CASE OF KOPECKÝ v. SLOVAKIA - [Macedonian Translation] by the COE Human Rights Trust Fund
Karar Dilini Çevir:

 

 

 

 

 

СЛУЧАЈОТ НА КОПЕЦКИ против СЛОВАЧКА

 

(Жалба бр. 44912/98)

 

 

 

 

ПРЕСУДА

 

 

 

СТРАЗБУР

 

28 септември 2004

 

 

© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.

© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.

© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.

Во случајот на Копецки против Словачка,

Европскиот суд за човекови права, кој заседаваше во рамките на Големиот судски совет составен од:

Г-динЛ. Вилдхабер (L. Wildhaber), претседател,
Г-динХ.Л. Розакис (C.L. Rozakis),
Г-динЖ.-П. Коста (J-P. Costa),
Г-динГ. Рес (G. Ress),
СерНиколас Браца (Nicolas Bratza),
Г-динР. Турмен (R. Türmen),
Г-ѓаВ. Стражницка (V. Strážnická),
Г-динП. Лоренцен (P. Lorenzen),
Г-динВ. Буткевич (V. Butkevych),
Г-ѓаН. Вајиќ (N. Vajić),
Г-ѓаХ.С. Греве (H.S. Greve),
Г-ѓаС. Ботоучарова (S. Botoucharova),
Г-динВ. Загребелски (V. Zagrebelsky),
Г-ѓаЕ. Штајнер (E. Steiner),
Г-динЛ. Гарлицки (L. Garlicki),
Г-динХ. Борего Борего (J. Borrego Borrego),
Г-динК. Хаџијев (K. Hajiyev), судии,
и г-дин П.Џ. Махони, секретар,

Откако го разгледа случајот на затворена седница на 7 април и 30 август 2004 г.,

Ја донесе следната пресуда, којашто беше усвоена на последно-споменатиот датум:

ПОСТАПКА

1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 44912/98) против Словачката Република поднесена до Европската комисија за човекови права („Комисијата“) согласно поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на словачкиот државјанин, г-динот Јурај Копецки („жалителот“) на 25 август 1998 година.

2. Жалителот, кому му била доделена правна помош на почетокот беше претставуван од г-ѓата Р. Смичкова. Тој потоа ја назначи г-ѓата Крнчокова, адвокат со пракса во Братислава, за да го претставува во постапки пред Судот. Владата на Словачката Република („Владата“) беше претставувана од нивниот агент, г-динот Вршански, кој го наследи г-динот П. Кресак на 1 април 2003 г.

3. Жалителот тврдеше, конкретно, дека неговото право на мирно уживање во својот имот му било прекршено како резултат на отфрлање на барањето за враќање на имотот на неговиот покоен татко.

4. Жалбата беше пренесена до Судот на 1 ноември 1998 г., кога Протоколот бр. 11 од Конвенцијата стапи на сила (членот 5 § 2 од Протоколот 11).

5. Жалбата и беше доделена на Втората секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на Секцијата, Судскиот совет што требаше да го разгледа случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата) беше формиран согласно правилото 26 § 1.

6. На 1 февруари 2001 г. жалбата беше прогласена за делумно допуштена од споменатиот Судски совет во состав на А. Б. Бака, претседател, г-динот Џ. Бонело, г-ѓа В. Стражницка, г-дин М. Фишбах, г-ѓа М. Цаца-Николовска, г-дин А. Ковлер, г-дин Е. Левитс, судии и г-дин Е. Фриберг, секретар на Секцијата.

7. На 1 ноември 2001 г. Судот го смени составот на своите Секции (правилото 25 § 1). Овој случај беше доделен на новосоставената Четврта секција (правилото 52 § 1). Во пресудата усвоена на 7 јануари 2003 г., Судскиот совет на таа Секција, во состав од Сер Николас Браца, претседател, г-дин М. Пелонпа, г-ѓа Е. Палм, г-ѓа В. Стражницка, г-дин М. Фишбах, г-дин Х. Касадевал, г-дин Р. Марусте, судии, и г-дин М. О’Бојл, секретар на Секцијата, утврди повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1 (четири гласа наспроти три). Мислењето на несогласување на Сер Николас Браца, г-дин Пелонпаа и г-ѓа Палм се приложени со пресудата.

