светот, вклучително, ако е соодветно, и националните закони на државите кои вообичаено би биле надлежни за кривичното дело, под услов тие принципи да се во согласност со Статутот и меѓународното право и меѓународно признатите норми и стандарди.
2. Судот може да примени принципи и норми на правото на начинот на кој ги толкувал во своите претходни одлуки..
3. Примената и толкувањето на правото врз основа на овој член мора да биде во согласност со меѓународно признатите човекови права не смее да биде заснована на било каква неповолна дистинкција по основа како што е пол, како што е дефиниран во член 7, став 3, возраст, раса, боја на кожа, јазик, вера или уверување, политичко или друго мислење, национално, етничко или социјално потекло, богатсво, раѓање или друг статус.“
член 43
Секретаријатот
„...
6. Секретарот во рамките на Секретаријатот основа Одделение за жртви од кривични дела и сведоци. Ова одделение ќе обезбедува, во консултација со Канцеларијата на обвинителот, заштитни мерки и договори, советување и друга соодветна помош на жртвите од кривични дека и сведоците кои се појавуваат пред Судот како на други лица кои се загрозени заради изјавите на сведоците. Одделението вработува персонал кој има стручни познавања и искуство потребни за работа со лицата кои преживеале трауми, вклучувајќи и трауми настанати со кривични дела на сексуално насилство. ...“
.
член 68
Заштита на жртвите од кривични дела и сведоците и нивно учество во постапката
„1. Судот ќе преземе соодветни мерки за заштита на безбедноста, физичката и психолошката благосостојба, достоинството и приватноста на жртвите и сведоците. При тоа, Судот ќе ги земе предвид сите релевантни фактори, вклучувајќи ја возраста, полот како што е дефиниран во член 7, став 7, здравствената состојба и карактерот на кривичното дело, особено, но не само, кога кривичното дело опфаќа сексуално или насилство засновано на пол или насилство врз деца. Обвинителот ќе преземе такви мерки посебно во текот на истрагата и гонењето на таквите кривични дела. Тие мерки не смеат да влијаат врз, или да не бидат во согласност со правата на обвинетиот и на правично и непристрасно судење...
...
3. Кога се засегнати интересите на жртвите, Судот ќе дозволи нивните гледишта и ставови да бидат изнесени во било која фаза од постапката за која ќе утврди дека е соодветно и на начин на кој не се влијае врз правата на обвинетиот и правото на правично и непристрасно судење. Таквите гледишта и ставови може да ги изнесуваат правните застапници на ааведените лица ако Судот смта дека тоа е соодветно, согласно Правилата за постапката и доказите.
4. Одделението за жртви од кривични дела и сведоци може да им дава совети на Обвинителот и на Судот за соодветни заштитни мерки, сигурносни мерки, советување и помош како што е предвидено со член 43, став 6.
...”
член 93
Други форми на соработка
„1. Државите договорнички, во согласност со одредбите на овој дел како и постапките пропишани со нивното домашно право, ќе ги исполнуваат барањата на Судот за давање на следните облици на помош во врска сс истрага или кривично гонење:
...
(д) овозможување на доброволно појавување на лица како сведоци или вештаци пред Судот:;
(ѓ) Привремен трансфер на лица како пто е предвидено со став 7:
...
(ѕ) Заштита на жртви и свдоци и обезбедување на докази;
...
(ј) Секој вид на помош којшто не е забранет со закон на државата од која помошта е побарана, со цел да се олесни истрагата и кривичното гонење на кривични дела кои се во надлежност на Судот.
...
7. (a) Судот може да побара привремен трансфер на притворени лица заради идентификација или заради сведочење или друг вид на помош. Лицето може да биде пренесено ако се исполнети следните услови:
(i) Лицето слободно ја даде неговата или нејзината информирана согласност да биде пренесено; и
(ii) Државата од која е побаран трансфер се согласи на тоа, согласно условите на кои државата и Судот ги договориле.
(б) Лицето кое се пренесува останува во притвор. Кога целите на преместувањето ќе бидат исполнети, Судот без одлагање ќе го врати лицето во државата од која е побарано преместувањето.
...“
член 119
Решавање на спорови
„1. Секој спор којшто се однесува на судските функции на Судот ќе биде решен со одлука на Судот. ...
2. Сите други спорови помеѓу две или повеќе држави кои се однесуваат на толкувањето или примената на овој Статит кои нема да бидат решени со преговори во рок од три месеци од нивниот почеток, ќе се упатат на решавање од страна на Собранието на држави договорнички. Собранието може да настојува да го реши спорот само или може да донесе препораки за понатамошни средства за решавање на спорот, вклулувајќи и упатување на Меѓународниот суд на правдата согласно Статутот на тој суд.
2. Договор за седиште на Меѓународниот кривичен суд склучен помеѓу Меѓународниот кривичен суд и земјата домаќин
члем 8
Право и власт на објектите на Судот
„1. Објектите на Судот ќе бидат под контрола и власт на Судот, како што е предвидено со овој договор..
2. Освен кога е поинаку предвидено со овој договор, законите и прописите на земјата домаќин ќе се применуваат на просториите на овој Суд.“
член 26
Сведоци
„1. Сведоците ќе ги уживаат следните привилегии, имунитети и придобивки во обем кој е неопходен за нивното појавување пред Судот заради сведочење...:
(a) имунитет од нивно лично апсење или притвор или било кое друго ограничување на нивната слобода во врска со дела или осуди пред нивното влегување на територијата на земјата домаќин:
...
(д) во врска со нивната комуникација со Судот и адвокати во врска со нивното сведочење, право да примаат и испраќаат документи во било која форма:
(ѓ) исклучоци од имиграциони ограничувања или регистрација на сранци кога тие патуваат заради нивното сведочење;
(е) истите можности за репатрација во време на меѓународна криза кои им се обезбедени на дипломатски службеници согласно со Виенската конвенција
...
5. Државата домаќин нема да ги подложи сведоците на било каква мерка која може да влијае врз нивното појавување или сведочење пред Судот.“
член 34
Coработка со надлежни органи
„1. Судот ќе соработува со надлежните органи за го олесни спроведувањето на законите на земјата домаќин, да обезбеди почитување на полициски правила и спречи појава на каква било злоупотреба на привилегиите, имунитетите и придобивките кои се доделени со овој договор.
2. Судот и земјата домаѓин ќе соработуваат по безбедносни прашања, земајќи го предвид јавниот ред и националната безбедност на земјата домаќин.
3. Без влијание на нивните привилегии, имунитети и придобивки, должност е на сите лица кои уживаат такви привилегии, имунитети и придобивки да ги почитуваат законите и прописите на земјата домаќин. Тие исто така имаат должност да не се мешаат во внатрешните работи на земјата домаќин.
4. Судот ќе соработува со надлежните органи кои се одговорни за здравствена заштита, безбедност при работа, електронски комуникации и противпожарни служби.
5. Судот ќе ги почитува сите безбедносни директиви на кои се договорил со државата домаќин, како и директивите на надлежните органи кои се одговорни за противпожарни прописи.
6. Земјата домаќин ќе ги преземе сите напори да го извести Судот за било какви предложени или донесени национални закони и прописи кои имаат директно влијание врз привилегиите, имунитетите и придобивките, правата и обврските на Судот и неговите службеници. Судот ќе има право да даде забелешки во врска со предложените закони и прописи.“
член 44
Транспорт на притворени лица
„1. Tранспортот, согласно Статутот и Правилата за постапката и доказите на лица кои се во притвор од местото на пристигнување во земјата домаќин до објектите на Судот, по барање, на Судот, ќе биде извршен од надлежните органи во консултација со Судот.
2. Транспортот, согласно Статутот и Правилата за постапката и доказите на, лице кое е притворено, од просториите на Судот до местото на заминување од земјата домаќин, по барање, на Судот, ќе биде извршен од надлежните органи во консултација со Судот..
3. Секое транспортирање на лица кои се притворени во земјата домаќин надвор од објектите на Судот, по барање, на Судот, ќе биде извршен од надлежните органи во консултација со Судот.
...”
3. Правила на постапката и доказите
правило 16
Должности на Секретарот во однос на жртви и сведоци
“...
2. Во однос на жртви, сведоци и други лица кои се изложени на ризик поради сведочењето на такви сведоци, Секретарот ќе биде одговорен за вршењето на следните функции во согласност со Статутот и овие Правила:
(а) да ги информира за нивните права во согласност со Статутот и овие Правила и за постоењето, функциите и достапноста на Одделението за жртви од кривични дела и сведоци;
(б) Да осигура дека тие се навремено запознати со релевантните одкуки на Судот кои може да имаат влијание врз нивните интереси, согласно одредбата за доверливост.
