CASE OF GUTSANOVI v. BULGARIA - [Macedonian Translation] by the COE Human Rights Trust Fund
Karar Dilini Çevir:

© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2014. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.

 

© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2014. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.

 

© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2014. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.


 

ЧЕТВРТ ОДДЕЛ

 

СЛУЧАЈ ГУЦАНОВИ (GUTSANOVI) против БУГАРИЈА

(Жалба бр. 34529/10)

 

 

 

 

 

 

ПРЕСУДА

[Извадоци]

 

СТРАЗБУР

15 Октомври 2013

Оваа пресуда станала конечна согласно условите утврдени во членот 44 став 2 од Конвенцијата. Таа може да биде предмет на редакциски измени.

Во случајот на Гуцанови (Gutsanovi) против Бугарија,

Европскиот Суд за Човекови Права (Четврт Оддел), заседавајќи во Совет составен од:

Инета Зеиемеле (Ineta Ziemele), претстедател,
Паиви Хирвела (Päivi Hirvelä),
Џорџ Николау (George Nicolaou),
Леди Бианку (Ledi Bianku),
Здравка Калајџиева (Zdravka Kalaydjieva),
Кристоф Војтицек (Krzysztof Wojtyczek),
Фарис Вехабовиќ (Faris Vehabović), судии,
и Франсоаз Еленс-Пасос (Françoise Elens-Passos), секретар на одделот,

Откако го разгледа случајот на затворена седница на 24 септември 2013 г.,

Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум:

ПОСТАПКА

1. Случајот произлезе од жалба (бр. 34529/10) против Република Бугарија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и фундаменталните слободи („Конвенцијата“) од страна на четворица бугарски државјани, г-дин. Борислав Гуцанов (Borislav Gutsanov), г-ѓа Моника Владимирова Гуцанова (Monika Vladimirova Gutsanova), г-ца С. Гуцанова (S. Gutsanova) и г-ца  Б. Гуцанова ( B. Gutsanova) („жалителите“), на 21 мај 2010 г..

2. Жалителите беа застапувани од г-ѓа С. Бачварова-Желјазкова (S. Bachvarova-Zhelyazkova), адвокат во Варна, и од г-дин. М. Екимџиев (M. Ekimdzhiev), адвокат во фирмата Екимџиев, Бончева и Черничерска (Ekimdzhiev, Boncheva and Chernicherska) во Пловдив. Бугарската влада („Владата“) беше застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа. Н. Николова (N.Nikolova), која потоа беше заменета од г-ѓа. М. Коцева (M. Kotseva)  и г-дин. В. Обретенов (V. Obretenov) од Министерството за правда.

3. Жалителите тврдеа, особено, дека операцијата на полициските органи  во нивниот дом рано наутро  на 31 март, 2010 им предизвикала психолошка траума која била еднаква на понижувачко постапување. ...

4. На 4 април 2011 г. Судот ја извести Владата за  жалбата . Исто така беше одлучено дека Советот ќе одлучува за допуштеноста и основаноста на случајот во исто време (член 29 став 1 од Конвенцијата).

 

ФАКТИ

I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ

5.Жалителите се родиле во 1967, 1972, 2002 и 2004 година и живеат во Варна. Првите двајца жалители се брачна двојка, а третиот и четвртиот жалител се нивните малолетни ќерки.

А.Општиот контекст на случајот

6.Првиот жалител, г-дин Борислав Гуцанов, е член на парламентот од Социјалистичката партија, член на Централното извршно биро на Социјалистичката партија и заменик-претседател на неговата подрачна единица. Во релевантниот период тој бил претседател на Општинскиот совет од Варна, избраник од неговата партиска листа.

7.Меѓу декември 2009 и април 2010 година бугарското Министерство за внатрешни работи спровело неколку полициски операции низ целата земја со цел разбивање на разни криминални групи. Во текот на овие операции  полицијата уапсила голем број на поединци, вклучувајќи и некои политички фигури, факт кој предизвикал широка медиумска покриеност и јавен интерес. Неколку политичари, вклучувајќи го Премиерот и  Министерот за внатрешни работи, како и одреден број на обвинители и полициски комесари, биле редовно барани од медиумите за да коментираат за апсењата и последичните кривични постапки.