8. На 4 април 2003 г. Владата побара, во согласност со членот 43 од Конвенцијата и правилото 73 од Деловникот на Судот случајот да биде упатен на Големиот судски совет. Панел на Големиот судски совет го прифати ова барање на 21 мај 2003 г.

9. Составот на Големиот судски совет беше утврден согласно одредбите од членот 27 §§ 2 и 3 од Конвенцијата и правилото 24.

10. Владата поднесе забелешка за прашањето на повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1.

11. Расправата беше јавна и се одржа во Зградата на човековите права во Стразбур на 7 април 2004 година (правило 71).

 

Пред Судот се појавија:

(a) за Владата
Г-динП. Кресак (P. Kresák),агент,
Г-ѓаМ. Пецникова (M. Pecníková), ко-агент,
Г-ѓаК. Супекова (K. Supeková), советник;

(б) за жалителот
Г-ѓаЛ. Крнчокова (L. Krnčoková),
Г-динМ. Валашик (M. Valašík), адвокат.

 

Судот ги сослуша обраќањата на г-динот Валашик и на г-динот Кресак како и нивните одговори на прашањата од Судот. Судот им дозволи на странките да поднесат писмени забелешки како одговор на овие прашања.

ФАКТИ

I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ

12. На 12 февруари 1959 г. таткото на жалителот бил осуден за чување, спротивно на тогашните закони, на 131 златни монети и 2,151 сребрени монети со нумизматичка вредност. Тој бил осуден на една година затвор. Тој исто така бил парично казнет, а монетите му биле конфискувани.

13. На 1 април 1992 г. во контекст на судската рехабилитација предвидена од Законот за судска рехабилитација од 1990 г. Врховниот суд на Словачката Република (Najvyšší súd) ја укинал пресудата од 12 февруари 1959 г. и сите последователни одлуки и го ослободил покојниот татко на жалителот.

14. На 30 септември 1992 г. жалителот барал да му бидат вратени монетите на татко му согласно Законот за вонсудска рехабилитација од 1991 г. („Законот од 1991 год.“).

15. На 19 септември 1995 г. Окружниот суд на Сеница (Okresný súd) ја одобрил постапката и му наредил на Министерството за внатрешни работи да му ги врати монетите на жалителот. Судот утврди, упатувајќи на релевантните записи, дека монетите му биле одземени на таткото на жалителот на 21 ноември 1958 г. и префрлени на Регионалната управа на Министерството за внатрешни во Братислава на 12 декември 1958 г. На 19 декември 1958 г. монетите биле проверени од стручно лице и попишани во просториите на Регионалната управа на Братислава.

16. Релевантниот дел од пресудата на Окружниот суд го вели следново:

„Точно е дека законот бара едно лице кое што бара враќање на подвижен имот да посочи и покаже каде се наоѓа тој имот. Меѓутоа, во овој случај жалителот несомнено нема никаква можност да ги провери просториите или сефовите на поранешната Регионална управа за јавна безбедност во Братислава бидејќи не му било дозволено да влезе во тие простории. Со инсистирање жалителот да покаже дека монетите се на последното познато место, Судот би му го наметнал товарот на докажување, што е практично невозможно да се исполни. Напротив ... Министерството за внатрешни ниту покажало дека поранешната Регионална управа за јавна безбедност во Братислава ги префрлила монетите на друг орган ниту предложил да поднесе докази во таа насока ...

Судот утврди дека последниот пат [кога била позната нивната точната локација] монетите ... се чувале во просториите во Регионална управа за јавна безбедност во Братислава чиј наследник е Министерството за внатрешни, и не било покажано дека монетите не биле во тие простории кога Законот за вонсудска рехабилитација почнал да се применува, односно на 1 април 1991 г.“

17. На 1 декември 1995 г. Министерството за внатрешни се жалело. Неговиот претставник тврдел дека сите релевантни документи биле уништени и дека товарот на докажување за тоа каде се наоѓале монетите бил кај жалителот.