...
4. Договори за релокација и давање на услуги на поддршка на територијата на државата на трауматизирани жртви или жртви кои се изложени на закани и на други лица, кои се изложени на ризик поради сведочењето на такви сведоци, можат да бидат договорени со државите од страна на Секретарот во име на Судот. Таквите договори може да останат доверливи.“
правило 17
Функции на Одделението
„1. Одделението за жртви од кривични дела и сведоци ќе ги врши своите функции во согласност со член 43, став 6.
2. Одделението за жртви од кривични дела и сведоци, меѓу другото, ќе ги врши следните функции, во согласност со Статутот и овие Правила и во консултација со Судскиот совет, Обвинителот и одбраната кога е соодветно:
(a) Во однос на сите сведоци, жртви кои се појавуваат пред Судот и други кои се изложени на ризик поради сведочењето на такви сведоци, во согласност со нивните конкретни потреби и околности:
(i) Да им обезбеди адекватни заштитни и безбедносни мерки и да формулира планови на краток и долг рок за нивна заштита;
(ii) Да им препорачува на органите на Судот усвојување на заштитни мерки како и да ги советува релевантните држави за такви мерки;
(iii) Да им помага во добивањето на медицинска, психолошка и други облици на соодветна помош;
(iv) Да му овозможи на Судот и на странките обука по прашања на траума, сексуално насилство, безбедност и доверливост:
(v) Да препорачува, во консултација со Канцеларијата на обвинителот, елаборација на кодекс на однесување во кој се нагласува виталниот карактер на безбедноста и доверливоста за истрагите на Судот и за одбраната и за сите меѓувладини и невладини организации кои постапуваат по барање на Судот кога е тоа соодветно;
(vi) Да соработува со државите, кога е потребно, во обезбедувањето на било кои мерки кои се предвидени со овие правила;
(б) Во однос на сведоци;:
(i) Да ги советува да побараат правен совет заради заштита на нивните права, посебно во врска со нивното сведочење;
(ii) Да им помага кога се повикани да сведочат пред Судот. ...“
правило 87
Заштитни мерки
„1. По предлог на Обвинителот или одбраната или по предлог на сведок или жртва или неговиот или нејзиниот правен застапник, ако таков има, или по службена должност, и после консултирање со Одделението за жртви од кривични дела и сведоци, кога е соодветно, Судскиот совет може да нареди мерки за заштита, жртва, сведок или друго лице кое е изложено на ризик поради сведочењето на жртва, согласно член 68, став 1 став 2. Судскиот совет ќе настојува да дббие, секогаш кога е тоа возможно, согласност на лицето во однос на кое се бара заштитна мерка пред да ја нареди заштитната мерка. ...“
правило 88
Специјални мерки
„1. По предлог на Обвинителот или одбраната, или по предлог на сведок или жртва или неговиот или нејзиниот правен застапник, ако таков има, или по службена должност, и после консултирање со Одделението за жртви од кривични дела и сведоци, кога е соодветно, Судскиот совет може, земајќи ги предвид ставовите на жртвата или сведокот, да нареди специјални мерки, како што се следните, но и други мерки, мерки за олеснување на сведочењето на трауматизирана жртва или сведок, дете, старо лице или жртва на сексуално насилство, врз основа на член 68, став 1 и став 2. Судскиот совет ќе настојува да дббие, секогаш кога е тоа возможно, согласност на лицето во однос на кое се бара специјална мерка пред да ја нареди специјалната мерка.
2. Судскиот совет може да одржи расправа по предлог или барање согласно потстав 1, ако е потребно затворено за јавноста или ex parte, за да утврди дали да нареди таква специјална мерка, вклучително и, но не само, наредба дека на адвокат, правен застапник, психолог или член на семејството ќе му биде дозволено да присуствува во текот на сведочењето на жртвата или сведокот. ..“
правило 192
Пренесување на притворено лице
„1. Пренесувањето на лице во притвор на Судот, во согласност со член 95, став 7 [од Римскиот Статут], ќе биде организирано од засегнатите домашни органи со поврзување со Секретарот и органите на земјата домаќин.
2. Секретарот ќе го осигура правилното вршење на пренесувањето, вклучително и надзорот на лицето додека е во притвор на Судот.
3. Лицето кое е во притвор на Судот ќе има право да истакнува прашања во врска со условите на неговиот или нејзиниот притвор пред релевантниот Судски совет.
4. Во согласност со член 95, став 7 (б) [од Римскиот Статут] ,,кога целите на пренесувањето се исполнети, Секретарот ќе го организира враќањето на лицето во притвор на државата од која е побарано пренесувањето.“
4. Правила на Секретаријатот
правило 96
Програма за заштита
„1. Секретаријатот ќе ги преземе сите потребни мерки за да одржува програма за заштита на сведоци, вклучително и на лица за поддршка кои ги придружуваат сведоците, и други за кои се смета дека се изложени на ризик од повреда и/или смрт поради сведочењето на такви сведоци или како последица на нивниот контакт со Судот.
2. Барање за вклучување во програмата за заштита може да биде поднесено од Обвинителот или од адвокати.
3. При оценувањето на прием во програмата за заштита, покрај факторите наведени во член 68, Секретаријатот, меѓу другото, ќе го земе предвид следното:
(a) Инволвираноста на лицето пред Судот;
(б) Дали самото лице, или неговите или нејзините блиски се во опасност заради нивното инволвирање пред Судот, и
(в) Дали лицето се согласува да биде од програмата за заштита.
4. За вклучувањето во програмата за заштита ќе одлучи Секретарот после направената оцена согласно потстав 3.
5. Пред да биде вклучено во програмата за заштита, лицето – кога лицето има помалку од 18 години или од други причини нема деловнста спосбност тоа да го стори – неговиот или нејзиниот застапник ќе потпише договор со Секретаријатот.“
5. Релевантна судска пракса на Меѓународниот кривичен суд
42. Во одлука од 2 декември 2009 година, во случајот Jean-Pierre Bemba Gombo („Пресуда по жалба на Обвинителот против одлуката на Предпретресниот совет II за привремено ослободување на Jean-Pierre Bemba Gombo и одржување на расправи со Кралството Белгија, Република Португалија, Република Франција, Сојузна Република Германија, Република Италија и Јужноафричката Република“), Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен суд одлучил на следниот начин (фуснотите се изоставени):
„104. Жалбениот совет, од причините објаснети подолу одлучува дека Предпретресниот совет погрешил со одлуката дека г-н Bemba треба да биде условно ослободен, без при тоа да ги прецизира соодветните услови или да утврди држава која е подготвена да го прифати г-н Bemba и да ги спроведува тие услови.
105. Според Жалбениот совет, одлука за привремено ослободување како што веќе беше објаснето во параграф 99 погоре, не е дискрециона. Ако Предпретресниот совет е убеден дека условите предвидени во член 58, став 1 (б) од Статутот, Советот може, врз основа на правило 119 од Правилата за постапката и доказите, да ги испита соодветните услови за ублажување или негирање на ризикот. Како што посочува листата на услови во правило 119, став 1 од Правилата за постапката и доказите, Советот исто така може, во соодветни околности, да наметне ускови кои сами по себе не ги ублажуваат ризиците опишани во член 38, став 1 (б) од Статутот. Резултат на ова испитување од два дела е една, неделива одлука со која се одобрува условно ослободување врз основа на конкретни и извршни услови. На друг начин кажано, во такви околности, ослободувањето е можно само ако се наметнати конкретни услови.
106. Понатаму, Судскиот совет смета дека за да се одобри условно пуштање на слобода потребно е идентификување на држава која е подготвена да го прифати лицето за кое станува збор како и да ги спроведува условите. Правило 119(3) oд Правилата за постапката и доказите го обврзува Судот да ги бара, меѓу другото, мислењата на релевантната држава пред да наметне или да измени било какви услови со кои се ограничува слободата, следува дека државата која е подготвена и која може да го прифати лицето за кое станува збор треба да биде индентификувана пред одлуката за условно пуштање на слобода.
107. Понатаму, Жалбениот совет воочува дека Меѓународниот кривичен суд ги врши своите функции и овластувања на територијата на државите договорнички и како таков зависи од соработката на државите во однос на прифаќањето на лице кое било условно пуштено на слобода како и во осигурувањето дека условите наметнати од Судот се спроведуваат. Без таква соработка, секоја одлука на Судот со која се одобрува условно пуштање на слобода би била неефикасна.
