© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2013. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (/humanrightstrustfund) . Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2013. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (/humanrightstrustfund) . It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2013. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (/humanrightstrustfund) . Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Информативна белешка од судската пракса на Судот бр. 154
Јули 2006 г.
Швајцарското раелиенистичко движење против Швајцарија[ГСС] (Mouvement raëlien suisse v. Switzerland [GC]) - 16354/06
Пресуда 13.7.2012 [ГСС]
Член 10
Член 10-1
Слобода на изразување
Забрана за изложување на рекламен плакат на јавно место заради неморалното однесување на издавачите и упатувањето на интернет страница за преобратување: нема повреда
Факти – Жалителот бил непрофитно здружение кое претставувало национален огранок на Реалистичкото движење чија декларирана цел била да се воспостави првичен контакт и да се воспостават добри односи со вонземјаните. Во 2001 г. тие побарале дозвола од полицијата да постават плакати на кои меѓу другите работи имало слики на лица на вонземјани и летачка чинија и адреса на веб страницата на движењето и телефонски број. Барањето за дозвола им било одбиено и жалбите на здружението биле отфрлени.
Во пресудата од 13 јануари 2011 г. (види Информативна белешка бр. 137), Судскиот совет на Судот одлучил едногласно дека немало повреда на членот 10 врз основа дека властите имале доволна причина да сметаат дека е потребно да се одбие барањето од здружението жалител со оглед на линкот до веб страната на Клонаид (компанија која нудела одредени нелегални услуги за клонирање), можното сексуално злоставување на малолетници во рамките на Движењето и промовирањето на „гениократија“ (доктрина според која моќта требала да биде во рацете на поединци со највисока интелигенција).
Право – Член 10: Здружението жалител претрпело попречување пропишано со закон во остварувањето на своето права на слобода на изразување заради забраната на кампањата со плакати која се обидувало да ја спроведе. Таа мерка имала легитимни цели, а тие биле да спречат кривично дело и да го заштитат здравјето, моралот и правата на други.
Актуелниот случај го покренало прашањето дали националните власти требале да му дозволат на здружението жалител да ги шири своите идеи преку кампања со плакати со тоа што ќе им отстапеле јавен простор. Кампањата во прашање главно се обидувала да го привлече вниманието на јавноста кон идеите и активностите на групата со наводно религиозна конотација која пренесувала порака за која се тврдело дека е пренесена од вонземјани, и за ова се упатувало на адреса на веб страница. Веб страницата во прашање се занимавала само попатно на социјални или политички идеи, бидејќи нејзината главна цел била да се привлечат луѓе кон каузата на здружението жалител. Дури и ако говорот на здружението жалител бил надвор од контекстот на комерцијалното рекламирање, сепак бил поблиску до комерцијалниот говор бидеј