© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 159
Јануари 2013 г.
Вилкокс и Харфорд против Обединетото Кралство (Willcox and Hurford v. the United Kingdom) (одлука) - 43759/10 и 43771/12
Одлука 8.1.2013 [Секција IV]
Член 3
Понижувачка казна
Нечовечна казна
Продолжување на одлежувањето на затворската казна во Обединетото Кралство согласно договорот за трансфер на затвореници со подолги казни затвор изречени од тајландските судови: недопуштено
Член 5
Член 5-1
Лишување од слобода
Член 5-1-a
После осудувањето
Продолжување на одлежувањето на затворската казна во Обединетото Кралство согласно договорот за трансфер на затвореници со подолги казни затвор изречени од тајландските судови: недопуштено
Факти – Обајцата жалители биле затворени во затвори во Обединетото Кралство за да одлежат затворски казни кои им биле изречени од судови во Тајланд за поседување на дрога, откако се изјасниле за виновни по обвиненијата. Тие биле префрлени во Обединетото Кралство за да го одлежат остатокот од своите затворски казни согласно договорот за трансфер на затвореници кој се применувал меѓу Обединетото Кралство и Тајланд. Тие биле информирани дека после трансферот нема да можат да го оспоруваат времетраењето на казните.
Во нивните жалби до Европскиот суд жалителите оспорувале дека нивните казни биле во голема мерка несразмерни, со оглед дека биле четири до пет пати подолги од казните за кои било веројатно да ги добијат доколку биле осудени за истите дела во Обединетото Кралство и дека со нивното продолжување на одлежување на затворската казна бил прекршен членот 3 од Конвенцијата. Тие исто така се жалеле согласно членот 5 дека нивното продолжување на одлежувањето на затворската казна било произволно, бидејќи со оглед дека ако не се изјасниле за виновни ќе добиеле помала казна затвор тие ќе служеле пократка казна затвор. Првиот жалител исто така се согласил дека „непобитната пресумпција“ била применета во неговиот случај со што неговото судење било флагрантно неправично, во толкава мерка што неговото продолжување на одлежувањето на затворската казна во Обединетото Кралство било произволно.
Право – Член 3: Иако во принцип прашањата за соодветното изрекување на казни потпаѓа надвор од опсегот на Конвенцијата, Судот прифаќа дека во голема мерка несразмерната казна можела да достигне малтретирање спротивно на членот 3 во моментот на нејзиното изрекување. Меѓутоа, големата несразмерност била строг тест и би бил исполнет само во крајно исклучителни околности. Исто така соодветно внимание треба да се посвети на фактот дека праксите на изрекување казни значително варираат од држава до држава заради домашните услови и пристапи. Кога ќе се разгледа степенот на понижување или страдање својствени за оспорените дејствија, неопходно е да се земе во предвид степенот на понижување или страдање својствен во алтернативната можност.
Во актуелниот случај казните биле изречени, и доколку тие не биле префрлени, условите во кои би се наоѓале жалителите во затворите во Тајланд можела да бидат тешки и понижувачки. Според гледиштето на Судот би било парадоксално ако заштитата што ја нуди членот 3 функционирала така што би ги спречила затворениците да бидат префрлени за да одлежат казни во почовечно услови. Затоа прашањето што треба да се постави било дали страдањето и понижувањето во рамките на продолжувањето на одлежувањето на затворската казна би го надминало она поврзано со извршувањето на казната изречена од странскиот суд. Во проценувањето на тоа ниво на страдање требало да се земе во предвид фактот дека трансферот се случил во рамките на меѓународната соработка во рамките на правосудството што била во принцип во интерес на лицата во прашање. Договорите за трансфер на затвореници биле генерално наменети да им послужат на целите за елиминирањето на негативните последици од одлежувањето на казна во средина која од социјален, културен или лингвистички аспект им била непозната и да им се овозможи идно реинтегрирање во општеството.
Немало никакви наводи во овој случај дека казните што им биле изречени на жалителите биле надвор од опсегот на казните кои генерално се изрекувале на други лица осудени за слични дела во Тајланд. Тие исто така потпаѓале во дозволениот максимум кој се применувал за еквивалентни осудителни пресуди во Англија. Исто така било релевантно дека Тајланд бил соочен со сериозен проблем со дрога и дека од овие причини казните за дела поврзано со дрога биле остри. Исто така оспорените казни биле спроведувани од Обединетото Кралство во согласност со барањата од жалителите за нивно префрлање во околности каде обајцата жалители биле советувани за должината на казните која би ја одлежале и нивната неможност да ги оспорат осудителните пресуди или изречените казни. Конечно, доколку нивните барања за трансфер биле одбиени, обајцата жалители ќе имале право на предвремено ослободување само откако ќе одлежеле две третини од нивните казни, наместо половина што се применува согласно англиското право.
Заклучок: недопуштено (евидентно лошо засновано).
