© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот Бр. 190
Ноември 2015
М’Бала М’Бала (M’Bala M’Bala) против Франција (одл.) - 25239/13
одлука 20.10.2015 [Оддел V]
Член 10
Член 10-1
Слобода на изразување
Крвична осуда на хуморист заради тоа што изнел негационистички и антисемитски идеи за време на настап: недопуштена
Член 17
Забрана на злоупотреба на право
Крвична осуда на хуморист заради тоа што изнел негационисточки и антисемитски идеи за време на настап: недопуштена
Факти - Во декември 2008 година, жалителот, хуморист познат како Дједоне (Dieudonne) и политички ангажиран, поканил универзитетски професор, кој бил осуден во Франција, во неколку наврати, заради неговите негационистички и ревизионистичка тези кои се состоеле во негирање на постоењето на гасните комори во концентрационите кампови, да му се придружи на сцената на крајот на неговиот настап. Жалителот организирал нему да му биде доделена, од страна на актер облечен во „светлосна облека“, односно, во пижами во риги кои потсетувале на оние на депортираните Евреи на кои имало сошиена жолта ѕвезда со натписот „Евреин“, „наградата за неподобност и за навредливост.“ Наградата била отелотворена во свеќник со три гранки (пришто свеќникот со седум гранки претставува симбол на еврејската религија), на врвот на кои имало три јаболка.
Овој инцидент бил констатиран од страна на полицијата. Во октомври 2009 година, Основниот суд го прогласил жалителот за виновен за јавна навреда на лице или група на лица поради потеклото или припадноста или неприпадноста на одредена етничка група, нација, раса или религија, во овој случај лицата од еврејско потекло или еврејска вера. Тој го казнил со парична казна од 10 000 евра, како и да плати едно евро отшета на секој подносител на приватна тужба во постапката. Пресудата била потврдена во жалбената постапка и Касациониот суд ја одбил жалбата на жалителот.
Право - Членовите 10 и 17: Како и домашните судови, Судот нема сомнеж што се однесува до силно анти-семитската содржина на оспорениот дел од настапот на жалителот. Последниов му оддал признание на лице познато и осудено во Франција заради неговите негационистички тези, поканувајќи ја публиката да го поздрави со аплауз од „срце“ и доделувајќи му награда.
Жалителот, далеку од тоа да го изрази своето несогласување со говорот на својот гостин, тврди дека последниот не изразил никаков ревизионистички став за време на таа сцена. Судот смета напротив дека тоа што Робер Форисон ги карактеризирал како „афирмационисти“ оние кои него го обвинувале дека е негационист, претставувало јасно поттикнување на изедначувањето на „јасно утврдени историски факти“ со теза чие изразување е забрането во францускиот закон и за која членот 17 ја одзема заштитата што ја нуди членот 10. Исто така, поканата упатена кон публиката да го пишува зборот како што сака била јасно насочена, со помош на игра на зборови, кон тоа да ја поттикне публиката да смета дека приврзаниците на оваа историска вистина се водат од „ционистички“ мотивации. Исто така, антиционизмот станал една од главните политички определби на жалителот. Последнов истакнал, во текот на истрагата, дека било договорено изјавите на Робер Форисо да имаат различна содржина. Сепак, меѓу другото, назначувањето на костимот на депортиран Евреин со изразот „светлосен костим“, сведочело a minima за отворено искажан презир од страна на жалителот во однос на жртвите од холокаустот, придонесувајќи така за навредливата димензија на целата сцена.
Жалителот е хуморист кој го истакнал својот силен политички ангажман, кандидирајќи се на неколку избори. Во времето на спорните факти, тој веќе бил осуден за навреда на расна основа. Така, контекстуалните елементи, не повеќе од зборовите ефективно изречени на сцената, не сведочеле за некаква волја на хумористот да ги обезвредни тезите на неговиот гостин или да го осуди антисемитизмот. Напротив, глумецот кој ја играл улогата на депортираниот Евреин самиот рекол дека не бил изненаден од одлуката да се покани на сцената универзитетскиот професор, со оглед на ставовите што жалителот ги изразувал во последните две години преку неговите настапи во јавност, особено неговото зближување со тогашниот претседател на партијата Национален Фронт. Во таа смисла, реакциите на публиката покажуваат дека антисемитскиот и ревизионистичкиот дострел на сцената бил воочен од страна на гледачите (или барем од некои од нив) на истиот начин како и од националните судиите.
Последно, но не и најмалку важно, жалителот ја објаснил својата желба да ја надмине својата претходна претстава која била опишан од страна на набљудувач како „најголемиот анти-семитски митинг од последната светска војна.“ Тој забележува дека ова укажување нужно ја насочило перцепцијата на публиката за понатамошниот тек на претставата. Хумористот се повикал на оправданието на провокацијата за да ја оправда расистичката навреда за која тој бил обвинет.
Судот смета дека во текот на спорниот извадок од претставата, вечерта го изгубила својот карактер на забавна претстава и се претворила во митинг. Жалителот не може да тврди, во конкретните околности на случајот и во светлината на севкупниот контекст на случајот, дека дејствувал во својство на уметник кој имал право да се искаже преку сатирата, хуморот и провокацијата. Така, под закрила на хумористична претстава, тој поканил еден од најпознатите француски негационисти, осуден една година претходно за оспорување на злосторства против човештвото, за да му оддаде признание и да го покани да земе збор. Покрај тоа, во рамките на една навредливо гротескна сценска поставка, тој го вклучил настапот и на статист кој ја играл улогата на депортиран Ереин од концентрационите логори, задолжен да му ја врачи наградата на универзитетскиот професор. Во ова вреднување на негационизмот преку централното место што му било дадено на настапот на универзитетскиот професор и преку понижувачката положба во која биле ставени еврејските жртви на депортациите наспроти оној кој го негира нивното истребување, Судот увидува изразување на омраза и антисемитизам, како и преиспитување на холокаустот. Тој не може да прифати изразувањето на една идеологија која е спротивна на основните вредности на Конвенцијата, како што е искажано во нејзината преамбула, имено, правдата и мирот, да се поистовети со претстава, макар и сатирична или провокативна, која би потпаѓала под заштитата на членот 10 од Конвенцијата.
Освен тоа, иако членот 17 од Конвенцијата, во принцип, досега се применувал во врска со експлицитни и директни зборови, кои не барале никакво толкување, судот е убеден дека искажаниот став на омраза и антисемитизам, затскриен зад привидот на уметничка продукција, е исто толку опасен како и фронтален и груб напад. Според тоа, тој не ја заслужува заштитата на членот 10 од Конвенцијата.
Како резултат на тоа, со оглед на тоа дека фактите во прашање, како според нивната содржина така и според општиот тон, а со тоа и според нивната цел, имаат изразен негационистички и анти-семитски карактер, жалителот се обидува да го скршне членот 10 од неговата вокација користејќи го своето право на слобода на изразување за цели спротивни на текстот и на духот на Конвенцијата, кои, кога би биле прифатени, би придонеле за уништувањето на правата и слободите гарантирани со Конвенцијата.
Според тоа, според член 17 од Конвенцијата, жалителот не може да ја ужива заштитата на членот 10.
Заклучок : недопуштена (некомпатибилност ratione materiae).
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права
Изготвено од страна на секретаријатот, ова резиме не го обврзува Судот.
Кликнете тука за да пристапите до Информативна белешки за судската пракса
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2016
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2016
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2016
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe ()). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@
Full & Egal Universal Law Academy