8.Повеќе жалби биле поднесени пред Судот по овие настани (бр. 26966/10, Maslarova v. Bulgaria; бр. 30336/10, Aleksey Petrov (II) v. Bulgaria; бр. 37124/10, Kostadinov v. Bulgaria; бр. 44885/10, Tsonev v. Bulgaria; бр. 45773/10, Petrov and Ivanova v. Bulgaria; и бр.. 55388/10, Stoyanov and Others v. Bulgaria).

Б. Полициската операција во домот на жалителите

9.На 30 октомври 2009 година, софиската канцеларија на Јавниот обвинител отпочнала кривична постапка против непознато лице или лица заради злоупотреба на службената должност од страна на јавен службеник и проневера на јавни фондови што резултирало со значителна штета нанесена на претпријатието за јавен превоз на Варна. Фактите во прашање се случиле помеѓу 2003 и 2007 година. На 8 февруари 2010 година, Генералниот обвинител наредил прдметот од кривичната истрага да биде испратен до Канцеларијата на регионалното јавно обвинителство од Варна. Истрагата требала да биде извршена од страна на варненската полиција под надзор на канцеларијата на регионалното обвинителство.

10.На 31 март 2010 година, во текот на кривичната истрага, полициски службеници влегле во домот на жалителите околу 6 часот и 30 минути и  го уапсиле г-дин Гуцанов и ги претресле просториите. Настаните околу полициската операција биле оспорени од страните.

1.Верзијата на жалителите

11.Во раните утрински часови на 31 март, 2010 година, г-дин и г-ѓа Гуцанови спиеле во нивната спална соба на вториот кат од нивната куќа во Варна. Нивните две ќерки спиеле во своите соби на подолниот кат. Семејната куќа била опремена со систем за видео-надзор, и ноќен чувар, Д.П. (D.P.), бил на должност на влезот на имотот.

12.Околу 6 часот и 30 минути, Д.П. забележал на екранот за видео-надзор две или три полициски возила кои минале крај влезната порта бешумно и со изгаснати фарови и запреле малку подоле.

13.Набргу потоа група на полицајци се појавила на влезот на имотот и некои од нив почнале да тропаат гласно на портата, барајќи да им се отвори веднаш. Д.П. го напуштил своето чуварско место и ја отворил портата. Тој потоа видел двајца  полицајци во обична облека, четири или пет униформирани полицајци и група од четири или пет маскирани полицајци од специјалната единица за командоси на Министерството за внатрешни работи. Д.П. бил имобилизиран и му биле ставени лисици од страна на полицајците и бил запрашан дали сопствениците на куќата биле дома. Тој рекол дека  се дома и им кажал на полицајците дека имало две мали деца во куќата. му било побарано да ја отвори влезната врата на куќата, но тој објаснил дека ги немал клучевите.

14.Полицајците тогаш се стрчале кон вратата на куќата викајќи „Полиција! Отварајте!“. Некои од полицајците почнале да ја отвораат вратата со користење на различни алатки (ударен овен, лост и хебла). Според изјавата на Д.П., полицајците успеале да ја отворат вратата, по пет или десет минути, и влегле во делот на скалиптето од куќата.

15. Г-дин г-ѓа Гуцанови изјавиле дека биле разбудени ненадејно од звукот на ударите на вратата и викањето. Тие отрчале надолу до долниот кат и ги земале нивните ќерки во својата спална соба на вториот кат од куќата.