108. Во околностите на овој случај, Жалбениот совет воочува дека Предпретресниот совет, откако завршил со испитувањето на условите од член 58, став 1 од Статутот, одлучил дека г-н Bemba треба да биде „ослободен, иако под определени услови“. Советот понатаму појаснил дека низата на услови кои ќе бидат наметнати ќе биде утврдена во покасна фаза. Понатаму, во параграф 83 од оспорената одлука, Советот повторил дека „не се носи одлука за прашањето на каков вид на услови со кои се ограничува слободата се сметаат за соодветни да му се изречат на г-н Jean-Pierre Bemba и во која државата тој ќе биде условно пуштен на слобода.“ На крај, во оперативниот дел на оспорената одлука, параграф (а) Предпретресниот совет одлучил да го одобри условното пуштање на слобода на г-н Bemba cѐ додека не се одлучи поинаку. Така, во овој случај, оспорената одлука е погрешна затоа што Предпретресниот совет не ги прецизирал соодветните услови кои го прават изводливо условното пуштање на слобода на г-н Bemba.
109. Од тие причини, Жалбениот совет утврдува дека Предпретресниот совет погрешил во условното пуштање на слобода без да прецизира соодветни услови кои го прават изводливо условното пуштање на слобода и без да прецизира која држава би можела да ги спроведе условите наметнати од Судот.“
43. Во својата одлука од 9 јуни 2011 година во врска со тројца сведоци на одбраната (гореспоменатите [A], [B] и [C]) во случајот Germain Katanga and Mathieu Ngudjolo Chui („Одлука по Amicus Curiae барање за ‘Requête tendant à obtenir présentations des témoins DRC-D02-P-0350, DRC-D02-P-0236, DRC-D02-P-0228 aux autorités néerlandaises aux fins d’asile’ (член 68 и член 93 , став 7 oд Статутот)”), Судскиот совет одлучил на следниот начин (фуснотите се изоставени):
„1. Кој е точниот опсег на должноста да се заштитат сведоците изразена, меѓу другото, во член 68 од Статутот?
a. Неопходни дистинкции
59. На статусната конференција, Советот ја нагласи дистинкцијата која мора да се прави помеѓу мерки кои Судот може да ги донесе врз основа на 68 oд Статутот за да ги заштити сведоците поради нивната соработка со Судот и мерките кои е побарано од него да ги донесе за да ги заштити од потенцијални или докажани повреди на човековите права во широка смисла на зборот. Советот додава дека има два типа на мерки кои не треба да се мешаат со оние кои, поконкретно ги штитат барателите на азил од ризик од прогонување на кој тие можат да бидат изложени ако бидат вратени во нивната земја на потекло.
60. Овие разлики ја формираат теоретската основа на оваа одлука. Иако Судскиот совет е свесен за тоа како општата состојба на човековите права, во широка смисла на зборот, во дадена земја може да влијае врз оцената на ризиците со кои се соочуваат сведоците како последица на нивната соработка со Судот, трите видови на ризици наведени погоре не смеат да се спојуваат во еден, за да не се толкува погрешно мандатот на Судот во однос на заштита на сведоци.
61. Според Советот, Статутот недвосмислено наметнува обврска на Судот да ги преземе сите заштитни мерки кои се потребни за спречување на ризик на кој сведоците можат да бидат изложени поради нивната соработка со Судот. Тоа е единственото соодветно толкување на член 68 од Статутот кој е рамковна одредба по прашањето. Понатаму, иако правило 87 од Правилата и Правило 96 од Правилата на Секретаријатот, не кажуваат изречно така, логично и заедничко читање на овие две одредби го поддржува ставот дека улогата на Судот е ограничена на заштитување на сведоците од ризикот на кој може да се изложени поради нивното сведочење.
62. За разлика од аргументите на адвокатот по службена должност и одбраната за Germain Katanga, Советот смета дека тој не е обврзан да заштитува сведоци од ризици на кои можат да бидат изложени не само како резултат на нивното сведочење туку и како последица на повреди на чвековите права од страна на [Демократската Република Конго]. Врз основа на својот мандат Судот ги штити сведоците од ризици кои настануваат конкретно од нивната соработка со Судот, а не оние кои произлегуваат од повредите на човековите права од страна на органите на нивната земја на потекло. Член 21, став 3 од Статутот не наметнува обврска на Судот да осигура дека договорните страни соодветно ги применуваат меѓународно признатите човекови права во нивните домашни постапки. Со него само се наложува Судските совети да осигураат дека Статутот и други извори на правото наведени во член 21, став 1 и став 2 се применуваат на начин кој што не е спротивен или со кој не се прекршуваат меѓународно признатите човекови права.
63. Исто така Судот не е должен да прави оцена на ризиците од прогонување со кои се соочуват сведоците кои бараат азил. Во тој поглед, Советот ја повторува својата забелешка од статусната конференција дека критериумите за разгледување на барање за азил, особено, оние кои се однесуваат на ризикот од прогонување со кој се соочуваат барателите, не се идентични со критериумите кои Судот ги применува за да ги процени ризиците со кои се соочуваат сведоците поради нивното сведочење пред Судот.
64. Затоа, не може да се согласи со аргументот на државата домаќин дека Судскиот совет треба да направи оцена на ризиците со кои се соочуваат сведоците со оглед на принципот познат како ‘non-refoulement’ којшто е содржан во неколку меѓународни инструменти, вклучително и член 33 од Женевската конвенција од 28 јули 1951. Точно е дека, како меѓународна организација која е правно лице, Судот не може да го занемари правилото на обичајното право за non-refoulement. Сепак, затоа што тој нема своја територија, Судот не може да го имплементира овој принцип во неговата вообичаена смисла, и затоа не е веројатно да има надлежност на долг рок врз лицата кои се на ризик од прогонување или тортура ако се вратат во нивната земја на потекло. Според Судскиот совет, само држава којашто има територија всушност може да го применува правилото non-refoulement. Понатаму, Судот не може да ги употреби механизмите за соработка предвидени во Статутот со цел да принуди држава договорничка да прими на своја територија лице кое се повикува на ова правило. Понатаму, не може однапред да одлучи, наместо земјата домаќин, за обврски кои и се неа наметнати со принципот non-refoulement. Во овој случај, затоа холандските власти се должни, и тоа само тие, да го оценат обемот на нивните обврски согласно принципот non-refoulement, ако има потреба за тоа.
Б. Улога на Судскиот совет
65. Во моментот соочен со несогласувањата помеѓу ОЖС [Одделението за жртви од кривични дела и сведоци] и адвокатот по службена должност, Судскиот совет нема сѐ уште одлучено за потребата да се имплементираат оперативни заштитни мерки, во смисла на член 68 од Статутот, за тројцата притворени сведоци со цел да се спречат ризиците со кои тие се соочуваат поради нивното сведочење. Судскиот совет воочува, дека на 24 мај 2011, тој му нареди на ОЖС, врз основа на, меѓу другото, дискусии со органите на [Демократската Република Конго], да направи финална оцена на ризиците на кои тие сведоци би можеле да бидат изожени и на заштитните мерки кои можат за нив да бидат применети. Извештај од дискусиите и за можните предлози кои од нив произлегуваат беше доставен од Секретарот на 7 јуни 2011. Во случај на несогласност помеѓу странката која ги повикува сведоците и Секретаријатот, откако странките и учесниците ќе ги дадат нивните аргументи, Судскит совет, во согласност со претходна пресуда на Жалбениот совет, ќе донесе одлука за започнување на оперативни заштитни мерки за кои смета дека можат да бидат усвоени во склоп на неговиот мандат.
66. Сепак, со оглед на дистинкцијата утврдена погоре, таа одлука не може да влијае врз постапката за азил кој е во тек пред холандските органи. Советот сега ќе се осврне на постапката за азил.
2. Дали итната примена на одредбите од член 93, став 7 од Статутот е во согласност со меѓународно признатите човекови права?