18. На 29 јануари 1997 г. Регионалниот суд на Братислава (Krajský súd) пресудил во корист на Министерството за внатрешни. Тој одлучил, упатувајќи на членовите 4(1), 5(1) и 20(1) од Законот од 1991 г. дека жалителот не успеал да покаже каде се наоѓале монетите кога законот почнал да се применува на 1 април 1991 г.

19. Во пресудата, Регионалниот суд признал дека жалителот имал ограничени можности за лоцирање на имотот на неговиот татко. Затоа собрал дополнителни докази по сопствена иницијатива. Поконкретно, Регионалниот суд забележал дека во согласност со релевантната пракса, конфискуваниот имот требал да биде предаден на јавниот обвинител, и откако релевантната пресуда ќе станала правосилна, до финансискиот оддел од надлежниот локален владин орган. Затоа Регионалниот суд го истражил кривичното досие за случајот на таткото на жалителот. Понатаму тој утврди дека архивите на Окружната канцеларија во Сеница, Министерството за внатрешни, Националната банка на Словачка и Државните регионални архиви во Братислава не содржеле никаков документ во врска со монетите во прашање. Регионалниот суд исто така сослушал сведоци кои работеле во Окружната канцеларија на Министерството за внатрешни работи во Мијава во 1958 г.; и таму немале никакви информации за случајот. Тој не сметал дека е неопходно да се сослушаат уште две други лица, од кои еден бил присутен кога монетите биле попишани и преземени од Регионалната управа, бидејќи тие лица биле отпуштени, едниот во 1958, а другиот во 1960 година. Затоа нивните изјави немало да овозможат да се утврдат релевантните факти за случајот.

20. На 27 јануари 1998 г. Врховниот суд ја отфрлил жалбата на жалителот според толкувањето на законот. Тој го делел мислењето на Регионалниот суд дека жалителот не успеал да обезбеди докази дека Министерството ги поседувало монетите, согласно членот 5(1) од Законот од 1991 г.

21. Во пресудата Врховниот суд понатаму вели:

„Тврдењето дека подвижниот имот во прашање бил преземен од страна на вработен на Регионална управа за јавна безбедност во Братислава на 12 декември 1958 г. и дека ... бил проверен таму од страна на стручно лице на 19 декември 1958 г. не може да е доволно. Оттогаш е поминато значително време за време на кое златните и сребрени монети во прашање може да се отуѓени, уништени или изгубени. Меѓутоа законодавецот експлицитно ја вклучил во членот 5(1) од Законот за вонсудска рехабилитација обврската да се покаже каде бил отуѓениот имот во прашање во времето кога Законот стапил на сила.

... Од логичното и систематско толкување на членот 5(1) од Законот за вонсудска рехабилитација следи дека барање за враќање може да се однесува само на истиот имот кој бил одземен од државата, а не за различен предмет од ист вид. Затоа само подвижниот имот кој може поединечно да се идентификува по посебните одлики, што значи дека не може да се измеша со други предмети, подложи на враќање ...“

II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКСА

А. Законот за судска рехабилитација од 1990 г.

22. Законот бр. 119/1990 за судска рехабилитација (Zákon o súdnej rehabilitácii) стапил на сила на 1 јули 1990 г. Релевантните одредби го велат следното:

Член 1

„Целта на Законот е да се овласти укинување на осудителните пресуди за дела каде истите не се компатибилни со принципите на демократското општество за почитување на политичките права и слободи отелотворени во Уставот и утврдени со меѓународните инструменти, ... за да се обезбеди општествена рехабилитација и соодветна материјална компензација за [така] осудените лица ...“

Член 23

“...

(2) Условите според кои одредбите од овој Закон ќе се применуваат за барања кои произлегуваат од укинување на одлуките за конфискација ... како и начинот на отштета и опсегот на таквите барања ќе бидат дефинирани во посебен закон.“

Б. Законот за вонсудска рехабилитација од 1991 г.