16. Г-дин Гуцанов рекол дека тој потоа излегол од спалната соба со цел да види што се случувало. Во тој момент слушнал неколку лица кои доаѓале по скалите викајќи „Излезете“ и „Ние сме полицајци“. Тој веднаш се вратил на вториот кат во спалната соба каде што биле неговата сопруга и ќерки. Кратко време потоа вооружени и маскирани полицајци влегле во собата на родителите и го впериле нивното оружје, опремено со ламби, во г-дин. Гуцанов и неговата сопруга и двете ќерки, викајќи „Полиција! Не мрдајте!“. Г-дин Гуцанов бил притиснат до ѕидот пред да биде одведен на подолниот кат каде бил принуден да коленичи и бил врзан со лисици.

17.Според изјавите дадени од г-дин и г-ѓа Гуцанови, нивните две ќерки, кои биле на креветот на нивните родители,  врескале и плачеле од страв. Полицајците и наредиле на г-ѓа Гуцанова да ги покрие преку глава со покривката, и тоа го направила.

18.Набрзо потоа, на г-дин Гуцанов му било дозволено да оди до вториот кат и да се облече.

19. Во 7 часот и 30 минути, пристигнале семејниот возач и дадилката и ги одвеле двете девојчиња во училиште. По училиштето, девојчињата отишле во домот на нивната тетка  и ја поминале ноќта таму.

20.Во поткрепа на нивната верзија на настаните жалителите поднеле изјава напиашана на рака и без дата од страна на г-дин Гуцанов, изјава од 7април 2010 г. потпишана од неговата сопруга, изјава напишана на рака датирана од 8 април 2010 г. и потпишана од ноќниот чувар Д.П. и изјава напишана на рака датирана од април 2010 г. со потписот на семејниот приватен возач. Тие, исто така, поднеле временски извештај од метеоролошка служба во Варна наведувајќи дека, на тој ден, сонцето изгреало во 6 часот и 52 минути и дека зората траела триесет и една минута. Тие понатаму доставиле копија од интервјуто што го дала г-ѓа Гуцанова на неделникот Галерија и што било објавено на 8 април 2010 година.

21.Жалителите исто така поднеле видео снимка на телевизиска емисија „Афера“ емитувана на 11 април 2010 година на Скат (Skat),  приватен телевизиски канал. Емисијата вклучувала интервју со г-ѓа Гуцанова како и некои снимки од нивниот систем за видео-надзор снимени утрото на 31 март 2010 година. Првата секвенца покажува две лесни возила и полициско комбе кои возат покрај имотот на жалителите. Во втората секвенца, може да се види униформиран полициски службеник како тропа на металната порта од куќата, по што вратата се отвора. Третата секвенца покажува  двајца специјалци, облечени во црно и вооружени со автоматски пушки опремени со ламби, како инспектираат дел од градината, и еден човек во цивилна облека кој се појавува на вратата. Човекот се враќа во куќата проследен од двајцата специјалци. Четвртата секвенца покажува двајца сепцијалци како трчаат кон куќата, оставајќи зад себе еден униформиран полициски службеник и еден човек во цивилни алишта. Последните двајца мажи како да гледаат кон врвот на куќата. Следната секвенца, снимена од страна на новинар, ја покажува состојбата на стаклената врата од куќата по упадот на полицајците: окната се недопрени, но рачката, клучот и бравата се искорнати.

2.Верзијата на Владата

22.На 30 март 2010 година варненскиот регионален раководител на службата за борба против организиран криминал и варневското регионално јавно обвинителство го одобриле планот за спроведување на операција во контекст на кривична постапка против непознато лице или лица заради проневера на јавни фондови кои припаѓаат на претпријатието за градски јавен превоз од Варна (видете став 9 погоре). Планот вклучувал апсење на петмина поединци осомничени дека ги сториле кривичните дела во прашање, вклучувајќи го г-дин Гуцанов, и претресување на домовите и канцелариите на осомничените. Операциите требало да се извршат следното утро, на 31март 2010 година, и да се спроведат истовремено од пет тимови составени од истражни полициски службеници, униформирани полицајци и вооружени и маскирани припадници на специјалните единици.