67. Како и за секое друго лице, без разлика дали е притворено или не, на тројцата сведоци за кои станува збор им е обезбедено правото да поднесат барање за азил. Покрај Женевската конвенција од 28 јули 1951 и нејзиниот протокол од 31 јануари 1967 за статусот на бегалците, член 14 од Универзалната декларација за човекови права од 1948 предвидува дека секој има право во други земји да бара и да ужива азил од прогонување. Понатаму, Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации усвои Декларација за територијален азил во која се штити правото да се бара и да се ужива азил. Советот исто така воочува дека член 18 од Повелбата за фундаментални права на Европската унија донесена на 7 декември 2007 го гарантира правото на азил со соодветно почитување на нормите на Женевската ковнеција од 28 јули 1951 и Протоколот од 31 јули 1967 за статусот на бегалци и во согласност со Договорот за основање на Европската заедница, и дека член 19, став 2 од Повелбата потсетува дека никој не може да биде вратен, протеран или депортиран во држава во која има сериозен ризик дека тој или таа ќе биде подложен на смртна казна, тортура или друго нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Советот понатаму воочува дека Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување од 10 декември 1984, предвидува слично правило на она кое е содражно во Женевската конвенција од 1951, и иако е со помал опсег, тоа се стекна со статус на правило на обичајно право.. со него се забранува на држава да протера или депортира лице во друга земја во која има значителни причини да се верува дека тоа ќе биде во опасност да биде подложено на тортура.
68. Принципот ‘non-refoulement’ се смета за норма на обичајното меѓународно право и е интегрален дел за меѓународната заштита на човековите права. Сите лица имаат право да уживаат примена на тоа правило од страна на државата.
69. Советот затоа не може да ја занемари важноста на правата на кои се потпира барањето на адвокатот по службена докжност. Покрај, преттходно споменатото право да се побара азил, Совето мора исто така да обрне посебно внимание на правото на ефикасен правен лек, гарантирано со член 8 од Универзалната декларација за човекови права, член 2 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, член 13 од Европската конвенција за човекови права, член 7 од Африканската повелба за правата на човекот и народите и член 25 од Американската конвенција за човекови права. Советот не може да го занемари ова фундаментално правило и нагласува дека за да биде ефикасна постапката за азил, мора да е оставена можност таа да биде употребена, и во закон и во пракса, и дека не смее да има пречки за поднесување на барање за азил како последица на дејствија или пропуштања кои може да му се припишат на Судот.
70. Како што е предвидено со член 21, став 3 од Статутот, Советот мора да ги применува сите релевантни одредби од закони или прописи на начин да го осигура целосното остварување на правото на ефикасен правен лек, кое е јасно изведено од меѓународно признатите човекови права.
71. Во случајот за кој сега се одлучува, тојцата притворени сведоци беа пренесени на Судот врз основа на член 93, став 7 од Статутот за да сведочат. Член 93, став 7 исто така предвидува дека пренесеното лице ќе остане во притвор и дека кога целите за пренесувањето ќе бидат исполнети, Судот ќе го врати лицето без одлагање во државата од која е побарано пренесувањето – во овој случај [Демократската Република Конго].
72. Сведоците го завршија нивното сведочење во вторник, 3 мај 2011. Во овој момент, Советот смета дека мора да го реши само прашањето дали итната примена на член 93, став 7 од Статутот нема да претставува повреда на правото на притворените сведоци да побараат азил.
73. Како што стојат работите, Советот не може да го примени член 93, став 7 од Статутот во услови кои се во согласност со меѓународно признатите човекови права, како што е наложено со член 21, став 3 од Статутот. Ако сведоците бидат вратени во [Демократската Република Конго] веднаш, за нив ќе биде невозможно да го остварат правото да побараат азил и ним би им било одземено фундаменталното право на ефикасен правен лек. Понатаму, ако Советот одлучи да ја обврзе земјата домаќин да соработува со Судот за да ги врати сведоците во [Демократската Република Конго] веднаш со нивно транспортирање до аеродром, тоа би ја принудило Холандија да го повреди правата на сведоците да се повикаат на принципот non-refoulement.
74. Понатаму, Советот смета дека тој не треба да одлучи по прашањето за правниот статус на сведоците, кој беше опширно анализиран. Во овој поглед, холандските органи јасно посочија во неколку наврати дека во случај до нив да е поднесено барање за азил – што веќе се случи во овој случај – тие би биле обврзани да одлучат по него. Всушност, тие исто така потврдија, како и Секретаријатот, дека член 44 од Договорот за седиштето [на Меѓунаордниот кривичен суд] важи за овој случај. Исто така не е потребно, според Советот, да се одлучи за наводните правни ефекти на имунитетот кој го уживаат сведоците, затоа што смета дека овој аргумент е неоснован..
...
З. Заклучок и последици
79. Поради сите причини кои беа наведени погоре, Советот одлучува во овој момент да го одложи враќањето на тројцата притворени сведоци, сѐ додека прашањето за нивна заштита во смисла на член 68 од Статутот не биде решено и затоа што нивното враќање „без одлагање“ би ги повредило меѓународно признатите човекови права. Затоа, му дава инструкција на Секретаријатот да го извести Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации за ситуацијата на сведокот DRC-D02-P-0236 и да го извести за оваа одлука.
80. Засега, сведоците кои се притворени врз основа на решение за притвор на органите на Конго ќе останат притворени под контрола на Судот врз основа на член 93, став 7 од Статутот и правило 192 од Правилата. Советот не се согласува со аргументот на Секретаријатот дека продолжувањето на притворот не би имало правна основа сега кога тие го завршиле нивното сведочење пред Судот.
81. Според Советот, правните инструменти цитирани погоре го овластуваат Судот да ги задржи сведоците во притвор. Тие одредби ќе продолжат да се применуваат до тој момент за кој Советот ќе одлучи за критичното прашање дали обврската согласно член 93, став 7 од Статутот сведцоите да бидат вратени може да биде имплементирана без тоа да биде спротивно на другите обврски на Судот согласно член 68 од Статутот и без повреда на меѓународно признатите човекови права на тројцата сведоци.“
Г. Останато релеватно меѓународно право
1. Меѓународен кривичен трибунал за поранешна Југославија
44. Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Јуогславија беше основан со резолуција S/RES/827 на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации од 25 мај 1993 година. Кон таа резолуција беше приклучен Статутот на тој трибунал, кој ја содржи следната одредба:
член 15
Правилник за постапка и докази
„Судиите на Меѓународниот суд ќе усвојуваат правилник за постапка и докази за водење на пред-претресна постапка, судење и жалбена постапка, примање на докази, заштита на жртвите и сведоците како и за други соодветни прашања“
45. Правилникот за постапка и докази усвоен врз основа на таа одредба, во неговиот релевантен дел, го предвидува следното:
правило 90 bis
Трансфер на притворен сведок
“(A) Секое притворено лице чие лично појавување како сведок е побарано од страна на Меѓународниот трибунал привремено ќе биде префрлено во притворната единица на Меѓународниот трибунал, под услов лицето да биде вратено во временски рок одреден од страна на Меѓународниот трибунал.
(B) Налогот за трансфер го издава постојан судија или Судскиот совет само по претходно уверување дека се исполнети следните услови:
(i) присуството на притворениот сведок не е барано за какви било кривични постапки кои се во тек на територијата на државата од која е побаран за времето во текот на кое сведокот е потребен во Меѓународниот трибунал;
(ii) трансферот на сведокот не го продолжува периодот на притвор што е предвиден од страна на државата од која истиот е баран:
(В) Секретарот ја испраќа наредбата за трансфер до националните власти на државата на чија територија или под чија надлежност или надзор притворен сведокот. Трансферот е организиран од страна на засегнатит национални власти во соработка со земјата домаќин и Секретарот..
(Г) Секретарот ќе се увери во правилното извршување на трансферот, вклучувајќи надзор на сведокот во притворната единица на Меѓународниот трибунал; Секретарот останува во тек со сите промени кои можат да се јават во однос на притворот обезбеден од страна на државата од која сведокот е баран и кои би можеле да влијаат на должината на притворот на сведокот во притворната единица, и веднаш штом е возможно ги информира задолжениот судија или Советот
(Д) По истекување на временскиот рок одреден од страна на Меѓународниот трибунал за привремениот трансфер, притворениот сведок ќе им биде предаден на властите на државата од која е баран, освен ако државата во меѓувреме не издала наредба за ослободување на сведокот, која стапува веднаш на сила.