23. Законот бр. 87/1991 за вонсудска рехабилитација (Zákon o mimosúdnych rehabilitáciách – „Законот од 1991 г“) стапи на сила на 1 април 1991 г. Во неговата преамбула се вели дека бил донесен со цел да се ублажат последиците од одредени прекршувања на правата на сопственост и други права кои се случиле меѓу 25 февруари 1948 и 1 јануари 1990 г. Релевантните одредби од Законот од 1991 г. го велат следното:

Дел 1 – Општа цел

Член 1

„(1) Овој закон има за цел да ги ублажи последиците од одредени прекршувања ... кои настанале меѓу 25 февруари 1948 г. и 1 јануари 1990 г. ... и кои не се компатибилно со начелата на демократското општество за почитување на правата на граѓаните како што се отелотворени во Повелбата на Обединетите нации, Универзалната декларација за човекови права и последователните конвенции за граѓански, политички, економски, социјални и културни права.

(2) Овој Закон исто така ги поставува условите за поднесување на барања кои произлегуваат од поништени пресуди со кои бил конфискуван имот ... како и начинот на обесштетување и опсегот на таквите барања.“

Дел 2 – Граѓанско и управно право

Член 3

„(1) Лицата кои имаат право [имено лицата кои имаат право да поднесат барање согласно овој Закон] се сите лица чиј имот преминал во државна сопственост во околностите на кои се упатува во членот 6 под услов да се државјани на Чешката и Словачката Федеративна Република и да имаат постојан престој на нејзината територија.

(2) Во случаи кога лицето чиј имот преминал во државна сопственост во околностите на кои се упатува во членот 6 починало ... следниве физички лица имаат право [да бараат поврат] под услов да се државјани на Чешката и Словачката Федеративна Република и да имаат постојан престој на нејзината територија ...

(a) тестаментален наследник ... кој го стекнал целиот имот;

...”

Член 4

„(1) Лицата обврзани [да го вратат имотот] се државата или правни лица кои го поседуваат конфискуваниот имот на датумот на кој овој Закон стапува на сила ...

(2) Секое физичко лице кое [на незаконски] начин го стекнал имотот од државата исто така е обврзано да го врати таквиот имот ...“

Член 5

„(1) Лицето обврзано [да го врати] ќе го стори тоа врз основа на писмено барање под услов лицето [кое го бара имотот] да докаже дека тој или таа има право да му се врати имотот и да го покаже начинот на кој бил одземен од страна на државата. Кога се бара враќање на подвижен имот [засегнатото лице] исто така треба да покаже каде се наоѓа имотот ...“

Член 13

„(1) Финансискиот надоместок може да се одобри на засегнатото лице само за недвижен имот кој не може да се врати ...

(2) Кога државата се стекнала, врз основа на судска одлука која била поништена согласно Законот за судска рехабилитација (Законот бр. 119/1990) ..., со целиот имот на еден граѓанин и кога таквиот имот не се состоел од недвижен имот, засегнатото лице има право на надоместок во износ од 60.000 чехословачки круни ...“

Дел 3 – Кривично право

Член 19

„(1) Лица кои имаат право се оние лица кои биле рехабилитирани согласно Законот бр. 119/1990, кои ги исполниле условите утврдени во членот 3(1) или кога таквите лица се починати ..., лицата утврдени во членот 3(2) [од Законот за вонсудска рехабилитација од 1991 г.].“

Член 20

„(1) Лицата обврзани [да го вратат конфискуваниот имот] се сите правни лица на кои се упатува во членот 4(1), секое физичко лице на кое се упатува во членот 4(2) кои се стекнале со таков имот од државата а кога самата држава го стекнала како резултат на судска одлука, и на надлежен централен владин орган.