23.Тимот избран за операцијата во домот на жалителите добил инструкции од претпоставените во 5 часот и 30 минути на денот од полициската операција. Полицајците биле предупредени дека г-дин Гуцанов имал дозвола за поседување  пиштол Глок 17Ц што го чувал дома.

24.Во 6 часот и 30 минути на 31 март 2010 година, тимот за интервенции, составен од полицајци во цивилна облека, два униформирани полицајци и четворица специјалци  облечени во црно со панцирни елеци на кои пишувало „Полиција“, дошле во домот на жалителите. Полицајците тропнале на металната порта на имотот, која им била отворена од страна на човек кој рекол дека е чувар. Тој објаснил дека тој не ги има клучевите од вратата на куќата и дека единствените лица што биле внатре биле г-дин Гуцанов, неговата сопруга и нивните две деца. Двајцата  специјалци тогаш свртеле околу куќата, со цел да ги обезбедат другите можни излези, додека другите двајца полицајцисе стрчале кон влезната врата на куќата и почнале да чукаат и викаат „Полиција! Отворете!". Униформираните полицајци останале во градината пред влезната врата.

25.По пет минути полицајците виделе силуета на човек преку панорамските прозорци на куќата. Тие извикале "„Полиција. Дојдете овде! Отворете ја вратата!“. Г-дин Гуцанов наводно бил виден двапати како гледа низ прозорец, но не слегол. Специјалците насила ја отвориле влезната врата и влегле во куќата. Еден од нив го видел г-дин Гуцанов кај скалите и му викнал: „Полиција! Дојдете ваму полека! Покажете ги рацете!". Жалителот одбил да послуша и се стрчал до катот горе. Полицајците го следеле, викајќи „Полиција! Стоп!". Жалителот поминал низ вратата на вториот кат и кога полицајците дошле поблиску виделе дека тој отишол во спалната соба каде што се наоѓала неговата сопруга и двете ќерки. Во тој момент жалителот излегол од собата и бил врзан со лисици. Тој им побарал дозвола да се облече и бил однесен во истата спална соба од еден од маскираните полицајци.

26. Во ниту еден момент за време на операцијата, полициските службеници не се обратиле со г-ѓа Гуцанова или нејзините две ќерки. Полицаецот кој отишол во спалната соба не носел огнено оружје, туку имал само електрошок пиштол Тасер. Полицаецот останал во спалната соба само толку колку за да му овозможи на г-дин Гуцанов да си најде алишта, и тие потоа ја напуштиле собата заедно. Жалителот бил предаден на другите полициски службеници, и специјалеците ги напуштиле просториите веднаш потоа.

27.Владата ги поднела следните документи во поддршка на својата верзија на настаните: акциониот план за операцијата во прашање, извештај од регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи, три извештаи од страна на полиските службеници од Министерството кои учествувале во операцијата, вклучувајќи го и Раководителот на тимот за специјални операции, записникот од претресот одобрен од страна на судија и два налози издадени од страна на канцеларијата на регионалниот јавен обвинител од Варна од 7 април 2010 година. Владата исто така доставила фотографии објавени во печатот од куќата на жалителите на кои се гледала, меѓу другото, стаклена фасада која гледала кон градината.

В. Психолошката состојба на жалителите по полициската операција во нивниот дом

28. Г-ѓа Гуцанова изјавила дека нејзината помлада ќерка, Б., имала пелтечење заради кое одела на терапија кај логопед во текот на една година, и дека таа почнала одново да пелтечи по настаните од 31 март, 2010 година.

29. Според изјавата од страна на наставничката одговорна за С., постарата ќерка на двојката, таа била видно под стрес и невообичаено тивка на 31 март 2010 година. Сестрата на г-дин Гуцанов, која се грижела за својата внука во сопствениот  дом истиот ден, забележала дека детето било вознемирено. Девојчето наводно зборувало неколку пати тој ден  за тоа што се случило во ниваната куќа. Оттогаш, таа била уплашена кога и да видела полицајци.