(Ѓ) Ако, до истекот на рокот одреден од страна на Меѓународниот трибунал присуството на притворениот сведок е сè уште потребно, постојаниот судија или Советот можат да го продолжат рокот под истите услови наведени во став (Б)
2. Договорот за статусот на воените единици на НАТО
46. Државите членки на Северно-атлантскиот пакт (НАТО) склучија договор (Договор помеѓу членките на Северно-атлантскиот пакт за статусот на нивните воени единици, Лондон, 19 јуни 1951 година, дополнет со Дополнителниот договор од 1959 (потоа изменет во 1971, 1981 и 1993) – „Договорот за статусот на воените единици на НАТО“. Со него се регулира, помеѓу другото, надлежност за кривични дела на припадници на нивните оружени сили кои служат на територијата на други земји. Член VII oд овој договор, во неговите релевантни делови, го предвидува следното:
„1. Под услов на одредбите на овој член;
a. воените органи на државата која ги исптратила воените единици ќе имаат право да вршат во рамките на државата во која се испратени воените единици, целосна кривична и дисциплинска надлежност која им е дадена со законот на државата која испраќа над сите лица за кои важи воениот закон на таа држава;
б. органите на државата во која се испратени единиците ќе има надлежност над припадниците на единица или цивилно одделение на таа единица и лицата кои тие ги издржуваат во однос на кривични дела извршени на територијата во која единиците се испратени и кои се казниви според законот на таа држава:
2. a. Воените органи на државата која ги испратила воените единици ќе имаат право да вршат исклучива надлежност над лица за кои важи воениот закон на таа држава во однос на кривични дела, вклучително и кривични дела поврзани со нејзината безбедност, казниви со законот на државата испраќач, но не со законот на државата во која се испратени единиците.
...
3. Во случај кога и двете земји имаат право да вршат надлежност ќе важат следните правила:
a. воените органи на државата која ги испратила воените единици ќе имаат првенствено право да вршат надлежност над припадник на единица или нејзино цивилно одделение во врска со:
з. Кривични дела единствено насочени против имотот или безбедноста на таа држава, или кривични дела само против личноста или имотот на друг припадник на единицата или нејзино цивилно одделение на држава или на лице кое тој го издржува:
ii. кривични дела кои настануваат од дејствие или пропуштање направено при вршење на службена должност.
б. Во случајот на сите други кривични дека органите на државата во која се испратени едниците ќе имаат првенствено право да вршат надлежност.
в. Ако државата која има првенствено право одлучи да не врши надлежност, таа ќе ги извести органите на другата држава штом тоа биде изводливо. Органите на државата која има превенствено право поволно ќе пристапат кон барање на органите на другата држава за откажување од нејзиното право во случаи во кои другата држава смета дека таквото откажување е од особена важност.
4. Претходните одредби на овој член нема да подразбираат било какво право воените органи на државата која испраќа едници да вршат надлежност над лица кои не се државјани или кои немаат постојан престој во државата во која единиците се испратени, освен ако се припадници на единицте на државата која ги испраќа.
5. Органите на државите кои испраќаат и примаат единици ќе си помагаат едни на други при апсењето на припадници на воена едница или нејзино цивилно одделение или на лица кои тие ги издржуваат на територијата на државата која прима едници и во нивно предавање на органот кој треба да врши надлежност во согласност со одредбите наведени погоре.
a. Органите на државата во која се испратени единиците навремено ќе ги известат органите на државата која испраќа единици за апсењето на било кој припадник на единица или нејзино цивилно одделение или лице кое тој го издржува.
б. Притворот на обвинет припадник на единица или нејзино цивилно одделение над кој државата во која се испратени единиците ќе врши надлежност, ако тој се наоѓа кај државата која испраќа единици, ќе остане кај таа држава сѐ додека не биде обвинет од држвата која прима единици.
в. Органите на државите кои испраќаат и примаат единици ќе си помагаат едни на други во вршењето на сите потребни истраги за кривичните дела и во собирањето и изведувањето на докази, вклучително со одземање, и кога е соодветно, предавање на предмети поврзани со кривичното дело. Предавањето на такви предмети, сепак, може да биде предмет на нивно враќање во временски рок утврден од органот кој ги предал.
...
10. a. Редовно формираните воени единици или формации ќе имаат право да вршат полициско работење во кампови, згради или други простории на кои тие се наоѓаат како последица на договор со државата која прима воени единици. Воената полиција на единицата може да ги преземе сите соодветни мерки за да осигура одржување на редот и безбедноста во тие простории.
б. Надвор од тие простории, таквата воена полиција ќе биде користена само под услов на договорање со органите на државата која прима единици и со комуникација со тие органи, и до тој степен до кој нејзината употреба е потребна за одржување на дисциплина и ред помеѓу припадниците на единицата....“
47. Дополнителен договор склучен во 1995 година (Договор помеѓу државите членки на Северно-атлантскиот пакт и другите држави кои учествуваат во Партнерството за мир во врска со статусот на нивните воени единици, Брисел, 19 јуни 1995 година) ја проширува територијалната примена на оваа одредба на државите кои не се членки на НАТО, а кои учетвуваат во Партнерството за мир.
3. Шкотскиот суд во Холандија
48. На 18 септември 1998 година Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Кралството Холандија постапувајќи врз основа на резолуција на Советот за безбедност согласно Глава VII oд Повелбата на Организацијата на Обединетите нации (резолуција 1192 oд 27 август 1998 година), склучиле договор според кој холандската Влада се обврзала да биде домаќин на шкотски суд за и во текот на судењето согласно шкотско право и процедура на двајца либиски државјани обвинети за бомбардирање на цивилен патнички авион над Локерби, Шкотска, во 1988 (Договор помеѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Кралството Холандија во врска со шкотско судење во Холандија (со анекси) [2002] 2062 изданија на Меѓународни договори Организација на Обединетите нации– UNTS – стр. 81 et seq.). Шкотскиот суд постоеше до 2002 година.
49. Член 6 од Договорот, насловен „Право и власт над објектите на Шкотскиот суд“, го предвидуваше следното:
„(1) Објектите на Шкотскиот суд ќе бидат под контрола и власт на Шкотскиот суд, како што е предвидено со овој Договор.
(2) Освен кога е поинаку предвидидено со овој Договор, законите и прописите на земјата домаќин ќе се применуваат на просториите на Шкотскиот суд.
(3) Шкотскиот суд ќе има овластување да ги направи прописите оперативни на објектите на Шкотсиот суд заради утврдување во нив на услови во секој поглед потребни за целосно вршење на неговите функции. Шкотскиот суд навремено ќе ги извести надлежните органи за правилата кои се на тој начин донесени во согласност со овој став. Ниту еден закон или пропис на земјата домаќин, којшто не е во согласност со правило на Шкотскиот суд, до обемот во кој е неконзистентен, нема да се применува на објектите на Шкотскиот суд.
(4) Секој спор помеѓу Шкотскиот суд и земјата домаќин за тоа дали правило на Шкотскиот суд е дозволено со овој член, или за тоа дали еден закон или пропис на земјата домаќин не е во согласност со правило на Шкотскиот суд дозволено со овој член, ќе биде брзо решен согласно процедурата наведена во член 28 [што значи преговори и консултации помеѓу договорните страни]. Додека не се реши спорот, ќе важи правилото на Шкотскиот суд и законот или прописот на земјата домаќин нема да бидат применливи во рамките на објектите на Шкотскиот суд до оној обем во кој Шкотскиот суд тврди дека дека тие не се во согласност со неговиото правило.“
50. Обединетото Кралство му даде дејство на овој Договор преку Наредба на Високиот суд на правдата (Постапка во Холандија) (Организација на Обединетите нации (Законски инструменти 1998, бр. 2251), која, во својот релевантен дел, го предвидува следното:
Сведоци
„12.—(1) Сведоците во Обединетото Кралство кои се повикани да се појават во постапка која се води врз основа на оваа наредба може да бидат повикани да се појават во просториите на овој суд.
(2) Секој налог за апсење на сведок ќе биде основа тој да биде пренесен, согласно мерките преземени во овој поглед, од Државниот секретар, до просториите на судот.
(3) Тој ќе биде надлежен да повика сведоци кои се надвор од Обединетото Кралство да се појават пред Високиот суд на правдата кој заседава во Холандија на ист начин како судот да заседава во Шкотска, и, затоа, став 1 (б) од член 2 од Законот за (меѓународна соработка во) кривични предмети 1990(6) (достава на документи на Обединетото Кралство во странство) ќе има дејство како да споменувањето на суд во Обединетото Кралство да го опфаќа и Високиот суд на правдата кој заседава, врз основа на оваа наредба, во Холандија.“
ЖАЛБЕНИ НАВОДИ
51. Жалителот се жалеше по член 5, став 1 од Конвенцијата дека неговиот продолжен притвор во Одделението за притвор на Организазцијата на Обединетите нации бил незаконит. Основата на неговиот притвор согласно законот на Конго, каква што била, завршила на 2 јули 2007 година и тој притвор не бил продолжен. Меѓународниот кривичен суд немал правна основа да го држи во притвор откако тој сведочел. Холандските државни органи никогаш не ни тврделе дека имало основа за притворот на жалителот согласно домашното право на Холандија.
