© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 105
февруари 2008
Guja против Молдавија [GC] - 14277/04
Пресуда 12.2.2008 [Голем совет]
Член 10
Член 10-1
Слобода на давање информации
Давање отказ на член на Државното јавно обвинителство заради истекување до печатот на информации за наводното владино мешање во кривичното правораздавање: повреда
Факти: Во јануари 2003 Претседателот на Молдавија одржа говор во којшто ја нагласи потребата од борба проив корупцијата и ги повика службениците на органите на прогонот да не обрнуваат внимание на несоодветните притисоци од страна на јавни функционери. Говорот беше пренесен во медиумите. Неколку дена подоцна апликантот, кој бил раководител на секторот за печат во Државното јавно обвинителство пренел две писма што ги добил тој орган до национален весник. Ниту едно од писмата не беше означено како доверливо. Првото било белешка од заменик претседателот на Собранието до Државниот јавен обинител, кон која било придружено писмо од четири полициски офицери кои сакале да бараат заштита од гонење откако биле обвинети за илегално притворање и злоставување на притвореници. Белешката била критична кон Државното јавно обвинителство и ги фалела полициските офицери, велејќи дека тие се „од еден од најдобрите тимови“ во министерството. Таа завршила со барање на заменик – претседателот на Собранието до државниот јавен обвинител „лично да се вклучи во предметот и да го реши со строго придржување кон законот“. Второто писмо било од заменик министер до заменик државен јавен обвинител и пососжчувало дека еден од полициските офицери имал претходна осудителна пресуда за напад врз затвореници, но подоцна бил амнестиран.
По добивањето на писмата, весникот објавил напис во којшто ја опишал антикорупциската заложба на Претседателот и забележувајќи дека злоупотребата на власта била широко распространета во Молдавија. Цитирани се очигледните обиди на заменик-претседателот на Собранието да ги заштити четирите полициски офицери како пример, и објави копии од двете писма. Апликантот подоцна признал дека тој е оној кој ги пратил писмата до весникот, но рекол дека тоа го сторил согласно антикорупциските заложби на Претседателот, со цел да создаде позитивен имиџ на Обвинителството и дека писмата не биле доверливи. Сепак, тој добил отказ, зашто не се консултирал со своите колеги и зашто обелоденил тајни документи. Тој поднел неуспешни барања до граѓанските судови за да биде вратен на работното место.
Право: Судот никогаш претходно не морал да разгледува предмет во кој државен службеник јавно објавил интерни информации, Тој забележал дека државните службеници можат, во тек на својата работа, да се запознаат со интерни информации, вклучувајќи и тајни информации, чие откривање или објавување коренсподира со силен јавен интерес. Оттука, кога некој државен службеник или вработен во јавниот сектор сигнализира за незаконско однесување или погрешно постапување на работното место треба, во одредени околности, да ужива заштита; на пример, кога државниот службеник или вработениот бил единственото лице или дел од мала категорија лица свесни за она што се случува и затоа со најдобра можност да делуваат. Обелоденувањето во такви случаи треба пред се’