30. На 12 април 2010 г.  двете ќерки на г-дин и г-ѓа Гуцанови биле прегледани од страна на психијатар, кој утврдил дека сеќавањето на настаните од 31 март 2010 г. предизвикувало анксиозни реакции кај двете девојчиња, во облик на вознемиреност и страв во случајот на постарото девојче и напади на плачење во случајот на помладата. Психијатарот не забележал каква и да е друга друга психичка компликација кај децата.

31.По настаните од 31 март 2010 година, г-ѓа Гуцанова посетила психијатар во два наврата. Таа се пожалила, меѓу другото, на несоница и вознемиреност и и биле препишан апчиња за смирување.

...

II. РЕЛЕВАНТНОТО НАЦИОНАЛНО ПРАВО И СУДСКА ПРАКСА

...

Г. Одговорност на државата  за нанесена штета

67.Членот 1 (1) од Законот за одговорност на државата и општините за нанесена штета им овозможува на поединците да добијат надомест за штета предизвикана од незаконски одлуки, делување или неделување на државните или општинските органи или службеници при вршењето на нивните административни должности. Според воспоставената судска пракса на бугарскиот Врховен касационен суд, дејствата на органите задолжени за кривична истрага и кривично гонење  во контекст на кривичната постапка не се спаѓаат во доменот на административните функции и оттука се исклучени од опсегот на оваа одредба (Решение № 615 от 10 юли 2001 г. на ВКС по гр. д. № 1814/2000 г.; Тълкувателно решение № 3 от 22 април 2004 г. на ВКС по тълк. д. № 3/2004 г., ОСГК). Согласно член 2 од Законот во сила во времето на фактите, органите задолжени за кривичната истрага и кривичното гонење, како и судовите се сметале за одговорни во следниве околности: незаконски притвор; покренување на обвинение или осуда проследени со прекинување на кривичната постапка или ослободување; задолжителен прием во болница или други присилни мерки наредени од суд кои подоцна биле поништени како незаконски; извршување на казна која го надминува првичното времетраење или првичниот износ (видете, исто така, Iliya Stefanov v. Bulgaria, бр. 65755/01, §§ 28  29, 22 мај 2008; Kandzhov v. Bulgaria, бр. 68294/01, §§ 35-39, 6 ноември 2008; и Bochev v. Bulgaria, бр. v  . . 73481/01, §§ 37-39, 13 ноември 2008).

...

ПРАВОТО

...

I. ЗА НАВЕДЕНИТЕ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

77.Жалителите тврдат дека полициската операција во нивниот дом ги подложила на постапување кое е во спротивност со членот 3 од Конвенцијата, кој предвидува:

„Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.“

78.Жалителите се жалеле особено дека начинот на кој билa спроведенa полициската операција - пред разденување, од маскирани и тешко вооружени полицајци кои влегле насила и го впериле оружјето во нив и му ставиле лисици на г-дин Гуцанов принудувајќи го да коленичи - ги подложил на тешко психичко искушение кое содветствува на понижувачко постапување.

79.Во нивните писмени забелешки од 6 јануари 2012 година жалителите се жалеле на недостатокот од кривична истрага во однос на нивните наводи за несоодветно постапување‑ за време на полициската операција од 31 март 2010 година.

А. Допуштеност

1. Жалбениот навод во врска со полициската операција од 31 март 2010 г.

(a) Забелешките на Владата

80.Владата тврди дека овој жалбен навод треба да биде одбиен заради неисцрпување на домашните правни лекови и заради непочитување на рокот од шест‑месеци, како и поради тоа што бил преуранет и жалителите немале статус на жртви.

81.Таа забележува, најпрво, дека кривичната истрага против г-дин Гуцанов е се уште во тек, од што произлегува дека жалбениот навод според членот 3 е преуранет.

82.Според Владата, жаллителите не го биле поднеле жалбениот навод за  понижувачко постапување пред надлежните органи. Покрај тоа, тие не биле поднелe барање за отштета согласно членот 2 на Законот за одговорност на државата за нанесена штета. Затоа тие  не ги исцрпиле правните лекови кои биле вообичаено достапни и ефикасни според домашното право.