52. Жалителот наведе повреда на член 5, став 3, затоа што, ако се претпостави дека неговиот притвор е оправдан согласно член 5, став 1 од Конвенцијата, тој не бил изведен пред суд во разумен рок.
53. Жалителот наведе повреда на член 5, став 4 од Конвенцијата затоа што Холандија одбила дури и да размисли за испитување на законитоста на неговиот притвор. Тој исто така тврдеше дека имало повреда на член 5, став 5.
54. На крај, жалителот наведе повреда на член 13 од Конвенцијата затоа што тој немал никаков правен лек во домашниот правен систем со кој би ја оспорил законитоста на неговиот притвор. Во исто време, во постапката пред Меѓународниот кривичен суд немало адекватни заштитни механизми.
ПРАВО
I.ДАЛИ ЖАЛБАТА ТРЕБА ДА БИДЕ ИЗБРИШАНА ОД ЛИСТАТА НА ПРЕДМЕТИ НА СУДОТ
55. Судот беше запознат од страна на Владата со фактот дека жалителот го повлекол неговото барање за азил на 4 септември 2012 година. Ова недвосмислено подразбира дека жалителот се откажува од неговите обиди да бара одлука од холандските органи да биде ослободен од притвор. Самиот жалител не го извести Судот (правило 47, став 6), ниту пак тој ја повлече неговата жалба. Така Судот е во определена мерка несигурен за тоа дали жалителот сепак сака тој да одлучи за основаноста на неговата жалба.
56. Во овие околности, на самиот Суд е да одлучи дали треба да ја избрише жалбата од неговата листа на предмети [strike the application out of its list of cases], во согласност со член 37, став 1 од Конвенцијата кој гласи:
„1. Во секоја фаза од постапката, Судот може да одлучи да избрише определена жалба од листата на предмети, доколку околностите водат кон заклуок дека
а. дека жалителот ја повлекол жалбата; или
б. дека спорот е решен; или
в. дека, од било која друга причина, чие постоење го утврдува Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со разгледувањето на жалбата.
Сепак, Судот продолжува со разгледувањето на жалбата ако тоа го бара почитувањето на правата на човекот загарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи.“
57. Судот забележува, сепак, дека жалбата отвора важно прашање во однос на примената на член 1 од Конвенцијата. Судот посебно воочува дека жалбата се однесува на суштинските аспекти на функционирањето на меѓународните кривични трибунали кои имаат седиште на територијата на држава договорничка и на кои им е дадено овластување да држат лица во притвор. Судот смета дека одговорот на прашањата кои се поставуваат во оваа жалба е потребен итно со оглед на несигурноста која настана од пресудата донесена од страна на судијата за времени мерки на 26 септември 2010 година (види параграф 38 погоре).
58. Судот многу пати има кажано дека неговите „пресуди всушност служат не само за да одлучи за тие случаи кои се поднесени пред Судот туку, погенерално, да ги разјаснат, заштитат и развиваат правилата предвидени со Конвенцијата, на тој начин придонесувајќи кон почитување на обврските преземени од нив од страна на државите како држави договорнички“ (види Karner v. Austria,
no. 40016/98, § 26, ECHR 2003‑IX). Имајќи ја предвид неговата задача „да осигура почитување на обврските преземени од високите договорни страни на Конвенцијата и нејзините Протоколи“ (член 19 од Конвенцијата), што го прави пред сѐ преку обезбедување на обештетување на поединци, Судот воочува дека неговата мисија исто така е и да одлучува по прашања на јавна политика во општ интерес, на тој начин повишувајќи ги генералните стандарди за заштита на човековите права и проширувајќи ја судската пракса за човекови права низ целата заедница на држави договорнички на Конвенцијата.
59. Судот затоа смета дека не треба да ја избрише жалбата од листата на предмети (види, mutatis mutandis, Tyrer v. the United Kingdom, 25 April 1978, §§ 26-27, Series A no. 26, и Karner, цитирана погоре)
II.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 5 И ЧЛЕН 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
60. Жалителот се жалеше дека тој бил незаконито држен на холандска територија и дека бил притворен без било каква можност да побара пуштање на слобода. Тој се повика на член 5 и член 13 од Конвенцијата, кои во нивните релеватни делови, го предвидуваат следното:
член 5
“1. Секој има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во постапак предвидена со закон во долунаведените случаи:
:
...
(в) ако е уапсен или притворен поради приведување пред надлежна судска власт, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице извршило кривично дело, или кога постојат оправдани причини тоа лице да се спречи да изврши кривично дело, или по извршувањето на кривичното дело да побегне;
...
(ѓ) ако се апси или притвора лице врз основа на закон, со цел да се спречи илегално да влезе во земјата или лице против кое е во тек постапка за протерување или израчување.
...
3. Секое лице уапсено или притворено според одредбите на став 1в од овој член мора веднаш да биде изведено пред судија или друго судско лице, со закон овластено да врши судска власт, и да има право на судење во разумен рок или на пуштање на слобода во текот на судската постапка. Пуштањето може да се услови со давање гаранција дека тоа лице ќе се појави на судењето.
4. Секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот, и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување.
5. Секое лице кое било жртва на апсење или притворање спротивно на одредбите на овој член, има право на обештетување.“
член 13
„Секој чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се повредени, има право на ефикасен правен лек пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.“
Надлежност
61. Член 1 од Конвенцијата гласи:
„Високите страни договорнички им ги признаваат на сите лица под нивна надлежност правата и слободите утврдени во делот I на оваа Конвенција.“
Како што е предвидено со овој член, обврската преземена од една држава договорничка е ограничена на „признавање“(“reconnaître” во верзијата на француски јазик) на наброените права и слободи на лицата кои се во нејзина „надлежност“. „Надлежноста“ согласно член 1 е критериум како во вид на праг. Вршењето на надлежност е неопходен услов за една држава договорничка да може да се смета за одговорна за дејствија или пропуштања кои може да ѝ се припишат и кои доведуваат до наводи за повреди на правата и Hirsi Jamaa and Others v. Italy [GC], no. 27765/09, § 70, ECHR 2012, и Al-Jedda v. the United Kingdom [GC], no. 27021/08, § 74, ECHR 2011).
1. Аргумент на жалителот
62. Позицијата на жалителот беше дека Холандија можела и требала да има надлежност во врска со неговиот притвор. Тој посочи дека холандските органи прифатиле надлежност да го разгледаат неговото барање за азил, и истакна дека не можело да се дозволи Холандија арбитрерно да прифати она што се викало „à la carte надлежност“ .
63. Жалителот бил притворен на територија на Холандија. Примената на холандското право врз просториите на Меѓународниот кривичен суд не била исклучена, напротив, член 8 од Договорот за седиштето [на Меѓународниот кривичен суд] (види параграф 41 погоре) како почетна точка ја зема неговата применливост. Конвенцијата била директно применлива како холандски закон, врз основа на член 93 и член 84 од Уставот на Кралството Холандија (види параграф 40 погоре) и затоа се применувала на жалителот ratione loci; и затоа ја отфрлала примената на член 88 од Законот (за имплементација) за Меѓународниот кривичен суд .
64. За разлика од жалителот во Galić v. the Netherlands (dec.), no. 22617/07, ECHR 2009, жалителот во сегашниот случај не се жалел за дејствие или пропуштање кое може да се припише на меѓународен орган. Тој истакна, Меѓународниот кривичен суд потврдил дека повеќе немало валидна правна основа за неговиот притвор, но и понатаму го држел во притвор само заради постапката за азил која била во тек во Холандија. Владата на Холандија била таа која досега го спречувала неговиот трансфер во притвор под нејзина контрола, испраќајќи до Меѓународниот кривичен суд notes verbales со кои бара продолжување на неговиот притвор во просториите на тој суд, одбивајќи дури и да дискутира за неговиот трансфер во нивна контрола, и одбивајќи да се вмеша во негово име за да се укине неговиот притвор. Тоа потврдувало, сепак, дека неговиот продолжен притвор бил директна и недвосмислена последица на дејствија и пропуштања кои можеле да ѝ се припишат на Холандија.