Член 5 § 1
(а) Последиците од признанието на вина - Жалителите тврделе дека нивните признанија на вина требале да резултираат со значително намалување на казната. Но, иако во Тајланд нивните казни биле скратени од доживотна казна затвор на казна затвор на одредено време, резултатите од ова намалување реално назадувале со нивниот трансфер во Обединетото Кралство. Ова било така бидејќи ако се изјасниле дека не се виновни и биле осудени на доживотна казна затвор Високиот суд ќе бил надлежен да го утврди соодветниот минимум рок што би требале да го одлежат пред да се разгледа можноста за нивно условно ослободување. Во спроведувањето на оваа постапка Високиот суд би ги зел во предвид локалните насоки за изрекување на казни и износите што биле изрекувани за секој од нивните случаи ќе биле драматично пониски отколку казните изречени од тајландските судови. Како такви, доколку не се изјасниле за виновни, сега ќе имале можност веднаш да бидат ослободени.
Меѓутоа Судот забележал дека во случајот на првиот жалител, доживотната казна не била единствената казна достапна на тајландските судови доколку бил осуден после изјаснувањето дека не бил виновен. Тој можел да биде осуден и на смрт. Со оглед што неговото признание на вината ја намалило смртната казна на казна затвор на одредено време тој се здобил со значителна корист. Исто така, кралските амнестии биле вообичаени во Тајланд и можеле да функционираат во насока на намалување на доживотната казна затвор во казна затвор на одредено време. Обајцата жалители веќе имале корист од намалувањето на казната како резултат на кралската амнестија. Затоа не било утврдено дека доколку жалителите се изјасниле дека не се виновни тие и понатаму ќе издржувале доживотна казна затвор во моментот на нивниот трансфер, па одредувањето на минимумот период од Високиот суд ќе било неопходно. Понатаму, во случајот на првиот жалител, доколку тој бил осуден на доживотна казна затвор ќе требал да одлежи минимум рок од осум години во Тајланд пред да има право на трансфер, наместо четирите години што всушност ги одлежал. Иако не била обезбедена таква информација за вториот жалител, веројатно е дека слични ограничувања ќе се применеле и за него. Исто така не било соодветно да се споредува пропишаниот периодот согласно доживотната казна затвор со казната затвор на определено време. Конкретно, доживотната казна затвор предвидувала обврски и ограничувања кои оделе подалеку од чистиот период поминат во затвор, како во однос на условите за условниот отпуст така и во форма ризикот да биде вратен во затвор во случај на повреда на тие услови. Овие ограничувања во принцип ја правеле доживотната казна затвор построга казна. Конечно, секаква разлика во исходот која произлегла не била заради произволната примена на различни правила за различни затвореници. Во случаите на трансфер на затвореници се применувале јасни правила и истите биле применети и во случаите на жалителите. Фактот дека дошло до различни исходи било како резултат на интеракција меѓу правото на земјата од каде се вршел трансферот и праксата на земјата примател на трансферот.
Во овие околности продолжувањето на одлежувањето на затворската казна на жалителите од страна на Обединетото Кралство не можело да се каже дека е произволно во рамките на значењето на Членот 5 § 1 (а) како резултат на последиците од нивните признанија на вината.
(б) „Непобитната пресумпција“ – Првиот жалител се жалел дека заради непобитната пресумпција во тајландското право дека дрога која надминува одредено количество била за дистрибуција, тој не можел да тврди дека дрогата била за лична употреба. Затоа според сопственото изјаснување неговото судење било флагрантно неправично и неговиот притвор последователно бил произволен.
Судот забележал дека тестот дали имало „флагрантно кршење на правдата“ бил строг стандард и ги надминувал чистите нерегуларности да се бара уништување на самата суштина на правото на правично судење.
Фактичките или правните пресумпции функционирале во секој правен систем. Таквите пресумпции морале да бидат ограничени во рамките на разумни ограничувања кои ја земале во предвид важноста на она што било во прашање и ги одржувало правата на одбраната, така што не можело да се исклучи дека можеби имало околности во кои одредба од природата во прашање во случајот на првиот жалител би поттикнала повреда. Меѓутоа целта на таа одредба била да се зголеми казната која можела да се изрече против оние кои поседувале повеќе од одредено количество на наркотици за да делува во насока на одвраќање. Делото произлегло во основа од поседување на наркотици и ова и понатаму морало да се докаже со пресумпцијата. Првиот жалител имал корист од низа процедурални гаранции во тајландските постапки. Нему му се судело јавно пред двајца независни судии; тој бил присутен во текот на целата постапка и бил правно застапуван; бил ослободен од некои од обвиненијата во согласност со пресумпцијата на невиност и, и покрај фактот дека поседувањето на хероин и екстаза било оспорувано, доказите демонстрирале дека дрогата била пронајдена кај него; и нему му била изречена казна во согласност со важечкиот закон и му било дадено значително намалување заради неговото признание на вината. Во секој случај се работело за материјален фактор, кога се проценувало влијанието на непобитната пресумпција врз севкупната правичност на судењето, дека првиот жалител не ги алармирал британските власти, ниту за време на неговото судење ниту кога побарал да биде префрлен, за наводната флагрантна повреда на правдата во неговиот случај.
Заклучок: недопуштено (евидентно лошо засновано).
© Совет на Европа / Европски суд за човекови права
Ова резиме на Регистратурата не го обврзува Судот.
На овој линк може да се најдат Case-Law Information Notes
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права () или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на publishing@ .
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights () or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact publishing@ .
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme () , ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : publishing@.
Full & Egal Universal Law Academy