83.Владата понатаму забележува дека, во одлука од 7 април 2010 година, варненското регионално јавно обвинителство одлучило да не  покрене кривична постапка против полицајците кои влегле во домот на жалителите. Кривичните надлежни органи навеле, меѓу другото, дека полициското дејствување не претставувало кривично дело. Таа понатаму тврди дека дејствувањето во прашање во ниеден случај немало за цел да го повредат достоинството на жалителите или пак на истите да им предизвика психолошка штета; соодветно на тоа, истото не може да се смета за постапување некомпатибилно со член 3 од Конвенцијата. Според Владата жалителите оттука не би можеле да тврдат дека се жртви на повреда на нивните права гарантирани со тој член.

(б)Забелешките на жалителите

84. Жалителите не го оспоруваат фактот дека тие не поднеле кривична пријава против полициските службеници кои влегле во нивниот дом на 31 март 2010 година. Сепак, тие тврдат дека таков правен лек ќе бил очигледно неефикасен особено поради две причини. Прво, не постои одредба во бугарското кривично право со која би се сметало за казниво дело понижувачкото постапување кон другите кое произлегува од психолошки притисок. Второ, како што Судот увидел во серија на случаи кои се однесувале на операции на припадници на специјалните единици на националните полициски сили, систематското одбивање на властите да го откријат идентитетот на засегнатите полициски службеници би ја направила секоја кривична истрага во врска со истите неефикасна.

85.Одлуката да нема кривично гонење издадена од страна на регионалното јавно обвинителство во конкретниот случај само би ја потврдила неефикасноста на кривичната пријава. Јавниот обвинител наводно донел одлука да не се започне кривична постапка против полициските службеници кратко време по отворањето на предметот, само врз основа на два извештаи од страна на полициските службеници и без да се земат изјави од други сведоци или да се соберат други докази. Жалителите не биле информирани за таа одлука и биле лишени од секаква можност да бидат вклучени во истрагата.

86.Што се однесува на можното барање за отштета во рамките на Законот за одговорност на државата во случај на нанесена штета, жалителите тврдат дека и тоа исто така не би можело да се смета како ефективен домашен правен лек во нивниот случај. Според воспоставената судска пракса на домашните судови, членот 1 од Законот,  согласно кој државата може да се смета за  одговорна за штета која е предизвикана од дадено административно постапување, не бил применлив во однос на преземените дејствија од страна на полициските службеници за спроведување на истражните мерки во контекст на кривична постапка, зашто тие повеќе би спаѓале во доменот на судската постапка, а не во оној на извршувањето на административните функции. Понатаму, во обврзувачка толковна пресуда донесена во  2005 година, Врховниот касационен суд појаснил дека кога административните органи, вклучувајќи ја и полицијата, извршуваат мерки наредени од правосудните органи, барањето за отштета против државата можело да се поднесе само против последниве врз основа на членот 2 од Законот за одговорност на државата за нанесена штета. Меѓутоа, членот 2 предвидува отштета само во ограничен број на ситуации. Единственото што би можело евентуално да се примени во овој случај би било ослободувањето на г-дин Гуцанов и подоцнежното прекинување на кривичната постапка против него. Сепак, би било тешко за жалителите да ги докажат своите наводи со оглед на тоа дека сите сведоци на настаните биле полициски службеници кои учествувале во операцијата на 31 март 2010 година.

(в) Оценка на Судот

87.Судот забележува наjјпрво дека Владата покренала неколку приговори за недопуштеност во однос на жалбата според членот 3 од Конвенцијата. Во поглед на поднесоците на страните, тој смета дека прашањата во однос на почитувањето на рокот од шест месеци и наводната преуранета природа на жалбата се тесно поврзани со приговорот за неисцрпување на правните лекови поднесен од страна на Владата. Затоа тој смета дека е соодветно најпрво да се се утврди дали жалителите во конкретниот случај го испочитувале правилото за исцрпување на домашните правни лекови.