65. Во спротивно, во случај ако Судот најде дека жалителот бил притворен под власт на Меѓународниот кривичен суд, тој тврдеше дека Холандија од таа причина не била ослободена од нејзините обврски кон него согласно Конвенцијата.
66. Повикувајќи се на праксата на поранешната Европска комисија за човекови права, особено M. v. Germany (no. 13258/87, Commission decision of 9 February 1990, Decisions and Reports (DR) 64) и Heinz v. the Contracting States party to the European Patent Convention insofar as they are High Contracting Parties to the European Convention on Human Rights, i.e. Austria, Belgium, Denmark, France, Germany, Greece, Ireland, Italy, Liechtenstein, Luxembourg, Netherlands, Norway, Portugal, Spain, Sweden, Switzerland and the United Kingdom (no. 21090/92, Commission decision of 10 January 1994, DR 76‑A), и судската пракса на Судот, имено Matthews v. the United Kingdom ([GC], no. 24833/94, ECHR 1999‑I), Waite and Kennedy v. Germany ([GC], no. 26083/94, ECHR 1999‑I) и Prince Hans-Adam II of Liechtenstein v. Germany ([GC], no. 42527/98, ECHR 2001‑VIII), жалителот тврдеше дека степенот на заштита на човековите права обезбеден од Меѓународниот кривичен суд бил недоволен за неговите потреби затоа што немало ништо во меѓународните договори и правила со кои се регулира функционирањето на Меѓународниот кривичен суд што се однесувало на неговата уникатна ситуација во притвор. Понатаму, дури и во однос на осомничените лица на Меѓународниот кривичен суд, нивото на заштита било недоволно: одлуката од 2 декември 2009 во случајот Bemba (види параграф 42 погоре) јасно покажувала дека дури и условното пуштање на слобода на осомничено лице не било возможно ако не можело да се најде држава која е подготвена да го прифати и која може да осигура исполнување на условите кои се дадени.
67. Накусо, алтернативниот аргумент на жалителот беше дека претпоставката најпрво изразена во случајот Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi v. Ireland ([GC], no. 45036/98, § 156, ECHR 2005‑VI) – имено, под услов човековите права да се заштитени на начин кој може да се смета најмалку еквивалентен со заштитата која ја обезбедува Конвенцијата, дејствие на држава преземено во исполнување на правни обврски кои произлегуваат од членство во меѓународна организација, е во согласност со обврските од Конвенцијата – била соборена и дека затоа Холандија имала одговорност да преземе мерки.
2. Оцена на Судот
68. Судот ќе ги анализра трите столба на аргументот на жалителот по ред.
(a) Tериторијалниот принцип
69. Концептот на „надлежност“ како што се разбира во меѓународното јавно право и исто така и во смисла на член 1 од Конвенцијата е пред сѐ територијален. Одговорност според Конвенцијата вообичаено настанува во однос на лице кое е „во надлежност’ на држава договорничка, во смисла на тоа дека е физички присутно на нејзина територија. Сепак, Судот има признато исклучоци во својата судска пракса. Посебно, Судот има прифатено ограничувања на правото на пристап до суд, гарантирано во член 6, став 1 од Конвенцијата, кои настануваат од општо признати норми на меѓународното јавно право за имунитет на државите (види McElhinney v. Ireland [GC], no. 31253/96, § 38, ECHR 2001‑XI; Al-Adsani v. the United Kingdom [GC], no. 35763/97, § 56, ECHR 2001‑XI; и Fogarty v. the United Kingdom [GC], no. 37112/97, § 38, ECHR 2001‑XI). Судот исто така има прифатено дека кога државите основаат меѓународни организации заради остварување или зајакнување на нивната соработка во определени области на активност, и кога на тие организации им даваат определени надлежности и им доделуваат имунитет тоа може да има последици во однос на заштитата на фундаменталните права (види Waite and Kennedy v. Germany [GC], no. 26083/94, § 67, ECHR 1999‑I).
70. Во своите одлуки во случаите Galić (цитиран погоре, параграф 44) и Blagojević v. the Netherlands (no. 49032/07, § 44, 9 June 2009), Судот најде дека не било неоспорно дека кривична постапка би довела до одговорност според меѓународното јавно право на државата на чија територија се води таа постапка. Судот дал пример на член VII oд Договорот за статусот на воените единици на НАТО; кој предвидувал кривична надлежност на државата која испраќа единици над нејзините единици на територијата на државата на која единиците се испратени, и на Шкотскиот суд во Холандија, кој од 1998 до 2002 година водел постапка според шкотско право на холандска територија.
71. Со оглед на тоа што беше наведено погоре, Судот не можел да најде дека само фактот што ICTY имал седиште и простории во Хаг е доволна причина за да се припишат настаните кои се предмет на жалба, на Кралството Холандија. При донесувањето на тој заклучок Судот го зел предвид конкретниот контекст во кој настанало прашањето за кое одлучувал. Судот нагласил дека во случаите Galić и Blagojević се работело за меѓународен трибунал основан од Советот за беззбедност на Органиѐацијата на Обединетите нации, меѓународна организација која е заснована на принципот на почитување на основните човекови права, и дека дотолку повеќе основните правни одредби со кои се регулираат организацијата и процедурата на трибуналот биле намерно предвидени за на лицата кои се обвинети пред тој трибунал да им ги обезбедат сите соодветни гаранции.
72. Според Судот, би било незамисливо било кој кривичен трибунал, домашен или меѓународен, да нема овластувања за обезбедување на присуство на сведоци, за обвинителството или за одбраната. Овластувањето да ги држи во притвор, или затоа што не сакаат да сведочат или затоа што тие се притворени по друг основ, е неопходна последица. Ова овластување подразбирало во случајот со Договорот за статусот на единиците на НАТО, кој во својот член VII ѝ дава на државата која испраќа единици вонтериторијална власт да суди и да врши полициско работење (види параграф 46 погоре); изречна одредба за тоа има за Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во правило 90 bis oд неговиот Правлиник за постапката и доказите (види параграф 45 погоре), како и за Шкотскиот суд во Холандија во член 12 од Наредбата за Високиот суд на правдата (постапка во Холандија) (Организација на Обединетите нации) од 1998 (види параграф 50 погоре).
73. Жалителот бил доведен во Холандија како сведок на одбраната во кривична постапка која е во тек пред Меѓународниот кривичен суд. Тој веќе бил притворен во неговата земја на потекло и останува во притвор на Меѓународниот кривичен суд. Фактот што жалителот е лишен од слобода на територија на Холандија не е сам по себе доволен за да ги доведе прашањата во врска со законитоста на неговиот притвор под „надлежност“ на Холандија, на начин на кој тој израз се сфаќа во смисла на член 1 од Конвенцијата.
74. Сепак, жалителот тврди дека сега откако тој сведочел, неговиот продолжен притвор од страна на Меѓународниот кривичен суд нема било каква правна основа. Вакуумот кој на тој начин е настанат можел да се пополни само со холандскиот правен поредок, во кој Конвенцијата е директно применлива.
75. Судот смета дека сѐ додека жалителот не е ниту вратен во Демократската Република Конго, ниту предаден на органите на Холандија по нивно барање, правниот основ за неговиот притвор останува договорот склучен помеѓу Меѓународниот кривичен суд и Демократската Република Конго согласно член 93, став 7 од Статутот на Меѓународниот кривичен суд. Ова е одразено во Наредбата на Судскиот совет од 1 септември 2011 година и неговата одлука од 15 декември 2011 година (види параграфи 23 и 24 погоре), кои јасно кажуваат дека Меѓународниот кривичен суд чека да ја исполни својата обврска од член 93, став 7 (б) од Статутот да го врати жалителот во Демократската Република Конго до моментот кога причините за негово присуство во просториите на судот пресатанат да постојат. Затоа нема правен вакуум.