(2) Лицата обврзани да го вратат конфискуваниот имот ќе го сторат тоа во согласност со членовите 5, ... од Законот; кога е невозможно да се врати имотот засегнатите лица имаат право да бараат надоместок во согласност со членот 13 од [овој] Закон.“

В. Релевантна домашна пракса

24. Во пресудата бр. 1 Cdo 27/94 од 25 мај 1991 г., Врховниот суд го потврдил заклучокот на пониските судови дека подвижен имот кој не би можел да биде поединечно идентификуван не можел да биде вратен согласно Законот од 1991 г. Во постапките во прашање, жалителот барал враќање на златна плочка, неколку златни монети и банкноти кои и биле префрлени на државата во 1950 г. Релевантниот дел од пресудата на Врховниот суд го вели следново:

„... врз основа на логично и систематско толкување на членот 5(1) од Законот за вонсудска рехабилитација, со измените и дополнувањата, и после споредбата на таа одредба со други одредби [од тој Закон] Судот за касација заклучи дека само подвижниот имот кој може да биде поединечно идентификуван по посебни одлики, што значи дека не може да се помеша со други предмети подложи на враќање ... Гледиштето на жалителот дека и предметите идентификувани по нивниот вид но не поединечно исто така можат да се вратат е неточно бидејќи е спротивно на природата и целта на Законот за вонсудска рехабилитација, чија цел е да се ублажат последиците од одредени (односно, не сите) прекршувања на правото на сопственост и други права ...“

ПРАВОТО

НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 1 ОД ПРОТОКОЛОТ БР. 1

25. Жалителот се жалел дека како резултат на отфрлањето на барањето, тој бил спречен од мирно уживање во имотот на својот татко. Тој тврдел дека дошло до повреда на членот 1 од Протоколот бр. 1, кој го уредува следново:

„Секое физичко или правно лице има право на мирно уживање на својот имот. Никој не може да биде лишен од својот имот, освен во јавен интерес и под услови предвидени со закон и со општите принципи на меѓународното право

Претходните одредби не навлегуваат во правото на државите да донесуваат закони кои ги сметаат за неопходни за регулирање на користењето на имотот согласно општиот интерес или заради сигурно плаќање на данокот, другите придонеси или парични казни.“

А. Аргументите пред Судот

1. Жалителот

26. Жалителот тврдеше дека тој се придржувал на сите законски барања за враќање на имотот на неговиот татко. Што се однесува до обврската согласно членот 5(1) од Законот за вонсудска рехабилитација од 1991 г. („Законот од 1991 г.“) да покаже каде се наоѓал имотот, тој обезбедил документирани докази дека монетите му биле одземени на неговиот покоен татко и депонирани во

Üyelik Paketleri

Dünyanın en kapsamlı hukuk programları için hazır mısınız? Tüm dünyanın hukuk verilerine 9 adet programla tek bir yerden sınırsız ulaş!

Paket Özellikleri

Programların tamamı sınırsız olarak açılır. Toplam 9 program ve Fullegal AI Yapay Zekalı Hukukçu dahildir. Herhangi bir ek ücret gerektirmez.
7 gün boyunca herhangi bir ücret alınmaz ve sınırsız olarak kullanılabilir.
Veri tabanı yeni özellik güncellemeleri otomatik olarak yüklenir ve işlem gerektirmez. Tüm güncellemeler pakete dahildir.
Ek kullanıcılarda paket fiyatı üzerinden % 30 indirim sağlanır. Çalışanların hesaplarına tanımlanabilir ve kullanıcısı değiştirilebilir.
Sınırsız Destek Talebine anlık olarak dönüş sağlanır.
Paket otomatik olarak aylık yenilenir. Otomatik yenilenme özelliğinin iptal işlemi tek butonla istenilen zamanda yapılabilir. İptalden sonra kalan zaman kullanılabilir.
Sadece kredi kartları ile işlem yapılabilir. Banka kartı (debit kart) kullanılamaz.

Tüm Programlar Aylık Paket

9 Program + Full&Egal AI
Ek Kullanıcılarda %30 İndirim
Sınırsız Destek
350 TL
199 TL/AY
Kazancınız ₺151
Ücretsiz Aboneliği Başlat