(i) Приговор за неиспцрпување на домашните правни лекови

88.Судот повторува дека правилото за исцрпување на домашните правни лекови наведено во членот 35 став 1 од Конвенцијата ги обврзува жалителите прво да ги искористат правните лекови кои се вообичаено достапни и доволни во домашниот правен систем за да бидат обештетени за наводните повреди. Постоењето на правните лекови мора да биде доволно сигурно, во пракса како и во теорија, во спротивно ќе им недостасува бараната достапност и ефективност (видете, меѓу многу други, Salman v. Turquey [GC], бр. 21986/93, § 81, ECHR2000‑VII, и Ilhan v. Turkey [GC], бр. 22277/93, § 58, ECHR 2000‑VII).

89.Со оглед на тоа дека Владата тврди дека има неисцрпување на домашните правни лекови  нејзина обврска е да го убеди Судот дека правниот лек бил ефективен и достапен во теорија и во пракса во релевантниот период. Откако тоа ќе се докаже, тогаш жалителот е должен да утврди дека правниот лек на кој се повикува владата навистина бил исцрпен или пак поради некоја причина бил несоодветен и неефикасен во конкретните околности на случајот или дека постоеле посебни околности кои го ослободувале него од обврската да го искористи (видете Akdivar and Others v. Turkey, 16 September 1996, § 68, Reports of Judgments and Decisions 1996‑IV). .

90. Според утврдената судска пракса на Судот, правниот лек којвообичаено е на располагање во бугарското право во врска со нечовечко и понижувачко постапување наводно починето од страна на полициски службеници е поднесувањето на кривична пријава до јавното обвинителството   (видете, меѓу многу други, Assenov and Others v. Bulgaria, 28 отомври 1998, § 86, Reports 1998‑VIII; Osman and Osman v. Bulgaria (dec.), бр. 43233/98, 6 мај 2004; и Kemerov v. Bulgaria (dec.), no. 44041/98, 2 септември 2004). Жалителите во конкретниот случај не доставиле таква кривична пријава до јавниот обвинител против полициските службеници кои влеле во нивниот дом  утрото на 31 март 2010 г. Тие тврдат во однос на oва дека кривична пријава до јавното обвинителство не може да се смета како ефикасно правно средство во нивниот случај, со оглед на природата на лошото постапување на кое тие биле изложени и недостатоците на домашното казнено право (видете став 84 погоре).

91.Судот забележува дека

Üyelik Paketleri

Dünyanın en kapsamlı hukuk programları için hazır mısınız? Tüm dünyanın hukuk verilerine 9 adet programla tek bir yerden sınırsız ulaş!

Paket Özellikleri

Programların tamamı sınırsız olarak açılır. Toplam 9 program ve Fullegal AI Yapay Zekalı Hukukçu dahildir. Herhangi bir ek ücret gerektirmez.
7 gün boyunca herhangi bir ücret alınmaz ve sınırsız olarak kullanılabilir.
Veri tabanı yeni özellik güncellemeleri otomatik olarak yüklenir ve işlem gerektirmez. Tüm güncellemeler pakete dahildir.
Ek kullanıcılarda paket fiyatı üzerinden % 30 indirim sağlanır. Çalışanların hesaplarına tanımlanabilir ve kullanıcısı değiştirilebilir.
Sınırsız Destek Talebine anlık olarak dönüş sağlanır.
Paket otomatik olarak aylık yenilenir. Otomatik yenilenme özelliğinin iptal işlemi tek butonla istenilen zamanda yapılabilir. İptalden sonra kalan zaman kullanılabilir.
Sadece kredi kartları ile işlem yapılabilir. Banka kartı (debit kart) kullanılamaz.

Tüm Programlar Aylık Paket

9 Program + Full&Egal AI
Ek Kullanıcılarda %30 İndirim
Sınırsız Destek
350 TL
199 TL/AY
Kazancınız ₺151
Ücretsiz Aboneliği Başlat