(б) Наводи за недоволни гаранции за човекови права кои ги нуди Меѓународниот кривичен суд
76. Во Bosphorus Hava Yolları Turizm ve Ticaret Anonim Şirketi (цитиран погоре, параграфи 152-56; види исто така Cooperatieve Producentenorganisatie van de Nederlandse Kokkelvisserij U.A. v. the Netherlands (dec.), no. 13645/05, ECHR 2009), Судот одлучи на следниот начин:
„152. Конвенцијата, од една страна, не забранува државите договорнички да пренесуваат суверена власт на меѓународна (вклучително и супранационална) организација за да остваруваат соработка во определени области на активност (види [M. & Co. v. the Federal Republic of Germany (no. 13258/87, Commission decision of 9 February 1990, Decisions and Reports (DR) 64, p. 138] и [Matthews v. the United Kingdom [GC], no. 24833/94, § 32, ECHR 1999-I]). Понатаму, дури и како носител на таква пренесена суверна власт, самата организација не се зема за одговорна според Конвенцијата за постапка пред, или одлуки на нејзините органи сѐ додека не е договорна страна (види Confédération française démocratique du travail v. European Communities, no. 8030/77, Commission decision of 10 July 1978, DR 13, p. 231; Dufay v. European Communities, no. 13539/88, Commission decision of 19 January 1989, unreported; и M. & Co., стр. 144, and Matthews, параграф 32, цитирани погоре).
153. Oд друга страна, исто така е прифатено дека една држава договорничка е одговорна согласно член 1 од Конвенцијата за сите дејствија и пропуштања на нејзините органи без оглед на тоа дали дејствието или пропуштањето за кое станува збор било последица на домашен закон или на потребата да се почитува меѓународна правна обврска. Член 1 не прави разлика помеѓу видот на норма или мерка која е во прашање и не исклучува ниту еден дел од надлежноста на државата договорничка од контролата согласно Конвенцијата (види United Communist Party of Turkey and Others v. Turkey, judgment of 30 January 1998, Reports 1998-I, pp. 17-18, § 29).
154. При помирување на овие позиции на тој начин утврдувајќи го обемот во кој дејствие на државата може да биде оправдано со нејзино почитување на обврски кои настануваат од членство во меѓународна организација на која има пренесено дел од својот суверенитет, Судот потврдил дека да се ослободат државите договорнички во целост од нивната одговорност согласно Конвенцијата во области на кои се однесува тој трансфер би било неспојливо со намената и целта на Конвенцијата, гаранциите од Конвенцијата би можеле да бидат ограничени или исклучени по желба, на тој начин одземајќи им го нивниот перемпторен карактер и доведувајќи ја во прашање практичната и ефикасна природа на нејзините заштитни механизми (види M. & Co., ст. 145, и [Waite and Kennedy v. Germany [GC], no. 26083/94, § 67, ECHR 1999‑I]). Се смета дека државата има одговорност во однос на обврски од меѓународни одговори кои се преземени после влегувањето во сила на Конвенцијата (види mutatis mutandis, Matthews, цитиран погоре, параграф 29 и 32-34, и Prince Hans-Adam II of Liechtenstein v. Germany [GC], no. 42527/98, § 47, ECHR 2001-VIII).
155. Според Судот, дејствие на државата преземено во исполнување на такви правни обврски е оправдано сѐ додека рлеевантната организација се смета дека ги штити фундаменталните права, во однос и на материјални гаранции кои ги нуди и механизмите за контрола на нивното почитување, на начин кој може да се смета најмалку еквивалентен на тоа што е предвидено со Конвенцијата (види M. & Co., цитиран погоре, стр.145, пристап со кој се согласија странките и Европската комисија). Под „еквивалентен“ Судот подразбира „споредлив“, секоја обврска дека заштитата на организацијата е „идентична“ би можела да биде спротивна на интересите на меѓународна соработка која треба да се остварува. Сепак, секој таков заклучок дека заштитата е еквивалентна не може да биде конечен и да е подложен на преиспитување од аспект на секоја релевнтна промена во заштитата на фундаменталните права.
156. Ако се смета дека таква еквивалентна заштита е обезбедена од организацијата, претпоставка е дека државата не отстапила од обврската од Конвенцијата кога не прави ништо повеќе од исполнување на правна обврска која произлегува од членство во организацијата.
Сепак, секоја таква претпоставка може да биде соборена ако, во околностите на конкретниот случај, се смета дека заштитата на права од Конвенцијата била очигледно неправилна. Во такви случаи, интересите на меѓународната соработка ќе бидат помалку важни од улогата на Конвенцијата како „уставен инструмент на европскиот јавен поредок“ во областа на човековите права (види Loizidou v. Turkey (preliminary objections), judgment of 23 March 1995, Series A no. 310, pp. 27-28, § 75).”
77. Позицијата на жалителот е дека заштитата на неговите фундаментални права која одговара на неговиот притвор не е достапна.
78. Судот веќе најде, како и Одделот за управни предмети на Државниот совет, дека притворот на жалителот има основа во одредбите на меѓународното право со кое се регулира функционирањето на Меѓународниот кривичен суд и кое и исто така задолжително за Холандија.
79. Судот забележува дека Меѓународниот кривичен суд има овластувања согласно правило 87 и 88 од Правилата за постапката и доказите да нареди заштитни мерки, или други специјални мерки, за да осигура дека фундаменталните права на сведоците не се повредени. Судот посочува дека Судскиот совет [на Меѓународниот кривичен суд] всушност и ги употребил овие овластувања во неговата одлука од 4 јули 2011 година (види параграф 18 погоре).
80. Не може да биде од одлучувачка важноста тоа што наредбите дадени од Судскиот совет [на Меѓународниот кривичен суд] при употреба на таквите овластувања нема нужно да доведе до ослободување на жалителот од притвор од страна на органите на Демократската Република Конго, како што се чини дека жалителот сугерира. На една држава којашто се согласила да биде домаќин на меѓународен кривичен трибунал на својата територија, Конвенцијата не ѝ го наметнува товарот на преиспитување на законитоста на лишувањето од слободата засновано на договори кои се законито склучени помеѓу тој трибунал и држава која не е договорна страна на Конвенцијата.
(в) Прифаќањето од страна на Холандија на надлежноста да одлучува по барањето на жалителот за азил
81. Според утврдената судска пракса на Судот, државите договорнички имаат право како прашање на воспоставено меѓународно право и согласно нивните обврски од меѓународни договори, вклучувајќи ја и Конвенцијата, да го контролираат влезот, престојот и протерувањето на странци (види, помеѓу многу други претходни пресуди, Abdulaziz, Cabales and Balkandali v. the United Kingdom, 28 May 1985, § 67, Series A no. 94; Boujlifa v. France, 21 October 1997, § 42, Reports of Judgments and Decisions 1997-VI; Hirsi Jamaa and Others, cited above, § 113; и Kurić and Others v. Slovenia [GC], no. 26828/06, § 355, 26 June 2012). Судот исто така воочува дека правото на политички азил не е содржано во Конвенцијата и нејзините протоколи (види, помеѓу многу други претходни пресуди, Vilvarajah and Others v. the United Kingdom, 30 October 1991, § 102, Series A no. 215; Chahal v. the United Kingdom, 15 November 1996, § 73, Reports 1996‑V; и Hirsi Jamaa and Others, цитиран погоре). Понатаму, Конвенцијата не гарантира, како такво, било какво право да се влезе, престојува или да се остане во држава на која лицето не е државјанин (види, како понови одлуки, Kane v. Cyprus (dec.), no. 33655/06, 13 September 2011; H. v. the Netherlands (dec.), no. 37833/10, 18 October 2011; и Kurić and Others, цитиран погоре). На крај, државите, во принцип, немаат никаква обврска да им дозволат на странски државјани да го чекаат исходот на имиграциона постапка на нивна територија (види mutatis mutandis, Nsona v. the Netherlands, 28 November 1996, § 93, Reports 1996‑V; Chandra and Others v. the Netherlands (dec.), no. 53102/99, 25 August 1999; Benamar and Others v. the Netherlands (dec.), no. 43786/04, 5 April 2005; и Haydarie and Others v. the Netherlands (dec.), no. 8876/05, 20 October 2005).
82. Аргументот на жалителот е дека затоа што Холандија се согласила да го разгледа неговото барање за азил, нужно следува дека Холандија се обврзала да ја преиспита законитоста на неговиот притвор во просториите на Меѓународниот кривичен суд – и да нареди негово пуштање на слобода, под претпоставка на нејзина територија, ако утврди дека притворот е незаконит.
83. Со оглед на судската пракса којашто беше цитирана погоре, Судот, од своја страна, не гледа таква врска.
(г) Заклучок
84. Следува дека жалбата е неспојлива ratione personae со одредбите на Конвенцијата во смисла на член 35, став 3 (а) и мора да биде отфрлена во согласност со член 35, став 4.
Од овие причини, Судот едногласно
Ја прогласува жалбата за недопуштена.
Santiago QuesadaJosep Casadevall
СекретарПретседател
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2013.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy